Бојана Јанева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojana-janeva/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 08:33:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бојана Јанева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojana-janeva/ 32 32 „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ нова изложба во МСУ и музејска тура со кустосот Бојана Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nastan-od-edna-nishka-globalni-narativi-vo-tekstil-nova-izlozhba-vo-msu-i-muzejska-tura-so-kustosot-bojana-janeva/ Tue, 28 May 2024 08:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=782272

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје се отвора интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.

За посетителите кои се заинтересирани да ја погледнат изложбата со личен кустос водич, истата вечер во 19.30 часот, пред официјалното отворање, кустосот Бојана Јанева со дел од присутните уметници ќе проговори за концептот на поставката пред присутните. После отворањето на изложбата во 21 часот следи диџеј сет со Нино Делиниколов.

Уметници чии дела ќе бидат изложени се: Ула вон Брандеребург, Кристина Божурска, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Ноа Ешкол, Андреас Екнер, Ули Фишер, Зиле Хома Хамид, Хајде Хинрикс, Олаф Холзафел, Криста Џетнер, Елиза ван Јоолен и Винсент Вулзма, Јован Јосифовски, Ева Мајр и Еран Шаерф, Карен Мишелсен Кастанон, Џудит Раум, Франц Ерхард Валтер, Зорица Зафировска и Клелија Живковиќ; заедно со инсталацијата „Простор Баухаус“, визуелна архива за историјата на работилницата за ткаење во комплексот Баухаус Десау и Вајмар (уметничко истражување: Џудит Раум; дизајн: Јакоб Кирш; архитектура: S.T.I.F.F.) и уметнички дела од уметниците застапени во Колекцијата на МСУ-Скопје: Соња Димитрова, Димче Коцо, Јоланта Овидска, Исмет Рамичевиќ, Лиза Рехштеинер, Мира Спировска, Душко Стојановски, Патриција Веласко Уалин.

Работата со текстил е форма на несогласување, плетење активен отпор за правда и вистина, креативна желба да се промени материјалот пред нас и светот околу нас, со елоквентност и емотивност. Оттука, преку визуелни решенија пренесени преку текстил уметниците нудат начини на излез од различни состојби на опресија, системска, но и интерперсонална, вели кураторката Јованка Попова.

Текстилот е во основата на патувачката изложба организирана од ИФА, со фокус на прашањата: „Кои значења и пораки се својствени за ткаенините?“, „Каква е нивната културна важност?“, „На кој начин можат да се „прочитаат?“, „Што пренесуваат ткаенините за нивното потекло, значења и општествени улоги?“ и „Кои традиционални текстилни техники уметниците ги апроприираaт, издвојуваат, релоцираат и враќаат во живот?“. Текстилот претставува локус во кој уметноста, доаѓа во допирна точка со рачните изработки, традицијата се среќава со сегашноста, а локалното познавање се испреплетува со глобалните односи.

Изложбата ги истакнува бројните комплексни начини на работа со текстил на уметниците – учесници. Личните и естетските наративи се поврзани со општествените и економските конфигурации во глобалниот свет. Во 1965 година, Баухаус уметницата Ани Алберс го опиша „настанот од една нишка“ како мулти-линеарен, без почеток или крај: во главно, неговото значење е постојан простор за преосмислување на односите и преструктурирање на врските и контекстите.

Уметницата Џудит Раум го создаде „Просторот Баухаус“, инсталација посветена на Баухаус работилницата за ткаење. Се среќаваме со преткаени материјали и историски платна во специјално дизајниран дисплеј, преку кој се раскажува извонредно успешната приказна во шест поглавја.

Сведоштва за комплексните записи на текстилот врежани во културната и индустриската историја се среќаваат на секој агол од светот. Во политичка клима обележана со студенило и суровост, ткаенините имаат моќ да евоцираат спомени од некогашни потопли, похумани времиња, да потсетат на вредноста на рачната работа, да повикаат на емпатија и солидарност. Оттука, во соработка со современи домашни уметници, основната поставка од изложбата е надополнета со уметнички дела, кои создаваат нови наративи значајни за текстилот во локалниот контекст и нивниот ангажиран одговор на различни состојби на опресија, системска, но и интерперсонална.

Делата од колекцијата на МСУ – Скопје, пак, во овој контекст се изложени, не само како сведоштва за живите искуства и сеќавања произлезени од земјотресот, туку и како силен потсетник денес за потребата од прекинатите нишки на глобални мрежи на поддршка и емпатија кои трагичниот настан на лична и колективна загуба го трансформираат во модел на транснационална солидарност, вели кураторката Јованка Попова.

Изложбата е поддржана од Германската амбасада – Македонија и Гете институтот – Македонија и Тиквеш.

Изложбата ќе биде отворена до 2 септември 2024 година.

 

The post „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ нова изложба во МСУ и музејска тура со кустосот Бојана Јанева appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност - Скопје се отвора интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова. За посетителите кои се заинтересирани да ја погледнат изложбата со личен кустос водич, истата вечер во 19.30 часот, пред официјалното отворање, кустосот Бојана Јанева со дел од присутните уметници ќе проговори за концептот на поставката пред присутните. После отворањето на изложбата во 21 часот следи диџеј сет со Нино Делиниколов. Уметници чии дела ќе бидат изложени се: Ула вон Брандеребург, Кристина Божурска, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Ноа Ешкол, Андреас Екнер, Ули Фишер, Зиле Хома Хамид, Хајде Хинрикс, Олаф Холзафел, Криста Џетнер, Елиза ван Јоолен и Винсент Вулзма, Јован Јосифовски, Ева Мајр и Еран Шаерф, Карен Мишелсен Кастанон, Џудит Раум, Франц Ерхард Валтер, Зорица Зафировска и Клелија Живковиќ; заедно со инсталацијата „Простор Баухаус“, визуелна архива за историјата на работилницата за ткаење во комплексот Баухаус Десау и Вајмар (уметничко истражување: Џудит Раум; дизајн: Јакоб Кирш; архитектура: S.T.I.F.F.) и уметнички дела од уметниците застапени во Колекцијата на МСУ-Скопје: Соња Димитрова, Димче Коцо, Јоланта Овидска, Исмет Рамичевиќ, Лиза Рехштеинер, Мира Спировска, Душко Стојановски, Патриција Веласко Уалин.
Работата со текстил е форма на несогласување, плетење активен отпор за правда и вистина, креативна желба да се промени материјалот пред нас и светот околу нас, со елоквентност и емотивност. Оттука, преку визуелни решенија пренесени преку текстил уметниците нудат начини на излез од различни состојби на опресија, системска, но и интерперсонална, вели кураторката Јованка Попова.
Текстилот е во основата на патувачката изложба организирана од ИФА, со фокус на прашањата: „Кои значења и пораки се својствени за ткаенините?“, „Каква е нивната културна важност?“, „На кој начин можат да се „прочитаат?“, „Што пренесуваат ткаенините за нивното потекло, значења и општествени улоги?“ и „Кои традиционални текстилни техники уметниците ги апроприираaт, издвојуваат, релоцираат и враќаат во живот?“. Текстилот претставува локус во кој уметноста, доаѓа во допирна точка со рачните изработки, традицијата се среќава со сегашноста, а локалното познавање се испреплетува со глобалните односи. Изложбата ги истакнува бројните комплексни начини на работа со текстил на уметниците – учесници. Личните и естетските наративи се поврзани со општествените и економските конфигурации во глобалниот свет. Во 1965 година, Баухаус уметницата Ани Алберс го опиша „настанот од една нишка“ како мулти-линеарен, без почеток или крај: во главно, неговото значење е постојан простор за преосмислување на односите и преструктурирање на врските и контекстите. Уметницата Џудит Раум го создаде „Просторот Баухаус“, инсталација посветена на Баухаус работилницата за ткаење. Се среќаваме со преткаени материјали и историски платна во специјално дизајниран дисплеј, преку кој се раскажува извонредно успешната приказна во шест поглавја. Сведоштва за комплексните записи на текстилот врежани во културната и индустриската историја се среќаваат на секој агол од светот. Во политичка клима обележана со студенило и суровост, ткаенините имаат моќ да евоцираат спомени од некогашни потопли, похумани времиња, да потсетат на вредноста на рачната работа, да повикаат на емпатија и солидарност. Оттука, во соработка со современи домашни уметници, основната поставка од изложбата е надополнета со уметнички дела, кои создаваат нови наративи значајни за текстилот во локалниот контекст и нивниот ангажиран одговор на различни состојби на опресија, системска, но и интерперсонална.
Делата од колекцијата на МСУ – Скопје, пак, во овој контекст се изложени, не само како сведоштва за живите искуства и сеќавања произлезени од земјотресот, туку и како силен потсетник денес за потребата од прекинатите нишки на глобални мрежи на поддршка и емпатија кои трагичниот настан на лична и колективна загуба го трансформираат во модел на транснационална солидарност, вели кураторката Јованка Попова.
Изложбата е поддржана од Германската амбасада – Македонија и Гете институтот – Македонија и Тиквеш. Изложбата ќе биде отворена до 2 септември 2024 година.  

The post „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ нова изложба во МСУ и музејска тура со кустосот Бојана Јанева appeared first on Република.

]]>
Бојана Јанева од МСУ-Скопје на Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bojana-janeva-od-msu-skopje-na-megunarodna-muzejska-konferentsija-za-zashtita-na-kulturnoto-nasledstvo/ Sat, 04 May 2024 12:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=774150

Кустос водичот Бојана Јанева од нашиот Музеј на современата уметност – Скопје беше избрана од Управниот одбор на Балканската мрежа на музеи да земе учество на годинашната Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, која се одржа во Тиват, Црна Гора.

„Ми претставуваше голема чест што бев избрана да ја претставам работата на Одделот за едукација и стручно водење при МСУ-Скопје, каде зборував за мојата музејска пракса при водење музејски тури пред поширока публика. Особено сум задоволна и благодарна за реакциите на моите колеги од другите музеи во регионот по претставувањето, со кои почнавме да договараме можни соработки и продлабочена размена на знаење, искуства и споделени музејски пракси.“, вели Јанева.

The post Бојана Јанева од МСУ-Скопје на Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство appeared first on Република.

]]>

Кустос водичот Бојана Јанева од нашиот Музеј на современата уметност – Скопје беше избрана од Управниот одбор на Балканската мрежа на музеи да земе учество на годинашната Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, која се одржа во Тиват, Црна Гора. „Ми претставуваше голема чест што бев избрана да ја претставам работата на Одделот за едукација и стручно водење при МСУ-Скопје, каде зборував за мојата музејска пракса при водење музејски тури пред поширока публика. Особено сум задоволна и благодарна за реакциите на моите колеги од другите музеи во регионот по претставувањето, со кои почнавме да договараме можни соработки и продлабочена размена на знаење, искуства и споделени музејски пракси.“, вели Јанева.

The post Бојана Јанева од МСУ-Скопје на Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство appeared first on Република.

]]>
Со изложбите во Скопје „Најново нормално“ целта ми е луѓето што живеат тука да се почувствуваат посебно и да бидат горди на нашите дострели и историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozbite-vo-skopje-najnovo-normalno-celta-mi-e-lugjeto-shto-ziveat-tuka-da-se-pochuvstvuvaat-posebno-i-da-bidat-gordi-na-nashite-dostreli-i-istorija/ Fri, 28 Jan 2022 09:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=450551

Во ноември минатата година историчарката на уметност Бојана Јанева ги почна кураторските прошетки по музеите низ Скопје насловени како „Најново нормално“. Турите се одвиваа за време на викенд, а почнаа со едукативна прошетка низ изложбата на Музејот на современа уметност, а продолжија во објектот на Националната галерија, Даут пашин амам. Деновиве интензивно ја подготвува дигитализацијата на понуда со специјализирани едукативни тури на македонски и англиски јазик. Понудата содржи Современо СКП, Бруталистичко СКП и Византиско СКП.

Јанева е историчарка на уметност која магистрирала на Универзитетот Мастрихт, Холандија на Уметност и наследство: културни политики, менаџмент и едукација. Зад себе има долгогодишно искуство како историчар на уметноста, 20-годишното искуство како лиценциран туристички водич, кустос во Едукативното одделение во Музејот на современата уметност; независен куратор на бројни изложби...

Во „Најново нормално“ се споени моите три најголеми идентитетски љубови, Скопје со неговото минато и сегашност, пасијата кон уметноста и непосредно поврзување со луѓето кои ги запознавам, вели Јанева во интерву за „Република“.

Прошетките кои Јанева ги организираше изминатиот период предизвикаа големо интересирање во јавноста, посебно за граѓаните кои преку неделата немаат време за посета на изложби. Нејзините прошетки по актуелните изложби секогаш се полни со приказни кои не сте ги чуле никогаш, информации кои нема да ги најдете во каталогот на изложбата, а пристапот е непосреден.

Лани во ноември ги почнавте кураторските прошетки по музеите во Скопје насловени како „Најново нормално“. Почнавте со Музеј на современа уметност, продолживте со Националаната галерија Даут Пашин амам. Каков е вашиот впечаток по неколку одржани тури?

ЈАНЕВА: Реализирањето на културно-едукативните посети „Најново нормално“ во Музејот на современата уметност и Националната галерија во изминатиов период навистина беа успешни, според мене најмногу заради интересот на пошироката публика, не само на оние кои редовно ги посетуваат изложбите. Музејот на современата уметност понуди светски значајни уметнички имиња кои третираа прашања од нашето блиско минато, додека во Даут пашин амам со мојата понуда на „Сонот на Ташковски“ за деца од 6 до 16 години, само се приклучив на големиот „бум“ од посетеност која ретроспективата на овој автор ја предизвика. Мојот впечаток од реакциите на публиката е неизмерлив, преплавена бев со емоции дека тоа што го работам допира на вистински начин до нив. Особено од децата, кои не знаат да скријат чувства и автентичен интерес.

За прошетките низ музеите веќе има голем интерес, посебно што досега вакво нешто не му било понудено на градот. Како дојдојвте до идејата да ги организирате?

ЈАНЕВА: Во „Најново нормално“ организираните посети на изложби за сите, се споени моите три најголеми идентитетски љубови, Скопје со неговото минато и сегашност, пасијата кон уметноста и непосредно поврзување со луѓето кои ги запознавам.
Секако, дека и долгогодишното и шаренолико искуство како историчар на уметноста, 20-годишното искуство како лиценциран туристички водич, кустос во Едукативното одделение во Музејот на современата уметност; независен куратор на бројни изложби, потоа професурата по современа уметност во АХСС Гимназија и Демонстратор на византиска уметност на Факултетот за Историја на уметноста во минатото е дел од мозаикот на „Најново нормално“ иницијативата. Односно, сето мое досегашно професионално вложување водеше до осмислување на ваква културна понуда која не постои во градов. А, и многу храброст, би додала, храброст да си признаам најпрвин себе си дека можам, освен што сакам, да им го разубавам денот со доближување на уметноста на граѓаните. За овој процес на охрабрување, бескрајно сум им благодарна и на луѓето околу мене, кои ме подржуваа кога им ја раскажував идејата додека ми беше се уште во зародиш.

Како тече соработката со културните установи?

ЈАНЕВА: Најдобро што може. Јас сум благодарна пред се на Директорките Мира Гаќина и Дита Старова-Ќерими, но и на вработените во двете установи, за укажаната доверба и афирмирање на моите „најново нормални“ организирани посети, кои препознаа дека со мојата работа добиваат дополнителна афирмација и покажуваат отвореност кон иницијативи од независниот сектор, бидејќи турите се организирани преку Институтот за култура и уметност „Арс акта“ чиј ко-основач сум од 2012 година.
Нескриените позитивни реакции од посетителите за „најново нормално“ во Музејот на современата и Националната галерија сведочат за одличниот прием од страна на возрасната и детската публика. Секогаш пред да зборувам за изложбите акцентот го ставам на значењето на овие културни жаришта, со цел на луѓето, децата да им се врежи локацијата како место кое ни припаѓа на сите нам, а и место каде можат да научат нови работи, освен да уживаат во уметноста.

Изложбата на Васко Ташковски во Националната галерија Даум Пашин амам ги собори рекордите на посетеност, а вие токму преку светот на Ташковски избравте да им ја доближите уметноста на децата. Како реагираа на изложбата? Какви се впечатпците кои тие ги имаат и кои ги пренесуваат?

ЈАНЕВА: Неверојатен беше одѕивот на „Сонот на Ташковски“. Турите беа вешто планирани и организирани со НГМ, со помош на Агнеса Чаволи, која преведуваше на албански за албанските дечиња кои беа дел од турите. Поделбата според возраста, на групи за деца од 6 до 11 и од 12 до 16 се покажа одлична, бидејќи сосема беше поинаков пристапот кон анализирање на надредалните дела на Ташковски. Родителите, како и децата ги преполнија моите социјални мрежи со нивни креации или реакции од едукативната прошетка со мене. За крај, воведов и дополнителни две недели, каде водев приватни тури за фамилии кои се уште не се мешаат со други семејства и две посети од градинки со деца од 4 до 6 години.

Како историчар на уметност и огромно искуство зошто сметате дека се потребни вакви тури?

ЈАНЕВА: На градов, на сите нам ни е потребно нешто ново во секојдневието, особено сега, во пандемиски услови кога движењето ни е ограничено. Уметноста освен што е мој професионален избор, исто така во текот на целиот мој живот била извор и на смирување, односно ми давала чувство дека не сум сама со своите тешкотии, туку дека сите поминуваме низ животни искушенија и можеме да ги надминеме. Уметноста делува не само на нашите сетила, туку многу поважно ни помага да се себеспознаеме, себе-доживееме од поинаква перпсектива.
Мене ми е целта со најново нормално луѓето што живеат тука да се почуствуваат посебно, добро во своја кожа, да бидат горди на нашата историја, нашите дострели како општество, да научат нешто ново и да уживаат во квалитетно поминато време.

Со оглед дека имате искуство и како туристички водич, дали размислувате прошетките од Најново нормално да ги изнесете надвор од Скопје, низ Републиката?

ЈАНЕВА: Навистина ја погодивте насоката на движење за ширење на најново нормално иницијативите. Всушност, деновиве интензивно ја подготвувам дигитализацијата на понуда со специјализирани едукативни тури на македонски и англиски јазик. Понудата содржи Современо СКП, Бруталистичко СКП и Византиско СКП, трите области на истражувања и досегашното искуство како историчар на уметноста и туристички водич. Почнувам оттука, бидејќи сè уште го испитувам интересот на граѓаните, но, крајната цел ми е истава понуда на културно-едукативни тури да ја проширам и на територијата на целата земја.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Со изложбите во Скопје „Најново нормално“ целта ми е луѓето што живеат тука да се почувствуваат посебно и да бидат горди на нашите дострели и историја appeared first on Република.

]]>

Во ноември минатата година историчарката на уметност Бојана Јанева ги почна кураторските прошетки по музеите низ Скопје насловени како „Најново нормално“. Турите се одвиваа за време на викенд, а почнаа со едукативна прошетка низ изложбата на Музејот на современа уметност, а продолжија во објектот на Националната галерија, Даут пашин амам. Деновиве интензивно ја подготвува дигитализацијата на понуда со специјализирани едукативни тури на македонски и англиски јазик. Понудата содржи Современо СКП, Бруталистичко СКП и Византиско СКП. Јанева е историчарка на уметност која магистрирала на Универзитетот Мастрихт, Холандија на Уметност и наследство: културни политики, менаџмент и едукација. Зад себе има долгогодишно искуство како историчар на уметноста, 20-годишното искуство како лиценциран туристички водич, кустос во Едукативното одделение во Музејот на современата уметност; независен куратор на бројни изложби...
Во „Најново нормално“ се споени моите три најголеми идентитетски љубови, Скопје со неговото минато и сегашност, пасијата кон уметноста и непосредно поврзување со луѓето кои ги запознавам, вели Јанева во интерву за „Република“.
Прошетките кои Јанева ги организираше изминатиот период предизвикаа големо интересирање во јавноста, посебно за граѓаните кои преку неделата немаат време за посета на изложби. Нејзините прошетки по актуелните изложби секогаш се полни со приказни кои не сте ги чуле никогаш, информации кои нема да ги најдете во каталогот на изложбата, а пристапот е непосреден. Лани во ноември ги почнавте кураторските прошетки по музеите во Скопје насловени како „Најново нормално“. Почнавте со Музеј на современа уметност, продолживте со Националаната галерија Даут Пашин амам. Каков е вашиот впечаток по неколку одржани тури? ЈАНЕВА: Реализирањето на културно-едукативните посети „Најново нормално“ во Музејот на современата уметност и Националната галерија во изминатиов период навистина беа успешни, според мене најмногу заради интересот на пошироката публика, не само на оние кои редовно ги посетуваат изложбите. Музејот на современата уметност понуди светски значајни уметнички имиња кои третираа прашања од нашето блиско минато, додека во Даут пашин амам со мојата понуда на „Сонот на Ташковски“ за деца од 6 до 16 години, само се приклучив на големиот „бум“ од посетеност која ретроспективата на овој автор ја предизвика. Мојот впечаток од реакциите на публиката е неизмерлив, преплавена бев со емоции дека тоа што го работам допира на вистински начин до нив. Особено од децата, кои не знаат да скријат чувства и автентичен интерес. За прошетките низ музеите веќе има голем интерес, посебно што досега вакво нешто не му било понудено на градот. Како дојдојвте до идејата да ги организирате? ЈАНЕВА: Во „Најново нормално“ организираните посети на изложби за сите, се споени моите три најголеми идентитетски љубови, Скопје со неговото минато и сегашност, пасијата кон уметноста и непосредно поврзување со луѓето кои ги запознавам. Секако, дека и долгогодишното и шаренолико искуство како историчар на уметноста, 20-годишното искуство како лиценциран туристички водич, кустос во Едукативното одделение во Музејот на современата уметност; независен куратор на бројни изложби, потоа професурата по современа уметност во АХСС Гимназија и Демонстратор на византиска уметност на Факултетот за Историја на уметноста во минатото е дел од мозаикот на „Најново нормално“ иницијативата. Односно, сето мое досегашно професионално вложување водеше до осмислување на ваква културна понуда која не постои во градов. А, и многу храброст, би додала, храброст да си признаам најпрвин себе си дека можам, освен што сакам, да им го разубавам денот со доближување на уметноста на граѓаните. За овој процес на охрабрување, бескрајно сум им благодарна и на луѓето околу мене, кои ме подржуваа кога им ја раскажував идејата додека ми беше се уште во зародиш. Како тече соработката со културните установи? ЈАНЕВА: Најдобро што може. Јас сум благодарна пред се на Директорките Мира Гаќина и Дита Старова-Ќерими, но и на вработените во двете установи, за укажаната доверба и афирмирање на моите „најново нормални“ организирани посети, кои препознаа дека со мојата работа добиваат дополнителна афирмација и покажуваат отвореност кон иницијативи од независниот сектор, бидејќи турите се организирани преку Институтот за култура и уметност „Арс акта“ чиј ко-основач сум од 2012 година. Нескриените позитивни реакции од посетителите за „најново нормално“ во Музејот на современата и Националната галерија сведочат за одличниот прием од страна на возрасната и детската публика. Секогаш пред да зборувам за изложбите акцентот го ставам на значењето на овие културни жаришта, со цел на луѓето, децата да им се врежи локацијата како место кое ни припаѓа на сите нам, а и место каде можат да научат нови работи, освен да уживаат во уметноста. Изложбата на Васко Ташковски во Националната галерија Даум Пашин амам ги собори рекордите на посетеност, а вие токму преку светот на Ташковски избравте да им ја доближите уметноста на децата. Како реагираа на изложбата? Какви се впечатпците кои тие ги имаат и кои ги пренесуваат? ЈАНЕВА: Неверојатен беше одѕивот на „Сонот на Ташковски“. Турите беа вешто планирани и организирани со НГМ, со помош на Агнеса Чаволи, која преведуваше на албански за албанските дечиња кои беа дел од турите. Поделбата според возраста, на групи за деца од 6 до 11 и од 12 до 16 се покажа одлична, бидејќи сосема беше поинаков пристапот кон анализирање на надредалните дела на Ташковски. Родителите, како и децата ги преполнија моите социјални мрежи со нивни креации или реакции од едукативната прошетка со мене. За крај, воведов и дополнителни две недели, каде водев приватни тури за фамилии кои се уште не се мешаат со други семејства и две посети од градинки со деца од 4 до 6 години. Како историчар на уметност и огромно искуство зошто сметате дека се потребни вакви тури? ЈАНЕВА: На градов, на сите нам ни е потребно нешто ново во секојдневието, особено сега, во пандемиски услови кога движењето ни е ограничено. Уметноста освен што е мој професионален избор, исто така во текот на целиот мој живот била извор и на смирување, односно ми давала чувство дека не сум сама со своите тешкотии, туку дека сите поминуваме низ животни искушенија и можеме да ги надминеме. Уметноста делува не само на нашите сетила, туку многу поважно ни помага да се себеспознаеме, себе-доживееме од поинаква перпсектива. Мене ми е целта со најново нормално луѓето што живеат тука да се почуствуваат посебно, добро во своја кожа, да бидат горди на нашата историја, нашите дострели како општество, да научат нешто ново и да уживаат во квалитетно поминато време. Со оглед дека имате искуство и како туристички водич, дали размислувате прошетките од Најново нормално да ги изнесете надвор од Скопје, низ Републиката? ЈАНЕВА: Навистина ја погодивте насоката на движење за ширење на најново нормално иницијативите. Всушност, деновиве интензивно ја подготвувам дигитализацијата на понуда со специјализирани едукативни тури на македонски и англиски јазик. Понудата содржи Современо СКП, Бруталистичко СКП и Византиско СКП, трите области на истражувања и досегашното искуство како историчар на уметноста и туристички водич. Почнувам оттука, бидејќи сè уште го испитувам интересот на граѓаните, но, крајната цел ми е истава понуда на културно-едукативни тури да ја проширам и на територијата на целата земја. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Со изложбите во Скопје „Најново нормално“ целта ми е луѓето што живеат тука да се почувствуваат посебно и да бидат горди на нашите дострели и историја appeared first on Република.

]]>