Бојан Лазаревски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-lazarevski/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 12:19:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бојан Лазаревски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bojan-lazarevski/ 32 32 Лазаревски: Не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lazarevski-ne-stanuva-zbor-za-nikakov-progon-na-avtor-tuku-za-istragi-i-postapki-za-praven-subjekt-vo-sopstvenost-na-gospodinot-milcho-manchevski/ Tue, 08 Aug 2023 12:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=669980

Откако утринава беше објавено писмо од Венецискиот филмски фестивал во кое се дава поддршка на режисерот Милчо Манчевски, реагираше директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Во продолжение го пренесуваме во целост отвореното писмо на Лазаревски.

Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти претседател на „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori),

Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава.

Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.

Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра.

Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки.

Како прв човек на Агенцијата за филм на РСМ, уште еднаш сакам да повторам дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има вакви постапки за било кој друг автор.

Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност.

 

Со почит

Бојан Лазаревски, директор на АФРСМ

https://republika.mk/scena/film/pismo-so-poddrshka-od-venetsiskot-filmski-festival-za-makedonskiot-rezhiser-milcho-manchevski/

The post Лазаревски: Не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>

Откако утринава беше објавено писмо од Венецискиот филмски фестивал во кое се дава поддршка на режисерот Милчо Манчевски, реагираше директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Во продолжение го пренесуваме во целост отвореното писмо на Лазаревски.
Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти претседател на „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori), Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава. Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции. Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра. Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки. Како прв човек на Агенцијата за филм на РСМ, уште еднаш сакам да повторам дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има вакви постапки за било кој друг автор. Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност.   Со почит Бојан Лазаревски, директор на АФРСМ
https://republika.mk/scena/film/pismo-so-poddrshka-od-venetsiskot-filmski-festival-za-makedonskiot-rezhiser-milcho-manchevski/

The post Лазаревски: Не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>