Богородичен покров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogorodichen-pokrov/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 08:01:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Богородичен покров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogorodichen-pokrov/ 32 32 Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-9-festival-bogorodichen-pokrov-na-programata-11-duhovni-filmovi/ Sat, 30 Nov 2024 08:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=843294

Со проекција на рускиот документарен филм „Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот, вечер во 21 часот, ќе биде отворен 9. Меѓународeн филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“, што ќе се одржува онлајн на You Tube до 7 декември.

Во тек на фестивалот ќе бидат прикажани 11 филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски, вели за МИА Зорица Костоска, основач и директор на Фестивалот.

Костоска истакнува дека мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности. Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во филмот со кој се отвора фестивалот се раскажува за историјатот на Трновиот венец на Спасителот, една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови, каква е оваа светиња и која е нејзината историја. Автор и водител е митрополит Иларион (Алфеев). Филмот, во времетраење од 26 минути, е во продукција на Добротворен фонд „Познание”. Режијата е на Мариа Вилкасте, a продуцент e Дмитриј Менделеев.

На првата фестивалска вечер во 21.30 минути ќе има проекција и  „Утрински камбани“, српски документарец, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега епископ Хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане.

Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане, по 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на епископ Хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зашто душата е поважна од телото.... Сценариото и режијата се на Дејан Вученовиќ. Филмот, во продукција на Прва ТВ трае 32.15 минути.

Единаесетте филмови што се на фестивалската програма се обезбедени со поддршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и ТВ Канал 5 од Македoнија.

Интернационална премиера на Фестивалот ќе имаат „Утрински камбани” од Србија и чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам”. Генерални покровители на Фестивалот традиционално се Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со два негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот, вели Костоска.

Утре ќе бидe прикажан американскиот документарен филм „ПЛАШТАНИЦАТА- Лице в лице“, во сценарија и режија на Роберт Орландо. Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори. Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм на Vision продукција, а трае 74 минути.

На 2 декември на програмата се премиерата на „Божикни празници и обичаи“, со почеток во 21 часот и „Велигден во Хиландар“ во 21.35 часот, српски документарци од ТВ серијалот „Приказни од Атос”, а на 3 декември (21.00) „Свети Никола - Лицето на благоста“, романски документарен филм.

Рускиот документарец „Ризата на Богородица“  е на програмата на 4 декември во 21 часот, како и српскиот „За нашиот доктор, а писател“. На 5 декември ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, а на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“.

Затворањето на Фестивалот е на 7 декември, во 21 часот со македонскиот документарен филм од архивата на ТВ Канал 5 „Историјата на Црквата на Св.великомаченик Димитриј“ во Скопје. Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија“ во Охрид.

Фестивалот е основан во 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државава и бројни стопански субјекти. Почесен претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Светата Столица, Ватикан.

Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен помошник генерален директор на МРТ, 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог.

Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал.

Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.

The post Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови appeared first on Република.

]]>

Со проекција на рускиот документарен филм „Трновиот венец”, во кој се прикажува историјата на Трновиот венец на Спасителот, вечер во 21 часот, ќе биде отворен 9. Меѓународeн филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“, што ќе се одржува онлајн на You Tube до 7 декември.
Во тек на фестивалот ќе бидат прикажани 11 филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски, вели за МИА Зорица Костоска, основач и директор на Фестивалот.
Костоска истакнува дека мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности. Се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Во филмот со кој се отвора фестивалот се раскажува за историјатот на Трновиот венец на Спасителот, една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови, каква е оваа светиња и која е нејзината историја. Автор и водител е митрополит Иларион (Алфеев). Филмот, во времетраење од 26 минути, е во продукција на Добротворен фонд „Познание”. Режијата е на Мариа Вилкасте, a продуцент e Дмитриј Менделеев. На првата фестивалска вечер во 21.30 минути ќе има проекција и  „Утрински камбани“, српски документарец, во кој тогашниот архимандрит Алексеј, а сега епископ Хвостански на СПЦ, говори за пророштвото на о.Тадеј за манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане. Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане, по 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на епископ Хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зашто душата е поважна од телото.... Сценариото и режијата се на Дејан Вученовиќ. Филмот, во продукција на Прва ТВ трае 32.15 минути. Единаесетте филмови што се на фестивалската програма се обезбедени со поддршка на Неофит продукција и Добротворен фонд Познание од Русија, од Vision продукција од САД, Прва ТВ од Србија, Coolture продукција од Србија, Trinitas TV од Романија, Vistafilm од Чешка Република и ТВ Канал 5 од Македoнија.
Интернационална премиера на Фестивалот ќе имаат „Утрински камбани” од Србија и чешкиот филм „Štreit: Фотографирам, значи постојам”. Генерални покровители на Фестивалот традиционално се Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, а годинава и на митрополитот Иларион /Алфеев / со два негови филма и Европскиот Универзитет од Скопје, кој секоја година доделува бесплатно школување – четиригодишна стипендија за највредниот волонтер на Фестивалот, вели Костоска.
Утре ќе бидe прикажан американскиот документарен филм „ПЛАШТАНИЦАТА- Лице в лице“, во сценарија и режија на Роберт Орландо. Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори. Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм на Vision продукција, а трае 74 минути. На 2 декември на програмата се премиерата на „Божикни празници и обичаи“, со почеток во 21 часот и „Велигден во Хиландар“ во 21.35 часот, српски документарци од ТВ серијалот „Приказни од Атос”, а на 3 декември (21.00) „Свети Никола - Лицето на благоста“, романски документарен филм. Рускиот документарец „Ризата на Богородица“  е на програмата на 4 декември во 21 часот, како и српскиот „За нашиот доктор, а писател“. На 5 декември ќе биде прикажан чешкиот документарен филм „ŠTREIT: Фотографирам, значи постојам“, а на 6 декември рускиот „Сакам да бидам светец“. Затворањето на Фестивалот е на 7 декември, во 21 часот со македонскиот документарен филм од архивата на ТВ Канал 5 „Историјата на Црквата на Св.великомаченик Димитриј“ во Скопје. Филмот е во програмата на Фестивалот во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, во кој се прикажува неговото востоличување за архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија“ во Охрид. Фестивалот е основан во 2016. година и досега е поддржан од 12 амбасади во државава и бројни стопански субјекти. Почесен претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, автор на многу трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Светата Столица, Ватикан. Основачи на Фестивалот се покојниот Коле Јовановски, монтажер во МРТ и режисер , наградуван за бројни филмови, посебно за историјата на Македонија и МПЦ-ОА и Зорица Костовска, основач и директор на Фестивалот, поранешен помошник генерален директор на МРТ, 10 - годишен член на Меѓународната Академија на Телевизиски Науки и Уметности во Њујорк - Еmmy Awards, ТВ и филмски продуцент, дипл. дипломат и дипл. теолог. Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал. Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.

The post Почнува 9. Фестивал „Богородичен покров“, на програмата 11 духовни филмови appeared first on Република.

]]>
Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-slavime-biten-praznik-za-zhenite-eve-koi-se-obichaite-ako-ste-singl-omazhena-sakate-detsa/ Sun, 13 Oct 2024 15:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=826167

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото.

Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера.

Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец.

Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба.

Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.

 

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото. Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера. Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец. Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.  

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>
Почнува Фестивалот „Богородичен покров“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pochnuva-festivalot-bogorodichen-pokrov/ Sat, 25 Nov 2023 07:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=716077

Онлајн проекции на документарни филмови посветени на културното и духовното наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови ќе понуди осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности  „Богородичен Покров“ што ќе се одржува онлјан од денеска до 1 декември.

Програмата стартува со интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава, што досега не е објавено, а е посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок. Ќе се емитува вечерва во 21 часот на линкот https://youtu.be/YAKAr6XJvwY .

За свеченото отворање на фестивалот во 21:30 часот е предвиден  документарно играниот филм посветен на Свети Јаков Тумански, на Coolture- Србија,  ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, чиј продуцент е и Милан П. Кићевац.

На вториот ден од фестивалот утревечер ќе бидат прикажани портрет  на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“ и рускиот документарен филм „Оган“ за Благодатниот оган од Ерусалим.

Дел од програмата се и документарните филмови  „Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора“ и „Хиландарскиот имот“ на Балкан трип продукција од Србија, „Манастир Сурпателе“,  на ТВ Тринитас од Романија и „Ембрион на ренесансата“ на Лавиринт, Македонија, „Свети Јован Шангајски“ на Неофит продукција, Русија,  „Мајка Храброст - Живот за Никола“ на РТС,  „Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош“ на романски ТВ Тринитас и  рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски, со кој се затвора фестивалот.

-Сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност, велат за МИА од Топ Ворлд, продуциската куќа од Скопје, организатор на фестивалот.

„Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Почнува Фестивалот „Богородичен покров“ appeared first on Република.

]]>

Онлајн проекции на документарни филмови посветени на културното и духовното наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови ќе понуди осмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности  „Богородичен Покров“ што ќе се одржува онлјан од денеска до 1 декември. Програмата стартува со интервју со почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, кој се упокои годинава, што досега не е објавено, а е посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок. Ќе се емитува вечерва во 21 часот на линкот https://youtu.be/YAKAr6XJvwY . За свеченото отворање на фестивалот во 21:30 часот е предвиден  документарно играниот филм посветен на Свети Јаков Тумански, на Coolture- Србија,  ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, чиј продуцент е и Милан П. Кићевац. На вториот ден од фестивалот утревечер ќе бидат прикажани портрет  на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“ и рускиот документарен филм „Оган“ за Благодатниот оган од Ерусалим. Дел од програмата се и документарните филмови  „Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора“ и „Хиландарскиот имот“ на Балкан трип продукција од Србија, „Манастир Сурпателе“,  на ТВ Тринитас од Романија и „Ембрион на ренесансата“ на Лавиринт, Македонија, „Свети Јован Шангајски“ на Неофит продукција, Русија,  „Мајка Храброст - Живот за Никола“ на РТС,  „Св.апостоли Петар и Павле, Манастир Ботош“ на романски ТВ Тринитас и  рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски, со кој се затвора фестивалот. -Сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност, велат за МИА од Топ Ворлд, продуциската куќа од Скопје, организатор на фестивалот. „Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Почнува Фестивалот „Богородичен покров“ appeared first on Република.

]]>