богота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogota/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 14:06:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png богота Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogota/ 32 32 Рестрикции во Богота поради суша каква што немало во последните 40 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/restriktsii-vo-bogota-poradi-susha-kakva-shto-nemalo-vo-poslednite-40-godini/ Fri, 12 Apr 2024 14:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=765472

Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со рестрикции на водата поради суша каква што немало во последните 40 години. Градот е поделен на девет зони, а градски резервоар е на минимум.

Колумбиските власти го поделија регионот околу главниот град на девет зони - на секоја зона наизменично се исклучува снабдувањето со вода на 24 часа. Се проценува дека над 10 милиони луѓе се погодени од овие мерки. Болниците и училиштата се изземени од рестрикциите.

Градоначалникот на Богота, Карлос Фернандо Галан ситуацијата ја нарече исклучително тешка.

„Да не трошиме ни капка вода во Богота во овој момент. Тоа ќе ни помогне побрзо да ги отстраниме или намалиме овие ограничувања“, рече Галан на прес-конференција на која ги презентираше мерките за штедење.

Ограничувањата, кои беа објавени претходно оваа недела, стапија на сила вчера. Тој објасни дека градските власти за две недели повторно ќе ја проценат ситуацијата и соодветно ќе донесат одлуки.

Колумбискиот претседател Густаво Петро најави „значителна промена“ во заштитата на водните ресурси во следните 30 години.

The post Рестрикции во Богота поради суша каква што немало во последните 40 години appeared first on Република.

]]>

Милиони жители на главниот град на Колумбија, Богота, се соочуваат со рестрикции на водата поради суша каква што немало во последните 40 години. Градот е поделен на девет зони, а градски резервоар е на минимум. Колумбиските власти го поделија регионот околу главниот град на девет зони - на секоја зона наизменично се исклучува снабдувањето со вода на 24 часа. Се проценува дека над 10 милиони луѓе се погодени од овие мерки. Болниците и училиштата се изземени од рестрикциите. Градоначалникот на Богота, Карлос Фернандо Галан ситуацијата ја нарече исклучително тешка.
„Да не трошиме ни капка вода во Богота во овој момент. Тоа ќе ни помогне побрзо да ги отстраниме или намалиме овие ограничувања“, рече Галан на прес-конференција на која ги презентираше мерките за штедење.
Ограничувањата, кои беа објавени претходно оваа недела, стапија на сила вчера. Тој објасни дека градските власти за две недели повторно ќе ја проценат ситуацијата и соодветно ќе донесат одлуки. Колумбискиот претседател Густаво Петро најави „значителна промена“ во заштитата на водните ресурси во следните 30 години.

The post Рестрикции во Богота поради суша каква што немало во последните 40 години appeared first on Република.

]]>
Четири бронзени медали за македонските ученици на Јуниорската олимпијада по природни наука во Богота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chetiri-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchenici-na-juniorskata-olimpijada-po-prirodni-nauka-vo-bogota/ Mon, 12 Dec 2022 08:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=584548

Тимот од Македонија освои четири бронзени медали на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, информира Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ).

Освојувачи на медалите се Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Теона Ана Георгиевска и Михаил Шапчески од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје и Даниел Христов од средното училиште „Славчо Стојменски“ од Штип. На олимпијадата успешно се претставија и учениците Марко Серафимовски од „Јахја Кемал“ и Олег Трајковски од „Јосип Броз Тито“ од Битола.

Водачи на олимпискиот тим беа проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД.

ДФРМ, кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот.

Покрај тоа, им благодариме на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите кои во континуитет ја подржуваат нашата работа, велат од ДФРМ.

The post Четири бронзени медали за македонските ученици на Јуниорската олимпијада по природни наука во Богота appeared first on Република.

]]>

Тимот од Македонија освои четири бронзени медали на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, информира Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Освојувачи на медалите се Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Теона Ана Георгиевска и Михаил Шапчески од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје и Даниел Христов од средното училиште „Славчо Стојменски“ од Штип. На олимпијадата успешно се претставија и учениците Марко Серафимовски од „Јахја Кемал“ и Олег Трајковски од „Јосип Броз Тито“ од Битола. Водачи на олимпискиот тим беа проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД. ДФРМ, кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот.
Покрај тоа, им благодариме на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите кои во континуитет ја подржуваат нашата работа, велат од ДФРМ.

The post Четири бронзени медали за македонските ученици на Јуниорската олимпијада по природни наука во Богота appeared first on Република.

]]>