Блаже Миновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blazhe-minovski/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 12:24:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блаже Миновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blazhe-minovski/ 32 32 Државната награда „23 Октомври“ за тимот на трансплантација на црн дроб, проф. д-р Африм Османи, визуениот уметник Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzhavnata-nagrada-23-oktomvri-za-timot-na-transplantatsija-na-tsrn-drob-prof-d-r-afrim-osmani-vizueniot-umetnik-robert-jankulovski-i-pisatelot-blazhe-minovski/ Tue, 17 Oct 2023 12:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=692132

Тимот на трансплантација на црн дроб кој го предводи проф. д-р Зоран Караџов, а во кој се уште и проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и професорот д-р Африм Османи се годинашни добитници на државата награда „23 Октомври“ во областа на на науката и образованието, соопштија од Министерството за култура.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и писателот Блаже Миневски.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Македонија.

The post Државната награда „23 Октомври“ за тимот на трансплантација на црн дроб, проф. д-р Африм Османи, визуениот уметник Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миновски appeared first on Република.

]]>

Тимот на трансплантација на црн дроб кој го предводи проф. д-р Зоран Караџов, а во кој се уште и проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, како и професорот д-р Африм Османи се годинашни добитници на државата награда „23 Октомври“ во областа на на науката и образованието, соопштија од Министерството за култура. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и писателот Блаже Миневски. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Македонија.

The post Државната награда „23 Октомври“ за тимот на трансплантација на црн дроб, проф. д-р Африм Османи, визуениот уметник Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миновски appeared first on Република.

]]>
Власта не финансира роман за Гоце Делчев за да не ги наруши „братските“ односи со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-finasira-roman-za-gotse-delchev-za-da-ne-gi-narushi-bratskite-odnosi-so-bugarija/ Thu, 16 Feb 2023 07:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=609541

Реализирањето на веќе отворената агенда на власта во Македонија за цензурирање на мислата и творењето во сферата на културата го достигна својот врв по објавувањето на резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура. Забревтаната машинерија на културната жандармерија во изминатиот период во повеќе наврати ја демонстрира својата решеност и моќ да се пресмета со своите неистомисленици. Целта на таквото „некултурно однесување“ на „апаратчиците“ на власта е многу едноставна. Таа лежи во нивната нескриена желба да се зададе жесток удар насѐ она што преку културното делување и создавање го потенцира и го издига македонското национално чувство, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот великан, Гоце Делчев, вратата од просторијата во која е постојаната музејска поставка за основоположникот на македонската револуционерна борба остана закатанчена. Таа музејска поставка реално постои преку проектот инициран и реализиран во периодот од 2013 до 2015, но власта поаѓајќи од премисата „подалеку од очи, подалеку од срце“ се обидува да го игнорира нејзиното постоење.

И оваа година реномираниот македонски прозаист Блаже Миневски не ја доби поддршката на Конкурсот од страна на Министерството за култура. Причината е јасна и видлива. Миневски се „дрзнал“ да напише роман за Гоце Делчев и неговата животна љубов Јанка Канавчева, а власта не сака да ги наруши „братските“ односи со нашиот источен сосед. Романот е одбиен за финасирање, иако не е за верување дека некој од Министерството или Комисијата на Конкурсот ја прочитал работната верзија на романот. За да не се бранува мирната вода, каменот не треба да се фрли - размислуваат од Министерството, па затоа, според нив, најдобро е да се попречи патот на романот од Миневски до читателите.

Културната меѓународна манифестација „Рацинови средби“ оваа година одбележува шеесет години од своето постоење. Тоа за власта, а посебно за министерката Бисера Костадиновска Стојчевска ништо не значи, затоа што ѝ ги преполовува средствата за поддршка и ѝ доделува скромни 200 000 денари. Во услови на финансиска криза можеби може да се најде некакво оправдување за ова, но прашање е како таа иста финансиска криза не влијае за подобните невладини организации: ЈАДРО со 900 000 денари, КОНТРАПУНКТ со 1 000 000 денари и ЛОКОМОТИВА 1 000 000 денари, кои за своите проекти без јасен концепт добиваат и по петпати поголеми суми. Очигледно предводниците на Шарената револуција станаа заменска вредност за носечките културолошки столбови на Македонија.

Во контекст на преполовениот буџет на „Рацинови средби“, потсетуваме дека и играната серија „Црвениот поет“ посветена на големиот Рацин неколку години не е јавно прикажана. Иако продуцентската куќа „Сектор филм“ со неприкажувањето на серијата законски не ги оправдува добиените финансиски средства (23 000 000 ден.), таа и понатаму продолжуваува да добива финансии за нови проекти. Агенцијата за филм, треба, доколку серијата не биде емитувана во рок од две години, според потпишаниот договор за финансирање бесплатно да ја понуди серијата на националните телевизии, но тоа досега не е направено, криејќи го филмскиот проект за Рацин од очите на јавноста. Оттогаш поминаа цели шест години, а „Црвениот поет“ ја чека својата премиера собирајќи ја правта во „идеолошкиот бункер“ на актуелната власт.

Овојпат прашање нема да поставиме, затоа што знаеме дека одговорот е реторичен - жестока пресметка со сѐ што е поврзано со македонскиот национален и културен идентитет

The post Власта не финансира роман за Гоце Делчев за да не ги наруши „братските“ односи со Бугарија appeared first on Република.