Блато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blato/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 13:19:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blato/ 32 32 На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-granichnite-premini-blato-i-dhepishte-za-osum-mesetsi-minale-nad-586-iljadi-patnitsi/ Sat, 14 Sep 2024 13:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=816329

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во изминатите осум месеци од годинава забележана е рекордна фреквенција на патници. Според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи, за влез и излез се регистрирани вкупно 586.884 патници, што е за над 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

-Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ влез оствариле 289.893, додека излез 259.315 патници. На вториот граничен премин, „Џепиште-Требиште“ на влез регистрирани се 19.090, а на излез 19.476 патници, потврдуваат од Министерството.

Во текот на целата мината календарска година на двата премина, за влез и излез се регистрирани вкупно 650.670 патници, бројка која оправдано се очекува да биде надмината.

Фреквенцијата на преминот „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од Дебар, е видно зголемена по пуштањето во употреба на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) со што оддалеченоста од преминот, до Тирана, се намали од 180 на 72 километри. Поради тоа, поголем бројот граѓани кои одлучуваат летниот одмор да го минат на албанското крајбрежје го користат овој премин, како и македонските печалбари од Италија кои пристигнуваат со траекти до Драч и со возила го продолжуваат патот кон родните места, но и жителите од Голо Брдо кои работат во Италија, поради покусата оддалеченост. Тука секако се и албанските туристи кои доаѓаат во македонските туристички места за одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг.

Граничниот премин кај Џепиште, кој е на 15-тина километри од Дебар, на патниот правец Дебар-Струга, е од локален карактер. Во летниот период, односно од 1 април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна.

The post На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници appeared first on Република.

]]>

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во изминатите осум месеци од годинава забележана е рекордна фреквенција на патници. Според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи, за влез и излез се регистрирани вкупно 586.884 патници, што е за над 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. -Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ влез оствариле 289.893, додека излез 259.315 патници. На вториот граничен премин, „Џепиште-Требиште“ на влез регистрирани се 19.090, а на излез 19.476 патници, потврдуваат од Министерството. Во текот на целата мината календарска година на двата премина, за влез и излез се регистрирани вкупно 650.670 патници, бројка која оправдано се очекува да биде надмината. Фреквенцијата на преминот „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од Дебар, е видно зголемена по пуштањето во употреба на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) со што оддалеченоста од преминот, до Тирана, се намали од 180 на 72 километри. Поради тоа, поголем бројот граѓани кои одлучуваат летниот одмор да го минат на албанското крајбрежје го користат овој премин, како и македонските печалбари од Италија кои пристигнуваат со траекти до Драч и со возила го продолжуваат патот кон родните места, но и жителите од Голо Брдо кои работат во Италија, поради покусата оддалеченост. Тука секако се и албанските туристи кои доаѓаат во македонските туристички места за одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг. Граничниот премин кај Џепиште, кој е на 15-тина километри од Дебар, на патниот правец Дебар-Струга, е од локален карактер. Во летниот период, односно од 1 април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна.

The post На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници appeared first on Република.

]]>