бланик куп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blanik-kup/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 13:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бланик куп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blanik-kup/ 32 32 Акробациите на Јован Трајков најголем хит на Бланик купот во Трстеник https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/akrobatsiite-na-jovan-trajkov-najgolem-hit-na-blanik-kupot-vo-trstenik/ Thu, 12 Sep 2024 13:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=815771

На аеродромот во Трстеник, Србија, од 6 до 8 септември, се одржа шестиот меѓународен Бланик куп, натпревар во едриличарство кој годинава собра повеќе од 50 учесници од цела поранешна Југославија, како и од Русија, Украина, Полска, Бугарија, па дури и од Шведска.

Натпреварот се одржа во две категории: професионален со 38 натпреварувачи и мотивациски со 17 натпреварувачи, што го прави најмасовниот настан од ваков тип во регионот.

Во поединечен пласман во професионална категорија првото место го зазеде Марјан Ивановски од АК Штип, втор Слободан Ѓуровиќ од Трстеник и трет Ибрахим Топиќ од АК Бихаќ. Во мотивациската категорија првото место му припадна на Миодраг Јовановиќ, втор беше Никола Грујичиќ од Приједор и трет Дејан Нововиќ од Беран.

Најголемо внимание и воодушевување предизвикаа изведбата и акробатските елементи кои својот авион Цитабри ги изведе Јован Трајков, гостинот од Македонија, пренесува впечатоци порталот „Аеро“.

The post Акробациите на Јован Трајков најголем хит на Бланик купот во Трстеник appeared first on Република.

]]>

На аеродромот во Трстеник, Србија, од 6 до 8 септември, се одржа шестиот меѓународен Бланик куп, натпревар во едриличарство кој годинава собра повеќе од 50 учесници од цела поранешна Југославија, како и од Русија, Украина, Полска, Бугарија, па дури и од Шведска. Натпреварот се одржа во две категории: професионален со 38 натпреварувачи и мотивациски со 17 натпреварувачи, што го прави најмасовниот настан од ваков тип во регионот. Во поединечен пласман во професионална категорија првото место го зазеде Марјан Ивановски од АК Штип, втор Слободан Ѓуровиќ од Трстеник и трет Ибрахим Топиќ од АК Бихаќ. Во мотивациската категорија првото место му припадна на Миодраг Јовановиќ, втор беше Никола Грујичиќ од Приједор и трет Дејан Нововиќ од Беран.
Најголемо внимание и воодушевување предизвикаа изведбата и акробатските елементи кои својот авион Цитабри ги изведе Јован Трајков, гостинот од Македонија, пренесува впечатоци порталот „Аеро“.

The post Акробациите на Јован Трајков најголем хит на Бланик купот во Трстеник appeared first on Република.

]]>