бобан илиоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-ilioski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 15:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бобан илиоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/boban-ilioski/ 32 32 Mакедонскиот кикбоксер Илиоски од Атина: Финалето беше тешко, но сепак победив https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-kikbokser-ilioski-od-atina-finaleto-beshe-teshko-no-sepak-pobediv/ Fri, 08 Nov 2024 15:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=835642

Финалето беше тешко, противникот беше физички силен, но јас бев смирен и победив, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски кусо откако го заврши финалниот меч на Европското сениорско првенство на кое освои златен медал и ја одбрани европската титула од пред две години.

Непосредно пред почетокот на натпреварите во Атина, македонскиот кикбоксер за МИА изрази надеж но и оптимизам дека ќе ја одбрани титулата, а сега не го крие задоволството и посочува дека се покажува дека вределе напорните подготовки од изминатите два-три месеци пред првенството.

- Секоја борба си има своја тежина, но не сакам да дозволам некоја негативна емоција или мисла да влегува во мене, размислував само на победа и тоа и се исполни, истакна Илиоски во однос на натпреварите што во изминатите денови ги имаше во Атина.

По Европското првенство во Грција, вели дека сака (заслужено) да се одмори, а потоа ќе продолжи со подготовки за натпреварите во иднина.

Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски попладнево со 2-1 го совлада полскиот репрезентативец Ерик Ниевегловски и на нашата земја и носи златен медал.

Македонската репрезентација од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски во разговор за МИА вели дека е задоволен од успехот, иако очекувал малку повеќе од Стефан и од другите борци, како што се Леа и Андреа во женска конкуренција.

На Стефан му беше многу тесна борбата, ја загуби за еден поен за влез во полуфинале, но се закити со бронзен медал. За Бобан очекувано беше, се исполни тоа што го очекувавме. Бобан од година во година, од борба во борба станува се поискусен борец и точно си ја дозира силата и енергијата, го проценува противникот и ја дозира толку колку што му е потребно за да победи, чувајќи ја силата и чувајќи се од повреди, вели Митровски.

Македонската репрезентација имаше петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, предводени претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.

Ашкилов не успеа да се пласира во полуфиналето, откако поради повреда докторот не му дозволи да го продолжи натпреварот во втората рунда, додека во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

The post Mакедонскиот кикбоксер Илиоски од Атина: Финалето беше тешко, но сепак победив appeared first on Република.

]]>

Финалето беше тешко, противникот беше физички силен, но јас бев смирен и победив, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски кусо откако го заврши финалниот меч на Европското сениорско првенство на кое освои златен медал и ја одбрани европската титула од пред две години. Непосредно пред почетокот на натпреварите во Атина, македонскиот кикбоксер за МИА изрази надеж но и оптимизам дека ќе ја одбрани титулата, а сега не го крие задоволството и посочува дека се покажува дека вределе напорните подготовки од изминатите два-три месеци пред првенството.
- Секоја борба си има своја тежина, но не сакам да дозволам некоја негативна емоција или мисла да влегува во мене, размислував само на победа и тоа и се исполни, истакна Илиоски во однос на натпреварите што во изминатите денови ги имаше во Атина.
По Европското првенство во Грција, вели дека сака (заслужено) да се одмори, а потоа ќе продолжи со подготовки за натпреварите во иднина. Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски попладнево со 2-1 го совлада полскиот репрезентативец Ерик Ниевегловски и на нашата земја и носи златен медал. Македонската репрезентација од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми. Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски во разговор за МИА вели дека е задоволен од успехот, иако очекувал малку повеќе од Стефан и од другите борци, како што се Леа и Андреа во женска конкуренција.
На Стефан му беше многу тесна борбата, ја загуби за еден поен за влез во полуфинале, но се закити со бронзен медал. За Бобан очекувано беше, се исполни тоа што го очекувавме. Бобан од година во година, од борба во борба станува се поискусен борец и точно си ја дозира силата и енергијата, го проценува противникот и ја дозира толку колку што му е потребно за да победи, чувајќи ја силата и чувајќи се од повреди, вели Митровски.
Македонската репрезентација имаше петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, предводени претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата. Ашкилов не успеа да се пласира во полуфиналето, откако поради повреда докторот не му дозволи да го продолжи натпреварот во втората рунда, додека во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија. Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

The post Mакедонскиот кикбоксер Илиоски од Атина: Финалето беше тешко, но сепак победив appeared first on Република.

]]>
Ја каменувале куќата на светскиот кикбокс првак Бобан Илиоски – тој ги испратил во болница https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ja-kamenuvale-kukata-na-svetskiot-kikboks-prvak-boban-ilioski-toj-gi-ispratil-vo-bolnitsa/ Tue, 03 Sep 2024 17:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=812864

Македонскиот кикобксер, Бобан Илиоски, имал непријатна епизода откако по физичка пресметка со едно лице, била каменувана неговата куќа во општина Аеродром.

Според информациите од полицијата, Илиевски влегол во конфликт затоа што претходно бил нападнат член на неговото семејство.

На 02.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје. Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во извештајот од полицијата.

Бобан Илиоски е светски шампион во кикбокс, во верзијата ВАКО ПРО, а титулата ја освои во април во Скопје.

The post Ја каменувале куќата на светскиот кикбокс првак Бобан Илиоски – тој ги испратил во болница appeared first on Република.

]]>

Македонскиот кикобксер, Бобан Илиоски, имал непријатна епизода откако по физичка пресметка со едно лице, била каменувана неговата куќа во општина Аеродром. Според информациите од полицијата, Илиевски влегол во конфликт затоа што претходно бил нападнат член на неговото семејство.
На 02.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Б.И. од Скопје и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје. Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во извештајот од полицијата.
Бобан Илиоски е светски шампион во кикбокс, во верзијата ВАКО ПРО, а титулата ја освои во април во Скопје.

The post Ја каменувале куќата на светскиот кикбокс првак Бобан Илиоски – тој ги испратил во болница appeared first on Република.

]]>
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kikbokserot-boban-ilioski-svetski-prvak-vo-vako-pro/ Sat, 27 Apr 2024 07:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=771593

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

The post Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција. Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1. Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула. За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

The post Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО appeared first on Република.

]]>
Нов триумф на Бобан Илиоски: Во првата рунда го нокаутира Белгиецот Кујкен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-triumf-na-boban-ilioski-vo-prvata-runda-go-nokautira-belgietsot-kujken/ Sun, 12 Mar 2023 08:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=618647

Македонскиот ММА борец, Бобан Илиоски, ја продолжи добрата форма и на натпревар во Белгија славеше против Леви Кујкен во К1 до 85 килограми. Борбата се одржа на „Фајт најт топ екшн“ во Турнхоут, Белгија.

Илиоски во овој период е во Холандија каде што се подготвува за ВАКО Про Арена фајт турнирот кој на 24 март ќе се одржи во Будва.

Станува збор за турнир на кој ќе појават најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 килограми во дисциплината К1 (три рунди по три минути).

Оваа борба Илиоски ја одработи како проверка на формата и се покажа како успешен тест.

The post Нов триумф на Бобан Илиоски: Во првата рунда го нокаутира Белгиецот Кујкен appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ММА борец, Бобан Илиоски, ја продолжи добрата форма и на натпревар во Белгија славеше против Леви Кујкен во К1 до 85 килограми. Борбата се одржа на „Фајт најт топ екшн“ во Турнхоут, Белгија. Илиоски во овој период е во Холандија каде што се подготвува за ВАКО Про Арена фајт турнирот кој на 24 март ќе се одржи во Будва. Станува збор за турнир на кој ќе појават најдобрите борци шампиони во ВАКО до 86 килограми во дисциплината К1 (три рунди по три минути). Оваа борба Илиоски ја одработи како проверка на формата и се покажа како успешен тест.

The post Нов триумф на Бобан Илиоски: Во првата рунда го нокаутира Белгиецот Кујкен appeared first on Република.

]]>
Бобан Илиоски е европски првак во кик бокс https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/boban-ilioski-e-evropski-prvak-vo-kik-boks/ Fri, 18 Nov 2022 09:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=575294

Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс.

Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0

The post Бобан Илиоски е европски првак во кик бокс appeared first on Република.

]]>

Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс. Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција. Резултати Европско првенство: Лоу кик -86 кг Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0 Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0 Финале Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0

The post Бобан Илиоски е европски првак во кик бокс appeared first on Република.

]]>