БНТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bnt/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Mar 2023 10:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png БНТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bnt/ 32 32 Ковачевски не знае зошто МТВ не се емитува во Бугарија, ќе побара одговор од МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-znae-zoshto-mtv-ne-se-emituva-vo-bugarija-ke-pobara-odgovor-od-mnr/ Thu, 23 Mar 2023 10:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=622818

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе побара информација од Министерството за надворешни работи зошто програмата на Македонската радио-телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дека според Договорот за пријателство со Бугарија националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во  Македонија, така и во Бугарија.

Тоа засега не е случај, бидејќи МТВ не се емитува во Бугарија.

The post Ковачевски не знае зошто МТВ не се емитува во Бугарија, ќе побара одговор од МНР appeared first on Република.

]]>

Бугарска телевизиска екипа нападната во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarska-televiziska-ekipa-napadnata-vo-srbija/ Wed, 15 Jun 2022 12:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=515567

Екипата на истражувачката емисија “Трагите остануваат“ на Бугарската национална телевизиска денесла била нападната во Босилеград, во Србија, при фотографирање на загадувањето на животната средина во пограничните региони со Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија, додавајќи дека нападот се случил пред рудникот „Подвирове“, во селото Караманица, Босилеградско.

Екипата на медиумот била уредно акредитирана во српското Министерство за култура и информации за снимање на загадувањето на животната средина во областа. Приближувајќи се кон рудникот на државниот пат, на околу 50 метри од влезот во рудникот, екипата биле запрени од попречно паркирано комбе на коловозот. Телевизиската екипа и активисти за заштита на животната средина излегле од своите автомобили и пешки дошле до влезот на рудникот. Во тој момент биле каменувани од четири лица: директорот на „Босил метал“, Миодраг Вукајловиќ, шефот на обезбедувањето на рудникот и работници.

На местото на инцидентот веднаш од Ниш пристигнал Генералниот конзул на Бугарија Димитар Цанев.

-По овој инцидент пред Амбасадата на Србија во Бугарија ќе имаат протест од активистите за заштита на животната средина, а се очекува и бугарското Министерство за надворешни работи да испрати протестна нота поради нападот врз нивните граѓани, кои имале уредни документи за извршување на нивните службени должности како јавен тим на БНТ и Европската комисија, соопшти продуцентката на емисијата на БНТ Богдана Лазарова

The post Бугарска телевизиска екипа нападната во Србија appeared first on Република.

]]>

Екипата на истражувачката емисија “Трагите остануваат“ на Бугарската национална телевизиска денесла била нападната во Босилеград, во Србија, при фотографирање на загадувањето на животната средина во пограничните региони со Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија, додавајќи дека нападот се случил пред рудникот „Подвирове“, во селото Караманица, Босилеградско. Екипата на медиумот била уредно акредитирана во српското Министерство за култура и информации за снимање на загадувањето на животната средина во областа. Приближувајќи се кон рудникот на државниот пат, на околу 50 метри од влезот во рудникот, екипата биле запрени од попречно паркирано комбе на коловозот. Телевизиската екипа и активисти за заштита на животната средина излегле од своите автомобили и пешки дошле до влезот на рудникот. Во тој момент биле каменувани од четири лица: директорот на „Босил метал“, Миодраг Вукајловиќ, шефот на обезбедувањето на рудникот и работници. На местото на инцидентот веднаш од Ниш пристигнал Генералниот конзул на Бугарија Димитар Цанев. -По овој инцидент пред Амбасадата на Србија во Бугарија ќе имаат протест од активистите за заштита на животната средина, а се очекува и бугарското Министерство за надворешни работи да испрати протестна нота поради нападот врз нивните граѓани, кои имале уредни документи за извршување на нивните службени должности како јавен тим на БНТ и Европската комисија, соопшти продуцентката на емисијата на БНТ Богдана Лазарова

The post Бугарска телевизиска екипа нападната во Србија appeared first on Република.

]]>
Владата нема да побара исклучување на бугарските телевизии и покрај тоа што емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/vladata-nema-da-pobara-iskluchuvanje-na-bugarskite-televizii-i-pokraj-toa-shto-emituvaat-navredlivi-sodrzini-protiv-makedoncite-i-makedonskata-istorija/ Tue, 01 Mar 2022 15:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=466039

Владата не размислува да побара од АМВУ да им наложи на кабелските оператори да ги исклучат бугарските телевизии кои емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја и идентитет.

„Република“ ја праша владата што ќе преземе по ова и оттаму добивме одговор дека радиодифузијата и емитувањето на медиумски содржини е пред сѐ прашање на слободниот економски и медиумски пазар и Македонија, и во Бугарија.

Операторите се тие што сами одлучуваат кој канал ќе го имаат во понудата-велат од Владата за „Република“.

Прашавме и дали се информирани дека Македонската телевизија не се емитува во Бугарија иако според договорот на поранешниот преговарач Бучковски требаше да има реципроцитет.

НРТВ се емитува на сателит, а тоа значи дека сите оператори на територија на Европа, вклучувајќи ги и оние во Бугарија, можат да ги преземаат и емитуваат нашите канали. Со тоа се исполнети сите технички предуслови од наша страна.Во духот на унапредената и добра соработка која периодов ја развиваме со Бугарија, она што можеме да го направиме како Влада е дека ќе се заложиме да ги поттикнеме радиодифузерите, продукциите да ги нудат и прават своите програмски содржини достапни, тие медиумски содржини да бидат ослободени од говор на омраза и да промовираат соработка и добрососедство, а операторите да прифаќаат да ги емитуваат овие содржини и да придонесуваат со тоа кон достапност на содржини во кои се почитува достоинството на граѓаните од двете држави.Заемна соработка во таа насока очекуваме и од дистрибутерите на телевизиските содржини. Размена на содржини во сите области добро е да има, како во економијата, така во културата, па така и во делот на медиумските содржини-додаваат од владата.

Во Македонија на неколку кабелски оператори се емитува „БНТ 4“. Оваа телевизија речиси секојдневно емитува содржини кои директно задираат во македонскиот идентитет. Па така, на бугарската телевизија се славеше Сантефанскиот мировен договор според кој Македонија е дел од Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/

Исто така се емитуваат документарци во кој се тврди дека во Македонија се учи фалсификувана историја.

Во Македонија се гледа и бугарската музичка телевизија „Фен ТВ“ на која одат спотови од македонски изворни песни кои се потпишани како бугарски.

Владата вчера побара од АМВУ да се исклучат руските телевизии.

The post Владата нема да побара исклучување на бугарските телевизии и покрај тоа што емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја appeared first on Република.

]]>

Владата не размислува да побара од АМВУ да им наложи на кабелските оператори да ги исклучат бугарските телевизии кои емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја и идентитет. „Република“ ја праша владата што ќе преземе по ова и оттаму добивме одговор дека радиодифузијата и емитувањето на медиумски содржини е пред сѐ прашање на слободниот економски и медиумски пазар и Македонија, и во Бугарија.
Операторите се тие што сами одлучуваат кој канал ќе го имаат во понудата-велат од Владата за „Република“.
Прашавме и дали се информирани дека Македонската телевизија не се емитува во Бугарија иако според договорот на поранешниот преговарач Бучковски требаше да има реципроцитет.
НРТВ се емитува на сателит, а тоа значи дека сите оператори на територија на Европа, вклучувајќи ги и оние во Бугарија, можат да ги преземаат и емитуваат нашите канали. Со тоа се исполнети сите технички предуслови од наша страна.Во духот на унапредената и добра соработка која периодов ја развиваме со Бугарија, она што можеме да го направиме како Влада е дека ќе се заложиме да ги поттикнеме радиодифузерите, продукциите да ги нудат и прават своите програмски содржини достапни, тие медиумски содржини да бидат ослободени од говор на омраза и да промовираат соработка и добрососедство, а операторите да прифаќаат да ги емитуваат овие содржини и да придонесуваат со тоа кон достапност на содржини во кои се почитува достоинството на граѓаните од двете држави.Заемна соработка во таа насока очекуваме и од дистрибутерите на телевизиските содржини. Размена на содржини во сите области добро е да има, како во економијата, така во културата, па така и во делот на медиумските содржини-додаваат од владата.
Во Македонија на неколку кабелски оператори се емитува „БНТ 4“. Оваа телевизија речиси секојдневно емитува содржини кои директно задираат во македонскиот идентитет. Па така, на бугарската телевизија се славеше Сантефанскиот мировен договор според кој Македонија е дел од Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-emituva-bnt-bugarski-chas-po-istorija-srede-makedonija/ Исто така се емитуваат документарци во кој се тврди дека во Македонија се учи фалсификувана историја. Во Македонија се гледа и бугарската музичка телевизија „Фен ТВ“ на која одат спотови од македонски изворни песни кои се потпишани како бугарски. Владата вчера побара од АМВУ да се исклучат руските телевизии.

The post Владата нема да побара исклучување на бугарските телевизии и покрај тоа што емитуваат навредливи содржини против Македонците и македонската историја appeared first on Република.

]]>