близок соработник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blizok-sorabotnik/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Mar 2022 15:57:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png близок соработник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blizok-sorabotnik/ 32 32 Близок соработник на Путин поднесе оставка и ја напушти Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blizok-sorabotnik-na-putin-podnese-ostavka-i-ja-napushti-rusija/ Wed, 23 Mar 2022 15:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=477257

Анатолиј Чубаис, архитектот на руските постсоветски економски реформи, се откажа од функцијата специјален пратеник на Кремљ и ја напушти земјата поради војната во Украина,. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека Чубаис дал оставка.

Ова е протест на досега највисоката личност во руската хиерархија против инвазијата.

Чубаис, кој некогаш беше шеф на кабинетот на поранешниот претседател Борис Јелцин, ја напушти функцијата специјален претставник на Владимир Путин за врски со меѓународните организации, изјавил за Ројтерс еден од изворите запознаени со ова прашање.

Тој беше назначен на функцијата и задолжен за „постигнување на целите за одржлив развој“, во 2020 година, неколку дена откако поднесе оставка како шеф на државната технолошка фирма РУСНАНО, со која раководеше од 2008 година.

Изворите, кои сакале да останат анонимни, рекле дека Чубаис си заминал поради конфликтот во Украина. Тој нема намера да се врати во Русија, изјавил еден од изворите.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руската агенција РИА новости потврди дека Чубаис поднел оставка на функцијата, додавајќи дека тој тоа го сторил по сопствена волја.

 

The post Близок соработник на Путин поднесе оставка и ја напушти Русија appeared first on Република.

]]>

Анатолиј Чубаис, архитектот на руските постсоветски економски реформи, се откажа од функцијата специјален пратеник на Кремљ и ја напушти земјата поради војната во Украина,. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека Чубаис дал оставка. Ова е протест на досега највисоката личност во руската хиерархија против инвазијата. Чубаис, кој некогаш беше шеф на кабинетот на поранешниот претседател Борис Јелцин, ја напушти функцијата специјален претставник на Владимир Путин за врски со меѓународните организации, изјавил за Ројтерс еден од изворите запознаени со ова прашање. Тој беше назначен на функцијата и задолжен за „постигнување на целите за одржлив развој“, во 2020 година, неколку дена откако поднесе оставка како шеф на државната технолошка фирма РУСНАНО, со која раководеше од 2008 година. Изворите, кои сакале да останат анонимни, рекле дека Чубаис си заминал поради конфликтот во Украина. Тој нема намера да се врати во Русија, изјавил еден од изворите. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руската агенција РИА новости потврди дека Чубаис поднел оставка на функцијата, додавајќи дека тој тоа го сторил по сопствена волја.  

The post Близок соработник на Путин поднесе оставка и ја напушти Русија appeared first on Република.

]]>