блесок 22 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blesok-22/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Apr 2022 15:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блесок 22 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blesok-22/ 32 32 Заврши вежбата „Блесок 22“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-vezbata-blesok-22/ Mon, 11 Apr 2022 15:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=486890

По осумдневни маневри успешно заврши тактичката вежба „Блесок 22“ каде околу 1.100 армиски припадници вежбаа според фиктивно сценарио со креирани настани и инциденти што овозможи лесниот пешадиски баталјон, кој е во составот на Првата пешадиска бригада да се оцени согласно НАТО стандардите, вели Министерството за одбрана.

– Армијата на Македонија на дело покажа дека е способна и мотивирана. Дека функционира според највисоките НАТО стандарди. Лесниот пешадиски баталјон е првата поголема единица која беше оценувана според стандардите за оценување на борбена подготвеност на НАТО, по членството на државата во Алијансата. Можеме да одиме со исправена глава, зашто покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО цели на способности – рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Петровска кажа дека оваа вежба е важна и затоа што оценувањето беше вршено од домашен набљудувачки тим, под супервизија на набљудувачи од НАТО. Во тимот 85 отсто се сертифицирани НАТО набљудувачи, што го надминува НАТО стандардот од 50 отсто.

Вежбата „Блесок 22“ е национална теренска вежба која се реализираше од 3 до 11 април на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ во Штип и касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

The post Заврши вежбата „Блесок 22“ appeared first on Република.

]]>

По осумдневни маневри успешно заврши тактичката вежба „Блесок 22“ каде околу 1.100 армиски припадници вежбаа според фиктивно сценарио со креирани настани и инциденти што овозможи лесниот пешадиски баталјон, кој е во составот на Првата пешадиска бригада да се оцени согласно НАТО стандардите, вели Министерството за одбрана. – Армијата на Македонија на дело покажа дека е способна и мотивирана. Дека функционира според највисоките НАТО стандарди. Лесниот пешадиски баталјон е првата поголема единица која беше оценувана според стандардите за оценување на борбена подготвеност на НАТО, по членството на државата во Алијансата. Можеме да одиме со исправена глава, зашто покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО цели на способности – рече министерката за одбрана Славјанка Петровска. Петровска кажа дека оваа вежба е важна и затоа што оценувањето беше вршено од домашен набљудувачки тим, под супервизија на набљудувачи од НАТО. Во тимот 85 отсто се сертифицирани НАТО набљудувачи, што го надминува НАТО стандардот од 50 отсто. Вежбата „Блесок 22“ е национална теренска вежба која се реализираше од 3 до 11 април на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ во Штип и касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

The post Заврши вежбата „Блесок 22“ appeared first on Република.

]]>
Започна вежбата „Блесок 22“ на македонската Армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapochna-vezbata-blesok-22-na-makedonskata-armija/ Sun, 03 Apr 2022 11:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=482585

Во кампот за обука „Пепелиште“ денеска се одржа воена церемонија со којашто се означи почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“. Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството за одбрана.

На вежбата ќе учествуваат околу 1.100 припадници од Армијата на Република Македонија, како и одреден број на оценувачи и набљудувачи од НАТО. Од Министерството велат дека основната цел на вежбата „Блесок 22“ е оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО – CREVAL (Combat Readiness Evaluation).

На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на прва пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски, а пред учесниците на вежбата се обрати директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки.

Сумрачки истакна дека со успешна реализација на оваа вежба има можност да покажеме дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди, кои се потребни во заедничкото делување во справување со современите безбедносни закани.

Согласно планот на активности на вежбата, од Министерството информираат дека во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе отпочнат првичните активности за оценување на единицата по елементите на оценување во мирновремени локации.

За реализација на вежбата „Блесок 22“ ќе се користи фиктивно сценарио, при што се креирани настани и инциденти кои ќе овозможат единицата да се извежба и оцени согласно НАТО стандардите, односно Лесниот пешадиски баталјон ќе може да ја демонстрира својата борбена готовност да се соочи со сложеноста на бојното поле, се вели во соопштението.

Оценувањето ќе го спроведува национален тим за оценување, кој е сертифициран од страна на НАТО школото за вршење на оценување на борбена готовност на копнените сили, според стандардите и процедурите на Алијансата при што ќе се оценуваат постапките во седум различни области на способност. Ова е прво оценување на поголем состав во Армијата по нашето полноправно членство во НАТО, за чија успешност голем мотив се високите оценки кои ги добиваме во досегашните години од страна на НАТО за успешно изведените вежби на претходните оценувања на декларираните состави, но и при извршувањето на мировните мисии.

За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи, зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето, по што резултатот ќе биде соопштен на оценуваната единица.

The post Започна вежбата „Блесок 22“ на македонската Армија appeared first on Република.

]]>

Во кампот за обука „Пепелиште“ денеска се одржа воена церемонија со којашто се означи почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“. Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството за одбрана. На вежбата ќе учествуваат околу 1.100 припадници од Армијата на Република Македонија, како и одреден број на оценувачи и набљудувачи од НАТО. Од Министерството велат дека основната цел на вежбата „Блесок 22“ е оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО – CREVAL (Combat Readiness Evaluation). На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на прва пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски, а пред учесниците на вежбата се обрати директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки. Сумрачки истакна дека со успешна реализација на оваа вежба има можност да покажеме дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди, кои се потребни во заедничкото делување во справување со современите безбедносни закани. Согласно планот на активности на вежбата, од Министерството информираат дека во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе отпочнат првичните активности за оценување на единицата по елементите на оценување во мирновремени локации.
За реализација на вежбата „Блесок 22“ ќе се користи фиктивно сценарио, при што се креирани настани и инциденти кои ќе овозможат единицата да се извежба и оцени согласно НАТО стандардите, односно Лесниот пешадиски баталјон ќе може да ја демонстрира својата борбена готовност да се соочи со сложеноста на бојното поле, се вели во соопштението.
Оценувањето ќе го спроведува национален тим за оценување, кој е сертифициран од страна на НАТО школото за вршење на оценување на борбена готовност на копнените сили, според стандардите и процедурите на Алијансата при што ќе се оценуваат постапките во седум различни области на способност. Ова е прво оценување на поголем состав во Армијата по нашето полноправно членство во НАТО, за чија успешност голем мотив се високите оценки кои ги добиваме во досегашните години од страна на НАТО за успешно изведените вежби на претходните оценувања на декларираните состави, но и при извршувањето на мировните мисии. За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи, зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето, по што резултатот ќе биде соопштен на оценуваната единица.

The post Започна вежбата „Блесок 22“ на македонската Армија appeared first on Република.

]]>