блокади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blokadi/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 11:40:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blokadi/ 32 32 Попладнево можна блокада на граничните премини од Грција кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/popladnevo-mozhna-blokada-na-granichnite-premini-od-grtsija-kon-makedonija/ Tue, 20 Feb 2024 11:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=746078

Земјоделците од северниот дел на Грција кои останаа на блоковите и нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Самите земјоделци кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата.

Протестот во Атина е закажан за 18.30 часот попладнево, со што се очекува, доколку ги блокираат граничните премини, тоа да биде во попладневните часови.

За граничниот премин Ники (Меџитлија), според локалните медиуми можно е затворање во периодот од 17 до 20 часот по грчко, односно од 16 до 19 часот по македонско време.

Во однос на Евзони (Богородица), засега нема официјална информација, иако според информациите на дописничката на МИА од Атина, пракса на земјоделците е да не ги најавуваат блокадите, кои најчесто се симболични и се однесуваат само на камионите и се по 20 часот по локално време, како што беше случај вчера.

Сепак, вниманието на грчката јавност, денеска е насочено кон Атина, каде што земјоделците со над 100 трактори ќе одржат протест пред грчкиот Парламент.

Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро во централна Грција на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, конвојот со трактори во придружба на полицијата тргна кон грчката метропола.

Земјоделците од островот Крит во Атина пристигнаа со траект, од северна Грција со автобуси, автомобили и камиони, за сите заедно, попладнево уште еднаш да ги повторат нивните барања.

Се очекува по протестот, тракторите во текот на вечерта да останат паркирани во центарот на Атина, а земјоделците да си заминат утре наутро.

The post Попладнево можна блокада на граничните премини од Грција кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од северниот дел на Грција кои останаа на блоковите и нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Самите земјоделци кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата. Протестот во Атина е закажан за 18.30 часот попладнево, со што се очекува, доколку ги блокираат граничните премини, тоа да биде во попладневните часови. За граничниот премин Ники (Меџитлија), според локалните медиуми можно е затворање во периодот од 17 до 20 часот по грчко, односно од 16 до 19 часот по македонско време. Во однос на Евзони (Богородица), засега нема официјална информација, иако според информациите на дописничката на МИА од Атина, пракса на земјоделците е да не ги најавуваат блокадите, кои најчесто се симболични и се однесуваат само на камионите и се по 20 часот по локално време, како што беше случај вчера. Сепак, вниманието на грчката јавност, денеска е насочено кон Атина, каде што земјоделците со над 100 трактори ќе одржат протест пред грчкиот Парламент. Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро во централна Грција на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, конвојот со трактори во придружба на полицијата тргна кон грчката метропола. Земјоделците од островот Крит во Атина пристигнаа со траект, од северна Грција со автобуси, автомобили и камиони, за сите заедно, попладнево уште еднаш да ги повторат нивните барања. Се очекува по протестот, тракторите во текот на вечерта да останат паркирани во центарот на Атина, а земјоделците да си заминат утре наутро.

The post Попладнево можна блокада на граничните премини од Грција кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Француските земјоделци се упатија кон Париз со трактори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-zemjodeltsi-se-upatija-kon-pariz-so-traktori/ Wed, 31 Jan 2024 09:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=738881

Земјоделците во Франција денеска се приближуваат до Париз и градскиот пазар на големо Ренжис со намера да го блокираат, како што најавија минатата недела, и покрај обидите на властите да ги исполнат нивните барања и да ги убедат земјоделците да се откажат од понатамошни протести.

Земјоделците ширум Франција се упатија кон Париз со трактори, јави БФМТВ.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен предупреди дека нема да им дозволат да го блокираат пазарот на големо и да го парализираат Париз и околината.

Околу 10.000 демонстранти продолжуваат да одржуваат повеќе од 100 блокади во Франција.

Францускиот премиер Габриел Атал ниту за време на вчерашниот говор во Националното собрание не успеа да ги убеди земјоделците кои речиси 15 дена протестираат да се откажат од блокадите. Министерот за економија Бруно Ле Мер вети дека Франција ќе се заложи да обезбеди, за време на преговорите во Брисел, договорот на Европската унија со земјите од Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај, Парагвај) да не биде потпишан додека не се направат промени.

Француските земјоделци особено протестираат против договорот за слободна трговија со кој се дозволува увоз на евтини земјоделски производи од Јужна Америка, што тие ги сметаат за нелојална конкуренција.

The post Француските земјоделци се упатија кон Париз со трактори appeared first on Република.

]]>

Земјоделците во Франција денеска се приближуваат до Париз и градскиот пазар на големо Ренжис со намера да го блокираат, како што најавија минатата недела, и покрај обидите на властите да ги исполнат нивните барања и да ги убедат земјоделците да се откажат од понатамошни протести. Земјоделците ширум Франција се упатија кон Париз со трактори, јави БФМТВ. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен предупреди дека нема да им дозволат да го блокираат пазарот на големо и да го парализираат Париз и околината. Околу 10.000 демонстранти продолжуваат да одржуваат повеќе од 100 блокади во Франција. Францускиот премиер Габриел Атал ниту за време на вчерашниот говор во Националното собрание не успеа да ги убеди земјоделците кои речиси 15 дена протестираат да се откажат од блокадите. Министерот за економија Бруно Ле Мер вети дека Франција ќе се заложи да обезбеди, за време на преговорите во Брисел, договорот на Европската унија со земјите од Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај, Парагвај) да не биде потпишан додека не се направат промени. Француските земјоделци особено протестираат против договорот за слободна трговија со кој се дозволува увоз на евтини земјоделски производи од Јужна Америка, што тие ги сметаат за нелојална конкуренција.

The post Француските земјоделци се упатија кон Париз со трактори appeared first on Република.

]]>
Блокади на мостови и патишта доколку Вучиќ до петок не ги исполни условите на протестот „Србија против насилството“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blokadi-na-mostovi-i-patishta-dokolku-vuchik-do-petok-ne-gi-ispolni-uslovite-na-protestot-srbija-protiv-nasilstvoto/ Sun, 11 Jun 2023 19:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=650239

Претседателот на Еколошкото востание и пратеник во српското собрание, Александар Јовановиќ Чута, најави блокада на патишта и мостови во Србија доколку претседателот Александар Вучиќ до петок, 16 јуни не ги исполни сите барања од протестот „Србија против насилството“, јави дописиникот на МИА од Белград.

Јовановиќ во писмена изјава наведе дека ќе бидат блокирани патиштата и мостовите низ целата државата.

На протестот „Србија против насилството“ во Белград во петокот актерот Хаџи Ненад Маричиќ во име на организаторите најави дека „доколку до крајот на идната недела не бидат исполнети нивните барања, протестите ќе добијат нов облик, од бината ќе се тргне во нови акции“.

Се зборуваше за радикализација на протестите и би сакал да го избегнеме тој термин. Значи, нашето општество се разболе од вишокот на слободни радикали кои ни го украдоа ова општество и оваа земја и ја претворија во дувло каде што ниту еден пристоен човек не сака да живее повеќе. Мислам дека се работи за подигање на овие активности на повисоко ниво, во кое секако ќе учествуваат и граѓаните, но тоа ќе значи и поголем степен на пожртвуваност на пратениците од опозицијата, изјави по протестот претседателот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), пратеникот Павле Грбовиќ.

Седницата на Националното собрание посветена на безбедносната состојба ќе продолжи следната недела. Последна, четврта точка на дневен ред е разрешување на министерот за полиција Братислав Гашиќ.

Верувам дека сега влегуваме во одлучувачка недела, кога очекуваме да добиеме конечни одговори од надлежните. А доколку тоа не се случи, тогаш ние како претставници на опозицијата и технички организатори на протестот ќе понудиме некакви следни решенија и рамковен план за кој сега се разговара, изјави Небојша Зеленовиќ.

Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот кодекс, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција (БИА) Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција само технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.

Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста со премиерката Ана Брнабиќ во среда изјави дека „ќе продолжи да ги чека некои луѓе да разговараат со него“, додавајќи дека „тие се надеваат на некои други работи кои никогаш нема да се случат, дека власта ќе биде преземена на улица“, најавувајќи можност за вонредни парламентарни избори, како излез од кризата.

Од опозицијата во петотокот порачаа-Не ни требаат избори, потребна ни е одговорност

The post Блокади на мостови и патишта доколку Вучиќ до петок не ги исполни условите на протестот „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Еколошкото востание и пратеник во српското собрание, Александар Јовановиќ Чута, најави блокада на патишта и мостови во Србија доколку претседателот Александар Вучиќ до петок, 16 јуни не ги исполни сите барања од протестот „Србија против насилството“, јави дописиникот на МИА од Белград. Јовановиќ во писмена изјава наведе дека ќе бидат блокирани патиштата и мостовите низ целата државата. На протестот „Србија против насилството“ во Белград во петокот актерот Хаџи Ненад Маричиќ во име на организаторите најави дека „доколку до крајот на идната недела не бидат исполнети нивните барања, протестите ќе добијат нов облик, од бината ќе се тргне во нови акции“.
Се зборуваше за радикализација на протестите и би сакал да го избегнеме тој термин. Значи, нашето општество се разболе од вишокот на слободни радикали кои ни го украдоа ова општество и оваа земја и ја претворија во дувло каде што ниту еден пристоен човек не сака да живее повеќе. Мислам дека се работи за подигање на овие активности на повисоко ниво, во кое секако ќе учествуваат и граѓаните, но тоа ќе значи и поголем степен на пожртвуваност на пратениците од опозицијата, изјави по протестот претседателот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), пратеникот Павле Грбовиќ.
Седницата на Националното собрание посветена на безбедносната состојба ќе продолжи следната недела. Последна, четврта точка на дневен ред е разрешување на министерот за полиција Братислав Гашиќ.
Верувам дека сега влегуваме во одлучувачка недела, кога очекуваме да добиеме конечни одговори од надлежните. А доколку тоа не се случи, тогаш ние како претставници на опозицијата и технички организатори на протестот ќе понудиме некакви следни решенија и рамковен план за кој сега се разговара, изјави Небојша Зеленовиќ.
Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот кодекс, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција (БИА) Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. Проевропската опозиција само технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив. Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста со премиерката Ана Брнабиќ во среда изјави дека „ќе продолжи да ги чека некои луѓе да разговараат со него“, додавајќи дека „тие се надеваат на некои други работи кои никогаш нема да се случат, дека власта ќе биде преземена на улица“, најавувајќи можност за вонредни парламентарни избори, како излез од кризата. Од опозицијата во петотокот порачаа-Не ни требаат избори, потребна ни е одговорност

The post Блокади на мостови и патишта доколку Вучиќ до петок не ги исполни условите на протестот „Србија против насилството“ appeared first on Република.

]]>
На Северот на Косово нема веќе блокади https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-severot-na-kosovo-nema-veke-blokadi/ Thu, 05 Jan 2023 21:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=593971

Мировната мисија на Косово предводена од НАТО (КФОР) денеска го заврши отстранувањето на последните неколку возила што ги блокираа патиштата на северот на Косово, објави Алијансата во соопштение на својата веб-страница.

Демонтирањето на последните барикади беше извршено со распоредување инженерски единици … и беше спроведено „брзо и на безбеден начин со цел да се избегнат инциденти и други ризици за локалната безбедност. Оваа акција беше спроведена во согласност со мандатот на КФОР, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да се обезбеди безбедна средина и слобода на движење за доброто на сите заедници кои живеат на Косово, се наведува во соопштението на НАТО.

Отстранувањето на барикадите, како што се наведува, следело по „интензивните напори“ на НАТО и на Европската унија за намалување на тензиите на северот на Косово, со клучна поддршка на мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, предводени од ЕУ.

The post На Северот на Косово нема веќе блокади appeared first on Република.

]]>

Мировната мисија на Косово предводена од НАТО (КФОР) денеска го заврши отстранувањето на последните неколку возила што ги блокираа патиштата на северот на Косово, објави Алијансата во соопштение на својата веб-страница. Демонтирањето на последните барикади беше извршено со распоредување инженерски единици … и беше спроведено „брзо и на безбеден начин со цел да се избегнат инциденти и други ризици за локалната безбедност. Оваа акција беше спроведена во согласност со мандатот на КФОР, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да се обезбеди безбедна средина и слобода на движење за доброто на сите заедници кои живеат на Косово, се наведува во соопштението на НАТО. Отстранувањето на барикадите, како што се наведува, следело по „интензивните напори“ на НАТО и на Европската унија за намалување на тензиите на северот на Косово, со клучна поддршка на мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, предводени од ЕУ.

The post На Северот на Косово нема веќе блокади appeared first on Република.

]]>
Ленин Јовановски: Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lenin-jovanovski-se-povlekuvaat-avtobusite-od-blokadite-kje-se-dade-prostor-na-dijalogot/ Tue, 13 Dec 2022 15:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=585275

Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информира попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Јовановски соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на она што го кажа премиерот Димитар Ковачевски, каде што ќе ги исполниме сите негови сугестии. Тој очекува да бидат повикани на средба со премиерот.

Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда, рече тој.

Ленин истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со таа документација да ја презентираат на таа средба.

Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде пред него ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена. Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши, рече Јовановски.

The post Ленин Јовановски: Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информира попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Јовановски соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на она што го кажа премиерот Димитар Ковачевски, каде што ќе ги исполниме сите негови сугестии. Тој очекува да бидат повикани на средба со премиерот.
Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда, рече тој.
Ленин истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со таа документација да ја презентираат на таа средба.
Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде пред него ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена. Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши, рече Јовановски.

The post Ленин Јовановски: Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот appeared first on Република.

]]>
Амбасадите на САД во Белград и Приштина: Веднаш да се отстранат барикадите од патиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadite-na-sad-vo-belgrad-i-prishtina-vednash-da-se-otstranat-barikadite-od-patishtata/ Sun, 11 Dec 2022 18:31:19 +0000 https://republika.mk/?p=584381

Амбасадите на Соединетите Американски Држави во Белград и Приштина во заедничко соопштение побараа итно отстранување на блокадите на патиштата на север и „запирање на заплашувањата и заканите со насилство“.

„Тие што поставија нелегални блокади веднаш да ги отстранат. Очекуваме крај на заканите со насилство и заплашување“, се вели во заедничката изјава.

Соединетите Американски Држави изразија загриженост за ситуацијата на северот, наведувајќи во соопштение дека косовските власти уапсиле едно лице под сомнение за насилен напад врз припадници на безбедносните служби и членови на изборната комисија и дека нападот се користи како оправдување за нелегални блокади на патишта, закани и заплашувања на косовските власти и локалното население.

Амбасадите ја изразија својата целосна поддршка за КФОР и ЕУЛЕКС и ги осудија како неприфатливи сите напади врз Косово и меѓународните безбедносни служби.

„Ги повикуваме сите да покажат најголема воздржаност, да преземат итни активности во насока на деескалација и да се воздржат од провокации. Ги повикуваме двете страни да работат во рамките на дијалогот предводен од ЕУ за да се решат важните прашања“, се вели во соопштението.

The post Амбасадите на САД во Белград и Приштина: Веднаш да се отстранат барикадите од патиштата appeared first on Република.

]]>

Амбасадите на Соединетите Американски Држави во Белград и Приштина во заедничко соопштение побараа итно отстранување на блокадите на патиштата на север и „запирање на заплашувањата и заканите со насилство“.
„Тие што поставија нелегални блокади веднаш да ги отстранат. Очекуваме крај на заканите со насилство и заплашување“, се вели во заедничката изјава.
Соединетите Американски Држави изразија загриженост за ситуацијата на северот, наведувајќи во соопштение дека косовските власти уапсиле едно лице под сомнение за насилен напад врз припадници на безбедносните служби и членови на изборната комисија и дека нападот се користи како оправдување за нелегални блокади на патишта, закани и заплашувања на косовските власти и локалното население. Амбасадите ја изразија својата целосна поддршка за КФОР и ЕУЛЕКС и ги осудија како неприфатливи сите напади врз Косово и меѓународните безбедносни служби.
„Ги повикуваме сите да покажат најголема воздржаност, да преземат итни активности во насока на деескалација и да се воздржат од провокации. Ги повикуваме двете страни да работат во рамките на дијалогот предводен од ЕУ за да се решат важните прашања“, се вели во соопштението.

The post Амбасадите на САД во Белград и Приштина: Веднаш да се отстранат барикадите од патиштата appeared first on Република.

]]>
Северот на Косово се уште блокиран, Србите и натаму на барикадите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/severot-na-kosovo-se-ushte-blokiran-srbite-i-natamu-na-barikadite/ Sun, 11 Dec 2022 09:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=584204

Ноќта на северот на Косово помина мирно.

Премините Јариње и Брњак се уште се затворени и за пешаци и за возила. Сообраќајот е затворен на главните патишта, а може да се движите само по споредните патишта, јави РТС.

На барикадите ноќта поминала мирно, а пред полноќ одвреме навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети, јавува РТС.

Вчера во попладневните и вечерните часови Србите на северот на Косово излегоа на неколку контролни пунктови и формираа барикади поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ во Јариње.

И покрај континуираниот дожд цела ноќ, исто како и утрово, Србите се собраа на барикадите во Ибарска Слатина кај Сочаница и во Лешко.

Како што велат, нема да се откажат од своите намери, а утрото повторно почна да се зголемува бројот на граѓани на барикадите.

На магистралниот пат Лепосавиќ – Косовска Митровица се паркирани шлепери, автобуси и автомобили. На околу километар кон Сочаница е паркирано и возило КФОР.

The post Северот на Косово се уште блокиран, Србите и натаму на барикадите appeared first on Република.

]]>

Ноќта на северот на Косово помина мирно. Премините Јариње и Брњак се уште се затворени и за пешаци и за возила. Сообраќајот е затворен на главните патишта, а може да се движите само по споредните патишта, јави РТС. На барикадите ноќта поминала мирно, а пред полноќ одвреме навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети, јавува РТС. Вчера во попладневните и вечерните часови Србите на северот на Косово излегоа на неколку контролни пунктови и формираа барикади поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ во Јариње. И покрај континуираниот дожд цела ноќ, исто како и утрово, Србите се собраа на барикадите во Ибарска Слатина кај Сочаница и во Лешко. Како што велат, нема да се откажат од своите намери, а утрото повторно почна да се зголемува бројот на граѓани на барикадите. На магистралниот пат Лепосавиќ – Косовска Митровица се паркирани шлепери, автобуси и автомобили. На околу километар кон Сочаница е паркирано и возило КФОР.

The post Северот на Косово се уште блокиран, Србите и натаму на барикадите appeared first on Република.

]]>
Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/koalicijata-tachela-e-vinovna-za-blokadata-na-prevoznicite-spremaat-li-pat-za-bugarska-firma-da-go-zeme-prevozot/ Thu, 08 Dec 2022 08:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=583180

Коалицијата Тачела составена од Ковачевски и Арсовска е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? Се користи ли ЈСП за коалициски комбинаторики, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ

ЈСП е еден од стожерите на коалицијата на неврзаните (СДС - ДУИ - Левица).

Данела Арсовска првин го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП. Стојковски е кадар на СДС, што се потврдува и од фотографии на кои тој е сликан во централниот штаб.

Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса.

Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници.

Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа.

Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје?

Дали Арсовска свесно ги креираше проблемите?

Дали 6-те денари кои до сега биле попуст, завршиле како провизија?

Дали ЈСП е дел од пазарот за тајната коалиција Тачела? Што треба скопјани да трпат за Арсовска да може да владее, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? appeared first on Република.

]]>

Коалицијата Тачела составена од Ковачевски и Арсовска е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? Се користи ли ЈСП за коалициски комбинаторики, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ ЈСП е еден од стожерите на коалицијата на неврзаните (СДС - ДУИ - Левица). Данела Арсовска првин го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП. Стојковски е кадар на СДС, што се потврдува и од фотографии на кои тој е сликан во централниот штаб. Стојковски потпишува договор за набавка на гориво вреден 27 милиони евра, и во тој договор го нема попустот од 6 денари, кој до сега бил пракса. Со непостоењето на попуст, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.4 милиони евра. Пари кои се доволни за да го покријат долгот кој ова претпријатие го има кон приватните превозници. Веќе е создаден проблемот. Арсовска ги има приватните превозници на улица, а средства нема. Во меѓувреме распишува нов повик за избор на превозници, а долгот не го враќа. Скопјани се прашуваат дали зад хаосот кој го гледаме деновиве со блокирани улици, се крие режирано сценарио за бугарска фирма да го земе превозот во Скопје? Дали Арсовска свесно ги креираше проблемите? Дали 6-те денари кои до сега биле попуст, завршиле како провизија? Дали ЈСП е дел од пазарот за тајната коалиција Тачела? Што треба скопјани да трпат за Арсовска да може да владее, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Коалицијата Тачела е виновна за блокадата на превозниците, спремаат ли пат за бугарска фирма да го земе превозот? appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Нема никаква реакција од Градот, блокадите ќе продолжат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jovanovski-nema-nikakva-reakcija-od-gradot-blokadite-kje-prodolzat/ Tue, 06 Dec 2022 14:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=582619

Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна и засега блокадите ќе останат, изјави за МИА директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Се чекаше известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат, изјави Јовановски.

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ од вчера наутро повторно протестираат со блокади на три од клучните сообраќајни точки во Скопје, односно на крстосницата пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градот Скопје.

The post Јовановски: Нема никаква реакција од Градот, блокадите ќе продолжат appeared first on Република.

]]>

Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна и засега блокадите ќе останат, изјави за МИА директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Се чекаше известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат, изјави Јовановски. Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ од вчера наутро повторно протестираат со блокади на три од клучните сообраќајни точки во Скопје, односно на крстосницата пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градот Скопје.

The post Јовановски: Нема никаква реакција од Градот, блокадите ќе продолжат appeared first on Република.

]]>
Пенов: Владата има инструмент да ја тргне блокадата, насилно да ги тргне автобусите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-vladata-ima-instrument-da-ja-trgne-blokadata-nasilno-da-gi-trgne-avtobusite/ Mon, 05 Dec 2022 19:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=582313

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите.

Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана.

На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во Браќа Миладиновци што е елемент во законот внесен.

Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа, кажа Пенов.

The post Пенов: Владата има инструмент да ја тргне блокадата, насилно да ги тргне автобусите appeared first on Република.

]]>

Во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител министерот за локална самоуправа кажа дека владата има инструменти како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно тргање на автобусите. Владата има инструмент како да ја тргне блокадата но тој инструмент е насилно да ги тргнеме автобусите од улица. Се анализира состојбата има и елементи за некаков тип забрана. На пример раскрсницата на Црвен Крст директно го попречува одењето на училиште во Браќа Миладиновци што е елемент во законот внесен. Да се истрпат сите можности за разрешување на проблемот па владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и 1 милион долг кон приватните превозници, имаме раскинување на нивниот договор, тие и да го примат долгот се веќе исклучени од натамошна работа, кажа Пенов.

The post Пенов: Владата има инструмент да ја тргне блокадата, насилно да ги тргне автобусите appeared first on Република.

]]>
Блокади низ цела Македонија, в недела нов народен протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blokadi-niz-cela-makedonija-vo-nedela-nov-naroden-protest/ Fri, 08 Jul 2022 15:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=526037

Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, граѓаните револтирани од францускиот предлог денеска блокираа повеќе патни правци низ земјата.

Од 13 до 14 часот блокирана беше раскрсницат кај Владата на Република Македонија, како и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Протест имаше и пред Владата.

Поради верскиот празник утре нема да има протест. Масовните народни собири продложуваат во недела во 19 часот.

The post Блокади низ цела Македонија, в недела нов народен протест appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, граѓаните револтирани од францускиот предлог денеска блокираа повеќе патни правци низ земјата. Од 13 до 14 часот блокирана беше раскрсницат кај Владата на Република Македонија, како и магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Протест имаше и пред Владата. Поради верскиот празник утре нема да има протест. Масовните народни собири продложуваат во недела во 19 часот.

The post Блокади низ цела Македонија, в недела нов народен протест appeared first on Република.

]]>