блуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bluz/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 17:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bluz/ 32 32 Македонското блуз дуо „In the mood“ слави 14 години на домашната музичката сцена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedonskoto-bluz-duo-in-the-mood-slavi-14-godini-na-domashnata-muzichkata-stsena/ Thu, 16 Nov 2023 18:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=701898

Скопското блуз дуо „Ин д муд“ (In The Mood) денеска слави 14 години активно постоење на македонската музичка сцена.

Дуото е формирано од Сашо Ѓорѓевски и Никола „Џими“ Петровски во 2009 година и со преку 3.500 настапи низ локалите ширум Македонија, но и со повеќе настапи во земјите од Балканот, веќе и е добро познато на публиката, пред се на љубителите на блуз и рок енд рол музиката.

По ланското објавувањето на нивниот прв авторски материјал, „Ин д муд“ годинава имаа и неколку фестивалски настапи. Свиреа на „Котон блуз фестивалот“ во Скопје како придружен бенд на Мад Морганфилд, синот на славниот Мади Вотерс, а летово учествуваа на фестивалот „Триљ“ во Хрватска, каде што настапи и славниот гитарист Робен Форд. Дуото беше дел и од премиерното издание на Радовишкиот блуз фестивал.

За следната година се очекуваат нови настапи во Хрватска, Србија и други ангажмани надвор од државата, а во меѓувреме „Ин д муд“ продолжуваат со секојдневните блуз-сеанси во Скопје и повремено низ Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=QrGa5oT3e8k

The post Македонското блуз дуо „In the mood“ слави 14 години на домашната музичката сцена appeared first on Република.

]]>

Скопското блуз дуо „Ин д муд“ (In The Mood) денеска слави 14 години активно постоење на македонската музичка сцена. Дуото е формирано од Сашо Ѓорѓевски и Никола „Џими“ Петровски во 2009 година и со преку 3.500 настапи низ локалите ширум Македонија, но и со повеќе настапи во земјите од Балканот, веќе и е добро познато на публиката, пред се на љубителите на блуз и рок енд рол музиката. По ланското објавувањето на нивниот прв авторски материјал, „Ин д муд“ годинава имаа и неколку фестивалски настапи. Свиреа на „Котон блуз фестивалот“ во Скопје како придружен бенд на Мад Морганфилд, синот на славниот Мади Вотерс, а летово учествуваа на фестивалот „Триљ“ во Хрватска, каде што настапи и славниот гитарист Робен Форд. Дуото беше дел и од премиерното издание на Радовишкиот блуз фестивал. За следната година се очекуваат нови настапи во Хрватска, Србија и други ангажмани надвор од државата, а во меѓувреме „Ин д муд“ продолжуваат со секојдневните блуз-сеанси во Скопје и повремено низ Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=QrGa5oT3e8k

The post Македонското блуз дуо „In the mood“ слави 14 години на домашната музичката сцена appeared first on Република.

]]>
Синот на легендарниот Мади Вотерс ќе настапи на Котон блуз фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sinot-na-legendarniot-madi-voters-ke-nastapi-na-koton-bluz-festival/ Wed, 12 Apr 2023 10:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=630103

Мад Морганфилд, синот на легендарниот блуз пејач и гитарист, Мади Вотерс, ќе гостува во Скопје, на четвртото издание на Котон блуз фестивал.

Шеесет и осумгодишниот Морганфилд е најстариот син на славниот блузер, кого често го нарекуваат „татко на модерниот чикашки блуз“.

И Морганфилд ја почна својата музичка кариера од блуз клубовите во Чикаго, а професионален музичар станал дури по смртта на татко му во 1983 година. Неговиот последен албум излезе лани.

Морганфилд на своите настапи изведува и песни од својот татко, со кого дели слична боја на гласот.

Котон блуз фестивал ќе се одржи на 25 мај, во Младински културен центар во Скопје, а организаторите на фестивалот „Блуз фамилија“, најави дека Морганфилд ќе биде придружуван од домашни музичари.

Голема чест и привилигија е гостувањето на вака големо музичко име, пред се знаејќи го неговото блуз педигре. А, уште поголема чест е што за време на настапот Морганфилд ќе биде придружуван од музичари од домашната блуз сцена“, велат од здружението „Блуз фамилија“.

The post Синот на легендарниот Мади Вотерс ќе настапи на Котон блуз фестивал appeared first on Република.

]]>

Мад Морганфилд, синот на легендарниот блуз пејач и гитарист, Мади Вотерс, ќе гостува во Скопје, на четвртото издание на Котон блуз фестивал. Шеесет и осумгодишниот Морганфилд е најстариот син на славниот блузер, кого често го нарекуваат „татко на модерниот чикашки блуз“. И Морганфилд ја почна својата музичка кариера од блуз клубовите во Чикаго, а професионален музичар станал дури по смртта на татко му во 1983 година. Неговиот последен албум излезе лани. Морганфилд на своите настапи изведува и песни од својот татко, со кого дели слична боја на гласот. Котон блуз фестивал ќе се одржи на 25 мај, во Младински културен центар во Скопје, а организаторите на фестивалот „Блуз фамилија“, најави дека Морганфилд ќе биде придружуван од домашни музичари.
Голема чест и привилигија е гостувањето на вака големо музичко име, пред се знаејќи го неговото блуз педигре. А, уште поголема чест е што за време на настапот Морганфилд ќе биде придружуван од музичари од домашната блуз сцена“, велат од здружението „Блуз фамилија“.

The post Синот на легендарниот Мади Вотерс ќе настапи на Котон блуз фестивал appeared first on Република.

]]>