бојан петровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-petrovski/ За подобро да се разбереме Thu, 19 May 2022 12:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојан петровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-petrovski/ 32 32 Протест во сабота: Правда за Оли и за сите убиени во сообраќајки! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/protest-vo-sabota-pravda-za-oli-i-za-site-ubieni-vo-soobrakjajki/ Thu, 19 May 2022 12:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=504383

Во сабота, на 21 мај, најавен е протест под мотото Правда за Оли во врска со пресудата на судијката во Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која пресуди 18 месеци затвор за сообраќајната несреќа во која загина Оли, брат на Бојан Петровски, кој е и еден од организаторите на настанот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bessramnoto-pravosudstvo-go-ubi-brat-mi-po-vtorpat-toj-shto-go-pregazi-si-ja-popravi-kolata-i-si-vozeshe-niz-grad/

Протестот е закажан да биде на Плоштадот Магнолија во Битола, со почеток од 12 часот.

Да побараме правда за Оли, но да побараме ПРАВДА и за СИТЕ УБИЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ, бидејќи сведоци сме дека во последните неколку години, убијците во возила, згаснувајќи многу животи со своето бесно возење, поминуваат неказнето, или со прениски казни, изречени од страна на корумпираната судска власт во „нашата држава“, се вели во соопштението.

Повеќе за настанот тука

The post Протест во сабота: Правда за Оли и за сите убиени во сообраќајки! appeared first on Република.

]]>

Во сабота, на 21 мај, најавен е протест под мотото Правда за Оли во врска со пресудата на судијката во Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која пресуди 18 месеци затвор за сообраќајната несреќа во која загина Оли, брат на Бојан Петровски, кој е и еден од организаторите на настанот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bessramnoto-pravosudstvo-go-ubi-brat-mi-po-vtorpat-toj-shto-go-pregazi-si-ja-popravi-kolata-i-si-vozeshe-niz-grad/ Протестот е закажан да биде на Плоштадот Магнолија во Битола, со почеток од 12 часот.
Да побараме правда за Оли, но да побараме ПРАВДА и за СИТЕ УБИЕНИ ВО СООБРАЌАЈКИ, бидејќи сведоци сме дека во последните неколку години, убијците во возила, згаснувајќи многу животи со своето бесно возење, поминуваат неказнето, или со прениски казни, изречени од страна на корумпираната судска власт во „нашата држава“, се вели во соопштението.
Повеќе за настанот тука

The post Протест во сабота: Правда за Оли и за сите убиени во сообраќајки! appeared first on Република.

]]>
Бессрамното правосудство го уби брат ми по вторпат, тој што го прегази си ја поправи колата и си возеше низ град https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bessramnoto-pravosudstvo-go-ubi-brat-mi-po-vtorpat-toj-shto-go-pregazi-si-ja-popravi-kolata-i-si-vozeshe-niz-grad/ Fri, 13 May 2022 20:29:07 +0000 https://republika.mk/?p=502076

Бессрамното правосудство во „нашата држава“ го уби брат ми по вторпат, реагира Бојан Петровски, брат на Оливер, кој загина пред неполни две години откако во него налетало возило кое возело побрзо од дозволеното. Неговата реакција за пресудата од 18 месеци затвор и голготата низ која поминува неговото семејство, ви ја пренесуваме во целост:

СУДИЈКАТА ТАТЈАНА ПЕТРОВСКА ОД ОСНОВНИОТ СУД БИТОЛА, НЕМАЈЌИ НИКАКВО ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО, ДОНЕСЕ СРАМНА ПРЕСУДА ОД 18 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ НА ОЛИ!!!

Почитувани, брат ми загина на 29.7.2020 година во сообраќајна несреќа, настан за кој низ Битола е познато дека ,,загина дете со електричен тротинет". Во периодот од тој ден досега, јас и моето семејство, особено моите родители си знаеме низ какви страдања поминуваме. Инаку, не беше баш несреќа, бидејќи брзо по истата стана јасно дека брат ми НЕМАЛ НИКАКВА ВИНА (ја поминал едната коловозна страна на местото на настанот туркајќи го тротинетот, инаку, одејќи на работа, на место каде што има знак за пешачки премин, застанал измеѓу банкините, на местото на кое има отвор помеѓу банкините, бидејќи патот во тој дел од Битола е поделен со банкини, за да ги почека возилата од втората коловозна страна да поминат, и во меѓувреме, со НЕДОЗВОЛЕНА, ГОЛЕМА БРЗИНА, крвникот на моето семејство го удрил и за брзо, брат ми им подлегна на повредите). Сето ова беше јасно видливо од доказите изведени во кривичната постапка (која патем ПРЕМНОГУ СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВАШЕ И БЕШЕ ВОДЕНА НЕОДГОВОРНО) и од исказите на учесниците во истата, иако ОДГОВОРНО ТВРДАМ дека доказите во голем дел беа тенденциозни, фабрикувани, со цел половина од вината да се префрли кај брат ми. Но, и покрај тоа фабрикување, беше кристално јасно дека БРАТ МИ НЕМА НИКАКВА ВИНА!

И покрај тоа, обвинетиот: не призна вина (патем не му беше одземено ни возилото, ни возачката, ниту беше побаран притвор, а и квалификацијата од страна на ОЈО Битола беше НЕСООДВЕТНА (бидејќи на толку големи прекршоци од негова страна, тој беше обвинет за кривично дело од небрежност, а не со умисла), по само НЕКОЛКУ ДЕНА ОД НАСТАНОТ СИ ЈА ПОПРАВИ КОЛАТА И ИСТАТА ЈА ВОЗЕШЕ НИЗ ГРАД, постојано тој и неговото семејство нѐ провоцираа (еднаш дури и татко ми беше лажно пријавен во полиција од страна на обвинетиот за наводна закана), обвинетиот не искажа каење, никогаш не се потруди да даде извинување кон нас (напротив, постојано нѐ провоцираше), и брат ми, кој беше УБИЕН ОД НЕГОВА СТРАНА, имаше САМО 25 ГОДИНИ!

На сите овие околности, БЕССРАМНАТА СУДИЈКА МУ ИЗРЕЧЕ ТРАГИЧНО МАЛА ПРЕСУДА, И ПОКРАЈ ТОА, НИТУ ЈАС НИТУ НЕКОЈ ОД МОЕТО СЕМЕЈСТВО БЕШЕ ПОВИКАН НА ИЗРЕКУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА! Со тоа, таа ја продолжи праксата на неказнивост на УБИЈЦИТЕ СО ВОЗИЛА, (зашто сведоци сме дека еден куп вакви настани во нашава држава поминуваат со премали казни, а некои дури и неказнето), и стана СОУЧЕСНИК во убиството на брат ми.
Ги предупредувам сите засегнати, кои презеле некое противзаконито дејство, дека бескомпромисно ќе се потрудам да бидат казнети! Ќе испратам писма до Апелациониот суд во Битола и до ОЈО, во кои ќе ги предупредам да постапуваат разумно во остатокот од постапката. Оваа моја објава ќе ја проследам и до медиумите, а ве замолувам и сите кои ќе ја прочитате да ја споделите, за да ја разбудиме свеста на Македончето, бидејќи мора да се стави крај на лудачкото возење по патиштата!

The post Бессрамното правосудство го уби брат ми по вторпат, тој што го прегази си ја поправи колата и си возеше низ град appeared first on Република.

]]>

Бессрамното правосудство во „нашата држава“ го уби брат ми по вторпат, реагира Бојан Петровски, брат на Оливер, кој загина пред неполни две години откако во него налетало возило кое возело побрзо од дозволеното. Неговата реакција за пресудата од 18 месеци затвор и голготата низ која поминува неговото семејство, ви ја пренесуваме во целост: СУДИЈКАТА ТАТЈАНА ПЕТРОВСКА ОД ОСНОВНИОТ СУД БИТОЛА, НЕМАЈЌИ НИКАКВО ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО, ДОНЕСЕ СРАМНА ПРЕСУДА ОД 18 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ НА ОЛИ!!! Почитувани, брат ми загина на 29.7.2020 година во сообраќајна несреќа, настан за кој низ Битола е познато дека ,,загина дете со електричен тротинет". Во периодот од тој ден досега, јас и моето семејство, особено моите родители си знаеме низ какви страдања поминуваме. Инаку, не беше баш несреќа, бидејќи брзо по истата стана јасно дека брат ми НЕМАЛ НИКАКВА ВИНА (ја поминал едната коловозна страна на местото на настанот туркајќи го тротинетот, инаку, одејќи на работа, на место каде што има знак за пешачки премин, застанал измеѓу банкините, на местото на кое има отвор помеѓу банкините, бидејќи патот во тој дел од Битола е поделен со банкини, за да ги почека возилата од втората коловозна страна да поминат, и во меѓувреме, со НЕДОЗВОЛЕНА, ГОЛЕМА БРЗИНА, крвникот на моето семејство го удрил и за брзо, брат ми им подлегна на повредите). Сето ова беше јасно видливо од доказите изведени во кривичната постапка (која патем ПРЕМНОГУ СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВАШЕ И БЕШЕ ВОДЕНА НЕОДГОВОРНО) и од исказите на учесниците во истата, иако ОДГОВОРНО ТВРДАМ дека доказите во голем дел беа тенденциозни, фабрикувани, со цел половина од вината да се префрли кај брат ми. Но, и покрај тоа фабрикување, беше кристално јасно дека БРАТ МИ НЕМА НИКАКВА ВИНА! И покрај тоа, обвинетиот: не призна вина (патем не му беше одземено ни возилото, ни возачката, ниту беше побаран притвор, а и квалификацијата од страна на ОЈО Битола беше НЕСООДВЕТНА (бидејќи на толку големи прекршоци од негова страна, тој беше обвинет за кривично дело од небрежност, а не со умисла), по само НЕКОЛКУ ДЕНА ОД НАСТАНОТ СИ ЈА ПОПРАВИ КОЛАТА И ИСТАТА ЈА ВОЗЕШЕ НИЗ ГРАД, постојано тој и неговото семејство нѐ провоцираа (еднаш дури и татко ми беше лажно пријавен во полиција од страна на обвинетиот за наводна закана), обвинетиот не искажа каење, никогаш не се потруди да даде извинување кон нас (напротив, постојано нѐ провоцираше), и брат ми, кој беше УБИЕН ОД НЕГОВА СТРАНА, имаше САМО 25 ГОДИНИ! На сите овие околности, БЕССРАМНАТА СУДИЈКА МУ ИЗРЕЧЕ ТРАГИЧНО МАЛА ПРЕСУДА, И ПОКРАЈ ТОА, НИТУ ЈАС НИТУ НЕКОЈ ОД МОЕТО СЕМЕЈСТВО БЕШЕ ПОВИКАН НА ИЗРЕКУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА! Со тоа, таа ја продолжи праксата на неказнивост на УБИЈЦИТЕ СО ВОЗИЛА, (зашто сведоци сме дека еден куп вакви настани во нашава држава поминуваат со премали казни, а некои дури и неказнето), и стана СОУЧЕСНИК во убиството на брат ми. Ги предупредувам сите засегнати, кои презеле некое противзаконито дејство, дека бескомпромисно ќе се потрудам да бидат казнети! Ќе испратам писма до Апелациониот суд во Битола и до ОЈО, во кои ќе ги предупредам да постапуваат разумно во остатокот од постапката. Оваа моја објава ќе ја проследам и до медиумите, а ве замолувам и сите кои ќе ја прочитате да ја споделите, за да ја разбудиме свеста на Македончето, бидејќи мора да се стави крај на лудачкото возење по патиштата!

The post Бессрамното правосудство го уби брат ми по вторпат, тој што го прегази си ја поправи колата и си возеше низ град appeared first on Република.

]]>