Бојан Тантуровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-tanturovski/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 16:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бојан Тантуровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-tanturovski/ 32 32 Кога првпат дојдов, имаше зеленило насекаде, се чувствував како да не живеам во овој град, кажа Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koga-prvpat-dojdov-imashe-zelenilo-nasekade-se-chuvstvuvav-kako-da-ne-zhiveam-vo-ovoj-grad-kazha-bojan-tanturovski-rezhiser-na-dokumentaretsot-gradina/ Wed, 21 Aug 2024 16:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=808710

Кога првпат дојдов околу мене сè беше зеленило, се чувствував како да не живеам во овој град, како да сум на друго место. Беше како некоја оаза, изјави Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“, кој синоќа, премиерно беше прикажан на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ кој е во тек и завршува утре, на 22 август.

„Градина“ е дебитантски долгометражен документарец на Тантуровски, дипломец по ТВ и филмска режија од Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Филмот е работен во изминатите пет години и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служат како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла.

Главните ликови се Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин, а синоќа на премиерата пред Куршумли ан пристустуваа Аранѓел (Рацо), неговата сопруга Стана и Ахмо. Отуството на Нада беше оправдано, била во Крива Паланка, а Шемсудин, за жал, починал по снимањето на филмот.

Откако се пензионирав, ги пропешачив сите планини во Македонија, го собрав сиот чај. Потоа решив да дојдам тука, во градината. Подобро е да работиш, отколку да мислиш на нешто, треба ова, треба она.  Вака, полесно ми е, кога доаѓам тука, двапати во денот, раскажуваше Шемсо во „Градина“.

Рацо и Стана пред публиката кажаа дека се многу среќни бидејќи се тука и го изгледаа филмот.

Бојан и Шенте беа секогаш добредојдени во нашата бавча. Тие нè снимаа две години, доаѓаа, убаво си поминувавме, со салата и ракиичка. Тогаш бевме помлади, сега од време на време работиме. Сè уште садиме пиперки, домати, кромид, лук. Во градината имаме 150 килограми домати во моментов. Велат дека најдобрите, најслатките тикви се од нашата градина, така барем Бојан вели, кажа синоќа Рацо.

Овие градини кои се наоѓаат во близина на скопската населба Ново Лисиче, тие ги работат од 1984 година, значи скоро 40 години. Се наоѓаат на парцели од запуштено државно земјиште. Сега се соочени со урбанизација на тоа државно земјиште. Секој од нив имал различен мотив да почне да ја обработува земјата. За некои од нив тоа било место за одмор и релаксација, место за допир со природата, за друг спас од летаргија, извор на дополнителни финансиски средства... Таму во градината, дочекуваат гости кои потоа редовно ги испраќаат со торба пиперки, домати, по некоја тиква.

Соседите не посетуваат во градината, ни помагаат. По земјотресот во 2016 година, градините станаа една огромна дупка, ама еве, тие постојат и денес. Од семка до храна. Сега има храна, ама скапа е. На никого не му се работи, кажа Ахмо пред присутните.

Режисерот Тантуровски објасни дека кинематограферот Кирил Шентевски му покажал некои снимки од градината кои тој ги имал направено претходно, отишле на локацијатата, без да знаат нешто повеќе и така почнало снимањето на документарецот.

Многу брзо се спријателивме со овие луѓе. Почна развојот на приказната, се отвораа нови работи. Овие луѓе нè примија со отворени гради, кажа синоќа Тантуровски.

Овен Тантуровски и Шентевски во екипата која го подготви „Градина“ се и монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски, Пеце Талески и тимот на OXO Продукција.

The post Кога првпат дојдов, имаше зеленило насекаде, се чувствував како да не живеам во овој град, кажа Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“ appeared first on Република.

]]>

Кога првпат дојдов околу мене сè беше зеленило, се чувствував како да не живеам во овој град, како да сум на друго место. Беше како некоја оаза, изјави Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“, кој синоќа, премиерно беше прикажан на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ кој е во тек и завршува утре, на 22 август. „Градина“ е дебитантски долгометражен документарец на Тантуровски, дипломец по ТВ и филмска режија од Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Филмот е работен во изминатите пет години и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служат како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. Главните ликови се Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин, а синоќа на премиерата пред Куршумли ан пристустуваа Аранѓел (Рацо), неговата сопруга Стана и Ахмо. Отуството на Нада беше оправдано, била во Крива Паланка, а Шемсудин, за жал, починал по снимањето на филмот.
Откако се пензионирав, ги пропешачив сите планини во Македонија, го собрав сиот чај. Потоа решив да дојдам тука, во градината. Подобро е да работиш, отколку да мислиш на нешто, треба ова, треба она.  Вака, полесно ми е, кога доаѓам тука, двапати во денот, раскажуваше Шемсо во „Градина“.
Рацо и Стана пред публиката кажаа дека се многу среќни бидејќи се тука и го изгледаа филмот.
Бојан и Шенте беа секогаш добредојдени во нашата бавча. Тие нè снимаа две години, доаѓаа, убаво си поминувавме, со салата и ракиичка. Тогаш бевме помлади, сега од време на време работиме. Сè уште садиме пиперки, домати, кромид, лук. Во градината имаме 150 килограми домати во моментов. Велат дека најдобрите, најслатките тикви се од нашата градина, така барем Бојан вели, кажа синоќа Рацо.
Овие градини кои се наоѓаат во близина на скопската населба Ново Лисиче, тие ги работат од 1984 година, значи скоро 40 години. Се наоѓаат на парцели од запуштено државно земјиште. Сега се соочени со урбанизација на тоа државно земјиште. Секој од нив имал различен мотив да почне да ја обработува земјата. За некои од нив тоа било место за одмор и релаксација, место за допир со природата, за друг спас од летаргија, извор на дополнителни финансиски средства... Таму во градината, дочекуваат гости кои потоа редовно ги испраќаат со торба пиперки, домати, по некоја тиква.
Соседите не посетуваат во градината, ни помагаат. По земјотресот во 2016 година, градините станаа една огромна дупка, ама еве, тие постојат и денес. Од семка до храна. Сега има храна, ама скапа е. На никого не му се работи, кажа Ахмо пред присутните.
Режисерот Тантуровски објасни дека кинематограферот Кирил Шентевски му покажал некои снимки од градината кои тој ги имал направено претходно, отишле на локацијатата, без да знаат нешто повеќе и така почнало снимањето на документарецот.
Многу брзо се спријателивме со овие луѓе. Почна развојот на приказната, се отвораа нови работи. Овие луѓе нè примија со отворени гради, кажа синоќа Тантуровски.
Овен Тантуровски и Шентевски во екипата која го подготви „Градина“ се и монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски, Пеце Талески и тимот на OXO Продукција.

The post Кога првпат дојдов, имаше зеленило насекаде, се чувствував како да не живеам во овој град, кажа Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“ appeared first on Република.

]]>
Документарецот „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски со светска премиера на фестивалот Белдокс во Белград https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentaretsot-gradina-na-rezhiserot-bojan-tanturovski-so-svetska-premiera-na-festivalot-beldoks-vo-belgrad/ Thu, 23 May 2024 08:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=781031

Документарниот игран филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски денеска ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, Белдокс, што се одржува во Белград, Србија.

Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. „Ова е емотивен филм за длабочината на она што ни претстои и значењето што можеме да го извлечеме од нашата врска со земјата и едни со други додека старееме, велат од Белдокс.

Ликовите кои ја носат приказната на филмот се Аранѓел Петков, Стана Петкова, Нада Миленковска, Ахмо Ѓозовиќ и Шемсудин Нумановиќ, а во реализацијата на филмот, покрај режисерот Тантуровски, учествуваа кинематограферот Кирил Шентевски, монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски. Продуцент на филмот е Илија Тирицовски заедно со Пеце Талески од ОХО Продукција.

Филмот се развиваше на повеќе меѓународни филмски настани и маркети како што се MakeProDox во Скопје, Beldocs во Белград и Evia Film Project во Грција, како дел од Солунскиот филмски фестивал, каде ја доби наградата за најдобар филм во развој во 2022 година. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Македонија.

Бојан Тантуровски филмски режисер, кој завршил филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и досега има реализирано неколку кратки играни филмови.

„Градина“ е негов дебитантски документарен филм.

The post Документарецот „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски со светска премиера на фестивалот Белдокс во Белград appeared first on Република.

]]>

Документарниот игран филм „Градина“ (Garden) на режисерот Бојан Тантуровски денеска ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, Белдокс, што се одржува во Белград, Србија.
Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. „Ова е емотивен филм за длабочината на она што ни претстои и значењето што можеме да го извлечеме од нашата врска со земјата и едни со други додека старееме, велат од Белдокс.
Ликовите кои ја носат приказната на филмот се Аранѓел Петков, Стана Петкова, Нада Миленковска, Ахмо Ѓозовиќ и Шемсудин Нумановиќ, а во реализацијата на филмот, покрај режисерот Тантуровски, учествуваа кинематограферот Кирил Шентевски, монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски. Продуцент на филмот е Илија Тирицовски заедно со Пеце Талески од ОХО Продукција. Филмот се развиваше на повеќе меѓународни филмски настани и маркети како што се MakeProDox во Скопје, Beldocs во Белград и Evia Film Project во Грција, како дел од Солунскиот филмски фестивал, каде ја доби наградата за најдобар филм во развој во 2022 година. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Македонија. Бојан Тантуровски филмски режисер, кој завршил филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и досега има реализирано неколку кратки играни филмови. „Градина“ е негов дебитантски документарен филм.

The post Документарецот „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски со светска премиера на фестивалот Белдокс во Белград appeared first on Република.

]]>