Богданка Кузевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogdanka-kuzevska/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Nov 2023 13:41:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Богданка Кузевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogdanka-kuzevska/ 32 32 Кузевска: Мицкоски молчи за скандалите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuzevska-mitskoski-molchi-za-skandalite-na-gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne/ Sun, 19 Nov 2023 13:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=703191

Од СДСМ обвинуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат серија скандали.

За 2 години локална власт градоначалниците на ДПМНЕ имаат НУЛА резултати но еден куп скандали.

Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ.

Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет.

Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, јавноста го забележа на фотографија како носи луксузен часовник од околу 8.000 евра.

Нема одговор од каде му се илјадници евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?

Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска за тендер вреден 20.000 евра.

До денеска за сите овие скандали директно поврзани со градоначалалниците на ДПМНЕ молк од ДПМНЕ, молк од Мицкоски.

Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.

Со молкот Мицкоски застанува зад нив.

Заклучокот е едноставен: во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше.

После 2 години локална власт јасно е дека ДПМНЕ не може да испорача резултат а скандалите се нивна одлика, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

The post Кузевска: Мицкоски молчи за скандалите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ обвинуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ ги тресат серија скандали.
За 2 години локална власт градоначалниците на ДПМНЕ имаат НУЛА резултати но еден куп скандали. Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ. Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков? Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, јавноста го забележа на фотографија како носи луксузен часовник од околу 8.000 евра. Нема одговор од каде му се илјадници евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат? Општина Штип пак со ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска за тендер вреден 20.000 евра. До денеска за сите овие скандали директно поврзани со градоначалалниците на ДПМНЕ молк од ДПМНЕ, молк од Мицкоски. Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски. Со молкот Мицкоски застанува зад нив. Заклучокот е едноставен: во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше. После 2 години локална власт јасно е дека ДПМНЕ не може да испорача резултат а скандалите се нивна одлика, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

The post Кузевска: Мицкоски молчи за скандалите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuzeska-preku-ramo-do-ramo-do-pobeda-odrzhavme-nad-980-sredbi-vo-isto-tolku-naseleni-mesta-mesni-i-urbani-zaednitsi/ Sun, 02 Jul 2023 10:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=657394

Портапролката на СДСМ, Богданка Кузевска, на прес-конференција изјави дека СДСМ, како одговорна, државотворна партија, постојано е меѓу граѓаните, таму каде што и е местото.

Во изминатите три месеци, преку активноста „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници.

Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, со цел да го чуеме нивниот глас, да ни ги пренесат нивните ставови, барања и потреби.

Наидовме на одличен прием, граѓаните ни ги пренесоа нивните ставови, дел од нив имаа и конструктивни критики и забелешки кои ние со внимание ги забележавме.

По сите овие забелешки, предлози, но и добронамерни критики ќе постапиме одговорно, истите ќе ги анализираме и систематизираме и за сите нив ќе се обидеме да најдеме решенија, кои ќе влезат во следната предизборна програма.

Им благодариме за нивниот придонес, нивните барање и потреби

Така дејствува СДСМ, секогаш со народот, секогаш одговорно, инклузивно и во служба на граѓаните и државата.

Нашите активности ќе продолжат и во следниот период и преку теренски посети, но и преку организирање тематски трибини и средби со целни групи граѓани.

Продолжуваме и со спроведување на системските решенија и реформите што нè водат на европскиот пат, но исто така го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани, изјави Кузевска.

The post Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници appeared first on Република.

]]>

Портапролката на СДСМ, Богданка Кузевска, на прес-конференција изјави дека СДСМ, како одговорна, државотворна партија, постојано е меѓу граѓаните, таму каде што и е местото.
Во изминатите три месеци, преку активноста „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници. Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, со цел да го чуеме нивниот глас, да ни ги пренесат нивните ставови, барања и потреби. Наидовме на одличен прием, граѓаните ни ги пренесоа нивните ставови, дел од нив имаа и конструктивни критики и забелешки кои ние со внимание ги забележавме. По сите овие забелешки, предлози, но и добронамерни критики ќе постапиме одговорно, истите ќе ги анализираме и систематизираме и за сите нив ќе се обидеме да најдеме решенија, кои ќе влезат во следната предизборна програма. Им благодариме за нивниот придонес, нивните барање и потреби Така дејствува СДСМ, секогаш со народот, секогаш одговорно, инклузивно и во служба на граѓаните и државата. Нашите активности ќе продолжат и во следниот период и преку теренски посети, но и преку организирање тематски трибини и средби со целни групи граѓани. Продолжуваме и со спроведување на системските решенија и реформите што нè водат на европскиот пат, но исто така го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани, изјави Кузевска.

The post Кузеска: Преку „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници appeared first on Република.

]]>
Кузеска: Отчетноста и транспарентноста се одлика на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuzeska-otchetnosta-i-transparentnosta-se-odlika-na-sdsm/ Fri, 10 Jun 2022 21:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=513701

тчетноста и транспарентноста се одлика на СДСМ, рече портпаролката на владејачката партија, Богданка Кузеска, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, во која се дебатираше за Индексот на транспарентност на политичките партии.

Ова истражување спроведено од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ – ФООМ, во рамките на поширок проект на Меѓународниот републикански институт од САД – ИРИ, покажа дека ниедна партија не добила одлична или многу добра оценка. Од 28 истражувани партии, најмногу – 72 од можни 120 поени, освоила Левица и заслужила оценка „добар“. Истата оценка ја има и СДСМ со 55 поени.

Во дебатата, Кузеска посочи дека можеби сè уште не направиле доволно на ова поле, но дека работат на подобрување.

При рангирањето за Индексот се земени предвид 33 индикатори – од квалитетот и достапноста на информации на веб-страниците до начинот на реагирање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, со оглед на тоа што партиите се „иматели“ на такви информации од 2019 година.

„СДСМ имаше објавено финансиски извештаи согласно законот. Станува збор за некои подобрувања со кои ќе им биде полесно за преглед на граѓаните, на јавноста и на новинарите, за да не лутаат на веб-страницата и да ги бараат како под линк, туку да бидат објавени во еден ‘таб’, во него да бидат сите информации што се потребни, како што сега е тоа направено со поддршка на ИРИ“, рече Кузевска.

Инаку, на Индексот на транспарентност, по Левица со 72 и СДСМ со 55 поени, следува Демократски сојуз со 54 – исто така во зоната „добар“. Од поголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ има скор од 28 поени, Алијанса за Албанците – 22, а кон дното се Алтернатива и ДУИ со по 11 поени. Пет од 28 рангирани политички субјекти имаат 0 поени.

The post Кузеска: Отчетноста и транспарентноста се одлика на СДСМ appeared first on Република.

]]>

тчетноста и транспарентноста се одлика на СДСМ, рече портпаролката на владејачката партија, Богданка Кузеска, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, во која се дебатираше за Индексот на транспарентност на политичките партии. Ова истражување спроведено од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ – ФООМ, во рамките на поширок проект на Меѓународниот републикански институт од САД – ИРИ, покажа дека ниедна партија не добила одлична или многу добра оценка. Од 28 истражувани партии, најмногу – 72 од можни 120 поени, освоила Левица и заслужила оценка „добар“. Истата оценка ја има и СДСМ со 55 поени. Во дебатата, Кузеска посочи дека можеби сè уште не направиле доволно на ова поле, но дека работат на подобрување. При рангирањето за Индексот се земени предвид 33 индикатори – од квалитетот и достапноста на информации на веб-страниците до начинот на реагирање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, со оглед на тоа што партиите се „иматели“ на такви информации од 2019 година.
„СДСМ имаше објавено финансиски извештаи согласно законот. Станува збор за некои подобрувања со кои ќе им биде полесно за преглед на граѓаните, на јавноста и на новинарите, за да не лутаат на веб-страницата и да ги бараат како под линк, туку да бидат објавени во еден ‘таб’, во него да бидат сите информации што се потребни, како што сега е тоа направено со поддршка на ИРИ“, рече Кузевска.
Инаку, на Индексот на транспарентност, по Левица со 72 и СДСМ со 55 поени, следува Демократски сојуз со 54 – исто така во зоната „добар“. Од поголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ има скор од 28 поени, Алијанса за Албанците – 22, а кон дното се Алтернатива и ДУИ со по 11 поени. Пет од 28 рангирани политички субјекти имаат 0 поени.

The post Кузеска: Отчетноста и транспарентноста се одлика на СДСМ appeared first on Република.

]]>