бодибилдер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bodibilder/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 13:29:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бодибилдер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bodibilder/ 32 32 Сега си секако на поубаво место: Почина бодибилдерот Мирко Петровски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sega-si-sekako-na-poubavo-mesto-pochina-bodibilderot-mirko-petrovski/ Wed, 06 Mar 2024 13:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=751921

Почина професионалниот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски.

Веста за неговата смрт ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо.

Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани. Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар. Мирче мој, вечна ти слава, напиша Панчо.

The post Сега си секако на поубаво место: Почина бодибилдерот Мирко Петровски appeared first on Република.

]]>

Почина професионалниот бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Веста за неговата смрт ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо. Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани. Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар. Мирче мој, вечна ти слава, напиша Панчо.

The post Сега си секако на поубаво место: Почина бодибилдерот Мирко Петровски appeared first on Република.

]]>
„Не ме интересира тоа гомно!“: Таткото не сака да го земе телото на убиецот од Градачац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-me-interesira-toa-gomno-tatkoto-ne-saka-da-go-zeme-teloto-na-ubietsot-od-gradachats/ Tue, 15 Aug 2023 09:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=672244

Никој не сака да го преземе телото на бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој пред четири дена изврши масакр во Градачац, БиХ. Дури ни неговиот татко.

Како што дознава „Аваз“, негови пријатели изјавиле дека таткоторекол: „Не ме интересира тоа гомно“.

Убиените татко и син, Џенгиз и Денис Ондер, денеска ќе бидат погребани на гробиштата Сехитлуча. Неговата сопруга, Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера на гробиштата кај Градачац.

Сулејмановиќ ги рани и сопругата на Џенгиз, Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и Недим Памуковиќ. Тој го сними монструозниот чин на убиство на сопругата и го објави на Инстаграм.

После тоа со автомобил се упати до фарма во близина на Градачац, каде опкружен од полициски сили извршил самоубиство.

Сега се поставува прашањето каде и кога ќе биде погребан Сулејмановиќ.

 

The post „Не ме интересира тоа гомно!“: Таткото не сака да го земе телото на убиецот од Градачац appeared first on Република.

]]>

Никој не сака да го преземе телото на бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој пред четири дена изврши масакр во Градачац, БиХ. Дури ни неговиот татко. Како што дознава „Аваз“, негови пријатели изјавиле дека таткоторекол: „Не ме интересира тоа гомно“. Убиените татко и син, Џенгиз и Денис Ондер, денеска ќе бидат погребани на гробиштата Сехитлуча. Неговата сопруга, Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера на гробиштата кај Градачац. Сулејмановиќ ги рани и сопругата на Џенгиз, Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и Недим Памуковиќ. Тој го сними монструозниот чин на убиство на сопругата и го објави на Инстаграм. После тоа со автомобил се упати до фарма во близина на Градачац, каде опкружен од полициски сили извршил самоубиство. Сега се поставува прашањето каде и кога ќе биде погребан Сулејмановиќ.  

The post „Не ме интересира тоа гомно!“: Таткото не сака да го земе телото на убиецот од Градачац appeared first on Република.

]]>
Љубовницата-полицајка му открила на Сулејмановиќ каде се крие бившата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lubovnitsata-politsajka-mu-otkrila-na-sulejmanovik-kade-se-krie-bivshata-sopruga/ Mon, 14 Aug 2023 19:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=672138

Во тек е истрага кој од вработените во Министерството за внатрешни работи во БиХ го известил Немрин Сулејмановиќ каде се наоѓа  неговата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ, која се криела кај нејзината тетка и каква улога Џенана Селимовиќ, полицајка на ПУ Градачац има во случајот со крвавиот пир на бодибилдерот кој во живо на Инстаграм уби три лица, рани тројца, а потоа по повеќечасовна потрага се самоуби.

Како што неофицијално дознава „Аваз“, Сулејмановиќ бил во љубовна врска со полицајката Селимовиќ, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја пријавила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка.

На Селимовиќ, која моментално е надвор од границите на БиХ, поточно на одмор во Италија, засега ѝ се заканува само суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сведочење.

Сулејмановиќ е осудуван за разни кривични дела, меѓу другото, пред околу 15 години осуден е за обид за убиство, за што Џенана Селимовиќ знаела.

Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди, соопштија претходно од Обвинителството ТК.

Селимовиќ како полицаец била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај.

Како што дознава „Аваз“, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец, кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.

The post Љубовницата-полицајка му открила на Сулејмановиќ каде се крие бившата сопруга appeared first on Република.

]]>

Во тек е истрага кој од вработените во Министерството за внатрешни работи во БиХ го известил Немрин Сулејмановиќ каде се наоѓа  неговата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ, која се криела кај нејзината тетка и каква улога Џенана Селимовиќ, полицајка на ПУ Градачац има во случајот со крвавиот пир на бодибилдерот кој во живо на Инстаграм уби три лица, рани тројца, а потоа по повеќечасовна потрага се самоуби. Како што неофицијално дознава „Аваз“, Сулејмановиќ бил во љубовна врска со полицајката Селимовиќ, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја пријавила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка. На Селимовиќ, која моментално е надвор од границите на БиХ, поточно на одмор во Италија, засега ѝ се заканува само суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзиното сведочење. Сулејмановиќ е осудуван за разни кривични дела, меѓу другото, пред околу 15 години осуден е за обид за убиство, за што Џенана Селимовиќ знаела.
Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на безбедноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди, соопштија претходно од Обвинителството ТК.
Селимовиќ како полицаец била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај. Како што дознава „Аваз“, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец, кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.

The post Љубовницата-полицајка му открила на Сулејмановиќ каде се крие бившата сопруга appeared first on Република.

]]>
Босна излезе на улица по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bosna-izleze-na-ulitsa-po-brutalnoto-ubistvo-na-nizama-hekimovik/ Mon, 14 Aug 2023 18:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=672125

Во повеќе градови низ Босна и Херцеговина се одржаа протести против насилството врз жените по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац во петокот, на 11 август.

На протестната прошетка во Сараево се одзваа голем број граѓани, кои излегоа на улиците да го покажат својот гнев и длабока тага поради бруталното убиство што ја потресе цела Босна и Херцеговина.

Покрај голем број граѓани, на протестот се огласија и Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во БиХ и Рамо Исак, министерот за внатрешни работи на ентитетот БиХ Федерација БиХ, на повик на од градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ.

Градоначалничката Кариќ побара властите да го зголемат капацитетот на сигурните куќи за жртви на насилство, повика на институционална поддршка преку системот за социјална заштита, побара законодавните тела да донесат регулативи кои ефективно ќе го контролираат објавувањето на содржина што промовира или поттикнува насилство. Исто така, градоначалничката ги повика жртвите на насилство, како и сите други кои имаат информации за насилството, да бидат одговорни и веднаш да го пријават насилството за да се спречи ескалација со трагични исходи.

Владите, министерствата и другите релевантни субјекти, како што рече, мора да обезбедат ефикасна заштита на жртвите на насилство, во делот на интервентни дејствија по поднесените извештаи, како и заштита на оние што пријавиле насилство.

Кариќ истакна дека е потребен драстично построг пристап во случај на повторување или ескалација на насилството. Таа рече дека фемицидот треба да се дефинира како посебно кривично дело. Градоначалничката посочи дека образовните и верските институции треба да го преземат својот дел од одговорноста и да посветат посебно внимание на едукацијата на младите во насока на промовирање на ненасилството во семејството и заедницата. Таа додаде дека итно треба да се преземат активности за проширување на капацитетите на затворите, со цел сите сторители на кривични дела да можат да влезат во затвор веднаш откако ќе бидат осудени на затворска казна.

Протестни прошетки се одржаа во Зеница, Мостар, Тузла и некои други градови во Босна и Херцеговина.

Денеска во Градачац се одржа погребната молитва за Низама Хеќимовиќ, а на погребот присуствуваа стотици луѓе кои дојдоа да и оддадат последна почит.  Таа во петокот беше брутално претепана, а потоа убиена од својот партнер Нермин Сулејмановиќ, кој сето тоа го пренесуваше во живо на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа уби уште две и рани три лица. Тој се самоуби откако полицијата го лоцираше.

The post Босна излезе на улица по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ appeared first on Република.

]]>

Во повеќе градови низ Босна и Херцеговина се одржаа протести против насилството врз жените по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац во петокот, на 11 август. На протестната прошетка во Сараево се одзваа голем број граѓани, кои излегоа на улиците да го покажат својот гнев и длабока тага поради бруталното убиство што ја потресе цела Босна и Херцеговина. Покрај голем број граѓани, на протестот се огласија и Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во БиХ и Рамо Исак, министерот за внатрешни работи на ентитетот БиХ Федерација БиХ, на повик на од градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ. Градоначалничката Кариќ побара властите да го зголемат капацитетот на сигурните куќи за жртви на насилство, повика на институционална поддршка преку системот за социјална заштита, побара законодавните тела да донесат регулативи кои ефективно ќе го контролираат објавувањето на содржина што промовира или поттикнува насилство. Исто така, градоначалничката ги повика жртвите на насилство, како и сите други кои имаат информации за насилството, да бидат одговорни и веднаш да го пријават насилството за да се спречи ескалација со трагични исходи. Владите, министерствата и другите релевантни субјекти, како што рече, мора да обезбедат ефикасна заштита на жртвите на насилство, во делот на интервентни дејствија по поднесените извештаи, како и заштита на оние што пријавиле насилство. Кариќ истакна дека е потребен драстично построг пристап во случај на повторување или ескалација на насилството. Таа рече дека фемицидот треба да се дефинира како посебно кривично дело. Градоначалничката посочи дека образовните и верските институции треба да го преземат својот дел од одговорноста и да посветат посебно внимание на едукацијата на младите во насока на промовирање на ненасилството во семејството и заедницата. Таа додаде дека итно треба да се преземат активности за проширување на капацитетите на затворите, со цел сите сторители на кривични дела да можат да влезат во затвор веднаш откако ќе бидат осудени на затворска казна. Протестни прошетки се одржаа во Зеница, Мостар, Тузла и некои други градови во Босна и Херцеговина. Денеска во Градачац се одржа погребната молитва за Низама Хеќимовиќ, а на погребот присуствуваа стотици луѓе кои дојдоа да и оддадат последна почит.  Таа во петокот беше брутално претепана, а потоа убиена од својот партнер Нермин Сулејмановиќ, кој сето тоа го пренесуваше во живо на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа уби уште две и рани три лица. Тој се самоуби откако полицијата го лоцираше.

The post Босна излезе на улица по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ appeared first on Република.

]]>
Ми кажа „Имаш пола час да дојдеш по детето“: Низ солзи раскажува сопственикот на теретаната во која вежбал убиецот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mi-kazha-imash-pola-chas-da-dojdesh-po-deteto-niz-solzi-raskazhuva-sopstvenikot-na-teretanata-vo-koja-vezhbal-ubietsot/ Mon, 14 Aug 2023 16:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=672094

Сопственикот на теретаната во која вежбал убиецот-бодибилдер, Емир Џиновиќ, инаку негов пријател и деловен партнер, во видео интервју за „Дневни аваз“ открива што се случувало во часовите додека тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ беснеел. Тој раскажува како успеал да го земи бебето на сега убиената Низама.

Прво ме разбуди татко ми и рече дека нешто се случило. Станав, видов повик од Нермин. Ми рече да вклучам Инстаграм и ја спуштив слушалката. Отидов на Инстаграм. Тоа што го направи беше животински чин. Кога заврши во живо, ми се јави и ме праша – ќе ми го земеш детето? Се согласив, му реков да не му прави ништо на детето. Ми рече да дојдам за половина час или детето ќе умре, детето се лекува во турска болница, не примило терапија и секоја секунда е важна, раскажува Џиновиќ.

Тој вели дека со татко му отишол во полициска станица, а потоа со полиција на локацијата каде што го испратил Сулејмановиќ. Таму го зел бебето во раце и истрчал во шумата.

Кога стигнавме, ни се чинеше дека детето лежи неподвижно, потоа слушнавме звук. Ја зедов и истрчавме во шумата, јас и полицајците и чекавме автомобилот да дојде да не земе, рече тој.

https://youtu.be/7y1XDITLuGU?si=vdy7jkyMp_Eq9ai2

The post Ми кажа „Имаш пола час да дојдеш по детето“: Низ солзи раскажува сопственикот на теретаната во која вежбал убиецот appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на теретаната во која вежбал убиецот-бодибилдер, Емир Џиновиќ, инаку негов пријател и деловен партнер, во видео интервју за „Дневни аваз“ открива што се случувало во часовите додека тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ беснеел. Тој раскажува како успеал да го земи бебето на сега убиената Низама.
Прво ме разбуди татко ми и рече дека нешто се случило. Станав, видов повик од Нермин. Ми рече да вклучам Инстаграм и ја спуштив слушалката. Отидов на Инстаграм. Тоа што го направи беше животински чин. Кога заврши во живо, ми се јави и ме праша – ќе ми го земеш детето? Се согласив, му реков да не му прави ништо на детето. Ми рече да дојдам за половина час или детето ќе умре, детето се лекува во турска болница, не примило терапија и секоја секунда е важна, раскажува Џиновиќ.
Тој вели дека со татко му отишол во полициска станица, а потоа со полиција на локацијата каде што го испратил Сулејмановиќ. Таму го зел бебето во раце и истрчал во шумата.
Кога стигнавме, ни се чинеше дека детето лежи неподвижно, потоа слушнавме звук. Ја зедов и истрчавме во шумата, јас и полицајците и чекавме автомобилот да дојде да не земе, рече тој.
https://youtu.be/7y1XDITLuGU?si=vdy7jkyMp_Eq9ai2

The post Ми кажа „Имаш пола час да дојдеш по детето“: Низ солзи раскажува сопственикот на теретаната во која вежбал убиецот appeared first on Република.

]]>
Се уби бодибилдерот, монструм од Градашац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-ubi-bodibilderot-monstrum-od-gradashats/ Fri, 11 Aug 2023 12:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=671147

Нермин Сулејмановиќ кој во Градашац ја уби сопругата и уште двајца луѓе, а видеото од убиството го објави на Инстаграм во живо, изврши самоубиство, потврдено е за порталот Аваз.

 

The post Се уби бодибилдерот, монструм од Градашац appeared first on Република.

]]>

Нермин Сулејмановиќ кој во Градашац ја уби сопругата и уште двајца луѓе, а видеото од убиството го објави на Инстаграм во живо, изврши самоубиство, потврдено е за порталот Аваз.  

The post Се уби бодибилдерот, монструм од Градашац appeared first on Република.

]]>
Ова е сопругата која ја уби бодибилдерот: Додека полицијата го бара за тројно убиство, тој објавува фотографии https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ova-e-soprugata-koja-ja-ubi-bodibilderot-dodeka-politsijata-go-bara-za-trojno-ubistvo-toj-objavuva-fotografii/ Fri, 11 Aug 2023 12:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=671133

Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ кого полицијата од Градашац, го бара за тројно убиство, откако се вклучил во живо на Инстаграм, каде го признава злосторството, објавил и две фотографии.

На едната е со бебето и сопругата, која ја убил во живо, пренесувајќи на Инстаграм, а на другата е сам со детото.

The post Ова е сопругата која ја уби бодибилдерот: Додека полицијата го бара за тројно убиство, тој објавува фотографии appeared first on Република.

]]>

Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ кого полицијата од Градашац, го бара за тројно убиство, откако се вклучил во живо на Инстаграм, каде го признава злосторството, објавил и две фотографии. На едната е со бебето и сопругата, која ја убил во живо, пренесувајќи на Инстаграм, а на другата е сам со детото.

The post Ова е сопругата која ја уби бодибилдерот: Додека полицијата го бара за тројно убиство, тој објавува фотографии appeared first on Република.

]]>
Ја убив жена ми, татко и син, имам уште луѓе да убивам: Тројниот убиец се вклучил во живо на Инстаграм https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ja-ubiv-zhena-mi-tatko-i-sin-imam-ushte-luge-da-ubivam-trojniot-ubiets-se-vkluchil-vo-zhivo-na-instagram/ Fri, 11 Aug 2023 11:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=671127

Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој е осомничен дека ја убил сопругата и се во живо пренесувал на Инстаграм, штотуку во живо се обрати на своите следбеници, додека полицијата трага по него.

Тој признал дека за време на бегството, убил уште две лица, татко и син, бидејќи му се нашле на патот.

Пукав во полицаец, ама  ми избега, не можев да го стигнам. Бебето е на сигурно. Предупредував на ова, никој не сфаќаше сериозно. Не сум балавец, некој да крие дете од мене и да ме пријавува на полиција. Само сакав семејство, сега бебето  ќе биде без двајцата родители - рекол за време на уклучувањето во живо на Инстаграм.

The post Ја убив жена ми, татко и син, имам уште луѓе да убивам: Тројниот убиец се вклучил во живо на Инстаграм appeared first on Република.

]]>

Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој е осомничен дека ја убил сопругата и се во живо пренесувал на Инстаграм, штотуку во живо се обрати на своите следбеници, додека полицијата трага по него. Тој признал дека за време на бегството, убил уште две лица, татко и син, бидејќи му се нашле на патот. Пукав во полицаец, ама  ми избега, не можев да го стигнам. Бебето е на сигурно. Предупредував на ова, никој не сфаќаше сериозно. Не сум балавец, некој да крие дете од мене и да ме пријавува на полиција. Само сакав семејство, сега бебето  ќе биде без двајцата родители - рекол за време на уклучувањето во живо на Инстаграм.

The post Ја убив жена ми, татко и син, имам уште луѓе да убивам: Тројниот убиец се вклучил во живо на Инстаграм appeared first on Република.

]]>
Бодибилдерот Ивица Јанев освои 6 злата и 2 титули на двата натпревари во Србија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/bodibilderot-ivitsa-janev-osvoi-6-zlata-i-2-tituli-na-dvata-natprevari-vo-srbija/ Mon, 03 Apr 2023 12:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=626743

Maкедонскиот фитнес-тренер и бодибилдер Ивица Јанев ги освои Diamond cup во Србија, а потоа и Трофеј во Чачак. Викендов тој освои 6 злата и 2 титули Апсолутен победник и Про карта од 2 натпревари од интернационален карактер што се одржаа во Србија.

Ивица во Србија, Чачак учествуваше на интернационалниот бодибилдинг натпревар Diamond cup, каде беше прогласен за апсолутен шампион на натпреварот, во организација на највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Свет IFBB.

На овој прв интернационален натпревар од ваков восок карактер учествуваа над 200 преставници од повеке земји од регионот и пошироко. Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Австрија, Бугарија, Турција, Молодавиа, Романија, Унгарија, Украина и нашиот Ивица како единствен преставник од Македонија.

Јанев целосно издоминира на овој натпревар освојувајки 3 златни медали и Титула Апсолутен шампион добивајќи и ПРО карта од Диамантскиот куп во Чачак и Професионална Карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот.

Додека нареднипт ден беше првиот Бодибилдинг натпревар во Србија од отворен карактер, познатиот Трофеј на Чачак кој воедно е втор натпревар тој викенд а претставува квалификации за Балканско и Европско во Србија.

Ивица ги повтори своите достигнувања од претходниот ден освојувајки 3 злата и станувајќи Апсолутен победник на Трофеј на Чачак!

Тој во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград додека 2019 беше државен шампион во Бодибилдинг до 90кг во Македонија и воедно и апсолутен државен шампион за 2019.

Истата 2019 година Ивица стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, Златна ера на Бодибилдинг.

Тој споделува повеќе фотографии од натпреварот, а се гледа дека по освоените трофеи први што му честитале биле сопругата и синчето.

 

The post Бодибилдерот Ивица Јанев освои 6 злата и 2 титули на двата натпревари во Србија appeared first on Република.

]]>

Maкедонскиот фитнес-тренер и бодибилдер Ивица Јанев ги освои Diamond cup во Србија, а потоа и Трофеј во Чачак. Викендов тој освои 6 злата и 2 титули Апсолутен победник и Про карта од 2 натпревари од интернационален карактер што се одржаа во Србија. Ивица во Србија, Чачак учествуваше на интернационалниот бодибилдинг натпревар Diamond cup, каде беше прогласен за апсолутен шампион на натпреварот, во организација на највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Свет IFBB. На овој прв интернационален натпревар од ваков восок карактер учествуваа над 200 преставници од повеке земји од регионот и пошироко. Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Австрија, Бугарија, Турција, Молодавиа, Романија, Унгарија, Украина и нашиот Ивица како единствен преставник од Македонија. Јанев целосно издоминира на овој натпревар освојувајки 3 златни медали и Титула Апсолутен шампион добивајќи и ПРО карта од Диамантскиот куп во Чачак и Професионална Карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот. Додека нареднипт ден беше првиот Бодибилдинг натпревар во Србија од отворен карактер, познатиот Трофеј на Чачак кој воедно е втор натпревар тој викенд а претставува квалификации за Балканско и Европско во Србија. Ивица ги повтори своите достигнувања од претходниот ден освојувајки 3 злата и станувајќи Апсолутен победник на Трофеј на Чачак! Тој во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград додека 2019 беше државен шампион во Бодибилдинг до 90кг во Македонија и воедно и апсолутен државен шампион за 2019. Истата 2019 година Ивица стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, Златна ера на Бодибилдинг. Тој споделува повеќе фотографии од натпреварот, а се гледа дека по освоените трофеи први што му честитале биле сопругата и синчето.  

The post Бодибилдерот Ивица Јанев освои 6 злата и 2 титули на двата натпревари во Србија appeared first on Република.

]]>