Блед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bled/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 18:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блед Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bled/ 32 32 Рама на Самитот во Блед: Мора да работиме за да оценат дека сме подготвени за влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-na-samitot-vo-bled-mora-da-rabotime-za-da-otsenat-deka-sme-podgotveni-za-vlez-vo-eu/ Mon, 02 Sep 2024 18:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=812469

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, оценил дека новиот план за раст е „на вистинскиот пат и сега земјите мора да ја завршат целата работа за да се сметаат за подготвени за влез во Европската унија“.

- Владимир Путин требаше да нападне земја за да и помогне на ЕУ да разбере дека живее во паралелен свет. Она што го кажа Урсула фон дер Лајен е точно и охрабрува, бидејќи пред една година во Блед таа го вети новиот план за раст, кој веќе е ставен на вистинскиот пат. Се надеваме дека ќе се случат уште повеќе работи, рече Рама, јавија албанските медиуми.

Рама се задржал и на ситуацијата во Украина, притоа истакнувајќи дека Албанија стои на нејзина страна и оти остро ја осудува руската агресија на нејзина територија.

Toj истакнал дека Албанија и понатаму останува непоколеблив сојузник на Западот и на иста линија со земјите од Европската унија, во однос на заштитата на демократските вредности и соочувањето со актуелните предизвици.

- Ние стоиме зад Украина, од многу јасна причина, бидејќи изгледа навистина нереално, дека во наше време, една земја во Европа одлучи да ги промени границите на брутален начин со насилство, земајќи го она што го тврди дека е дел од неа, а тоа за нас е невозможно. Премали сме за да ја промениме судбината на која било битка. Ние сме усогласени со нашите пријатели и партнери, со земји како вас, од ЕУ. За нас е многу јасно дека нема сенка меѓу нас, изјавил Рама. Според медиумите тој заедно со своите колеги од Словенија, Хрватска и Србија, го истакнале значењето на поддршката меѓу сојузниците во случаи на закани.

The post Рама на Самитот во Блед: Мора да работиме за да оценат дека сме подготвени за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, оценил дека новиот план за раст е „на вистинскиот пат и сега земјите мора да ја завршат целата работа за да се сметаат за подготвени за влез во Европската унија“. - Владимир Путин требаше да нападне земја за да и помогне на ЕУ да разбере дека живее во паралелен свет. Она што го кажа Урсула фон дер Лајен е точно и охрабрува, бидејќи пред една година во Блед таа го вети новиот план за раст, кој веќе е ставен на вистинскиот пат. Се надеваме дека ќе се случат уште повеќе работи, рече Рама, јавија албанските медиуми. Рама се задржал и на ситуацијата во Украина, притоа истакнувајќи дека Албанија стои на нејзина страна и оти остро ја осудува руската агресија на нејзина територија. Toj истакнал дека Албанија и понатаму останува непоколеблив сојузник на Западот и на иста линија со земјите од Европската унија, во однос на заштитата на демократските вредности и соочувањето со актуелните предизвици. - Ние стоиме зад Украина, од многу јасна причина, бидејќи изгледа навистина нереално, дека во наше време, една земја во Европа одлучи да ги промени границите на брутален начин со насилство, земајќи го она што го тврди дека е дел од неа, а тоа за нас е невозможно. Премали сме за да ја промениме судбината на која било битка. Ние сме усогласени со нашите пријатели и партнери, со земји како вас, од ЕУ. За нас е многу јасно дека нема сенка меѓу нас, изјавил Рама. Според медиумите тој заедно со своите колеги од Словенија, Хрватска и Србија, го истакнале значењето на поддршката меѓу сојузниците во случаи на закани.

The post Рама на Самитот во Блед: Мора да работиме за да оценат дека сме подготвени за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Тошковски на средба со црногорскиот колега Шарановиќ, како дел од министерска конференција во Словенија во рамки на Брдо процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-na-sredba-so-tsrnogorskiot-kolega-sharanovik-kako-del-od-ministerska-konferentsija-vo-slovenija-vo-ramki-na-brdo-protsesot/ Thu, 21 Mar 2024 18:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=757178

Делегација предводена од техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска и утре во Крањ, Република Словенија, учествува на министерска конференција во рамки на Брдо процесот.

Како што соопшти МВР, на првиот ден министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ на која се разговарало за соработката меѓу двете министерства и можноста за нејзино продлабучување.

- На средбата од страна на министерот Шарановиќ беше потенцирано дека Црна Гора дозволува влез на нејзина територија со лични карти со старото име, а од страна на министерот Тошковски беше побарано да се овозможи влез во државата и со старите образци на патни исправи, доколку истите се со важечки рок, соопшти МВР.

Оваа средба, како што велат од МВР, била искористена и за разгледување на начинот на функционирање во рамки на МАРРИ регионалната иницијатива каде двете држави членуваат, при што било констатирано дека активностите во овој дел мора да се интензивираат.

На крајот од средбата било заклучено дека како две пријателски држави имаме заеднички интерес за соработка и размена на искуства, особено во делот на борбата со организираниот криминал и високата корупција.

The post Тошковски на средба со црногорскиот колега Шарановиќ, како дел од министерска конференција во Словенија во рамки на Брдо процесот appeared first on Република.

]]>

Делегација предводена од техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска и утре во Крањ, Република Словенија, учествува на министерска конференција во рамки на Брдо процесот. Како што соопшти МВР, на првиот ден министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ на која се разговарало за соработката меѓу двете министерства и можноста за нејзино продлабучување. - На средбата од страна на министерот Шарановиќ беше потенцирано дека Црна Гора дозволува влез на нејзина територија со лични карти со старото име, а од страна на министерот Тошковски беше побарано да се овозможи влез во државата и со старите образци на патни исправи, доколку истите се со важечки рок, соопшти МВР. Оваа средба, како што велат од МВР, била искористена и за разгледување на начинот на функционирање во рамки на МАРРИ регионалната иницијатива каде двете држави членуваат, при што било констатирано дека активностите во овој дел мора да се интензивираат. На крајот од средбата било заклучено дека како две пријателски држави имаме заеднички интерес за соработка и размена на искуства, особено во делот на борбата со организираниот криминал и високата корупција.

The post Тошковски на средба со црногорскиот колега Шарановиќ, како дел од министерска конференција во Словенија во рамки на Брдо процесот appeared first on Република.

]]>
Се јавија келнерите од Блед: Баравме Ковачевски побрзо да стане од масата за да си одиме дома https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/se-javija-kelnerite-od-bled-baravme-kovachevski-pobrzo-da-stane-od-masata-za-da-si-odime-doma/ Tue, 29 Aug 2023 19:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=677139

The post Се јавија келнерите од Блед: Баравме Ковачевски побрзо да стане од масата за да си одиме дома appeared first on Република.

]]>

The post Се јавија келнерите од Блед: Баравме Ковачевски побрзо да стане од масата за да си одиме дома appeared first on Република.

]]>
Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izjavite-na-makron-i-sharl-mishel-se-potvrda-deka-nema-nikakvi-garantsii-duri-i-ako-makedonija-gi-napravi-otstapkite/ Tue, 29 Aug 2023 11:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=676905

Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги испопни, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на францускиот претседател Макрон дека ЕУ прво треба да се рефомира, па да прима нови членки со различни брзини.

Во однос на изјавата на Шарл Мишел за проширување на ЕУ во 2030 година, Митева одговори дека од друга страна ја имаме изјавата на Макрон што потврда за немањето на гаранции и дека власта сама на себе прифати обврски кои не може да ги исполни.

Од една страна ја имаме оваа изјава, а од друга страна имаме изјава од Макрон кој вели дека ЕУ прво треба да се реформира па потоа да прима нови членки. Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги исполни, истакна Митева.

The post Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките appeared first on Република.

Рама иронично од Форумот во Блед: Ако Украина напредува кон ЕУ затоа што е во војна, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-ironichno-od-forumot-vo-bled-ako-ukraina-napreduva-kon-eu-zatoa-shto-e-vo-vojna-balkanskite-zemji-lesno-mozhat-da-se-napadnat-megusebe/ Tue, 29 Aug 2023 10:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=676899

Албанскиот премиер Еди Рама ги шокираше сите учесници, вклучително и новинарите, со својот смисол за хумор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија. Зборувајќи за доминантната теза на Форумот дека, поради агресијата од страна на Русија, треба да се забрза евроинтеграцијата на Украина, ако треба и со политичка одлука, Рама рече дека, ако тоа помага, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе!

Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: Кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влеземе во Европската Унија, како Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Македонија без сомнение. Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне сама себе. Ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да нè нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така сите ќе бидеме подготвени да влеземе во ЕУ заедно со Украина – рече Рама.

На овие зборови што ги кажа албанскиот премиер, во салата на словенечкиот форум одекна експлозија од мешани реакции – мешавина од смеа, извици и збунетост.

На тоа Рама продолжи со иронијата:

Мислам дека е подобро да се зборува за нормализација, во секој случај, бидејќи ризикуваме сите во просторијата да бидеме прогласени за ненормални.

The post Рама иронично од Форумот во Блед: Ако Украина напредува кон ЕУ затоа што е во војна, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе! appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама ги шокираше сите учесници, вклучително и новинарите, со својот смисол за хумор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија. Зборувајќи за доминантната теза на Форумот дека, поради агресијата од страна на Русија, треба да се забрза евроинтеграцијата на Украина, ако треба и со политичка одлука, Рама рече дека, ако тоа помага, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе!
Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: Кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влеземе во Европската Унија, како Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Македонија без сомнение. Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне сама себе. Ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да нè нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така сите ќе бидеме подготвени да влеземе во ЕУ заедно со Украина – рече Рама.
На овие зборови што ги кажа албанскиот премиер, во салата на словенечкиот форум одекна експлозија од мешани реакции – мешавина од смеа, извици и збунетост. На тоа Рама продолжи со иронијата:
Мислам дека е подобро да се зборува за нормализација, во секој случај, бидејќи ризикуваме сите во просторијата да бидеме прогласени за ненормални.
 
The post Рама иронично од Форумот во Блед: Ако Украина напредува кон ЕУ затоа што е во војна, Балканските земји лесно можат да се нападнат меѓусебе! appeared first on Република.

]]>
СПМ: Загрижува неспособноста на македонската дипломатија, оттука и јавното бламирање на премиерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-zagrizhuva-nesposobnosta-na-makedonskata-diplomatija-ottuka-i-javnoto-blamirane-na-premierot/ Tue, 29 Aug 2023 09:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=676824

Социјалистичката партија на Македонија реагира на „несериозните и неодговорни изјави“ на Ковачевски искажани на Бледскиот форум. Од таму велат дека наместо да добие дополнителен мотив од соддржината на августовскиот Бледски договор од 1947 година во заштита на македонските национални и државни интереси тој и понатаму се залажува по недобронамерните и недобрососедски изјави и по нереалните рокови за зачленување на Македонија во ЕУ.

Оттаму, изјавата на францускиот претседател за функционирањето на ЕУ и приоритетот на европските реформи пред проширувањето е спротивно на слушнатите ветувања и наивните очекувања. Таа треба да е отрезнувачка за нелегитимната и се повеќе нелегална и авторитарна македонска власт, потенцираат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека надежите и очекувањата кои власта ги има за 2030 година за зачленување во ЕУ се последица на лошите политички анализи и производ на дилетантската надворешно политичка и дипломатска активност.

Загрижувачка е неспособноста на македонската дипломатија со необезбедите информации за француските ставови искажани на годишниот собир на амбасадори.
Меѓу сите досегашни погрешни анализи и проценки со последниов пример се докажува промашеното градење на државната стратегија и позиции, со што се овозможува и јавно бламирање на премиерот, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија уште еднаш ѝ укажува на македонската јавност на „целосното фијаско на евроинтегративниот процес на Македонија за кој единствен виновник е неспособната и апатридна власт на СДС и ДУИ“.

Напоменуваат дека на Македонија ѝ е потребно општествено и државно ресетирање.

Потребно е запирање на процесот на уставни измени како што и е потребна нова реформска политика и нова стратегија за спроведување на евроинтегративниот процес, поставен на реални основи и на вистински пат кој ќе обезбеди упех, сочувување на достоинството на македонскиот народ и заштита на македонските национални и државни интереси, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија смета дека за рекомпонирање на македонските политички состојби единственото излезно решение се брзите вонредни парламентарни избори.
Повеќе воопшто не е важно мислењето на Ковачевски или ставот на Ахмети. После седум годишното дивеење со апсолутна власт на СДС и ДУИ, во овие услови единствено важно е мислењето на македонскиот народ и расположението на огромното мнозинство на македонските граѓани кои бараат вонредни избори за крај на агонијата од крадење, измами и предавства.

The post СПМ: Загрижува неспособноста на македонската дипломатија, оттука и јавното бламирање на премиерот appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија реагира на „несериозните и неодговорни изјави“ на Ковачевски искажани на Бледскиот форум. Од таму велат дека наместо да добие дополнителен мотив од соддржината на августовскиот Бледски договор од 1947 година во заштита на македонските национални и државни интереси тој и понатаму се залажува по недобронамерните и недобрососедски изјави и по нереалните рокови за зачленување на Македонија во ЕУ.
Оттаму, изјавата на францускиот претседател за функционирањето на ЕУ и приоритетот на европските реформи пред проширувањето е спротивно на слушнатите ветувања и наивните очекувања. Таа треба да е отрезнувачка за нелегитимната и се повеќе нелегална и авторитарна македонска власт, потенцираат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека надежите и очекувањата кои власта ги има за 2030 година за зачленување во ЕУ се последица на лошите политички анализи и производ на дилетантската надворешно политичка и дипломатска активност.
Загрижувачка е неспособноста на македонската дипломатија со необезбедите информации за француските ставови искажани на годишниот собир на амбасадори. Меѓу сите досегашни погрешни анализи и проценки со последниов пример се докажува промашеното градење на државната стратегија и позиции, со што се овозможува и јавно бламирање на премиерот, велат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија уште еднаш ѝ укажува на македонската јавност на „целосното фијаско на евроинтегративниот процес на Македонија за кој единствен виновник е неспособната и апатридна власт на СДС и ДУИ“. Напоменуваат дека на Македонија ѝ е потребно општествено и државно ресетирање. Потребно е запирање на процесот на уставни измени како што и е потребна нова реформска политика и нова стратегија за спроведување на евроинтегративниот процес, поставен на реални основи и на вистински пат кој ќе обезбеди упех, сочувување на достоинството на македонскиот народ и заштита на македонските национални и државни интереси, велат од СПМ. Социјалистичката партија на Македонија смета дека за рекомпонирање на македонските политички состојби единственото излезно решение се брзите вонредни парламентарни избори. Повеќе воопшто не е важно мислењето на Ковачевски или ставот на Ахмети. После седум годишното дивеење со апсолутна власт на СДС и ДУИ, во овие услови единствено важно е мислењето на македонскиот народ и расположението на огромното мнозинство на македонските граѓани кои бараат вонредни избори за крај на агонијата од крадење, измами и предавства.

The post СПМ: Загрижува неспособноста на македонската дипломатија, оттука и јавното бламирање на премиерот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски денеска им дал слободен ден на келнерите во Блед https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/kovachevski-deneska-im-dal-sloboden-den-na-kelnerite-vo-bled/ Tue, 29 Aug 2023 07:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=676761

Ковачевски денес им дал слободен ден на келнерите во Блед.

Сега ќе речит некој: е како мојт Таче да им дават одмор?! Зш да не мојт бе? Тој си ги измисли, тој ќе кажит кога требит да одмарет!

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/

The post Ковачевски денеска им дал слободен ден на келнерите во Блед appeared first on Република.

]]>

Ковачевски денес им дал слободен ден на келнерите во Блед. Сега ќе речит некој: е како мојт Таче да им дават одмор?! Зш да не мојт бе? Тој си ги измисли, тој ќе кажит кога требит да одмарет! https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/

The post Ковачевски денеска им дал слободен ден на келнерите во Блед appeared first on Република.

]]>
Рама од Блед: Не верувам дека ќе бидеме во ЕУ во 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-od-bled-ne-veruvam-deka-ke-bideme-vo-eu-vo-2030-godina/ Mon, 28 Aug 2023 19:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=676700

На панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, на тема „Солидарност за глобалната безбедност“, премиерот Еди Рама во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече дека се чувствува „трагично оптимист“, јави албанската генција Балканвеб.

Албанскиот премиер додаде дека не верува оти во 2030 година ќе бидеме во ЕУ и нагласи дека ЕУ треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува.

- Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар и поголем простор за нашите претпријатија, рекол Рама.

Рама, посочува агенцијата, не ги штедеше ниту шегите кога на почетокот на говорот рече: Со овој панел како автобус, трагично сум пооптимист, иако е подобар од руски авион.

The post Рама од Блед: Не верувам дека ќе бидеме во ЕУ во 2030 година appeared first on Република.

]]>

На панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, на тема „Солидарност за глобалната безбедност“, премиерот Еди Рама во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече дека се чувствува „трагично оптимист“, јави албанската генција Балканвеб. Албанскиот премиер додаде дека не верува оти во 2030 година ќе бидеме во ЕУ и нагласи дека ЕУ треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува. - Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар и поголем простор за нашите претпријатија, рекол Рама. Рама, посочува агенцијата, не ги штедеше ниту шегите кога на почетокот на говорот рече: Со овој панел како автобус, трагично сум пооптимист, иако е подобар од руски авион.

The post Рама од Блед: Не верувам дека ќе бидеме во ЕУ во 2030 година appeared first on Република.

]]>
Македонски келнери во Блед ми рекоа „Ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/ Mon, 28 Aug 2023 17:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=676670

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома, а тоа му го порачале студенти кои ги сретнал во Блед додека работеле во кафулињата.

Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома, кажа меѓудругото Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.

The post Македонски келнери во Блед ми рекоа „Ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“ appeared first on Република.

Ковачевски: Денес јасно беше кажано дека реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-denes-jasno-beshe-kazhano-deka-reformskiot-protses-e-ona-od-shto-zavisi-samiot-protses-na-pristapuvane/ Mon, 28 Aug 2023 17:10:43 +0000 https://republika.mk/?p=676667

Денеска се потврди се што како претседател на Владата и како коалиција го зборувавме. Недвосмислени беа пораките од претседатетлот на Европскиот совет Шарл Мишел дека 2030 би можела да биде година на проширување на ЕУ, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски по учеството на Бледскиот стратешки форум.

Денес навистина беше ден кога практично се потврди она што и јас како претседател на Владата, меѓутоа и членовите на Владата го зборуваат дека сега е моментот кога се отворени вратите за влез во ЕУ. Недвосмислени беа пораките и од претседателот на Европскиот совет, господинот Мишел, меѓутоа како што кажавте и самите и од премиерот на Хрватска, претседателот на Словенија во однос на потребата од проширување на ЕУ. Па дури и 2030 година беше определена како година во која што треба да се направат сите напори за да се случи следното проширување, изјави премиерот Ковачевски.

Ковачевски, кој зборуваше на лидерскиот панел заедно со премиерите од другите земји од Западен Балкан, на Блед во изминатите два дена имаше неколку билатерални средби меѓу кои и до Мишел, но и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стујард Пич.

Во однос на самиот процес беше јасно кажано дека критериумите за пристапување се тие кои што практично и се наведени во нашата преговарачка рамка, дека реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување и дека за нас како земја кандидат за членство остануваат оние обврски кои што ги имаме, а ЕУ исто така да ги исполни своите обврски, рече Ковачевски.

Затоа, нагласи тој, и повиците за носење на одлуките во Собранието, односно за давање глас за европските интеграции стануваат се поактуелни во светло на она што денеска го слушнавме во Блед.

Овде се потврди уште една значајна работа, а тоа е дека Cеверна Македонија има големи пријатели во ЕУ, Cеверна Македонија има пријател во САД, и ако ги погледнете пораките и на високиот претставник на САД кој само пред два дена беше во Скопје и овие пораки кои што денеска ги слушнавме и вчера од претседателот на ЕС, се работи за истите пораки кои што практично претставуваат повик за земјите канидати да го направат она што се однесува на нив во делот на пристапувањето кон ЕУ, рече премиерот.

Ковачевски рече дека претседателот на Европскиот совет ја поздравил одлуката уставните измени да се најдат на пленарна седница во Собранието, меѓутоа исто така, како што вели, Мишел оценил и дека лидерството што го прави Владата е она што и е потребно на земјата.

Останува на пратениците во текот на овој процес за којшто има време да се убедат во исправноста на носењето на оваа одлука, да се убедат во исправноста на давањето на гласот за Европа затоа што ние практично после тоа ги отвораме преговорите односно кластерите, рече премиерот.

Скрининг извештаите за првиот кластер, како што посочи, веќе се готови и во моментот „се карбонизираат меѓу вицепремиерот за европски прашања и неговиот тим со Европската комисија“, а следуваат и извештаите за другите кластери.

Откако тој процес ќе заврши, следно е отворањето на кластерите, поглавјата и преговори по однос на истите. Тоа е еден процес во кој што практично ние ќе станеме подобри, процес во кој ќе направиме понатамошно реформирање на нашето закодавство, усогласување со ЕУ, меѓутоа уште поважно реформирање на инстутициите, начинот на имплементација на законите и нивното спроведување и секако тоа ќе значи и поголем економски поттик, ќе значи пристап до повеќе европски фондови и ќе значи зголемување на европскиот потенцијал на државата, смета премиерот.

Тоа е она, како што вели Ковачевски, на кое што практично и почива ЕУ - економски просперитет, социјална правда и владеење на демократијата.

Состојба кон којашто нашето општество се стреми и коешто во последните три декади навистина напредува. Затоа јас уште еднаш ќе повторам дека на Cеверна Македонија во овој момент и треба интеграција, а не и треба изолација, рече Ковачевски во изјавата за МИА по Бледскиот стратешки форум.

Бледскиот стратешки форум годинава се одржува на тема „Солидарност за глобална безбедност“, а едно од барањата е да се помогне на настараданите подрачја од невремето и поплавите во Словенија. Но, и денеска Словенија и Блед се соочуваат со обилни дождови.

Како што јави известувачот на МИА, церемонијата за пречек на делегациите пред почетокот на Бледскиот стратешки форум беше прекината поради невремето во ова туристичко место во Словенија, така што дел од премиерите вклучувајќи го и Ковачевски во зградата каде што се одржува настанот влегоа со чадори и се примени друг план за пречек на делегациите.

The post Ковачевски: Денес јасно беше кажано дека реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување appeared first on Република.

]]>

Денеска се потврди се што како претседател на Владата и како коалиција го зборувавме. Недвосмислени беа пораките од претседатетлот на Европскиот совет Шарл Мишел дека 2030 би можела да биде година на проширување на ЕУ, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски по учеството на Бледскиот стратешки форум.
Денес навистина беше ден кога практично се потврди она што и јас како претседател на Владата, меѓутоа и членовите на Владата го зборуваат дека сега е моментот кога се отворени вратите за влез во ЕУ. Недвосмислени беа пораките и од претседателот на Европскиот совет, господинот Мишел, меѓутоа како што кажавте и самите и од премиерот на Хрватска, претседателот на Словенија во однос на потребата од проширување на ЕУ. Па дури и 2030 година беше определена како година во која што треба да се направат сите напори за да се случи следното проширување, изјави премиерот Ковачевски.
Ковачевски, кој зборуваше на лидерскиот панел заедно со премиерите од другите земји од Западен Балкан, на Блед во изминатите два дена имаше неколку билатерални средби меѓу кои и до Мишел, но и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стујард Пич.
Во однос на самиот процес беше јасно кажано дека критериумите за пристапување се тие кои што практично и се наведени во нашата преговарачка рамка, дека реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување и дека за нас како земја кандидат за членство остануваат оние обврски кои што ги имаме, а ЕУ исто така да ги исполни своите обврски, рече Ковачевски.
Затоа, нагласи тој, и повиците за носење на одлуките во Собранието, односно за давање глас за европските интеграции стануваат се поактуелни во светло на она што денеска го слушнавме во Блед.
Овде се потврди уште една значајна работа, а тоа е дека Cеверна Македонија има големи пријатели во ЕУ, Cеверна Македонија има пријател во САД, и ако ги погледнете пораките и на високиот претставник на САД кој само пред два дена беше во Скопје и овие пораки кои што денеска ги слушнавме и вчера од претседателот на ЕС, се работи за истите пораки кои што практично претставуваат повик за земјите канидати да го направат она што се однесува на нив во делот на пристапувањето кон ЕУ, рече премиерот.
Ковачевски рече дека претседателот на Европскиот совет ја поздравил одлуката уставните измени да се најдат на пленарна седница во Собранието, меѓутоа исто така, како што вели, Мишел оценил и дека лидерството што го прави Владата е она што и е потребно на земјата.
Останува на пратениците во текот на овој процес за којшто има време да се убедат во исправноста на носењето на оваа одлука, да се убедат во исправноста на давањето на гласот за Европа затоа што ние практично после тоа ги отвораме преговорите односно кластерите, рече премиерот.
Скрининг извештаите за првиот кластер, како што посочи, веќе се готови и во моментот „се карбонизираат меѓу вицепремиерот за европски прашања и неговиот тим со Европската комисија“, а следуваат и извештаите за другите кластери.
Откако тој процес ќе заврши, следно е отворањето на кластерите, поглавјата и преговори по однос на истите. Тоа е еден процес во кој што практично ние ќе станеме подобри, процес во кој ќе направиме понатамошно реформирање на нашето закодавство, усогласување со ЕУ, меѓутоа уште поважно реформирање на инстутициите, начинот на имплементација на законите и нивното спроведување и секако тоа ќе значи и поголем економски поттик, ќе значи пристап до повеќе европски фондови и ќе значи зголемување на европскиот потенцијал на државата, смета премиерот.
Тоа е она, како што вели Ковачевски, на кое што практично и почива ЕУ - економски просперитет, социјална правда и владеење на демократијата.
Состојба кон којашто нашето општество се стреми и коешто во последните три декади навистина напредува. Затоа јас уште еднаш ќе повторам дека на Cеверна Македонија во овој момент и треба интеграција, а не и треба изолација, рече Ковачевски во изјавата за МИА по Бледскиот стратешки форум.
Бледскиот стратешки форум годинава се одржува на тема „Солидарност за глобална безбедност“, а едно од барањата е да се помогне на настараданите подрачја од невремето и поплавите во Словенија. Но, и денеска Словенија и Блед се соочуваат со обилни дождови. Како што јави известувачот на МИА, церемонијата за пречек на делегациите пред почетокот на Бледскиот стратешки форум беше прекината поради невремето во ова туристичко место во Словенија, така што дел од премиерите вклучувајќи го и Ковачевски во зградата каде што се одржува настанот влегоа со чадори и се примени друг план за пречек на делегациите.  

The post Ковачевски: Денес јасно беше кажано дека реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување appeared first on Република.

]]>
Ковачевски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-uchestvuva-na-bledskiot-strateshki-forum-vo-slovenija/ Mon, 28 Aug 2023 07:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=676513

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.

Како што јави известувачот на МИА, Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија, Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со специјалните претставнци за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич, како и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Синоќа премиерот имаше билатерална средба со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, на која двајцата соговорници се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповтролива шанса за напредокот и просперитетот на Македонија во рамки на ЕУ.

-Членството на Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот, било посочено, меѓу другото, на средбата.

Претходно Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб.

На средбите во Блед, премиерот е придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои исто така имаат обраќања на некои од панелите Форумот што се одржува денеска и утре.

На вториот ден на Бледскиот стратешки форум вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Маричиќ ќе биде говорник на панелот на тема: Збогум Европа! (?) – Глобален брод или Глобален лидер: Европа во Нова Геополитичка Возраст, на кој негови соговорници ќе бидат Аранча Гонзалез, декан на Париско школо за меѓународни односи, Федерика Могерини, Ректор, Колеџ на Европа, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа, Мирослав Влачовски, Министер за надворешни и европски прашања на Словачка и Тања Фајон, Заменик претседателка и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, со која ќе оствари и билатерална средба.

Маричиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум ќе се сретне и со делегација предводена од државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоранс Бун и со претседателот на СДП Хрватска, Пеџа Грбин.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на вториот ден од Форум на панелот насловен „Западен Балкан: Се се менува, но се останува исто?“.

Меѓународната конференција на Бледскиот стратешки форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа, која се одржува секоја година на езерото Блед, Република Словенија, на која учесниците од различни област разменуваат мислења и генерираат идеи за справување со сегашните и идните глобални предизвици.

The post Ковачевски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“. Како што јави известувачот на МИА, Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија, Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто. Премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со специјалните претставнци за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич, како и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Синоќа премиерот имаше билатерална средба со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, на која двајцата соговорници се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповтролива шанса за напредокот и просперитетот на Македонија во рамки на ЕУ. -Членството на Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот, било посочено, меѓу другото, на средбата. Претходно Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб. На средбите во Блед, премиерот е придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои исто така имаат обраќања на некои од панелите Форумот што се одржува денеска и утре. На вториот ден на Бледскиот стратешки форум вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Маричиќ ќе биде говорник на панелот на тема: Збогум Европа! (?) – Глобален брод или Глобален лидер: Европа во Нова Геополитичка Возраст, на кој негови соговорници ќе бидат Аранча Гонзалез, декан на Париско школо за меѓународни односи, Федерика Могерини, Ректор, Колеџ на Европа, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа, Мирослав Влачовски, Министер за надворешни и европски прашања на Словачка и Тања Фајон, Заменик претседателка и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, со која ќе оствари и билатерална средба. Маричиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум ќе се сретне и со делегација предводена од државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоранс Бун и со претседателот на СДП Хрватска, Пеџа Грбин. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на вториот ден од Форум на панелот насловен „Западен Балкан: Се се менува, но се останува исто?“. Меѓународната конференција на Бледскиот стратешки форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа, која се одржува секоја година на езерото Блед, Република Словенија, на која учесниците од различни област разменуваат мислења и генерираат идеи за справување со сегашните и идните глобални предизвици.

The post Ковачевски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија appeared first on Република.

]]>
Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vremeto-kje-pokaze-deka-e-pravilna-i-strateshka-odlukata-za-start-na-pregovorite-so-eu/ Wed, 31 Aug 2022 07:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=545930

Привилегиран и среќен сум што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“ одржан во рамки на Бледскиот стратешки форум.

Секако, не се согласуваат сите во Македонија или пошироко надвор од Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правилна, стратешка и уште еднаш покажа дека Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност, нагласи Османи.

Тој потсети дека земјата 17 години беше заглавена во „зоната на самракот“ во статус на кандидат за членство, иако јасно покажа дека може да е пример за другите земји, за уникатна мултиетнича демократија и за компромисно решавање на проблемите.

На панелот обраќања имаа и заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, на Црна Гора Ранко Кривокапиќ и на БиХ Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје.

Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер, соопшти МНР.

The post Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Привилегиран и среќен сум што претставувам земја, која конечно преговара со ЕУ и морам да кажам дека кредибилитетот на ЕУ во регионот е зачуван во последен момент, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на панелот „ЕУ и Западниот Балкан: кој е подготвен?“ одржан во рамки на Бледскиот стратешки форум.
Секако, не се согласуваат сите во Македонија или пошироко надвор од Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правилна, стратешка и уште еднаш покажа дека Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност, нагласи Османи.
Тој потсети дека земјата 17 години беше заглавена во „зоната на самракот“ во статус на кандидат за членство, иако јасно покажа дека може да е пример за другите земји, за уникатна мултиетнича демократија и за компромисно решавање на проблемите. На панелот обраќања имаа и заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, министрите за надворешни работи на Косово Доника Гервала Шварц, на Црна Гора Ранко Кривокапиќ и на БиХ Бисера Турковиќ, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмид и Зоран Нечев од Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје. Панелистите дебатираа за иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со европските и евро-атлантските структури, особено во светло на новата геополитичка реалност, актуелните безбедносни ризици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина и нужноста од ефектуирање на проектираната амбиција на ЕУ како глобален актер, соопшти МНР.

The post Османи: Времето ќе покаже дека е правилна и стратешка одлуката за старт на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>