бојка динева јовановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojka-dineva-jovanovska/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 10:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојка динева јовановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojka-dineva-jovanovska/ 32 32 Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/jadat-i-po-15-jajtsa-dnevno-za-podobar-zadnik-ke-im-donese-samo-narusheno-zdravje-i-agresija-predupreduva-nutritsionistot-dineva-jovanovska/ Thu, 17 Oct 2024 13:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=828068

Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.

@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵

Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки.

Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.

Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.

Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици:

- Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол
- Замастување на црн дроб
- Згрутчување на крвните садови
- Хормонален дисбаланс
- Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања
- Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе)
- Опстипација (нередовно празнење на цревата)
- Стрес
- Агресија
- Нервоза,

кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо  разочарување.

Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.

Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.

За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини.
Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.

 

The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.

]]>

Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.
@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵
Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки. Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.
Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.
Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици: - Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол - Замастување на црн дроб - Згрутчување на крвните садови - Хормонален дисбаланс - Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања - Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе) - Опстипација (нередовно празнење на цревата) - Стрес - Агресија - Нервоза, кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо  разочарување.
Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.
Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.
За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини. Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.
 

The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.

]]>