блаже конески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blaze-koneski/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 08:26:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блаже конески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blaze-koneski/ 32 32 Пред МАНУ отворен час за Блаже Конески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pred-manu-otvoren-chas-za-blazhe-koneski/ Thu, 07 Dec 2023 08:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=720556

Културно-едукативниот центар „Небрегово“ денеска по повод 30 години од смртта на Блаже Конески организира „Отворен час за бесмртниот Конески“ кај споменикот пред МАНУ.

На настанот ќе учествуваат ученици, студенти, професори и други почитувачи на Блаже Конески.

За ликот и делото на Блаже Конески ќе говорат Весна Мојсова-Чепишевска и Атанас Конески.

The post Пред МАНУ отворен час за Блаже Конески appeared first on Република.

]]>

Културно-едукативниот центар „Небрегово“ денеска по повод 30 години од смртта на Блаже Конески организира „Отворен час за бесмртниот Конески“ кај споменикот пред МАНУ. На настанот ќе учествуваат ученици, студенти, професори и други почитувачи на Блаже Конески. За ликот и делото на Блаже Конески ќе говорат Весна Мојсова-Чепишевска и Атанас Конески.  

The post Пред МАНУ отворен час за Блаже Конески appeared first on Република.

]]>
Се ближи премиера на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-blizhi-premiera-na-prviot-dolgometrazhen-dokumentaren-film-za-blazhe-koneski-janza/ Mon, 17 Apr 2023 16:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=631510

Неделава ќе се одржи премирата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески.

Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Премиерата е закажана на 19 април 2023 година (среда), во градското кино „Милениум“.

Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци.

Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија.

The post Се ближи премиера на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“ appeared first on Република.

]]>

Неделава ќе се одржи премирата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки. Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Премиерата е закажана на 19 април 2023 година (среда), во градското кино „Милениум“. Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци. Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија.

The post Се ближи премиера на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“ appeared first on Република.

]]>
В среда премиера на „Јанѕа“, првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-sreda-premiera-na-janza-prviot-dolgometrazhen-dokumentaren-film-za-blazhe-koneski/ Mon, 17 Apr 2023 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=631355

В среда, на 19 април, во градското кино „Милениум“ ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески.

Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци.

Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија.

The post В среда премиера на „Јанѕа“, првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески appeared first on Република.

]]>

В среда, на 19 април, во градското кино „Милениум“ ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звук е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки. Филмот се остварува сo поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески. Огромното значење на делото на Конески за македонската култура и наука и воопшто за нашата држава се претставува преку кажувањата на повеќе истакнати академици, универзитетски професори и воопшто научници / истражувачи од областа на македонистиката и воопшто од областа на лингвистиката, книжевната наука и културологијата, вклучително и странски македонисти кои важат за познавачи на делото на великанот – негови современици и потомци. Сценаристот и режисер на филмот, познатиот документарист Калајџиски, зад себе има кариера со голем број документарни филмови кои се прикажувани на домашни и меѓународни фестивали. Овој негов најнов филм, посветен на централната личност на македонскиот XX век, се очекува да фрли нова светлина врз ликот и делото на Конески, затоа што не само што во целост го претставува неговиот влог за македонската култура и наука, како и воопшто за современата македонска држава, туку опфаќа и димензии на неговата личност кои не се многу коментирани во досегашните осврнувања за великанот и малку познати сегменти од неговата биографија.

The post В среда премиера на „Јанѕа“, првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Јанѕа“ – документарен филм за ликот и делото на Блаже Конески https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-janza-dokumentaren-film-za-likot-i-deloto-na-blazhe-koneski/ Thu, 13 Apr 2023 09:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=630473

На 19 април во скопското кино „Милениум“ премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“ за ликот и делото на Блаже Конески. Филмот е во режија на Никола Т. Калајџиски, а како продуценти се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

„Јанѕа“ е долгометражен документарен филм за животот и делотo на академик, поет, писател и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески. Филмот е направен според мотиви од Дневник по многу години на Конески.

The post Премиера на „Јанѕа“ – документарен филм за ликот и делото на Блаже Конески appeared first on Република.

]]>

На 19 април во скопското кино „Милениум“ премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“ за ликот и делото на Блаже Конески. Филмот е во режија на Никола Т. Калајџиски, а како продуценти се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки. „Јанѕа“ е долгометражен документарен филм за животот и делотo на академик, поет, писател и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески. Филмот е направен според мотиви од Дневник по многу години на Конески.  

The post Премиера на „Јанѕа“ – документарен филм за ликот и делото на Блаже Конески appeared first on Република.

]]>
Заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zavrshi-rekonstruktsijata-na-osnovnoto-uchilishte-blazhe-koneski-vo-aerodrom/ Mon, 30 Jan 2023 14:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=602690

Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Проект, кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овoj проект по инацијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.

Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа. Реализираме проекти кои за дечињата значат многу. Сега родителите веќе не треба да водат грижа, затоа што дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. Откако беше обновена фасадата на училиштето и извршена оваа реконструкција, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да започне и доградба на училишната зграда. Со тоа, ќе го зголемиме капацитетот на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, истакна градоначалникот при посетата на основното училиште.

Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.

Со овој проект уште еднаш покажавме дека инвестициите во објекти наменети за децата се исклучително важни. Сите механизми на општината се ставени на на располагање за дечињата да спортуваат и рекреираат во модерни објекти каде има соодветни услови за нивен раст и развој. Новиот начин на управување, одговорното и транспарентното работење и пренамената на непродуктивните трошоци кон проекти за нашата иднина се уште еден доказ за нашата намера да го направиме Аеродром поубава општина за сите генерации, велат од општината.

The post Заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром appeared first on Република.

Конески е нулта точка на речиси сè што сега значи Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koneski-e-nulta-tochka-na-rechisi-se-shto-sega-znachi-makedonija/ Wed, 07 Dec 2022 12:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=582920

Анамарија Цинеге - Панзова,учесничка на школите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) објави текст посветен на Блаже Конески, кој почина пред 29 години, на 7 декември.

Во текстот има важни согледби и размисли поттикнати од лекцијата „Необичната обичност на великиот Конески“ од второто, дополнето и изменето издание на учебникот по македонска литература и култура за странци „Везилка“ од Весна Мојсова-Чепишевска.

Во продолжение следи текстот на Анамарија Цинеге-Панзова.

Блаже Конески е личност во македонската култура во која се среќава сѐ што било пред него и од која поаѓа сѐ што следува по него. Во таква смисла, тој е нулта точка не само на македонската литература, туку и на македонската наука за јазикот и на историјата, па и на современата македонска самосвест и македонската култура воопшто.

Неверојатно е како оваа личност, млад јунак на своето време пред и за време на светска војна, обмислено, потполно свесно и систематично го собира во себе сето она знаење со кое ќе ги постави темелите, односно ќе изгради основа за кодифицирано самоизразување на самостојна, нова нација. Но, не нова во смисла да ја „измисли“ како што велат злонамерните, туку нација која според неговите надежи во догледно време конечно ќе дојде до можност за себеизразување и до изразување на својата посебност, по толку столетија и децении потиснатост и потрага по своето, по својот пат за искажување на својот автентичен израз во сите погледи на модерниот живот. Ама со зачувување на својата традиција, бидејќи како што се вели, самоформирањето на една нација не доаѓа од небо, ниту може да дојде од еден човек, туку се прави постепено, низ векови, минувајќи препреки, но кога еднаш е започнато, тогаш веќе е незапирливо.

Блаже Конески имал среќа што се родил во времето, односно на работ на конечното слободно изразување на националната самосвест, и откако го сфатил тоа, и разбирајќи ја и можноста што ја нудат тогашните историски околности, храбро и свесно застанал на чело на заокружувањето на таквиот процес, и поставувањето на темелите на сѐ она што следува по таа точка. Со своето огромно дело, чијшто обем за денешно време веќе е незамисливо да се создаде од еден единствен човек (иако и самиот имал помош од своите соработници и од тогашните студенти-ентузијасти, како и од колегите истомисленици од други области, чиј придонес исто така не треба да се заборави во градењето на тогашната нова држава и положување на основите на современата македонска култура) станува нулта точка на речиси сѐ што сега значи Македонија. Треба да го почитуваме неговото дело и делото на неговите современици кои учествувале во тој огромен потфат, кој впрочем, во тоа време се одвивал и во други држави – градењето на еден нов свет, всушност модерниот свет во кој и ден денес живееме.

Колку и некои да сакаат тркалото на времето да се сврти наназад, тоа нема да се случи. Враќање во оној свет и она време пред овој денешен и сегашен свет и пред денешното време, не е можно. Сите стоиме стаписани пред таквиот ретрограден, деструктивен обид на некои за враќање на времето и негирање на сѐ она што модерното време ни го носи како придонес, напредок и развој. Но, тоа нема да се случи. Конески е нулта точка на речиси сето она што значи Македонија!

Текстот е напишан во текот на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

The post Конески е нулта точка на речиси сè што сега значи Македонија appeared first on Република.

]]>

Анамарија Цинеге - Панзова,учесничка на школите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) објави текст посветен на Блаже Конески, кој почина пред 29 години, на 7 декември. Во текстот има важни согледби и размисли поттикнати од лекцијата „Необичната обичност на великиот Конески“ од второто, дополнето и изменето издание на учебникот по македонска литература и култура за странци „Везилка“ од Весна Мојсова-Чепишевска. Во продолжение следи текстот на Анамарија Цинеге-Панзова. Блаже Конески е личност во македонската култура во која се среќава сѐ што било пред него и од која поаѓа сѐ што следува по него. Во таква смисла, тој е нулта точка не само на македонската литература, туку и на македонската наука за јазикот и на историјата, па и на современата македонска самосвест и македонската култура воопшто. Неверојатно е како оваа личност, млад јунак на своето време пред и за време на светска војна, обмислено, потполно свесно и систематично го собира во себе сето она знаење со кое ќе ги постави темелите, односно ќе изгради основа за кодифицирано самоизразување на самостојна, нова нација. Но, не нова во смисла да ја „измисли“ како што велат злонамерните, туку нација која според неговите надежи во догледно време конечно ќе дојде до можност за себеизразување и до изразување на својата посебност, по толку столетија и децении потиснатост и потрага по своето, по својот пат за искажување на својот автентичен израз во сите погледи на модерниот живот. Ама со зачувување на својата традиција, бидејќи како што се вели, самоформирањето на една нација не доаѓа од небо, ниту може да дојде од еден човек, туку се прави постепено, низ векови, минувајќи препреки, но кога еднаш е започнато, тогаш веќе е незапирливо. Блаже Конески имал среќа што се родил во времето, односно на работ на конечното слободно изразување на националната самосвест, и откако го сфатил тоа, и разбирајќи ја и можноста што ја нудат тогашните историски околности, храбро и свесно застанал на чело на заокружувањето на таквиот процес, и поставувањето на темелите на сѐ она што следува по таа точка. Со своето огромно дело, чијшто обем за денешно време веќе е незамисливо да се создаде од еден единствен човек (иако и самиот имал помош од своите соработници и од тогашните студенти-ентузијасти, како и од колегите истомисленици од други области, чиј придонес исто така не треба да се заборави во градењето на тогашната нова држава и положување на основите на современата македонска култура) станува нулта точка на речиси сѐ што сега значи Македонија. Треба да го почитуваме неговото дело и делото на неговите современици кои учествувале во тој огромен потфат, кој впрочем, во тоа време се одвивал и во други држави – градењето на еден нов свет, всушност модерниот свет во кој и ден денес живееме. Колку и некои да сакаат тркалото на времето да се сврти наназад, тоа нема да се случи. Враќање во оној свет и она време пред овој денешен и сегашен свет и пред денешното време, не е можно. Сите стоиме стаписани пред таквиот ретрограден, деструктивен обид на некои за враќање на времето и негирање на сѐ она што модерното време ни го носи како придонес, напредок и развој. Но, тоа нема да се случи. Конески е нулта точка на речиси сето она што значи Македонија! Текстот е напишан во текот на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје  

The post Конески е нулта точка на речиси сè што сега значи Македонија appeared first on Република.

]]>
За „Поетските пораки за Конески“ наградени 20 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-poetskite-poraki-za-koneski-nagradeni-20-uchenici/ Wed, 07 Sep 2022 14:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=548399

Во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ денеска го промовираше зборникот песни насловен „Поетски пораки за Конески“.

Во зборникот се 174 првпат објавени песни на ученици од основните, од средните училишта во земјава, од студенти и од професори. Конкурсот беше отворен лани по повод 100-годишнината од раѓањето на таткото на современиот македонски јазик, поетот, научникот, писателот, професорот Блаже Конески.

Фондацијата на 20 ученици чии песни се во Зборникот им додели награди со што ја промовираше и нововостановената награда која ќе стане традиционална. Наградени се: Благојче Ристески и Марија Сервини од Битола, Христијан Арсов, Елена Кузмановска и Матеја Николова од Велес, Елена Јандреоска и Ивана Богеска од Прилеп, Валерија Андоноска од Ропотово, Билјана Митреска, Ива Каимовска, Ведрана Петрова, Ана Петаноска и Анастасија Златковска од Скопје, Немања Јорданов од Стајковци, Рахмина Куртовска од Скудриње, Трајче Баисколиев од Колешино, Александра Манушева од Муртино, Исмаил Шасивари од Тетово и Ана Витанова Рингачева од Штип.

Секретарот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, професорот Атанас Конески,  во своето обраќање нагласи дека со младите поети се создава соѕвездие кое ѝ е потребно на големата ѕвезда на Конески.

-Колку повеќе се оддалечува со своето физичко присуство, толку повеќе Блаже Конески  ни се приближува со својата духовна големина, како „златоврв“ над Небрегово со своето епохално дело. Ова е потврда дека Конески е ѕвезда што не згаснува, но нему му треба соѕвездие. Дел од ѕвездите на тоа соѕвездие се наградените ученици, нагласи Атанас Конески.

Рецензенти на зборникот се писателката Јагода Михајловска-Ѓеорѓиевска и публицистот Мишо Китаноски.

На свечената промоција на зборникот „Поетски пораки за Конески“ присуствуваа членовите на управниот одбор на Фондацијата, од Прилепскиот завод и музеј, наградените ученици и нивните ментори.

Конкурсот за најдобри творби за Конески станува традиционален и ќе се промовира, а наградите ќе се доделуваат на 7 септември, во пресрет на Денот на независноста. Веќе од утре, 8 септември, па до 19 декември годинава ќе трае новиот конкурс за поетски творби под наслов „Зборот на Конески“. ќе се промовираат догодина на 7 септември во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово.

Творбите може да се испраќаат на електронската адреса: zborotnakoneski@gmail.com

The post За „Поетските пораки за Конески“ наградени 20 ученици appeared first on Република.

]]>

Во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ денеска го промовираше зборникот песни насловен „Поетски пораки за Конески“. Во зборникот се 174 првпат објавени песни на ученици од основните, од средните училишта во земјава, од студенти и од професори. Конкурсот беше отворен лани по повод 100-годишнината од раѓањето на таткото на современиот македонски јазик, поетот, научникот, писателот, професорот Блаже Конески. Фондацијата на 20 ученици чии песни се во Зборникот им додели награди со што ја промовираше и нововостановената награда која ќе стане традиционална. Наградени се: Благојче Ристески и Марија Сервини од Битола, Христијан Арсов, Елена Кузмановска и Матеја Николова од Велес, Елена Јандреоска и Ивана Богеска од Прилеп, Валерија Андоноска од Ропотово, Билјана Митреска, Ива Каимовска, Ведрана Петрова, Ана Петаноска и Анастасија Златковска од Скопје, Немања Јорданов од Стајковци, Рахмина Куртовска од Скудриње, Трајче Баисколиев од Колешино, Александра Манушева од Муртино, Исмаил Шасивари од Тетово и Ана Витанова Рингачева од Штип. Секретарот на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, професорот Атанас Конески,  во своето обраќање нагласи дека со младите поети се создава соѕвездие кое ѝ е потребно на големата ѕвезда на Конески.
-Колку повеќе се оддалечува со своето физичко присуство, толку повеќе Блаже Конески  ни се приближува со својата духовна големина, како „златоврв“ над Небрегово со своето епохално дело. Ова е потврда дека Конески е ѕвезда што не згаснува, но нему му треба соѕвездие. Дел од ѕвездите на тоа соѕвездие се наградените ученици, нагласи Атанас Конески.
Рецензенти на зборникот се писателката Јагода Михајловска-Ѓеорѓиевска и публицистот Мишо Китаноски. На свечената промоција на зборникот „Поетски пораки за Конески“ присуствуваа членовите на управниот одбор на Фондацијата, од Прилепскиот завод и музеј, наградените ученици и нивните ментори. Конкурсот за најдобри творби за Конески станува традиционален и ќе се промовира, а наградите ќе се доделуваат на 7 септември, во пресрет на Денот на независноста. Веќе од утре, 8 септември, па до 19 декември годинава ќе трае новиот конкурс за поетски творби под наслов „Зборот на Конески“. ќе се промовираат догодина на 7 септември во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово. Творбите може да се испраќаат на електронската адреса: zborotnakoneski@gmail.com

The post За „Поетските пораки за Конески“ наградени 20 ученици appeared first on Република.

]]>
Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prv-golem-nauchen-sobir-posveten-na-iljoski-stefanovski-i-gramatikata-od-koneski-po-povod-znachajnite-jubilei/ Sat, 03 Sep 2022 13:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=547093

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи.

„Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја.

„’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет.

Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески.

На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ.

По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати.

Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература.

Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.

The post Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи appeared first on Република.

]]>

Осумдесетина македонисти, слависти и балканисти од над 20 институции од земјата и од странство ќе учествуваат на 49. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто утре и задутре ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најголемиот дел од нив ќе ги изложат резултатите од своите истражувања на носечките теми на Конференцијата – творештвото на Васил Иљоски и творештвото на Горан Стефановски, по повод јубилеите – 120 години од раѓањето на Иљоски и 70 години од раѓањето на Стефановски, како и „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески, по повод 70 години од нејзиното објавување. Впрочем, годинешното издание на традиционалната конференција на МСМЈЛК при УКИМ е и прв голем научен собир на којшто годинава акцент се става на творештвото на Иљоски и Стефановски, како и на граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи.
„Поаѓајќи од речиси полувековната традиција на оваа конференција, во рамките на нашата мисија како Семинар, ние имаме и обврска да поттикнуваме на истражувања и научни потфати на македонските и странските истражувачи, коишто ќе фрлат нова светлина врз клучните остварувања за македонскиот јазик, литература и култура, притоа отворајќи нови теми и презентирајќи нови научни согледби и заклучоци. Драго ни е што годинава, следејќи ја традицијата одделно внимание да се посветува на остварувањата поврзани со значајни јубилеи, по долг период од речиси две децении, вниманието на книжевната наука повторно ќе го свртиме и кон опусот на Васил Иљоски. Со трудовите коишто ќе бидат презентирани ќе се случат нови исчитувања и вреднувања на творештвото на Иљоски, а за првпат ќе бидат презентирани и некои негови досега непознати остварувања. Но, исто толку е важно и што за првпат по заокружувањето на опусот на Горан Стефановски, на научна конференција ќе се случи ново научно осврнување на неговиот опус, при што покрај новите исчитувања на неговите драмски текстови и нивното вреднување како пресвртен чин во историјата на македонската драма ќе се говори за Стефановски и како културен деец и придвижник, имајќи ги предвид и неговите есеистички текстови, но и неговата мисла и ерудиција заведочена во неговиот јавен настап.“ – истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Овие јубилеи, меѓу другото, беа во фокусот и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ којашто заврши вчера, но како што напоменува Мојсова-Чепишевска, преку Меѓународната научна конференција, МСМЈЛК при УКИМ ќе оствари влог и во испишувањето на новите страници на македонската книжевна историја.
„’Граматиката на македонскиот литературен јазик’ од Блаже Конески е дело-темелник, не само за нашата лингвистика, туку и за нашиот идентитет. Затоа, иако минатата година, по повод 100 години од неговото раѓање, Конференцијата во целост му беше посветена на Конески, важно е што и годинава му посветуваме одделно внимание, во рамките на лингвистичката секција. Конески е нулта точка на нашата култура и ние сме должни во рамките на научната актива да му посветуваме внимание не само поводно, туку суштински, темелито, со постојани навраќања... Затоа, драго ни е што преку оваа, 49. Меѓународна научна конференција, уште еднаш ќе се потврди дека е така, имајќи ги предвид новите научни трудови на колегите-лингвисти, коишто ќе бидат презентирани.“ – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.
Инаку, на Конференцијата ќе бидат опфатени и традициналните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“, коишто како што нагласува Мојсова-Чепишевска, овозможуваат низ научна диоптрија да се коментираат спецификите и посебноста на македонскиот јазичен, литературен и севкупно културен идентитет. Свеченото отворање на Конференцијата ќе се одржи утре, при што ќе биде промовиран и зборникот од минагодоишното издание на Конференција, во којшто на речиси 650 страници се објавени научни трудови од близу 50 научници и истражувачи – за делото на Блаже Конески и за македонскиот јазик, литература и култура. Впрочем, овој зборник е еден од најобемните посветени на Конески, објавени изминатиов период. Промотори на Зборникот ќе бидат минатогодишните координатори на секциите на Конференцијата, проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р Трајче Стамески. На свеченото отворање ќе биде промовирана и книгата „Македонская литература XX-начала XXI века. Очерки истории“ од академик Ала Шешкен, којашто важи за еден од најдобрите странски познавачи на современата македонска книжевност. Оваа најнова книга на Шешкен е знчаен прилог за македонската книжевна историја. За неа, промотивна реч ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Претходно, книгата беше промовирана и на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. По отворањето, на Конференцијата, паралелно ќе се одвива работата на лингвистичката секција и на секцијата за литература и култура. Во текот на првиот конференциски ден, акцент ќе биде ставен на темите поврзани со граматиката од Конески и опусот на Иљоски и Стефановски, како и на теми поврзани со јазикот во драмските текстови, со коишто ќе се оствари и лингвистички влог во вреднувањето на достинствата на македонската драма. Во текот на вториот конференциски ден, вниманието ќе биде насочено кон традиционалните теми „Македонскиот јазик наспроти другите јазици“ и „Македонската литература и култура наспрема другите литератури и култури“. Клучно, на Конференцијата се очекува и плодотворна дискусија којашто ќе мотивира и на натамошни научни потфати. Кооординаторки на лингвистичката секција на Конференцијата се проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на секцијата за литература и култура, координаторка е проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература. Од Конференцијата ќе биде објавен и зборник, којшто се очекува да биде една од најзначајните научни публикации за делото на културните дејци коишто се во фокусот на ова конференциско издание.

The post Прв голем научен собир посветен на Иљоски, Стефановски и граматиката од Конески, по повод значајните јубилеи appeared first on Република.

]]>