Боемска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boemska-vecher/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 12:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Боемска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boemska-vecher/ 32 32 Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: Боемска вечер со Живко Динев и пријателите https://arhiva3.republika.mk/scena/vo-ramkite-na-godineshniov-strumitsa-open-2023-boemska-vecher-so-zhivko-dinev-i-prijatelite/ Tue, 25 Jul 2023 12:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=665112

Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни.

По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица и кавер верзиите на грст познати песни со познати македонски музичари, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Имено во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, харизматичниот Жика ќе има своја, таканаречена „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“.

Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели – специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки – виолина (екс – Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари, а покрај несомнено загарантираната забава, кон целиот хепенинг ќе се придружат и петте околни ресторани, односно угостителски објекти кои се во кругот и тоа: „Шалом“, Хепинес“, „Елизабет“, „Бонита“ и „Вила парк“. Тие со својата богата угостителска понуда и услга, вечерта ќе ја збогатат служејќи ги присутните гости на масите со вкусни јадења, познати специјалитети и бројни пијалоци, додека на бината се изведуваат мноштво познати македонски и балкански боемски песни, од внимателно избраниот репертоар за таа вечер. Онака како што и доликува на боемштината – со дружба, песна, закуска и пијалак, да се наздрави за радост, среќа и само убавини во животот.

Во меѓувреме, Жика и екипата заедно со неговите гости како вистински професионалци сериозно си ја сфатиле работата па сите онака собрани колку и да го владеат музицирањето, тргнале да го обноват материјалот, зашто ако „повторувањето е мајка на знаењето“, увежбаноста и уиграноста до перфекција, се исто толку важни во музиката.

„Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи во градскиот парк (чешмичка) утревечер, на 26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“.

The post Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: Боемска вечер со Живко Динев и пријателите appeared first on Република.

]]>

Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица и кавер верзиите на грст познати песни со познати македонски музичари, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Имено во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, харизматичниот Жика ќе има своја, таканаречена „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“. Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели – специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки – виолина (екс – Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари, а покрај несомнено загарантираната забава, кон целиот хепенинг ќе се придружат и петте околни ресторани, односно угостителски објекти кои се во кругот и тоа: „Шалом“, Хепинес“, „Елизабет“, „Бонита“ и „Вила парк“. Тие со својата богата угостителска понуда и услга, вечерта ќе ја збогатат служејќи ги присутните гости на масите со вкусни јадења, познати специјалитети и бројни пијалоци, додека на бината се изведуваат мноштво познати македонски и балкански боемски песни, од внимателно избраниот репертоар за таа вечер. Онака како што и доликува на боемштината – со дружба, песна, закуска и пијалак, да се наздрави за радост, среќа и само убавини во животот. Во меѓувреме, Жика и екипата заедно со неговите гости како вистински професионалци сериозно си ја сфатиле работата па сите онака собрани колку и да го владеат музицирањето, тргнале да го обноват материјалот, зашто ако „повторувањето е мајка на знаењето“, увежбаноста и уиграноста до перфекција, се исто толку важни во музиката. „Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи во градскиот парк (чешмичка) утревечер, на 26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“.

The post Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: Боемска вечер со Живко Динев и пријателите appeared first on Република.

]]>