Боинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boing/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 09:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Боинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boing/ 32 32 Работниците во Боинг ја одбија понудата за договор за работа, штрајкот продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rabotnitsite-vo-boing-ja-odbija-ponudata-za-dogovor-za-rabota-shtrajkot-prodolzhuva/ Thu, 24 Oct 2024 09:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=830449

Работниците на компанијата „Боинг“ гласаа за отфрлање на понудата за договор за работа и за продолжување на штрајкот кој трае повеќе од пет недели. Против договорот, кој предвидуваше зголемување на платите за 35 отсто во следните четири години, гласаа 64 отсто од членовите на синдикатот.

По гласањето, синдикалните лидери изјавија дека се подготвени веднаш да ги продолжат преговорите со „Боинг“ за првиот нов работен договор од 2014 година. Синдикатот бара зголемување на платите за 40 отсто и враќање на пензиската клаузула со дефинирани надоместоци.

Одбивањето на најновата понуда, како што јавуваат странските агенции, претставува голем удар за директорката Кели Ортберг, која ја презеде функцијата во август со ветување дека ќе оствари подобра соработка со работниците од нејзините претходници. Исто така, одбивањето на понудата, откако минатиот месец 95 отсто од работниците гласаа против првиот договор, го одразува долгогодишното незадоволство на вработените.

Повеќе од 30.000 машински работници стапија во штрајк во фабриките на „Боинг“ на американскиот западен брег на 13 септември, прекинувајќи го производството на најпродаваните модели „737 MAX“, „767“ и „777“.

The post Работниците во Боинг ја одбија понудата за договор за работа, штрајкот продолжува appeared first on Република.

]]>

Работниците на компанијата „Боинг“ гласаа за отфрлање на понудата за договор за работа и за продолжување на штрајкот кој трае повеќе од пет недели. Против договорот, кој предвидуваше зголемување на платите за 35 отсто во следните четири години, гласаа 64 отсто од членовите на синдикатот. По гласањето, синдикалните лидери изјавија дека се подготвени веднаш да ги продолжат преговорите со „Боинг“ за првиот нов работен договор од 2014 година. Синдикатот бара зголемување на платите за 40 отсто и враќање на пензиската клаузула со дефинирани надоместоци. Одбивањето на најновата понуда, како што јавуваат странските агенции, претставува голем удар за директорката Кели Ортберг, која ја презеде функцијата во август со ветување дека ќе оствари подобра соработка со работниците од нејзините претходници. Исто така, одбивањето на понудата, откако минатиот месец 95 отсто од работниците гласаа против првиот договор, го одразува долгогодишното незадоволство на вработените. Повеќе од 30.000 машински работници стапија во штрајк во фабриките на „Боинг“ на американскиот западен брег на 13 септември, прекинувајќи го производството на најпродаваните модели „737 MAX“, „767“ и „777“.

The post Работниците во Боинг ја одбија понудата за договор за работа, штрајкот продолжува appeared first on Република.

]]>
Се зголемуваат загубите на Боинг, 10 отсто од вработените ќе бидат отпуштени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zgolemuvaat-zagubite-na-boing-10-otsto-od-vrabotenite-ke-bidat-otpushteni/ Sat, 12 Oct 2024 09:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=825806

Американската компанија „Боинг“ ќе ја намали работната сила за десет проценти – за околу 17.000 луѓе, додека загубите на компанијата се зголемуваат, а штрајкот на машинистите, поради кој е прекината работата во оваа фабрика за авиони, влегува во својата петта недела.

Американската компанија нема да го испорача својот сè уште несертификуван авион со широк труп 777X до 2026 година, со што се доведува во прашање планот кој доцни веќе шест години, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Во август, Боинг го прекина тестирањето на овој модел на авион кога откри структурно оштетување на еден од нив.

The post Се зголемуваат загубите на Боинг, 10 отсто од вработените ќе бидат отпуштени appeared first on Република.

]]>

Американската компанија „Боинг“ ќе ја намали работната сила за десет проценти – за околу 17.000 луѓе, додека загубите на компанијата се зголемуваат, а штрајкот на машинистите, поради кој е прекината работата во оваа фабрика за авиони, влегува во својата петта недела. Американската компанија нема да го испорача својот сè уште несертификуван авион со широк труп 777X до 2026 година, со што се доведува во прашање планот кој доцни веќе шест години, пренесува Си-Ен-Би-Си. Во август, Боинг го прекина тестирањето на овој модел на авион кога откри структурно оштетување на еден од нив.

The post Се зголемуваат загубите на Боинг, 10 отсто од вработените ќе бидат отпуштени appeared first on Република.

]]>
Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата, ќе одат на штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrabotenite-vo-boing-go-odbija-ponudenoto-zgolemuvane-na-platata-ke-odat-na-shtrajk/ Fri, 13 Sep 2024 08:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=815923

Механичарите вработени во компанијата „Боинг“ најавија дека ќе штрајкуваат бидејќи го отфрлиле договорот со кој во следните четири години ќе им се зголемат платите за 25 отсто.

Меѓународната асоцијација на механичари и работници во воздухопловството соопшти дека 94,6 отсто од работниците гласале за отфрлање на договорот, а 96 отсто гласале за штрајк.

За организирање на штрајкот им беа потребни две третини гласови од вкупно 33.000 работници во компанијата.

Штрајкот е само еден од низата предизвици за новата генерална директорка, Кели Ортберг, која пред шест недели доби задача да ја заживее компанијата, која во последните шест години изгуби повеќе од 25 милијарди долари и сериозно заостанува зад европскиот ривал „Ербас“.

Ортберг ги предупреди механичарите дека гласањето за штрајк ќе го загрози закрепнувањето на „Боинг“ и ќе предизвика дополнителни сомнежи за компанијата во очите на клиентите.

The post Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата, ќе одат на штрајк appeared first on Република.

]]>

Механичарите вработени во компанијата „Боинг“ најавија дека ќе штрајкуваат бидејќи го отфрлиле договорот со кој во следните четири години ќе им се зголемат платите за 25 отсто. Меѓународната асоцијација на механичари и работници во воздухопловството соопшти дека 94,6 отсто од работниците гласале за отфрлање на договорот, а 96 отсто гласале за штрајк. За организирање на штрајкот им беа потребни две третини гласови од вкупно 33.000 работници во компанијата. Штрајкот е само еден од низата предизвици за новата генерална директорка, Кели Ортберг, која пред шест недели доби задача да ја заживее компанијата, која во последните шест години изгуби повеќе од 25 милијарди долари и сериозно заостанува зад европскиот ривал „Ербас“. Ортберг ги предупреди механичарите дека гласањето за штрајк ќе го загрози закрепнувањето на „Боинг“ и ќе предизвика дополнителни сомнежи за компанијата во очите на клиентите.

The post Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата, ќе одат на штрајк appeared first on Република.

]]>
Нов инцидент со авион „Боинг“, падна капак од мотор во Денвер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-intsident-so-avion-boing-padna-kapak-od-motor-vo-denver/ Mon, 08 Apr 2024 07:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=763641

Нов инцидент на авион на компанијата „Боинг“ низ светот. На модел од типот 737-800 на компанијата на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) му падна капакот на моторот по полетувањето од аеродромот во Денвер и удри во крилото. Поради овој инцидент, Федералната управа за авијација отвори истрага.

Медиумите пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот.

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот.

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.

Поради честите инциденти на авионите „Боинг“, неколку директори во изминатите месеци поднесоа оставки.

The post Нов инцидент со авион „Боинг“, падна капак од мотор во Денвер appeared first on Република.

]]>

Нов инцидент на авион на компанијата „Боинг“ низ светот. На модел од типот 737-800 на компанијата на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) му падна капакот на моторот по полетувањето од аеродромот во Денвер и удри во крилото. Поради овој инцидент, Федералната управа за авијација отвори истрага. Медиумите пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“, а авионот безбедно се вратил на аеродромот. Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот. „Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето. Поради честите инциденти на авионите „Боинг“, неколку директори во изминатите месеци поднесоа оставки.

The post Нов инцидент со авион „Боинг“, падна капак од мотор во Денвер appeared first on Република.

]]>
„Боинг“ и плати 160 милиони долари на „Алјаска ерлајнс“ за инцидентот во текот на летот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/boing-i-plati-160-milioni-dolari-na-aljaska-erlajns-za-intsidentot-vo-tekot-na-letot/ Sat, 06 Apr 2024 20:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=763249

„Боинг“ плати 160 милиони долари на „Алјаска ерлајнс“ за да ги компензира загубите од инцидентот во јануари оваа година. „Алјаска ерлајнс“ соопшти дека парите ќе ги покријат загубите во добивката настанати во првите три месеци од оваа година и дека очекуваат нови исплати во наредните месеци.

Регулаторите привремено приземјија речиси 200 авиони „Боинг 737 Макс 9“, откако неискористениот „приклучок“ на вратата на авионот на „Алјаска ерлајнс“ падна на сред лет веднаш по полетувањето. Илјадници летови беа откажани по овој инцидент.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tsela-serija-na-boing-avioni-odi-na-detalna-proverka-otkako-se-otkina-vrata-srede-let/

Сепак, потегот на „Боинг“ наиде на критики од патниците.

„Боинг“ јасно мисли дека е поитно и поважно да им се плати на оние чиишто корпоративни профити беа загрозени, наместо на оние чии животи беа загрозени и речиси изгубени“, вели Даниел Лоренс, партнер во фирмата „Стритметер“, која претставува дел патниците на авиокомпаниите во Алјаска.

Авиокомпаниите сега се соочуваат со доцнење на испораките откако „Боинг“ го забави производството на нови авиони во обид да ги реши проблемите со производството и безбедноста.

https://republika.mk/vesti/svet/svirkach-vo-sudskata-postapka-protiv-boing-pronajden-mrtov/

Во февруари „Рајанер“ предупреди дека патниците ќе платат повеќе за билети поради доцнењето.

„Јунајтед ерлајнс“ ги предупреди инвеститорите за финансискиот удар што произлегува од приземјувањето на авионите, а неодамна ги повика пилотите да земат доброволно неплатено отсуство.

Во јануари „Алјаска ерлајнс“ објави загуба од 150 милиони долари. Сепак, февруари и март имаа подобри резултати од очекуваните уште пред инцидентот.

https://republika.mk/vesti/svet/otkako-eden-del-se-otkorna-srede-let-otkrieni-poveke-nezatsvrsteni-delovi-i-vo-drugi-avioni-na-boing/

„Боинг“ претходно потврди дека ќе потроши најмалку четири милијарди долари во првите три месеци од годината во однос на сумата што претходно се очекуваше. Компанијата е во криза од 5 јануари, кога патниците на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Портланд до Калифорнија доживеале опасно искуство.

Истрагата покажала дека четирите завртки кои требало да ја прицврстат вратата на авионот не биле поставени. „Боинг“ очекува и кривична истрага за инцидентот, како и правна постапка покрената од патниците на авионот.

Минатиот месец, извршниот директор, Дејв Калхун, рече дека ќе се повлече до крајот на годината, што го прави најистакнатиот лидер што ја напуштил компанијата по кризата.

The post „Боинг“ и плати 160 милиони долари на „Алјаска ерлајнс“ за инцидентот во текот на летот appeared first on Република.

]]>

„Боинг“ плати 160 милиони долари на „Алјаска ерлајнс“ за да ги компензира загубите од инцидентот во јануари оваа година. „Алјаска ерлајнс“ соопшти дека парите ќе ги покријат загубите во добивката настанати во првите три месеци од оваа година и дека очекуваат нови исплати во наредните месеци. Регулаторите привремено приземјија речиси 200 авиони „Боинг 737 Макс 9“, откако неискористениот „приклучок“ на вратата на авионот на „Алјаска ерлајнс“ падна на сред лет веднаш по полетувањето. Илјадници летови беа откажани по овој инцидент. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tsela-serija-na-boing-avioni-odi-na-detalna-proverka-otkako-se-otkina-vrata-srede-let/ Сепак, потегот на „Боинг“ наиде на критики од патниците.
„Боинг“ јасно мисли дека е поитно и поважно да им се плати на оние чиишто корпоративни профити беа загрозени, наместо на оние чии животи беа загрозени и речиси изгубени“, вели Даниел Лоренс, партнер во фирмата „Стритметер“, која претставува дел патниците на авиокомпаниите во Алјаска.
Авиокомпаниите сега се соочуваат со доцнење на испораките откако „Боинг“ го забави производството на нови авиони во обид да ги реши проблемите со производството и безбедноста. https://republika.mk/vesti/svet/svirkach-vo-sudskata-postapka-protiv-boing-pronajden-mrtov/ Во февруари „Рајанер“ предупреди дека патниците ќе платат повеќе за билети поради доцнењето. „Јунајтед ерлајнс“ ги предупреди инвеститорите за финансискиот удар што произлегува од приземјувањето на авионите, а неодамна ги повика пилотите да земат доброволно неплатено отсуство. Во јануари „Алјаска ерлајнс“ објави загуба од 150 милиони долари. Сепак, февруари и март имаа подобри резултати од очекуваните уште пред инцидентот. https://republika.mk/vesti/svet/otkako-eden-del-se-otkorna-srede-let-otkrieni-poveke-nezatsvrsteni-delovi-i-vo-drugi-avioni-na-boing/ „Боинг“ претходно потврди дека ќе потроши најмалку четири милијарди долари во првите три месеци од годината во однос на сумата што претходно се очекуваше. Компанијата е во криза од 5 јануари, кога патниците на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Портланд до Калифорнија доживеале опасно искуство. Истрагата покажала дека четирите завртки кои требало да ја прицврстат вратата на авионот не биле поставени. „Боинг“ очекува и кривична истрага за инцидентот, како и правна постапка покрената од патниците на авионот. Минатиот месец, извршниот директор, Дејв Калхун, рече дека ќе се повлече до крајот на годината, што го прави најистакнатиот лидер што ја напуштил компанијата по кризата.

The post „Боинг“ и плати 160 милиони долари на „Алјаска ерлајнс“ за инцидентот во текот на летот appeared first on Република.

]]>
Драма на лет со 145 патници, на авионот му испаднал дел од трупот! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/drama-na-let-so-145-patnitsi-na-avionot-mu-ispadnal-del-od-trupot/ Sat, 16 Mar 2024 12:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=755369

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми.

На „боингот“ на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, најверојатно за време на летот паднал трупот на авионот. Авионот безбедно слетал на аеродром во јужен Орегон кога бил пријавен инцидентот. Никој не е повреден, а не се пронајдени делови од трупот.

Постариот авион Боинг 737-800, кој пристигна во јужниот дел на Орегон по полетувањето од Сан Франциско, остана без дел од трупот, соопшти надлежната инспекција, нагласувајќи дека никој од патниците не е во животна опасност.

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми.

Аеродромот потоа ги прекина летовите за да ја провери пистата и евентуално да најде делови од трупот, но ниту едно парче не беше пронајдено, изјави директорот на аеродромот.

„Утврдено е дека немало дел од трупот кога авионот се паркирал“

Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека во авионот имало 139 патници и шест членови на екипажот и дека не е прогласена вонредна состојба, бидејќи немало индиции за штета за време на летот.

Кога авионот беше паркиран, беше утврдено дека нема дел од трупот. Ќе спроведеме темелна истрага на авионот и ќе извршиме поправки пред да се врати во употреба, рече портпаролот.

Наведено е и дека дел од трупот паднал на местото каде што крилото се спојува со главниот дел од авионот, веднаш до опремата за слетување. Авионот е во употреба од 1998 година, а првпат го користела компанијата „Континентал ерлајнс“. Со него управува United Airlines од 2011 година.

На почетокот на јануари при обид за полетување на аеродромот во Атланта, патник „боинг“ на компанијата „Делта ерлајнс“ паднал од тркало и се превртел.

The post Драма на лет со 145 патници, на авионот му испаднал дел од трупот! appeared first on Република.

]]>

Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми. На „боингот“ на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, најверојатно за време на летот паднал трупот на авионот. Авионот безбедно слетал на аеродром во јужен Орегон кога бил пријавен инцидентот. Никој не е повреден, а не се пронајдени делови од трупот. Постариот авион Боинг 737-800, кој пристигна во јужниот дел на Орегон по полетувањето од Сан Франциско, остана без дел од трупот, соопшти надлежната инспекција, нагласувајќи дека никој од патниците не е во животна опасност. Авионот на „Јунајтед ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром Медфорд во 10:20 часот. Директорката на аеродромот Амбер Џад истакна дека авионот слетал без никакви проблеми. Аеродромот потоа ги прекина летовите за да ја провери пистата и евентуално да најде делови од трупот, но ниту едно парче не беше пронајдено, изјави директорот на аеродромот. „Утврдено е дека немало дел од трупот кога авионот се паркирал“ Портпаролот на „Јунајтед ерлајнс“ изјави дека во авионот имало 139 патници и шест членови на екипажот и дека не е прогласена вонредна состојба, бидејќи немало индиции за штета за време на летот. Кога авионот беше паркиран, беше утврдено дека нема дел од трупот. Ќе спроведеме темелна истрага на авионот и ќе извршиме поправки пред да се врати во употреба, рече портпаролот. Наведено е и дека дел од трупот паднал на местото каде што крилото се спојува со главниот дел од авионот, веднаш до опремата за слетување. Авионот е во употреба од 1998 година, а првпат го користела компанијата „Континентал ерлајнс“. Со него управува United Airlines од 2011 година. На почетокот на јануари при обид за полетување на аеродромот во Атланта, патник „боинг“ на компанијата „Делта ерлајнс“ паднал од тркало и се превртел.

The post Драма на лет со 145 патници, на авионот му испаднал дел од трупот! appeared first on Република.

]]>
Свиркач во судската постапка против „Боинг“ пронајден мртов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svirkach-vo-sudskata-postapka-protiv-boing-pronajden-mrtov/ Tue, 12 Mar 2024 10:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=753966

Поранешниот вработен во американскиот производител на авиони Боинг, Џон Барнет, познат по тоа што ја алармираше јавноста во врска со стандардите за производство во компанијата, е пронајден мртов во САД.

Судскиот лекар од округот Чарлстон, Јужна Каролина, рече дека Барнет (62) починал од рани кои сам си ги нанел на 9 март, а полицијата го истражува случајот.

Барнет работеше за Боинг 32 години, од кои последните седум како менаџер за квалитет на „787 Dreamliner“, а се пензионираше во 2017 година од здравствени причини. Пред неговата смрт, тој сведочеше во судскиот процес против Боинг, наведува Би-Би-Си.

Во 2019 година, Барнет изјави за Би-Би-Си дека работниците, под притисок, намерно вградувале делови во авионите кои се под стандардниот квалитет. Тој, исто така, рече дека открил сериозни проблеми со системите за кислород, што може да значи дека една од четири маски за дишење нема да работи во итен случај.

Барнет подоцна тврдеше дека работниците не ги почитувале процедурите наменети за следење на компонентите низ фабриката, дозволувајќи им на неисправните компоненти да исчезнат. Тој посочи дека во некои случаи неквалитетните делови дури се отстранувале од корпите за отпад и се ставале во авиони кои биле изградени за да се спречи доцнење на производната линија.

Тој тврдеше дека ги предупредил своите претпоставени за проблемите што ги открил, но дека ништо не е преземено за тоа.

Иако Боинг ги негираше неговите тврдења, прегледот од 2017 година од страна на американскиот регулатор за воздухопловство, Федералната управа за авијација (FAA), потврди некои од грижите на поранешниот менаџер.

Откако се пензионираше, Барнет започна долготрајна судска постапка против компанијата. Тој го обвини Боинг дека го омаловажувал и ја закочил неговата кариера поради проблемите што ги посочи, обвинение кое Боинг го негираше. Во моментот на неговата смрт, Барнет бил во Чарлстон и спроведувал правни интервјуа поврзани со случајот.

Минатата недела тој даде официјална изјава при што беше испрашуван од адвокатите на Боинг, пред да биде вкрстено испрашуван од неговиот бранител. Сослушувањето требало да продолжи во сабота, но тој бил пронајден мртов во својот камион на паркингот на хотелот каде што престојувал.

The post Свиркач во судската постапка против „Боинг“ пронајден мртов appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вработен во американскиот производител на авиони Боинг, Џон Барнет, познат по тоа што ја алармираше јавноста во врска со стандардите за производство во компанијата, е пронајден мртов во САД. Судскиот лекар од округот Чарлстон, Јужна Каролина, рече дека Барнет (62) починал од рани кои сам си ги нанел на 9 март, а полицијата го истражува случајот. Барнет работеше за Боинг 32 години, од кои последните седум како менаџер за квалитет на „787 Dreamliner“, а се пензионираше во 2017 година од здравствени причини. Пред неговата смрт, тој сведочеше во судскиот процес против Боинг, наведува Би-Би-Си. Во 2019 година, Барнет изјави за Би-Би-Си дека работниците, под притисок, намерно вградувале делови во авионите кои се под стандардниот квалитет. Тој, исто така, рече дека открил сериозни проблеми со системите за кислород, што може да значи дека една од четири маски за дишење нема да работи во итен случај. Барнет подоцна тврдеше дека работниците не ги почитувале процедурите наменети за следење на компонентите низ фабриката, дозволувајќи им на неисправните компоненти да исчезнат. Тој посочи дека во некои случаи неквалитетните делови дури се отстранувале од корпите за отпад и се ставале во авиони кои биле изградени за да се спречи доцнење на производната линија. Тој тврдеше дека ги предупредил своите претпоставени за проблемите што ги открил, но дека ништо не е преземено за тоа. Иако Боинг ги негираше неговите тврдења, прегледот од 2017 година од страна на американскиот регулатор за воздухопловство, Федералната управа за авијација (FAA), потврди некои од грижите на поранешниот менаџер. Откако се пензионираше, Барнет започна долготрајна судска постапка против компанијата. Тој го обвини Боинг дека го омаловажувал и ја закочил неговата кариера поради проблемите што ги посочи, обвинение кое Боинг го негираше. Во моментот на неговата смрт, Барнет бил во Чарлстон и спроведувал правни интервјуа поврзани со случајот. Минатата недела тој даде официјална изјава при што беше испрашуван од адвокатите на Боинг, пред да биде вкрстено испрашуван од неговиот бранител. Сослушувањето требало да продолжи во сабота, но тој бил пронајден мртов во својот камион на паркингот на хотелот каде што престојувал.

The post Свиркач во судската постапка против „Боинг“ пронајден мртов appeared first on Република.

]]>
Откако еден дел се откорна среде лет, откриени повеќе незацврстени делови и во други авиони на Боинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-eden-del-se-otkorna-srede-let-otkrieni-poveke-nezatsvrsteni-delovi-i-vo-drugi-avioni-na-boing/ Tue, 09 Jan 2024 08:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=731001

При инспекции на авионите Боинг 737 макс 9, американските авиокомпании „Јунајтед ерлајнс“ и „Аласка ерлајнс“ пронајдоа лабави завртки на компонентата на трупот што отпадна за време на летот пред неколку дена. Двете авиокомпании не соопштија колку авиони го имале проблемот. Според портпаролката на „Јунајтед ерлајнс“, авиокомпанијата има вкупно 79 авиони од тој тип. За време на инспекциите, откриени се сомнителни дефекти во врска со поставувањето на покривните панели што затвораат непотребен излез за итни случаи, соопшти авиокомпанијата.

Поставувањето на покривната плоча е конфигурација што Боинг ја нуди кога веќе е доволен бројот на постоечки излези за итни случаи со оглед на бројот на седишта во авионот. Според информациите од веб-страницата „The Air Current“, лабави завртки и други недостатоци се откриени на најмалку пет авиони. Инсајдер за новинската агенција Ројтерс тврди дека се засегнати 10 авиони на „Јунајтед". „Ова менува сè, бидејќи сега се појавува проблем со флотата. Тоа е проблем со контролата на квалитетот“, изјави американскиот експерт за воздухопловна безбедност Џон Кокс. Инспекторите во неделата соопштија дека се уште е рано да се утврди причината за инцидентот со авионот во петокот од кој испадна дел за време на лет.

Американската воздухопловна управа ФАА нареди авионите Боинг 737 Макс 9 да бидат приземјени и прегледани во текот на викендот. На летот на „Алјаска ерлајнс" во петокот, дел од авионот со 171 патник ненадејно се откинал веднаш по полетувањето. Според експертите, благодарение на среќните околности никој не седел директно до делот што се откинал и сите патници сè уште ги носеле безбедносните појаси во оваа фаза од летот. Според локалната власт ЕАСА, ниту еден авион во Европската унија не е погоден од деактивирањето и инспекциите.

Курсот на акциите на Боинг во понеделникот падна за осум проценти.

The post Откако еден дел се откорна среде лет, откриени повеќе незацврстени делови и во други авиони на Боинг appeared first on Република.

]]>

При инспекции на авионите Боинг 737 макс 9, американските авиокомпании „Јунајтед ерлајнс“ и „Аласка ерлајнс“ пронајдоа лабави завртки на компонентата на трупот што отпадна за време на летот пред неколку дена. Двете авиокомпании не соопштија колку авиони го имале проблемот. Според портпаролката на „Јунајтед ерлајнс“, авиокомпанијата има вкупно 79 авиони од тој тип. За време на инспекциите, откриени се сомнителни дефекти во врска со поставувањето на покривните панели што затвораат непотребен излез за итни случаи, соопшти авиокомпанијата. Поставувањето на покривната плоча е конфигурација што Боинг ја нуди кога веќе е доволен бројот на постоечки излези за итни случаи со оглед на бројот на седишта во авионот. Според информациите од веб-страницата „The Air Current“, лабави завртки и други недостатоци се откриени на најмалку пет авиони. Инсајдер за новинската агенција Ројтерс тврди дека се засегнати 10 авиони на „Јунајтед". „Ова менува сè, бидејќи сега се појавува проблем со флотата. Тоа е проблем со контролата на квалитетот“, изјави американскиот експерт за воздухопловна безбедност Џон Кокс. Инспекторите во неделата соопштија дека се уште е рано да се утврди причината за инцидентот со авионот во петокот од кој испадна дел за време на лет. Американската воздухопловна управа ФАА нареди авионите Боинг 737 Макс 9 да бидат приземјени и прегледани во текот на викендот. На летот на „Алјаска ерлајнс" во петокот, дел од авионот со 171 патник ненадејно се откинал веднаш по полетувањето. Според експертите, благодарение на среќните околности никој не седел директно до делот што се откинал и сите патници сè уште ги носеле безбедносните појаси во оваа фаза од летот. Според локалната власт ЕАСА, ниту еден авион во Европската унија не е погоден од деактивирањето и инспекциите. Курсот на акциите на Боинг во понеделникот падна за осум проценти.

The post Откако еден дел се откорна среде лет, откриени повеќе незацврстени делови и во други авиони на Боинг appeared first on Република.

]]>
Приземјени сите авиони Боинг 737 МАКС 9, откако на еден му отпадна дел од трупот за време на лет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prizemjeni-site-avioni-boing-737-maks-9-otkako-na-eden-mu-otpadna-del-od-trupot-za-vreme-na-let/ Sun, 07 Jan 2024 10:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=730627

Илјадници патници се соочуваат со откажување на летовите бидејќи големите авиокомпании приземјиjа десетици авиони „боинг“ откако отпадна дел од трупот на авион среде летот над Орегон. Американскиот воздухопловен регулатор соопшти дека 171 авион „боинг 737 макс 9“ мора да бидат приземјени за проверки откако во петокот отпадна дел од трупот на авионот на „Алјаска ерлајнс“. Компанијата соопшти дека вчера на околу 23.000 патници им биле откажани летови, при што се очекува дополнително нарушување.

Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ ги приземји сите 79 од своите авиони „мaкс 9“. Многу други авиокомпании кои исто така имаат ваков тип авиони привремено ги исфрлија од употреба.

Тоа следи по наредбата на регулаторната Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) која нареди „итни инспекции“ на авионите „боинг 737 мaкс 9“ ширум светот. Потребните инспекции ќе траат околу четири до осум часа по авион, се вели во соопштението. „Боинг“ соопшти дека ја поздравува одлуката на ФАА, додавајќи дека нивните тимови се во контакт со регулаторот.

За време на петочниот инцидент, летот 1282 на „Алјаска ерлајнс“ од Портланд, Орегон, до Онтарио, Калифорнија, достигна 4.876 метри висина кога започна вонредно спуштање, според податоците за следење на летот. Патниците во авионот изјавија дека голем дел од надворешната обвивка на авионот паднал на земја веднаш по полетувањето.

Сликите испратени до медиумите го покажуваат ноќното небо и светлата на Портланд видливи низ празнината во трупот, а исто така се гледаат изолациски материјал и други остатоци. Еден патник рече дека јазот е „широк колку фрижидер“, додека друг рече дека кошулата на детето била скината од ветрот додека авионот извршил итно слетување.

The post Приземјени сите авиони Боинг 737 МАКС 9, откако на еден му отпадна дел од трупот за време на лет appeared first on Република.

]]>

Илјадници патници се соочуваат со откажување на летовите бидејќи големите авиокомпании приземјиjа десетици авиони „боинг“ откако отпадна дел од трупот на авион среде летот над Орегон. Американскиот воздухопловен регулатор соопшти дека 171 авион „боинг 737 макс 9“ мора да бидат приземјени за проверки откако во петокот отпадна дел од трупот на авионот на „Алјаска ерлајнс“. Компанијата соопшти дека вчера на околу 23.000 патници им биле откажани летови, при што се очекува дополнително нарушување. Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ ги приземји сите 79 од своите авиони „мaкс 9“. Многу други авиокомпании кои исто така имаат ваков тип авиони привремено ги исфрлија од употреба. Тоа следи по наредбата на регулаторната Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) која нареди „итни инспекции“ на авионите „боинг 737 мaкс 9“ ширум светот. Потребните инспекции ќе траат околу четири до осум часа по авион, се вели во соопштението. „Боинг“ соопшти дека ја поздравува одлуката на ФАА, додавајќи дека нивните тимови се во контакт со регулаторот. За време на петочниот инцидент, летот 1282 на „Алјаска ерлајнс“ од Портланд, Орегон, до Онтарио, Калифорнија, достигна 4.876 метри висина кога започна вонредно спуштање, според податоците за следење на летот. Патниците во авионот изјавија дека голем дел од надворешната обвивка на авионот паднал на земја веднаш по полетувањето. Сликите испратени до медиумите го покажуваат ноќното небо и светлата на Портланд видливи низ празнината во трупот, а исто така се гледаат изолациски материјал и други остатоци. Еден патник рече дека јазот е „широк колку фрижидер“, додека друг рече дека кошулата на детето била скината од ветрот додека авионот извршил итно слетување.

The post Приземјени сите авиони Боинг 737 МАКС 9, откако на еден му отпадна дел од трупот за време на лет appeared first on Република.

]]>
Се урна „Боинг 737-300“ во Австралија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-urna-boing-737-300-vo-avstralija/ Tue, 07 Feb 2023 10:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=605913

Во западна Австралија се урна авион „Боинг 737-300“, кој, како што јавуваат светските медиуми, бил ангажиран за гаснење пожар.

Според информациите на австралиската ТВ мрежа ABC, двајцата пилоти успеале да се спасат и да поминат само со полесни повреди.

Урнатиот авион бил на компанијата „Колсон авиејшн“, а бил ангажиран во гаснење на два големи пожари во Националниот парк „Фицџералд ривер“.

Како што се наведува, авионот претходно извршил два прелета, но проблемот се случил при третиот прелет за гаснење на пожарот.

The post Се урна „Боинг 737-300“ во Австралија appeared first on Република.

]]>

Во западна Австралија се урна авион „Боинг 737-300“, кој, како што јавуваат светските медиуми, бил ангажиран за гаснење пожар. Според информациите на австралиската ТВ мрежа ABC, двајцата пилоти успеале да се спасат и да поминат само со полесни повреди. Урнатиот авион бил на компанијата „Колсон авиејшн“, а бил ангажиран во гаснење на два големи пожари во Националниот парк „Фицџералд ривер“. Како што се наведува, авионот претходно извршил два прелета, но проблемот се случил при третиот прелет за гаснење на пожарот.

The post Се урна „Боинг 737-300“ во Австралија appeared first on Република.

]]>
Џон Траволта на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „Боинг 747“ произведен во Сиетл https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dhon-travolta-na-proshtalnata-svechenost-za-posledniot-patnichki-avion-boing-747-proizveden-vo-sietl/ Wed, 01 Feb 2023 12:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=603379

Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД.

Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го опиша своето искуство со летањето такви авиони… За нив тој рече дека тие се меѓу најбезбедните авиони кога било создадени.

Последниот „747“ е испорачан на компанијата „Атлас ер“.

Тој, инаку, се произведува од 1968 година и направи револуција во превозот на патници со двојно зголемување на бројот седишта – на 400, во споредба со претходниот „Боинг 707“.

Во текот на пет децении, Боинг изгради 1.574 авиони „747“, за повеќе од 100 клиенти. Последната верзија „747-8“, ќе лета на небото уште неколку години, пред сѐ во товарниот сообраќај.

Инаку, во подготовка е моделот „Боинг 777Х“, што треба да го замени познатиот „747“, но тој на пазарот нема да се појави уште најмалку две години.

The post Џон Траволта на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „Боинг 747“ произведен во Сиетл appeared first on Република.

]]>

Илјадници работници на „Боинг“ од целиот свет, како и гости меѓу кои и холивудскиот глумец Џон Траволта, присуствуваа на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „747“ произведен во фабриката на авиокомпанијата северно од Сиетл, САД.

Џон Траволта, кој е обучен да управува со „Боинг 747“, како и со „707“ и „737“, одржа говор и го опиша своето искуство со летањето такви авиони… За нив тој рече дека тие се меѓу најбезбедните авиони кога било создадени. Последниот „747“ е испорачан на компанијата „Атлас ер“. Тој, инаку, се произведува од 1968 година и направи револуција во превозот на патници со двојно зголемување на бројот седишта – на 400, во споредба со претходниот „Боинг 707“. Во текот на пет децении, Боинг изгради 1.574 авиони „747“, за повеќе од 100 клиенти. Последната верзија „747-8“, ќе лета на небото уште неколку години, пред сѐ во товарниот сообраќај. Инаку, во подготовка е моделот „Боинг 777Х“, што треба да го замени познатиот „747“, но тој на пазарот нема да се појави уште најмалку две години.

The post Џон Траволта на „прошталната“ свеченост за последниот патнички авион „Боинг 747“ произведен во Сиетл appeared first on Република.

]]>
Боинг прекина со набавката на титаниум од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/boing-prekina-so-nabavkata-na-titanium-od-rusija/ Mon, 07 Mar 2022 21:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=469165

Американскиот производител на авиони Боинг денеска соопшти дека го прекина снабдувањето со титаниум од Русија, порачувајќи дека го обезбедил снабдувањето со важните суровини за производство на авиони, но и бродови, автомобили и машини.

„Нашите резерви и различните извори на набавка ни обезбедуваат доволно титаниум за производство на авиони“, тврди компанијата.

Боинг уште во февруари соопшти дека не се плаши од прекин во снабдувањето, бидејќи бара дополнителни извори за снабдување, по воведувањето санкции кон Русија поради анексијата на Крим во 2014 година.

Титаниумот се користи во аеротехниката, ракетната техника и астронаутиката, како и во изградбата на турбини и компресори, бродови и подморници, како и делови од машини и опрема изложени на морска вода.

Досегашниот добавувач на Боинг, руската компанија „ВСМПО-Ависма“, соопшти дека жали поради суспензијата на договорот со својот долгогодишен партнер.

„Ја следиме состојбата во нашата земја и во светот и бевме подготвени за таков исход“, наведуваат оттаму и додаваат дека се вртат кон други пазари.

The post Боинг прекина со набавката на титаниум од Русија appeared first on Република.

]]>

Американскиот производител на авиони Боинг денеска соопшти дека го прекина снабдувањето со титаниум од Русија, порачувајќи дека го обезбедил снабдувањето со важните суровини за производство на авиони, но и бродови, автомобили и машини. „Нашите резерви и различните извори на набавка ни обезбедуваат доволно титаниум за производство на авиони“, тврди компанијата. Боинг уште во февруари соопшти дека не се плаши од прекин во снабдувањето, бидејќи бара дополнителни извори за снабдување, по воведувањето санкции кон Русија поради анексијата на Крим во 2014 година. Титаниумот се користи во аеротехниката, ракетната техника и астронаутиката, како и во изградбата на турбини и компресори, бродови и подморници, како и делови од машини и опрема изложени на морска вода. Досегашниот добавувач на Боинг, руската компанија „ВСМПО-Ависма“, соопшти дека жали поради суспензијата на договорот со својот долгогодишен партнер. „Ја следиме состојбата во нашата земја и во светот и бевме подготвени за таков исход“, наведуваат оттаму и додаваат дека се вртат кон други пазари.

The post Боинг прекина со набавката на титаниум од Русија appeared first on Република.

]]>
Боинг ќе инвестира во развој на автономнo летечкo такси https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/boing-kje-investira-vo-razvoj-na-avtonomno-letechko-taksi/ Tue, 25 Jan 2022 13:25:45 +0000 https://republika.mk/?p=449259

„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.

Сметаме дека ова е голема стратешка предност за „Виск“, директно да се фокусира на автономни авиони, воведувајќи ги овие принципи на секое ниво на дизајн и развој - изјави главниот директор за стратегија на „Боинг“, Марк Ален.

Одлуката да се прескокне генерацијата eVTOL, кои развиваат независни стартапи и некои воздухопловни групи, подразбира подоцнежна презентација од целта за 2024 година што ја замислија повеќето конкуренти.

„Боинг“ одби да даде датум за, како што ја нарекува, шестата генерација патничко возило „Виск“, но извори од индустријата велат дека имало идеја тие да се претстават за сертификација околу 2028 година.

„Боинг“ соопшти дека тоа ќе биде првото автономно патничко возило што ќе биде сертифицирано во САД.

The post Боинг ќе инвестира во развој на автономнo летечкo такси appeared first on Република.

]]>

„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.
Сметаме дека ова е голема стратешка предност за „Виск“, директно да се фокусира на автономни авиони, воведувајќи ги овие принципи на секое ниво на дизајн и развој - изјави главниот директор за стратегија на „Боинг“, Марк Ален.
Одлуката да се прескокне генерацијата eVTOL, кои развиваат независни стартапи и некои воздухопловни групи, подразбира подоцнежна презентација од целта за 2024 година што ја замислија повеќето конкуренти. „Боинг“ одби да даде датум за, како што ја нарекува, шестата генерација патничко возило „Виск“, но извори од индустријата велат дека имало идеја тие да се претстават за сертификација околу 2028 година. „Боинг“ соопшти дека тоа ќе биде првото автономно патничко возило што ќе биде сертифицирано во САД.

The post Боинг ќе инвестира во развој на автономнo летечкo такси appeared first on Република.

]]>