бојкотирам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojkotiram/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Jul 2022 12:13:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојкотирам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojkotiram/ 32 32 „Бојкотирам“ вечерва ќе бидат пред Влада: Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojkotiram-vecherva-kje-bidat-pred-vlada-barame-otfrlanje-na-francuskiot-predlog-i-prekin-na-pregovorite-so-bugarija/ Sat, 02 Jul 2022 12:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=522580

Граѓанската иницијатива „Бојкотирам“ се мобилизира одново. Ова доаѓа по францускиот предлог. Тие вечер ќе бидат пред Влада.

Соопштението во целост:

Таканаречениот нов француски предлог е уште еден обид на власта да го амортизира гневот на народот против бугаризацијата спроведувана со амин на ЕУ! Нема никаков нов француски предлог, како што потврди и француската амбасадорка од Бугарија. Остануваат клучните негаторски барања од страна на Бугарија, додека македонскиот јазик ќе го толкува Софија како дијалект на бугарскиот јазик.

Алармираме на опасноста од изјавата на министерот Бујар Османи, кој потврди дека оваа нацрт-рамка може да се потпише веднаш штом ја усвои Владата, со што целосно ќе се заобиколи македонското Собрание.

Апелираме на будност од македонскиот народ и подготвеност за отпор против последните обиди за ништење на македонската држава од страна на СДС и ДУИ! Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! Никаква интеграција во ЕУ не може и не смее да биде по цена на македонската државотворност!.

The post „Бојкотирам“ вечерва ќе бидат пред Влада: Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! appeared first on Република.

]]>

Граѓанската иницијатива „Бојкотирам“ се мобилизира одново. Ова доаѓа по францускиот предлог. Тие вечер ќе бидат пред Влада. Соопштението во целост:
Таканаречениот нов француски предлог е уште еден обид на власта да го амортизира гневот на народот против бугаризацијата спроведувана со амин на ЕУ! Нема никаков нов француски предлог, како што потврди и француската амбасадорка од Бугарија. Остануваат клучните негаторски барања од страна на Бугарија, додека македонскиот јазик ќе го толкува Софија како дијалект на бугарскиот јазик. Алармираме на опасноста од изјавата на министерот Бујар Османи, кој потврди дека оваа нацрт-рамка може да се потпише веднаш штом ја усвои Владата, со што целосно ќе се заобиколи македонското Собрание. Апелираме на будност од македонскиот народ и подготвеност за отпор против последните обиди за ништење на македонската држава од страна на СДС и ДУИ! Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! Никаква интеграција во ЕУ не може и не смее да биде по цена на македонската државотворност!.  

The post „Бојкотирам“ вечерва ќе бидат пред Влада: Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! appeared first on Република.

]]>
Ахмети бара одговорност за партиите кои повикуваа на бојкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-bara-odgovornost-za-partiite-koi-povikuvaa-na-bojkot/ Thu, 07 Apr 2022 19:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=484993

Зборувајќи за бројката од 130 илјади граѓани кои останаа непопишани, за нивната етничка припадност која сега стана предмет на манипулација и политизација, а која не може да се знае со точност затоа што овие лица го бојкотираа пописот, лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово, повика на одговорност за опозиционите политички партии кои го повикуваа на бојкот на пописот.

„Треба да се имаат во предвид и повиците за бојкот од страна на опозиционите политички партии и тие треба да сносат одговорност за овие 10% граѓани кои останаа не регистрирани, односно го бојкотираа пописот. Секоја интерпретација  за тоа каква е етничката припадност на овие граѓани ќе биде погрешна, дали се тие Албанци или Македонци, ова не може сега да се утврди“, додава Ахмети.

The post Ахмети бара одговорност за партиите кои повикуваа на бојкот appeared first on Република.

Ковачевски: Опозицијата им направи лоша услуга на Македонците со бојкотот на пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-opozicijata-im-napravi-losha-usluga-na-makedoncite-so-bojkotot-na-popisot/ Fri, 01 Apr 2022 21:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=482141

Премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“, вели дека бројката од околу 132 илјади граѓани кои не беа лично попишани, се должи на повеќе причини, меѓу кои, и бојкотот кој јавно или скриено го заговарале дел од опозициските партии. Се работи за околу 7,2 проценти од резидентното население кое не беше теренски попишано, туку податоците беа преземени од административните бази.

Ако ги погледнете споредбените податоци за пописи во други држави, опфатот на граѓаните во други држави, има и со поголем процент на неопфатени во пописи. Примери има многу и се движат и до 10 проценти на неопфатено население. Кои се причините кај нас за 132.000 коишто од резидентното население не се опфатени, прво е што пописот беше спроведен во услови на ковид-криза, при што дел од граѓаните не можеа да отворат. Второ, на барање на опозицијата, пописот беше поместен од април во септември, кога дел од граѓаните кои живеат во руралните средини излегуваа на работа. И трето, имаше и активен бојкот и скриен бојкот од опозицијата. Левица беше против попишувањето, а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше кампања за бојкотирање на пописот, а потоа имаше и скриен бојкот којшто им направи лоша услуга на Македонците, пред сè, во попишувањето. Така што, ние не можеме да зборуваме за критики на пописот од тој аспект, а посебно од оние коишто тој проблем и го креираа во голема мера, со тоа што на своето гласачко тело и на своите симпатизери им кажуваа дека не треба да излегуваат на пописот, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Опозицијата им направи лоша услуга на Македонците со бојкотот на пописот appeared first on Република.

Иванов: Бојкотирачи и затворачи на врати, ај сега да частите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ivanov-bojkotirachi-i-zatvorachi-na-vrati-aj-sega-da-chastite/ Wed, 30 Mar 2022 14:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=480978

Бојкотирачи и затворачи на врати, ај сега да частите!, порачува новинарот Зоран Иванов, реагирајќи на објавените статистики по спроведениот попис.

https://republika.mk/vesti/makedonija/cenata-na-bojkotot-ja-platija-makedonicite-ostanaa-132-260-nepopishani/

Според резултатите од Државниот завод за статистика, 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот.

The post Иванов: Бојкотирачи и затворачи на врати, ај сега да частите! appeared first on Република.

]]>

Бојкотирачи и затворачи на врати, ај сега да частите!, порачува новинарот Зоран Иванов, реагирајќи на објавените статистики по спроведениот попис. https://republika.mk/vesti/makedonija/cenata-na-bojkotot-ja-platija-makedonicite-ostanaa-132-260-nepopishani/ Според резултатите од Државниот завод за статистика, 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот.

The post Иванов: Бојкотирачи и затворачи на врати, ај сега да частите! appeared first on Република.

]]>
Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cenata-na-bojkotot-ja-platija-makedonicite-ostanaa-132-260-nepopishani/ Wed, 30 Mar 2022 12:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=480856

Резултатите на пописот спроведен минатата година покажаа дека 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот. На многу врати не тропнаа попишувачите од едни или други причини, но тоа не ги натера Македонците да заминат во пунктовите и да се попишат самите. Со други зборови, цената на бојкотот и на апатијата ја платија Македонците.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната презентација на резултатите од пописот како еден од факторите за тоа што не се попишале 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.

Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.

Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.

Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.

Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.

Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги презедовме сите мерки, додаде тој.

Сепак, не летуваа и не копаа само Македонците. На плажите и по нивите одеа и Албанците. Но, нивната политика не остана рамнодушна и не дозволи „исончаните“ да останат непопишани.

Со жестока кампања спроведена и во дијаспората и дома ДУИ ги повика сите Албанци да се попшат. Не се противеа и не бојкотираа ниту опозициските партии на етничките Албанци.

Со месеци Артан Груби, Бујар Османи и други влијателни членови на владејачката партија одеа од куќа до куќа и во Македонија, но и во Швајцарија, Албанија, секаде каде што живеат Албанци,, агитираа, а имаа поддршка од сите албански партии. Денес ги гледаме плодовите од таа работа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-na-albanski-jazik-ja-povika-dijasporata-da-se-registrira-makedonskata-ne-e-informirana-za-popisot/

Секој ден се броеја попишаните од дијаспората и се објавуваа постери со бројките.

Со денови на јавни настапи функционерите на ДУИ одговараа на прашања кои можат да се појават како нејаснотии поврзани со пописот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-moze-da-se-popishat-i-tie-koi-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo/

И како што велат албанските политичари наместо да се занимаваат со својот број, Македонците се грижат за бројот на Албанците. Всушност, на крајот гледаме дека Македонците не се гриже ниту за својот број ниту за својата држава.

The post Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани appeared first on Република.

]]>

Резултатите на пописот спроведен минатата година покажаа дека 132.260 жители останале непопишани. Многу врати останаа затворени поради повиците да се бојкотира пописот. На многу врати не тропнаа попишувачите од едни или други причини, но тоа не ги натера Македонците да заминат во пунктовите и да се попишат самите. Со други зборови, цената на бојкотот и на апатијата ја платија Македонците. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната презентација на резултатите од пописот како еден од факторите за тоа што не се попишале 7,2 отсто граѓани, ги посочи оние кои отворено повикуваа на бојкот.
Да не беа црните кампањите дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно се сме договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат тие што ја злоупотребија кампањата, дека згрешиле. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали поради отворен бојкот не се попишале, изјави Симовски.
Тој додаде и дека во периодот на попис голем број граѓани биле и на годишни одмори.
Плажите беа полни во тој период, особено по една година во која никој не можеше да оди на одмор, наведе првиот човек на ДЗС.
Симовски додаде дека постојат и други фактори кои ја диктирале оваа бројка.
Луѓето беа по нивите, доаѓаа по 20.00 часот, тешко се наоѓаа. Имавме ковид, исплашени луѓе имаше од евентуално ширење на болеста иако ги презедовме сите мерки, додаде тој.
Сепак, не летуваа и не копаа само Македонците. На плажите и по нивите одеа и Албанците. Но, нивната политика не остана рамнодушна и не дозволи „исончаните“ да останат непопишани. Со жестока кампања спроведена и во дијаспората и дома ДУИ ги повика сите Албанци да се попшат. Не се противеа и не бојкотираа ниту опозициските партии на етничките Албанци. Со месеци Артан Груби, Бујар Османи и други влијателни членови на владејачката партија одеа од куќа до куќа и во Македонија, но и во Швајцарија, Албанија, секаде каде што живеат Албанци,, агитираа, а имаа поддршка од сите албански партии. Денес ги гледаме плодовите од таа работа. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-na-albanski-jazik-ja-povika-dijasporata-da-se-registrira-makedonskata-ne-e-informirana-za-popisot/ Секој ден се броеја попишаните од дијаспората и се објавуваа постери со бројките. Со денови на јавни настапи функционерите на ДУИ одговараа на прашања кои можат да се појават како нејаснотии поврзани со пописот. https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-moze-da-se-popishat-i-tie-koi-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo/ И како што велат албанските политичари наместо да се занимаваат со својот број, Македонците се грижат за бројот на Албанците. Всушност, на крајот гледаме дека Македонците не се гриже ниту за својот број ниту за својата држава.

The post Цената на бојкотот ја платија Македониците – останаа 132.260 непопишани appeared first on Република.

]]>