Блерим Рамадани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blerim-ramadani/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 15:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блерим Рамадани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blerim-ramadani/ 32 32 Трајчулески: Началник на МВР и раководител во Чаир го превезле Рамадани во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajchuleski-nachalnik-na-mvr-i-rakovoditel-vo-chair-go-prevezle-ramadani-vo-kosovo/ Fri, 23 Aug 2024 15:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=809543

Началникот на северната граница со Косово, Наим Рамука лично со автомобил го транспортирал Блерим Рамадани додека бил во куќен притвор преку граница по лентата за камиони без никаква проверка и го вратил истиот ден, тврди опозициската СДСМ.

За денот на бегството пак, уверуваат дека началникот испратил друго лице со друг автомобил и повторно без проверка Блерим Рамадани ја поминал границата, но овојпат за да не се врати назад. Опозициската партија прозива за одговорност.

Ќе има ли конечно одговорност или Мицкоски и Тошковски ќе продолжат да ја префрлаат вината на други? СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир. Да се истражи кој се учествувал во пуштањето на Рамадани и да се покренат постапки против сите. Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај, изјави Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во наводите на опозициската партија гледа само манипулации во корист на судијата Пајазит Пајазити кој го додели куќниот притвор на Блерим Рамадани.

Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го штити судијата и сака да прикрие дека од затвор во нивно време избегаа притворените за убиството кај Мавровка.

Пајазит Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка. Од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите затвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС. Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи,изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ преку соопштение ги повикаа лидерите од коалицијата Вреди, да кажат дали и тие одговорноста ја гледаат во Пајазити.

Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија?“, стои во соопштението на ДУИ.

Инаку, вчера Врховниот суд го укина решението на Кривичен, кој претходно не дозволи екстрадиција на Рамадани, но и доколку на крај се одлучат да биде испорачан на Србија, во пракса тоа не може да се реализира бидејќи тој веќе не е на македонска територија. Во меѓувреме тричлената комисија формирана од Судскиот совет ја анализира судската одлука на пајазити за рамадани.

Претседателката на советот Весна Дамева за Канал 5 вели дека работат интензивно, а откако извештајот ќе стигне до советот, веднаш ќе биде закажана итна седница.

The post Трајчулески: Началник на МВР и раководител во Чаир го превезле Рамадани во Косово appeared first on Република.

]]>

Началникот на северната граница со Косово, Наим Рамука лично со автомобил го транспортирал Блерим Рамадани додека бил во куќен притвор преку граница по лентата за камиони без никаква проверка и го вратил истиот ден, тврди опозициската СДСМ. За денот на бегството пак, уверуваат дека началникот испратил друго лице со друг автомобил и повторно без проверка Блерим Рамадани ја поминал границата, но овојпат за да не се врати назад. Опозициската партија прозива за одговорност.
Ќе има ли конечно одговорност или Мицкоски и Тошковски ќе продолжат да ја префрлаат вината на други? СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир. Да се истражи кој се учествувал во пуштањето на Рамадани и да се покренат постапки против сите. Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај, изјави Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во наводите на опозициската партија гледа само манипулации во корист на судијата Пајазит Пајазити кој го додели куќниот притвор на Блерим Рамадани. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го штити судијата и сака да прикрие дека од затвор во нивно време избегаа притворените за убиството кај Мавровка.
Пајазит Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка. Од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите затвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС. Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи,изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ преку соопштение ги повикаа лидерите од коалицијата Вреди, да кажат дали и тие одговорноста ја гледаат во Пајазити.
Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија?“, стои во соопштението на ДУИ.
Инаку, вчера Врховниот суд го укина решението на Кривичен, кој претходно не дозволи екстрадиција на Рамадани, но и доколку на крај се одлучат да биде испорачан на Србија, во пракса тоа не може да се реализира бидејќи тој веќе не е на македонска територија. Во меѓувреме тричлената комисија формирана од Судскиот совет ја анализира судската одлука на пајазити за рамадани. Претседателката на советот Весна Дамева за Канал 5 вели дека работат интензивно, а откако извештајот ќе стигне до советот, веднаш ќе биде закажана итна седница.

The post Трајчулески: Началник на МВР и раководител во Чаир го превезле Рамадани во Косово appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-povika-obvinitelstvoto-da-gi-proveri-tvrdenata-na-sdsm-za-begstvoto-na-ramadani/ Fri, 23 Aug 2024 12:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=809473

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции. Тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага.

Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште денес да влезе, го повикувам јавниот обвинител кој е избран од СДС и ДУИ веднаш да влезе и да констатира фактичка состојба, а јас ви тврдам дека тоа што го изнесе пратеникот на СДСМ е ноторна лага - изјави Мицкоски по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Мицкоски го охрабри и раководството на МВР да поднесе тужба за клевета.

Мораме на ваков начин да се заштитиме од ваквите лаги и конструкции. Чудно е што се конструираат вакви монструозни работи и практично тоа нас ни дава одговор со какви луѓе сме имале работа овие седум години кога тие сега од опозиција ова го конструираат. Практично, тие така и владееле, така функционирале - рече Мицкоски.

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески денеска на прес-конференција соопшти дека имаат докази од „свиркачи“ дека Рамадани ја напуштил државава и заминал во Косово на 10 август со Наим Рамука, началник на северната граница со Косово, а на 14 август, кога и избегал од земјава, бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука. И во двата случаја границата на Блаце ја поминале по лентата за товарен сообраќај без никаква контрола.

Трајчулески побара од Основсното јавно обвинителство (ОЈО) итна истрага на случајот, да се декласифицираат снимките од камерите на ГП Блаце за да може и целата јавност да увиди дека е вистина тоа што го тврдат, како и неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаат информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули годинава на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани му беше преиначена во „куќен притвор“ и со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи тој е недостапен за органите на прогонот.

The post Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции. Тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага.
Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште денес да влезе, го повикувам јавниот обвинител кој е избран од СДС и ДУИ веднаш да влезе и да констатира фактичка состојба, а јас ви тврдам дека тоа што го изнесе пратеникот на СДСМ е ноторна лага - изјави Мицкоски по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.
Мицкоски го охрабри и раководството на МВР да поднесе тужба за клевета.
Мораме на ваков начин да се заштитиме од ваквите лаги и конструкции. Чудно е што се конструираат вакви монструозни работи и практично тоа нас ни дава одговор со какви луѓе сме имале работа овие седум години кога тие сега од опозиција ова го конструираат. Практично, тие така и владееле, така функционирале - рече Мицкоски.
Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески денеска на прес-конференција соопшти дека имаат докази од „свиркачи“ дека Рамадани ја напуштил државава и заминал во Косово на 10 август со Наим Рамука, началник на северната граница со Косово, а на 14 август, кога и избегал од земјава, бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука. И во двата случаја границата на Блаце ја поминале по лентата за товарен сообраќај без никаква контрола. Трајчулески побара од Основсното јавно обвинителство (ОЈО) итна истрага на случајот, да се декласифицираат снимките од камерите на ГП Блаце за да може и целата јавност да увиди дека е вистина тоа што го тврдат, како и неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаат информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани. Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули годинава на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани му беше преиначена во „куќен притвор“ и со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи тој е недостапен за органите на прогонот.

The post Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд ја врати на повторно одлучување екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrhovniot-sud-ja-vrati-na-povtorno-odluchuvane-ekstraditsijata-na-poraneshniot-vojnik-na-ovk-blerim-ramadani/ Thu, 22 Aug 2024 14:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=809150

Врховниот суд донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија како сомничен за воени злосторства на Косово, со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. Решението на Кривичниот суд што го донеле тројца судии беше дека нема основа за екстрадиција на Рамадани, кој и онака избега од куќниот притвор што му го додели судијата Пајазит Пајазити од истиот суд.

Пајазити го пуштил да избега бараниот со потерница Блерим Рамадани, но други тројца судии згрешиле со екстрадицијата. Куќниот притвор е еден пропуст, екстрадицијата е друг пропуст од истиот суд.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон. Ваквото постапување и донесување на одлука на првостепениот суд по оценка на Врховниот суд на Република Македонија е нејасно и неразбирливо, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука“, соопшти Врховниот суд.

При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има предвид наведените укажувања, како и одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот Дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, па врз основа на истите со правилна примена на одредбите да донесе правилна и законита одлука, бара Врховниот суд.

The post Врховниот суд ја врати на повторно одлучување екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија како сомничен за воени злосторства на Косово, со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. Решението на Кривичниот суд што го донеле тројца судии беше дека нема основа за екстрадиција на Рамадани, кој и онака избега од куќниот притвор што му го додели судијата Пајазит Пајазити од истиот суд. Пајазити го пуштил да избега бараниот со потерница Блерим Рамадани, но други тројца судии згрешиле со екстрадицијата. Куќниот притвор е еден пропуст, екстрадицијата е друг пропуст од истиот суд.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон. Ваквото постапување и донесување на одлука на првостепениот суд по оценка на Врховниот суд на Република Македонија е нејасно и неразбирливо, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука“, соопшти Врховниот суд.
При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има предвид наведените укажувања, како и одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот Дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, па врз основа на истите со правилна примена на одредбите да донесе правилна и законита одлука, бара Врховниот суд.

The post Врховниот суд ја врати на повторно одлучување екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани appeared first on Република.

]]>
Јаревски: Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jarevski-dali-ali-ahmeti-lichno-stoi-zad-begstvoto-na-blerim-ramadani/ Wed, 21 Aug 2024 09:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=808593

Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото, прашува Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?

Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје.

Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди.

За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир?

Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот?

СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ?

Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен, заклучи на крајот Јаревски.

The post Јаревски: Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани? appeared first on Република.

]]>

Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото, прашува Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес? Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје. Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди. За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот? СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ? Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен, заклучи на крајот Јаревски.

The post Јаревски: Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани? appeared first on Република.

]]>
Kривичниот суд одговорноста за бегството на терористот од УЧК ја префрла на МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krvichniot-sud-odgovornosta-za-begstvoto-na-teroristot-od-uchk-ja-prefrla-na-mvr/ Mon, 19 Aug 2024 12:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=807960

Основниот кривичен суд - Скопје преку соопштение изнесе пет факти во врска со екстрадиционата постапка на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, каде одговорноста за неговото бегство од куќен притвор ја насочува кон Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица.

Од Судот велат дека со решение на судија на претходна постапка Рамадани бил 15 дена во активен притвор, нагласувајќи дека тоа е максималното време кое некое лице го поминало во екстрадиционен притвор.

При донесување на решението за куќен притвор, појаснуваат од Основиот кривичен суд, судијата ја имал предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно „на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети Законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд, согласно Законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица“.

Заради тоа, додаваат, одговорноста (системска или индивидуална) за бегството треба да се бара кај органот кој го врши надзорот.

– Ниту МВР ниту, политичките партии, а ниту пак експертите не ја коментираат одлуката на судот за определување куќен притвор иако истото беше објавено од одредени медиуми, веројатно поради функционалноста на истата како и бројните пресуди против државата токму заради „злоупотреба“ на притворот. На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на судот, наведуваат од Судот.

Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка, велат од Кривичен, со оглед дека на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани. Сепак обврска на државата, додаваат, е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса.

– Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 – та година, лицето не било екстрадирано во Р.Србија, бидејќи истиот бил Косовски државјанин и делото за кое се терети било сторено во Р.Косово, па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Р.Косово, одлука која била потврдена од Врховниот суд на РСМ, велат од Кривичен.

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август

The post Kривичниот суд одговорноста за бегството на терористот од УЧК ја префрла на МВР appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд - Скопје преку соопштение изнесе пет факти во врска со екстрадиционата постапка на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, каде одговорноста за неговото бегство од куќен притвор ја насочува кон Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица. Од Судот велат дека со решение на судија на претходна постапка Рамадани бил 15 дена во активен притвор, нагласувајќи дека тоа е максималното време кое некое лице го поминало во екстрадиционен притвор.
При донесување на решението за куќен притвор, појаснуваат од Основиот кривичен суд, судијата ја имал предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно „на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети Законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд, согласно Законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица“.
Заради тоа, додаваат, одговорноста (системска или индивидуална) за бегството треба да се бара кај органот кој го врши надзорот.
– Ниту МВР ниту, политичките партии, а ниту пак експертите не ја коментираат одлуката на судот за определување куќен притвор иако истото беше објавено од одредени медиуми, веројатно поради функционалноста на истата како и бројните пресуди против државата токму заради „злоупотреба“ на притворот. На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на судот, наведуваат од Судот.
Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка, велат од Кривичен, со оглед дека на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани. Сепак обврска на државата, додаваат, е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса.
– Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 – та година, лицето не било екстрадирано во Р.Србија, бидејќи истиот бил Косовски државјанин и делото за кое се терети било сторено во Р.Косово, па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Р.Косово, одлука која била потврдена од Врховниот суд на РСМ, велат од Кривичен.
Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август

The post Kривичниот суд одговорноста за бегството на терористот од УЧК ја префрла на МВР appeared first on Република.

]]>
„Влен“: ДУИ преку Ислам Абази со Блерим Рамадани се обиде да предизвикува тензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlen-dui-preku-islam-abazi-so-blerim-ramadani-se-obide-da-predizvikuva-tenzii/ Sat, 17 Aug 2024 13:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=807502

Јавноста треба да ја знае вистината за случајот Блерим Рамадани. ДУИ се обиде преку свои инсталации во судството да предизвика влошување на односите со Косово кои требаше да резултираат со тензии во Македонија.

За среќа, Блерим Рамадани навреме го прочитал ова нивно сценарио. Главниот оперативец за жртвувањето на Блерим Рамадани беше Ислам Абази од Зајаз, кој дејствувал по налог на Али Ахмети и Блерим Беџети. Постојат три судски акти кои потврдуваат дека ДУИ работел прво да нема одредување мерка куќен притвор, па потоа истиот да се укине и Блерим Рамадани прво да се врати во истражниот затвор, а после да се екстрадира во Србија.

Планот на ДУИ беше ова да го искористи за потпалувачка реторика за да создаде револт кај Албанците и да го обвини ВРЕДИ.

Јасно е дека за ова криминализирано раководство на ДУИ веќе нема ништо свето. Ниту каузата на УЧК, ниту ликот и делото на загинатите и живи борци, ниту Охридскиот договор. За да се обидат да се спасат од правосудна одговорност и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот подготвени се на се’! Дури и да го жртвуваат Блерим Рамадани за да предизвикаат тензии.

The post „Влен“: ДУИ преку Ислам Абази со Блерим Рамадани се обиде да предизвикува тензии appeared first on Република.

]]>

Јавноста треба да ја знае вистината за случајот Блерим Рамадани. ДУИ се обиде преку свои инсталации во судството да предизвика влошување на односите со Косово кои требаше да резултираат со тензии во Македонија. За среќа, Блерим Рамадани навреме го прочитал ова нивно сценарио. Главниот оперативец за жртвувањето на Блерим Рамадани беше Ислам Абази од Зајаз, кој дејствувал по налог на Али Ахмети и Блерим Беџети. Постојат три судски акти кои потврдуваат дека ДУИ работел прво да нема одредување мерка куќен притвор, па потоа истиот да се укине и Блерим Рамадани прво да се врати во истражниот затвор, а после да се екстрадира во Србија. Планот на ДУИ беше ова да го искористи за потпалувачка реторика за да создаде револт кај Албанците и да го обвини ВРЕДИ. Јасно е дека за ова криминализирано раководство на ДУИ веќе нема ништо свето. Ниту каузата на УЧК, ниту ликот и делото на загинатите и живи борци, ниту Охридскиот договор. За да се обидат да се спасат од правосудна одговорност и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот подготвени се на се’! Дури и да го жртвуваат Блерим Рамадани за да предизвикаат тензии.

The post „Влен“: ДУИ преку Ислам Абази со Блерим Рамадани се обиде да предизвикува тензии appeared first on Република.

]]>
Специјална комисија ќе го испитува случајот со бегалецот Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spetsijalna-komisija-ke-go-ispituva-sluchajot-so-begaletsot-ramadani/ Sat, 17 Aug 2024 06:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=807385

Судскиот совет вчера на итна седница донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека прашањето, кое сериозно треба да се разгледа во овој случај е зошто е одлучено Рамадани да биде во домашен притвор и додаде дека токму поради ваквите случувања во правосудството довербата во него е мошне мала. Опозициската СДСМ, пак, одговорноста ја бара кај МВР и министерот Панче Тошковски и смета дека тие „несмасно спинуваат дека судот е крив“.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера на почетокот на 495-та седница, изјави дека формално за ништо од овој случај не е известена, но дека Судскиот совет има должност да реагира по допрен глас.

Сметам за потребно како прв човек на Судскиот совет дека треба да се формира комисија и час поскоро да се констатира фактичката состојба по однос на ова и пред јавноста да излеземе со конкретни податоци. Има нешто, се случувало. Виновен е Судот, не е виновен и да не прејудицираме. Реакцијата на Судскиот совет во овој момент согласно неговата надлежност е таа, да ја испита состојбата, изјави Дамева.

Комисијата е во состав од координаторот на Основниот кривичен суд Скопје, судијата Александар Камбовски, заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели и членот на Судскиот совет Павлина Црвенковска.

Министерот за правда Игор Филков, пак, смета дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој мерката „притвор“ за Рамадани ја преиначил во „домашен притвор“, е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса. Тој смета и дека Судскиот совет требал веднаш да го отвори прашањето за случајот со Рамадани.

Очекував да бидат разгледани сите докази, аргументи и факти за одлуката на судијата Пајазит Пајазити. И секако, доколку бидат утврдени какви било неправилности и недоследности во постапката и процедурата или пак бидат утврдени влијанија при носење на судската одлука, истиот да биде санкциониран и разрешен од функцијата. Го повикувам Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало и ова прашање со цел  во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации, изјави Филков за Канал 5.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-se-obiduva-da-go-odbrani-ova-e-sudijata-pajaziti-koj-go-stavi-teroristot-od-uchk-vo-domashen-pritvor/

Премиерот Мицкоски вчера истакна дека случајот со Блерим Рамадани е уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива два проценти доверба кај граѓаните и како што рече, се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава.

Во однос на тоа дали има информации каде се наоѓа Рамадани, Мицкоски вели дека „не е прашањето каде е тој, туку зошто е одлучено да биде во домашен притвор“ и дека тоа е „ прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува“.

Прашан дали стапил во контакт со српските власти за Рамадани, како што побарале Мицкоски повика да не се дозволи „нашите соседи да покажуваат мускули кај нас“, порачувајќи дека „пред никого не поднесува објаснувања“.

Така што, ве молам да не дозволиме, повторно апелирам нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку, јас пред никого не поднесувам објаснувања, можеби еден ден пред еден којшто никој не го гледа, истакна Мицкоски.

Опозициската СДСМ преку соопштение истакна дека Рамадани е на Косово и за тоа смета дека е одговорен министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница?, истакна СДСМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shtom-vo-vrhovniot-sud-ima-korumpirani-sudii-mozhete-da-zamislite-shto-se-sluchuva-vo-poniskite-sudovi-reche-mitskoski/

ВМРО-ДПМНЕ, пак преку соопштение нагласи дека е јасно дека Рамадани е пуштен во домашен притвор, од каде избега од истите судии „кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ“.

Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на судиите? Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството? Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ, нагласи владејачката партија.

Од ДУИ, пак, со оценка дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по налог на српската влада, а беше уапсен во Скопје.

Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност, се наведува во соопштението на ДУИ.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 9 август Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучи да не го екстрадира Рамадани, со тоа што му беше наложено да остане во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на Врховниот суд.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-duri-popladnevo-go-dobi-predmetot-za-ekstraditsija-na-blerim-ramadani/

Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.

The post Специјална комисија ќе го испитува случајот со бегалецот Рамадани appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет вчера на итна седница донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека прашањето, кое сериозно треба да се разгледа во овој случај е зошто е одлучено Рамадани да биде во домашен притвор и додаде дека токму поради ваквите случувања во правосудството довербата во него е мошне мала. Опозициската СДСМ, пак, одговорноста ја бара кај МВР и министерот Панче Тошковски и смета дека тие „несмасно спинуваат дека судот е крив“. Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера на почетокот на 495-та седница, изјави дека формално за ништо од овој случај не е известена, но дека Судскиот совет има должност да реагира по допрен глас.
Сметам за потребно како прв човек на Судскиот совет дека треба да се формира комисија и час поскоро да се констатира фактичката состојба по однос на ова и пред јавноста да излеземе со конкретни податоци. Има нешто, се случувало. Виновен е Судот, не е виновен и да не прејудицираме. Реакцијата на Судскиот совет во овој момент согласно неговата надлежност е таа, да ја испита состојбата, изјави Дамева.
Комисијата е во состав од координаторот на Основниот кривичен суд Скопје, судијата Александар Камбовски, заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели и членот на Судскиот совет Павлина Црвенковска. Министерот за правда Игор Филков, пак, смета дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој мерката „притвор“ за Рамадани ја преиначил во „домашен притвор“, е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса. Тој смета и дека Судскиот совет требал веднаш да го отвори прашањето за случајот со Рамадани.
Очекував да бидат разгледани сите докази, аргументи и факти за одлуката на судијата Пајазит Пајазити. И секако, доколку бидат утврдени какви било неправилности и недоследности во постапката и процедурата или пак бидат утврдени влијанија при носење на судската одлука, истиот да биде санкциониран и разрешен од функцијата. Го повикувам Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало и ова прашање со цел  во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации, изјави Филков за Канал 5.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-se-obiduva-da-go-odbrani-ova-e-sudijata-pajaziti-koj-go-stavi-teroristot-od-uchk-vo-domashen-pritvor/ Премиерот Мицкоски вчера истакна дека случајот со Блерим Рамадани е уште една потврда дека правосудниот суд не за бадијала ужива два проценти доверба кај граѓаните и како што рече, се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава.   Во однос на тоа дали има информации каде се наоѓа Рамадани, Мицкоски вели дека „не е прашањето каде е тој, туку зошто е одлучено да биде во домашен притвор“ и дека тоа е „ прашање кое што треба многу сериозно да се разгледува“. Прашан дали стапил во контакт со српските власти за Рамадани, како што побарале Мицкоски повика да не се дозволи „нашите соседи да покажуваат мускули кај нас“, порачувајќи дека „пред никого не поднесува објаснувања“.
Така што, ве молам да не дозволиме, повторно апелирам нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку, јас пред никого не поднесувам објаснувања, можеби еден ден пред еден којшто никој не го гледа, истакна Мицкоски.
Опозициската СДСМ преку соопштение истакна дека Рамадани е на Косово и за тоа смета дека е одговорен министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница?, истакна СДСМ.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/shtom-vo-vrhovniot-sud-ima-korumpirani-sudii-mozhete-da-zamislite-shto-se-sluchuva-vo-poniskite-sudovi-reche-mitskoski/ ВМРО-ДПМНЕ, пак преку соопштение нагласи дека е јасно дека Рамадани е пуштен во домашен притвор, од каде избега од истите судии „кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ“.
Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на судиите? Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството? Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ, нагласи владејачката партија.
Од ДУИ, пак, со оценка дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по налог на српската влада, а беше уапсен во Скопје.
Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност, се наведува во соопштението на ДУИ.
Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 9 август Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучи да не го екстрадира Рамадани, со тоа што му беше наложено да остане во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на Врховниот суд. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-duri-popladnevo-go-dobi-predmetot-za-ekstraditsija-na-blerim-ramadani/ Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.

The post Специјална комисија ќе го испитува случајот со бегалецот Рамадани appeared first on Република.

]]>
Судски Совет ќе го истражува случајот со Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudski-sovet-ke-go-istrazhuva-sluchajot-so-ramadani/ Fri, 16 Aug 2024 15:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=807297

Судски совет ќе ги испитува одлуките на судијата што одреди куќен притвор за бегалецот Блерим Рамадани. Формираше комисија од тројца членови со задача да направи увид во решенијата на судијата Пајазит Пајазити од Кривичниот суд за куќниот притвор и одбивањето на екстрадицијата. Од прибраните информации ќе зависат следните чекори на Судски.

Да се констатира фактичката состојба по однос на ова и пред јавноста да излеземе со конкретни податоци. Има нешто, се случувало, виновен е судот, не е виновен и да не прејудицирам, реакцијата на Судскиот совет во овој момент согласно неговата надлежност е таа. Да ја испита состојбата. По констатирање на состојбата, се задолжува комисијата да изготви извештај кој ќе го достави до советот и понатаму по истиот ќе расправа и одлучува - изјави Весна Дамева, Претседател на Судски совет.

Во советот сметаат дека проверките за постапувањето на судијата Пајазити ќе покажат дали имало пропусти во одлуката за укинување на притворот за Рамадани. Велат, надзорот бил неопходен бидејќи за целиот случај Кривичниот суд молчел.

Во услови кога нема официјален одговор од канцеларијата за односи со јавност на органот кој ги донел овие одлуки и тоа како Судскиот совет е должен да изврши надзор, увид во постапувањето, однесувањето и одлучувањето и да излезе со еден официјален став - изјави Ивица Николовски, Член на Судски совет.

Поранешниот припадник на ОВК е се уште недостапен за македонските институции. По барање на судот, МВР распиша потерница со која го бара во државата, но во меѓувреме, се појавија слики според кои тој е веќе на Косово. Во објавата му посакуваат добредојде, како што пишуваат во неговиот роден град.

The post Судски Совет ќе го истражува случајот со Рамадани appeared first on Република.

Филков: Одлуката на судијата Пајазити за Блерим Рамадани не е во согласност со досегашната пракса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filkov-odlukata-na-sudijata-pajaziti-za-blerim-ramadani-ne-e-vo-soglasnost-so-dosegashnata-praksa/ Fri, 16 Aug 2024 15:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=807294

Министерот за правда Игор Филков во изјава за ТВ Канал 5 за случајот со Блерим Рамадани рече дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса.

Последниот случај со поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, е еден од низата, во кој јасно се отсликува актуелната состојба во судството. Одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса.

Истакна дека затоа и довербата на граѓаните во судството, правосудството и обвинителството е на рекордно ниско ниво.

-Оваа судска одлука е уште еден доказ дека се потребни неодложни реформски процеси во судството и правосудството и градење на еден систем во кој ќе има еднаква правда за сите. Во тој систем мора да доминираат вистински професионалци, а не партиски послушници.

Тој е изненаден што на денешната седница на Судскиот совет не се отвори и прашањето за случајот со Блерим Рамадани.

Очекував да бидат разгледани сите докази, аргументи и факти за одлуката на судијата Пајазит Пајазити. И секако, доколку бидат утврдени какви било неправилности и недоследности во постапката и процедурата или пак бидат утврдени влијанија при носење на судската одлука, истиот да биде санкциониран и разрешен од функцијата. Го повикувам Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало и ова прашање со цел во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации, рече Филков.

Судскиот совет денеска на итна седница донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка. Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на почетокот на денешната итна 495-та седница, изјави дека формално за ништо од овие случаи не е известена, но дека Судскиот совет има должност да реагира по допрен глас.

The post Филков: Одлуката на судијата Пајазити за Блерим Рамадани не е во согласност со досегашната пракса appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков во изјава за ТВ Канал 5 за случајот со Блерим Рамадани рече дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса. Последниот случај со поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, е еден од низата, во кој јасно се отсликува актуелната состојба во судството. Одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса. Истакна дека затоа и довербата на граѓаните во судството, правосудството и обвинителството е на рекордно ниско ниво. -Оваа судска одлука е уште еден доказ дека се потребни неодложни реформски процеси во судството и правосудството и градење на еден систем во кој ќе има еднаква правда за сите. Во тој систем мора да доминираат вистински професионалци, а не партиски послушници. Тој е изненаден што на денешната седница на Судскиот совет не се отвори и прашањето за случајот со Блерим Рамадани. Очекував да бидат разгледани сите докази, аргументи и факти за одлуката на судијата Пајазит Пајазити. И секако, доколку бидат утврдени какви било неправилности и недоследности во постапката и процедурата или пак бидат утврдени влијанија при носење на судската одлука, истиот да биде санкциониран и разрешен од функцијата. Го повикувам Судскиот совет да одржи вонредна седница на која би се разгледало и ова прашање со цел во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации, рече Филков. Судскиот совет денеска на итна седница донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на Блерим Рамадани кој избега од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка. Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на почетокот на денешната итна 495-та седница, изјави дека формално за ништо од овие случаи не е известена, но дека Судскиот совет има должност да реагира по допрен глас.

The post Филков: Одлуката на судијата Пајазити за Блерим Рамадани не е во согласност со досегашната пракса appeared first on Република.

]]>
Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-duri-popladnevo-go-dobi-predmetot-za-ekstraditsija-na-blerim-ramadani/ Fri, 16 Aug 2024 14:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=807282

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани.

Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од Врховен суд.

The post Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  appeared first on Република.

]]>

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани. Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од Врховен суд.

The post Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  appeared first on Република.

]]>
ДУИ задоволни што терористот на УЧК не заминал кај Вучиќ во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-zadovolni-shto-teroristot-na-uchk-ne-zaminal-kaj-vuchik-vo-srbija/ Fri, 16 Aug 2024 11:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=807180

Демократската унија за интеграција оценува дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по налог на српската влада, а беше уапсен во Скопје.

Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-ja-kodoshi-vlasta-kaj-bugarite/

Мицковски вчера потврди дека Меџити и Таравари не отвориле ни уста во владата за Блерим Рамадани велејќи дека не слушнал дека се пофалиле јавно за неговото „ослободување“.

Недостигот на легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги загрозува поранешните војници на ОВК, а Албанците ги остава сираци и понижени само заради хизмечарските фотелји.

Понижувањето на Албанците е алармантно и скандалозно.

ВазаЛЕН-ите нѐ срамат и пред Косово и Албанија, со дипломатскиот скандал со претседателкста Османи и апсењето на Блерим Рамадани, сето тоа со директни наредби од Вучиќ и Србија.

The post ДУИ задоволни што терористот на УЧК не заминал кај Вучиќ во Србија appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција оценува дека пропаднал планот на Вучиќ и моноетничката влада за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, кој е прогонуван по налог на српската влада, а беше уапсен во Скопје. Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност. https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-ja-kodoshi-vlasta-kaj-bugarite/ Мицковски вчера потврди дека Меџити и Таравари не отвориле ни уста во владата за Блерим Рамадани велејќи дека не слушнал дека се пофалиле јавно за неговото „ослободување“. Недостигот на легитимитет и кредибилитет на слугите во власта ги загрозува поранешните војници на ОВК, а Албанците ги остава сираци и понижени само заради хизмечарските фотелји. Понижувањето на Албанците е алармантно и скандалозно.
ВазаЛЕН-ите нѐ срамат и пред Косово и Албанија, со дипломатскиот скандал со претседателкста Османи и апсењето на Блерим Рамадани, сето тоа со директни наредби од Вучиќ и Србија.

The post ДУИ задоволни што терористот на УЧК не заминал кај Вучиќ во Србија appeared first on Република.

]]>
СДСМ се обидува да го одбрани: Oва е судијата Пајазити, кој го стави терористот од УЧК во домашен притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-se-obiduva-da-go-odbrani-ova-e-sudijata-pajaziti-koj-go-stavi-teroristot-od-uchk-vo-domashen-pritvor/ Fri, 16 Aug 2024 08:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=807084

СДСМ вчера излеле со едно соопштение во кое се обиде вината за бегството на поранешниот припадник на УЧК Блерим Рамадани да ја префрли на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

За партијата чијшто министер им додели пасоши на сите балкански и белостветски криминалци, Тошковски бил виновен што избегал поранешниот припадник на терористичката ОВК за чии пак домашен притвор одлучува Кривичниот суд и еден познат лик од коалицијата СДСМ-ДУИ.

Судијата кој одлучи Рамадани наместо во екстрадициски притвор да оди кај роднини се вика Пајазит Пајазити.

Кој е Пајазит Пајазити

Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири.Во врса со Рамадани, Пајазити решава да му го укине притворот на први август. Го испраќа во куќен притвор кај роднина во Чаир. Рамадани е спроведен од полицијата. Ова решение, Пајазити го носи без разлика на фактот што околноста поради која му е одреден притвор е непроменета – а тоа е дека се бара по потерница.

The post СДСМ се обидува да го одбрани: Oва е судијата Пајазити, кој го стави терористот од УЧК во домашен притвор appeared first on Република.

]]>

СДСМ вчера излеле со едно соопштение во кое се обиде вината за бегството на поранешниот припадник на УЧК Блерим Рамадани да ја префрли на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. За партијата чијшто министер им додели пасоши на сите балкански и белостветски криминалци, Тошковски бил виновен што избегал поранешниот припадник на терористичката ОВК за чии пак домашен притвор одлучува Кривичниот суд и еден познат лик од коалицијата СДСМ-ДУИ. Судијата кој одлучи Рамадани наместо во екстрадициски притвор да оди кај роднини се вика Пајазит Пајазити.

Кој е Пајазит Пајазити

Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири.Во врса со Рамадани, Пајазити решава да му го укине притворот на први август. Го испраќа во куќен притвор кај роднина во Чаир. Рамадани е спроведен од полицијата. Ова решение, Пајазити го носи без разлика на фактот што околноста поради која му е одреден притвор е непроменета – а тоа е дека се бара по потерница.  

The post СДСМ се обидува да го одбрани: Oва е судијата Пајазити, кој го стави терористот од УЧК во домашен притвор appeared first on Република.

]]>
Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pandov-za-izbeganite-zatvorenitsi-ne-stanuva-zbor-za-klasichno-begstvo-tuku-za-zloupotreba-na-pogodnosti/ Thu, 15 Aug 2024 11:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=806864

Во врска со избеганите затвореници од затворите низ државава, директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов, информираше дека не станува збор за класично бегство од затвор преку префрлување на ѕид, жица или копање тунел, туку, станува збор за 111 затвореници на кои што им биле дадени погодности, биле пуштени на викенд но не се вратиле.

– Да ги расчистиме термините.

Бегство, јас барем претходно што сум подразбирал, е префрлување преку ѕидини, жица, копање на тунел, овие 111 се луѓе на кои што им биле дадени погодности, биле на викенд, требале да се вратат до 19 часот вечерта во недела, не се вратени и тоа е веќе бегство.

Не е класично бегство, рече тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по отворањето на реновирнаото „петто“ крило во Затворот „Идризово“.

Дополни дека пред две недели имале обид за бегство со буквално префрлување преку ограда, при што затвореникот бил фатен, соборен и вратен во затвор.

-Такви бегства се многу ретки во Македонија, но самиот термин бегство се користи и за оние кои што после погодностите кои што им се дадени, не се вратени на време, или, воопшто не се вратени.

Морам да потенцирам дека овие бројки што се појавуваат сега, ете вчера имаме за затворот во Струмица, каде што има 23 бегства, меѓутоа не биле евидентирани, не биле кажани во јавност.

Со доаѓање на новиот директор на првото пребројување, тој констатира дека толку луѓе недостасуваат, односно, од тие, 18 се во бегство од 2020 година, неколку од нив во 2024 година, појасни Пандов.

Пандов информираше дека некои од избеганите затвореници се вратени, некои не. На прашањето за бегството на Блерим Рамадани од куќниот притвор, Пандов одговори дека нема таква информација.

 – Тоа во Министерството за внатрешни работи треба да видите. Кај нас е затворено или притворено лице.

Тоа се луѓе или се осомничени и се сместени во притворски одделенија или имаат полноправна пресуда и се упатени на одлежувње на затворска казна. Таквите лица се под МВР, рече тој.

The post Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности appeared first on Република.

]]>

Во врска со избеганите затвореници од затворите низ државава, директорот на управата за извршување на санкции, Александар Пандов, информираше дека не станува збор за класично бегство од затвор преку префрлување на ѕид, жица или копање тунел, туку, станува збор за 111 затвореници на кои што им биле дадени погодности, биле пуштени на викенд но не се вратиле.
 
– Да ги расчистиме термините.
  Бегство, јас барем претходно што сум подразбирал, е префрлување преку ѕидини, жица, копање на тунел, овие 111 се луѓе на кои што им биле дадени погодности, биле на викенд, требале да се вратат до 19 часот вечерта во недела, не се вратени и тоа е веќе бегство. Не е класично бегство, рече тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по отворањето на реновирнаото „петто“ крило во Затворот „Идризово“.   Дополни дека пред две недели имале обид за бегство со буквално префрлување преку ограда, при што затвореникот бил фатен, соборен и вратен во затвор. -Такви бегства се многу ретки во Македонија, но самиот термин бегство се користи и за оние кои што после погодностите кои што им се дадени, не се вратени на време, или, воопшто не се вратени.   Морам да потенцирам дека овие бројки што се појавуваат сега, ете вчера имаме за затворот во Струмица, каде што има 23 бегства, меѓутоа не биле евидентирани, не биле кажани во јавност. Со доаѓање на новиот директор на првото пребројување, тој констатира дека толку луѓе недостасуваат, односно, од тие, 18 се во бегство од 2020 година, неколку од нив во 2024 година, појасни Пандов. Пандов информираше дека некои од избеганите затвореници се вратени, некои не. На прашањето за бегството на Блерим Рамадани од куќниот притвор, Пандов одговори дека нема таква информација.
 – Тоа во Министерството за внатрешни работи треба да видите. Кај нас е затворено или притворено лице.
Тоа се луѓе или се осомничени и се сместени во притворски одделенија или имаат полноправна пресуда и се упатени на одлежувње на затворска казна. Таквите лица се под МВР, рече тој.

The post Пандов за избеганите затвореници: Не станува збор за класично бегство, туку за злоупотреба на погодности appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Вистинското прашање е зошто судот одлучил да го стави Блерим Рамадани во куќен притвор? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vistinskoto-prashane-e-zoshto-sudot-odluchil-da-go-stavi-blerim-ramadani-vo-kuken-pritvor/ Thu, 15 Aug 2024 10:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=806812

Од СДСМ денеска реагираа на веста дека поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава. Според нив, Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата министер за внатрешни работи, бидејќи „откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-pripadnik-na-ovk-blerim-ramadani-izbegal-od-kuken-pritvor/

Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка? Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот. Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во Див Запад и нема никаква одговорност. Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата, велат од СДСМ.

Министерот Тошковски, пак, смета дека  вистинското прашање треба да биде - Зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор?

СДСМ уште еднаш покажа дека наместо да се фокусира на вистинските проблеми и да понуди конструктивни критики, избира да обвинува само за да обвини.
Во случајот со бегството на Блерим Рамадани, вистинското прашање треба да биде зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор. Познавам писмени правници и во СДСМ кои ја разбираат поделбата на власта и знаат дека МВР и судот се различни институции, но жално е што раководството на СДСМ и нивната ПР служба ги игнорираат овие факти и обвинуваат за да добијат ситни политички поени.
Со ваквите празни обвинувања, СДСМ само признава дека нивната некогашна власт ја оставила државата целосно руинирана. Меѓутоа, да се префрли вината за сѐ на новата влада е манипулација со јавноста.
МВР во овој случај постапи согласно законот и максимално професионално. Лицето беше предадено на судот по барање на Интерпол, што е во согласност со позитивните законски прописи. СДСМ да престане со празни обвинувања, а ние и понатаму ќе бидеме фокусирани на вистински решенија за подобрување на состојбата во државата.
Изборите на 8 мај беа јасна порака од народот – СДСМ доживеа историски најлош резултат. Наместо да ја разберат пораката и да се посветат на вистинските прашања, тие продолжуваат со истите стари тактики. Време е да се соочат со реалноста и да сфатат дека народот не заборава кој ја остави државата во ваква состојба, вели министерот Тошковски.

The post Тошковски: Вистинското прашање е зошто судот одлучил да го стави Блерим Рамадани во куќен притвор? appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ денеска реагираа на веста дека поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава. Според нив, Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата министер за внатрешни работи, бидејќи „откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-pripadnik-na-ovk-blerim-ramadani-izbegal-od-kuken-pritvor/
Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка? Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот. Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во Див Запад и нема никаква одговорност. Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата, велат од СДСМ.
Министерот Тошковски, пак, смета дека  вистинското прашање треба да биде - Зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор?
СДСМ уште еднаш покажа дека наместо да се фокусира на вистинските проблеми и да понуди конструктивни критики, избира да обвинува само за да обвини. Во случајот со бегството на Блерим Рамадани, вистинското прашање треба да биде зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор. Познавам писмени правници и во СДСМ кои ја разбираат поделбата на власта и знаат дека МВР и судот се различни институции, но жално е што раководството на СДСМ и нивната ПР служба ги игнорираат овие факти и обвинуваат за да добијат ситни политички поени. Со ваквите празни обвинувања, СДСМ само признава дека нивната некогашна власт ја оставила државата целосно руинирана. Меѓутоа, да се префрли вината за сѐ на новата влада е манипулација со јавноста. МВР во овој случај постапи согласно законот и максимално професионално. Лицето беше предадено на судот по барање на Интерпол, што е во согласност со позитивните законски прописи. СДСМ да престане со празни обвинувања, а ние и понатаму ќе бидеме фокусирани на вистински решенија за подобрување на состојбата во државата. Изборите на 8 мај беа јасна порака од народот – СДСМ доживеа историски најлош резултат. Наместо да ја разберат пораката и да се посветат на вистинските прашања, тие продолжуваат со истите стари тактики. Време е да се соочат со реалноста и да сфатат дека народот не заборава кој ја остави државата во ваква состојба, вели министерот Тошковски.

The post Тошковски: Вистинското прашање е зошто судот одлучил да го стави Блерим Рамадани во куќен притвор? appeared first on Република.

]]>
Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-pripadnik-na-ovk-blerim-ramadani-izbegal-od-kuken-pritvor/ Thu, 15 Aug 2024 07:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=806675

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава.

Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР за МИА.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија. Прашањето за неговата екстрадиција беше отворено и при посетата на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Скопје на 31 јули. Свечља рече дека Скопје треба да одлучува самостојно, обвинувајќи ја Србија дека има тенденција да ги расипува односите меѓу државите од Западен Балкан.

Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.

The post Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава. Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР за МИА. Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија. Прашањето за неговата екстрадиција беше отворено и при посетата на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Скопје на 31 јули. Свечља рече дека Скопје треба да одлучува самостојно, обвинувајќи ја Србија дека има тенденција да ги расипува односите меѓу државите од Западен Балкан. Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.

The post Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор appeared first on Република.

]]>
Косовскиот министер бара да не се поврзуваат барањата за екстрадија на осудените за „Монструм“ и албанскиот терорист Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosovskiot-minister-bara-da-ne-se-povrzuvaat-baranata-za-ekstradija-na-osudenite-za-monstrum-i-albanskiot-terorist-ramadani/ Wed, 31 Jul 2024 14:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=802047

Нема да дозволиме криминално барање на трета земја, која нема законска основа ниту по меѓународното право, да го отежнува слободното движење на нашите граѓани, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, кој е во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи во земјава.

Во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше приведен минатата недела на преминот Јажинце, меѓу Косово и Македонија, косовскиот министер за внатрешни вели за случајот веќе се има произнесено македонскиот суд.

Мислам дека за случајот треба да прашате во Министерството за правда, кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме подготвени да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на трета земја која нема ниту законска основа ниту законска основа во меѓународното право да го отежнуваат слободното движење на нашите граѓани, рече Свечла.

Во врска со денешното барање од страна на министерот за правда Игор Филков Косово да ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата осудени на доживотен затвор во случајот познат како „Монструм“, Свечла вели не треба да се поврзуваат овие два случаи.

– Јас мислам дека тоа барање тој го доставил до неговиот колега. Значи, не можеме никако да ги поврземе овие два случаи. Во случај што вие го спомнувате, значи се работи за трета земја. Значи, се работи за земја, која и во регионалната соработка е проблем за подобра соработка меѓу земјите во регионот, а да не зборуваме за пречките, за лошите работи и криминалот што ги прават во однос на Косово, рече Свечла.

Собраните податоци, додаде, биле предадени до Јавното обвинителство на Косово.

– Ги имав сите можни анализи, сите истраги, сега веќе се реализирани. Значи, ние ги имаме сите податоци, собрани се и предадени во ЈО на Косово и очекувам ЈО да поднесе кривична пријава за директен напад врз територијалниот интегритет на Косово, рече Свечла.

На поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје.

The post Косовскиот министер бара да не се поврзуваат барањата за екстрадија на осудените за „Монструм“ и албанскиот терорист Рамадани appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволиме криминално барање на трета земја, која нема законска основа ниту по меѓународното право, да го отежнува слободното движење на нашите граѓани, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, кој е во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи во земјава. Во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше приведен минатата недела на преминот Јажинце, меѓу Косово и Македонија, косовскиот министер за внатрешни вели за случајот веќе се има произнесено македонскиот суд.
Мислам дека за случајот треба да прашате во Министерството за правда, кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме подготвени да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на трета земја која нема ниту законска основа ниту законска основа во меѓународното право да го отежнуваат слободното движење на нашите граѓани, рече Свечла.
Во врска со денешното барање од страна на министерот за правда Игор Филков Косово да ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата осудени на доживотен затвор во случајот познат како „Монструм“, Свечла вели не треба да се поврзуваат овие два случаи.
– Јас мислам дека тоа барање тој го доставил до неговиот колега. Значи, не можеме никако да ги поврземе овие два случаи. Во случај што вие го спомнувате, значи се работи за трета земја. Значи, се работи за земја, која и во регионалната соработка е проблем за подобра соработка меѓу земјите во регионот, а да не зборуваме за пречките, за лошите работи и криминалот што ги прават во однос на Косово, рече Свечла.
Собраните податоци, додаде, биле предадени до Јавното обвинителство на Косово.
– Ги имав сите можни анализи, сите истраги, сега веќе се реализирани. Значи, ние ги имаме сите податоци, собрани се и предадени во ЈО на Косово и очекувам ЈО да поднесе кривична пријава за директен напад врз територијалниот интегритет на Косово, рече Свечла.
На поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје.

The post Косовскиот министер бара да не се поврзуваат барањата за екстрадија на осудените за „Монструм“ и албанскиот терорист Рамадани appeared first on Република.

]]>
Имало активна мерка „апси“: МВР со детали за приведувањето на Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/imalo-aktivna-merka-apsi-mvr-so-detali-za-priveduvaneto-na-ramadani/ Thu, 18 Jul 2024 12:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=798108

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за апсењето на поранешниот припадник и командант на ОВК, Блерим Рамадани. Според полицијата, тој бил приведен на граничниот премин „Јажинце“.

Вчера во 16 часот, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Р. од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

Косовските власти побараа негово ослободување. Од косовското МНР соопштија дека со овој случај се занимава амбасадорот на Косово во Македонија и дека приштинските власти работат на брзо ослободување на Рамадани.

Нашиот амбасадор во Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се залага за постапување по овој случај, а како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани, се вели во реакцијата до косовските медиуми.

The post Имало активна мерка „апси“: МВР со детали за приведувањето на Рамадани appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за апсењето на поранешниот припадник и командант на ОВК, Блерим Рамадани. Според полицијата, тој бил приведен на граничниот премин „Јажинце“. Вчера во 16 часот, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Р. од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија, информираат од МВР. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка. Косовските власти побараа негово ослободување. Од косовското МНР соопштија дека со овој случај се занимава амбасадорот на Косово во Македонија и дека приштинските власти работат на брзо ослободување на Рамадани. Нашиот амбасадор во Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се залага за постапување по овој случај, а како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадани, се вели во реакцијата до косовските медиуми.

The post Имало активна мерка „апси“: МВР со детали за приведувањето на Рамадани appeared first on Република.

]]>