БОбан Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-nikolovski/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 09:50:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png БОбан Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-nikolovski/ 32 32 Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-tsarinskata-uprava-gi-zategna-cheshmite-sega-se-odi-vo-budhetot-rekordna-naplata-na-prihodite/ Sat, 30 Nov 2024 09:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=843339

Ги „затегнавме чешмите“, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули до 26 ноември има 211 случаи на заплени или двојно повеќе во однос на лани. Поднесени се 45 кривични пријави што е за три пати повеќе во однос на истиот период минатата година, во телевизиско интервју изјави директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Во гостувањето во емисијата „За или против" на Алфа телевизија Николовски потенцира дека наплатата на приходите бележи континуиран раст во изминатите пет месеци.

Во јули се наплатени речиси 12 милијарди денари што е историски најголема наплата во еден месец. Растот на наплатата на приходи се задржа и во наредните месеци. Така, во септември се наплатени 10,27 милијарди денари или 9,4 проценти повеќе од лани, при што приходите од царина се зголемени за 24,4 проценти, а на акциза за 25,9 проценти. Во октомври наплатени се 11,3 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе од истиот период минатата година, истакна Николовски.

Зголемената наплата се должи на зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека.

Растот на наплатата на приходи се должи на зголемени контроли, менување на свеста на царинските службеници за поголем интегритет и професионалност, но и воспоставениот ред по принципот награда за секој што заслужил, но и санкционирање на оној што постапувал спротивно на законите. Воспоставен е и нов Комитет за оперативно работење чија задача е поефикасна координација на оперативното работење, што подразбира и зајакната контрола на работата на царинските службеници. Воедно на граничните премини и граничните терминали веќе е имплементиран систем за видео надзор и систем за препознавање на регистарските таблички, вели Николовски.

Во интервјуто Николовски говореше и за модернизација на премините, како и за проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ.

The post Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите appeared first on Република.

]]>

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-od-budimpeshta-so-silna-poddrshka-od-eu-ja-podobruvame-povrzanosta-so-regionot-i-unijata/ Mon, 18 Nov 2024 13:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=839189

Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Истовремено ја зајакнуваме и регионалната и меѓународната соработка која е клучна за размена и мечирање на податоци во синџирот на меѓународната трговија. На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на дводневниот состанок на високо ниво во Будимпешта „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ на којашто присуствуваа директорите на царините од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Настанот е организиран под покровителство на Националната даночна и царинска агенција на Унгарија во рамки на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ. Истиот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји кој потенцира дека интеграцијата е многу значајна во процесот на проширување и оти царинските управи имаат клучна улога во овој процес.

На настанот од страна на учесниците беше потенцирано дека интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, соработката помеѓу царините во делот на воспоставување зелени коридори и размена на податоци и предвидливата бизнис клима обезбедува стабилност и раст на економиите.

Директорот Николовски притоа потенцира дека голем дел од постигнувањата се овозможени благодарејќи на силната поддршка на Европската Унија.

Благодарение на силната поддршка од ЕУ, во моментов работиме на неколку проекти со ИПА грант и национално кофинансирање. Интензивно работиме на отпочнување на проект за автоматизација на терминалите и реконструкција на граничен премин Делчево. Воедно во моментов работиме на воспоставување на нови гранични премини со Бугарија – Клепало и со Грција- Маркова Нога. Паралелно работиме на имплементација системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ 2 чија цел е воспоставување единствен систем за регистрација и идентификација на економските оператори, истакна Николовски.

Во делот на соработката со Царините на другите земји Николовски истакна дека со Бугарија и Грција веќе се договорени билатерални средби на кои ќе се дискутира за прашања кои се од клучно значење за забрзување на трговијата. Воедно истакна дека денеска ќе биде потпишан и Протокол за елекронска размена на податоци преку SEED со Црна Гора.

На настанот Николовски се осврна и на проектите што ги имплементира Царинската управа во рамки на проектот на Светска банка за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан.

Директорот притоа истакна дека во моментов највисок приоритет е финализирање на имплементација на Новиот компјутеризиран систем – Фаза 5, а интензивно се работи и на новиот Царински закон со цел усогласување со царинскиот закон на ЕУ, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

The post Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата appeared first on Република.

]]>

Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Истовремено ја зајакнуваме и регионалната и меѓународната соработка која е клучна за размена и мечирање на податоци во синџирот на меѓународната трговија. На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на дводневниот состанок на високо ниво во Будимпешта „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ на којашто присуствуваа директорите на царините од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Настанот е организиран под покровителство на Националната даночна и царинска агенција на Унгарија во рамки на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ. Истиот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји кој потенцира дека интеграцијата е многу значајна во процесот на проширување и оти царинските управи имаат клучна улога во овој процес. На настанот од страна на учесниците беше потенцирано дека интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, соработката помеѓу царините во делот на воспоставување зелени коридори и размена на податоци и предвидливата бизнис клима обезбедува стабилност и раст на економиите. Директорот Николовски притоа потенцира дека голем дел од постигнувањата се овозможени благодарејќи на силната поддршка на Европската Унија.
Благодарение на силната поддршка од ЕУ, во моментов работиме на неколку проекти со ИПА грант и национално кофинансирање. Интензивно работиме на отпочнување на проект за автоматизација на терминалите и реконструкција на граничен премин Делчево. Воедно во моментов работиме на воспоставување на нови гранични премини со Бугарија – Клепало и со Грција- Маркова Нога. Паралелно работиме на имплементација системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ 2 чија цел е воспоставување единствен систем за регистрација и идентификација на економските оператори, истакна Николовски.
Во делот на соработката со Царините на другите земји Николовски истакна дека со Бугарија и Грција веќе се договорени билатерални средби на кои ќе се дискутира за прашања кои се од клучно значење за забрзување на трговијата. Воедно истакна дека денеска ќе биде потпишан и Протокол за елекронска размена на податоци преку SEED со Црна Гора. На настанот Николовски се осврна и на проектите што ги имплементира Царинската управа во рамки на проектот на Светска банка за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан. Директорот притоа истакна дека во моментов највисок приоритет е финализирање на имплементација на Новиот компјутеризиран систем – Фаза 5, а интензивно се работи и на новиот Царински закон со цел усогласување со царинскиот закон на ЕУ, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

The post Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата appeared first on Република.

]]>
Николовски: Ја засилуваме контролата на ГП Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-ja-zasiluvame-kontrolata-na-gp-blatse/ Thu, 14 Nov 2024 15:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=837794

Ја засилуваме контролата на граничен премин Блаце со цел спречување обиди за криумчарење поштенски пратки, соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, по состанокот со генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиш.

Спречени обиди за шверц на две поголеми пратки со брза пошта на граничниот премин, соопшти Николовски.

The post Николовски: Ја засилуваме контролата на ГП Блаце appeared first on Република.

Ќе има локално царињене во рамки на логистичкиот центар на компанијата: Директорот на Царина на средба со „Лидл Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-ima-lokalno-tsarinene-vo-ramki-na-logistichkiot-tsentar-na-kompanijata-direktorot-na-tsarina-na-sredba-so-lidl-makedonija/ Wed, 13 Nov 2024 15:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=837269

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, информира дека на состанок со генералниот извршен директор на компанијата „Лидл македонија“, Рубријан Хаџиев, истакнал дека Царинската управа е целосно транспарентна и отворена кон бизнис заедницата се со цел побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата и зголемување на вработеноста.

Во Куманово во тек е изградба на логистички центар во чии рамки планираат да имаат локално царинење при што ние како Царинска управа ќе им помогнеме во процесот.

Со Хаџиев и неговиот тим имавме одлична дискусија за нивните тековни активности и спроведување македонски недели во други земји во рамки на кои во маркетите на Лидл се продаваат македонски производи. Ми пренесоа дека одат кон остварување на целта во нивните маркети овде голем дел од производите што ќе се продаваат да бидат македонски производи.

Воедно во однос на извозот нивната интенција како што ми пренесоа е поголем редовен пласман на македонски производи во маркетите на Лидл, со што за нашите компании ќе се отворат нови пазари, вели Николовски.

The post Ќе има локално царињене во рамки на логистичкиот центар на компанијата: Директорот на Царина на средба со „Лидл Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, информира дека на состанок со генералниот извршен директор на компанијата „Лидл македонија“, Рубријан Хаџиев, истакнал дека Царинската управа е целосно транспарентна и отворена кон бизнис заедницата се со цел побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата и зголемување на вработеноста.
Во Куманово во тек е изградба на логистички центар во чии рамки планираат да имаат локално царинење при што ние како Царинска управа ќе им помогнеме во процесот.   Со Хаџиев и неговиот тим имавме одлична дискусија за нивните тековни активности и спроведување македонски недели во други земји во рамки на кои во маркетите на Лидл се продаваат македонски производи. Ми пренесоа дека одат кон остварување на целта во нивните маркети овде голем дел од производите што ќе се продаваат да бидат македонски производи.   Воедно во однос на извозот нивната интенција како што ми пренесоа е поголем редовен пласман на македонски производи во маркетите на Лидл, со што за нашите компании ќе се отворат нови пазари, вели Николовски.

The post Ќе има локално царињене во рамки на логистичкиот центар на компанијата: Директорот на Царина на средба со „Лидл Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-makedonija-e-sojuznik-so-sad-vo-nato-pri-shto-tsarinskata-uprava-ima-znachajna-uloga/ Fri, 08 Nov 2024 15:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=835648

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија, напиша Директорот на Царинска управа Бобан Николовски во објава на „Фејсбук“.

Целосно посветени во исполнување на нашите заложби и обврските согласно Договорот на земјите членки, Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна Николовски.

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствувавме на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот остваривме посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата, информираше Николовски.

Денешниот настан е организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

The post Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога appeared first on Република.

]]>

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија, напиша Директорот на Царинска управа Бобан Николовски во објава на „Фејсбук“.
Целосно посветени во исполнување на нашите заложби и обврските согласно Договорот на земјите членки, Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна Николовски.
Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствувавме на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот остваривме посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата, информираше Николовски. Денешниот настан е организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

The post Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога appeared first on Република.

]]>
Николовски: Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-unapreduvane-na-sorabotkata-so-armijata-za-pobrz-priem-na-opremata-potrebna-za-zajaknuvane-na-kapatsitetite/ Fri, 08 Nov 2024 13:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=835612

Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

Директорот Бобан Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.
По брифингот беше остварена посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата.

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија.

The post Николовски: Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите appeared first on Република.

]]>

Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance). Директорот Бобан Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот беше остварена посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата. Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија.

The post Николовски: Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите appeared first on Република.

]]>
Договорени повеќе чекори за полесна и побрза реакција на Царините на Македонија и на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dogovoreni-poveke-chekori-za-polesna-i-pobrza-reaktsija-na-tsarinite-na-makedonija-i-na-tsrna-gora/ Wed, 06 Nov 2024 14:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=834835

Воспоставување на електронска размена на податоци за увоз и извоз помеѓу двете држави пред пристигнување на стоката, билатерално меѓусебно признавање на статусот на Овластен економски оператор, подобрена комуникација и размена на податоци во реално време, како и воспоставување контакт лица со цел побрза реакција на службите.

Ова се точките договорени од директорот на македонската Царинска управа Бобан Николовски со директорката на Царинската управа на Црна Гора Маја Вучиниќ на средба остварена на маргините на тридневната Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

Се договоривме во најскоро време да оствариме билатерална средба на високо ниво на која ќе бидат вклучени и стручните служби од двете страни со цел побрзо остварување на дефинираните заклучоци. Целта на договорените мерки е олеснување и забрзување на легалната трговија што ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на економиите на двете држави, соопшти Николовски.

The post Договорени повеќе чекори за полесна и побрза реакција на Царините на Македонија и на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Воспоставување на електронска размена на податоци за увоз и извоз помеѓу двете држави пред пристигнување на стоката, билатерално меѓусебно признавање на статусот на Овластен економски оператор, подобрена комуникација и размена на податоци во реално време, како и воспоставување контакт лица со цел побрза реакција на службите. Ова се точките договорени од директорот на македонската Царинска управа Бобан Николовски со директорката на Царинската управа на Црна Гора Маја Вучиниќ на средба остварена на маргините на тридневната Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.
Се договоривме во најскоро време да оствариме билатерална средба на високо ниво на која ќе бидат вклучени и стручните служби од двете страни со цел побрзо остварување на дефинираните заклучоци. Целта на договорените мерки е олеснување и забрзување на легалната трговија што ќе придонесе кон зголемување на конкурентноста на економиите на двете држави, соопшти Николовски.

The post Договорени повеќе чекори за полесна и побрза реакција на Царините на Македонија и на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-zaplenite-se-zgolemeni-za-48-protsenti-izgotven-e-i-nov-protokol-so-bjb-za-zaednichko-deluvane/ Tue, 05 Nov 2024 13:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=834380

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно ниво е значително унапредена. Изготвен е нов протокол со Бирото за јавна безбедност, а со поддршка на ОБСЕ, се со цел унапредување на меѓуинституционалното делување и жестока борба со сериозен криминал.

Ова е јасен показател за нашата посветеност во борбата против пролиферација на мало и лесно оружје, истакна директорот Бобан Николовски, на Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

На маргините на конференцијата директорот оствари средби и со претставници на CIVIPOL на којашто беше дискутирано за отпочнување на активности за вклучување на Царинската управа во заедничките центри за соработка со полицијата.

Директорот при обраќањето ја истакна и посветеноста за развој на К9 единицата како исклучителна важна за спречување на нелегалната трговија на мало и лесно оружје, при што ги поздрави активностите на ОБСЕ и донаторите за изградба на регионален К9 тренинг центар на МВР.

Од аспект на преземените активности во борбата со сериозен криминал директорот истакна дека зајакнати се и капацитетите на мобилните тимови.

Од први јули до 31 октомври мобилните тимови оствариле 85 заплени, споредбено со само 59 заплени во претходните седум месеци.

Доставен е и извештај за сериозен организиран криминал што ќе биде основа за анализа и изготвување нова Национална проценка за закани од областа на сериозен криминал.

Активностите што се преземаат за спречување на пролиферација на оружје, се согласно и со Стратегијата на Царинската управа за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, како и Акциониот план во надлежност на Секторот за контрола и истраги.

Директорот на конференцијата го истакна значењето во спроведување ефикасни контроли како и континуираното вложување во развојот на човечкиот капитал како клучно во заложбите за жестока борба со сериозен криминал.

The post Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување appeared first on Република.

]]>

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно ниво е значително унапредена. Изготвен е нов протокол со Бирото за јавна безбедност, а со поддршка на ОБСЕ, се со цел унапредување на меѓуинституционалното делување и жестока борба со сериозен криминал. Ова е јасен показател за нашата посветеност во борбата против пролиферација на мало и лесно оружје, истакна директорот Бобан Николовски, на Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.   На маргините на конференцијата директорот оствари средби и со претставници на CIVIPOL на којашто беше дискутирано за отпочнување на активности за вклучување на Царинската управа во заедничките центри за соработка со полицијата.   Директорот при обраќањето ја истакна и посветеноста за развој на К9 единицата како исклучителна важна за спречување на нелегалната трговија на мало и лесно оружје, при што ги поздрави активностите на ОБСЕ и донаторите за изградба на регионален К9 тренинг центар на МВР.   Од аспект на преземените активности во борбата со сериозен криминал директорот истакна дека зајакнати се и капацитетите на мобилните тимови. Од први јули до 31 октомври мобилните тимови оствариле 85 заплени, споредбено со само 59 заплени во претходните седум месеци. Доставен е и извештај за сериозен организиран криминал што ќе биде основа за анализа и изготвување нова Национална проценка за закани од областа на сериозен криминал.   Активностите што се преземаат за спречување на пролиферација на оружје, се согласно и со Стратегијата на Царинската управа за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, како и Акциониот план во надлежност на Секторот за контрола и истраги.   Директорот на конференцијата го истакна значењето во спроведување ефикасни контроли како и континуираното вложување во развојот на човечкиот капитал како клучно во заложбите за жестока борба со сериозен криминал.

The post Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување appeared first on Република.

]]>
Николовски на средбата со Мисијата на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал: Мониторинг на највисоко ниво и сузбивање на криминал во воздушниот сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-na-sredbata-so-misijata-na-kantselarijata-na-on-za-droga-i-kriminal-monitoring-na-najvisoko-nivo-i-zajaknuvane-na-kapatsitetite-za-suzbivane-na-kriminal-vo-vozdushen-soobrakaj/ Mon, 04 Nov 2024 13:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=834051

Зајакнување на капацитетите на Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот аеродром Скопје, преку мониторинг на највисоко ниво, поднесување извештај за заплени заради анализа на трендовите и дефинирање на идните потреби со цел ефикасен одговор на сериозни закани од организиран криминал. Воедно ќе се прошират и надлежностите на единицата во делот на илегалната миграција и трговија со луѓе. Ова се дел од заклучоците од денешниот состанок помеѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, заменик директорот Гариб Каба, помошник директорот Влатко Лакордов, заедно со помошник директорот во Одделот за гранични работи и миграции, Ивона Стефановска одржан со Мисијата на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал предводена од Батир Гелџиев, регионален координатор за Југоисточна Европа.

Оценската мисија неделава е во Скопје и Охрид заради скенирање на состојбата за спроведување на Проектот за комуникација на аеродромите (AIRCOP) и Програмата за контрола на контејнерите (CCP) во чии рамки е воспоставена Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот аеродром Скопје. Со цел спречување на нелегалните дејствија по воздушен сообраќај, се скенира состојбата на меѓународниот аеродром во Охрид со цел изнаоѓање на најсоодветен начин за заедничко делување и на овој аеродром.

Целите за подобрување на резултатите во откривачките дејности се високо поставени во нашата стратегија за развој каде се дефинирани и активностите на Граничната меѓуагенциска единица. Тоа што оваа единица ја прави посебно значајна е фактот што е сочинета од припадници на двете најважни институции за спроведување на закон, кои на едно место можат да добиваат и разменуваат разузнавачки информации во реално време, што резултира со ефикасни акции за откривачките дејности при контрола на стока, патници, багаж и поштенски пратки во воздушниот сообраќај - потенцира Николовски и притоа го истакна значењето на случајот на откривање на поголема количина на анаболични стероиди во јули годинава, со што беше прекинат меѓународен синџир на недозволена трговија со забранети супстанци.

Мисијата ја истакна единицата како пример за успешно делување на царината и полицијата и оти искуствата ќе бидат пренесени и во останатите 86 земји во светот коишто се вклучени во проектот на Канцеларијата на ОН, а особено во земјите во Југоисточна Европа.

Според досегашните оценки на Канцеларијата на ОН, македонската Граничната меѓуагенциска единица е оценета со највисоки оценки во делот на спроведување на зададените цели на проектот меѓу коишто и сузбивање на организирани облици на криминал во воздушниот сообраќај.

The post Николовски на средбата со Мисијата на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал: Мониторинг на највисоко ниво и сузбивање на криминал во воздушниот сообраќај appeared first on Република.

]]>

Зајакнување на капацитетите на Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот аеродром Скопје, преку мониторинг на највисоко ниво, поднесување извештај за заплени заради анализа на трендовите и дефинирање на идните потреби со цел ефикасен одговор на сериозни закани од организиран криминал. Воедно ќе се прошират и надлежностите на единицата во делот на илегалната миграција и трговија со луѓе. Ова се дел од заклучоците од денешниот состанок помеѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, заменик директорот Гариб Каба, помошник директорот Влатко Лакордов, заедно со помошник директорот во Одделот за гранични работи и миграции, Ивона Стефановска одржан со Мисијата на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал предводена од Батир Гелџиев, регионален координатор за Југоисточна Европа. Оценската мисија неделава е во Скопје и Охрид заради скенирање на состојбата за спроведување на Проектот за комуникација на аеродромите (AIRCOP) и Програмата за контрола на контејнерите (CCP) во чии рамки е воспоставена Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот аеродром Скопје. Со цел спречување на нелегалните дејствија по воздушен сообраќај, се скенира состојбата на меѓународниот аеродром во Охрид со цел изнаоѓање на најсоодветен начин за заедничко делување и на овој аеродром.
Целите за подобрување на резултатите во откривачките дејности се високо поставени во нашата стратегија за развој каде се дефинирани и активностите на Граничната меѓуагенциска единица. Тоа што оваа единица ја прави посебно значајна е фактот што е сочинета од припадници на двете најважни институции за спроведување на закон, кои на едно место можат да добиваат и разменуваат разузнавачки информации во реално време, што резултира со ефикасни акции за откривачките дејности при контрола на стока, патници, багаж и поштенски пратки во воздушниот сообраќај - потенцира Николовски и притоа го истакна значењето на случајот на откривање на поголема количина на анаболични стероиди во јули годинава, со што беше прекинат меѓународен синџир на недозволена трговија со забранети супстанци.
Мисијата ја истакна единицата како пример за успешно делување на царината и полицијата и оти искуствата ќе бидат пренесени и во останатите 86 земји во светот коишто се вклучени во проектот на Канцеларијата на ОН, а особено во земјите во Југоисточна Европа. Според досегашните оценки на Канцеларијата на ОН, македонската Граничната меѓуагенциска единица е оценета со највисоки оценки во делот на спроведување на зададените цели на проектот меѓу коишто и сузбивање на организирани облици на криминал во воздушниот сообраќај.

The post Николовски на средбата со Мисијата на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал: Мониторинг на највисоко ниво и сузбивање на криминал во воздушниот сообраќај appeared first on Република.

]]>
Николовски на средба со Димовски: Ги унапредуваме царинските процеси за зајакнување на економската безбедност и подобрување на условите за водење бизнис https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-na-sredba-so-dimovski-gi-unapreduvame-tsarinskite-protsesi-za-zajaknuvane-na-ekonomskata-bezbednost-i-podobruvane-na-uslovite-za-vodene-biznis/ Mon, 28 Oct 2024 13:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=831716

Економската безбедност и зачувување на финансиските интереси на државата преку поголема ефикасност во наплатата на приходи се клучни приоритети на Царинската управа, при што работиме на унапредување на царинските процеси сè со цел подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова беше главната тема на којашто денеска директорот Бобан Николовски дискутираше со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Во однос на прашањата кои беа тема на дискусија на состанокот директорот оствари и работна посета на Царинска испостава Слободна зона Скопје со цел увид на состојбите на терен.

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, истакна дека унапредување на царинските постапки и олеснување на легалната трговија, но и сузбивање на нелегалните дејствија е клучно за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции.

Двете страни воедно договорија унапредување на соработката помеѓу двете институции.

Обезбедувањето на поволна инвестициска клима е нашата главна цел, а успешната соработка со Царинската Управа е од клучно значење, олеснувајќи го работењето на компаниите во зоните, при што се нудат нови можности за зголемување на нивниот капацитет за раст и развој, истакна Димовски.

The post Николовски на средба со Димовски: Ги унапредуваме царинските процеси за зајакнување на економската безбедност и подобрување на условите за водење бизнис appeared first on Република.

]]>

Економската безбедност и зачувување на финансиските интереси на државата преку поголема ефикасност во наплатата на приходи се клучни приоритети на Царинската управа, при што работиме на унапредување на царинските процеси сè со цел подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова беше главната тема на којашто денеска директорот Бобан Николовски дискутираше со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Во однос на прашањата кои беа тема на дискусија на состанокот директорот оствари и работна посета на Царинска испостава Слободна зона Скопје со цел увид на состојбите на терен. Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, истакна дека унапредување на царинските постапки и олеснување на легалната трговија, но и сузбивање на нелегалните дејствија е клучно за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции. Двете страни воедно договорија унапредување на соработката помеѓу двете институции. Обезбедувањето на поволна инвестициска клима е нашата главна цел, а успешната соработка со Царинската Управа е од клучно значење, олеснувајќи го работењето на компаниите во зоните, при што се нудат нови можности за зголемување на нивниот капацитет за раст и развој, истакна Димовски.

The post Николовски на средба со Димовски: Ги унапредуваме царинските процеси за зајакнување на економската безбедност и подобрување на условите за водење бизнис appeared first on Република.

]]>
Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-zajaknuvane-na-odnosite-so-investitorite-kluchno-za-zgolemuvane-na-ekonomskata-konkurentnost-i-vrabotenosta-vo-drzhavata-2/ Fri, 25 Oct 2024 09:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=830853

Воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата, истакнал директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC Р. Македонија, Мирослав Марчев.

Тој посочил дека Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата.

Како што соопшти Царинската управа, генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакнал дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион.

Тој на состанокот ги презентирал нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар.

The post Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата appeared first on Република.

]]>

Воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата, истакнал директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC Р. Македонија, Мирослав Марчев. Тој посочил дека Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата. Како што соопшти Царинската управа, генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакнал дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион. Тој на состанокот ги презентирал нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар.

The post Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата appeared first on Република.

]]>
Зголемените контроли резултираа со повисоки приходи и зголемен пријавен увоз на возила и цигари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemenite-kontroli-rezultiraa-so-povisoki-prihodi-i-zgolemen-prijaven-uvoz-na-vozila-i-tsigari/ Thu, 17 Oct 2024 11:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=828019

Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека - истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на првата трибина од Платформата „100 проценти посветени за тебе“.

Во однос на затекнатата состојба директорот потенцира дека истата била крајно разочарувачка односно имало слаби контроли, а откривачките функции биле сведени на минимум.

Воспоставуваме ред при што во јули, како што рече, е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец во износ од 12 милијарди денари или 16,6 проценти повеќе од лани.

Тенденцијата вели Николовски е задржана и во наредниот период за што е доказ и зголемената наплата на приходи во 100те дена во износ од 35,4 милијарди денари.

The post Зголемените контроли резултираа со повисоки приходи и зголемен пријавен увоз на возила и цигари appeared first on Република.

]]>

Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека - истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на првата трибина од Платформата „100 проценти посветени за тебе“.
Во однос на затекнатата состојба директорот потенцира дека истата била крајно разочарувачка односно имало слаби контроли, а откривачките функции биле сведени на минимум. Воспоставуваме ред при што во јули, како што рече, е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец во износ од 12 милијарди денари или 16,6 проценти повеќе од лани. Тенденцијата вели Николовски е задржана и во наредниот период за што е доказ и зголемената наплата на приходи во 100те дена во износ од 35,4 милијарди денари.

The post Зголемените контроли резултираа со повисоки приходи и зголемен пријавен увоз на возила и цигари appeared first on Република.

]]>
Николовски: Новото раководство многу внимание посветува на внатрешната контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-novoto-rakovodstvo-mnogu-vnimanie-posvetuva-na-vnatreshnata-kontrola/ Thu, 17 Oct 2024 11:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=828009

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска истакна дека внатрешните контроли во рамки на службата се тековни активности, дека тоа е секојдневна работа на Царинската управа.

-Внатрешната контрола е тековна работа. Од како сме дојдени како ново раководство на Управата од 1 јули оваа година, само во текот на месец август се покренати 18 дисципински постапки, што значи дека Секторот за внатрешна контрола во Управата функционира, рече тој.

Николовски додаде дека неодамнешните активности и апсењата во рамки на Царинската управа се спроведени од страна на МВР по налог на Јавното обвинителство.

-Бидете убедени дека новото раководство многу внимание посветува на внатрешната контрола. Управата е обемна институција со 1200 вработени, со многу внатрешни испостави и многу гранични премини. Насоката е дадена, редот, работата и дисциплината се единствените критериуми според кои ќе се цени, за се друго ќе има санкционирање како што и се случи, рече Николовски.

The post Николовски: Новото раководство многу внимание посветува на внатрешната контрола appeared first on Република.

Директорот на Царинската управа се сретна со претставници од Одделението за економски и трговски врски при Амбасадата на Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/direktorot-na-tsarinskata-uprava-se-sretna-so-pretstavnitsi-od-oddelenieto-za-ekonomski-i-trgovski-vrski-pri-ambasadata-na-grtsija/ Wed, 16 Oct 2024 09:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=827498

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.

„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците“, истакна директорот Николовски.

На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.

The post Директорот на Царинската управа се сретна со претставници од Одделението за економски и трговски врски при Амбасадата на Грција appeared first on Република.

Директорите на царинските управи на Македонија и Бугарија се сретнаа во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorite-na-tsarinskite-upravi-na-makedonija-i-bugarija-se-sretnaa-vo-sofija/ Thu, 10 Oct 2024 18:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=825348

Со директорот на Царинска агенција на Република Бугарија Георги Димов одржав билатерална средба во Софија, информираше Директорот на Царинската управа на Република Македонија Бобан Николовски преку објава на „Фејсбук“.

Разговаравме за добрата меѓуинституционална соработка како и за развојот на граничните премини долж граничната линија. За исполнување на важната улога која ја имаат за заштита на граѓаните и бизнисите денес, царинските управи работат со современи методи на контрола и анализа на ризик базирани на интегрирани модели.
Договоривме активирање на соработката во различни области од специфичната царинска дејност.
Воедно во блиска иднина ќе одржиме средба на највисоко ниво со поддршка на секторски работни групи.
Билатералната средба беше во рамките на посетата на Софија по повод состанокот на високо ниво за зајакнување на регионалната соработка во борбата против трговијата со дрога по воздушен пат во Југоисточна Европа, стои во објавата.

The post Директорите на царинските управи на Македонија и Бугарија се сретнаа во Софија appeared first on Република.

]]>

Со директорот на Царинска агенција на Република Бугарија Георги Димов одржав билатерална средба во Софија, информираше Директорот на Царинската управа на Република Македонија Бобан Николовски преку објава на „Фејсбук“.
Разговаравме за добрата меѓуинституционална соработка како и за развојот на граничните премини долж граничната линија. За исполнување на важната улога која ја имаат за заштита на граѓаните и бизнисите денес, царинските управи работат со современи методи на контрола и анализа на ризик базирани на интегрирани модели. Договоривме активирање на соработката во различни области од специфичната царинска дејност. Воедно во блиска иднина ќе одржиме средба на највисоко ниво со поддршка на секторски работни групи. Билатералната средба беше во рамките на посетата на Софија по повод состанокот на високо ниво за зајакнување на регионалната соработка во борбата против трговијата со дрога по воздушен пат во Југоисточна Европа, стои во објавата.

The post Директорите на царинските управи на Македонија и Бугарија се сретнаа во Софија appeared first on Република.

]]>
Николовски: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-silno-sme-posveteni-vo-ostvaruvane-na-zaednichkite-tseli-vo-borbata-so-nelegalnata-trgovija-so-droga/ Thu, 10 Oct 2024 09:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=825100

Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи. Притоа фокус треба да ни бидат карго пратките земајќи ги предвид количините кои подлежат на контрола, како и повеќекратните чекори во синџирот на снабдување, истакна директорот Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација.

Настанот беше организиран како дел од 10тиот состанок на Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа во рамки на Помпиду Групацијата (AIRSEE). На настанот учествуваа високи претставници на царински управи, гранични полиции, министерства за внатрешни работи, СЕЛЕК, како високи претставници од Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности.

„Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки како и размена на разузнавачки информации во реално време“, рече Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ.

Во рамки на настанот учесниците разменија искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот.

Oд аспект на преземените активности како дел од постојаната борба со трговијата со дрога и други забранети супстанци по воздушен пат, Николовски го истакна случајот во кој царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје спречија меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди за што беше добиено и признание од Светската антидопинг агенција.

Во рамки на настанот учесниците во Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа ја усвоија заедничката декларација со што се согласија да ја зајакнат улогата на Организацијата како регионална платформа за начин на дејствување, да се работи на развој на и усогласување на алатки и системи за подобрување на откривањето дрога на аеродромите во Југоисточна Европа, да се подобруваат оперативните капацитети преку специфични технички состаноци како и оперативните резултати поврзани со борбата против недозволена трговија со дрога преку навремена размена на информации, да се продолжи со спроведувањето на заедничките операции насочени кон недозволено снабдување со дрога и забранети супстанци, како и да се воспостават заеднички индикатори за идентификување на трендовите и ризиците на регионално ниво.

На маргините на настанот директорот оствари средби со директори и заменици директори на Царински управи од Југоисточна Европа, на коишто беше истакната потребата од зголемување на меѓусебната соработка со цел олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, но и унапредување на царинските постапки.

The post Николовски: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога appeared first on Република.

]]>

Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи. Притоа фокус треба да ни бидат карго пратките земајќи ги предвид количините кои подлежат на контрола, како и повеќекратните чекори во синџирот на снабдување, истакна директорот Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација.
Настанот беше организиран како дел од 10тиот состанок на Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа во рамки на Помпиду Групацијата (AIRSEE). На настанот учествуваа високи претставници на царински управи, гранични полиции, министерства за внатрешни работи, СЕЛЕК, како високи претставници од Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности.
„Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки како и размена на разузнавачки информации во реално време“, рече Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ.
Во рамки на настанот учесниците разменија искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот. Oд аспект на преземените активности како дел од постојаната борба со трговијата со дрога и други забранети супстанци по воздушен пат, Николовски го истакна случајот во кој царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје спречија меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди за што беше добиено и признание од Светската антидопинг агенција. Во рамки на настанот учесниците во Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа ја усвоија заедничката декларација со што се согласија да ја зајакнат улогата на Организацијата како регионална платформа за начин на дејствување, да се работи на развој на и усогласување на алатки и системи за подобрување на откривањето дрога на аеродромите во Југоисточна Европа, да се подобруваат оперативните капацитети преку специфични технички состаноци како и оперативните резултати поврзани со борбата против недозволена трговија со дрога преку навремена размена на информации, да се продолжи со спроведувањето на заедничките операции насочени кон недозволено снабдување со дрога и забранети супстанци, како и да се воспостават заеднички индикатори за идентификување на трендовите и ризиците на регионално ниво. На маргините на настанот директорот оствари средби со директори и заменици директори на Царински управи од Југоисточна Европа, на коишто беше истакната потребата од зголемување на меѓусебната соработка со цел олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, но и унапредување на царинските постапки.

The post Николовски: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога appeared first on Република.

]]>
На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-granitsite-se-voveduva-sistem-za-prepoznavane-na-registarskite-tablichki/ Wed, 02 Oct 2024 09:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=821695

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

The post На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички appeared first on Република.

]]>

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан. Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

The post На границите се воведува систем за препознавање на регистарските таблички appeared first on Република.

]]>
Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-od-kafasan-vlozhuvame-vo-modernizatsija-na-preminite-i-zajaknuvane-na-kontrolite-no-ochekuvame-i-pogolema-efektivnost-na-otkrivachkite-funktsii/ Wed, 02 Oct 2024 09:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=821690

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот на царина, Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка

The post Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции appeared first on Република.

]]>

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот на царина, Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан. Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка

The post Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции appeared first on Република.

]]>
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegu-drzhavniot-zavod-za-statistika-i-tsarinskata-uprava/ Sat, 28 Sep 2024 07:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=820468

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Преземањето на податоците од Царинската управа преку веб-сервиси е особено важно за обезбедување навременост и заштита на податоците како и понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, истакна Станков.

Директорот Станков, на денешното потпишување на Меморандумот, потенцираше дека институцијата вложува напори за дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци, информира ДЗС.

Меморандумот е во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка преку размена на податоци и повисок степен на дигитализација.

Царинската управа е посветена на процесот на унапредување на меѓуинституционалната соработка, што крајно треба да ни овозможи креирање одржлив економски раст. Ваквиот чекор е само дел од нашите заложби за заедничко делување во насока на подобрување на условите за водење бизнис. Сетовите на податоци што ги обезбедуваме во делот на надворешно трговската размена овозможуваат компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

И двете страни, се посочува во соопштението, ја искажаа својата заложба за натамошно продлабочување на соработката, а потпишувањето на Меморандумот ги зајакнува и унапредува веќе воспоставените практики на размена на информации и податоци.

The post Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика електронски ќе ги презема податоците за надворешна трговија од Царинската управа. Ова е утврдено со Меморандумот за соработка, што беше потпишан од страна на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Преземањето на податоците од Царинската управа преку веб-сервиси е особено важно за обезбедување навременост и заштита на податоците како и понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, истакна Станков.
Директорот Станков, на денешното потпишување на Меморандумот, потенцираше дека институцијата вложува напори за дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци, информира ДЗС. Меморандумот е во насока на унапредување на меѓуинституционалната соработка преку размена на податоци и повисок степен на дигитализација.
Царинската управа е посветена на процесот на унапредување на меѓуинституционалната соработка, што крајно треба да ни овозможи креирање одржлив економски раст. Ваквиот чекор е само дел од нашите заложби за заедничко делување во насока на подобрување на условите за водење бизнис. Сетовите на податоци што ги обезбедуваме во делот на надворешно трговската размена овозможуваат компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
И двете страни, се посочува во соопштението, ја искажаа својата заложба за натамошно продлабочување на соработката, а потпишувањето на Меморандумот ги зајакнува и унапредува веќе воспоставените практики на размена на информации и податоци.

The post Склучен Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Царинската управа appeared first on Република.

]]>
Царинската управа трет месец со повисоки приходи, на сите граници стартува интелигентен систем за препознавање на регистарски таблички и видео надзор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsarinskata-uprava-tret-mesets-so-povisoki-prihodi-na-site-granitsi-startuva-inteligenten-sistem-za-prepoznavane-na-registarski-tablichki-i-video-nadzor/ Sun, 22 Sep 2024 09:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=818659

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека приходите што ги наплатила Царинската управа веќе трет месец се повисоки во однос на лани, што покажува дека дисциплината е на високо ниво.

Како што информира Николовски, наскоро ќе биде ставен во функција и системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, кој ќе препознава лица, возила, ќе алармира за сомнителни движења, но и кога има оптовареност на лентите на граничните премини. Воедно, за многу скоро време се очекува и царинските службеници на пет гранични премини да бидат опремени со боди камери.

Николовски, во Дневникот на Македонска Радио Телевизија, потенцираше дека во Царинската управа работат врвни професионалци, а за оние што нема да покажат резултати како што рече нема да има простување.

Во август се отпочнати 18 дисциплински постапки. Царинската политика согласно приоритетите на Владата, под водство на премиерот Христијан Мицкоски, се темели на два столба - економска трансформација и сузбивање на криминалот и корупцијата. Согласно поставените приоритети во моментов интензивно се работи на повеќе проекти и реформски политики, изјави Николовски.

Покрај системот за видео надзор Николовски вели дека интензивно се работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ којшто значително ќе придонесе за забрзување на транспортот и олеснување на трговијата. Проектот подразбира замена на постоечките ваги со дигитални, како и дигитални рампи. Воедно, веќе се работи на усогласување на смените со Агенција за храна и ветеринарство. Во делот на сузбивање на криминалот унапредена е соработката со Бирото за јавна безбедност, а со УЈП е договорено размена на податоци и уште поважно нивно мечирање.

Електронска размена на податоци е договорена и со Државниот завод за статистика и со Народната банка на што исто така интензивно се работи.

За зајакнување на партнерските односи со бизнис заедницата по пауза од две години е реактивирано и Советодавното тело каде членови покрај Царинската управа се стопанските комори и асоцијациите. Ова се само дел од отпочнатите активности, при што директорот Николовски рече дека ќе бара конкретни резултати кои ќе бидат видливи и мерливи преку зголемување на конкурентноста на македонската економија и сузбивање на криминалот и корупцијата.

The post Царинската управа трет месец со повисоки приходи, на сите граници стартува интелигентен систем за препознавање на регистарски таблички и видео надзор appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека приходите што ги наплатила Царинската управа веќе трет месец се повисоки во однос на лани, што покажува дека дисциплината е на високо ниво. Како што информира Николовски, наскоро ќе биде ставен во функција и системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, кој ќе препознава лица, возила, ќе алармира за сомнителни движења, но и кога има оптовареност на лентите на граничните премини. Воедно, за многу скоро време се очекува и царинските службеници на пет гранични премини да бидат опремени со боди камери. Николовски, во Дневникот на Македонска Радио Телевизија, потенцираше дека во Царинската управа работат врвни професионалци, а за оние што нема да покажат резултати како што рече нема да има простување.
Во август се отпочнати 18 дисциплински постапки. Царинската политика согласно приоритетите на Владата, под водство на премиерот Христијан Мицкоски, се темели на два столба - економска трансформација и сузбивање на криминалот и корупцијата. Согласно поставените приоритети во моментов интензивно се работи на повеќе проекти и реформски политики, изјави Николовски.
Покрај системот за видео надзор Николовски вели дека интензивно се работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ којшто значително ќе придонесе за забрзување на транспортот и олеснување на трговијата. Проектот подразбира замена на постоечките ваги со дигитални, како и дигитални рампи. Воедно, веќе се работи на усогласување на смените со Агенција за храна и ветеринарство. Во делот на сузбивање на криминалот унапредена е соработката со Бирото за јавна безбедност, а со УЈП е договорено размена на податоци и уште поважно нивно мечирање. Електронска размена на податоци е договорена и со Државниот завод за статистика и со Народната банка на што исто така интензивно се работи. За зајакнување на партнерските односи со бизнис заедницата по пауза од две години е реактивирано и Советодавното тело каде членови покрај Царинската управа се стопанските комори и асоцијациите. Ова се само дел од отпочнатите активности, при што директорот Николовски рече дека ќе бара конкретни резултати кои ќе бидат видливи и мерливи преку зголемување на конкурентноста на македонската економија и сузбивање на криминалот и корупцијата.

The post Царинската управа трет месец со повисоки приходи, на сите граници стартува интелигентен систем за препознавање на регистарски таблички и видео надзор appeared first on Република.

]]>