Богоев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogoev/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 19:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Богоев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogoev/ 32 32 По Андреј Петров и Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-andrej-petrov-i-stefan-bogoev-so-komentar-pratenitsite-treba-da-znaat-deka-se-izbrani-od-narodot-za-vo-sobranie-da-argumentiraat-i-diskutiraat-a-ne-da-se-slikaat-i-da-molchat/ Tue, 28 May 2024 19:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=782584

Потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши (коалиција ВРЕДИ) е избран за собраниски спикер.

Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.

The post По Андреј Петров и Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши (коалиција ВРЕДИ) е избран за собраниски спикер. Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.

The post По Андреј Петров и Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат! appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на Царина дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-dali-direktorot-na-tsarina-dozvolil-shverts-na-1-200-kg-skapi-telefoni/ Thu, 14 Mar 2024 14:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=754671

Дали директорот на Царина, Стефан Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто Царина молчи за скандал од стотици илјади евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, комбе полно со скапи телефони, со тежина од 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.

Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар. Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта, обвинуваат од најголемата опозициска партија.

Уште пред два дена, Царинската управа соопшти дека на ден 11.03.2024 година во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродном Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки, информираа од Царината.

Скопската полиција соопшти извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung,

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tsarina-pominala-pratka-so-dva-tona-mobilni-telefoni-shvertsot-sinoka-go-otkri-i-go-sprechi-skopskata-politsija/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на Царина дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? appeared first on Република.

]]>

Дали директорот на Царина, Стефан Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто Царина молчи за скандал од стотици илјади евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, комбе полно со скапи телефони, со тежина од 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.
Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар. Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта, обвинуваат од најголемата опозициска партија.
Уште пред два дена, Царинската управа соопшти дека на ден 11.03.2024 година во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродном Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки, информираа од Царината.

Скопската полиција соопшти извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung, https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tsarina-pominala-pratka-so-dva-tona-mobilni-telefoni-shvertsot-sinoka-go-otkri-i-go-sprechi-skopskata-politsija/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на Царина дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? appeared first on Република.

]]>
Царина заплени обврзници со вредност од 92 милиони долари – патник од Турција ги скрил во четири папки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsarina-zapleni-obvrznitsi-so-vrednost-od-92-milioni-dolari-patnik-od-turtsija-gi-skril-vo-chetiri-papki/ Tue, 08 Aug 2023 12:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=670002

Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари.

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари.

Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба.

Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК.

Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба.

Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе и бидат предадени на Агенциаја за одземен имот.

Богоев укажа на постоечки тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.

The post Царина заплени обврзници со вредност од 92 милиони долари – патник од Турција ги скрил во четири папки appeared first on Република.

]]>

Царинската управа заплени обврзници со вредност 92 милиони долари. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев објави дека заплената се случила на 28 јули, а станува збор за 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари. Обврзниците биле пронајдени кај патник – турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и не пријавил стока. При контролата, обврзниците биле забележани во четири папки, сместени во рачна црна торба. Извршени биле разговори, прибрани биле и докази, како и консултации со државните и меѓународните инстутуции, како што се ИНТЕРПОЛ и СЕЛЕК. Согласно одредбите од Законот за Царинска управа, поднесена е соодветна пријава до надлежниот суд. Судот ги одземал обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна глоба. Обврзниците, како што истакна Богоев, ќе и бидат предадени на Агенциаја за одземен имот. Богоев укажа на постоечки тренд во глобални рамки на злоупотреба на обврзници како инструмент на перење пари.

The post Царина заплени обврзници со вредност од 92 милиони долари – патник од Турција ги скрил во четири папки appeared first on Република.

]]>
Богоев во еден ден смени седум раководители во Царина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-vo-eden-den-smeni-sedum-rakovoditeli-vo-tsarina/ Sat, 05 Aug 2023 14:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=668976

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во еден ден направил промена на повеќе клучни раководни позиции во управата, неофицијално дознава “Фокус” од свои извори.

Според нашите информации, Мелиха Панева, досегашниот помошник директор на сектор Акцизи оди на челната позиција во клучната царинарница Скопје, а на нејзино место доаѓа Весна Змајшек досегашен началник на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи.

Смена има и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2.

Исто така, нашите извори тврдат дека промена има и на шефовското место на најфреквентниот граничен премин Табановце, кадешто шефица ќе биде Емилија Трајковска.

Шефот на Мобилната Царина, Благоја Крстевски, за кого во јавноста е познато дека е близок човек на Игор Милев е сменет со Методиј Тедосиевски, цариник со долгогодишно искуство во Царината и многубројни обуки на домашно и меѓународно ниво.

Игор Јолевски пак е нов управник на царинарница Битола, а промена има и на шефовското место на граничниот премин Блаце.

Во царинските кулари променетите раководители важат за блиски луѓе до претходната директорка Славица Кутиров и поранешниот помошник директор Игор Милев.

извор: Fokus.mk

The post Богоев во еден ден смени седум раководители во Царина appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во еден ден направил промена на повеќе клучни раководни позиции во управата, неофицијално дознава “Фокус” од свои извори. Според нашите информации, Мелиха Панева, досегашниот помошник директор на сектор Акцизи оди на челната позиција во клучната царинарница Скопје, а на нејзино место доаѓа Весна Змајшек досегашен началник на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи. Смена има и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2. Исто така, нашите извори тврдат дека промена има и на шефовското место на најфреквентниот граничен премин Табановце, кадешто шефица ќе биде Емилија Трајковска. Шефот на Мобилната Царина, Благоја Крстевски, за кого во јавноста е познато дека е близок човек на Игор Милев е сменет со Методиј Тедосиевски, цариник со долгогодишно искуство во Царината и многубројни обуки на домашно и меѓународно ниво. Игор Јолевски пак е нов управник на царинарница Битола, а промена има и на шефовското место на граничниот премин Блаце. Во царинските кулари променетите раководители важат за блиски луѓе до претходната директорка Славица Кутиров и поранешниот помошник директор Игор Милев. извор: Fokus.mk

The post Богоев во еден ден смени седум раководители во Царина appeared first on Република.

]]>
Царинска управа: Потпишан последниот протокол за воспоставување на заеднички контроли со Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsarinska-uprava-potpishan-posledniot-protokol-za-vospostavuvane-na-zaednichki-kontroli-so-albanija/ Thu, 27 Jul 2023 17:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=666005

Денес на граничниот премин Ќафасан - Ќафтане директорите на Царинските управи на Република Македонија и Република Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели, го потпишаа последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.

Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците.

Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на Царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните.

The post Царинска управа: Потпишан последниот протокол за воспоставување на заеднички контроли со Албанија appeared first on Република.

Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-ivanovska-borbata-protiv-koruptsija-znachi-pogolemi-prilivi-vo-budhetot-i-podobri-uslugi-za-graganite/ Thu, 06 Jul 2023 17:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=658732

Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што наведуваат, дополнително овозможува поголема контрола на процесите.

Намалувањето на коруптивните појави ќе ја зголеми довербата во институциите, а тоа ќе резултира со намалување на сивата економија и ќе овозможи придобивки на сите нивоа, како за граѓаните, така и за подобро позиционирање на нашата држава во процесот на интеграција кон ЕУ, истакнал Богоев.

The post Богоев – Ивановска: Борбата против корупција значи поголеми приливи во Буџетот и подобри услуги за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Борбата против корупција ќе обезбеди поголеми приливи на јавни приходи и подобрување на услугите кон граѓаните. Ова денеска го истакнал директорот на Царинската управа Стефан Богоев на средбата со претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. Царинската управа информира дека како поважни мерки кои се спроведуваат во моментов се евидентирање на анкетни листови и изјави за интереси согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Дигитализацијата на царинското работење, како што наведуваат, дополнително овозможува поголема контрола на процесите.