блокиран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blokiran/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Oct 2023 10:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокиран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blokiran/ 32 32 Блокиран пристапот до Клиниката за кардиологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blokiran-pristapot-do-klinikata-za-kardiologija/ Tue, 10 Oct 2023 10:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=689853

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека пристапот до Клиниката за кардиологија е блокиран.

❗️❗️Блокиран е пристапот и до Клиниката за кардиологија, каде брзиот пристап е исклучително важен за навремен третман

❗️Секојдневнa слика е блокирана лента за возила до ургентен центар како и блокиран влез на хирургија.

Пет месеци нема одговор на прашањето

❓️Дали некој се обидува ова да го корегира, кои мерки се преземаат

Ова беше првото ветување на Меџити како министер за здравство кој вети решение за овој проблем.

❗️ Нема одговор ниту како здравствените власти го решаваат хаосот со паркингот во Клинички центар со оглед дека овој хаос е секојдневие, односно имаме нула реализација и во ова ветување.

👉Не слушнавме ниту збор

1.Кои се тие чинители со кои Министерството за здравство се има консултирано за изнаоѓање решенија и зошто оваа постапка е целосно нетранспарентна

2. Во кој временски рок е предвидено решавањето на овој проблем со оглед дека досега не видовме ниту една преземана конкретна активност

3.Дали на повидок имаме уште едно ќе ветување од Меџити

Наталожените проблеми со немањето лекови, неинвестирањето во човечкиот потенцијал и инфраструктура се главна причина за актуелниот егзодус на медицински персонал и затоа потребно е рестартирање на здравствениот систем, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post Блокиран пристапот до Клиниката за кардиологија appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека пристапот до Клиниката за кардиологија е блокиран. ❗️❗️Блокиран е пристапот и до Клиниката за кардиологија, каде брзиот пристап е исклучително важен за навремен третман ❗️Секојдневнa слика е блокирана лента за возила до ургентен центар како и блокиран влез на хирургија. Пет месеци нема одговор на прашањето ❓️Дали некој се обидува ова да го корегира, кои мерки се преземаат Ова беше првото ветување на Меџити како министер за здравство кој вети решение за овој проблем. ❗️ Нема одговор ниту како здравствените власти го решаваат хаосот со паркингот во Клинички центар со оглед дека овој хаос е секојдневие, односно имаме нула реализација и во ова ветување. 👉Не слушнавме ниту збор 1.Кои се тие чинители со кои Министерството за здравство се има консултирано за изнаоѓање решенија и зошто оваа постапка е целосно нетранспарентна 2. Во кој временски рок е предвидено решавањето на овој проблем со оглед дека досега не видовме ниту една преземана конкретна активност 3.Дали на повидок имаме уште едно ќе ветување од Меџити Наталожените проблеми со немањето лекови, неинвестирањето во човечкиот потенцијал и инфраструктура се главна причина за актуелниот егзодус на медицински персонал и затоа потребно е рестартирање на здравствениот систем, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post Блокиран пристапот до Клиниката за кардиологија appeared first on Република.

]]>
Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-zdravstvo-povtorno-blokiran-matichnite-lekari-ne-mozhe-da-prijavat-novi-patsienti/ Wed, 17 May 2023 10:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=641675

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, објави „Макфакс“.

Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? , вели Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред три месеци, туку поради модернизација серверите.

На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели.

The post Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти appeared first on Република.

]]>

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, објави „Макфакс“.
Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? , вели Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.
Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред три месеци, туку поради модернизација серверите. На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели.

The post Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти appeared first on Република.

]]>
Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/ Sun, 11 Sep 2022 11:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=549692

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство.

На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.

Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.

Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/

На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.

Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции по тој основ, а сакаме да добиеме поквалитетен производ, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште.

Поддршка на земјоделците кои протестираа дадоа и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повикаа власта да преземе соодветни мерки за решавање на проблемите во земјоделството, да најде соодветен пласман на храната, наместо таа да се фрла на буниште или да скапува на нивите.

The post Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.
Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.
Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.
Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/ На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.