бнд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bnd/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 13:39:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бнд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bnd/ 32 32 Германската разузнавачка служба: Путин не војува само против Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-razuznavachka-sluzba-putin-ne-vojuva-samo-protiv-ukraina/ Mon, 17 Oct 2022 13:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=562146

Германската разузнавачка служба (БНД) оцени дека рускиот претседател Владимир Путин во февруари не почнал војна само против Украина, туку дека „објавил војна“ и против западните демократии.

Војната што почна на 24 февруари е објава на војна против целиот демократски западен свет, а не само за украинска територија -  изјави директорот на БНД, Бруно Кал во обраќање пред парламентарната Контролна комисија во Бундестагот.

Кал изјави дека поради тоа што и двете страни сакаат одлуката за војната да биде донесена на бојното поле, конфликтот би можел да потрае и до крајот на наредната година.

Кал истакна дека за БНД, нападот врз Украина не бил изненадување и дека, според Службата, Путин ќе продолжи да користи сила за да ги постигне своите политички цели.

Исто како во Чеченија, Грузија, Сирија и Крим и Донбас, Путин со сила се обидува да ги постигне своите политички цели во Украина - изјави Кал.

Тој го критикуваше игнорирањето на предупредувањата на Службата по однос руската надворешна политика.

Она што за нас е резултат на професионални разузнавачки активности, шокираше голем дел од јавноста, што пак е резултат на практиката во последните години да се игнорираат предупредувањата на БНД, а укажувањето на реалните закани да се нарекуваат креирање паника и солење памет - изјави шефот на БНД, организацијата одговорна за следење на странските активности што би можеле да го загрозат германскиот уставен поредок.

Пред Комисијата за контрола на разузнавањето на Бундестагот, Кал исто така ја окарактеризира Кина како опасност, нарекувајќи ја „автократија која се стреми да стане глобална сила“.

Парламентарната Комисија за надзор на безбедноста обично се состанува зад затворени врати, но еднаш годишно испрашувањето на началниците на федералните разузнавачки служби се спроведува јавно.

The post Германската разузнавачка служба: Путин не војува само против Украина appeared first on Република.

]]>

Германската разузнавачка служба (БНД) оцени дека рускиот претседател Владимир Путин во февруари не почнал војна само против Украина, туку дека „објавил војна“ и против западните демократии.
Војната што почна на 24 февруари е објава на војна против целиот демократски западен свет, а не само за украинска територија -  изјави директорот на БНД, Бруно Кал во обраќање пред парламентарната Контролна комисија во Бундестагот.
Кал изјави дека поради тоа што и двете страни сакаат одлуката за војната да биде донесена на бојното поле, конфликтот би можел да потрае и до крајот на наредната година. Кал истакна дека за БНД, нападот врз Украина не бил изненадување и дека, според Службата, Путин ќе продолжи да користи сила за да ги постигне своите политички цели.
Исто како во Чеченија, Грузија, Сирија и Крим и Донбас, Путин со сила се обидува да ги постигне своите политички цели во Украина - изјави Кал.
Тој го критикуваше игнорирањето на предупредувањата на Службата по однос руската надворешна политика.
Она што за нас е резултат на професионални разузнавачки активности, шокираше голем дел од јавноста, што пак е резултат на практиката во последните години да се игнорираат предупредувањата на БНД, а укажувањето на реалните закани да се нарекуваат креирање паника и солење памет - изјави шефот на БНД, организацијата одговорна за следење на странските активности што би можеле да го загрозат германскиот уставен поредок.
Пред Комисијата за контрола на разузнавањето на Бундестагот, Кал исто така ја окарактеризира Кина како опасност, нарекувајќи ја „автократија која се стреми да стане глобална сила“. Парламентарната Комисија за надзор на безбедноста обично се состанува зад затворени врати, но еднаш годишно испрашувањето на началниците на федералните разузнавачки служби се спроведува јавно.

The post Германската разузнавачка служба: Путин не војува само против Украина appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prviot-chovek-na-germanskoto-razuznavanje-so-specijalci-spasuvan-od-kiev/ Sat, 26 Feb 2022 07:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=464066

Првиот човек на германското разузнавање, Бруно Кал, заглавил во Киев откако бил изненаден од руската воена акција во земјата.

Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (или БНД), во тоа време бил во Киев за да разговара со украинските колеги околу ситуацијата со Русија.

Откако германската министерка за надворешни работи ги повика сите Германци да ја напуштат земјата, специјален одел на германската полиција за заштита на граѓаните во странство ги евакуира германските дипломати и останат персонал.

По процедура еден од евакуираните требало да биде и Кал, меѓутоа тој не стигнува на време. Заради ова ангажирана е специјална единица на БНД да го извади својот шеф од Украина.

Според германски Фокус операцијата била успешна и тој бил евакуиран кон Полска.

The post Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на германското разузнавање, Бруно Кал, заглавил во Киев откако бил изненаден од руската воена акција во земјата.
Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (или БНД), во тоа време бил во Киев за да разговара со украинските колеги околу ситуацијата со Русија. Откако германската министерка за надворешни работи ги повика сите Германци да ја напуштат земјата, специјален одел на германската полиција за заштита на граѓаните во странство ги евакуира германските дипломати и останат персонал. По процедура еден од евакуираните требало да биде и Кал, меѓутоа тој не стигнува на време. Заради ова ангажирана е специјална единица на БНД да го извади својот шеф од Украина. Според германски Фокус операцијата била успешна и тој бил евакуиран кон Полска.

The post Првиот човек на германското разузнавање со специјалци спасуван од Киев appeared first on Република.

]]>