богданци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogdanci/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 12:30:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png богданци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bogdanci/ 32 32 Манијак од Богданци се самозадоволувал пред деца во училишен двор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/manijak-od-bogdantsi-se-samozadovoluval-pred-detsa-vo-uchilishen-dvor/ Fri, 01 Nov 2024 12:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=833094

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

The post Манијак од Богданци се самозадоволувал пред деца во училишен двор appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации. Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

The post Манијак од Богданци се самозадоволувал пред деца во училишен двор appeared first on Република.

]]>
Најталентираните млади графичари од Македонија и регионот на работилница во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/najtalentiranite-mladi-grafichari-od-makedonija-i-regionot-na-rabotilnitsa-vo-bogdantsi/ Mon, 19 Aug 2024 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=807825

Во Богданци, на 20 август, започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17-ти пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот. Оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот.

Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе биде крунисана со завршна изложба на студентите учесници, и ќе биде поставена во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Оваа година, учесници на работилницата се 15 млади графичари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, кои ќе творат под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска со асистенција од Вида Меиќ од Хрватска и Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците ќе имаат можност да работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен печат.

Виктор Семенпеев, претседателот на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот истакнува:

Ова е единственото место каде студентите имаат можност да работат со сите графички техники, што е огромен придонес за нивното уметничко образование и развој. Нашата визија е да продолжиме да создаваме простор каде младите уметници од регионот ќе можат да ги развиваат своите вештини и да ја поттикнуваат својата креативност.

Селекцијата на учесници ја вршат академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти, наградени за постигнатиот успех за време на студиите.

Графичката работилница „Софија“ не само што ја одржува традицијата на графичкиот израз, туку и активно ја промовира графиката како специфичен и мошне моќен уметнички израз. Со фонд од над 900 графички листови во неколку примероци, оваа работилница е вистинско богатство за сите љубители на уметноста.

Графичката работилница е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, и средиште за творештво на многу уметници. Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, истакнува Ана Димчевска Семенпеева, дел од организацискиот тим на Графичката работилница.

The post Најталентираните млади графичари од Македонија и регионот на работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>

Во Богданци, на 20 август, започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 17-ти пат ги обединува најталентираните млади графичари од Македонија и регионот. Оваа уникатна меѓународна работилница е единствена од ваков тип во земјава и регионот и претставува еден од најзначајните културни настани за графичката уметност на Балканот. Работилницата ќе трае до 27 август, кога ќе биде крунисана со завршна изложба на студентите учесници, и ќе биде поставена во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Оваа година, учесници на работилницата се 15 млади графичари од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија, кои ќе творат под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска со асистенција од Вида Меиќ од Хрватска и Сања Жигиќ од академијата во Нови Сад. Уметниците ќе имаат можност да работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен печат. Виктор Семенпеев, претседателот на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот истакнува:
Ова е единственото место каде студентите имаат можност да работат со сите графички техники, што е огромен придонес за нивното уметничко образование и развој. Нашата визија е да продолжиме да создаваме простор каде младите уметници од регионот ќе можат да ги развиваат своите вештини и да ја поттикнуваат својата креативност.
Селекцијата на учесници ја вршат академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти, наградени за постигнатиот успех за време на студиите. Графичката работилница „Софија“ не само што ја одржува традицијата на графичкиот израз, туку и активно ја промовира графиката како специфичен и мошне моќен уметнички израз. Со фонд од над 900 графички листови во неколку примероци, оваа работилница е вистинско богатство за сите љубители на уметноста.
Графичката работилница е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, и средиште за творештво на многу уметници. Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, истакнува Ана Димчевска Семенпеева, дел од организацискиот тим на Графичката работилница.

The post Најталентираните млади графичари од Македонија и регионот на работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>
Земјотрес почувствуван во Богданци и околината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zemjotres-pochuvstvuvan-vo-bogdantsi-i-okolinata/ Thu, 15 Aug 2024 08:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=806738

Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер, е регистриран утрово во 03 часот и 24 минути, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

The post Земјотрес почувствуван во Богданци и околината appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер, е регистриран утрово во 03 часот и 24 минути, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 km југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

The post Земјотрес почувствуван во Богданци и околината appeared first on Република.

]]>
Почина четиримесечно бебе во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-chetirimesechno-bebe-vo-bogdantsi/ Thu, 25 Jul 2024 12:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=800226

Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.

The post Почина четиримесечно бебе во Богданци appeared first on Република.

]]>

Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица. Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.

The post Почина четиримесечно бебе во Богданци appeared first on Република.

]]>
Од утре ќе се проширува патот кај Богданци https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-utre-ke-se-proshiruva-patot-kaj-bogdantsi/ Sun, 23 Jun 2024 07:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=789869

АМСМ информира дека од утре на регионалниот пат Р1109 ќе биде поставен времен режим на сообраќај поради реконструкција со проширување.

Ќе се проширува делницата Понов мост - влез во Богданци.

The post Од утре ќе се проширува патот кај Богданци appeared first on Република.

]]>

АМСМ информира дека од утре на регионалниот пат Р1109 ќе биде поставен времен режим на сообраќај поради реконструкција со проширување. Ќе се проширува делницата Понов мост - влез во Богданци.

The post Од утре ќе се проширува патот кај Богданци appeared first on Република.

]]>
Одржан првиот Фестивал на југоисточен регион во Богданци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/odrzhan-prviot-festival-na-jugoistochen-region-vo-bogdantsi/ Mon, 30 Oct 2023 08:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=696127

Овој викенд во Богданци се одржа првиот Фестивал на југоисточен регион: производители од регионот, но и од подалеку, најбројни од редовите на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина.

Многубројните посетители кои го преплавија Градскиот парк во сончево Богданци, имаа можност да пробаат слатко од диви и домашни смокви, од сливи и капини, производи од тартуфи, домашна ракија...Се дружеа со локалните производители, ги слушнаа нивните приказни, се размени и понекој рецепт... За убавото расположение беа задолжени ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“, пејачка пензионерска група и многу други.

Фестивал на југоисточен регион го подржаа Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.

The post Одржан првиот Фестивал на југоисточен регион во Богданци appeared first on Република.

]]>

Овој викенд во Богданци се одржа првиот Фестивал на југоисточен регион: производители од регионот, но и од подалеку, најбројни од редовите на Слоу Фуд Македонија, го промовираа најдоброто, највкусното и најтрадиционалното од нашата татковина. Многубројните посетители кои го преплавија Градскиот парк во сончево Богданци, имаа можност да пробаат слатко од диви и домашни смокви, од сливи и капини, производи од тартуфи, домашна ракија...Се дружеа со локалните производители, ги слушнаа нивните приказни, се размени и понекој рецепт... За убавото расположение беа задолжени ученици од ООУ „Петар Мусев“, студио за танци Свит Денс, трио Форте, ЗКУД „Бранд Петрушев“, пејачка пензионерска група и многу други. Фестивал на југоисточен регион го подржаа Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.

The post Одржан првиот Фестивал на југоисточен регион во Богданци appeared first on Република.

]]>
Изложба на Меѓународната графичка работилница „Софија“ во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-megunarodnata-grafichka-rabotilnitsa-sofija-vo-bogdantsi/ Thu, 24 Aug 2023 07:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=675185

Вечерва, во 19,30 часот, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци ќе биде отворена завршната изложба на Меѓународната графичка работилница „Софија“. Ќе бидат изложени дела од талентирани млади графичари од факултетите и академиите од Скопје, Загреб, Нови Сад, Ниш, Сараево и од Софија кои во изминатоте 10 дена создаваа дела во рамките на 16. Графичка работилница „Софија“ во Богданци.

 

The post Изложба на Меѓународната графичка работилница „Софија“ во Богданци appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во 19,30 часот, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци ќе биде отворена завршната изложба на Меѓународната графичка работилница „Софија“. Ќе бидат изложени дела од талентирани млади графичари од факултетите и академиите од Скопје, Загреб, Нови Сад, Ниш, Сараево и од Софија кои во изминатоте 10 дена создаваа дела во рамките на 16. Графичка работилница „Софија“ во Богданци.  

The post Изложба на Меѓународната графичка работилница „Софија“ во Богданци appeared first on Република.

]]>
Целосно изгаснат пожарот кај Богданци, изгореа 350 хектари нискостеблеста шума https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tselosno-izgasnat-pozharot-kaj-bogdantsi-izgorea-350-hektari-niskosteblesta-shuma/ Fri, 04 Aug 2023 18:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=668824

Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, кој избувна вчера во 11 часот, целосно е изгаснат, сопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Противпожарните тимови се повлекуваат од терен, а на местото на пожарот е оставена дежурна екипа за да внимава да не дојде до повторно разгорување.

Според информацијата од ЦУК, изгорени се над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на четирите ветерници низ кои помина пожарот.

Пожарот го гаснеа шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, како и авионите „Ер трактор“ и хеликоптер.

Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

The post Целосно изгаснат пожарот кај Богданци, изгореа 350 хектари нискостеблеста шума appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, кој избувна вчера во 11 часот, целосно е изгаснат, сопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Противпожарните тимови се повлекуваат од терен, а на местото на пожарот е оставена дежурна екипа за да внимава да не дојде до повторно разгорување. Според информацијата од ЦУК, изгорени се над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на четирите ветерници низ кои помина пожарот. Пожарот го гаснеа шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, како и авионите „Ер трактор“ и хеликоптер. Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

The post Целосно изгаснат пожарот кај Богданци, изгореа 350 хектари нискостеблеста шума appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Богданци сè уште не е ставен под контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozharot-kaj-bogdantsi-se-ushte-ne-e-staven-pod-kontrola/ Fri, 04 Aug 2023 06:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=668498

Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола.

Гаснењето продолжи од 6 часот утрово. Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат шеесетина лица.

Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот.

Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат трите авиони „Ер Трактор“ на ДЗС, како и два хеликоптери на МВР, информираше Стојанов.

Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, кој е на местото на пожарот, засега нема опасност од негово проширување.

Со сите расположиви сили се обидуваме да го заобиколиме пожарот и да не дозволиме негово повторно избувнување. Засега се оди според планот и договореното од синоќешната координација. Доколку за неколку часови не дојде до повторно разгорување на пожарот ќе успееме да го локализираме и изгаснеме, изјави Шапов за МИА.

Според него, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

The post Пожарот кај Богданци сè уште не е ставен под контрола appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај Богданци, кој избувна вчера околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е ставен под контрола. Гаснењето продолжи од 6 часот утрово. Со огнената стихија, која досега проголта околу 500 хектари нискостеблеста деградирана шума и сува трева и која помина низ ветерниците над Богданци без да предизвика штета на нив, се борат шеесетина лица. Според Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), чад има на повеќе места, а пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), „Национални шуми“ и комуналното претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот.
Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат трите авиони „Ер Трактор“ на ДЗС, како и два хеликоптери на МВР, информираше Стојанов.
Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, кој е на местото на пожарот, засега нема опасност од негово проширување.
Со сите расположиви сили се обидуваме да го заобиколиме пожарот и да не дозволиме негово повторно избувнување. Засега се оди според планот и договореното од синоќешната координација. Доколку за неколку часови не дојде до повторно разгорување на пожарот ќе успееме да го локализираме и изгаснеме, изјави Шапов за МИА.
Според него, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

The post Пожарот кај Богданци сè уште не е ставен под контрола appeared first on Република.

]]>
Досега изгореа 500 хектари: Утре ќе продолжи да се гасне пожарот во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dosega-izgorea-500-hektari-utre-ke-prodolzhi-da-se-gasne-pozharot-vo-bogdantsi/ Thu, 03 Aug 2023 20:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=668457

Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е изгаснат и според информациите оттаму досега изгореле околу 500 хектари нискостеблета шума и сува трева.

Директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот се уште не изгаснат и покрај делувањето на двата авиони на ДСЗ и хеликоптерот на МВР, а во гаснењето учествуваат пожарникари од Дојран и Валандово и тим на ДСЗ.

Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов за МИА изјави дека пожарот поминал покрај ветерниците, но не предизвикал штета.

-Со гаснење ќе продолжиме утре рано, а во текот на ноќта на местото на пожарот ќе останат дежурни екипи. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе успееме да го ставиме пожарот под контрола и да га изгаснеме, изјави Шапов.

Силниот пожар избувна во нискостеблеста шума и сува трева и бргу зафати поголема површина.

The post Досега изгореа 500 хектари: Утре ќе продолжи да се гасне пожарот во Богданци appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се уште не е изгаснат и според информациите оттаму досега изгореле околу 500 хектари нискостеблета шума и сува трева. Директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот се уште не изгаснат и покрај делувањето на двата авиони на ДСЗ и хеликоптерот на МВР, а во гаснењето учествуваат пожарникари од Дојран и Валандово и тим на ДСЗ. Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов за МИА изјави дека пожарот поминал покрај ветерниците, но не предизвикал штета. -Со гаснење ќе продолжиме утре рано, а во текот на ноќта на местото на пожарот ќе останат дежурни екипи. Се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе успееме да го ставиме пожарот под контрола и да га изгаснеме, изјави Шапов. Силниот пожар избувна во нискостеблеста шума и сува трева и бргу зафати поголема површина.

The post Досега изгореа 500 хектари: Утре ќе продолжи да се гасне пожарот во Богданци appeared first on Република.

]]>
Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-gasne-pozharot-kaj-bogdantsi-postoi-opasnost-da-se-proshiri-kon-veternitsite/ Thu, 03 Aug 2023 13:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=668312

Пожарот кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се гасне, но се уште постои опасност да се прошири кон ветерниците кај Богданци.

Како што информираше градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати.

-Во гаснењето учествуваат три авиони „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од Гевгелија и Валандово и општинското комунално претпријатие. Се надеваме дека нема да дојде до проширување на пожарот кон ветерниците и со заедничко дејствување ќе се успее да се стави пожарот под контрола, изјави Шапов.

Инаку, силниот пожар избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.

The post Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците appeared first on Република.

]]>

Пожарот кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на Хидросистемот „Дојранско Езеро“, се гасне, но се уште постои опасност да се прошири кон ветерниците кај Богданци. Како што информираше градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот се гасне, но е дојден под ветерниците и се прават големи напори тој да не ги зафати. -Во гаснењето учествуваат три авиони „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од Гевгелија и Валандово и општинското комунално претпријатие. Се надеваме дека нема да дојде до проширување на пожарот кон ветерниците и со заедничко дејствување ќе се успее да се стави пожарот под контрола, изјави Шапов. Инаку, силниот пожар избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.

The post Се гасне пожарот кај Богданци, постои опасност да се прошири кон ветерниците appeared first on Република.

]]>
Наркоман ограбил продавница во Богданци, уапсен е и ќе добие пријава https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/narkoman-ograbil-prodavnitsa-vo-bogdantsi-uapsen-e-i-ke-dobie-prijava/ Sun, 16 Jul 2023 13:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=661957

Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во периодот од 8:00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета.

Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Наркоман ограбил продавница во Богданци, уапсен е и ќе добие пријава appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во периодот од 8:00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета. Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Наркоман ограбил продавница во Богданци, уапсен е и ќе добие пријава appeared first on Република.

]]>
Земјотрес од 3,1 степени по Рихтер, почувствуван во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино и Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zemjotres-od-3-1-stepeni-po-rihter-pochuvstvuvan-vo-gevgelija-valandovo-bogdantsi-negotino-i-kavadartsi/ Sun, 12 Mar 2023 17:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=618855

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево информираше дека денеска во 08:50 часот бил почувствуван земјотрес од населението на Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината.

Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Почувствуван е со Рихтерова локална магнитуда 3,1 и интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

 

The post Земјотрес од 3,1 степени по Рихтер, почувствуван во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино и Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево информираше дека денеска во 08:50 часот бил почувствуван земјотрес од населението на Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Кавадарци и околината. Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Почувствуван е со Рихтерова локална магнитуда 3,1 и интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.  

The post Земјотрес од 3,1 степени по Рихтер, почувствуван во Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино и Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Таткото на „Цар Борис“,„Цар Фердинанд“ нема да се „насели“ во Богданци! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tatkoto-na-car-boris-car-ferdinant-nema-da-se-naseli-vo-bogdanci/ Wed, 12 Oct 2022 13:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=560198

Бугарско здружение „Цар Фердинанд“, кое требаше да биде формирано во Богданци наидува на правни пречки при регистрацијата.

Барателите за формирање биле информирани од Централниот регистар-Куманово дека мораат во рок од 30 дена да достават одобрение од советодавното тело за давање на мислење  за употреба на име на историска личност за употреба на името на здружението „Цар Ферднанд“. Ако ова не го поднесат пријавата ќе биде отфрлено.

Цар Фердинанд е татко на Царот Борис кој веќе доби здружение во Охрид и кој денеска беше демолиран.

[caption id="attachment_560111" align="alignnone" width="640"] охрид њуз[/caption]

И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на царот Фердинанд.

Во 1918 година тој абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил.

Власта најави дека ќе се прави измена на законот за регистрирање на имиња на фондации и здруженија со цел личност од фашистичкиот период како Ванчо Михајлов и цар Борис да не смеат да бидат имиња кои ќе ги носат.

The post Таткото на „Цар Борис“,„Цар Фердинанд“ нема да се „насели“ во Богданци! appeared first on Република.

]]>

Бугарско здружение „Цар Фердинанд“, кое требаше да биде формирано во Богданци наидува на правни пречки при регистрацијата. Барателите за формирање биле информирани од Централниот регистар-Куманово дека мораат во рок од 30 дена да достават одобрение од советодавното тело за давање на мислење  за употреба на име на историска личност за употреба на името на здружението „Цар Ферднанд“. Ако ова не го поднесат пријавата ќе биде отфрлено. Цар Фердинанд е татко на Царот Борис кој веќе доби здружение во Охрид и кој денеска беше демолиран. [caption id="attachment_560111" align="alignnone" width="640"] охрид њуз[/caption] И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на царот Фердинанд. Во 1918 година тој абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил. Власта најави дека ќе се прави измена на законот за регистрирање на имиња на фондации и здруженија со цел личност од фашистичкиот период како Ванчо Михајлов и цар Борис да не смеат да бидат имиња кои ќе ги носат.

The post Таткото на „Цар Борис“,„Цар Фердинанд“ нема да се „насели“ во Богданци! appeared first on Република.

]]>
И таткото на цар Борис ќе добие културен клб – „Цар Фердинанд“ ќе шири бугарштина во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-tatkoto-na-car-boris-kje-dobie-kulturen-klb-car-ferdinand-kje-shiri-bugarshtina-vo-bogdanci/ Sun, 09 Oct 2022 18:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=559160

Почната е постапката за регистрација и на третото бугарско здружение со назив „Цар Фердинанд“ со седиште во Богданци. Сител од свои извори дознава дека во Централниот Регистар веќе се разгледуваат поднесените документи од барателот. И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на Царот Фердинанд. Од Централниот регистар засега нема одговор кој е подносител на барањето за регистрација на вакво здружение.

Премиерот пак не слушнал дека во постапка е регистрација третото бугарско здружение. Но веќе го осудија отворањето на здруженијата во Битола и Охрид и го оценија како провокација.

Го искористил Мелничкото востание за да стане цар

Фердинанд Сакс-Кобург-Готски е роден во 1861 годинаво Виена, а починал во 1948 година во Кобург. Би бугарски кнез во периодот од 1887  до 1908 година и цар на Бугарија  од 1908 до 1918 година.

Фердинанд бил син на принцот Август Сакскобурготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип.

По падот на Стефан Стамболов и по Мелничкото востание, кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 22 септември 1908 година во црквата „Свети Четириесет маченици“ во Софија се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „цар на Бугарите“, со што била возобновена титулата од Првото и Второто бугарско царство.

На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите, за да не им овозможи да биде срамно соборен. На 3 октомври 1918 година тој абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил.

Топло-ладно со Македонскиот комитет во Софија

Царот Фердинанд битно влијаел врз македонското револуционерно движење. По формирањето на Македонскиот комитет во Софија, Фердинанд и бугарската влада му дале поддршка на Трајко Китанчев да продолжи со организирањето и праќањето на вооружените чети во Македонија.

Но во април 1895 година, на средба со една делегација на Комитетот, Фердинанд најавил дека ќе ја прекине поддршката. Без разлика на ваквото предупредување, кон крајот на јуни и во почетокот на јули 1895 година дошло до Мелничкото востание во Македонија, но тоа во воен поглед било катастрофа. Веднаш по востанието, Фердинанд и неговата влада ја откажале поддршката за Македонскиот комитет, но го искористил востанието за свое законско признавање.

Во текот на идните години, Фердинанд се стремел да го стави под индиректна контрола макеодонското револуционерно движење и затоа во него уфрлал разни свои луѓе од Данаил Николаев па сè до Иван Цончев.

Судирот со Борис Сарафов

Поради таквата политика, Фердинанд дошол во судир со некои од македонските револуционери. Борис Сарафов во своето интервју со Амфитеатров од 1901 г. истакнал:

„Автономната македонска идеја нè скара со бугарската влада. Зар порано со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинанд? Зар… Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да нè скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македонската граница и да водиме чети? Нè фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинад… го примамува ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот – Македонија“.

Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло до националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинанд и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во тогашните политички услови можело да се дојде под покровителство на Султанот. И токму затоа што не сакале да допуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, тоа предизвикало гнев кај кнезот Фердинанд и кај тогашниот шеф на владата Каравелов, кој како запален шовинист, прв почнал да ги гони сарафистите.

Чудни средби со Сандански

И покрај спротивставувањата, Фердинанд успеал да го стави Македонскиот комитет под своја контрола преку генералот Иван Цончев. Од тука произлегло и Горноџумајското востание. Фердинанд своите контакти со македонското револуционерно движење ги продолжил до крајот на своето владеење, сретнувајќи се со многумина.

Во своите спомени, Ванчо Михајлов приложил писмо за кое кажува дека е напишано од Иван Балабанов, во кое, Балабанов на 27.12.1957 година на В. Михајлов меѓу другото му напишал:

„Не беше за мене тајна дека Сандански влегуваше многу често во Дворецот (т.е. кај Фердинанд) преку северната врата и мене ми правеше впечаток дека таму влегуваше со револвер во џебот… Дали тој се сметал за лошо платен за тоа што го извршувал и станал непријател на Фердинанд ќе можете вие подобро да оцените… Чудни се – да го употребам најмекиот израз – тие средби на Сандански со царот, тој Сандански, кој се истакнуваше како заколнат непријател на врховизмот… Голема недоумица и сомничави прашања кај многу современици предизвикувал фактот што цар Фердинанд испратил венец за да биде положен врз гробот на Сандански, наскоро откако бил убиен. Венецот е положен од Иван Вапацаров, родум од Банско (таткото на поетот Никола Вапцаров, четникувал во четата на Сандански). Самиот Вапцаров повторуваше дека таа работа никако не може да ја разбере – цар Фердинанд испраќа венец за Сандански“.

Како и да е, мешањето на Фердинанд во внатрешните работи на македонското револуционерно движење носело само несреќа за Македонија и за македонскиот народ. Македонската револуционерна организација изгубила драгоцено време во борбата со Цончевистите и со врховизмот, во чие создавање учествувал и самиот Фердинанд.

(Користени се податоци од статија на Википедија)

The post И таткото на цар Борис ќе добие културен клб – „Цар Фердинанд“ ќе шири бугарштина во Богданци appeared first on Република.

]]>

Почната е постапката за регистрација и на третото бугарско здружение со назив „Цар Фердинанд“ со седиште во Богданци. Сител од свои извори дознава дека во Централниот Регистар веќе се разгледуваат поднесените документи од барателот. И во овој случај подносителот обезбедил согласност од поранешниот бугарски премиер Симеон Саксобурготски како член на семејството и потомок на Царот Фердинанд. Од Централниот регистар засега нема одговор кој е подносител на барањето за регистрација на вакво здружение. Премиерот пак не слушнал дека во постапка е регистрација третото бугарско здружение. Но веќе го осудија отворањето на здруженијата во Битола и Охрид и го оценија како провокација. Го искористил Мелничкото востание за да стане цар Фердинанд Сакс-Кобург-Готски е роден во 1861 годинаво Виена, а починал во 1948 година во Кобург. Би бугарски кнез во периодот од 1887  до 1908 година и цар на Бугарија  од 1908 до 1918 година. Фердинанд бил син на принцот Август Сакскобурготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и по Мелничкото востание, кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 22 септември 1908 година во црквата „Свети Четириесет маченици“ во Софија се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „цар на Бугарите“, со што била возобновена титулата од Првото и Второто бугарско царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите, за да не им овозможи да биде срамно соборен. На 3 октомври 1918 година тој абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил. Топло-ладно со Македонскиот комитет во Софија Царот Фердинанд битно влијаел врз македонското револуционерно движење. По формирањето на Македонскиот комитет во Софија, Фердинанд и бугарската влада му дале поддршка на Трајко Китанчев да продолжи со организирањето и праќањето на вооружените чети во Македонија. Но во април 1895 година, на средба со една делегација на Комитетот, Фердинанд најавил дека ќе ја прекине поддршката. Без разлика на ваквото предупредување, кон крајот на јуни и во почетокот на јули 1895 година дошло до Мелничкото востание во Македонија, но тоа во воен поглед било катастрофа. Веднаш по востанието, Фердинанд и неговата влада ја откажале поддршката за Македонскиот комитет, но го искористил востанието за свое законско признавање. Во текот на идните години, Фердинанд се стремел да го стави под индиректна контрола макеодонското револуционерно движење и затоа во него уфрлал разни свои луѓе од Данаил Николаев па сè до Иван Цончев. Судирот со Борис Сарафов Поради таквата политика, Фердинанд дошол во судир со некои од македонските револуционери. Борис Сарафов во своето интервју со Амфитеатров од 1901 г. истакнал:
„Автономната македонска идеја нè скара со бугарската влада. Зар порано со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинанд? Зар… Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да нè скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македонската граница и да водиме чети? Нè фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинад… го примамува ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот – Македонија“.
Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло до националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинанд и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во тогашните политички услови можело да се дојде под покровителство на Султанот. И токму затоа што не сакале да допуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, тоа предизвикало гнев кај кнезот Фердинанд и кај тогашниот шеф на владата Каравелов, кој како запален шовинист, прв почнал да ги гони сарафистите. Чудни средби со Сандански И покрај спротивставувањата, Фердинанд успеал да го стави Македонскиот комитет под своја контрола преку генералот Иван Цончев. Од тука произлегло и Горноџумајското востание. Фердинанд своите контакти со македонското револуционерно движење ги продолжил до крајот на своето владеење, сретнувајќи се со многумина. Во своите спомени, Ванчо Михајлов приложил писмо за кое кажува дека е напишано од Иван Балабанов, во кое, Балабанов на 27.12.1957 година на В. Михајлов меѓу другото му напишал:
„Не беше за мене тајна дека Сандански влегуваше многу често во Дворецот (т.е. кај Фердинанд) преку северната врата и мене ми правеше впечаток дека таму влегуваше со револвер во џебот… Дали тој се сметал за лошо платен за тоа што го извршувал и станал непријател на Фердинанд ќе можете вие подобро да оцените… Чудни се – да го употребам најмекиот израз – тие средби на Сандански со царот, тој Сандански, кој се истакнуваше како заколнат непријател на врховизмот… Голема недоумица и сомничави прашања кај многу современици предизвикувал фактот што цар Фердинанд испратил венец за да биде положен врз гробот на Сандански, наскоро откако бил убиен. Венецот е положен од Иван Вапацаров, родум од Банско (таткото на поетот Никола Вапцаров, четникувал во четата на Сандански). Самиот Вапцаров повторуваше дека таа работа никако не може да ја разбере – цар Фердинанд испраќа венец за Сандански“.
Како и да е, мешањето на Фердинанд во внатрешните работи на македонското револуционерно движење носело само несреќа за Македонија и за македонскиот народ. Македонската револуционерна организација изгубила драгоцено време во борбата со Цончевистите и со врховизмот, во чие создавање учествувал и самиот Фердинанд. (Користени се податоци од статија на Википедија)

The post И таткото на цар Борис ќе добие културен клб – „Цар Фердинанд“ ќе шири бугарштина во Богданци appeared first on Република.

]]>
Со изложба затворена 15. јубилејна графичка работилница во Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozba-zatvorena-15-jubilejna-grafichka-rabotilnica-vo-bogdanci/ Fri, 02 Sep 2022 12:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=546780

Со голема изложба на сите дела изработени изминативе десетина дена во Богданци, синоќа заврши годинашната 15. јубилејна Графичка работилница.

Изложбата во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци е заокружување на традиционалната работилница, која од самиот почеток се одржува во печатницата „Софија“.

Годинава тука престојуваа 18 студентите од завршните години од додипломските и постдипломските студии на факултетите и академиите за уметност од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите, затоа што тие доаѓаат по препорака токму на своите професори.

Со години слушам од моите студенти силни впечатоци за тоа како се работи тука, на Графичката работилница во Богданци. Среќен сум што сум ментор токму на јубилејното издание и што лично се уверив во значењето на овој центар – подвлече проф. Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија.

Младите графичари работеа во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, со што уште еднаш се потврди дека Работилница е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност.

Работилницата е едно од најзначајните нешта во целиот мој работен век, нешто на што сум особено горд, бидејќи опстојува цели 15 години – истакна на синоќешната изложба проф. Костадин Танчев Динка, претседател на Советот на Здружението „Графичка работилница“.

Во Боданци, во изминативе 15 години гостувале ментори од сите значајни академски центри од регионот, а твореле повеќе од 200 уметници, кои оставиле фонд од околу 500 дела.

Завршната изложба на Графичката работилница традиционално се одржува во Домот на културата и тоа дава силен печат на нашиот град – истакна директорот на Домот, Бранко Сапламаев.

Претседателот на здружението „Графичка работилница - Софија“, Виктор Семенпеев на учесниците им додели благодарници и мапа со дела изработени од нив самите. Секој графичар доби траен спомен – збирка графики од своите колеги, со кои заедно создаваа.

Во знак на благодарност за соработката, графика доби и градоначалникот на Богданци Блашко Шапов.

 

The post Со изложба затворена 15. јубилејна графичка работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>

Со голема изложба на сите дела изработени изминативе десетина дена во Богданци, синоќа заврши годинашната 15. јубилејна Графичка работилница. Изложбата во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци е заокружување на традиционалната работилница, која од самиот почеток се одржува во печатницата „Софија“. Годинава тука престојуваа 18 студентите од завршните години од додипломските и постдипломските студии на факултетите и академиите за уметност од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите, затоа што тие доаѓаат по препорака токму на своите професори.
Со години слушам од моите студенти силни впечатоци за тоа како се работи тука, на Графичката работилница во Богданци. Среќен сум што сум ментор токму на јубилејното издание и што лично се уверив во значењето на овој центар – подвлече проф. Јохан Јотов од Националната академија за ликовни уметности во Софија.
Младите графичари работеа во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, со што уште еднаш се потврди дека Работилница е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност.
Работилницата е едно од најзначајните нешта во целиот мој работен век, нешто на што сум особено горд, бидејќи опстојува цели 15 години – истакна на синоќешната изложба проф. Костадин Танчев Динка, претседател на Советот на Здружението „Графичка работилница“.
Во Боданци, во изминативе 15 години гостувале ментори од сите значајни академски центри од регионот, а твореле повеќе од 200 уметници, кои оставиле фонд од околу 500 дела.
Завршната изложба на Графичката работилница традиционално се одржува во Домот на културата и тоа дава силен печат на нашиот град – истакна директорот на Домот, Бранко Сапламаев.
Претседателот на здружението „Графичка работилница - Софија“, Виктор Семенпеев на учесниците им додели благодарници и мапа со дела изработени од нив самите. Секој графичар доби траен спомен – збирка графики од своите колеги, со кои заедно создаваа. Во знак на благодарност за соработката, графика доби и градоначалникот на Богданци Блашко Шапов.  

The post Со изложба затворена 15. јубилејна графичка работилница во Богданци appeared first on Република.

]]>
Загина мопедист при тежок судир кај Богданци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-mopedist-pri-tezok-sudir-kaj-bogdanci/ Sun, 12 Jun 2022 14:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=514143

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил во на регионалниот пат – обиколница Богданци.

Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) од село Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г. (41) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

The post Загина мопедист при тежок судир кај Богданци appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа меѓу мопед и автомобил во на регионалниот пат – обиколница Богданци. Несреќата, како што соопшти МВР, се случила ноќеска во 01:00 часот, на регионалниот пат – обиколница Богданци, на крстосница кај место викано „Луда Мара“, помеѓу мопед „баотиан-БТ49“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (46) од село Стојаково и патничко возило „форд мондео“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Р.Г. (41) од Нов Дојран. На местото на несреќата починал возачот на мопедот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

The post Загина мопедист при тежок судир кај Богданци appeared first on Република.

]]>