благојче трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagojche-trajkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Apr 2023 10:50:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благојче трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagojche-trajkovski/ 32 32 Португалија го има „фадо“, Чешка „полката“… Зошто се срамиме од нашата традиционална музика кога имаме фантастична основа да доминираме? https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/portugalija-go-ima-fado-cheshka-polkata-zoshto-se-sramime-od-nashata-traditsionalna-muzika-koga-imame-fantastichna-osnova-da-dominirame/ Tue, 04 Apr 2023 09:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=627042

Кларинет, хармоника и фрула се инструментите кои се споија во една нова композиција „Извор“, а извонредните балкански академски музичари Благојче Трајковски, Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ ги здружија своите докажани таленти на маестрален начин.

Иницијатор на оваа соработка е македонскиот познат кларинетист, кој две децении ја негува традиционалната музика преку нови форми на етно жанрот, со елементи на импровизации и современ аранжерски пристап. Неговата цел е фолклорот да го преточи во современа уметност, а давањето на модерен звук инспириран од изворната музика претставува автентичен придонес за домашното, но и светското културно богатство.

Трајковски е академски музичар и неговиот пристап во создавање и интерпретирање на музика, секогаш се одвива низ процесот на истражување, а изборот да соработува со врвни музичари од Балканот е негова определба која дава визибилност на нашите традиции во светски рамки.

Португалија го има Фадото, Чешка ја има Полката, Ирска ја има својата традиционална музика…зошто ние често се срамиме од нашата традиционална музика, кога имаме фантастична основа да доминираме на светската музичка сцена која уште во далечната 1983 година тргна во сериозна кампања за афирмирање на традиционалната музика на светот. Се родија специјализирани емисии кои ги промовираа традиционалните ритми на различни народи, истото се случи и со издавање на магазини кои беа специјализирани за World music, како што е британскиот “Songlinesa” кој и денес е највлијателен печатен медиум за традиционална музика. Денес, жанрот World music е моќна музичка индустрија. Тоа е шанса традицијата на еден народ, преку нова квалитетна музика да му се претстави на светот на најдобар можен начин. Од искуство знам, кога сум гостувал на светски сцени, публиката одлично реагира на звуците на македонската и на музиката од Балканот и ја почитува таа музичка матрица. Па така се роди и „Извор“, вели Трајковски за овој негов најнов проект.

„Извор“ е инструментална композиција која е создадена во духот на македонската музичка традиција, но со еден урабан и современ пристап во аранжерското обликување, кој ѝ дава една свежа и современа боја.

Во оваа композиција солистичката улога ја имаат кларинетот, хармониката и фрулата. Сите три инструменти даваат една своја посебна емоција, боја и интерпретација, проследена со неверојатна виртуозност.

Музиката ја создавав специјално за оваа комбинација на инструменти и секако за овие врвни музичари. Чест ми беше да соработувам со Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ. Тие имаат беспрекорен професионален пристап кога работат, а за нивниот неверојатен музички талент добро знае и светот. Тие се значајни луѓе за Балканската музика и мојата желба да ги имам за соработници се исполни, истакнува Трајковски.

Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ специјално допатуваа до Скопје за снимањето на видео спотот, кој е одлична визуелна приказна која веќе се врти на балканските ТВ канали.

Извор е дело на кларинетистот Благојче Трајковски кој се јавува како композитор, аранжманот го направи Димитар Христов. Позади аудио продукцијата стои Дејан Момироски, а видеото го режираше Ханис Багашов. Издавач и дистрибутер на ова парче музика е продукцијата на Александар Софронијевиќ АС СТУДИОТОН од Белград.

https://youtu.be/GrSyg9oOkZ4

The post Португалија го има „фадо“, Чешка „полката“… Зошто се срамиме од нашата традиционална музика кога имаме фантастична основа да доминираме? appeared first on Република.

]]>

Кларинет, хармоника и фрула се инструментите кои се споија во една нова композиција „Извор“, а извонредните балкански академски музичари Благојче Трајковски, Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ ги здружија своите докажани таленти на маестрален начин. Иницијатор на оваа соработка е македонскиот познат кларинетист, кој две децении ја негува традиционалната музика преку нови форми на етно жанрот, со елементи на импровизации и современ аранжерски пристап. Неговата цел е фолклорот да го преточи во современа уметност, а давањето на модерен звук инспириран од изворната музика претставува автентичен придонес за домашното, но и светското културно богатство. Трајковски е академски музичар и неговиот пристап во создавање и интерпретирање на музика, секогаш се одвива низ процесот на истражување, а изборот да соработува со врвни музичари од Балканот е негова определба која дава визибилност на нашите традиции во светски рамки.
Португалија го има Фадото, Чешка ја има Полката, Ирска ја има својата традиционална музика…зошто ние често се срамиме од нашата традиционална музика, кога имаме фантастична основа да доминираме на светската музичка сцена која уште во далечната 1983 година тргна во сериозна кампања за афирмирање на традиционалната музика на светот. Се родија специјализирани емисии кои ги промовираа традиционалните ритми на различни народи, истото се случи и со издавање на магазини кои беа специјализирани за World music, како што е британскиот “Songlinesa” кој и денес е највлијателен печатен медиум за традиционална музика. Денес, жанрот World music е моќна музичка индустрија. Тоа е шанса традицијата на еден народ, преку нова квалитетна музика да му се претстави на светот на најдобар можен начин. Од искуство знам, кога сум гостувал на светски сцени, публиката одлично реагира на звуците на македонската и на музиката од Балканот и ја почитува таа музичка матрица. Па така се роди и „Извор“, вели Трајковски за овој негов најнов проект.
„Извор“ е инструментална композиција која е создадена во духот на македонската музичка традиција, но со еден урабан и современ пристап во аранжерското обликување, кој ѝ дава една свежа и современа боја. Во оваа композиција солистичката улога ја имаат кларинетот, хармониката и фрулата. Сите три инструменти даваат една своја посебна емоција, боја и интерпретација, проследена со неверојатна виртуозност.
Музиката ја создавав специјално за оваа комбинација на инструменти и секако за овие врвни музичари. Чест ми беше да соработувам со Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ. Тие имаат беспрекорен професионален пристап кога работат, а за нивниот неверојатен музички талент добро знае и светот. Тие се значајни луѓе за Балканската музика и мојата желба да ги имам за соработници се исполни, истакнува Трајковски.
Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ специјално допатуваа до Скопје за снимањето на видео спотот, кој е одлична визуелна приказна која веќе се врти на балканските ТВ канали. Извор е дело на кларинетистот Благојче Трајковски кој се јавува како композитор, аранжманот го направи Димитар Христов. Позади аудио продукцијата стои Дејан Момироски, а видеото го режираше Ханис Багашов. Издавач и дистрибутер на ова парче музика е продукцијата на Александар Софронијевиќ АС СТУДИОТОН од Белград. https://youtu.be/GrSyg9oOkZ4

The post Португалија го има „фадо“, Чешка „полката“… Зошто се срамиме од нашата традиционална музика кога имаме фантастична основа да доминираме? appeared first on Република.

]]>
Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/fontana-dzambo-i-prijatelite-go-prodolzuvaat-svoeto-patuvanje-so-koncert-vo-strumica/ Thu, 22 Dec 2022 22:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=588593

Групата „Фонтана“, Џамбо Агушев, заедно со Камерниот Оркестар IWCONNECT и специјалните гости, ќе одржат голем концерт на 26 декември од 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Како специјални гости на овој концерт ќе бидат една од најпознатите балкански вокални интерпретаторки Даница Крстиќ од Србија, како и еден од најдобрите светски гитаристи Ангел Демирев од Бугарија.

Концертот со наслов „Патување“ ќе биде едно уникатно музичко доживување за публиката. Балканската музичка традиција спакувана во посебни и урбани аранжмани ќе биде главниот двигател на ова „патување“, но покрај тоа ќе допреме и до богатата европска романтичност и сето тоа ќе биде изведено од триесетина музичари на сцената. Ветуваме уште еден несекојдневен музички настан кој ќе ја одбележи оваа година на културен и уметнички план, велат Џамбо Агушев и Благојче Трајковски.

Оваа иста музичка екипа пред одржа спектакуларен концерт во рамките на „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Тоа беше настан кој предизвика многу воодушевување и силни емоции. Сето тоа беше одличен поттик и инспирација овој концертен спектакл наречен „Патување“ да започне свое патување низ градовите во Македонија и регионов. Па оттука, со сигурност можеме да кажеме дека во понеделник на 26 декември Струмица ќе биде центарот на културата и уметноста во нашата држава.

The post Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица appeared first on Република.