Бобан Стефковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-stefkovski/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 15:34:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бобан Стефковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-stefkovski/ 32 32 Со поставување камен-темелник Мицкоски го одбележа отпочнувањето на изградбата на нова детска градинка во Трубарево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-postavuvane-kamen-temelnik-mitskoski-go-odbelezha-otpochnuvaneto-na-izgradbata-na-nova-detska-gradinka-vo-trubarevo/ Sat, 20 Jul 2024 15:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=798773

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска го поставија камен-темелникот за изградба на нова детска градинка во Трубарево во општина Гази Баба.

На настанот по повод одбележувањето на изградбата на новата детска градинка во Трубарево, Мицкоски рече дека работата е белегот на новата Влада и дека ваквиот проект е првиот чекор за решавање на проблемот со недостатокот на градинки во поголемите населени места.

– Проблемот со недостаток на градинки, особено во големите населени места е хроничен. Листите на чекање преставуваат сериозен проблем и на овој начин преку изградба на вакви објекти ние го правиме првиот чекор за решавање на проблемот, рече премиерот.

Градоначалникот Стефковски посочи дека детската градинка ќе има капацитет да згрижи 60 деца и ќе се протега на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат три занимални за деца, административни простории и останати помошни простории. Тој додаде дека се работи за инвестиција со вкупна вредност од 19 милиони денари.

– Инвестицијата е во вредност од 19 милиони денари. Ќе се изгради детска градинка со вкупна површина од 720 метри квадратни, кое ќе може да згрижи 60 дечиња. Општина Гази Баба комплетно ја заврши урбанистичко-планската и проектната документација за изградба на нови детски градинки во Инџиково и на потегот помеѓу Маџари и Керамидница и со истите ќе аплицираме за добивање поддршка од Владата. Со изградбата на овие детски градинки во Гази Баба нема повеќе да има дете кое ќе чека за упис во градинка, изјави Стевковски.

Мотивот за работа е сега поголем, вели градоначалникот, бидејќи, како што рече, со премиерот Мицкоски општините добиле сојузник за реализација на повеќе проекти.

The post Со поставување камен-темелник Мицкоски го одбележа отпочнувањето на изградбата на нова детска градинка во Трубарево appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска го поставија камен-темелникот за изградба на нова детска градинка во Трубарево во општина Гази Баба. На настанот по повод одбележувањето на изградбата на новата детска градинка во Трубарево, Мицкоски рече дека работата е белегот на новата Влада и дека ваквиот проект е првиот чекор за решавање на проблемот со недостатокот на градинки во поголемите населени места.
– Проблемот со недостаток на градинки, особено во големите населени места е хроничен. Листите на чекање преставуваат сериозен проблем и на овој начин преку изградба на вакви објекти ние го правиме првиот чекор за решавање на проблемот, рече премиерот.
Градоначалникот Стефковски посочи дека детската градинка ќе има капацитет да згрижи 60 деца и ќе се протега на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат три занимални за деца, административни простории и останати помошни простории. Тој додаде дека се работи за инвестиција со вкупна вредност од 19 милиони денари.
– Инвестицијата е во вредност од 19 милиони денари. Ќе се изгради детска градинка со вкупна површина од 720 метри квадратни, кое ќе може да згрижи 60 дечиња. Општина Гази Баба комплетно ја заврши урбанистичко-планската и проектната документација за изградба на нови детски градинки во Инџиково и на потегот помеѓу Маџари и Керамидница и со истите ќе аплицираме за добивање поддршка од Владата. Со изградбата на овие детски градинки во Гази Баба нема повеќе да има дете кое ќе чека за упис во градинка, изјави Стевковски.
Мотивот за работа е сега поголем, вели градоначалникот, бидејќи, како што рече, со премиерот Мицкоски општините добиле сојузник за реализација на повеќе проекти.

The post Со поставување камен-темелник Мицкоски го одбележа отпочнувањето на изградбата на нова детска градинка во Трубарево appeared first on Република.

]]>
Гази Баба најавува изградба на 10 капитални проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gazi-baba-najavuva-izgradba-na-10-kapitalni-proekti/ Wed, 26 Jun 2024 16:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=791054

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински.

За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Денес во просториите на Министерството за локална самоуправа имав работен состанок со министерот Златко Перински на која разговаравме на повеќе теми.

Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на општините низ Македонија.

Во изминатите две и половина години посветено работевме на изготвување на урбанистичко - планска документација и денес слободно можам да најавам дека во општина Гази Баба во наредниот период ќе се реализираат голем број на капитални проекти.

Дел од тие проекти се:

Изградба на детска градинка во Трубарево;

Изградба на детска градинка во Инџиково;

Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков;

Изградба на нов модул од фекалната канализација во Јурумлери;

Комплетна реконструкција на Културниот дом во Ченто;

Реконструкција и ревитализација на улица Петре Филиповски Гарката во Триангла;

Реконструкција и ревитализација на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда;

Реконструкција и ревитализација на улица 519 во Керамидница;

Реконструкција и ревитализација на улица Палмиро Тољати во Ченто;

Изградба на атмосферска канализација и водоводна мрежа на улица Јоран Поп Јорданов во Маџари;

Реконструкција и ревитализација на дел од улица Жан Жорес (од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ Наум Наумовски Борче).

Поддршката од Владата на Република Македонија е многу важна во процесот на реализацијата на капиталните проекти во општината.

Им благодарам на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Златко Перински за нивната вистинска заложба за поддршка на општините, а преку тоа и за директна помош на граѓаните.

Среќен сум што Македонија доби Влада на која приоритет и се граѓаните и развојот на општините! – напиша Стефковски.

The post Гази Баба најавува изградба на 10 капитални проекти appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински. За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: Средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински. Денес во просториите на Министерството за локална самоуправа имав работен состанок со министерот Златко Перински на која разговаравме на повеќе теми. Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на општините низ Македонија. Во изминатите две и половина години посветено работевме на изготвување на урбанистичко - планска документација и денес слободно можам да најавам дека во општина Гази Баба во наредниот период ќе се реализираат голем број на капитални проекти. Дел од тие проекти се: Изградба на детска градинка во Трубарево; Изградба на детска градинка во Инџиково; Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков; Изградба на нов модул од фекалната канализација во Јурумлери; Комплетна реконструкција на Културниот дом во Ченто; Реконструкција и ревитализација на улица Петре Филиповски Гарката во Триангла; Реконструкција и ревитализација на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда; Реконструкција и ревитализација на улица 519 во Керамидница; Реконструкција и ревитализација на улица Палмиро Тољати во Ченто; Изградба на атмосферска канализација и водоводна мрежа на улица Јоран Поп Јорданов во Маџари; Реконструкција и ревитализација на дел од улица Жан Жорес (од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ Наум Наумовски Борче). Поддршката од Владата на Република Македонија е многу важна во процесот на реализацијата на капиталните проекти во општината. Им благодарам на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Златко Перински за нивната вистинска заложба за поддршка на општините, а преку тоа и за директна помош на граѓаните. Среќен сум што Македонија доби Влада на која приоритет и се граѓаните и развојот на општините! – напиша Стефковски.

The post Гази Баба најавува изградба на 10 капитални проекти appeared first on Република.

]]>
Перински се сретна со градоначалникот на Гази Баба, Стефковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-se-sretna-so-gradonachalnikot-na-gazi-baba-stefkovski/ Wed, 26 Jun 2024 14:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=791032

Денес започнав со средби со градоначалниците, како дел од мојата работна агенда.
Денес се сретнав со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски при што се разговаравме за досегашната соработка на општината со централната власт и за динамиката и начинот на соработка во иднина.
Се разговараше за развојните потенцијали на општините и подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што се сложивме дека е можно да се оствари само преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт.
Во таа смисла, посочив дека соработката со локалната самоуправа е високо на агендата на новата влада и се планира голем дел од капиталните проекти коишто ги адресираат потребите на граѓаните да бидат реализирани преку општините во следниот период - објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински

The post Перински се сретна со градоначалникот на Гази Баба, Стефковски appeared first on Република.

]]>

Денес започнав со средби со градоначалниците, како дел од мојата работна агенда. Денес се сретнав со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски при што се разговаравме за досегашната соработка на општината со централната власт и за динамиката и начинот на соработка во иднина. Се разговараше за развојните потенцијали на општините и подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што се сложивме дека е можно да се оствари само преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт. Во таа смисла, посочив дека соработката со локалната самоуправа е високо на агендата на новата влада и се планира голем дел од капиталните проекти коишто ги адресираат потребите на граѓаните да бидат реализирани преку општините во следниот период - објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински

The post Перински се сретна со градоначалникот на Гази Баба, Стефковски appeared first on Република.

]]>
Матео се врати дома жив и здрав https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mateo-se-vrati-doma-zhiv-i-zdrav/ Thu, 20 Jun 2024 15:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=789397

Малиот Матео за кого се собираа донации за лекување во Белград се врати во добра здравствена состојба назад во Македонија. Ова го објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук.

МАЛИОТ МАТЕО ЖИВ И ЗДРАВ СЕ ВРАТИ ДОМА!

Среќен сум што можам да споделам со Вас дека Матео е во добра здравствена состојба и го чека терминот за редовна контрола во болницата во Белград.

Матео е едно прекрасно дете кое утрово имав можност лично да го запознаам.

Ова е една од средбите кои ќе ги паметам целиот мој живот!

Им благодарам на сите хумани луѓе кои донираа и за миг ги собравме потребните средства за лекувањето на Матео, објави Стефковски на Фејсбук.

The post Матео се врати дома жив и здрав appeared first on Република.

]]>

Малиот Матео за кого се собираа донации за лекување во Белград се врати во добра здравствена состојба назад во Македонија. Ова го објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук.
МАЛИОТ МАТЕО ЖИВ И ЗДРАВ СЕ ВРАТИ ДОМА! Среќен сум што можам да споделам со Вас дека Матео е во добра здравствена состојба и го чека терминот за редовна контрола во болницата во Белград. Матео е едно прекрасно дете кое утрово имав можност лично да го запознаам. Ова е една од средбите кои ќе ги паметам целиот мој живот! Им благодарам на сите хумани луѓе кои донираа и за миг ги собравме потребните средства за лекувањето на Матео, објави Стефковски на Фејсбук.

The post Матео се врати дома жив и здрав appeared first on Република.

]]>
Oпштина Гази Баба ќе го помогне Вардар со 30.000 евра https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/opshtina-gazi-baba-ke-go-pomogne-vardar-so-30-000-evra/ Sun, 26 May 2024 11:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=781800

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски  објави дека неговата општина ќе го помогне ФК Вардар со 1.800000 денари.

Секоја чест

The post Oпштина Гази Баба ќе го помогне Вардар со 30.000 евра appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски  објави дека неговата општина ќе го помогне ФК Вардар со 1.800000 денари. Секоја чест

The post Oпштина Гази Баба ќе го помогне Вардар со 30.000 евра appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-vreme-e-skopje-da-se-vrati-na-skopjani-a-danela-arsovska-da-podnese-ostavka/ Thu, 09 May 2024 18:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=776501

Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка, вели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник..

Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови.

По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје.
Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска.

Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине!

Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани.

Време е Скопје да се врати на скопјани!

The post Стефковски: Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка! appeared first on Република.

]]>

Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка, вели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Кредибилитетот и легитимитетот на секој вршител на јавна функција која се избира на непосредни избори извира и им припаѓа директно на граѓаните, без разлика дали се работи за претседател на држава, пратеник, градоначалник или советник..
Бројките велат дека во 2021 година, Данела Арсовска е избрана за градоначалник на градот Скопје со гласовите на 118.545 скопјани, а на вчерашните избори Данела Арсовска преку нејзината партија во општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Сарај и Шуто Оризари освои вкупно 2584 гласови. По ваквиот резултат јасно е дека Данела Арсовска го загуби кредибилитетот да продолжи да го води градот Скопје. Скопје му припаѓа на скопјани, а не на Данела Арсовска. Скопјани вчера и порачаа на Арсовска дека е време да си замине! Затоа ја повикувам Данела Арсовска да поднесе оставка од функцијата градоначалник на градот Скопје, бидејќи тоа е волјата на скопјани. Време е Скопје да се врати на скопјани!

The post Стефковски: Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка! appeared first on Република.

]]>
Почна расчистувањето на „Ранка Милановиќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochna-raschistuvaneto-na-ranka-milanovik/ Tue, 20 Feb 2024 13:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=746132

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски по обелоденувањето на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во „Ранка Милановиќ“ заедно со градоначалникот на Општина Гази баба Бобан Стефковски ја почнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот.

Според Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред се децата кои се сместени во овој објект.

Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието, изјави Велковски.

Градоначалникот Стефковски изразил благодарност до министерот Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение на овој проблем.

Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на ѕид од страна на Владата и министертсвото за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор, рече Стефковски.

Инаку, министерот Велковски вети на системско решение за да овие луѓе добијат достоинствено социјално домување, што е во согласност со сите конвенции за заштита на човековите права. Жалиме што на ваков начин го одбележуваме денот на социјалната правда, а за жал последниве шест години овие луѓе живеат во социјална неправда.

Министерот Велковски и градоначалникот Стефковски со помош на Црвениот крст на град Скопје доделија скромни пакети со храна и хигиенски производи.

The post Почна расчистувањето на „Ранка Милановиќ“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски по обелоденувањето на проблемот со кој се соочуваат бездомните лица во „Ранка Милановиќ“ заедно со градоначалникот на Општина Гази баба Бобан Стефковски ја почнаа акцијата за чистење на отпадот од дворот на објектот. Според Велковски ова е првичната помош да се спречи евентуална зараза кај возрасните и пред се децата кои се сместени во овој објект.
Живеат во крајно нехумани услови. Затоа денес заедно со градоначалникот Бобан Стефковски излеговме на терен за да со негова помош се исчисти дворот каде луѓето го минуваат секојдневието, изјави Велковски.
Градоначалникот Стефковски изразил благодарност до министерот Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение на овој проблем.
Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години наидував на ѕид од страна на Владата и министертсвото за да им помогнам на овие луѓе во чистењето на просторот кој ги опкружува бидејќи постои голем ризик да се развие епидемија. Неколку пати писмено го известував ресорниот министер, па и за петициите на граѓаните кои живеат одоколу, како и жалбите на околните компании кои гравитираат на овој простор, рече Стефковски.
Инаку, министерот Велковски вети на системско решение за да овие луѓе добијат достоинствено социјално домување, што е во согласност со сите конвенции за заштита на човековите права. Жалиме што на ваков начин го одбележуваме денот на социјалната правда, а за жал последниве шест години овие луѓе живеат во социјална неправда. Министерот Велковски и градоначалникот Стефковски со помош на Црвениот крст на град Скопје доделија скромни пакети со храна и хигиенски производи.

The post Почна расчистувањето на „Ранка Милановиќ“ appeared first on Република.

]]>
Привршува изградбата на црквата на Смилковско Езеро во помен на убиените деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/privrshuva-izgradbata-na-tsrkvata-na-smilkovsko-ezero-vo-pomen-na-ubienite-detsa/ Fri, 16 Feb 2024 11:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=744828

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. 40 Маченици која се гради на Смилковското Eзеро.

Како што информираше Стефковски, изминатиот период беа извршени активности за изработка на фреските и иконостасот на Црквата.

Оваа Црква се гради на иницијатива на граѓаните, а во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток. Со изградбата на овој Божји дом никогаш нема да се заборави дека недолжни млади деца го загубија својот живот на тоа место! Никогаш да не се заборави! Никогаш да не се повтори!, напиша Стефковски.

The post Привршува изградбата на црквата на Смилковско Езеро во помен на убиените деца appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. 40 Маченици која се гради на Смилковското Eзеро. Како што информираше Стефковски, изминатиот период беа извршени активности за изработка на фреските и иконостасот на Црквата.
Оваа Црква се гради на иницијатива на граѓаните, а во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток. Со изградбата на овој Божји дом никогаш нема да се заборави дека недолжни млади деца го загубија својот живот на тоа место! Никогаш да не се заборави! Никогаш да не се повтори!, напиша Стефковски.
 
The post Привршува изградбата на црквата на Смилковско Езеро во помен на убиените деца appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Гази Баба пријавил дека некој сакал да го удри со „ауди“, полицијата во акција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gradonachalnikot-na-gazi-baba-prijavil-deka-nekoj-sakal-da-go-udri-so-audi-politsijata-vo-aktsija/ Thu, 21 Sep 2023 17:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=683885

Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски во МВР пријавил дека лице со автомобил „ауди“ се обидело да удри во возилото со кое се превезувал.

Од МВР објавија дека за случајот е приведено лице со иницијали Б.Б. од Скопје, а инцидентот се случил на улицата Архимедова, зад општината.

По преземени мерки и активности лицето е пронајдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Подоцна со објаснување се јави и самиот Стефковски:

Оваа ситуација што се случи е многу непријатна, јас јавно мораше да се изјаснам бидејќи дел од медиумите јавно ги споделија информациите коишто беа во дневниот билтен на МВР. Дел од медиумите и ме контактираа – истакна Стефковски во емисијата „За или против” на Алфа телевизија говорејќи за немилиот настан што се случи и за постојаните закани од одредени лица.

Градоначалникот на општина Гази Баба нагласи дека нема ниту една закана да го заплаши, бидејќи компромис со закон нема да прави.

Уште кога се кандидирав за градоначалник на општина Гази Баба излегов пред граѓаните и многу јасно и прецизно кажав дека компромис со закони нема да правам. И од првиот ден кога ја практикувам должноста градоначалник, тоа го докажувам и во пракса – потсети Стефковски.

Тој посочи дека некаде на почетокот месец август имаше пријава од граѓаните дека на една локација во Инџиково се гради одредена градба. И за таа цел инспекторите, секторот за инспекциски работи излегоа на терен да ја утврдат фактичката состојба. И утврдија дека се работи за земјиште кое е сопственост на Република Македонија, на таа локација е започната градба, а ги нема предвидените документи за градба, а нема ниту сопственост лицето кое што гради.

Таа градба беше затворена од страна на градежен инспектор и сл. Меѓутоа во континуитет истото лице продолжи да гради до оној момент до кога не беше урната. И првиот момент кога на лицето му беше укажано дека има забрана за да почне да гради, тогаш започнаа заканите кон мене. Тоа некаде како што соопштив на почетокот на месецот август и тие беа континуирани до седми септември – рече градоначалникот на Општина Гази Баба.

Стефковски рече дека оваа дивоградба нема да биде единствена што се сруши, сите објекти кои што нелегално се изградени ќе ги чека истата судбина. Компромис со закон нема.

The post Градоначалникот на Гази Баба пријавил дека некој сакал да го удри со „ауди“, полицијата во акција appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски во МВР пријавил дека лице со автомобил „ауди“ се обидело да удри во возилото со кое се превезувал. Од МВР објавија дека за случајот е приведено лице со иницијали Б.Б. од Скопје, а инцидентот се случил на улицата Архимедова, зад општината.
По преземени мерки и активности лицето е пронајдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Подоцна со објаснување се јави и самиот Стефковски:
Оваа ситуација што се случи е многу непријатна, јас јавно мораше да се изјаснам бидејќи дел од медиумите јавно ги споделија информациите коишто беа во дневниот билтен на МВР. Дел од медиумите и ме контактираа – истакна Стефковски во емисијата „За или против” на Алфа телевизија говорејќи за немилиот настан што се случи и за постојаните закани од одредени лица.
Градоначалникот на општина Гази Баба нагласи дека нема ниту една закана да го заплаши, бидејќи компромис со закон нема да прави.
Уште кога се кандидирав за градоначалник на општина Гази Баба излегов пред граѓаните и многу јасно и прецизно кажав дека компромис со закони нема да правам. И од првиот ден кога ја практикувам должноста градоначалник, тоа го докажувам и во пракса – потсети Стефковски.
Тој посочи дека некаде на почетокот месец август имаше пријава од граѓаните дека на една локација во Инџиково се гради одредена градба. И за таа цел инспекторите, секторот за инспекциски работи излегоа на терен да ја утврдат фактичката состојба. И утврдија дека се работи за земјиште кое е сопственост на Република Македонија, на таа локација е започната градба, а ги нема предвидените документи за градба, а нема ниту сопственост лицето кое што гради.
Таа градба беше затворена од страна на градежен инспектор и сл. Меѓутоа во континуитет истото лице продолжи да гради до оној момент до кога не беше урната. И првиот момент кога на лицето му беше укажано дека има забрана за да почне да гради, тогаш започнаа заканите кон мене. Тоа некаде како што соопштив на почетокот на месецот август и тие беа континуирани до седми септември – рече градоначалникот на Општина Гази Баба.
Стефковски рече дека оваа дивоградба нема да биде единствена што се сруши, сите објекти кои што нелегално се изградени ќе ги чека истата судбина. Компромис со закон нема.

The post Градоначалникот на Гази Баба пријавил дека некој сакал да го удри со „ауди“, полицијата во акција appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ако Спасовски не го заштити градоначалникот Стефковски кој ги спроведува законите, ќе се самоорганизираме и ќе се заштитиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ako-spasovski-ne-go-zashtiti-gradonachalnikot-stefkovski-koj-gi-sproveduva-zakonite-ke-se-samoorganizirame-i-ke-se-zashtitime/ Wed, 13 Sep 2023 11:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=681555

При денешната посета на општина Ѓорче Петров претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на заканите упатени кон градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски само заради тоа што спроведува закон и урна дивоградба на државно земјиште каде ќе се гради градинка, го повика министерот Спасовски да реагира во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе се организира и ќе се заштити од криминалците и политичката болумента која што ги штити.

Боби има закани, за кои што и јас знам, по својот живот и животот на своето семејство затоа што спроведе закон. Односно после неколку предупредувања, интервенции итн., како општина, ја зема правдата во свои раце по закон тоа што треба да го направи и ја урна таа дивоградба. И поради тоа што урна дивоградба добива закани од лицето и семејството на лицето кое што ја изградило таа дивоградба на парцела која што е сопственост на општината, односно државно земјиште каде што треба да никне градинка. И тоа е пријавено во МВР, од МВР не реагираат и оставаме уште неколку дена и ние мора да се браниме и ќе мора да се заштитиме од ваква болумента криминална која што заедно со политичка болумента напаѓа овластени лица само заради тоа што го спроведуваат законот. И верувајте, еве тоа е порака и до овие што се закануваат ќе се организираме и ќе се одбраниме, ако мислат дека нема да се одбраниме, се лажат. Еве јас ги гледам во очи, преку вас медиумите и им кажувам дека си играат со оган. Го повикувам и министерот Спасовски да го заштити животот на Боби и неговото семејство затоа што во спротивно ако, не дај Боже, нешто се случи, тој лично ќе биде одговорен. А, ВМРО-ДПМНЕ има должност барем на тоа ниво каде што може да го спроведе законот и тој закон ќе важи за сите, и за оваа криминална болумента што се заканува и за тие политички криминалци и болумента политичка која што ги штити и за секој оној кој што ќе го прекрши законот. Сега таму каде што можеме тоа е на локално ниво, во оние општини каде што имаме градоначалници, а за неколку месеци од денеска и на територијата на државата Македонија. Тоа е основната цел на политичарите со која што ние ќе покaжeме дека не сме исти затоа уште еднаш предупредувам ако министерот не е способен јавно кажувам ќе се самоорганизираме и мојата порака до оваа криминална болумента е дека ќе бидат поразени - истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Ако Спасовски не го заштити градоначалникот Стефковски кој ги спроведува законите, ќе се самоорганизираме и ќе се заштитиме appeared first on Република.

Стефковски: Доведена во прашање е мојата лична безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-dovedena-vo-prashane-e-mojata-lichna-bezbednost/ Tue, 12 Sep 2023 19:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=681382

Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од 11.09.2023 година, слободно можам да кажам дека доведена во прашање е мојата лична безбедност.

Сето ова доаѓа како последица на реализацијата на акцијата која општина Гази Баба ја спроведе со асистенција од Министерството за внатрешни работи за рушење на дивоградба изградена на државно земјиште во населеното место Инџиково, локација за која во завршна фаза е урбанистичко – планската документација со која на тоа земјиште се предвидува изградба на детска градинка за жителите на Инџиково.

За време на водењето на постапката, лицето кое ја градеше дивоградбата директно преку инспекциските служби, но и индиректно преку луѓе до мене упатуваше закани по живот.
Вчера наутро по моето пристигнување во просториите на општината од страна на службите бев известен дека е забележано присуство на лицето кое го градеше објектот пред капијата на општина Гази Баба, а во дворот непосредно до влезот во бараките на општината во близина на моето приватно возило се забележани двете лица со кои лицето кое го градеше објектот доаѓало на неколку пати во општината и во чие присуство ги упатувало заканите кон мене и вработените во инспекциските служби. Нивното присуство во општината траеше подолго време, што беше очигледно дека го очекуваат моето излегување.

Во текот на вчерашниот ден доставив пријава до надлежните институции заедно со фото – документација од целиот случај и што очекувам соодветна реакција од нивна страна.
Сакам јасно и недвосмислено да ставам до знаење дека не се плашам, ниту пак сето ова ќе ме поколеба во определбата да се спроведуваат и почитуваат законите, како и да се служи на граѓаните.

Од првиот ден кога Вие граѓаните ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник, кажав дека ќе им служам единствено на граѓаните на општина Гази Баба и дека компромис со почитување на Законот нема да правам.

https://republika.mk/vesti/skopje/zagrozena-e-bezbednosta-na-gradonachalnikot-na-opshtina-gazi-baba-boban-stefkovski/

Секој што ќе постапи спротивно на Законот по однос на надлежностите на општината, без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност ќе си сноси одговорност.

Толеранција нема да има за никого!
Сакам да се заблагодарам на големиот број граѓани кој по објавување на веста во медиумите за ваквите настани испратија пораки со силна поддршка до мене.

The post Стефковски: Доведена во прашање е мојата лична безбедност appeared first on Република.

]]>

Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од 11.09.2023 година, слободно можам да кажам дека доведена во прашање е мојата лична безбедност. Сето ова доаѓа како последица на реализацијата на акцијата која општина Гази Баба ја спроведе со асистенција од Министерството за внатрешни работи за рушење на дивоградба изградена на државно земјиште во населеното место Инџиково, локација за која во завршна фаза е урбанистичко – планската документација со која на тоа земјиште се предвидува изградба на детска градинка за жителите на Инџиково. За време на водењето на постапката, лицето кое ја градеше дивоградбата директно преку инспекциските служби, но и индиректно преку луѓе до мене упатуваше закани по живот. Вчера наутро по моето пристигнување во просториите на општината од страна на службите бев известен дека е забележано присуство на лицето кое го градеше објектот пред капијата на општина Гази Баба, а во дворот непосредно до влезот во бараките на општината во близина на моето приватно возило се забележани двете лица со кои лицето кое го градеше објектот доаѓало на неколку пати во општината и во чие присуство ги упатувало заканите кон мене и вработените во инспекциските служби. Нивното присуство во општината траеше подолго време, што беше очигледно дека го очекуваат моето излегување.
Во текот на вчерашниот ден доставив пријава до надлежните институции заедно со фото – документација од целиот случај и што очекувам соодветна реакција од нивна страна. Сакам јасно и недвосмислено да ставам до знаење дека не се плашам, ниту пак сето ова ќе ме поколеба во определбата да се спроведуваат и почитуваат законите, како и да се служи на граѓаните.
Од првиот ден кога Вие граѓаните ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник, кажав дека ќе им служам единствено на граѓаните на општина Гази Баба и дека компромис со почитување на Законот нема да правам. https://republika.mk/vesti/skopje/zagrozena-e-bezbednosta-na-gradonachalnikot-na-opshtina-gazi-baba-boban-stefkovski/ Секој што ќе постапи спротивно на Законот по однос на надлежностите на општината, без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност ќе си сноси одговорност. Толеранција нема да има за никого! Сакам да се заблагодарам на големиот број граѓани кој по објавување на веста во медиумите за ваквите настани испратија пораки со силна поддршка до мене.

The post Стефковски: Доведена во прашање е мојата лична безбедност appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Гази Баба ќе испрати два тимови за помош во Словенија и ќе додели финансиска помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-gazi-baba-ke-isprati-dva-timovi-za-pomosh-vo-slovenija-i-ke-dodeli-finansiska-pomosh/ Wed, 09 Aug 2023 14:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=670460

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, попладнево оддржа средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија. На средбата градоначалникот Стефковски го информираше овластениот министер на Република Словенија дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош и да испрати два тимови за справување со поледиците од поплавите во Словенија. За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Попладнево оддржав средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.На средбата се информирав за состојбата во која се наоѓаат најпогодените места во Словенија, а вооедно истакнав дека општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе, подготвени да помогнат на засегнатите граѓани.Согласно разговорот од средбата, ја информирам јавноста и граѓаните дека ќе поднесам иницијатива до Советот на општина Гази Баба за доделување на финансиска помош за Република Словенија, а во консултација со надлежните институции ќе ја разгледаме можноста за испраќање на два тимови кои ќе помогнат во справувањето со последиците.Хуманоста и солидарноста се водилка во нашата работа. Република Словенија ја покажа својата хуманост и солидарност со директна помош во 2016та година, кога нашата Гази Баба беше погодена од поплава која нанесе сериозна материјална штета, а за жал однесе и човечки животи.Општина Гази Баба не заборава кој подал рака, тогаш кога ни било најпотребно. - напиша Стефковски

The post Стефковски: Гази Баба ќе испрати два тимови за помош во Словенија и ќе додели финансиска помош appeared first on Република.

Стефковски: Гази Баба изминатата година и пол добива лик на модерна и инфраструктурна општина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-gazi-baba-izminatata-godina-i-pol-dobiva-lik-na-moderna-i-infrastrukturna-opshtina/ Sat, 17 Jun 2023 18:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=652544

Општина Гази Баба изминатата година ипол добива лик на модерна и инфраструктурна општина. Денес Општината е отворена за граѓаните, а отчетноста и транспарентноста се водилка во нашата работа“, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на трибината на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.

Стефковски се осврна на реализираните проекти во тековната 2023 година при што посочи дека во првите шест месеци од оваа година реализирани или почнати со реализација се повеќе од 90 нови проекти.

Ќе соопштам одредени инвестиции што ги направивме во образовната и во спортската инфраструктура. Еден клучен проблем на жителите од општина Гази Баба особено на младите генерации беше недостаток на училишни спортски сали и досега учениците своите часови по физичко и здравствено образование би рекол ги одржуваа во нефункционални услови. За таа цел започнавме со посветено работење и по 60 години основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци доби нова училишна сала, која што ја отворивме на почетокот на оваа година. И веднаш потоа поставивме камен темелник и се почна со изградба на нова сала основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани.

Исто така на почеток од годината започнавме со инвестиции во комуналната подземна инфраструктура и во првите шест месеци во општина Гази Баба работи на фекална канализација во должина од девет километри во населените места Смилковци, Црешово, Страчинци и Трубарево. Исто така асфалтиравме локални улици на површина на над 7.000 м2 во повеќе населени места“, рече Стефковски.

Градоначалникот на општина Гази Баба додаде дека Стајковци доби нов спортски центар со игралиште со вештачка трева и ново кошаркарско игралиште, како и ново детско катче. Дополнително се изградени осум нови забавни катчиња во повеќе урбани населени места. Се отвори и сензорна соба во основното училиште „Наум Наумоски - Борче“ за дечињата со посебни образовни програми.

Воведовме и бесплатна градинка за дечињата од семејства со социјален ризик“, нагласи тој.

Стефковски рече дека со оглед на енергетската и економска криза општина Гази баба како одговорна општина воведе два социјални пакети за помош пензионери со ниски примања и корисници на социјална парична помош.

The post Стефковски: Гази Баба изминатата година и пол добива лик на модерна и инфраструктурна општина appeared first on Република.

]]>

Општина Гази Баба изминатата година ипол добива лик на модерна и инфраструктурна општина. Денес Општината е отворена за граѓаните, а отчетноста и транспарентноста се водилка во нашата работа“, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на трибината на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.
Стефковски се осврна на реализираните проекти во тековната 2023 година при што посочи дека во првите шест месеци од оваа година реализирани или почнати со реализација се повеќе од 90 нови проекти.
Ќе соопштам одредени инвестиции што ги направивме во образовната и во спортската инфраструктура. Еден клучен проблем на жителите од општина Гази Баба особено на младите генерации беше недостаток на училишни спортски сали и досега учениците своите часови по физичко и здравствено образование би рекол ги одржуваа во нефункционални услови. За таа цел започнавме со посветено работење и по 60 години основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци доби нова училишна сала, која што ја отворивме на почетокот на оваа година. И веднаш потоа поставивме камен темелник и се почна со изградба на нова сала основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани.   Исто така на почеток од годината започнавме со инвестиции во комуналната подземна инфраструктура и во првите шест месеци во општина Гази Баба работи на фекална канализација во должина од девет километри во населените места Смилковци, Црешово, Страчинци и Трубарево. Исто така асфалтиравме локални улици на површина на над 7.000 м2 во повеќе населени места“, рече Стефковски.
Градоначалникот на општина Гази Баба додаде дека Стајковци доби нов спортски центар со игралиште со вештачка трева и ново кошаркарско игралиште, како и ново детско катче. Дополнително се изградени осум нови забавни катчиња во повеќе урбани населени места. Се отвори и сензорна соба во основното училиште „Наум Наумоски - Борче“ за дечињата со посебни образовни програми.
Воведовме и бесплатна градинка за дечињата од семејства со социјален ризик“, нагласи тој.
Стефковски рече дека со оглед на енергетската и економска криза општина Гази баба како одговорна општина воведе два социјални пакети за помош пензионери со ниски примања и корисници на социјална парична помош.

The post Стефковски: Гази Баба изминатата година и пол добива лик на модерна и инфраструктурна општина appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Тренчевска донесе скандалозна одлука да ја врати разрешената директорка на „Детска радост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-trenchevska-donese-skandalozna-odluka-da-ja-vrati-razreshenata-direktorka-na-detska-radost/ Sat, 27 May 2023 12:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=645178

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа прес-конференција на која информираше за новонастанатата состојба со детската градинка Детска радост.

Откако не успеаја да направат политички притисок врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Министерството за труд и социјална политика ѝ ги одзеде надлежносите на општината. Оваа одлука донесена од страна на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана, рече Стефковски.

Тој нагласи дека има информации дека во Министерството за труд и социјална политика бил вршен притисок врз вработените за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината.

Со одлукатада ја врати разрешената директорка за директор на детската градинка Детска радост министерката Јованка Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа.

Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања.

За мене е скандалозна одлуката на министерката Тренчевска, да ја врати разрешената директорка, без притоа Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по наодите за прекршување на Законот, рече Стефковски и потсети дека Тренчевска не го зема предвид и фактот што СОНК и вработените во градинката и родители дале поддршка на одлуката за разрешување на директорката.

The post Стефковски: Тренчевска донесе скандалозна одлука да ја врати разрешената директорка на „Детска радост“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа прес-конференција на која информираше за новонастанатата состојба со детската градинка Детска радост.
Откако не успеаја да направат политички притисок врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Министерството за труд и социјална политика ѝ ги одзеде надлежносите на општината. Оваа одлука донесена од страна на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана, рече Стефковски.
Тој нагласи дека има информации дека во Министерството за труд и социјална политика бил вршен притисок врз вработените за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината.
Со одлукатада ја врати разрешената директорка за директор на детската градинка Детска радост министерката Јованка Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа. Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања. За мене е скандалозна одлуката на министерката Тренчевска, да ја врати разрешената директорка, без притоа Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по наодите за прекршување на Законот, рече Стефковски и потсети дека Тренчевска не го зема предвид и фактот што СОНК и вработените во градинката и родители дале поддршка на одлуката за разрешување на директорката.

The post Стефковски: Тренчевска донесе скандалозна одлука да ја врати разрешената директорка на „Детска радост“ appeared first on Република.

]]>
Донација на летни обувки за дечињата од градинките во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/donatsija-na-letni-obuvki-za-dechinata-od-gradinkite-vo-gazi-baba/ Tue, 16 May 2023 12:20:22 +0000 https://republika.mk/?p=641381

Градоначалникот на Општина Гази Баба утрово ја посети детската градинка „25 Мај“, клонот „Пони“ во Хиподром каде заедно со директорката на дечињата им ги поделија летни обувки кои се донација од општествено одговорна компанија од општина Гази Баба.

Стефковски објасни дека оваа донација ја реализираа за дечињата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, градинките „25 Мај“ во Ченто и „Детска радост“ во Автокоманда.

Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка денес, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа.
Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е да создаваме подобри услови за престој на дечињата во градинките, вели градоначалникот Стефковски.

The post Донација на летни обувки за дечињата од градинките во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Гази Баба утрово ја посети детската градинка „25 Мај“, клонот „Пони“ во Хиподром каде заедно со директорката на дечињата им ги поделија летни обувки кои се донација од општествено одговорна компанија од општина Гази Баба. Стефковски објасни дека оваа донација ја реализираа за дечињата од двете детски градинки кои функционираат на територија на општина Гази Баба, градинките „25 Мај“ во Ченто и „Детска радост“ во Автокоманда.
Детските насмевки, радост и среќа немаат цена. Среќен сум што со нашата постапка денес, успеавме барем на миг да бидеме причината за детската среќа. Продолжуваме и во следниот период да градиме партнерски однос со детските градинки, бидејќи наша обврска е да создаваме подобри услови за престој на дечињата во градинките, вели градоначалникот Стефковски.

The post Донација на летни обувки за дечињата од градинките во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Министерството за труд и социјална политика врши упад во системот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stefkovski-ministerstvoto-za-trud-i-sotsijalna-politika-vrshi-upad-vo-sistemot/ Fri, 12 May 2023 15:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=640222

Денес на дело и со документ Министерството за труд и социјална политика застана во одбрана на незаконското работење на разрешената директорка на ЈУДГ Детска радост, обвинува Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

Тој на Фејсбук пишува:

Попладнево до општина Гази Баба е доставено Укажување со кое Министерството врши упад во системот се со цел одземање на ингеренциите на општина Гази Баба врз детската градинка Детска радост.

И покрај тоа што од страна на општина Гази Баба на инспекторите кои дојдоа во просториите на општината им беа доставени бараните документи, Министерството во укажувањето наведува паушални наводни прекршувања на постапката за разрешување, велам наводни бидејќи целокупната документација за која министерството вели дека недостасува е тука и постои во предметот и истата беше доставена до инспекторите од Министерството за труд и социјална политика кои беа во посета на општина Гази Баба.

Со ваквото постапување, Министерството за труд и социјална политика испраќа порака за неказливост и оваа постапка во случајот со градинката Детска радост може да се толкува како мотив за сите останати директори на детски градинки да работат спротивно на Закон, а со тоа ќе ја имаат поддршката на Министерството.

Јавно ја прашувам Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска:

1. Зошто на Укажувањето кое е доставено до општина Гази Баба не е потпишана инспектораката која го изработила Укажувањето и беше во инспекциски надзор над општина Гази Баба? Дали тоа значи дека инспекторката не се согласува со напишаното?

2. Зошто како Министер за труд и социјална политика се ставате во заштита на незаконито работење кое е утврдено со ревизорски извештај изготвен од надворешна независна лиценцирана ревизорска куќа?

3. Зошто не почекавте по наводите за незаконско работење да се прозинесат Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата до кој од мене е доставена документацијата и нели мислите дека со ваквата Ваша постапка се обидувате да извршите влијание над нивното работење?

За крај, почитувани мои сограѓани,

Борбата со криминалот и корупцијата е тешка борба, а за тоа најголем доказ се притисоците кои ги имаме со ваквите неосновани постапки.

Како градоначалник од кажаното нема да отстапам. Со незаконско работење, компромис ниту сум правел, ниту ќе правам, пишува Стефковски.

The post Стефковски: Министерството за труд и социјална политика врши упад во системот appeared first on Република.

]]>

Денес на дело и со документ Министерството за труд и социјална политика застана во одбрана на незаконското работење на разрешената директорка на ЈУДГ Детска радост, обвинува Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба. Тој на Фејсбук пишува: Попладнево до општина Гази Баба е доставено Укажување со кое Министерството врши упад во системот се со цел одземање на ингеренциите на општина Гази Баба врз детската градинка Детска радост. И покрај тоа што од страна на општина Гази Баба на инспекторите кои дојдоа во просториите на општината им беа доставени бараните документи, Министерството во укажувањето наведува паушални наводни прекршувања на постапката за разрешување, велам наводни бидејќи целокупната документација за која министерството вели дека недостасува е тука и постои во предметот и истата беше доставена до инспекторите од Министерството за труд и социјална политика кои беа во посета на општина Гази Баба. Со ваквото постапување, Министерството за труд и социјална политика испраќа порака за неказливост и оваа постапка во случајот со градинката Детска радост може да се толкува како мотив за сите останати директори на детски градинки да работат спротивно на Закон, а со тоа ќе ја имаат поддршката на Министерството. Јавно ја прашувам Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска: 1. Зошто на Укажувањето кое е доставено до општина Гази Баба не е потпишана инспектораката која го изработила Укажувањето и беше во инспекциски надзор над општина Гази Баба? Дали тоа значи дека инспекторката не се согласува со напишаното? 2. Зошто како Министер за труд и социјална политика се ставате во заштита на незаконито работење кое е утврдено со ревизорски извештај изготвен од надворешна независна лиценцирана ревизорска куќа? 3. Зошто не почекавте по наводите за незаконско работење да се прозинесат Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата до кој од мене е доставена документацијата и нели мислите дека со ваквата Ваша постапка се обидувате да извршите влијание над нивното работење? За крај, почитувани мои сограѓани, Борбата со криминалот и корупцијата е тешка борба, а за тоа најголем доказ се притисоците кои ги имаме со ваквите неосновани постапки. Како градоначалник од кажаното нема да отстапам. Со незаконско работење, компромис ниту сум правел, ниту ќе правам, пишува Стефковски.

The post Стефковски: Министерството за труд и социјална политика врши упад во системот appeared first on Република.

]]>
Се јадело и пиело на сметка на градинката: Стефковски ја разреши директорката на „Детска радост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/ Tue, 25 Apr 2023 11:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=633871

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информираше за утврдените прекршувања на Законите во работата на детската градинка „Детска радост“.

Утврдено е незаконско работење во детката градинка „Детска радост“. На предлог на Управниот одбор донесов одлука за разрешување на директорката. Незаконско работење нема да толерирам – вели Стефковски.

Детските градинки имаат за цел згрижување на децата во предучилишна возраст и истите треба и мора да работат согласно позитивните законски прописи. За жал таков не е примерот со детската градинка „Детска радост“ во Гази Баба.

Веќе подолг временски период до мене како градоначалник на општина Гази Баба пристигнуваат информации и индиции за незаконско работење на директорката на градинката „Детска радост“. Направено е прекршување на член 40 од Законот за јавни набавки. Во овој дел законските одредби упатуваат на соодветна постапка за секоја набавка чија вредност надминува 60.000 денари без ддв – рече Стефковски.

Според него, направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година.

Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење. Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот – појасни градоначалникот.

Додаде дека со извршениот увид во налозите за користење на патничкиот автомобил сопственост на градинката за службени дејствија е констатирано, користење на возилото за приватни цели. Ревизијата има утврдено осум наоди со што дава неповолно мислење по однос на примената на соодветните законски регулативи. Сите утврдени наводи во Извештајот на независниот ревизор се доказ дека во детската градинка „Детска радост“ се работело спротивно на повеќе Закони, односно прекршени се повеќе закони.

За сите законски прекршувања утврдени согласно Извештајот на независниот ревизор ќе поведам постапки пред соодветните институции во Република Македонија. Апелирам до Министерството за труд и социјална политика да ги почитува законите и утврдените процедури. Очекувам сите заедно да застанеме на страната на Законот бидејќи се друго ќе значи поддршка на утврдено незаконско работење – вели Стефковски.

The post Се јадело и пиело на сметка на градинката: Стефковски ја разреши директорката на „Детска радост“ appeared first on Република.

Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-vo-veligdenska-poseta-na-sos-detsko-selo/ Thu, 13 Apr 2023 12:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=630581

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во велигденска посета на СОС Детско село.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца. Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа.

На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех. Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина, напиша Стефковски.

The post Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во велигденска посета на СОС Детско село. За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
За мене беше посебно задоволство да бидам денес заедно со дечињата од СОС Детското село согласно традиција на Велики четврток да го украсиме велигденските јајца. Посебно е чувството кај мене што со денешната посета бев причината за среќа кај тие дечиња кои за жал останале без родителска грижа. На дечињата им подарив велигденски подароци и им посакав добро здравје, многу среќа и успех. Општина Гази Баба негува пријателски однос со СОС Детско село преку реализација на заеднички проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина, напиша Стефковски.  

The post Градоначалникот Стефковски во велигденска посета на СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dobri-vesti-za-nikola-bolnitsata-vo-turtsija-izgotvila-protokol-za-negovo-lekuvane/ Wed, 12 Apr 2023 07:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=630051

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер.

Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.

Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.

The post Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски завчера на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција, каде што треба да се лекува од канцер. Стефковски информира дека болницата во Турција преземала обврска за негово лекување и првиот третман за терапија е закажан за 24 април.
Објавувам дека се закажува голем хуманитарен концерт за 19.04.2023 година (среда) под мотото 'Подај рака за Никола' на кој покровител сум јас, пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба. Потребните средства за лекувањето на Никола не се собрани и затоа е потребно сите да се обединиме во хуманоста, информира градоначалникот на општина Гази Баба.

The post Добри вести за Никола: Болницата во Турција изготвила протокол за негово лекување appeared first on Република.

]]>
Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-go-isprati-mladiot-nikola-na-lekuvane-vo-turtsija/ Mon, 10 Apr 2023 10:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=629400

Рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:

Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.
Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување.
На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов! – напиша Стефковски.

The post Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција appeared first on Република.

]]>

Рано утрово, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на Меѓународниот аеродром Скопје го испрати 19-годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција. Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:
Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција. Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов! – напиша Стефковски.

The post Стефковски го испрати младиот Никола на лекување во Турција appeared first on Република.

]]>