Блинкен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blinken/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 07:18:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блинкен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blinken/ 32 32 Блинкен: Смртта на лидерот на Хамас нуди значајна можност да се стави крај на војната во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-smrtta-na-liderot-na-hamas-nudi-znachajna-mozhnost-da-se-stavi-kraj-na-vojnata-vo-gaza/ Wed, 23 Oct 2024 07:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=830037

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Израел изјави дека убиството на лидерот на Хамас дава „значајна можност“ да се стави крај на војната во Газа.

„Искрено верувам дека смртта на (Јахја) Синвар создава значајна можност да се вратат заложниците, да се стави крај на војната и да се обезбеди безбедноста на Израел“, рече Блинкен за време на состанокот со израелскиот претседател Исак Херцог, кој следеше по неговите разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Блинкен на средбата со Нетанјаху исто така повика Израел да ги искористи можностите што се појавија по смртта на Синвар, за да се обезбеди ослободување на израелските заложници, кои ги држи Хамас во Појасот Газа од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт.

Тој вчера пристигна во Израел на неговата 11-та посета на регионот откако на 7 октомври минатата година избувна војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, беше убиен во израелски воздушен напад на 16 октомври во Рафа во Појасот Газа.

The post Блинкен: Смртта на лидерот на Хамас нуди значајна можност да се стави крај на војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Израел изјави дека убиството на лидерот на Хамас дава „значајна можност“ да се стави крај на војната во Газа. „Искрено верувам дека смртта на (Јахја) Синвар создава значајна можност да се вратат заложниците, да се стави крај на војната и да се обезбеди безбедноста на Израел“, рече Блинкен за време на состанокот со израелскиот претседател Исак Херцог, кој следеше по неговите разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Блинкен на средбата со Нетанјаху исто така повика Израел да ги искористи можностите што се појавија по смртта на Синвар, за да се обезбеди ослободување на израелските заложници, кои ги држи Хамас во Појасот Газа од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт. Тој вчера пристигна во Израел на неговата 11-та посета на регионот откако на 7 октомври минатата година избувна војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа. Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, беше убиен во израелски воздушен напад на 16 октомври во Рафа во Појасот Газа.

The post Блинкен: Смртта на лидерот на Хамас нуди значајна можност да се стави крај на војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blinken-po-povod-8-septemvri-sad-ke-prodolzhat-da-go-poddrzhuvaat-nashiot-sojuznik-severna-makedonija-na-evropskiot-pat/ Sun, 08 Sep 2024 13:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=814403

Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

-Американскиот народ и народот на Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен.

Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај.

-Го цениме нашето силно партнерство со Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.

The post Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен. -Американскиот народ и народот на Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен. Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај. -Го цениме нашето силно партнерство со Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.

The post Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Премногу Палестинци загинаа во Газа, мора да се намалат цивилните жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-premnogu-palestintsi-zaginaa-vo-gaza-mora-da-se-namalat-tsivilnite-zhrtvi/ Fri, 10 Nov 2023 11:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=700237

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, истовремено наведувајќи дека САД ги ценат чекорите на Израел цивилните жртви да ги сведе на најмала можна мерка, но дека не е доволно.

Тој истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината помош што влегува во Газа.

Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и друг безбеден коридор за да се намалат цивилните жртви и да се зголеми помошта за Палестинците.

Министрите за надворешни работи на САД и Индија и за одбрана се сретнаа денеска во Њу Делхи за да разговараат за безбедносните прашања кои ги вклучуваат Индо-пацификот, Кина и војната меѓу Израел и Хамас. Блинкен им рече на новинарите дека САД и Индија имаат силно партнерство.

„Промовираме слободен, отворен и просперитетен азиско-пацифички регион, вклучително и зајакнување на нашето партнерство во „Квад“ со Јапонија и Австралија“, рече Блинкен на почетокот на состанокот.

Посочи дека соработката во областа на одбраната е клучен столб во односите меѓу земјите.

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток предизвикува голема загриженост. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот индиски колега Рајнат Синг ќе разговараат за мапата на патот за соработка меѓу двете земји во одбранбената индустрија. За време на посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на САД во јуни, двете страни усвоија насоки за одбранбената индустрија за да им овозможат заеднички да произведуваат напредни одбранбени системи и да соработуваат на нивното истражување и тестирање.

The post Блинкен: Премногу Палестинци загинаа во Газа, мора да се намалат цивилните жртви appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Њу Делхи изјави дека „премногу“ Палестинци загинале во Газа, истовремено наведувајќи дека САД ги ценат чекорите на Израел цивилните жртви да ги сведе на најмала можна мерка, но дека не е доволно. Тој истакна дека САД му предложиле на Израел подолги паузи во војната со цел да се достави хуманитарна помош и да се ослободат заложниците, како и да се зголеми количината помош што влегува во Газа. Блинкен рече дека САД ги ценат напорите на Израел да воспостави паузи во неговите воени операции, како и друг безбеден коридор за да се намалат цивилните жртви и да се зголеми помошта за Палестинците. Министрите за надворешни работи на САД и Индија и за одбрана се сретнаа денеска во Њу Делхи за да разговараат за безбедносните прашања кои ги вклучуваат Индо-пацификот, Кина и војната меѓу Израел и Хамас. Блинкен им рече на новинарите дека САД и Индија имаат силно партнерство. „Промовираме слободен, отворен и просперитетен азиско-пацифички регион, вклучително и зајакнување на нашето партнерство во „Квад“ со Јапонија и Австралија“, рече Блинкен на почетокот на состанокот. Посочи дека соработката во областа на одбраната е клучен столб во односите меѓу земјите. Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток предизвикува голема загриженост. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот индиски колега Рајнат Синг ќе разговараат за мапата на патот за соработка меѓу двете земји во одбранбената индустрија. За време на посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на САД во јуни, двете страни усвоија насоки за одбранбената индустрија за да им овозможат заеднички да произведуваат напредни одбранбени системи и да соработуваат на нивното истражување и тестирање.

The post Блинкен: Премногу Палестинци загинаа во Газа, мора да се намалат цивилните жртви appeared first on Република.

]]>
Блинкен ќе се сретне со Абас во Рамалах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-ke-se-sretne-so-abas-vo-ramalah/ Sun, 05 Nov 2023 11:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=698398

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамалах ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Тоа ќе биде прва посета на Блинкен на Западен Брег по почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Појасот Газа.

Според неименуван палестински функционер Блинкен ќе разговара со Абас за иднината на Појасот Газа по завршувањето на војната.

Блинкен, претходно на сослушувањето во американскиот Конгрес, истакна рече дека „во одредена фаза ќе биде најразумно една ревитализирана и ефективна палестинска власт да го преземе управувањето со Појасот Газа, која ќе ја сноси крајната одговорност за безбедност во енклавата.

Абас наведе дека предлогот на Блинкен може да се спроведе само со решението две држави.

Поголемиот број израелски министри ја отфрлаат таквата опција, бидејќи ја гледаат како закана за еврејската држава.

Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година, соборувајќи го движењето Фатах предводено од Махмуд Абас. Фатах моментално ги контролира само палестинските области во Западниот Брег.

Американскиот државен секретар вчера во главниот град на Јордан, Аман имаше средба со министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои побараа итен прекин на огнот. Блинкен го повтори ставот на САД дека Израел има право на одбрана но Хамас, но оти мора да се преземат сите мерки за да се спречат цивилни жртви.

The post Блинкен ќе се сретне со Абас во Рамалах appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Рамалах ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“. Тоа ќе биде прва посета на Блинкен на Западен Брег по почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Појасот Газа. Според неименуван палестински функционер Блинкен ќе разговара со Абас за иднината на Појасот Газа по завршувањето на војната. Блинкен, претходно на сослушувањето во американскиот Конгрес, истакна рече дека „во одредена фаза ќе биде најразумно една ревитализирана и ефективна палестинска власт да го преземе управувањето со Појасот Газа, која ќе ја сноси крајната одговорност за безбедност во енклавата. Абас наведе дека предлогот на Блинкен може да се спроведе само со решението две држави. Поголемиот број израелски министри ја отфрлаат таквата опција, бидејќи ја гледаат како закана за еврејската држава. Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година, соборувајќи го движењето Фатах предводено од Махмуд Абас. Фатах моментално ги контролира само палестинските области во Западниот Брег. Американскиот државен секретар вчера во главниот град на Јордан, Аман имаше средба со министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои побараа итен прекин на огнот. Блинкен го повтори ставот на САД дека Израел има право на одбрана но Хамас, но оти мора да се преземат сите мерки за да се спречат цивилни жртви.

The post Блинкен ќе се сретне со Абас во Рамалах appeared first on Република.

]]>
Блинкен в петок во посета на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-v-petok-vo-poseta-na-izrael/ Wed, 01 Nov 2023 07:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=696911

Американскиот државен секретар Антони Блинкен неделава ќе почне нова посета на Блискиот Исток, најави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

- Секретарот Блинкен в петок ќе отпатува за Израел на состаноци со членовите на израелската Влада, а потоа ќе посети и други места во регионот, наведе Милер, без да наведе дополнителни детали.

Претходно, беше соопштено дека американскиот претседател Џо Бајден бара „итни механизми“ за намалување на регионалните тензии поради војната помеѓу Израел и Хамас.

Белата куќа соопшти дека Бајден синоќа разговарал со лидерот на клучниот американски партнер Јордан, каде Блинкен беше повеќе пати во посета откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

- Бајден и кралот Абдула Втори разговараа за итни механизми за запирање на насилството, смирување на реториката и намалување на регионалните тензии, се посочува во соопштението на Белата куќа.

The post Блинкен в петок во посета на Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен неделава ќе почне нова посета на Блискиот Исток, најави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. - Секретарот Блинкен в петок ќе отпатува за Израел на состаноци со членовите на израелската Влада, а потоа ќе посети и други места во регионот, наведе Милер, без да наведе дополнителни детали. Претходно, беше соопштено дека американскиот претседател Џо Бајден бара „итни механизми“ за намалување на регионалните тензии поради војната помеѓу Израел и Хамас. Белата куќа соопшти дека Бајден синоќа разговарал со лидерот на клучниот американски партнер Јордан, каде Блинкен беше повеќе пати во посета откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври. - Бајден и кралот Абдула Втори разговараа за итни механизми за запирање на насилството, смирување на реториката и намалување на регионалните тензии, се посочува во соопштението на Белата куќа.

The post Блинкен в петок во посета на Израел appeared first on Република.

]]>
Антивоени демонстранти го прекинуваа Блинкен во излагањето пред сенатскиот комитет за буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/antivoeni-demonstranti-go-prekinuvaa-blinken-vo-izlaganeto-pred-senatskiot-komitet-za-budhet/ Tue, 31 Oct 2023 21:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=696837

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, и министерот за одбрана Лојд Остин, во име на администрацијата на претседателот Џо Бајден, денеска побараа од Конгресот да дозволи распределба на нови милијарди долари за Украина и Израел, додека расправата пред сенатскиот Комитет за буџет постојано беше прекинувана од демонстранти кои ги обвинија американските власти за поддршка на „геноцидот“ врз Палестинците во Газа.

Блинкен и Остин пред комитетот кажаа дека Белата куќа сака 106 милијарди долари за спроведување на амбициозните планови поврзани со Украина, Израел и безбедноста на границите на САД. Нивниот главен аргумент беше дека поддршката за сојузниците на Вашингтон е клучна за американската национална безбедност.

Двајцата министри истакнаа дека 61,4 милијарди долари се наменети за Киев, при што со речиси половината од нив ќе се надополнат американските резерви со оружје. Останатите средства вклучуваат 14,3 милијарди долари за Израел, девет милијарди долари за хуманитарна помош за Израел и Газа и четири милијарди долари за активности поврзани со спротивставување на растечката моќ на Кина во Азија.

Набргу по почетокот на седницата, група демонстранти во еден од редовите на салата ги кренаа рацете обоени во црвено во знак на протест против воените акции на Израел во Газа. Подоцна полицијата на Капитол ги изведе надвор, а додека заминуваа, демонстрантите извикуваа „Моментален прекин на огнот!“ и „Заштити ги децата од Газа!“.

Блинкен пред комитетот кажа дека американската помош за Украина ја претворила руската инвазија во „стратешки неуспех“. Тој, исто така, ја истакна важноста на воената поддршка за Израел, како и хуманитарната помош за Палестинците во Газа.

Меѓутоа, се чини дека и натаму не е сигурно дека овој финансики план на претседателот Бајден ќе се протурка, забележуваат американските медиуми. Демократите цврсто стојат зад стратегијата на претседателот да ја комбинира помошта за Украина со онаа за Израел, но републиканците во Конгресот се поделени.

The post Антивоени демонстранти го прекинуваа Блинкен во излагањето пред сенатскиот комитет за буџет appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, и министерот за одбрана Лојд Остин, во име на администрацијата на претседателот Џо Бајден, денеска побараа од Конгресот да дозволи распределба на нови милијарди долари за Украина и Израел, додека расправата пред сенатскиот Комитет за буџет постојано беше прекинувана од демонстранти кои ги обвинија американските власти за поддршка на „геноцидот“ врз Палестинците во Газа. Блинкен и Остин пред комитетот кажаа дека Белата куќа сака 106 милијарди долари за спроведување на амбициозните планови поврзани со Украина, Израел и безбедноста на границите на САД. Нивниот главен аргумент беше дека поддршката за сојузниците на Вашингтон е клучна за американската национална безбедност. Двајцата министри истакнаа дека 61,4 милијарди долари се наменети за Киев, при што со речиси половината од нив ќе се надополнат американските резерви со оружје. Останатите средства вклучуваат 14,3 милијарди долари за Израел, девет милијарди долари за хуманитарна помош за Израел и Газа и четири милијарди долари за активности поврзани со спротивставување на растечката моќ на Кина во Азија. Набргу по почетокот на седницата, група демонстранти во еден од редовите на салата ги кренаа рацете обоени во црвено во знак на протест против воените акции на Израел во Газа. Подоцна полицијата на Капитол ги изведе надвор, а додека заминуваа, демонстрантите извикуваа „Моментален прекин на огнот!“ и „Заштити ги децата од Газа!“. Блинкен пред комитетот кажа дека американската помош за Украина ја претворила руската инвазија во „стратешки неуспех“. Тој, исто така, ја истакна важноста на воената поддршка за Израел, како и хуманитарната помош за Палестинците во Газа. Меѓутоа, се чини дека и натаму не е сигурно дека овој финансики план на претседателот Бајден ќе се протурка, забележуваат американските медиуми. Демократите цврсто стојат зад стратегијата на претседателот да ја комбинира помошта за Украина со онаа за Израел, но републиканците во Конгресот се поделени.

The post Антивоени демонстранти го прекинуваа Блинкен во излагањето пред сенатскиот комитет за буџет appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Околу илјада Американци се заглавени во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-okolu-iljada-amerikantsi-se-zaglaveni-vo-gaza/ Tue, 31 Oct 2023 20:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=696818

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска на сослушувањето на Сенатската комисија изјави дека вкупно 1.000 Американци се заглавени во Газа и сакаат да заминат.

Највисокиот американски дипломат рече дека тој и Стејт департментот биле „интензивно фокусирани на ова“.

– Бевме во блиска комуникација, колку што можевме, со Американците кои беа заглавени во Газа. Имавме околу 5.500 комуникации што ги инициравме телефонски повици, е-пошта, WhatsApp – за да стапиме во контакт со нив, за да се обидеме да ги насочиме најдобро што можеме и да работиме на нивната можност да си заминат, изјави Блинкен.

Во Газа има околу 5.000 други државјани на трети земји кои исто така сакаат да заминат, рече Блинкен и како и другите американски функционери го обвинија Хамас за неможноста Американците да ја напуштат Газа.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер минатата недела изјави дека Каиро е подготвен да ги прими Американците и другите странски државјани доколку можат да стигнат до египетската страна на преминот Рафа.

The post Блинкен: Околу илјада Американци се заглавени во Газа appeared first on Република.

]]>

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска на сослушувањето на Сенатската комисија изјави дека вкупно 1.000 Американци се заглавени во Газа и сакаат да заминат.
Највисокиот американски дипломат рече дека тој и Стејт департментот биле „интензивно фокусирани на ова“.
– Бевме во блиска комуникација, колку што можевме, со Американците кои беа заглавени во Газа. Имавме околу 5.500 комуникации што ги инициравме телефонски повици, е-пошта, WhatsApp – за да стапиме во контакт со нив, за да се обидеме да ги насочиме најдобро што можеме и да работиме на нивната можност да си заминат, изјави Блинкен. Во Газа има околу 5.000 други државјани на трети земји кои исто така сакаат да заминат, рече Блинкен и како и другите американски функционери го обвинија Хамас за неможноста Американците да ја напуштат Газа. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер минатата недела изјави дека Каиро е подготвен да ги прими Американците и другите странски државјани доколку можат да стигнат до египетската страна на преминот Рафа.

The post Блинкен: Околу илјада Американци се заглавени во Газа appeared first on Република.

]]>
Блинкен ја повика Турција на поголем ангажман во конфликтот меѓу Хамас и Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-ja-povika-turtsija-na-pogolem-angazhman-vo-konfliktot-megu-hamas-i-izrael/ Mon, 09 Oct 2023 06:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=689376

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан побарал Турција повеќе да се ангажира во конфликтот со Хамас и посочил дека фокусот на САД е да се запрат нападите на Хамас и да се ослободат сите заложници, пренесуваат британските медиуми.

Во саботата, откако Хамас започна напади врз Израел, Фидан разговарал со колеги од Катар, Саудиска Арабија, Египет, Палестина и Иран, според неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.

Претходно турското МНР соопшти дека Анкара е во близок контакт со сите страни и е подготвена да помогне во деескалација на ситуацијата.

The post Блинкен ја повика Турција на поголем ангажман во конфликтот меѓу Хамас и Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во разговор со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан побарал Турција повеќе да се ангажира во конфликтот со Хамас и посочил дека фокусот на САД е да се запрат нападите на Хамас и да се ослободат сите заложници, пренесуваат британските медиуми. Во саботата, откако Хамас започна напади врз Израел, Фидан разговарал со колеги од Катар, Саудиска Арабија, Египет, Палестина и Иран, според неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи. Претходно турското МНР соопшти дека Анкара е во близок контакт со сите страни и е подготвена да помогне во деескалација на ситуацијата.

The post Блинкен ја повика Турција на поголем ангажман во конфликтот меѓу Хамас и Израел appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Очекуваме Старлинк да остане целосно достапен за Украинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-ochekuvame-starlink-da-ostane-tselosno-dostapen-za-ukraintsite/ Sun, 10 Sep 2023 19:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=680685

Старлинк е животно важна алатка за можноста на Украинците да комуницираат и посебно за комуникации на војската, а во нивните напори да ја одбранат територијата на Украина, изјави денеска за Си-ен-ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Изјавата доаѓа откако од нова книга за милијардерот Илон Маск се дозна дека сопственикот на Старлинк неодамна го блокирал пристапот до овој сателитски интернет на полуостровот Крим, за да спречи голем украински напад врз руската морнарица.

- Старлинк е критична во напорите на Украина да ја одбрани територијата и очекуваме оваа технологија да остане и понатаму целосно достапна за Украинците, изјави Блинкен.

Според новата биографска книга за Маск од познатиот американски писател Волтар Исаксон, милијардерот го блокирал пристап до Старлинк и спречил уништување на руската морнаричка база Севастопол во Црното Море, што би предизвикало Русија да се одмазди на Украина со нуклеарно оружје.

The post Блинкен: Очекуваме Старлинк да остане целосно достапен за Украинците appeared first on Република.

]]>

Старлинк е животно важна алатка за можноста на Украинците да комуницираат и посебно за комуникации на војската, а во нивните напори да ја одбранат територијата на Украина, изјави денеска за Си-ен-ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Изјавата доаѓа откако од нова книга за милијардерот Илон Маск се дозна дека сопственикот на Старлинк неодамна го блокирал пристапот до овој сателитски интернет на полуостровот Крим, за да спречи голем украински напад врз руската морнарица. - Старлинк е критична во напорите на Украина да ја одбрани територијата и очекуваме оваа технологија да остане и понатаму целосно достапна за Украинците, изјави Блинкен. Според новата биографска книга за Маск од познатиот американски писател Волтар Исаксон, милијардерот го блокирал пристап до Старлинк и спречил уништување на руската морнаричка база Севастопол во Црното Море, што би предизвикало Русија да се одмазди на Украина со нуклеарно оружје.

The post Блинкен: Очекуваме Старлинк да остане целосно достапен за Украинците appeared first on Република.

]]>
Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во ненајавена посета на Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-drzhaven-sekretar-antoni-blinken-e-vo-nenajavena-poseta-na-kiev/ Wed, 06 Sep 2023 13:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=679336

Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во ненајавена посета на Киев на разговори со украинските лидери за состојбата на контраофанзивата на украинската војска, како и за напорите за обновување и реконструкција.

Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Блинкен, исто така, се очекува да објави повеќе од 1 милијарда долари ново американско финансирање за Украина.

Виш функционер на Стејт департментот им изјави на новинарите дека поддршката на САД ќе продолжи со напорите да се осигура дека украинската војска го има она што и е потребно за оваа фаза од нејзината борба против руската инвазија. Тоа вклучува материјал за воздушни напади и пробивање на руските линии, рече официјалниот претставник, додека воздушната одбрана „продолжува да биде висок приоритет“.

The post Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во ненајавена посета на Киев appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во ненајавена посета на Киев на разговори со украинските лидери за состојбата на контраофанзивата на украинската војска, како и за напорите за обновување и реконструкција. Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Блинкен, исто така, се очекува да објави повеќе од 1 милијарда долари ново американско финансирање за Украина. Виш функционер на Стејт департментот им изјави на новинарите дека поддршката на САД ќе продолжи со напорите да се осигура дека украинската војска го има она што и е потребно за оваа фаза од нејзината борба против руската инвазија. Тоа вклучува материјал за воздушни напади и пробивање на руските линии, рече официјалниот претставник, додека воздушната одбрана „продолжува да биде висок приоритет“.

The post Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во ненајавена посета на Киев appeared first on Република.

]]>
Блинкен разговарал со бугарската министерка за надворешни работи за проширувањето на ЕУ во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blinken-razgovaral-so-bugarskata-ministerka-za-nadvoreshni-raboti-za-proshiruvaneto-na-eu-vo-regionot/ Wed, 09 Aug 2023 10:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=670310

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска разговарал со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел, меѓудругото, и за проширувањето на Европската Унија во регионот.

„Секретарот и министерката за надворешни работи, исто така, се осврнаа на важноста на проширувањето на ЕУ за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот“, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во изјавата се вели и дека „Секретарот Блинкен и министерката за надворешни работи Габриел разговараа за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите и тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, посигурни набавки и технологии“.

Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка на македонски вчера, ги охрабри владите на Македонија и Бугарија „да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, исполнување на претходните договори и поддршка на брзиот пристап на Македонија“.

Во изјавата за Гласот на Америка се вели дека САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Македонија во Европската Унија.

„Европска Унија што го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна“.

Специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, на дебата за регионот во Конгресот минатиот месец, рече дека САД се ангажирани со новата бугарска влада да се осигураат дека нема да има нови барања откако државата ќе ги исполни обврските од постоечките договори.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, рече дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е само „прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство“, и оти не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија.

The post Блинкен разговарал со бугарската министерка за надворешни работи за проширувањето на ЕУ во регионот appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска разговарал со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел, меѓудругото, и за проширувањето на Европската Унија во регионот. „Секретарот и министерката за надворешни работи, исто така, се осврнаа на важноста на проширувањето на ЕУ за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот“, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Во изјавата се вели и дека „Секретарот Блинкен и министерката за надворешни работи Габриел разговараа за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите и тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, посигурни набавки и технологии“. Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка на македонски вчера, ги охрабри владите на Македонија и Бугарија „да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, исполнување на претходните договори и поддршка на брзиот пристап на Македонија“. Во изјавата за Гласот на Америка се вели дека САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Македонија во Европската Унија. „Европска Унија што го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна“. Специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, на дебата за регионот во Конгресот минатиот месец, рече дека САД се ангажирани со новата бугарска влада да се осигураат дека нема да има нови барања откако државата ќе ги исполни обврските од постоечките договори. Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, рече дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е само „прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство“, и оти не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија.

The post Блинкен разговарал со бугарската министерка за надворешни работи за проширувањето на ЕУ во регионот appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Украина врати околу 50 отсто од првично заземената територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-ukraina-vrati-okolu-50-otsto-od-prvichno-zazemenata-teritorija/ Sun, 23 Jul 2023 18:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=664528

Украина досега врати околу половина од територијата што ја зазеде Русија за време на инвазијата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен. Сепак, тој признава дека на Украинците им претстои уште многу тешка битка.

Осврнувајќи се на актуелната украинска контраофанзива, тој оцени дека таа сè уште е на почеток.

Тешко е. Работите нема да се решат во следната недела или две, туку веројатно ќе потрае неколку месеци, истакна Блинкен.

На прашањето дали Украина ќе добие борбени авиони Ф-16, Блинкен рече дека е уверен оти тоа ќе се случи.

Најважното е да се осигураме дека кога тоа ќе се случи, тие ќе бидат соодветно обучени, способни да ги одржуваат авионите и да ги користат на интелигентен начин, вели државниот секретар на САД.

Според најавите од поддржувачите на Украина, коалицијата од 11 нации ќе започне со обука на украински пилоти за летање на Ф-16 во август во Данска. Тренинг центар ќе биде отворен и во Романија

The post Блинкен: Украина врати околу 50 отсто од првично заземената територија appeared first on Република.

]]>

Украина досега врати околу половина од територијата што ја зазеде Русија за време на инвазијата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен. Сепак, тој признава дека на Украинците им претстои уште многу тешка битка. Осврнувајќи се на актуелната украинска контраофанзива, тој оцени дека таа сè уште е на почеток.
Тешко е. Работите нема да се решат во следната недела или две, туку веројатно ќе потрае неколку месеци, истакна Блинкен.
На прашањето дали Украина ќе добие борбени авиони Ф-16, Блинкен рече дека е уверен оти тоа ќе се случи.
Најважното е да се осигураме дека кога тоа ќе се случи, тие ќе бидат соодветно обучени, способни да ги одржуваат авионите и да ги користат на интелигентен начин, вели државниот секретар на САД.
Според најавите од поддржувачите на Украина, коалицијата од 11 нации ќе започне со обука на украински пилоти за летање на Ф-16 во август во Данска. Тренинг центар ќе биде отворен и во Романија

The post Блинкен: Украина врати околу 50 отсто од првично заземената територија appeared first on Република.

]]>
Телефонски разговор Курти – Блинкен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/telefonski-razgovor-kurti-blinken/ Tue, 27 Jun 2023 07:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=655532

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и нормализацијата на односите со Србија, соопшти Владата на Косово.

Курти и Блинкен разговараа за дијалогот со канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел за деескалација и нормализација, како и за средбата во четвртокот минатата недела „која не стана трилатерална поради неподготвеноста на претседателот на Србија. Александар Вучиќ, се вели во соопштението.

„Премиерот Курти и секретарот Блинкен разговараа за ситуацијата во четирите северни општини на Косово, за нови избори на кои мора да им претходи владеење на правото, за насилните екстремисти кои ги нападнаа војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите, за тројцата заменици градоначалници на Србите во општините Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица“, соопшти косовската влада.

Курти го информирал американскиот државен секретар за ослободување на тројцата припадници на косовската полиција

Се додава дека и двајцата се согласиле да останат во редовна и честа комуникација „со цел мир и безбедност на Косово и нормализација на односите со Србија“

The post Телефонски разговор Курти – Блинкен appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и нормализацијата на односите со Србија, соопшти Владата на Косово. Курти и Блинкен разговараа за дијалогот со канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел за деескалација и нормализација, како и за средбата во четвртокот минатата недела „која не стана трилатерална поради неподготвеноста на претседателот на Србија. Александар Вучиќ, се вели во соопштението.
„Премиерот Курти и секретарот Блинкен разговараа за ситуацијата во четирите северни општини на Косово, за нови избори на кои мора да им претходи владеење на правото, за насилните екстремисти кои ги нападнаа војниците на КФОР, косовската полиција и новинарите, за тројцата заменици градоначалници на Србите во општините Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица“, соопшти косовската влада.
Курти го информирал американскиот државен секретар за ослободување на тројцата припадници на косовската полиција Се додава дека и двајцата се согласиле да останат во редовна и честа комуникација „со цел мир и безбедност на Косово и нормализација на односите со Србија“

The post Телефонски разговор Курти – Блинкен appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Путин беше на прагот на Киев, а сега мораше да ја брани Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-putin-beshe-na-pragot-na-kiev-a-sega-morashe-da-ja-brani-moskva/ Sun, 25 Jun 2023 14:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=654962

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека бунтот на приватната платеничка група Вагнер и нејзиниот предводник Евгениј Пригожин е „директен предизвик за авторитетот на Путин“.

„Ако го ставите ова во контекст, пред 16 месеци Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го заземе градот за неколку дена, да ја избрише земјата од мапата. Сега тој мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платениците кои самиот тој ги создаде, изјави Блинкен за ток-шоуто на Си-Би-Ес Њуз „Face the Nation“.

Тој додаде дека одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.

Значи, тој (бунтот) покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини, смета Блинкен.

Американскиот секретар оцени дека е рано да се каже каква е иднината за платениците кои се побунија вчера.

The post Блинкен: Путин беше на прагот на Киев, а сега мораше да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека бунтот на приватната платеничка група Вагнер и нејзиниот предводник Евгениј Пригожин е „директен предизвик за авторитетот на Путин“.
„Ако го ставите ова во контекст, пред 16 месеци Путин беше на прагот на Киев, Украина, сакајќи да го заземе градот за неколку дена, да ја избрише земјата од мапата. Сега тој мораше да ја брани Москва, главниот град на Русија, од платениците кои самиот тој ги создаде, изјави Блинкен за ток-шоуто на Си-Би-Ес Њуз „Face the Nation“.
Тој додаде дека одлуката на Путин да ја нападне Украина создаде хаос во неговата земја.
Значи, тој (бунтот) покренува длабоки прашања, покажува вистински пукнатини, смета Блинкен.
Американскиот секретар оцени дека е рано да се каже каква е иднината за платениците кои се побунија вчера.

The post Блинкен: Путин беше на прагот на Киев, а сега мораше да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>
Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-razgovarashe-so-kuleba-za-ekonomskoto-zakrepnuvane-na-ukraina/ Tue, 20 Jun 2023 20:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=653507

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја нагласи американската поддршка за економското закрепнување на Украина и важноста од континуирана тесна соработка преку мултиагенциска платформа за координација на донатори.

„САД се посветени на соработка со приватниот сектор со цел да се модернизира и ревитализира Украина“, рече Блинкен за време на состанокот во Лондон со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на маргините на конференцијата за обнова на Украина.

Според Стејт департментот, тие разговарале за потребата Украина да продолжи со спроведувањето на реформите насочени кон воспоставување средина за инвестиции и одржлив економски раст.

The post Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја нагласи американската поддршка за економското закрепнување на Украина и важноста од континуирана тесна соработка преку мултиагенциска платформа за координација на донатори.
„САД се посветени на соработка со приватниот сектор со цел да се модернизира и ревитализира Украина“, рече Блинкен за време на состанокот во Лондон со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на маргините на конференцијата за обнова на Украина.
Според Стејт департментот, тие разговарале за потребата Украина да продолжи со спроведувањето на реформите насочени кон воспоставување средина за инвестиции и одржлив економски раст.

The post Блинкен разговараше со Кулеба за економското закрепнување на Украина appeared first on Република.

]]>
Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-po-sredbata-so-blinken-vo-peking-kina-i-sad-ostvarija-napredok-i-postignaa-dogovor-za-nekoi-spetsifichni-temi/ Mon, 19 Jun 2023 10:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=653047

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА.

До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на американската дипломатија на Кина.

Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто така, постигнале напредок и постигнале договор за некои специфични теми“.

Односите меѓу државите секогаш треба да се темелат на меѓусебно почитување и искреност, рече Си, додавајќи дека се надева дека посетата на Блинкен ќе помогне во „стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“.

Ова е првата посета на американскиот државен секретар на Кина од 2018 година.

Соопштувањето на веста дека Си ќе разговара со Блинкен се смета за посебен гест и знак дека Пекинг сака да ги изглади зголемените тензии меѓу ривалските сили.

Разговорот со Си доаѓа по два дена интензивна билатерална дипломатија.

ДПА потсетува дека Блинкен, претходно денеска, исто така, се сретна со највисокиот официјален претставник на надворешната политика на Пекинг, Ванг Ји, кој во хиерахијата на моќта во Кина се наоѓа над шефот на дипломатијата, Чин Ганг,.

Според кинеските државни медиуми, Ванг изјави дека посетата на Блинкен доаѓа во „критички момент за кинеско-американските односи“, кои се во „надолна линија“.

Блинкен, вчера, 7,5 часа разговараше и со министерот Чин – што беше многу подолго време од планираното.

The post Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА. До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на американската дипломатија на Кина. Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто така, постигнале напредок и постигнале договор за некои специфични теми“.
Односите меѓу државите секогаш треба да се темелат на меѓусебно почитување и искреност, рече Си, додавајќи дека се надева дека посетата на Блинкен ќе помогне во „стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“.
Ова е првата посета на американскиот државен секретар на Кина од 2018 година. Соопштувањето на веста дека Си ќе разговара со Блинкен се смета за посебен гест и знак дека Пекинг сака да ги изглади зголемените тензии меѓу ривалските сили. Разговорот со Си доаѓа по два дена интензивна билатерална дипломатија. ДПА потсетува дека Блинкен, претходно денеска, исто така, се сретна со највисокиот официјален претставник на надворешната политика на Пекинг, Ванг Ји, кој во хиерахијата на моќта во Кина се наоѓа над шефот на дипломатијата, Чин Ганг,. Според кинеските државни медиуми, Ванг изјави дека посетата на Блинкен доаѓа во „критички момент за кинеско-американските односи“, кои се во „надолна линија“. Блинкен, вчера, 7,5 часа разговараше и со министерот Чин – што беше многу подолго време од планираното.

The post Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-so-evropskite-kolegi-imav-intenzivna-i-produktivna-diskusija-za-veshtachkata-inteligentsija/ Wed, 31 May 2023 17:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=646555

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција.

Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“.

Блинкен изрази жалење поради што не се одржа средба помеѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу.

Тој ја повтори важноста од редовни контакти и отворени канали за комуникација со Пекинг.

- Најопасна работа е немање комуникација, рече Блинкен

The post Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција. Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“. Блинкен изрази жалење поради што не се одржа средба помеѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу. Тој ја повтори важноста од редовни контакти и отворени канали за комуникација со Пекинг. - Најопасна работа е немање комуникација, рече Блинкен

The post Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Курти ја оцени како „наивна и бескорисна“ реакцијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ja-otseni-kako-naivna-i-beskorisna-reaktsijata-na-amerikanskiot-drzhaven-sekretar-entoni-blinken-za-situatsijata-na-severot-na-kosovo/ Wed, 31 May 2023 14:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=646515

Косовскиот премиер Албин Курти ја оцени како „наивна и бескорисна“ реакцијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово. Во изјава за „Гардијан“ Курти го изрази своето незадоволство од изјавата на Блинкен, кој оценил дека одлуката за употреба на сила за влез во општинските згради на северот е донесена „против советите“ на САД и европските партнери и дека „тензиите ескалираа на непотребен начин“.

Изјавата на Блинкен Курти ја нарече „омекнување“ кон српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Мислам дека тоа не само што е неправедно, погрешно и навредливо, туку во исто време е и многу наивно. Можеби секретарот Блинкен ќе го објасни ова дополнително еден ден, но дефинитивно не беше корисно – рече Курти.

Тој откри дека разговарал со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и дека Ескобар притоа побарал од косовските власти да ги преместат градоначалниците во други објекти или да работат од дома, но Курти тоа го одбил.

– Не можеме да имаме зум-градоначалници, ние сме демократска република. Демократската република не може да се предаде на фашистичка милиција – додал тој.

Курти изјавил и дека е „среќа“ што вчера ниту еден припадник на КФОР не го загубил животот.

Освен острите изјави на Блинкен, откажувањето на учеството на големите воени вежби на НАТО е првата последица што ќе ја почувствува владата на Курти поради акциите на северот на Косово.

– За Косово, овие вежби се завршени – изјави американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер, наведувајќи дека владата во Приштина ги игнорирала американските повици за деескалација на ситуацијата во општините на северот на Косово.

Според Ховениер, Вашингтон испратил силна порака до владата на Курти веднаш по почетокот на акцијата на северот, предупредувајќи дека таквиот потег ќе има негативен ефект врз угледот на Приштина и ќе го уназади дијалогот со Белград. Американскиот амбасадор вели дека од владата на Курти е побарано да ги повлече специјалните сили од северот на Косово, како и да не инсистира градоначалниците да ја вршат својата работа од општинските згради.

– Не разбираме зошто алтернативните локации не можат да се користат за извршување на функциите – изјави Ховениер, додавајќи дека Вашингтон смета дека „насилниот упад и присуството на косовската полиција во зградите е провокација“.

Ховениер, истовремено, предупредил на дополнителни последици од ваквиот пристап на косовските власти.

Како што неофицијално пренесуваат српски медиуми, САД препорачале на своите претставници да се возджат од средби со косовски претставници и посети на Приштина, како и паузирање на дипломатските активности за признавање на независноста на Косово од трети земји.

Повеќе од 30 мировници на НАТО беа повредени во судирите во понеделникот, поради што воената алијанса објави дека ќе испрати уште 700 војници на Косово.

Насилството на северот започна во петокот, кога албанските градоначалници на општините со српско мнозинство влегоа во општинските згради со помош на полициските сили.

The post Курти ја оцени како „наивна и бескорисна“ реакцијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти ја оцени како „наивна и бескорисна“ реакцијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово. Во изјава за „Гардијан“ Курти го изрази своето незадоволство од изјавата на Блинкен, кој оценил дека одлуката за употреба на сила за влез во општинските згради на северот е донесена „против советите“ на САД и европските партнери и дека „тензиите ескалираа на непотребен начин“. Изјавата на Блинкен Курти ја нарече „омекнување“ кон српскиот претседател Александар Вучиќ. – Мислам дека тоа не само што е неправедно, погрешно и навредливо, туку во исто време е и многу наивно. Можеби секретарот Блинкен ќе го објасни ова дополнително еден ден, но дефинитивно не беше корисно – рече Курти. Тој откри дека разговарал со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и дека Ескобар притоа побарал од косовските власти да ги преместат градоначалниците во други објекти или да работат од дома, но Курти тоа го одбил. – Не можеме да имаме зум-градоначалници, ние сме демократска република. Демократската република не може да се предаде на фашистичка милиција – додал тој. Курти изјавил и дека е „среќа“ што вчера ниту еден припадник на КФОР не го загубил животот. Освен острите изјави на Блинкен, откажувањето на учеството на големите воени вежби на НАТО е првата последица што ќе ја почувствува владата на Курти поради акциите на северот на Косово.
– За Косово, овие вежби се завршени – изјави американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер, наведувајќи дека владата во Приштина ги игнорирала американските повици за деескалација на ситуацијата во општините на северот на Косово. Според Ховениер, Вашингтон испратил силна порака до владата на Курти веднаш по почетокот на акцијата на северот, предупредувајќи дека таквиот потег ќе има негативен ефект врз угледот на Приштина и ќе го уназади дијалогот со Белград. Американскиот амбасадор вели дека од владата на Курти е побарано да ги повлече специјалните сили од северот на Косово, како и да не инсистира градоначалниците да ја вршат својата работа од општинските згради. – Не разбираме зошто алтернативните локации не можат да се користат за извршување на функциите – изјави Ховениер, додавајќи дека Вашингтон смета дека „насилниот упад и присуството на косовската полиција во зградите е провокација“. Ховениер, истовремено, предупредил на дополнителни последици од ваквиот пристап на косовските власти. Како што неофицијално пренесуваат српски медиуми, САД препорачале на своите претставници да се возджат од средби со косовски претставници и посети на Приштина, како и паузирање на дипломатските активности за признавање на независноста на Косово од трети земји. Повеќе од 30 мировници на НАТО беа повредени во судирите во понеделникот, поради што воената алијанса објави дека ќе испрати уште 700 војници на Косово. Насилството на северот започна во петокот, кога албанските градоначалници на општините со српско мнозинство влегоа во општинските згради со помош на полициските сили.

The post Курти ја оцени како „наивна и бескорисна“ реакцијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Договорот води кон признавање на Косово од страна на петте членки на ЕУ кои не го сториле тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blinken-dogovorot-vodi-kon-priznavane-na-kosovo-od-strana-na-pette-chlenki-na-eu-koi-ne-go-storile-toa/ Thu, 23 Mar 2023 09:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=622786

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека, доколку се примени договорот помеѓу Косово и Србија, тоа ќе го отвори патот за признавање на Косово од страна на пет земји-членки на  ЕУ кои не го сториле тоа.

Како што јави „Гласот на Америка“, Ентони Блинкен одговорил на прашањето на сенаторот Жан Шахин за неговите напори да ги убеди петте земји од ЕУ кои не го признаваат Косово да го сторат тоа.

„Тоа секако е прашање на кое сè уште работиме, но исто така мислам дека овој договор, доколку се имплементира, всушност води кон признавање од овие земји“, рече Блинкен.

Тој призна дека признавањето на Србија е друга работа и дека тоа ќе потрае некое време.

„Доколку дојде до нормализација на односите меѓу Косово и Србија, тоа би имало позитивен ефект и верувам дека на крајот ќе стигнеме до таа точка, но мислам дека тоа што Косово и Србија постигнаа договор, под претпоставка дека ќе го спроведат, ќе ги водат петте земји кон признавање“, рече Блинкен.

Тој за време на седницата рече дека напредокот постигнат меѓу Србија и Косово дава надеж на патот кон нормализација.

„Сметам дека е важно, освен што двете земји начелно се договорија да го направат тоа, овие обврски да се дел од плановите на двете земји за членство во Европската Унија, па се надевам дека ова ќе биде поттик да го спроведат“, рече Блинкен.

Сенаторот Сахин изјави дека се согласува и нагласи дека верува оти е важно луѓето во Косово и Србија да ги почувствуваат придобивките во приватниот живот од таквиот договор.

The post Блинкен: Договорот води кон признавање на Косово од страна на петте членки на ЕУ кои не го сториле тоа appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека, доколку се примени договорот помеѓу Косово и Србија, тоа ќе го отвори патот за признавање на Косово од страна на пет земји-членки на  ЕУ кои не го сториле тоа. Како што јави „Гласот на Америка“, Ентони Блинкен одговорил на прашањето на сенаторот Жан Шахин за неговите напори да ги убеди петте земји од ЕУ кои не го признаваат Косово да го сторат тоа. „Тоа секако е прашање на кое сè уште работиме, но исто така мислам дека овој договор, доколку се имплементира, всушност води кон признавање од овие земји“, рече Блинкен. Тој призна дека признавањето на Србија е друга работа и дека тоа ќе потрае некое време. „Доколку дојде до нормализација на односите меѓу Косово и Србија, тоа би имало позитивен ефект и верувам дека на крајот ќе стигнеме до таа точка, но мислам дека тоа што Косово и Србија постигнаа договор, под претпоставка дека ќе го спроведат, ќе ги водат петте земји кон признавање“, рече Блинкен. Тој за време на седницата рече дека напредокот постигнат меѓу Србија и Косово дава надеж на патот кон нормализација. „Сметам дека е важно, освен што двете земји начелно се договорија да го направат тоа, овие обврски да се дел од плановите на двете земји за членство во Европската Унија, па се надевам дека ова ќе биде поттик да го спроведат“, рече Блинкен. Сенаторот Сахин изјави дека се согласува и нагласи дека верува оти е важно луѓето во Косово и Србија да ги почувствуваат придобивките во приватниот живот од таквиот договор.

The post Блинкен: Договорот води кон признавање на Косово од страна на петте членки на ЕУ кои не го сториле тоа appeared first on Република.

]]>
Блинкен и Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-i-stoltenberg-vojnata-vo-ukraina-vleguva-vo-kritichna-faza/ Fri, 09 Sep 2022 19:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=549257

Украинските вооружени сили постигнаа значителен успех во контраофанзивата против руските сили во јужна и источна Украина, но како што изгледа засега борбите ќе траат со месеци.

Ова го изјавија денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Блинкен, кој по посетата на Киев е во посета на НАТО во Брисел, рече дека војната во Украина влегува во критичен период и го повика Западот да ја поддржи таа земја во наредните месеци и во текот на зимата.

„Првите знаци се позитивни и гледаме дека Украина прави вистински, видлив напредок. Но, за ова веројатно ќе биде потребно извесно време. Има огромен број руски војници во Украина, а за жал, трагично, страшно, претседателот Владимир Путин ќе додаде многу повеќе луѓе во ова, иако тоа ќе ја чини многу Русија“, рече Блинкен.

Столтенберг изјави дека „инвазијата што ја започна Путин во февруари влегува во критична фаза“.

„Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да возвратат и да ја вратат територијата“, рече тој.

Сепак, тој предупреди дека сојузниците ќе бидат на тест наредните месеци поради енергетската криза и растот на цените.

The post Блинкен и Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза appeared first on Република.

]]>

Украинските вооружени сили постигнаа значителен успех во контраофанзивата против руските сили во јужна и источна Украина, но како што изгледа засега борбите ќе траат со месеци. Ова го изјавија денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Блинкен, кој по посетата на Киев е во посета на НАТО во Брисел, рече дека војната во Украина влегува во критичен период и го повика Западот да ја поддржи таа земја во наредните месеци и во текот на зимата. „Првите знаци се позитивни и гледаме дека Украина прави вистински, видлив напредок. Но, за ова веројатно ќе биде потребно извесно време. Има огромен број руски војници во Украина, а за жал, трагично, страшно, претседателот Владимир Путин ќе додаде многу повеќе луѓе во ова, иако тоа ќе ја чини многу Русија“, рече Блинкен. Столтенберг изјави дека „инвазијата што ја започна Путин во февруари влегува во критична фаза“. „Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да возвратат и да ја вратат територијата“, рече тој. Сепак, тој предупреди дека сојузниците ќе бидат на тест наредните месеци поради енергетската криза и растот на цените.

The post Блинкен и Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза appeared first on Република.

]]>