бојкот на персоналот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojkot-na-personalot/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jan 2022 14:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојкот на персоналот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojkot-na-personalot/ 32 32 Бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“, сообраќајот е во прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal-vo-zeleznici-transport-soobrakjajot-e-vo-prekin/ Wed, 26 Jan 2022 14:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=449869

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“.

Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата, нагласи Чакаровски.

Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.

Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец.
Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

The post Бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“, сообраќајот е во прекин appeared first on Република.

]]>

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.
Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата, нагласи Чакаровски.
Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“. Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец. Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

The post Бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“, сообраќајот е во прекин appeared first on Република.

]]>