Блаже Миневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blaze-minevski/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 14:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блаже Миневски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blaze-minevski/ 32 32 „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ што ја доделува ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ako-se-rodat-nekakvi-chuvstva-od-blazhe-minevski-dobitnik-na-nagradata-stale-popov-shto-ja-dodeluva-dpm/ Mon, 16 Sep 2024 14:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=816831

Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на Матица, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2023 година на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) кое денеска ги објави добитниците на традиционалните годишни награди за 2023.

Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски на прес-конференција соопшти дека наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија е доделена на делото „Коњски житија“ од Зоран Анчески во издание на „Арс ламина“. За таа награда одлучуваше жири комисија во состав Елена Пренџова, претседателка на комисијата и членовите Снежана Стојческа и Зоран Јакимовски.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска во издание на „Чудна шума“. Ова дело е напишано според идеја на Симон Трпчевски и Билјана С. Црвенковска, а илустрирано од Оливер Коларески. Одлуката е на тричленото жири: Сузана Мицева, Наум Попески и Стево Симески.

„Птици во аквариум надреалзиам 1924-2024“ од Лидија Капушевска Дракулекса и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“, пак, ја доби наградата „Димитар Митрев“ за 2023 година за најдобра книга, критика и есеистика во избор на жирито во состав: Иван Додовски, претседател, и членовите Соња Стоименовска Елзесер и Елизабета Пандиловска.

Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ.

Гордана Јовиќ Стојкоска, претседателката на жири комисијата за наградата „Стале Попов“ рече дека „Ако се родат некакви чувста“ е роман за Гоце Дечев и неговата сакана Јанка Канчева, но е и многу повеќе од тоа - роман за светот виден одеднаш низ времето и просторите.

-Победничката книга ја добивме со еден глас повеќе од другиот. „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен роман и старографска метафикција разгранета со барем две странични жарновски меандри, документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница дека „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Канчева Минески цели минати и сегашни познати и непознати светови кои го воспоставуават чувството, припаѓањето, повторливоста на несакањето порано, сега и секогаш, овде и каде било на светот. Македонската фикција е искористена за универзална фикција, рече Јовиќ Стојкоска покрај која во жири комисијата членуваа и Оливера Ќорвезироска и Стефан Маркоски.

Употребувајќи првпат објавени сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка и за нивните интимни моменти, посочи претседателката на жирито, Миневски испишал нови страници за стари љубови, нови истории за стари вистини, но и обратно.

ДПМ не ја додели наградата МОСТ која се доделува за најдобро дело напишано на јазик на националностите затоа што, како што образложи Гроздановски, пристигниле само две дела, а за да се изврши избор се потребни три.

Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија задутре во 19 часот во просториите на ДПМ.

The post „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ што ја доделува ДПМ appeared first on Република.

]]>

Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на Матица, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2023 година на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) кое денеска ги објави добитниците на традиционалните годишни награди за 2023. Претседателот на ДПМ Живко Гроздановски на прес-конференција соопшти дека наградата на ДПМ „Ацо Шопов“ за најдобра збирка поезија е доделена на делото „Коњски житија“ од Зоран Анчески во издание на „Арс ламина“. За таа награда одлучуваше жири комисија во состав Елена Пренџова, претседателка на комисијата и членовите Снежана Стојческа и Зоран Јакимовски. Наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана С. Црвенковска во издание на „Чудна шума“. Ова дело е напишано според идеја на Симон Трпчевски и Билјана С. Црвенковска, а илустрирано од Оливер Коларески. Одлуката е на тричленото жири: Сузана Мицева, Наум Попески и Стево Симески. „Птици во аквариум надреалзиам 1924-2024“ од Лидија Капушевска Дракулекса и Влада Урошевиќ, во издание на „Полица“, пак, ја доби наградата „Димитар Митрев“ за 2023 година за најдобра книга, критика и есеистика во избор на жирито во состав: Иван Додовски, претседател, и членовите Соња Стоименовска Елзесер и Елизабета Пандиловска. Од 14 пријавени дела за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело во најтесен круг најтесен круг влегоа „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, романот „Заборав“ на Томислав Османли и збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ. Гордана Јовиќ Стојкоска, претседателката на жири комисијата за наградата „Стале Попов“ рече дека „Ако се родат некакви чувста“ е роман за Гоце Дечев и неговата сакана Јанка Канчева, но е и многу повеќе од тоа - роман за светот виден одеднаш низ времето и просторите. -Победничката книга ја добивме со еден глас повеќе од другиот. „Ако се родат некакви чувства“ е комплексен роман и старографска метафикција разгранета со барем две странични жарновски меандри, документаристика и фељтонистика. Во рамките на најшироката одредница дека „Ако се родат некакви чувства“ е роман за Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Канчева Минески цели минати и сегашни познати и непознати светови кои го воспоставуават чувството, припаѓањето, повторливоста на несакањето порано, сега и секогаш, овде и каде било на светот. Македонската фикција е искористена за универзална фикција, рече Јовиќ Стојкоска покрај која во жири комисијата членуваа и Оливера Ќорвезироска и Стефан Маркоски. Употребувајќи првпат објавени сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка и за нивните интимни моменти, посочи претседателката на жирито, Миневски испишал нови страници за стари љубови, нови истории за стари вистини, но и обратно. ДПМ не ја додели наградата МОСТ која се доделува за најдобро дело напишано на јазик на националностите затоа што, како што образложи Гроздановски, пристигниле само две дела, а за да се изврши избор се потребни три. Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија задутре во 19 часот во просториите на ДПМ.

The post „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ што ја доделува ДПМ appeared first on Република.

]]>
И Блаже Миневски се повлече, остана само Мирче Нешовски кандидат за претседател на ДПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-blazhe-minevski-se-povleche-ostana-samo-mirche-neshovski-kandidat-za-pretsedatel-na-dpm/ Mon, 22 Jan 2024 13:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=735497

Писателот Блаже Миневски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на ДПМ и нема да присуствува на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото.

По повлекувањето на Миневски, останува само кандидатурата за претседател на ДПМ на Мирче Нешовски. Претходно Гоце Ристовски и Живко Грозданоски се повлекоа од трката за прв човек на ДПМ.

Поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста, ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ДПМ и нема да присуствувам на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото, посочи Миневски.

Миневски подвлекува дека во изминатите два месеца, од 25 ноември минатата година не е направено ништо за Вонредното изборно собрание да бидат известени оние 65-мина од 285-те члена на ДПМ, кои немаат електронски адреси и не добиваат ниту покана ниту материјали за учество во работата на Собранието.

Актуелното (не)легитимно раководство не предложи решение ниту за 29-те члена на ДПМ што живеат во странство, кои, ако веќе не можат да гласаат електронски, барем да не влегуваат во списокот за кворум, односно да се евидентираат и да гласаат само доколку физички се присутни на седницата. Не покажа коректен однос дури ни кон членовите со најдолг стаж во ДПМ, меѓу кои и класици на современата македонска книжевност, со тоа што не ги консултира дали се во можност физички да присуствуваат на седниците на Собранието или пак да се изнајде начин како да бидат вклучени во работата на највисокото тело на македонската писателска асоцијација, посочи Миневски.

Исто така, според него, и покрај ветувањето дека ќе се покријат патните трошоци на членови што дојдоа од внатрешноста на Вонредното изборно собрание во ноември, досега таква исплата не е направена.

Тој додава дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.

Можеби единствен начин за излез од катастрофалната состојба е евентуалната можност да се активира Советот на ДПМ (поранешните претседатели) и/или членството да избере привремена управа за надминување на кризата, со цел да се разгледаат сите опции, да се надминат правните проблеми со статусот и Статутот на Друштвото, да се анализираат и утврдат точните списоци на членството и потоа да се организира легитимно Изборно собрание. На крајот, сепак се надевам дека како членство ќе ја понесеме одговорноста и ќе изнајдеме начин македонската писателска асоцијација да излезе од состојбата во која се наоѓа, додава Миневски.

 

The post И Блаже Миневски се повлече, остана само Мирче Нешовски кандидат за претседател на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Писателот Блаже Миневски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на ДПМ и нема да присуствува на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото. По повлекувањето на Миневски, останува само кандидатурата за претседател на ДПМ на Мирче Нешовски. Претходно Гоце Ристовски и Живко Грозданоски се повлекоа од трката за прв човек на ДПМ.
Поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста, ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ДПМ и нема да присуствувам на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото, посочи Миневски.
Миневски подвлекува дека во изминатите два месеца, од 25 ноември минатата година не е направено ништо за Вонредното изборно собрание да бидат известени оние 65-мина од 285-те члена на ДПМ, кои немаат електронски адреси и не добиваат ниту покана ниту материјали за учество во работата на Собранието.
Актуелното (не)легитимно раководство не предложи решение ниту за 29-те члена на ДПМ што живеат во странство, кои, ако веќе не можат да гласаат електронски, барем да не влегуваат во списокот за кворум, односно да се евидентираат и да гласаат само доколку физички се присутни на седницата. Не покажа коректен однос дури ни кон членовите со најдолг стаж во ДПМ, меѓу кои и класици на современата македонска книжевност, со тоа што не ги консултира дали се во можност физички да присуствуваат на седниците на Собранието или пак да се изнајде начин како да бидат вклучени во работата на највисокото тело на македонската писателска асоцијација, посочи Миневски.
Исто така, според него, и покрај ветувањето дека ќе се покријат патните трошоци на членови што дојдоа од внатрешноста на Вонредното изборно собрание во ноември, досега таква исплата не е направена. Тој додава дека Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување. ДПМ, како што вели, мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.
Можеби единствен начин за излез од катастрофалната состојба е евентуалната можност да се активира Советот на ДПМ (поранешните претседатели) и/или членството да избере привремена управа за надминување на кризата, со цел да се разгледаат сите опции, да се надминат правните проблеми со статусот и Статутот на Друштвото, да се анализираат и утврдат точните списоци на членството и потоа да се организира легитимно Изборно собрание. На крајот, сепак се надевам дека како членство ќе ја понесеме одговорноста и ќе изнајдеме начин македонската писателска асоцијација да излезе од состојбата во која се наоѓа, додава Миневски.
 

The post И Блаже Миневски се повлече, остана само Мирче Нешовски кандидат за претседател на ДПМ appeared first on Република.

]]>
Во Офицерски дом во Битола промоцијата на новиот роман на Блаже Миневски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-ofitserski-dom-vo-bitola-promotsijata-na-noviot-roman-na-blazhe-minevski/ Mon, 10 Jul 2023 20:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=659865

Во Офицерскиот дом во Битола, утре, во 12 часот, на 11 јули ќе се одржи промоција на романот „Ако се родат некакви чуства“ од Блаже Миневски.

Миневски за овој роман го доби Рациновото признание за 2023, највисоката награда за проза во Македонија.

„Ако се родат некакви чувства“ е роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче.

Гости на промоцијата, Драган Мијалковски и Петар Мирчевски.

The post Во Офицерски дом во Битола промоцијата на новиот роман на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>

Во Офицерскиот дом во Битола, утре, во 12 часот, на 11 јули ќе се одржи промоција на романот „Ако се родат некакви чуства“ од Блаже Миневски. Миневски за овој роман го доби Рациновото признание за 2023, највисоката награда за проза во Македонија. „Ако се родат некакви чувства“ е роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Гости на промоцијата, Драган Мијалковски и Петар Мирчевски.

The post Во Офицерски дом во Битола промоцијата на новиот роман на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>
Блаже Миневски: Во Македонија Гоце веќе не смее да биде ниту книжевен лик?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/blazhe-minevski-vo-makedonija-gotse-veke-ne-smee-da-bide-nitu-knizheven-lik/ Mon, 13 Feb 2023 10:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=608348

Писателот Блаже Миневски до нашата редакција ја испрати реакцијата по повод одлуката на Министерството за култура во годинашната програма за издаваштво  да не  биде поддржан за објавување мојот роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост.

Во списокот со прифатени книги на конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година го нема мојот роман „Ако се родат некакви чувства“. Македонското министерството за култура, предводено од Бисера Костадиновска – Стојчевска, одби да ја поддржи приказната за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче од политички причини. Во овој момент, пред да се достави официјалното решение за одбивање на романот до издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје, а тоа секако ќе биде „покриено“ со „аргументот“ дека предложеното дело не е од „национален интерес“, јас не гледам друга освен политичка причина за тоа. Прво, затоа што романот не е  прочитан за да биде одбиен од „естетски причини“, и второ, авторот не е анонимен, ги има добиени сите книжевни награди во Македонија, неговите романи и раскази се преведени на дваесеттина странски јазици а тоа според пропозициите на конкурсот за финансиска поддршка на дела од национален интерес е предност а не хендикеп.

Како што се гледа од веќе објавениот список на Министерството, врвни дела од национален интерес се романот за гробот на Тосун-бег, збирката анегдоти од тетовското планинско подрачје, потоа двете книги за албанските носиите во кичевско, книгата за село Чалјане како составен дел на Дрвен,  книгата со наслов “Сребреница, 25 години болка“, дело од национален интерес може да биде и монографија за село Свиларе, книга со наслов „Продавница за чудни миленичиња“, може и цел том истражување за влијанието на  социјалните мрежи во културата на младите, може и книга со наслов „Спекулумот на лудата жена“, може и книга за употребата на  јазиците кај националните телевизии во Македонија и таканатаму, но не може роман за љубовта на  Гоце Делчев и Јанка Каневче! Ќе видиме какво ќе биде официјалното, писмено образложение, но јавноста веќе добро знае што се случи последниве неколку години со македонскиот идентитет а сега и со личноста и делото на Гоце Делчев. Ќе оставиме за тоа да се каже нешто повеќе кога ќе го добиеме решението со „правното“ образложение на одлуката, потпишано од госпоѓата министерка.

Во оваа прилика со моите читатели, но и со пошироката јавност би сакал да споделам неколку факти во врска со процесот на работа на ова мое најново прозно дело. На романот работев, се подготвував и го пишував полни дваесет години. Во тој период истражував во архиви, собирав документи, разговарав со потомци на Јанка Каневче, вереницата или, поточно, љубовницата на Гоце, документарно и авторски ги реконструирав нивните средби, интимните чувства, нивните планови, копнежи и соништа. Во романот како прилог се објавуваат ексклузивни, интимни записи, непознати документи, писма на Јанка до Гоце, факсимили од нејзиниот дневник, досега необјавени фотографии  од потомците на Јанка од бракот со Михаил Герџиков. Притоа романот во основа го поставува прашањето дали може да се биде среќен без чувства? Големата љубовна афера меѓу Гоце и Јанка започнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години, и траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на  Герџиков, ако тој загине, Јанка да се омажи за него, но само „ако се родат некакви чувства“. Гоце знаел дека нема среќа без емоции или, поточно, додека има чувства, има и среќа. Во основа, станува збор за љубовен роман од околу 500 страници, со многу емоции и пресврти, со поетски набој, сo лирски развиена фабулација и постмодернистичка наративна структура.

На крајот, парадоксално но вистинито, искрено сакам да  им се заблагодарам на оние што го одбија романот за одличната реклама. Во изминатите неколку дена веста за одбивањето на романот за Гоце и Јанка се прошири на социјалните мрежи, реагираа поединци и здруженија од земјата и од странство, а според најава од „Матица македонска“ денес ќе биде објавен и повик за претплата и ќе почне кампања за печатење на романот во што поголем тираж. Како што сум информиран од издавачот, книгата ќе стигне до секој што има почит кон Гоце, доверба во мене како автор и во „Матица“ како издавач. Романот ќе излезе од печат во април а ќе биде промовиран на  4 мај, денот кога Гоце пред 120 години беше предаден и убиен во Баница!

The post Блаже Миневски: Во Македонија Гоце веќе не смее да биде ниту книжевен лик?! appeared first on Република.

]]>

Писателот Блаже Миневски до нашата редакција ја испрати реакцијата по повод одлуката на Министерството за култура во годинашната програма за издаваштво  да не  биде поддржан за објавување мојот роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост.
Во списокот со прифатени книги на конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година го нема мојот роман „Ако се родат некакви чувства“. Македонското министерството за култура, предводено од Бисера Костадиновска – Стојчевска, одби да ја поддржи приказната за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче од политички причини. Во овој момент, пред да се достави официјалното решение за одбивање на романот до издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје, а тоа секако ќе биде „покриено“ со „аргументот“ дека предложеното дело не е од „национален интерес“, јас не гледам друга освен политичка причина за тоа. Прво, затоа што романот не е  прочитан за да биде одбиен од „естетски причини“, и второ, авторот не е анонимен, ги има добиени сите книжевни награди во Македонија, неговите романи и раскази се преведени на дваесеттина странски јазици а тоа според пропозициите на конкурсот за финансиска поддршка на дела од национален интерес е предност а не хендикеп. Како што се гледа од веќе објавениот список на Министерството, врвни дела од национален интерес се романот за гробот на Тосун-бег, збирката анегдоти од тетовското планинско подрачје, потоа двете книги за албанските носиите во кичевско, книгата за село Чалјане како составен дел на Дрвен,  книгата со наслов “Сребреница, 25 години болка“, дело од национален интерес може да биде и монографија за село Свиларе, книга со наслов „Продавница за чудни миленичиња“, може и цел том истражување за влијанието на  социјалните мрежи во културата на младите, може и книга со наслов „Спекулумот на лудата жена“, може и книга за употребата на  јазиците кај националните телевизии во Македонија и таканатаму, но не може роман за љубовта на  Гоце Делчев и Јанка Каневче! Ќе видиме какво ќе биде официјалното, писмено образложение, но јавноста веќе добро знае што се случи последниве неколку години со македонскиот идентитет а сега и со личноста и делото на Гоце Делчев. Ќе оставиме за тоа да се каже нешто повеќе кога ќе го добиеме решението со „правното“ образложение на одлуката, потпишано од госпоѓата министерка. Во оваа прилика со моите читатели, но и со пошироката јавност би сакал да споделам неколку факти во врска со процесот на работа на ова мое најново прозно дело. На романот работев, се подготвував и го пишував полни дваесет години. Во тој период истражував во архиви, собирав документи, разговарав со потомци на Јанка Каневче, вереницата или, поточно, љубовницата на Гоце, документарно и авторски ги реконструирав нивните средби, интимните чувства, нивните планови, копнежи и соништа. Во романот како прилог се објавуваат ексклузивни, интимни записи, непознати документи, писма на Јанка до Гоце, факсимили од нејзиниот дневник, досега необјавени фотографии  од потомците на Јанка од бракот со Михаил Герџиков. Притоа романот во основа го поставува прашањето дали може да се биде среќен без чувства? Големата љубовна афера меѓу Гоце и Јанка започнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години, и траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на  Герџиков, ако тој загине, Јанка да се омажи за него, но само „ако се родат некакви чувства“. Гоце знаел дека нема среќа без емоции или, поточно, додека има чувства, има и среќа. Во основа, станува збор за љубовен роман од околу 500 страници, со многу емоции и пресврти, со поетски набој, сo лирски развиена фабулација и постмодернистичка наративна структура. На крајот, парадоксално но вистинито, искрено сакам да  им се заблагодарам на оние што го одбија романот за одличната реклама. Во изминатите неколку дена веста за одбивањето на романот за Гоце и Јанка се прошири на социјалните мрежи, реагираа поединци и здруженија од земјата и од странство, а според најава од „Матица македонска“ денес ќе биде објавен и повик за претплата и ќе почне кампања за печатење на романот во што поголем тираж. Како што сум информиран од издавачот, книгата ќе стигне до секој што има почит кон Гоце, доверба во мене како автор и во „Матица“ како издавач. Романот ќе излезе од печат во април а ќе биде промовиран на  4 мај, денот кога Гоце пред 120 години беше предаден и убиен во Баница!

The post Блаже Миневски: Во Македонија Гоце веќе не смее да биде ниту книжевен лик?! appeared first on Република.

]]>
Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-fantomsko-stapalo-na-minevski-objaven-na-bugarski-jazik/ Sat, 05 Nov 2022 11:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=569866

Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија.

Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев.

Во најавата за изданието меѓу другото е наведено дека се работи за фасцинантна наративна структура што може да се нарече „фантомска реалност“, која се „исчитува“ на повеќе нивоа во приказната, почнувајќи од она што го немаме а мислиме дека го имаме до она што го имаме а всушност го немаме. Притоа, особено фасцинантен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите и на вегетативно-минералниот свет, со кој приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле.

Во препораката на издавачот стои дека станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, а тоа што е раскажано трајно го фиксира она што поминало како никогаш да не поминало.

„Фантомско стапало“ е маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од лексичката свежина, преку мајсторските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната, пишува во најавата за бугарското издание на романот на Блаже Миневски.

The post Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија. Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев. Во најавата за изданието меѓу другото е наведено дека се работи за фасцинантна наративна структура што може да се нарече „фантомска реалност“, која се „исчитува“ на повеќе нивоа во приказната, почнувајќи од она што го немаме а мислиме дека го имаме до она што го имаме а всушност го немаме. Притоа, особено фасцинантен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите и на вегетативно-минералниот свет, со кој приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Во препораката на издавачот стои дека станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, а тоа што е раскажано трајно го фиксира она што поминало како никогаш да не поминало. „Фантомско стапало“ е маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од лексичката свежина, преку мајсторските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната, пишува во најавата за бугарското издание на романот на Блаже Миневски.

The post Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик appeared first on Република.

]]>
„Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fantomsko-stapalo-na-blaze-minevski-objaven-na-ruski-jazik-vo-moskva/ Thu, 04 Aug 2022 08:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=536619

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.

Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски. Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната.

Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков.

Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје,  изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека  „Фантомско стапало“ е  шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици.

Романите на Блаже Миневски, освен на руски, се преведени и на англиски, полски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски и италијански јазик.

The post „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва appeared first on Република.

]]>

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија.
Главниот уредник на реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ Jуриj Фридштеjн, поет и критичар, човек со огромно искуство на полето на книжевноста е воодушевен од романот на Миневски. Во препораката стои дека се работи за фасцинантна наративна структура која се „исчитува“ на повеќе нивоа, а особено автентичен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите, растенијата и птиците, со што приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Како што велат во „Рудомино“ станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од мајсторските слики па сѐ до начинот на кој се води приказната. Романот за реалното отсуство и фиктивното присуство е објавен во тираж од илјада примероци, во специјална едиција, многу квалитетно реализирана, во тврд повез и современ ликовно-графички дизајн. Автор на дизјанот е Петр Бем а на корицата е аплициран фрагмент од слика на македонскиот академски сликар Владимир Темков. Ова е прва посебна книга на Блаже Миневски објавена на руски, иако тој веќе им е познат на руските читатели од објавениот извадок од романот „Нишан“ (2012) и од неколкуте раскази претставени во книгата „Македонски раскази“. Центарот за книга „Рудомино“, кој соработува со огромен број книжарници во Русија, ќе ја обезбеди дистрибуцијата на книгата на големото руско јазично подрачје,  изјави преведувачката Олга Панкина, подвлекувајќи дека  „Фантомско стапало“ е  шести македонски роман што го има преведено во последниве осум години во соработка со Серуската државна библиотека за странска литература, коjа располага со над пет милиони книги, но која и понатаму постојано го пополнува својот книжевниот фонд со дела преведени од други јазици. Романите на Блаже Миневски, освен на руски, се преведени и на англиски, полски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски и италијански јазик.

The post „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски објавен на руски јазик во Москва appeared first on Република.

]]>
Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-fantomsko-stapalo-na-minevski-objaven-na-bugarski-jazik-vo-sofija/ Tue, 26 Jul 2022 11:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=533350

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија.

Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев.

Во најавата за изданието меѓудругото стои дека  се работи за фасцинантна наративна структура што може да се нарече „фантомска реалност“, која се „исчитува“ на повеќе нивоа во приказната, почнувајќи од она што го немаме а мислиме дека го имаме до она што го имаме а всушност го немаме. Притоа, особено фасцинантен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите и на вегетативно-минералниот свет, со кој приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле.

Во препораката на издавачот стои дека станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, а тоа што е раскажано трајно го фиксира она што поминало како никогаш да не поминало.

„Фантомско стапало“ е маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од лексичката свежина, преку мајсторските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната, пишува во најавата за бугарското издание на романот на Блаже Миневски.

The post Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик во Софија appeared first on Република.

]]>

Романот  „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски, чие второ издание беше објавено деновиве во „Матица македонска“ од Скопје, излезе на бугарски јазик во Софија. Бугарскиот превод од македонски јазик за книгоздателството „Изида“ е на Мариjан Петров, а уредник на едицијата е Пламен Тотев. Во најавата за изданието меѓудругото стои дека  се работи за фасцинантна наративна структура што може да се нарече „фантомска реалност“, која се „исчитува“ на повеќе нивоа во приказната, почнувајќи од она што го немаме а мислиме дека го имаме до она што го имаме а всушност го немаме. Притоа, особено фасцинантен е раскажувачкиот слој кој е препуштен на предметите и на вегетативно-минералниот свет, со кој приказната раскажана однатре, од срцето на самото постоење, го фиксира животот таков каков што тој нѐ помни, а ние сме го заборавиле. Во препораката на издавачот стои дека станува збор за оригинална иновација која животот го воспоставува, чува и брани од самото срце на постоењето, а тоа што е раскажано трајно го фиксира она што поминало како никогаш да не поминало. „Фантомско стапало“ е маестрална проза за постоењето надвор од постоењето, почнувајќи од лексичката свежина, преку мајсторските слики, па сѐ до начинот на кој се води приказната, пишува во најавата за бугарското издание на романот на Блаже Миневски.

The post Романот „Фантомско стапало“ на Миневски објавен на бугарски јазик во Софија appeared first on Република.

]]>
Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbrani-dela-vo-pet-toma-na-blaze-minevski/ Wed, 04 May 2022 07:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=497254

По повод шеесетгодишнината од раѓањето на познатиот македонски писател Блаже
Миневски, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат
раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“.

Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други.
Во расказите на Миневски ништо не е како во стварноста иако сè е преземно од неа. Како
своевиден дестилат на вековната усна македонска народна раскажувачка традиција, неговата проза минува низ специфичен хумор, но и низ горчината на животот, движејќи се од реалност кон фикција, од запис преку репортажа и фељтон до омајна проза.
Како и другите книжевни дела, „Нишан“ е повеќеслојна, поетска и оригинална проза, блескав,
интертекстуален роман. Секој што бара потврда за високиот квалитет на современата европска
литература, мора да го прочита овој извонреден роман на Миневски“,пишува Јустина Млецак во својот есеј за полското издание на „Нишан“.
Романот „Свирци“ е исклучителен роман совршено вкотвен во незаштитениот простор меѓу
балканскиот магичен реализам, раскажувачкиот сјај на постмодернизмот и алегорискиот наративен претек, преслик и пресек на „сега и овде“.,пишува Оливера Ќервезироска во поговорот за овој роман.
Романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ е напишан со супериорна, мајсторска
леснотија и стилска сугестивност. Приказната за суровиот свет, Миневски ја раскажува низ една
набабрена, барокна, сатирична нарација од првата до последната страница. Раскажувањето е убедливо и сугестивно, а реалноста е болно објективна, изведена и развиена со една литерарно инвентивна и крајно изострена, веристичка опсервација, со која силно се нагласува апсурдот на егзистенцијата во ова време без добрини, констатира Ефтим Клетников.
Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска
радост како врвно дело на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност,а романот.
„Мрежата на Мамли“ е уште еден бесценет наратив на Блаже Миневски кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, констатира Венко Андоновски.

Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази.
Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и
„Рациново признание“.

The post Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>

По повод шеесетгодишнината од раѓањето на познатиот македонски писател Блаже Миневски, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“. Книгите се проследени со толкувања од Јустина Млецак, Митко Маџунков, Венко Андоновски, Марија Проскурнина, Оливера Ќорвезироска, Ефтим Клетников, Стефан Влахов-Мицов, Марија Ѓорѓиева Димова, Душан Стојковиќ, Јордан Плевнеш и други. Во расказите на Миневски ништо не е како во стварноста иако сè е преземно од неа. Како своевиден дестилат на вековната усна македонска народна раскажувачка традиција, неговата проза минува низ специфичен хумор, но и низ горчината на животот, движејќи се од реалност кон фикција, од запис преку репортажа и фељтон до омајна проза. Како и другите книжевни дела, „Нишан“ е повеќеслојна, поетска и оригинална проза, блескав, интертекстуален роман. Секој што бара потврда за високиот квалитет на современата европска литература, мора да го прочита овој извонреден роман на Миневски“,пишува Јустина Млецак во својот есеј за полското издание на „Нишан“. Романот „Свирци“ е исклучителен роман совршено вкотвен во незаштитениот простор меѓу балканскиот магичен реализам, раскажувачкиот сјај на постмодернизмот и алегорискиот наративен претек, преслик и пресек на „сега и овде“.,пишува Оливера Ќервезироска во поговорот за овој роман. Романот „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ е напишан со супериорна, мајсторска леснотија и стилска сугестивност. Приказната за суровиот свет, Миневски ја раскажува низ една набабрена, барокна, сатирична нарација од првата до последната страница. Раскажувањето е убедливо и сугестивно, а реалноста е болно објективна, изведена и развиена со една литерарно инвентивна и крајно изострена, веристичка опсервација, со која силно се нагласува апсурдот на егзистенцијата во ова време без добрини, констатира Ефтим Клетников. Според Митко Маџунков, „Фантомско стапало“ е роман што се чита со голема возбуда и естетска радост како врвно дело на мајстор за поетски слики, животна убедливост и документарност,а романот. „Мрежата на Мамли“ е уште еден бесценет наратив на Блаже Миневски кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, констатира Венко Андоновски. Блаже Миневски е автор на девет романи, седум драми и три книги раскази. Романите на Миневски се преведени на англиски, руски, ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски и италијански јазик, а со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на наградите „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

The post Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски appeared first on Република.

]]>