блокирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blokirani/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 07:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blokirani/ 32 32 Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hadholi-srbija-se-odmazduva-za-glasaneto-vo-strazbur-od-polnok-poveke-od-300-kosovari-blokirani-na-granitsata-so-hrvatska/ Wed, 17 Apr 2024 07:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=767018

Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина.

Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Косово во таа институција, Србија не ги пушта автобусите со косовски регистарски таблички.

Во знак на одмазда и апсурдна нервоза поради изгласувањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Република Косово во оваа меѓународна институција, граничните власти на Србија, на преминот „Батровци“ меѓу Србија и Хрватска, држат блокирани од полноќ најмалку четири автобуси со регистерски таблички и патници, државјани на Република Косово, напиша Хаџоли.

Објаснувањето од српските власти, како што вели тој, е дека тоа го наредил Белград.

Блокирањето на над 300 граѓани со задржување на нивните пасоши и патни документи, е флагрантно кршење не само на бриселските договори, туку и на универзалните човекови права загарантирани со сите меѓународни конвенции. Само најавторитарните режими ги блокираат патниците од друга земја, со образложение „ова е наредба од Белград, напиша Хаџоли.

Тој вели дека планира лично да оди на граничниот премин меѓу Хрватска и Србија каде што се блокирани косовските патници.

Бидејќи српската Канцеларија за врски не комуницира со нашата Канцеларија, како што се случи и утринава, побарав и чекам блиска придружба за да отпатувам до преминот Батровци, за да им се најдам во близина на нашите сограѓани и во знак на протест кон ваквиот развој, напиша Хаџоли.

The post Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска appeared first on Република.

]]>

Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина. Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Косово во таа институција, Србија не ги пушта автобусите со косовски регистарски таблички. Во знак на одмазда и апсурдна нервоза поради изгласувањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Република Косово во оваа меѓународна институција, граничните власти на Србија, на преминот „Батровци“ меѓу Србија и Хрватска, држат блокирани од полноќ најмалку четири автобуси со регистерски таблички и патници, државјани на Република Косово, напиша Хаџоли. Објаснувањето од српските власти, како што вели тој, е дека тоа го наредил Белград. Блокирањето на над 300 граѓани со задржување на нивните пасоши и патни документи, е флагрантно кршење не само на бриселските договори, туку и на универзалните човекови права загарантирани со сите меѓународни конвенции. Само најавторитарните режими ги блокираат патниците од друга земја, со образложение „ова е наредба од Белград, напиша Хаџоли. Тој вели дека планира лично да оди на граничниот премин меѓу Хрватска и Србија каде што се блокирани косовските патници. Бидејќи српската Канцеларија за врски не комуницира со нашата Канцеларија, како што се случи и утринава, побарав и чекам блиска придружба за да отпатувам до преминот Батровци, за да им се најдам во близина на нашите сограѓани и во знак на протест кон ваквиот развој, напиша Хаџоли.

The post Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска appeared first on Република.

]]>
Во Србија блокирани сметките на речиси 50.000 фирми https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-blokirani-smetkite-na-rechisi-50-000-firmi/ Wed, 21 Feb 2024 09:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=746452

Сметките на 46.847 компании и претприемачи во Србија се блокирани, а на нив се „заробени“ 219,9 милијарди динари или 1,87 милијарди евра без камата, објави „Форбс Србија“.

Првите 20 фирми од таа листа се во сопственост на познати имиња од српскиот бизнис, но и лица кои се уапсени или обвинети за злоупотреба на положбата, незаконско стекнување финансиски бенефиции, разни измами, перење пари и други дела.

Од вкупниот број фирми и претприемачи, повеќе од три години се блокирани 14.791 должник.

„Форбс Србија“, исто така, побара од Народна банка на Србија податоци за бројот на компании, чии сметки биле блокирани на крајот на 2020 година.

Интересно е што пред три години вкупниот број на тие компании беше само малку помал, бидејќи ги имаше 40.273, додека вкупната сума е речиси идентична со денешната – 220,86 милијарди динари. Меѓу нив имаше многу помалку претприемачи отколку сега. Така, на крајот на 2020 година биле блокирани сметките на 13.938 претприемачи, додека сега се 19.683“, наведува порталот.

Ивана Матиќ, поранешна директорка на Агенцијата за лиценцирање стечајни администратори (АЛСУ), оцени дека податоците за толку многу фирми кои сè уште се блокирани се поразителни.

Даночната управа на Србија има побарувања од секоја фирма што е блокирана. Прашање за нив е зошто не реагирале и што се случува со побарувањата кон тие фирми. Ова е невнимание на даночната управа, а да не зборуваме за штетата на српскиот буџет, посочи Матиќ.

The post Во Србија блокирани сметките на речиси 50.000 фирми appeared first on Република.

]]>

Сметките на 46.847 компании и претприемачи во Србија се блокирани, а на нив се „заробени“ 219,9 милијарди динари или 1,87 милијарди евра без камата, објави „Форбс Србија“. Првите 20 фирми од таа листа се во сопственост на познати имиња од српскиот бизнис, но и лица кои се уапсени или обвинети за злоупотреба на положбата, незаконско стекнување финансиски бенефиции, разни измами, перење пари и други дела. Од вкупниот број фирми и претприемачи, повеќе од три години се блокирани 14.791 должник. „Форбс Србија“, исто така, побара од Народна банка на Србија податоци за бројот на компании, чии сметки биле блокирани на крајот на 2020 година. Интересно е што пред три години вкупниот број на тие компании беше само малку помал, бидејќи ги имаше 40.273, додека вкупната сума е речиси идентична со денешната – 220,86 милијарди динари. Меѓу нив имаше многу помалку претприемачи отколку сега. Така, на крајот на 2020 година биле блокирани сметките на 13.938 претприемачи, додека сега се 19.683“, наведува порталот. Ивана Матиќ, поранешна директорка на Агенцијата за лиценцирање стечајни администратори (АЛСУ), оцени дека податоците за толку многу фирми кои сè уште се блокирани се поразителни. Даночната управа на Србија има побарувања од секоја фирма што е блокирана. Прашање за нив е зошто не реагирале и што се случува со побарувањата кон тие фирми. Ова е невнимание на даночната управа, а да не зборуваме за штетата на српскиот буџет, посочи Матиќ.

The post Во Србија блокирани сметките на речиси 50.000 фирми appeared first on Република.

]]>