Бобан Вучевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-vuchevski/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Apr 2023 09:31:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бобан Вучевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-vuchevski/ 32 32 Граѓаните побараа ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-pobaraa-osloboditelna-presuda-za-doktorot-boban-vuchevski/ Tue, 25 Apr 2023 09:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=633827

Повторно пред судот во Тетово граѓани се собраа на мирен јавен протест од кој побараа да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски, кој е еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Граѓаните го потенцираат ставот дека докторот бил на работа за да лекува луѓе, а не да презема обврски околу инфраструктурата на болницата.

Првин грешката е во обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием на модуларна болница, да провери електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се огноотпорни или помалку запаливи, значи кривицата е дефинитивно кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не докторот, кој 24 часа беше достапен на сите граѓани од Тетово и пошироко. Ако сакаат да го поправат процентот на доверба во судството, кое моментално е најниско во државава, тогаш нека размислат за пресудата, рече присутен граѓанин.

[caption id="attachment_633828" align="aligncenter" width="730"] (фото: МИА)[/caption]

Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потсетија дека докторот за време на пандемијата со Ковид-19 е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста.

Да се донесе ослободителна пресуда за докторот да не доаѓа по овие судници. На него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал во нашава држава, најдобрите, најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да не лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците. Затоа што нема никаква вина, тој колку може помагал и сè уште помага на пациентите. Значи, ова е нанесена неправда, за жал, треба да се награди, а не да доаѓа овде да го губи времето. Него го чекаа пациенти на кои им пружаа што е можно најголема помош и спасува многу народ, изјави една жена присутна на протестот.

За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. 

The post Граѓаните побараа ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски appeared first on Република.

]]>

Повторно пред судот во Тетово граѓани се собраа на мирен јавен протест од кој побараа да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски, кој е еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Граѓаните го потенцираат ставот дека докторот бил на работа за да лекува луѓе, а не да презема обврски околу инфраструктурата на болницата.
Првин грешката е во обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием на модуларна болница, да провери електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се огноотпорни или помалку запаливи, значи кривицата е дефинитивно кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не докторот, кој 24 часа беше достапен на сите граѓани од Тетово и пошироко. Ако сакаат да го поправат процентот на доверба во судството, кое моментално е најниско во државава, тогаш нека размислат за пресудата, рече присутен граѓанин.
[caption id="attachment_633828" align="aligncenter" width="730"] (фото: МИА)[/caption] Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потсетија дека докторот за време на пандемијата со Ковид-19 е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста.
Да се донесе ослободителна пресуда за докторот да не доаѓа по овие судници. На него му е местото да биде со пациентите. Затоа за жал во нашава држава, најдобрите, најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјава и ќе нема кој да не лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците. Затоа што нема никаква вина, тој колку може помагал и сè уште помага на пациентите. Значи, ова е нанесена неправда, за жал, треба да се награди, а не да доаѓа овде да го губи времето. Него го чекаа пациенти на кои им пружаа што е можно најголема помош и спасува многу народ, изјави една жена присутна на протестот.
За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. 

The post Граѓаните побараа ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски appeared first on Република.

]]>
Кабелот што се запалил бил оштетен, сведочеше вештак од МВР, тетовци пред судот бараа ослободување на д-р Бобан https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kabelot-shto-se-zapalil-bil-oshteten-svedocheshe-veshtak-od-mvr-tetovtsi-pred-sudot-baraa-osloboduvane-na-d-r-boban/ Thu, 16 Feb 2023 17:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=609900

Со сведочење на две медицински сестри, родителите на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои биле на болничко лекување, како и тројца вештаци денеска во Основниот суд во Тетово продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 година кога 14 луѓе ги изгубија животите.

Со оваа денешна расправа завршија сведочењата предложени од Обвинителството со исклучок на едно вешто лице, кое треба да биде покането за наредното рочиште.

Пред судот се обрати електроинженер вработен во Одделот за криминалистичко-технички испитување и вештачење при Министерството за вантрешни работи, кој како главен инспектор во отсекот за пожари, експлозии и експлозивни направи учествувал во увидот заедно со претставници на СВР Тетово и Обвинителството на 9 септември 2021 година.

Тој објасни како настанал пожарот за што било направено и лабораториско испитување. Утврдено било дека продолжениот кабел што се запалил претходно имал механичко оштетување.

-Констатираните траги на приклучниот кабел од дефибрилаторот се одликуваат со променета боја на бакарните спроводници, сивкаста боја, која настанува при високи температури, како последица од претходно механичко оштетување на кабелот настанала електрична куса врска која предизвикува прегревање во бакарните спроводници и доведување до палење на изолацијата. Струјата на куса врска е неколку кратно повисока од номиналната и како најосетливо место е приклучната кутија од продолжителниот кабел, посочи Рубин Бошковски.

Сведочеше и професорката Анита Грозданова од Технолошко-металуршкиот факултет која ги испитувала материјалите од кои е составена модуларната болница.

За сите материјали и за пур-пената, и за ПВЦ, и за полистиренот, за сите беа направени термички испитувања на времето и температурниот опсег на нивно разградувања. Испитувањата беа направени според стандардот во инертна средина и ради симулирање на условите во модуларната болница во воздушна средина. Бидејќи во воздушна средина е присутен кислородот, а во инертна не е присутен кислородот. Испитувањата покажаа дека за сите материјали кои што се предмет на моето вештачење, термичната стабилност и разградбата започнува за 10 до 15 степени порано во воздушна средина, посочи Грозданова.

Судењето ќе продолжи на 2 март со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната.

Пред почетокот на судењето од 9 часот пред судот се собраа неколку стотини граѓани во знак на поддршка на д-р Бобан Вучевски, кој е еден од тројцата обвинети.

Да му дадеме поддршка затоа што го местат докторот, но ние народот знаеме дека тој е во право и му даваме поддршка. Нема тој вина. Како може доктор да биде крив за ова, го поддржуваме да не го осудат. Секој доктор сака да спаси некого, а не да отепа некого. Судиите да внимаат како судатизјавија присутните граѓани.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

The post Кабелот што се запалил бил оштетен, сведочеше вештак од МВР, тетовци пред судот бараа ослободување на д-р Бобан appeared first on Република.

Тетовци повторно на улица ќе бараат правда за д-р Бобан, еден од обвинетите за пожарот во модуларната болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovtsi-povtorno-na-ulitsa-ke-baraat-pravda-za-d-r-boban-eden-od-obvinetite-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa/ Thu, 12 Jan 2023 08:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=596010

Во понеделник од 9 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, заради, како што велат организаторите, (не)правдата кон д-р Бобан Вучевски.

Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте. Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.

The post Тетовци повторно на улица ќе бараат правда за д-р Бобан, еден од обвинетите за пожарот во модуларната болница appeared first on Република.

Масовна поддршка за д-р Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/masovna-poddrshka-za-d-r-vuchevski-eden-od-obvinetite-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica/ Fri, 09 Sep 2022 21:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=549303

Доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница во Тетово, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница секојдневно добива поддршка од сите страни.

Јавни пораки и благодарности за др. Вучевски. И овде нема разлика во јазик, вера или религија. Овде се работи за искрена, несебична, но и заслужена поддршка, пишува Дафина Стојаноска.

Иако партиска личност, ќе ризикувам да бидам и погрешно разбрана, но оној ден кога ќе сфатиме дека нема место за политика во здравството (освен место за стратегија, креирана и спроведувана од експерти), тогаш и ќе можеме да се пофалиме дека сме се надминале себеси и сите околу нас. Дотогаш, ќе се молиме на Бога и ќе се лажеме дека здравјето е најважно, знаејќи дека ни треба „пријател“ и за вадење на лекарско уверение за возачка дозвола.

Мојата поддршка за д-р. Бобан Вучевски ја давам, меѓу останатото, и заради моето случајно запознавање со него во една приватна дружба, каде, незнаејќи кој е, ми остави впечаток за многу, ама многу, напреден, успешен и паметен млад човек.

На неколку наврати на шала имам кажано дека во оваа денешна неправда и апсурдно „водење“ на држава, можеби е и знак – кога оваа криминална власт ве гони, дека вие сте правичните, затоа што власта ни е криминална. За жал, мора да ги издржиме и ќе ги издржиме, ама и ќе им вратиме, но со правда – вистинска, а не кукавичка, криминална и криминализирана.

Издржете, д-р. Вучевски. Со ваква јавна поддршка од вашите сограѓани Вие веќе сте без обвинение.

The post Масовна поддршка за д-р Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница во Тетово, еден од обвинетите за пожарот во тетовската болница секојдневно добива поддршка од сите страни. Јавни пораки и благодарности за др. Вучевски. И овде нема разлика во јазик, вера или религија. Овде се работи за искрена, несебична, но и заслужена поддршка, пишува Дафина Стојаноска.
Иако партиска личност, ќе ризикувам да бидам и погрешно разбрана, но оној ден кога ќе сфатиме дека нема место за политика во здравството (освен место за стратегија, креирана и спроведувана од експерти), тогаш и ќе можеме да се пофалиме дека сме се надминале себеси и сите околу нас. Дотогаш, ќе се молиме на Бога и ќе се лажеме дека здравјето е најважно, знаејќи дека ни треба „пријател“ и за вадење на лекарско уверение за возачка дозвола.   Мојата поддршка за д-р. Бобан Вучевски ја давам, меѓу останатото, и заради моето случајно запознавање со него во една приватна дружба, каде, незнаејќи кој е, ми остави впечаток за многу, ама многу, напреден, успешен и паметен млад човек.
На неколку наврати на шала имам кажано дека во оваа денешна неправда и апсурдно „водење“ на држава, можеби е и знак – кога оваа криминална власт ве гони, дека вие сте правичните, затоа што власта ни е криминална. За жал, мора да ги издржиме и ќе ги издржиме, ама и ќе им вратиме, но со правда – вистинска, а не кукавичка, криминална и криминализирана.   Издржете, д-р. Вучевски. Со ваква јавна поддршка од вашите сограѓани Вие веќе сте без обвинение.  