Блискиот Исток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bliskiot-istok/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 16:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блискиот Исток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bliskiot-istok/ 32 32 Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pariz-i-berlin-povikaa-na-deeskalatsija-na-tenziite-na-bliskiot-istok/ Sat, 26 Oct 2024 16:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=831297

Германија и Франција повикаа на воздржаност и деескалација на тензиите на Блискиот Исток откако израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа извршија воздушни напади врз Иран. Истовремено, Сирија и владејачките талибанци во Авганистан категорично го осудија нападот, пренесоа светските агенции.

„Мојата порака до Иран е јасна: не можете да продолжите со масовен одговор на ескалација. Ова мора да заврши. Ова би обезбедило можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на социјалната мрежа Икс.

Париз „итно ги повикува страните во конфликтот да се воздржат од ескалација и активности кои би можеле да ги влошат тензиите во регионот“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

„Сирија ја изразува својата солидарност со Иран и потврдува дека стои на негова страна. Дамаск одлучно го поддржува законското право на Исламската Република на самоодбрана, заштита на нејзината територија и животите на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.

Израел во текстот е обвинет дека „го игнорира меѓународното право и го продолжува својот криминален и агресивен курс против народите во регионот“.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи во Кабул, контролирано од Талибанците, го осуди нападот и ја повика владата на Израел да го запре „ширењето на натамошното насилство и криминал во регионот“, јави ДПА.

Претходно денеска, ИДF соопшти дека нападнала воени цели во Иран како одговор на „бројните континуирани напади“. Во соопштението, иранските сили за воздушна одбрана соопштија дека штетата е ограничена.

The post Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Германија и Франција повикаа на воздржаност и деескалација на тензиите на Блискиот Исток откако израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа извршија воздушни напади врз Иран. Истовремено, Сирија и владејачките талибанци во Авганистан категорично го осудија нападот, пренесоа светските агенции.
„Мојата порака до Иран е јасна: не можете да продолжите со масовен одговор на ескалација. Ова мора да заврши. Ова би обезбедило можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на социјалната мрежа Икс.
Париз „итно ги повикува страните во конфликтот да се воздржат од ескалација и активности кои би можеле да ги влошат тензиите во регионот“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
„Сирија ја изразува својата солидарност со Иран и потврдува дека стои на негова страна. Дамаск одлучно го поддржува законското право на Исламската Република на самоодбрана, заштита на нејзината територија и животите на нејзините граѓани“, се вели во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.
Израел во текстот е обвинет дека „го игнорира меѓународното право и го продолжува својот криминален и агресивен курс против народите во регионот“. Во соопштението, Министерството за надворешни работи во Кабул, контролирано од Талибанците, го осуди нападот и ја повика владата на Израел да го запре „ширењето на натамошното насилство и криминал во регионот“, јави ДПА. Претходно денеска, ИДF соопшти дека нападнала воени цели во Иран како одговор на „бројните континуирани напади“. Во соопштението, иранските сили за воздушна одбрана соопштија дека штетата е ограничена.

The post Париз и Берлин повикаа на деескалација на тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vang-ji-vo-on-bez-odlozhuvane-da-se-vospostavi-seopfaten-prekin-na-ognot-na-bliskiot-istok/ Sat, 28 Sep 2024 18:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=820619

Не смее да има одложување во постигнувањето на „сеопфатно примирје“ на Блискиот Исток, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН.

Тој посочи дека во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, решението кое подразбира две држави и натаму е единствениот излез од тензичната ситуација во регионот.

Ванг рече дека Кина се залага за мир во Украина и дека „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина.

The post Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Не смее да има одложување во постигнувањето на „сеопфатно примирје“ на Блискиот Исток, рече денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на седницата на Генералното собрание на ОН. Тој посочи дека во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците, решението кое подразбира две држави и натаму е единствениот излез од тензичната ситуација во регионот. Ванг рече дека Кина се залага за мир во Украина и дека „не долева масло на огнот“ ниту за себе извлекува корист од војната на Русија против Украина.

The post Ванг Ји во ОН: Без одложување да се воспостави сеопфатен прекин на огнот на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-bliskiot-istok-e-na-rabot-na-golema-regionalna-vojna/ Mon, 09 Sep 2024 20:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=814647

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.

- Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот.

Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“.

Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни.

Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат.

Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан

The post Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна. - Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот. Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“. Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни. Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа. Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат. Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан

The post Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна appeared first on Република.

]]>
Дејвид Камерон во посета на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dejvid-kameron-vo-poseta-na-bliskiot-istok/ Thu, 23 Nov 2023 07:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=715359

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон пристигна на Блискиот Исток во својата прва посета на регионот откако се врати во владата минатата недела.

Како што јави Би-Би-Си, Камерон ќе се сретне и со израелските и со палестинските лидери со кои ќе разговара за договорот за ослободување на заложниците и за достава на поголема хуманитарна помош во Газа.

The post Дејвид Камерон во посета на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон пристигна на Блискиот Исток во својата прва посета на регионот откако се врати во владата минатата недела. Како што јави Би-Би-Си, Камерон ќе се сретне и со израелските и со палестинските лидери со кои ќе разговара за договорот за ослободување на заложниците и за достава на поголема хуманитарна помош во Газа.

The post Дејвид Камерон во посета на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Путин откри како оружјето од Украина пристигнува на Блискиот Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-otkri-kako-oruzhjeto-od-ukraina-pristignuva-na-bliskiot-istok/ Fri, 13 Oct 2023 19:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=691058

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оружјето од Украина најверојатно пристигнало на Блискиот Исток преку црниот пазар.

„Се сомневам дека Украина директно испорачувала оружје, но не се сомневам дека има истекување оружје од Украина. Нивото на корупција во Украина е исклучително високо. Се создава црн пазар, а има многу кои сакаат да купат оружје и има многу во Украина кои сакаат, тие го продаваат“, рече Путин на прес-конференција по самитот на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Киргистан.

Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, Путин рече дека нападот врз Израел е без преседан не само во однос на обемот, туку и во однос на суровоста. Но, како што рече, имајќи предвид дека Израел има право на гаранции и безбедност, има и целото население во Појасот Газа и оцени дека е неприфатливо да се изврши нешто како „блокадата на Ленинград“.

Путин исто така рече дека не сите граѓани на Појасот Газа го поддржуваат Хамас и дека цивилните жртви се неприфатливи.

„Треба да размислуваме за цивилното население, зошто сите да страдаат, вклучително и жените и децата. Многу наши сонародници живеат во Израел, тоа не можеме да го заборавиме, а имаме и добри односи со арапскиот свет“, рече Путин.

The post Путин откри како оружјето од Украина пристигнува на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оружјето од Украина најверојатно пристигнало на Блискиот Исток преку црниот пазар.
„Се сомневам дека Украина директно испорачувала оружје, но не се сомневам дека има истекување оружје од Украина. Нивото на корупција во Украина е исклучително високо. Се создава црн пазар, а има многу кои сакаат да купат оружје и има многу во Украина кои сакаат, тие го продаваат“, рече Путин на прес-конференција по самитот на Заедницата на независни држави (ЗНД) во Киргистан.
Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, Путин рече дека нападот врз Израел е без преседан не само во однос на обемот, туку и во однос на суровоста. Но, како што рече, имајќи предвид дека Израел има право на гаранции и безбедност, има и целото население во Појасот Газа и оцени дека е неприфатливо да се изврши нешто како „блокадата на Ленинград“. Путин исто така рече дека не сите граѓани на Појасот Газа го поддржуваат Хамас и дека цивилните жртви се неприфатливи.