Бочварски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bochvarski/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 14:01:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бочварски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bochvarski/ 32 32 Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар – Букојчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dhaferi-bochvarski-i-rustemi-na-uvid-na-delnitsata-gostivar-bukojchani/ Fri, 01 Mar 2024 14:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=750090

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, придружувани од заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, денеска извршија увид во изградбата на автопатска делница на Коридорот 8, од Гостивар до Букојчани.

 

На средбата со претставници со изведувачот и со надзорот беа информирани со динамиката на изградбата на делниците на Коридор 8.

 

„Од денес па натаму, граѓаните ќе можат конкретно да ги видат активностите од спроведувањето на проектот. Изведувачот на работите не е непознат, имајќи предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде. Како Влада, обезбедуваме предуслови за работите да течат непречено. Мислам дека сите сме имале можност да поминеме по патиштата кои ги имаат изградено досега. Во тој контекст, не се сомневам за нивниот квалитет и капацитет да го направат најдоброто. Проектот ја опфаќа делницата Тетово–Гостивар–Кичево, Требениште–Ќафасан. На албанска страна веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот Коридор 8 е врска меѓу Јадранот и Црното Море, што го прави овој Коридор од особена важност“ – изјави претседателот на Владата, Џафери.

 

Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.

 

„Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и  градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар - Букојчани  и за Прилеп - Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна модерна и квалитетна патна мрежа.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми истакна дека дополнително очекува интензивирање на работите со отворање на градежната сезона.

 

„Започнати се видливи градежни активности, при што веќе интензивно се врши експропријација на земјиштето, а Изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи, како и други неопходни активности. Во моментов, се работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани, каде што се работи на ископ со минирање на главната траса, на земјени работи за поставување на дробилка, на подготвителни активности за поставување на бетонска база, на производство на префабрикувани елементи за изведба на пропуст кај реката Вардар, на изградба на сервисен пат, како и на поставување на времена сигнализација за сервисниот пат. Поодминати активности има и на делницата Тетово – Гостивар.“ – изјави директорот Рустеми.

 

Џош Бејкер, главен проект менаџер од компанијата Бехтел, истакна дека имаат одлична комуникација и соработка со државата и институциите и отворен фронт за работа на повеќе точки.

 

„Нашиот тим во моментот брои повеќе од 450 вработени во Бехтел и Енка и мило ми е што можам да истакнам дека повеќе од 50% од тие вработени се луѓе од тука, од локалното население. До сега обезбедивме повеќе од 300 машини и тие работат на овој проект и очекувам тој број да се зголемува. Наша цел е да работиме што повеќе со домашните компании, во моментов имаме повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75% од тие фирми се од Македонија. Веќе подолго време работиме на ископување на секција 2, како што може да видите позади нас, а од денеска вршиме ископувања и на секција 1, односно на трасата Тетово – Гостивар.“ – изјави Бејкер.

 

Изградбата на Коридорите 8 и 10-Д е стратешки проект на Македонија заради интеграција во европските транспортни мрежи, како и за развој на домашната економија.

 

Денешната работна посета на Гостивар се заокружи со увид во реконструкцијата на локалниот пат Здуње – Дебреше, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од речиси 18 милиони денари.

 

 

The post Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар – Букојчани appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, придружувани од заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, денеска извршија увид во изградбата на автопатска делница на Коридорот 8, од Гостивар до Букојчани.   На средбата со претставници со изведувачот и со надзорот беа информирани со динамиката на изградбата на делниците на Коридор 8.   „Од денес па натаму, граѓаните ќе можат конкретно да ги видат активностите од спроведувањето на проектот. Изведувачот на работите не е непознат, имајќи предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде. Како Влада, обезбедуваме предуслови за работите да течат непречено. Мислам дека сите сме имале можност да поминеме по патиштата кои ги имаат изградено досега. Во тој контекст, не се сомневам за нивниот квалитет и капацитет да го направат најдоброто. Проектот ја опфаќа делницата Тетово–Гостивар–Кичево, Требениште–Ќафасан. На албанска страна веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот Коридор 8 е врска меѓу Јадранот и Црното Море, што го прави овој Коридор од особена важност“ – изјави претседателот на Владата, Џафери.   Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.   „Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и  градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар - Букојчани  и за Прилеп - Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна модерна и квалитетна патна мрежа.“ – изјави министерот Бочварски.   Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми истакна дека дополнително очекува интензивирање на работите со отворање на градежната сезона.   „Започнати се видливи градежни активности, при што веќе интензивно се врши експропријација на земјиштето, а Изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи, како и други неопходни активности. Во моментов, се работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани, каде што се работи на ископ со минирање на главната траса, на земјени работи за поставување на дробилка, на подготвителни активности за поставување на бетонска база, на производство на префабрикувани елементи за изведба на пропуст кај реката Вардар, на изградба на сервисен пат, како и на поставување на времена сигнализација за сервисниот пат. Поодминати активности има и на делницата Тетово – Гостивар.“ – изјави директорот Рустеми.   Џош Бејкер, главен проект менаџер од компанијата Бехтел, истакна дека имаат одлична комуникација и соработка со државата и институциите и отворен фронт за работа на повеќе точки.   „Нашиот тим во моментот брои повеќе од 450 вработени во Бехтел и Енка и мило ми е што можам да истакнам дека повеќе од 50% од тие вработени се луѓе од тука, од локалното население. До сега обезбедивме повеќе од 300 машини и тие работат на овој проект и очекувам тој број да се зголемува. Наша цел е да работиме што повеќе со домашните компании, во моментов имаме повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75% од тие фирми се од Македонија. Веќе подолго време работиме на ископување на секција 2, како што може да видите позади нас, а од денеска вршиме ископувања и на секција 1, односно на трасата Тетово – Гостивар.“ – изјави Бејкер.   Изградбата на Коридорите 8 и 10-Д е стратешки проект на Македонија заради интеграција во европските транспортни мрежи, како и за развој на домашната економија.   Денешната работна посета на Гостивар се заокружи со увид во реконструкцијата на локалниот пат Здуње – Дебреше, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со вкупна инвестиција од речиси 18 милиони денари.    

The post Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар – Букојчани appeared first on Република.

]]>
Министерство за транспорт и врски: Арсовска нека не не вовлекува во евтин политички фолклор, 72 дена не одговорила на бараното мислење https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ministerstvo-za-transport-i-vrski-arsovska-neka-ne-ne-vovlekuva-vo-evtin-politichki-folklor-72-dena-ne-odgovorila-na-baranoto-mislene/ Mon, 19 Feb 2024 19:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=745833

Министерството за транспорт реагира на прес-конференцијата на градоначалничката Арсовска.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ги отфрламе паушалните и лажни обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која уште еднаш покажа дека од Градот Скопје направи нефукционална институција. Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место и на други теми и да не го вовлекува Министерството за транспорт и врски во креирањето на урбанистичките планови кои согласно закон се во изворна надлежност на општините“, велат од транспорт.

Министерството за транспорт и врски не е институција која носи урбанистички планови, ниту пак се меша во просторниот развој на општните. Ако Данела Арсовска не го знае ова, нека се информира подобро од професионалци кои се занимаваат со оваа дејност. Според увидот што го направи Министерството за транспорт и врски во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП. Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електорнска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење. Потенцираме, цели 72 дена, односно 51 работен ден Град Скопје не одговорил на барањето. Ако од Град Скопје сметале дека планот не треба да биде донесен, имале законска можност дури пет пати и 72 дена да се произнесат негативно. Исто така сакаме да информираме дека во текот на постапката, Општината дури четири пати го доставила овој план до Минисерството за транспорт и врски, од кои три пати министерството даде известување со недостатоци, додека четвртиот пат општината ги корегира сите зададени забелешки. Согласно ваквиот тек на настаните, Комисијата за урбанизам при министерството за транспорт и врски водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање како и од Законот за урбанистичко планирање даде согласност на ДУП-от. На крај би потенцирале дека донесувањето на Урбаниситичките планови не е постапка која ја води Министерството за транспорт и врски, туку согласно домашната легислатива носењето е во надлежност на Советот на општината, односно советниците се тие кои го гласаат или не го гласаат урабнистичкиот план. Министертвото за транспорт и врски ќе продолжи да работи согласно законите во Македонија и нема да дозволиме поединци да го вовлекуваат во евтин политички фолклор“, се додава во реакцијата на министерството за транспорт испратеа до медиумите.

Според градските власти, пак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со денешната реакција дополнително го потврдил сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров се кријат коруптивни и криминални интереси

Во Македонија ниту владее ниту, пак, има изгледи правото да завладее во догледна иднина, велат од Град Скопје како одговор на реакцијата на Министерството за транспорт и врски.

Иако се повикува на закон, Бочварски како министер за транспорт и врски би требало да знае дека за да стави параф на согласност на ДУП во Градот Скопје мора, односно е неопходно да добие и согласност на конечен предлог-ДУП од страна на град Скопје“, се вели во реакцијата од Град Скопје испратена вечерва.

Дополнително, додаваат оттаму, Бочварски треба да одговори зошто при барање за одобрување на ДУП-ови од страна на други општини во Град Скопје, Министерството ги препраќа да достават два, три или повеќе пати согласност од градот Скопје и не им издал одобрение, но истото не го направил и за овој ДУП од Ѓорче Петров?

Бочварски треба да одговори и зошто не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој во член 36 став 1 децидно вели дека согласност од Град Скопје е неопходно да биде обезбедена пред Министерството да ја даде својата согласност? Бочварски, исто така, треба да одговори зошто се повикува на непостоечка одредба за наводни рокови, во обид да ги оправда своите постапки и лажно да ги претстави како исправни, а зошто во случаи со ДУП-ови од други општини каде што неговите диригенти Заев и Мицкоски немаат интерес, не постапил на истиот начин“, стои во соопштението.

Откако денеска градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција рече дека Советот на Општина Ѓорче Петров, без согласност од Град Скопје, викендов на седница изгласал измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“ се драстично зголемени од пет ката плус поткровје, на 20 ката плус поткровје, попладнево со реакција излегоа од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму рекоа дека се „паушални и лажни“ обвинувањата на скопската градоначалничка и додаваат дека, според увидот што го направиле во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП.

 

The post Министерство за транспорт и врски: Арсовска нека не не вовлекува во евтин политички фолклор, 72 дена не одговорила на бараното мислење appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт реагира на прес-конференцијата на градоначалничката Арсовска.
Сакаме да ја информираме јавноста дека ги отфрламе паушалните и лажни обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која уште еднаш покажа дека од Градот Скопје направи нефукционална институција. Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место и на други теми и да не го вовлекува Министерството за транспорт и врски во креирањето на урбанистичките планови кои согласно закон се во изворна надлежност на општините“, велат од транспорт. Министерството за транспорт и врски не е институција која носи урбанистички планови, ниту пак се меша во просторниот развој на општните. Ако Данела Арсовска не го знае ова, нека се информира подобро од професионалци кои се занимаваат со оваа дејност. Според увидот што го направи Министерството за транспорт и врски во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП. Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електорнска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење. Потенцираме, цели 72 дена, односно 51 работен ден Град Скопје не одговорил на барањето. Ако од Град Скопје сметале дека планот не треба да биде донесен, имале законска можност дури пет пати и 72 дена да се произнесат негативно. Исто така сакаме да информираме дека во текот на постапката, Општината дури четири пати го доставила овој план до Минисерството за транспорт и врски, од кои три пати министерството даде известување со недостатоци, додека четвртиот пат општината ги корегира сите зададени забелешки. Согласно ваквиот тек на настаните, Комисијата за урбанизам при министерството за транспорт и врски водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање како и од Законот за урбанистичко планирање даде согласност на ДУП-от. На крај би потенцирале дека донесувањето на Урбаниситичките планови не е постапка која ја води Министерството за транспорт и врски, туку согласно домашната легислатива носењето е во надлежност на Советот на општината, односно советниците се тие кои го гласаат или не го гласаат урабнистичкиот план. Министертвото за транспорт и врски ќе продолжи да работи согласно законите во Македонија и нема да дозволиме поединци да го вовлекуваат во евтин политички фолклор“, се додава во реакцијата на министерството за транспорт испратеа до медиумите.
Според градските власти, пак, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со денешната реакција дополнително го потврдил сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров се кријат коруптивни и криминални интереси
Во Македонија ниту владее ниту, пак, има изгледи правото да завладее во догледна иднина, велат од Град Скопје како одговор на реакцијата на Министерството за транспорт и врски.
Иако се повикува на закон, Бочварски како министер за транспорт и врски би требало да знае дека за да стави параф на согласност на ДУП во Градот Скопје мора, односно е неопходно да добие и согласност на конечен предлог-ДУП од страна на град Скопје“, се вели во реакцијата од Град Скопје испратена вечерва. Дополнително, додаваат оттаму, Бочварски треба да одговори зошто при барање за одобрување на ДУП-ови од страна на други општини во Град Скопје, Министерството ги препраќа да достават два, три или повеќе пати согласност од градот Скопје и не им издал одобрение, но истото не го направил и за овој ДУП од Ѓорче Петров?
Бочварски треба да одговори и зошто не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој во член 36 став 1 децидно вели дека согласност од Град Скопје е неопходно да биде обезбедена пред Министерството да ја даде својата согласност? Бочварски, исто така, треба да одговори зошто се повикува на непостоечка одредба за наводни рокови, во обид да ги оправда своите постапки и лажно да ги претстави како исправни, а зошто во случаи со ДУП-ови од други општини каде што неговите диригенти Заев и Мицкоски немаат интерес, не постапил на истиот начин“, стои во соопштението.
Откако денеска градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција рече дека Советот на Општина Ѓорче Петров, без согласност од Град Скопје, викендов на седница изгласал измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“ се драстично зголемени од пет ката плус поткровје, на 20 ката плус поткровје, попладнево со реакција излегоа од Министерството за транспорт и врски. Оттаму рекоа дека се „паушални и лажни“ обвинувањата на скопската градоначалничка и додаваат дека, според увидот што го направиле во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП.
 

The post Министерство за транспорт и врски: Арсовска нека не не вовлекува во евтин политички фолклор, 72 дена не одговорила на бараното мислење appeared first on Република.

]]>
Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ksifaras-gi-otvorame-prashanata-za-zaednichki-granichni-premini-i-povrzan-sistem-za-plakane-patarini/ Tue, 12 Dec 2023 09:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=722041

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.

 

Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.

 

Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.

 

Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.

 

„Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е  и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

The post Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.   Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.   Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.   Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.   „Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е  и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.   Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

The post Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини appeared first on Република.

]]>
Бочварски на средба со жителите на кавадаречко Мрежичко и Рожден, заврши првата фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-na-sredba-so-zhitelite-na-kavadarechko-mrezhichko-i-rozhden-zavrshi-prvata-faza-od-rehabilitatsijata-na-regionalniot-pat/ Thu, 24 Aug 2023 11:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=675340

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорите на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски, придружувани од пратениците од Кавадарци, Панчо Минов и Даниела Колева ги посетија Мрежичко и Рожден, каде заврши рехабилитацијата на дел од регионалниот пат кој ги поврзува овие населени места.

Градежните работи од првата фаза на рехабилитацијата на регионалниот пат од Мрежичко кон Рожден ги изврши ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

На средба со локалното население, министерот Бочварски потврди дека и наредната година ќе се обезбедат средства за продолжување на рехабилитацијата на овој регионален пат, а жителите се заблагодарија за поддршката, бидејќи со овој проект се решава едно повеќегодишно барање на локалното население од овој регион.

„Тоа што го ветивме заедно со директорите Рустеми и Ацевски, денеска е исполнето. Ме радува што ве гледам во толкав број, нашето присуство денеска тука заедно и со пратениците од Кавадарци е само потврда на нашите цврсти заложби и уште еден доказ дека за нас зборот што го даваме на жителите е врвен приоритет. Свесен сум од колкаво значење е овој патен правец за вас, затоа пристапивме со негова брза реализација. Минатата година го рехабилитиравме и патот кон населеното место Мушов Гроб, со што сметам дека со овие нови патни правци значително ја подобривме безбедноста за патување и го олеснивме вашето секојдневно функционирање. Благодарам за убавиот пречек и посакувам да се гледаме и во наредни прилики за вака убави работи.“ – истакна министерот Бочварски пред присутните граѓани.

Дополнително, општина Кавадарци добива силна поддршка од централната власт, каде досега се реализираа реконструкции на повеќе локални улици во градот, а во делот на комуналната инфрастурктура се реализираше многу значаен проект вреден повеќе од 2 милиони евра, со кој се изврши реконструкција на фекална и атмосферска канализација на повеќе улици во Кавадарци.

Министерството за транспорт и врски продолжува со силната градежна офанзива низ целата земја, изградбата и модернизацијата на целокупната патна инфраструктура останува примарен фокус и оваа градежна сезона.

 

The post Бочварски на средба со жителите на кавадаречко Мрежичко и Рожден, заврши првата фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорите на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски, придружувани од пратениците од Кавадарци, Панчо Минов и Даниела Колева ги посетија Мрежичко и Рожден, каде заврши рехабилитацијата на дел од регионалниот пат кој ги поврзува овие населени места. Градежните работи од првата фаза на рехабилитацијата на регионалниот пат од Мрежичко кон Рожден ги изврши ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта. На средба со локалното население, министерот Бочварски потврди дека и наредната година ќе се обезбедат средства за продолжување на рехабилитацијата на овој регионален пат, а жителите се заблагодарија за поддршката, бидејќи со овој проект се решава едно повеќегодишно барање на локалното население од овој регион. „Тоа што го ветивме заедно со директорите Рустеми и Ацевски, денеска е исполнето. Ме радува што ве гледам во толкав број, нашето присуство денеска тука заедно и со пратениците од Кавадарци е само потврда на нашите цврсти заложби и уште еден доказ дека за нас зборот што го даваме на жителите е врвен приоритет. Свесен сум од колкаво значење е овој патен правец за вас, затоа пристапивме со негова брза реализација. Минатата година го рехабилитиравме и патот кон населеното место Мушов Гроб, со што сметам дека со овие нови патни правци значително ја подобривме безбедноста за патување и го олеснивме вашето секојдневно функционирање. Благодарам за убавиот пречек и посакувам да се гледаме и во наредни прилики за вака убави работи.“ – истакна министерот Бочварски пред присутните граѓани. Дополнително, општина Кавадарци добива силна поддршка од централната власт, каде досега се реализираа реконструкции на повеќе локални улици во градот, а во делот на комуналната инфрастурктура се реализираше многу значаен проект вреден повеќе од 2 милиони евра, со кој се изврши реконструкција на фекална и атмосферска канализација на повеќе улици во Кавадарци. Министерството за транспорт и врски продолжува со силната градежна офанзива низ целата земја, изградбата и модернизацијата на целокупната патна инфраструктура останува примарен фокус и оваа градежна сезона.  

The post Бочварски на средба со жителите на кавадаречко Мрежичко и Рожден, заврши првата фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-od-deneska-novi-letovi-od-ohrid-kon-london-i-manchester-merkite-na-vladata-davaat-konkretni-rezultati-vo-aviosoobrakajot/ Wed, 31 May 2023 15:23:37 +0000 https://republika.mk/?p=646528

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Св. Апостол Павле во Охрид присуствуваше на воспоставување на две нови авиолинии од охридскиот аеродром и тоа кон Лондон и Манчестер.

 

Во своето обраќање, министерот ги потенцираше успешните политики на Владата на Република Македонија во насока на развој на авиосообраќајот во земјата, со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа.

 

“Задоволство ми е што сум присутен на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид каде од денеска воспоставуваме две нови авиолинии, односно го поврзуваме Охрид со две нови дестинации во Англија и тоа до аеродромите во Лондон и Манчестер. За нас Охрид како најголем туристички центар на Македонија ни е многу важен и затоа нашите политики се токму во насока на обезбедување негов забрзан развој. Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Тој исто така истакна дека и оваа година, како и минатата 2022, забележан е позитивен тренд на раст на авиосообраќајот во земјава.

 

„Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44% повеќе во споредба со минатата година или раст од 11%  во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници. Конкретно за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле имаме раст на бројот на патници од преку 30% во споредба со минатата година. Продолжуваме да ги реализираме нашите успешни политики за обезбедување на квалитетни услови во авиосообраќајот, за нови дестинации за граѓаните и зголемен број туристи во нашата земја. “ – потенцираше министерот Бочварски.

 

Владата на Република Македонија останува фокусирана на унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми и овозможување на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации.

The post Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Св. Апостол Павле во Охрид присуствуваше на воспоставување на две нови авиолинии од охридскиот аеродром и тоа кон Лондон и Манчестер.   Во своето обраќање, министерот ги потенцираше успешните политики на Владата на Република Македонија во насока на развој на авиосообраќајот во земјата, со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа.   “Задоволство ми е што сум присутен на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид каде од денеска воспоставуваме две нови авиолинии, односно го поврзуваме Охрид со две нови дестинации во Англија и тоа до аеродромите во Лондон и Манчестер. За нас Охрид како најголем туристички центар на Македонија ни е многу важен и затоа нашите политики се токму во насока на обезбедување негов забрзан развој. Убеден сум дека овие нови дестинации значително ќе придонесат за развој на целиот регион, развој на авиосообраќајот, бидејќи нови авиолинии значат зголемен број на туристи, а тоа е значаен чекор кон обезбедување економски и туристички развој. Ова е само уште една потврда на заедничките заложби на Владата и на ТАВ да ги развиваме капацитетите на двата наши аеродроми, притоа да создаваме услови за нови авиолинии и генерално да го развиеме авиосообраќајот во земјата.“ – изјави министерот Бочварски.   Тој исто така истакна дека и оваа година, како и минатата 2022, забележан е позитивен тренд на раст на авиосообраќајот во земјава.   „Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44% повеќе во споредба со минатата година или раст од 11%  во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници. Конкретно за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле имаме раст на бројот на патници од преку 30% во споредба со минатата година. Продолжуваме да ги реализираме нашите успешни политики за обезбедување на квалитетни услови во авиосообраќајот, за нови дестинации за граѓаните и зголемен број туристи во нашата земја. “ – потенцираше министерот Бочварски.   Владата на Република Македонија останува фокусирана на унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми и овозможување на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации.

The post Бочварски: Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер. Мерките на Владата даваат конкретни резултати во авиосообраќајот appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-so-izgradba-na-koridorot-8-stanuvame-neizbezhna-transportna-ruta-vo-regionot/ Tue, 16 May 2023 11:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=641332

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните ја истакна важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот.

„Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток - запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10“, изјави министерот Бочварски.

„Развојот на Коридор 8 долж оската исток - запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност“, додаде министерот Бочварски.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.

Со геостратешката положба на Република Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко.

Целта на транспортната политика на Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите.

На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

The post Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА. Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија. Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните ја истакна важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот. „Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток - запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10“, изјави министерот Бочварски. „Развојот на Коридор 8 долж оската исток - запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност“, додаде министерот Бочварски. Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство. Со геостратешката положба на Република Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко. Целта на транспортната политика на Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите. На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

The post Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Почнуваме со изградба со најкрупниот проект во Пелагонија, автопатот Прилеп-Битола е можност за силен економски развој на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-pochnuvame-so-izgradba-so-najkrupniot-proekt-vo-pelagonija-avtopatot-prilep-bitola-e-mozhnost-za-silen-ekonomski-razvoj-na-regionot/ Fri, 12 May 2023 13:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=640198

“Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите”, истака денеска министерот Благој Бочаврски на настанот по повод започнување на изградбата на автопатската делница Прилеп-Битола на Коридор 10 д.

 

Во прилог го пренесуваме интегрално обраќањето на министерот Бочварски:

Доаѓајки денеска на овој најголем, најзначаен настан за Пелагонија и патувајќи  во правец од Скопје до ова место, од Гевгелија до тука и од Меџитлија исто така до тука,  верувам дека по пат забележавте бројна механизација како интензивно работи на изградба и рехабилитација на европските коридори.

Тоа се инвестициите во патната инфраструктура со кои Македонија ја модернизираме, економски ја зајакнуваме и ја правиме подобро место за живеење за сите наши граѓани.

Нема подобар момент да се собереме, сите пријатели на Македонија, нашите партнери - земјите членки од ЕУ и заеднички да го означиме најголемиот инфраструктурен проект во новата историја на земјата кој се реализира овде во Пелагонискиот регион.

Знам колку оваа автопатска делница е приоритетна за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат  или транзитираат од тука.

И ова е силна порака од Владата до сите граѓани и стопанствници од регионот.

Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион.

Капиталните проекти ги реализираме одлучно и оправдано затоа што Пелагонискиот регион мора да се развива. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите.

Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри.

Во оваа прилика сакам да честитам на целиот тим од државни институции што изминатиов период напорно работеа за да се обезбедат сите услови за почеток на оваа градба.

Од денеска изведувачот ги започнува подготвителните работи и геотехничките истраги на терен и во наредниот период ќе бидеме сведоци на огромно градилиште по целата траса на овој патен правец.

Ова е можност за ангажирање на домашната градежна оператива, што значи нови вработувања, а посебно развој на градежната дејност.

Сите сме свесни, градбата нема да биде лесна работа, ни претстојат огромни предизвици на терен во овие неколку години но сакам да уверам дека максимално сме фокусирани на изградбата на овој автопат а исто така и на изградбата на делниците на Коридорот 8.

Оттука и потребата да направиме измени во регулативата да ја забрзаме и да ја направиме поекономична и поефикасна изградбата на овие автопати на двата европски коридори.

Нашата иднина е европска и преку изградба и модернизација на коридорите земјава ќе ја доближиме чекор поблизу до европското семејство на развиени земји.

Преземавме обврска пред граѓаните, Република Македонија да биде подобро место за живеење. И таквата обврска ја реализираме на терен.

Сакам да се обратам до сите жители од овој регион -  Пелагонискиот регион го градиме и економски го правиме уште посилен и поразвиен.

Нашата порака до целиот бизнис сектор е следна: Реализирајте ги вашите бизнис планови и инвестирајте овде, а државата преку реализација на ваквите проекти ви помага да бидете поконкурентни и посупешни.

И заради тоа, инвестираме во изградба на нов експресен пат од Градско до Прилеп – следната година ќе возиме по нов експресен пат.

Комплетно го реконструиравме Плетвар.

Започнуваме со најголемиот инфраструктураен проект - изградбата на оваа автопатска делница од Прилеп до Битола.

Го реконструираме патот од Битола до границата со Грција, а во истовреме проектираме нов експресен пат исто така од Битола до граниниот премин Меџитлија.

Изградивме магистрален гасовод низ цела Пелагонија.

Ова се инвестициите со кои комплетно го подигнуваме Коридорот 10-Д почнувајќи од автпатот од Градско се до границата со Грција на повиско и поквалитетн ниво од сегашниот патен правец.

Инвестирајќи во модерни патишта, создаваме услови за подобра и просперитетна иднина за сегашните и идните поколенија.

Македонија мора да биде инфраструктурно средена држава, економски центар и вистинска крстосница на Балканот”, се обрати министерот Бочварски.

The post Бочварски: Почнуваме со изградба со најкрупниот проект во Пелагонија, автопатот Прилеп-Битола е можност за силен економски развој на регионот appeared first on Република.

]]>

“Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите”, истака денеска министерот Благој Бочаврски на настанот по повод започнување на изградбата на автопатската делница Прилеп-Битола на Коридор 10 д.   Во прилог го пренесуваме интегрално обраќањето на министерот Бочварски:
Доаѓајки денеска на овој најголем, најзначаен настан за Пелагонија и патувајќи  во правец од Скопје до ова место, од Гевгелија до тука и од Меџитлија исто така до тука,  верувам дека по пат забележавте бројна механизација како интензивно работи на изградба и рехабилитација на европските коридори. Тоа се инвестициите во патната инфраструктура со кои Македонија ја модернизираме, економски ја зајакнуваме и ја правиме подобро место за живеење за сите наши граѓани. Нема подобар момент да се собереме, сите пријатели на Македонија, нашите партнери - земјите членки од ЕУ и заеднички да го означиме најголемиот инфраструктурен проект во новата историја на земјата кој се реализира овде во Пелагонискиот регион. Знам колку оваа автопатска делница е приоритетна за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат  или транзитираат од тука. И ова е силна порака од Владата до сите граѓани и стопанствници од регионот. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион. Капиталните проекти ги реализираме одлучно и оправдано затоа што Пелагонискиот регион мора да се развива. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите. Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Во оваа прилика сакам да честитам на целиот тим од државни институции што изминатиов период напорно работеа за да се обезбедат сите услови за почеток на оваа градба. Од денеска изведувачот ги започнува подготвителните работи и геотехничките истраги на терен и во наредниот период ќе бидеме сведоци на огромно градилиште по целата траса на овој патен правец. Ова е можност за ангажирање на домашната градежна оператива, што значи нови вработувања, а посебно развој на градежната дејност. Сите сме свесни, градбата нема да биде лесна работа, ни претстојат огромни предизвици на терен во овие неколку години но сакам да уверам дека максимално сме фокусирани на изградбата на овој автопат а исто така и на изградбата на делниците на Коридорот 8. Оттука и потребата да направиме измени во регулативата да ја забрзаме и да ја направиме поекономична и поефикасна изградбата на овие автопати на двата европски коридори. Нашата иднина е европска и преку изградба и модернизација на коридорите земјава ќе ја доближиме чекор поблизу до европското семејство на развиени земји. Преземавме обврска пред граѓаните, Република Македонија да биде подобро место за живеење. И таквата обврска ја реализираме на терен. Сакам да се обратам до сите жители од овој регион -  Пелагонискиот регион го градиме и економски го правиме уште посилен и поразвиен. Нашата порака до целиот бизнис сектор е следна: Реализирајте ги вашите бизнис планови и инвестирајте овде, а државата преку реализација на ваквите проекти ви помага да бидете поконкурентни и посупешни. И заради тоа, инвестираме во изградба на нов експресен пат од Градско до Прилеп – следната година ќе возиме по нов експресен пат. Комплетно го реконструиравме Плетвар. Започнуваме со најголемиот инфраструктураен проект - изградбата на оваа автопатска делница од Прилеп до Битола. Го реконструираме патот од Битола до границата со Грција, а во истовреме проектираме нов експресен пат исто така од Битола до граниниот премин Меџитлија. Изградивме магистрален гасовод низ цела Пелагонија. Ова се инвестициите со кои комплетно го подигнуваме Коридорот 10-Д почнувајќи од автпатот од Градско се до границата со Грција на повиско и поквалитетн ниво од сегашниот патен правец. Инвестирајќи во модерни патишта, создаваме услови за подобра и просперитетна иднина за сегашните и идните поколенија. Македонија мора да биде инфраструктурно средена држава, економски центар и вистинска крстосница на Балканот”, се обрати министерот Бочварски.

The post Бочварски: Почнуваме со изградба со најкрупниот проект во Пелагонија, автопатот Прилеп-Битола е можност за силен економски развој на регионот appeared first on Република.

]]>
Се ожени министерот Бочварски: Николовски му честиташе со селфи, а колегата од Белград, Момировиќ не стигна поради гужва на граница https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-ozeni-ministerot-bochvarski-nikolovski-mu-chestitashe-so-selfi-a-kolegata-od-belgrad-momirovikj-ne-stigna-poradi-guzva-na-granica/ Sun, 25 Sep 2022 14:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=554091

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со сопругата му го честиташе бракот на својот колега и сопартиец Благој Бочварски, објавувајќи фотографија од свадбата со избраничката Маринела која се одржа синоќа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Со Маринела се заедно повеќе од две години, црковна венчавка правеа во мај, а викендов на забава ги собраа пријателите, сопартијците и колегите.

Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа тргнал на венчавка кај колегата и министер Благој Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час.

The post Се ожени министерот Бочварски: Николовски му честиташе со селфи, а колегата од Белград, Момировиќ не стигна поради гужва на граница appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со сопругата му го честиташе бракот на својот колега и сопартиец Благој Бочварски, објавувајќи фотографија од свадбата со избраничката Маринела која се одржа синоќа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Со Маринела се заедно повеќе од две години, црковна венчавка правеа во мај, а викендов на забава ги собраа пријателите, сопартијците и колегите. Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа тргнал на венчавка кај колегата и министер Благој Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час.

The post Се ожени министерот Бочварски: Николовски му честиташе со селфи, а колегата од Белград, Момировиќ не стигна поради гужва на граница appeared first on Република.

]]>
Бочварски-Момировиќ: Концептот на Отворен Балкан дава успешни резултати, го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-momirovikj-konceptot-na-otvoren-balkan-dava-uspeshni-rezultati-go-zabrzavme-protokot-na-stoka-i-patnici-na-gp-tabanovce/ Fri, 22 Jul 2022 13:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=532183

Ова што денеска се случува на Граничниот премин Табановце и Граничниот премин Прешево е доказ за партнерскиот однос меѓу Република Македонија и Република Србија, со што ја олеснуваме размената и транзитот на стока и  патници. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средбата со министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија, Томислав Момировиќ на граничнот премин Табановце.

 

Двајцата министри, заедно со директорката на Царинската управа, Славица Кутиров извршија обиколка на граничниот премин Табановце, каде е воведен концептот на “едно застанување на граница”, иницијaтива во рамки на процесот Отворен Балкан.

 

“Имавме одлична можност директно да се запознаеме со една од придобивките на концептот на Отворен Балкан, иницијатива што ја промовираа Претседателите на нашите Влади и кој започнавме успешно да ја спроведуваме.  Со примена на таканареченото “едно застанување на граница”  значително се намалени постапките за влез и излез од двете земји, посебно за товарниот транспорт каде се воведени и зелени ленти за брз проток на стока.  Со реконструкцијата на граничниот премин и воведувањето на овој концпет на работа, намалено е времето на чекање, царинските и граничните процедури се поедноставени, а поминувањето на границата е забрзано”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

Тој додаде дека  во следниот период Царинската управа ќе овозможи и нови ленти за проток со кој ќе се намалуваат тесните грла особено во летните сезони.

 

Министерот Тоамислав Момировиќ потенцира на огромниот успех на концептот Отворен Балкан, како регионален проект со кој е олеснат протокот на стока и патници.

 

“Србија и Македонија се две братски земји, а соработката што ја воспоставив со мојот колега Бочварски најдобро тоа го демонстрира. Успеавме да го обновиме интегрираниот граничен премин и да го забрзаме сообраќајот посебно во летниот период. Добив податок дека на овој граничен премин поминуваат преку 130 илјади возила. Овој граничен премин само  потврдува колку е потребна иницијативата Отворен Балкан, а ќе потенцирам и дека е неопходна. Ова е најголем регионален проект во последните триесет години и мораме да продолжиме да го развиваме во овој правец,” изјави Тоамислав Момировиќ, министер за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија.

 

"Со реконструкцијата и новопоставените кабини и рампи, покрај подобрување на условите за работа се овозможува истовремено работење на граничните полициски службеници од двете држави, што дополнително влијае на забрзување на протокот на патнички и товарни возила кое е особено важно во тек на туристичката сезона. На граничниот премин Табановце функционираат 5 ленти за патнички, 2 за товарни возила и една за автобуси, а во моментов се работи на прилагодување на уште две ленти за влез на патнички моторни возила”, изјави Славица Кутиров, директор на Царинската Управа.

 

На средбата двајцата министри разговараа и за изградба на заедничка железничка станица на ГП Табановце, за олеснување на прокот на патници и воспоставување на заеднички граничен премин Пелинце, како и за либерализација на транспортните услуги и непречен заемен пристап кон транспортните пазари на земјите од оваа иницијатива.

The post Бочварски-Момировиќ: Концептот на Отворен Балкан дава успешни резултати, го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце appeared first on Република.

]]>

Ова што денеска се случува на Граничниот премин Табановце и Граничниот премин Прешево е доказ за партнерскиот однос меѓу Република Македонија и Република Србија, со што ја олеснуваме размената и транзитот на стока и  патници. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средбата со министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија, Томислав Момировиќ на граничнот премин Табановце.   Двајцата министри, заедно со директорката на Царинската управа, Славица Кутиров извршија обиколка на граничниот премин Табановце, каде е воведен концептот на “едно застанување на граница”, иницијaтива во рамки на процесот Отворен Балкан.   “Имавме одлична можност директно да се запознаеме со една од придобивките на концептот на Отворен Балкан, иницијатива што ја промовираа Претседателите на нашите Влади и кој започнавме успешно да ја спроведуваме.  Со примена на таканареченото “едно застанување на граница”  значително се намалени постапките за влез и излез од двете земји, посебно за товарниот транспорт каде се воведени и зелени ленти за брз проток на стока.  Со реконструкцијата на граничниот премин и воведувањето на овој концпет на работа, намалено е времето на чекање, царинските и граничните процедури се поедноставени, а поминувањето на границата е забрзано”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.   Тој додаде дека  во следниот период Царинската управа ќе овозможи и нови ленти за проток со кој ќе се намалуваат тесните грла особено во летните сезони.   Министерот Тоамислав Момировиќ потенцира на огромниот успех на концептот Отворен Балкан, како регионален проект со кој е олеснат протокот на стока и патници.   “Србија и Македонија се две братски земји, а соработката што ја воспоставив со мојот колега Бочварски најдобро тоа го демонстрира. Успеавме да го обновиме интегрираниот граничен премин и да го забрзаме сообраќајот посебно во летниот период. Добив податок дека на овој граничен премин поминуваат преку 130 илјади возила. Овој граничен премин само  потврдува колку е потребна иницијативата Отворен Балкан, а ќе потенцирам и дека е неопходна. Ова е најголем регионален проект во последните триесет години и мораме да продолжиме да го развиваме во овој правец,” изјави Тоамислав Момировиќ, министер за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија.   "Со реконструкцијата и новопоставените кабини и рампи, покрај подобрување на условите за работа се овозможува истовремено работење на граничните полициски службеници од двете држави, што дополнително влијае на забрзување на протокот на патнички и товарни возила кое е особено важно во тек на туристичката сезона. На граничниот премин Табановце функционираат 5 ленти за патнички, 2 за товарни возила и една за автобуси, а во моментов се работи на прилагодување на уште две ленти за влез на патнички моторни возила”, изјави Славица Кутиров, директор на Царинската Управа.   На средбата двајцата министри разговараа и за изградба на заедничка железничка станица на ГП Табановце, за олеснување на прокот на патници и воспоставување на заеднички граничен премин Пелинце, како и за либерализација на транспортните услуги и непречен заемен пристап кон транспортните пазари на земјите од оваа иницијатива.

The post Бочварски-Момировиќ: Концептот на Отворен Балкан дава успешни резултати, го забрзавме протокот на стока и патници на ГП Табановце appeared first on Република.

]]>
Се уште неизвесно какви плажи ќе има ова лето во Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/se-ushte-neizvesno-kakvi-plazi-kje-ima-ova-leto-vo-ohrid/ Sat, 21 May 2022 19:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=505291

Се уште неизвесно какви плажи ќе има ова лето на брегот на Охридското Езеро. Министерот за транспорт и врски Бочварски најави дека општините може сами да си ги уредуваат капалиштата согласно деталниот урбанистички план.

И додека од општина Охрид најавија дека најверојатно уредени плажи по сите еколошки стандарди според препораките на УНЕСКО ќе има догодина бидејќи Агенцијата за просторно планирање сè уште не го изработи Планот за уредување на брегот  соседна Струга ги подготвува капалиштата за летната сезона.

Министерството за транспорт и врски издвоило 30 милиони денари финансиска подршка за општина Охрид за изготвување на урбанистичкиот план за крајбрежјето согласно препораките на Унеско.

Плажите за да можат повторно да се  издаваат треба да бидат вметнати во урбанистичкиот план. Инаку проектите за плажите предвидуваат изградба на објекти од природни материјали, 50 проценти од просторот да  биде за слободно користење, а 50 отсто за поставување на урбана опрема.

The post Се уште неизвесно какви плажи ќе има ова лето во Охрид appeared first on Република.

]]>

Се уште неизвесно какви плажи ќе има ова лето на брегот на Охридското Езеро. Министерот за транспорт и врски Бочварски најави дека општините може сами да си ги уредуваат капалиштата согласно деталниот урбанистички план. И додека од општина Охрид најавија дека најверојатно уредени плажи по сите еколошки стандарди според препораките на УНЕСКО ќе има догодина бидејќи Агенцијата за просторно планирање сè уште не го изработи Планот за уредување на брегот  соседна Струга ги подготвува капалиштата за летната сезона. Министерството за транспорт и врски издвоило 30 милиони денари финансиска подршка за општина Охрид за изготвување на урбанистичкиот план за крајбрежјето согласно препораките на Унеско. Плажите за да можат повторно да се  издаваат треба да бидат вметнати во урбанистичкиот план. Инаку проектите за плажите предвидуваат изградба на објекти од природни материјали, 50 проценти од просторот да  биде за слободно користење, а 50 отсто за поставување на урбана опрема.

The post Се уште неизвесно какви плажи ќе има ова лето во Охрид appeared first on Република.

]]>
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-rustemi-ne-prifakjame-kalkulacii-rokot-za-izgradba-na-avtopatot-kichevo-ohrid-mora-da-se-zapazi/ Thu, 19 May 2022 14:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=504446

Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.

 

Тој информираше дека изградбата се одвива со силно темпо. Моментално на терен работат повеќе од 700 работници, со преку 280 градежни машини, а вкупниот прогрес на автопатот до овој момент изнесува 70 проценти.

 

„Од состојба која ја наследивме, која беше катастрофална, денеска имаме јасна слика. Автопатот остана приоритет и сега се одвиваат асфалтерски работи што се завршни работи во изградбата. Денеска ќе се вградат 320 тони асфалт прв слој, а веќе од утре се засилуваат асфалтерските работи каде ќе се вградуваат и по 900 тони асфалт дневно. Како што не информира Надзорот, очекуваме десната лента од Требениште кон Охрид да биде комплетно завршена и пуштена за сообраќај на почетокот на месец август, додека левата лента ќе биде завршена и пуштена во сообраќај до крај на оваа година.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

Комплетно е завршено препроектирањето на 25% од трасата, инфраструктурните проекти се одобрени од Министерството за транспорт и врски и компаниите имаат чист терен за работа. Градежната механизација е распоредена на секоја позиција од Кичево до Охрид, додаде министерот Бочварски.

 

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека покрај овие 57 километри автопат се градат и уште дополнителни 30 километри пристапни патишта.

 

„На денешниот увид со министерот Бочварски констатиравме дека 95% од трасата на автопатот Кичево – Охрид е пробиена. Се сретнавме со изведувачот, динамиката на изградба тече со силно темпо. Се работи на изградбата на голем број вијадукти, на неколку клучки, паралелно и на алтернативните и пристапни патишта, а исто така активно се работи и на тунелот чиј прогрес во овој момент изнесува 95%.“ – изјави директорот Рустеми.

 

Вредноста на изградбата на овој автопат е 598 милиони евра, според рокот предвиден до Договорот со изведувачот, тој треба да се заврши до декември 2023 година.

 

Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8, стратешки коридор за кој што Владата е силно посветена на неговата доизградба и модернизација.

The post Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази appeared first on Република.

]]>

Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.   Тој информираше дека изградбата се одвива со силно темпо. Моментално на терен работат повеќе од 700 работници, со преку 280 градежни машини, а вкупниот прогрес на автопатот до овој момент изнесува 70 проценти.   „Од состојба која ја наследивме, која беше катастрофална, денеска имаме јасна слика. Автопатот остана приоритет и сега се одвиваат асфалтерски работи што се завршни работи во изградбата. Денеска ќе се вградат 320 тони асфалт прв слој, а веќе од утре се засилуваат асфалтерските работи каде ќе се вградуваат и по 900 тони асфалт дневно. Како што не информира Надзорот, очекуваме десната лента од Требениште кон Охрид да биде комплетно завршена и пуштена за сообраќај на почетокот на месец август, додека левата лента ќе биде завршена и пуштена во сообраќај до крај на оваа година.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.   Комплетно е завршено препроектирањето на 25% од трасата, инфраструктурните проекти се одобрени од Министерството за транспорт и врски и компаниите имаат чист терен за работа. Градежната механизација е распоредена на секоја позиција од Кичево до Охрид, додаде министерот Бочварски.   Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека покрај овие 57 километри автопат се градат и уште дополнителни 30 километри пристапни патишта.   „На денешниот увид со министерот Бочварски констатиравме дека 95% од трасата на автопатот Кичево – Охрид е пробиена. Се сретнавме со изведувачот, динамиката на изградба тече со силно темпо. Се работи на изградбата на голем број вијадукти, на неколку клучки, паралелно и на алтернативните и пристапни патишта, а исто така активно се работи и на тунелот чиј прогрес во овој момент изнесува 95%.“ – изјави директорот Рустеми.   Вредноста на изградбата на овој автопат е 598 милиони евра, според рокот предвиден до Договорот со изведувачот, тој треба да се заврши до декември 2023 година.   Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8, стратешки коридор за кој што Владата е силно посветена на неговата доизградба и модернизација.

The post Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Следува силна година на инфраструктурни проекти во изградба на патишта и во желеницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-sleduva-silna-godina-na-infrastrukturni-proekti-vo-izgradba-na-patishta-i-vo-zelenicata/ Fri, 29 Apr 2022 12:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=495329

Оваа година ја бележиме како година во која имаме предвидено историски најголем буџет за изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата. Го завршивме експресниот пат Штип-Радовиш, инвестиција од преку 60 милиони вера. Работиме активно на изградба на автопатот Кичево -Охрид,  а во меѓувреме цел еден тим работи на процесот за доизградба на Коридор 8 на ниво на модерен автопат.  Фокусирани сме на  изградбата и на автопатската делница од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово, истакна министерот Благој Бочварски на Форумот по повод 100 дена Влада.

 

Во однос на експресните патишта, тој потенцира дека на терен има силна градежна активност на трите експресни патишта за што се инвестира вкупно 135 милиони евра.

 

Министерот Бочварски додаде дека се продолжува со реализација на капиталните инвестиции и во делот на Железницата каде се очекува оваа година да се започне со изградба на пругата кон Бугарија, од Куманово до Крива Паланка.

 

“Градежната механизација е секаде на терен, следува силна градежна сезона оваа година која ќе продолжи и во следниот период.  Само да илустрирам во бројки што во моментов градиме, а тоа е 59 км автопатски делници, а се подготвуваме за нови 140 километри автопатски делници. Се градат 118 километри експресни патишта од кои веќе привршуваат 54 км. Се градат, реконструираат и рехабилитираат околу 200 км магистрални и регионални патишта а се подготвуваме за допонителни 70 километри кои се веќе во фаза на евалуација. Исто така се работи и на 80 километри локални патишта во 40 општини за да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Во делот желеницата, во поновата исторја на државата ова е најголемата инвестиција со околу 200 милиони евра за изградба на двете фази кон Бугарија,  истакна министерот Бочварски.

 

Изминатиот период имавме многу предизвици со последиците од ковид кризата, енергетската криза,  еконмската криза па и конфликтот во Украина. Но, со добра меѓуресорска координација, со конкртени мерки ги амортизиравме сите овие ситуации и не дозволивме да има прекин на проектите во инфраструктурата, додаде Бочварски.

 

Тој најави дека во следниот период ќе се работи и на реконструкција на магистралните и регионалните патни правци како и санација на локалните патишта во општините како директна помош за општините.

 

“Во овој период сме силно фокусирани е вбризгување на што повеќе финансиски средства за капитални проекти како одговор на глобалната криза. Преку овие инвестиции овозможуваме континуитет на градежништвото а со тоа и економската активност на компаниите и генерално на цела економија”, истакна министерот Бочварски на  Форумот по повод 100 дена Влада.

The post Бочварски: Следува силна година на инфраструктурни проекти во изградба на патишта и во желеницата appeared first on Република.

]]>

Оваа година ја бележиме како година во која имаме предвидено историски најголем буџет за изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата. Го завршивме експресниот пат Штип-Радовиш, инвестиција од преку 60 милиони вера. Работиме активно на изградба на автопатот Кичево -Охрид,  а во меѓувреме цел еден тим работи на процесот за доизградба на Коридор 8 на ниво на модерен автопат.  Фокусирани сме на  изградбата и на автопатската делница од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово, истакна министерот Благој Бочварски на Форумот по повод 100 дена Влада.   Во однос на експресните патишта, тој потенцира дека на терен има силна градежна активност на трите експресни патишта за што се инвестира вкупно 135 милиони евра.   Министерот Бочварски додаде дека се продолжува со реализација на капиталните инвестиции и во делот на Железницата каде се очекува оваа година да се започне со изградба на пругата кон Бугарија, од Куманово до Крива Паланка.   “Градежната механизација е секаде на терен, следува силна градежна сезона оваа година која ќе продолжи и во следниот период.  Само да илустрирам во бројки што во моментов градиме, а тоа е 59 км автопатски делници, а се подготвуваме за нови 140 километри автопатски делници. Се градат 118 километри експресни патишта од кои веќе привршуваат 54 км. Се градат, реконструираат и рехабилитираат околу 200 км магистрални и регионални патишта а се подготвуваме за допонителни 70 километри кои се веќе во фаза на евалуација. Исто така се работи и на 80 километри локални патишта во 40 општини за да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Во делот желеницата, во поновата исторја на државата ова е најголемата инвестиција со околу 200 милиони евра за изградба на двете фази кон Бугарија,  истакна министерот Бочварски.   Изминатиот период имавме многу предизвици со последиците од ковид кризата, енергетската криза,  еконмската криза па и конфликтот во Украина. Но, со добра меѓуресорска координација, со конкртени мерки ги амортизиравме сите овие ситуации и не дозволивме да има прекин на проектите во инфраструктурата, додаде Бочварски.   Тој најави дека во следниот период ќе се работи и на реконструкција на магистралните и регионалните патни правци како и санација на локалните патишта во општините како директна помош за општините.   “Во овој период сме силно фокусирани е вбризгување на што повеќе финансиски средства за капитални проекти како одговор на глобалната криза. Преку овие инвестиции овозможуваме континуитет на градежништвото а со тоа и економската активност на компаниите и генерално на цела економија”, истакна министерот Бочварски на  Форумот по повод 100 дена Влада.

The post Бочварски: Следува силна година на инфраструктурни проекти во изградба на патишта и во желеницата appeared first on Република.

]]>
Бочварски на средба со претставници од Светска банка: Ја зголемуваме динамиката на реконструкција на локалните улици во општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-na-sredba-so-pretstavnici-od-svetska-banka-ja-zgolemuvame-dinamikata-na-rekonstrukcija-na-lokalnite-ulici-vo-opshtinite/ Thu, 10 Mar 2022 10:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=470541

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески денеска остварија работна средба со делегација од Светска банка предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за Република Македонија.

 

На средбата се разговараше за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

 

Министерот ги потенцираше проектите за “Зајакнување на транспортната трговија”  и за “Изградба и санација на локалните улици и патишта”, како еден од клучните за развој на општините и подобрување на локалната економија.

 

Проектот е вреден 70 милиони евра. Во овој момент привршуваат работите на реконструкција на 62 улици низ општините со преку 60 километри. Министерството за транспорт и врски објави и трет јавен повик за реконструкција на 17 улици во девет општини.

 

Разговорите беа во фокус на реализација на капитални проекти финансирани од Банката.  Имаме добар напредок во проекот за изградба и реконструкција на  локалните улици и патишта и ова е еден многу значаен проект во Министерството со кој даваме силен инпут на општините. Зборувавме и за реализација на други капитални проекти и очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура”, изјави министерот Бочварски по средбата.

 

На средбата се зборуваше и за проектот за реконструкција на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

 

The post Бочварски на средба со претставници од Светска банка: Ја зголемуваме динамиката на реконструкција на локалните улици во општините appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески денеска остварија работна средба со делегација од Светска банка предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за Република Македонија.   На средбата се разговараше за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.   Министерот ги потенцираше проектите за “Зајакнување на транспортната трговија”  и за “Изградба и санација на локалните улици и патишта”, како еден од клучните за развој на општините и подобрување на локалната економија.   Проектот е вреден 70 милиони евра. Во овој момент привршуваат работите на реконструкција на 62 улици низ општините со преку 60 километри. Министерството за транспорт и врски објави и трет јавен повик за реконструкција на 17 улици во девет општини.  
Разговорите беа во фокус на реализација на капитални проекти финансирани од Банката.  Имаме добар напредок во проекот за изградба и реконструкција на  локалните улици и патишта и ова е еден многу значаен проект во Министерството со кој даваме силен инпут на општините. Зборувавме и за реализација на други капитални проекти и очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура”, изјави министерот Бочварски по средбата.
  На средбата се зборуваше и за проектот за реконструкција на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.  

The post Бочварски на средба со претставници од Светска банка: Ја зголемуваме динамиката на реконструкција на локалните улици во општините appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Ќе разговараме со општина Охрид да го вратиме пристаништето под ингеренции на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-kje-razgovarame-so-opshtina-ohrid-da-go-vratime-pristanishteto-pod-ingerencii-na-drzavata/ Mon, 07 Mar 2022 19:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=469128

Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи. Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите.

Ова беше договорено на денешната средба која во Охрид се оддржа меѓу министерот Бочварски и Здружението на бродари од Охрид. На средбата се разговарше и за продлабочување на пристаништата во Охрид и Свети Наум за што веќе од буџетот на Министерството за транспорт и врски се обезбедени средства.

Во рамки на посетета во Охрид, министерот Бочварски оствари средба и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, тело во рамки на Министерството за поморски сообраќај и инфраструктура на Хрватска, на која се разговараше за идна соработка со Капетанијата на пристаништа.

Со бродарите имавме веќе една средба со Скопје, сега ова е втора средба во Охрид. Ги отворивме прашањата околу полагањата за професионален сертификат за пловење и сметам дека ќе одговориме позитивно на ова барање и полагањата да се вратат во Охрид.  Го отворивме прашањето и за управување на пристаништето и негови зафати. Во идниот период ќе разговраме со локалната самоуправа околу  ингеренцијата и управување со пристаништето заради негово одржување и чистење. Веќе во буџетот обезбедивме средства за чистење на пристаништето во Свети Наум. Се сретнав и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, надзорно тело што е сертифицирано за техничка контрола на бродовите. Во следниот период акцентот ќе го ставиме на безбедноста и контролата на пловните објекти, истакна министерот Бочварски.

Денешната посета во Охрид министерот Бочварски ја искористи да изврши увид во реконструкција на улицата Македонски просветители. Инвестицијата е вредна 38 милиони денари, средства обезбедени преку буџетот на Министерствто за транспорт и врски, преку Проектот за изградба и санација на локалани улици и патишта во општините.

The post Бочварски: Ќе разговараме со општина Охрид да го вратиме пристаништето под ингеренции на државата appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи. Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите. Ова беше договорено на денешната средба која во Охрид се оддржа меѓу министерот Бочварски и Здружението на бродари од Охрид. На средбата се разговарше и за продлабочување на пристаништата во Охрид и Свети Наум за што веќе од буџетот на Министерството за транспорт и врски се обезбедени средства.
Во рамки на посетета во Охрид, министерот Бочварски оствари средба и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, тело во рамки на Министерството за поморски сообраќај и инфраструктура на Хрватска, на која се разговараше за идна соработка со Капетанијата на пристаништа.
Со бродарите имавме веќе една средба со Скопје, сега ова е втора средба во Охрид. Ги отворивме прашањата околу полагањата за професионален сертификат за пловење и сметам дека ќе одговориме позитивно на ова барање и полагањата да се вратат во Охрид.  Го отворивме прашањето и за управување на пристаништето и негови зафати. Во идниот период ќе разговраме со локалната самоуправа околу  ингеренцијата и управување со пристаништето заради негово одржување и чистење. Веќе во буџетот обезбедивме средства за чистење на пристаништето во Свети Наум. Се сретнав и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, надзорно тело што е сертифицирано за техничка контрола на бродовите. Во следниот период акцентот ќе го ставиме на безбедноста и контролата на пловните објекти, истакна министерот Бочварски.
Денешната посета во Охрид министерот Бочварски ја искористи да изврши увид во реконструкција на улицата Македонски просветители. Инвестицијата е вредна 38 милиони денари, средства обезбедени преку буџетот на Министерствто за транспорт и врски, преку Проектот за изградба и санација на локалани улици и патишта во општините.

The post Бочварски: Ќе разговараме со општина Охрид да го вратиме пристаништето под ингеренции на државата appeared first on Република.

]]>
Фуркан му ја заврши кариерата на Бочварски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/furkan-mu-ja-zavrshi-karierata-na-bochvarski/ Sat, 12 Feb 2022 09:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=457485

Односот на ПР шефовите на Владините институции кон новинарите и снимателите е катастрофален, напиша на својот фејсбук профил новинарот Фуркан Салиу.

Ова да се случеше само еднаш, ќе поминеше со извинување, но некој што зима плата од мој данок да се однесува како шеф во јавна институција е тотално недозволиво.

Спуштањето на камерите е само мал гест за да ви кажеме гласно и јасно дека нема да се толерира вакво однесување! Знаеме кај бевме до 2016, не сакаме и нема да дозволиме повторно да се вратиме таму.

Ако не сакате да има слободни медиуми, донесете закон и укинете ги. Снимајте се сами, и објавувајте по социјални мрежи. Се додека не се донесе тој закон, ние сме тука за да гласно и јасно го пренесеме тоа што го мисли обичниот граѓанин. Гласно со или без микрофон, одблиску и оддалеку, ќе се прашува за теми кои се од јавен интерес, а не за теми кои вие ги бирате.

The post Фуркан му ја заврши кариерата на Бочварски appeared first on Република.

]]>

Односот на ПР шефовите на Владините институции кон новинарите и снимателите е катастрофален, напиша на својот фејсбук профил новинарот Фуркан Салиу.
Ова да се случеше само еднаш, ќе поминеше со извинување, но некој што зима плата од мој данок да се однесува како шеф во јавна институција е тотално недозволиво. Спуштањето на камерите е само мал гест за да ви кажеме гласно и јасно дека нема да се толерира вакво однесување! Знаеме кај бевме до 2016, не сакаме и нема да дозволиме повторно да се вратиме таму. Ако не сакате да има слободни медиуми, донесете закон и укинете ги. Снимајте се сами, и објавувајте по социјални мрежи. Се додека не се донесе тој закон, ние сме тука за да гласно и јасно го пренесеме тоа што го мисли обичниот граѓанин. Гласно со или без микрофон, одблиску и оддалеку, ќе се прашува за теми кои се од јавен интерес, а не за теми кои вие ги бирате.

The post Фуркан му ја заврши кариерата на Бочварски appeared first on Република.

]]>