бојан марачиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-marachikj/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 20:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојан марачиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-marachikj/ 32 32 Членството во ЕУ во 2030 година е реална можност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chlenstvoto-vo-eu-vo-2030-godina-e-realna-mozhnost/ Sat, 10 Feb 2024 20:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=742619

Во рамки на посетата на САД вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ имаше интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, во кое се осврна на актуелните теми поврзани со евроинтеграцијата на државата, објави Секретаријатот за европски прашања.

„Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на … Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите, поточно со Бугарија, еден тунел од десет години кој што не знаеме кога ќе се појави светлото на крајот на тој тунел или кога би излегле од него и повторно отворање на истите и истите прашања поврзани со идентитетот, со јазикот, со нешто што денес ни е веќе решено и ни е ставено во преговарачката рамка со Европската Унија и во процесот на преговорите“, истакна Маричиќ во интервјуто.

Тој нагласи дека 2030 година е реална можност.

„Тоа не е датум, кој ни е даден како гаранција, туку како можност. Ние се боревме долго време, еве, оваа влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ индикативен датум како можност за членство во 2030-та“, додаде вицепремиерот.

The post Членството во ЕУ во 2030 година е реална можност appeared first on Република.

]]>

Во рамки на посетата на САД вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ имаше интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, во кое се осврна на актуелните теми поврзани со евроинтеграцијата на државата, објави Секретаријатот за европски прашања.
„Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на … Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите, поточно со Бугарија, еден тунел од десет години кој што не знаеме кога ќе се појави светлото на крајот на тој тунел или кога би излегле од него и повторно отворање на истите и истите прашања поврзани со идентитетот, со јазикот, со нешто што денес ни е веќе решено и ни е ставено во преговарачката рамка со Европската Унија и во процесот на преговорите“, истакна Маричиќ во интервјуто.
Тој нагласи дека 2030 година е реална можност. „Тоа не е датум, кој ни е даден како гаранција, туку како можност. Ние се боревме долго време, еве, оваа влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ индикативен датум како можност за членство во 2030-та“, додаде вицепремиерот.

The post Членството во ЕУ во 2030 година е реална можност appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sega-e-vistinsko-vreme-za-evrointergatsija-odlozhuvaneto-na-protsesite-e-gubene-skapotseno-vreme/ Fri, 08 Dec 2023 08:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=720924

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, го затвори синоќешниот последен Билатерален состанок од Поглавјето 31 за Кластерот 6, во Европската Комисија, Брисел, Белгија.

Скрининг процесот кој траеше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажирање на 1000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции претставува доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ.

Длабинскиот процес ја нагласува посветеноста за темелно внатрешно подобрување и сеопфатно усогласување со европските стандарди, покажувајќи ја нашата решителност и сериозност.

Следната фаза до крајот на годината е доставувањето на клучните документи кои се обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.

-Сведоци сме на историски момент за Cеверна Македонија, Од отворањето на преговорите детално работевме на процесот на Скрининг – рече Маричиќ

„Скрининг процесот беше макотрпен, детален и долготраен процес но истовремено многу важен за да се постави здрава основа врз која ќе се постават цврсти столбови за градење сигурна иднина на македонското општество со европска перспектива.“

Благодарен сум на посветената работа на сите вклучени институции, државната секретарка на СЕП Дрита Абдиу Халили, вработените во Секретаријатот за европски прашања, релевантните министерства кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход.

Нашите најважни партнери се преставниците на Европската Комисија кои истовремено ги ислушаа сите скрининзи, бараа решенија за сите предизвици, детално ги слушаа нашите прашања и ни помогнаа да ја поставиме солидната основа врз која ќе ги градиме нашите реформи со кои ќе ја донесеме Македонија што поскоро до полноправно членство на ЕУ.

Најдобрите пријатели, во случајов Европската Комисија, се оние кои ве слушаат, помагаат и охрабруваат во најтешките моменти, чијшто резултат е успешното завршување на Скрининг процесот. Благодарност до Марк Јорна, Герт Јан Копман, Марко Маковец, Михаела Матуела и сите други кои беа дел од овој процес.

– Сега е потребно да го задржиме темпото и да се соочиме со предизвиците што следат, затоа е многу важно да имаме план за реализација, за што сум благодарен на Генералниот директор на директоратот за проширување Герт Јан Копман, кој го презентираше Планот за Раст.

Маричиќ ја истакна важноста на Планот за раст кој претставува револуционерен план кој претставува премостлив период помеѓу затворањето на скрининг процесот и отворањето на Кластерот 1. Уверувајќи дека со овој инструмент граѓаните ќе ги почуствуваат придобивките од инвестициите планирани со Планот за раст.

-Ве уверувам дека во следниот период, со посветена и упорна работа продолжуваме по патот којшто сме го зацртале и ќе успееме да ги убедиме и оние кои не веруваат дека сега е време за евроинтеграција. Сега е вистинско време за евроинтергација и секој ден на одложување, е ден помалку во Европската Унија за Cеверна Македонија.

Маричиќ се заблагодари на Марк Јорна и сите претставници на Европската Комисија кои посветено работеа со многу ентузијазам и голема поддршка од почетокот на Скрининг процесот до сега.

Честитки до сите со желба, во блиска иднина да си честитаме и полноправно членство во ЕУ за Македонија.

На затворањето на последниот Билатерален состанок и крајот на Скрининг процесот учествуваше и Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, како и делегацијата претставници на институциите од Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и претставници од Европската Комисија.

The post Маричиќ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, го затвори синоќешниот последен Билатерален состанок од Поглавјето 31 за Кластерот 6, во Европската Комисија, Брисел, Белгија. Скрининг процесот кој траеше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажирање на 1000 учесници и подготовка на 850 динамични презентации низ 206 различни институции претставува доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ. Длабинскиот процес ја нагласува посветеноста за темелно внатрешно подобрување и сеопфатно усогласување со европските стандарди, покажувајќи ја нашата решителност и сериозност. Следната фаза до крајот на годината е доставувањето на клучните документи кои се обврска која произлегува од Преговарачката рамка за пристапување на Република Македонија во членство во Европската Унија усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.
-Сведоци сме на историски момент за Cеверна Македонија, Од отворањето на преговорите детално работевме на процесот на Скрининг – рече Маричиќ
„Скрининг процесот беше макотрпен, детален и долготраен процес но истовремено многу важен за да се постави здрава основа врз која ќе се постават цврсти столбови за градење сигурна иднина на македонското општество со европска перспектива.“ Благодарен сум на посветената работа на сите вклучени институции, државната секретарка на СЕП Дрита Абдиу Халили, вработените во Секретаријатот за европски прашања, релевантните министерства кои вредно работеа на скринингот и беа од најголем придонес за успешниот исход. Нашите најважни партнери се преставниците на Европската Комисија кои истовремено ги ислушаа сите скрининзи, бараа решенија за сите предизвици, детално ги слушаа нашите прашања и ни помогнаа да ја поставиме солидната основа врз која ќе ги градиме нашите реформи со кои ќе ја донесеме Македонија што поскоро до полноправно членство на ЕУ. Најдобрите пријатели, во случајов Европската Комисија, се оние кои ве слушаат, помагаат и охрабруваат во најтешките моменти, чијшто резултат е успешното завршување на Скрининг процесот. Благодарност до Марк Јорна, Герт Јан Копман, Марко Маковец, Михаела Матуела и сите други кои беа дел од овој процес.
– Сега е потребно да го задржиме темпото и да се соочиме со предизвиците што следат, затоа е многу важно да имаме план за реализација, за што сум благодарен на Генералниот директор на директоратот за проширување Герт Јан Копман, кој го презентираше Планот за Раст.
Маричиќ ја истакна важноста на Планот за раст кој претставува револуционерен план кој претставува премостлив период помеѓу затворањето на скрининг процесот и отворањето на Кластерот 1. Уверувајќи дека со овој инструмент граѓаните ќе ги почуствуваат придобивките од инвестициите планирани со Планот за раст.
-Ве уверувам дека во следниот период, со посветена и упорна работа продолжуваме по патот којшто сме го зацртале и ќе успееме да ги убедиме и оние кои не веруваат дека сега е време за евроинтеграција. Сега е вистинско време за евроинтергација и секој ден на одложување, е ден помалку во Европската Унија за Cеверна Македонија.
Маричиќ се заблагодари на Марк Јорна и сите претставници на Европската Комисија кои посветено работеа со многу ентузијазам и голема поддршка од почетокот на Скрининг процесот до сега. Честитки до сите со желба, во блиска иднина да си честитаме и полноправно членство во ЕУ за Македонија. На затворањето на последниот Билатерален состанок и крајот на Скрининг процесот учествуваше и Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, како и делегацијата претставници на институциите од Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и претставници од Европската Комисија.

The post Маричиќ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ нема мандат да разговара за нешто што не е одобрено од граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-marichik-nema-mandat-da-razgovara-za-neshto-shto-ne-e-odobreno-od-graganite-2/ Sat, 18 Feb 2023 16:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=610521

Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните. Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот.

Единствено за што власта може да разговара со ВМРО-ДПМНЕ е потребата за предвремени парламентарни избори, бидејќи е јасно што побрзо си замине оваа криминална влада, тоа ќе биде подобро за Македонија, стои во реакцијата на партијта.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ нема мандат да разговара за нешто што не е одобрено од граѓаните appeared first on Република.

]]>

Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните. Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот. Единствено за што власта може да разговара со ВМРО-ДПМНЕ е потребата за предвремени парламентарни избори, бидејќи е јасно што побрзо си замине оваа криминална влада, тоа ќе биде подобро за Македонија, стои во реакцијата на партијта.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ нема мандат да разговара за нешто што не е одобрено од граѓаните appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Tреба да се ревидира Законот за здруженија и фондации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-treba-da-se-revidira-zakonot-za-zdruzenija-i-fondacii/ Sun, 16 Oct 2022 20:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=561812

Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот, вели вицепремиерот
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитува, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот.

Тој, во интервју на телевизија Канал 5, рече дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина години треба да се ревидира.

„Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба да се промени законот и дека Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа.

„Во однос на коментарите на опозицијата за извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една сосема понапредна држава“, изјави вицепремиерот за европски прашања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predlaga-zabrana-na-spornite-iminja-car-boris-ivan-mihajlov/

The post Маричиќ: Tреба да се ревидира Законот за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>

Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот, вели вицепремиерот Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитува, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот. Тој, во интервју на телевизија Канал 5, рече дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина години треба да се ревидира.
„Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа“, рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба да се промени законот и дека Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа.
„Во однос на коментарите на опозицијата за извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една сосема понапредна држава“, изјави вицепремиерот за европски прашања.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predlaga-zabrana-na-spornite-iminja-car-boris-ivan-mihajlov/

The post Маричиќ: Tреба да се ревидира Законот за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>
Maричиќ: Ниту еден пратеник што гласаше за Преспанскиот договор не беше купен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-nitu-eden-pratenik-shto-glasashe-za-prespanskiot-dogovor-ne-beshe-kupen/ Mon, 12 Sep 2022 18:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=550146

Да оставиме простор. Мислам дека имаме време. Никој нема да претрпи штета од внесувањето на уште три или четири заедници во Уставот. При тоа зборуваме за 3500 декларирани Бугари според пописот, 2145 Хрвати и околу 1000 Црногорци. Дајте да влеземе во суштината на уставните измени, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ околу евентуалното отворање на Уставот во Собранието.

Според него, ако отвориме премногу прашања околу Уставот, тогаш ќе биде Пандорина кутија.

-Ако се држиме само до она што ни е превземена обврска како со Преспанскиот договор, може многу брзо и едноставно да се заврши. Ве уверувам дека кога ќе дојде моментот за изјаснување, сите ќе бидат на нивото на задачата. Ги познавам сите пратеници што гласаа за Преспанскиот договор и можам да кажам дека никој од нив не бил ниту купен, ниту уценет. Имаше еден процес на помирување, меѓу тоа сите тие што гласаа веруваа дека тоа е исправно. Тезата дека сите кои гласале биле уценети, не држи, вели Маричиќ и додава дека нема да го чуди доколку „ВМРО-ДПМНЕ се предомисли“ за уставните измени.

-Многу пати се предомислиле за многу работи. Хаосот во своите редови партијата не може да го покрие со барање за некакво изјаснување за референдум или нови парламентарни избори, рече вицепремиерот во емисијата „Топ тема“.

The post Maричиќ: Ниту еден пратеник што гласаше за Преспанскиот договор не беше купен appeared first on Република.

Маричиќ: Посетата на бугарскиот премиер е одлична можност за нова динамика во преговарачкиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-posetata-na-bugarskiot-premier-e-odlichna-moznost-za-nova-dinamika-vo-pregovarachkiot-proces/ Fri, 14 Jan 2022 14:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=444637

Фактот што од двете страни на границата имаме нови влади, дава нова енергија и нова шанса за позитивно разрешување врз база на научените лекции од досегашниот преговарачки процес со Бугарија, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој во новата Влада треба го води Секретаријатот за европски прашања.

Во однос на спорот со Бугарија, Маричиќ вели дека се уште „не сме во фаза каде што сме се согласиле на нешто, ниту пак бугарската страна се согласила на нешто“.

Се уште сме во фаза на разговори, размена на аргументи, размена на позиции и мислам дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во вторник ќе биде одлична можност за да се воспостави нова динамика во преговарачкиот процес меѓу нас и Бугарија. Динамика во која ќе се фокусираме на прашања пошироки од историските, динамика во која ќе се формираат конкретни работни групи кои што ќе дадат резултати во конкретни области - посочи Маричиќ.

Според Маричиќ, без да се врзуваме за временски рокови, треба интензивно да се работи на подобрување на атмосферата меѓу граѓаните и двете држави, враќање на довербата, зголемување на нивото на пријателство и суштински да се отклонат пречките за наш почеток на преговорите.

Прашан што значи изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека веќе се испратени одговори на прашањата, Маричиќ рече дека е најсоодветно тоа да го одговори шефот на дипломатијата, бидејќи тие го водат процесот на размена на документите.

Тоа што јас сум информиран знам дека сме одговориле на она што првично е изведено како точки за разговор кога комуницирале уште премиерите Заев и Борисов и потоа и премиерот Заев со претседателот Радев и мислам дека ние само сме одговориле кои се нашите аргументи во однос на тие точки. Од вторник натаму мислам дека ќе имаме една нова динамика која што сите тие прашања ќе ги третира на еден поинаков начин, на еден начин во којшто со меѓусебно уважување ќе бараме решенија за сите отворени прашања - изјави Маричиќ.

The post Маричиќ: Посетата на бугарскиот премиер е одлична можност за нова динамика во преговарачкиот процес appeared first on Република.

]]>

Фактот што од двете страни на границата имаме нови влади, дава нова енергија и нова шанса за позитивно разрешување врз база на научените лекции од досегашниот преговарачки процес со Бугарија, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој во новата Влада треба го води Секретаријатот за европски прашања. Во однос на спорот со Бугарија, Маричиќ вели дека се уште „не сме во фаза каде што сме се согласиле на нешто, ниту пак бугарската страна се согласила на нешто“.
Се уште сме во фаза на разговори, размена на аргументи, размена на позиции и мислам дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во вторник ќе биде одлична можност за да се воспостави нова динамика во преговарачкиот процес меѓу нас и Бугарија. Динамика во која ќе се фокусираме на прашања пошироки од историските, динамика во која ќе се формираат конкретни работни групи кои што ќе дадат резултати во конкретни области - посочи Маричиќ.
Според Маричиќ, без да се врзуваме за временски рокови, треба интензивно да се работи на подобрување на атмосферата меѓу граѓаните и двете држави, враќање на довербата, зголемување на нивото на пријателство и суштински да се отклонат пречките за наш почеток на преговорите. Прашан што значи изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека веќе се испратени одговори на прашањата, Маричиќ рече дека е најсоодветно тоа да го одговори шефот на дипломатијата, бидејќи тие го водат процесот на размена на документите.