благоја бочварски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagoja-bochvarski/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Jan 2023 14:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благоја бочварски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagoja-bochvarski/ 32 32 Пратеникот Стојановски на лице место покажа дека министерот Бочварски лаже https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-stojanovski-na-litse-mesto-pokazha-deka-ministerot-bochvarski-lazhe/ Wed, 18 Jan 2023 14:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=598393

Пратеникот Бојан Стојановски на лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор покажа дека  ниту патот е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во дуелот го убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%

The post Пратеникот Стојановски на лице место покажа дека министерот Бочварски лаже appeared first on Република.

]]>

Бочварски: Експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-eksproprijatsijata-veke-teche-i-nema-da-zastane-se-do-realizatsijata-na-najznachajnite-kapitalni-proekti/ Mon, 26 Dec 2022 18:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=590246

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање за експропријација на земјиште околу браната на река Отиња, изјави дека експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти коишто даваат дополнителна шанса за развој на градовите и на целиот регион.

Најпрво, кога станува збор за експропријација на земјиште, не ја врши Министерството за транспорт, туку ја врши Агенцијата за имотно правни односи заедно со Државното правобранителство работи на таа проблематика и кога завршуваат постапките согласно процедурите коишто ги има во државата и согласно нивните правила за откуп на земјиште кога се гради објект од јавен интерес на крајот се доставува решение за експропирање на земјиштето, односно за исплата. Можам само да информирам дека секаде каде што ќе добиваме решенија за експропријација од страна на Агенцијата за имотно правни односи и завршена процедура преку Државното правобранителство со решение и потпис од страна на граѓаните каде што ќе се согласат за истата сума ние веднаш ќе ја исплатиме со што ќе ослободиме простор за дополнителен прогрес на работите на изградбата на браната на река Отиња, тоа што го правиме и на сите други инфраструктури објекти како што било случај и со овој експресен пат така и со сите останати објекти, изјави Бочварски на пуштањето во употреба на експресниот пат Штип – Кочани, делница Крупиште – Кочани.

Бочварски потенцира дека 95 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски се наменети за граѓаните и за општините.

Кога станува збор за ставките каде што ќе може општините да аплицираат, ние имаме повеќе такви ставки каде што тоа го знаат и граѓаните и градоначалниците и општините ќе може да аплицираат за изградба на локалните патишта и рехабилитација, за комунални проекти за водоводи и канализации и секако дека преку изградбата на социјалните станбени згради и тоа како даваме поддршка на развојот на општините. Регионалната патна мрежа знаеме дека преку изградбата и реконструкцијата на ваквите патишта ние даваме поддршка за дополнителен економски развој, за отворање на нови работни места и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина, изјави Бочварски.

Тој посочи дека таму каде што отвораат повици, бараат од општините да аплицираат со добри и квалитетни проекти за, како што рече, да можеме брзо да ги реализираме средствата коишто се оставени на ставката за капитални расходи на Министерството за транспорт и врски.

The post Бочварски: Експропријацијата веќе тече и нема да застане се до реализацијата на најзначајните капитални проекти appeared first on Република.

Бочварски: Шпекулации се информациите за мое заминување од функцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-shpekulacii-se-informaciite-za-moe-zaminuvanje-od-funkcijata/ Mon, 03 Oct 2022 10:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=556800

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет.

-Јас мислам дека ова се шпекулцаиии, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа Горан Милевски, поднесе оставка, слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации, рече денеска Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.

Бочварски, меѓу другото, порача дека урбанистичките планови мора да се почитуваат и не смее да се уништува зеленилото.

За предлог законот за легализација на бесправо изградени објекти што е доставен до Собранието, рече дека е легитимно и да не биде донесен доколку нема заинтерсираност од Парламентот, но оти треба да им се помогне на ранливите категории граѓани кои изградиле дом. Посочува дека од текстот на законот се отстратените сите содржини за кои имаше реакции во јавноста.

-Законот е во Собрание, го поднесовме, по првата расправа имаше уште една, со многу засегнати страни, прочистивме се она за што реагираа граѓаните, и заштитени зони и се што беше на увид на јавноста и беше коментирано, на крајот искреиравме ново многу поскратено решение, а Парламентот треба да одлучи дали треба да се донесе или да не се донесе. Ние немаме ништо против и да не се донесе, има граѓани што секогаш го бараат, а има и граѓани кои се против, како и за секое законско решение. Доколку нема заинтерираност во Парламентот тогаш легитимно е мнозинството и да не носи таков закон, рече Бочварски.

The post Бочварски: Шпекулации се информациите за мое заминување од функцијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се шпекулации информациите за негово заминување од министерската функција и за реконструкција на владиниот кабинет.
-Јас мислам дека ова се шпекулцаиии, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа Горан Милевски, поднесе оставка, слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации, рече денеска Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.
Бочварски, меѓу другото, порача дека урбанистичките планови мора да се почитуваат и не смее да се уништува зеленилото. За предлог законот за легализација на бесправо изградени објекти што е доставен до Собранието, рече дека е легитимно и да не биде донесен доколку нема заинтерсираност од Парламентот, но оти треба да им се помогне на ранливите категории граѓани кои изградиле дом. Посочува дека од текстот на законот се отстратените сите содржини за кои имаше реакции во јавноста.
-Законот е во Собрание, го поднесовме, по првата расправа имаше уште една, со многу засегнати страни, прочистивме се она за што реагираа граѓаните, и заштитени зони и се што беше на увид на јавноста и беше коментирано, на крајот искреиравме ново многу поскратено решение, а Парламентот треба да одлучи дали треба да се донесе или да не се донесе. Ние немаме ништо против и да не се донесе, има граѓани што секогаш го бараат, а има и граѓани кои се против, како и за секое законско решение. Доколку нема заинтерираност во Парламентот тогаш легитимно е мнозинството и да не носи таков закон, рече Бочварски.

The post Бочварски: Шпекулации се информациите за мое заминување од функцијата appeared first on Република.

]]>
Молчи Бочварски за скандалозното вработување на сопругата и балдазата во ист ден во штипската болница веднаш од „клупа“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/molchi-bochvarski-za-skandaloznoto-vrabotuvanje-na-soprugata-i-baldazata-vo-ist-den-vo-shtipskata-bolnica-vednash-od-klupa/ Tue, 27 Sep 2022 06:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=554611

Непотизмот и злоупотребата на позиции станаа синоним за владеењето на клептоманската СДС. Вработувањето на сопругата и балдазата на министерот Бочварски се само потврда за тоа. Имено тие две во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Ова ухлебување веднаш од ученичка клупа следи еден месец откако Бочварски стаил во брак - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека Бочварски молчи.

Молчат од Штипската клиничка болница, молчат од министерството за здравство. Очигледно сите се фатени во длабок офсајд. ДКСК е должна да го провери овој случај и да се произнесе за него. Недозволиво е за ваков скандал да се молчи. Зарем е нормално вакво фамилијаризирање да се случува и никој да не реагира.

Дополнително, Бочварски наместо да изигрува главен кадровик во здравството, треба да излезе јавно и да објасни како ги ухлебил сопругата и балдазата во јавното здравство. Ваквото самоволие на власта на антимакедонската СДС мора да престане. Мора да има одговори и одговорност - велат од опозицијата.

The post Молчи Бочварски за скандалозното вработување на сопругата и балдазата во ист ден во штипската болница веднаш од „клупа“ appeared first on Република.

]]>

Непотизмот и злоупотребата на позиции станаа синоним за владеењето на клептоманската СДС. Вработувањето на сопругата и балдазата на министерот Бочварски се само потврда за тоа. Имено тие две во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Ова ухлебување веднаш од ученичка клупа следи еден месец откако Бочварски стаил во брак - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека Бочварски молчи.
Молчат од Штипската клиничка болница, молчат од министерството за здравство. Очигледно сите се фатени во длабок офсајд. ДКСК е должна да го провери овој случај и да се произнесе за него. Недозволиво е за ваков скандал да се молчи. Зарем е нормално вакво фамилијаризирање да се случува и никој да не реагира. Дополнително, Бочварски наместо да изигрува главен кадровик во здравството, треба да излезе јавно и да објасни како ги ухлебил сопругата и балдазата во јавното здравство. Ваквото самоволие на власта на антимакедонската СДС мора да престане. Мора да има одговори и одговорност - велат од опозицијата.

The post Молчи Бочварски за скандалозното вработување на сопругата и балдазата во ист ден во штипската болница веднаш од „клупа“ appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Со ребалансот на Буџетот ќе бараме дополнителни 300 милиони денари за дозиградба на гасоводи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-so-rebalansot-na-budzetot-kje-barame-dopolnitelni-300-milioni-denari-za-dozigradba-na-gasovodi/ Mon, 09 May 2022 09:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=499835

Министерството за транспорт и врски со најавениот ребаланс на Буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводна инфраструктура, ставка кај која, според ресорниот министер Благоја Бочварски, се бележи доста добра реализација. Дополнителни пари, овој ресор ќе бара за сите области каде има добра реализација на капиталните инвестиции.

Бочварски денеска изјави дека со ребалансот на Буџетот очекува Министерството за транспорт во најголем дел да ги задржи средствата за изградба на инфраструктура и до крајот на годината да го подигне процентот на реализација на капитални инвестиции.

Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите, бидејќи таму ќе имаме уште една постапка за интерконекторот со Грција во време на енергетска криза. Изградбата на гасоводите е од круцијално значење во државата - изјави Бочварски, на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.

Не е штета, порача министерот за транспорт и врски, да се дополнат средствата за да се намали влијанието на енергетската криза преку развивање на гасоводната инфраструктура.

Според Бочварски, секогаш при ребаланс на Буџетот се прават напори да се задржат средствата за инфраструктурата со цел да се инвестира што повеќе поради повеќекратниот бенефит за државата и за граѓаните.

Во фаза на ребаланс на Буџетот сме и ќе побараме дополнителни средства, за изградба на гасоводите, каде што имаме реално доста добра реализација. За секаде каде што имаме добра реализација ќе побараме дополнителни средства, не е штета доколку инвестираме во инфраструктура, така што очекувам и сите средства што се наменети за изградба на инфраструктура во најголем дел да ги задржиме со цел да ги инвестираме и до крајот на годината да го подигнеме процентот на реализација - изјави Бочварски.

The post Бочварски: Со ребалансот на Буџетот ќе бараме дополнителни 300 милиони денари за дозиградба на гасоводи appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски со најавениот ребаланс на Буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводна инфраструктура, ставка кај која, според ресорниот министер Благоја Бочварски, се бележи доста добра реализација. Дополнителни пари, овој ресор ќе бара за сите области каде има добра реализација на капиталните инвестиции. Бочварски денеска изјави дека со ребалансот на Буџетот очекува Министерството за транспорт во најголем дел да ги задржи средствата за изградба на инфраструктура и до крајот на годината да го подигне процентот на реализација на капитални инвестиции.
Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите, бидејќи таму ќе имаме уште една постапка за интерконекторот со Грција во време на енергетска криза. Изградбата на гасоводите е од круцијално значење во државата - изјави Бочварски, на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.
Не е штета, порача министерот за транспорт и врски, да се дополнат средствата за да се намали влијанието на енергетската криза преку развивање на гасоводната инфраструктура. Според Бочварски, секогаш при ребаланс на Буџетот се прават напори да се задржат средствата за инфраструктурата со цел да се инвестира што повеќе поради повеќекратниот бенефит за државата и за граѓаните.
Во фаза на ребаланс на Буџетот сме и ќе побараме дополнителни средства, за изградба на гасоводите, каде што имаме реално доста добра реализација. За секаде каде што имаме добра реализација ќе побараме дополнителни средства, не е штета доколку инвестираме во инфраструктура, така што очекувам и сите средства што се наменети за изградба на инфраструктура во најголем дел да ги задржиме со цел да ги инвестираме и до крајот на годината да го подигнеме процентот на реализација - изјави Бочварски.

The post Бочварски: Со ребалансот на Буџетот ќе бараме дополнителни 300 милиони денари за дозиградба на гасоводи appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Почнуваме силна градежна активност во пелагонискиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-pochnuvame-silna-gradezna-aktivnost-vo-pelagoniskiot-region/ Thu, 17 Feb 2022 14:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=459968

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека оваа година во пелагонискиот регион ќе има силна градежна активност.

На денешното поставување камен-темелник на новиот 400 киловолтен далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2“ Бочварски потврди дека е завршен тендерот за патниот правец Битола-Меџитлија кој води до границата со соседна Грција. Воедно најави решавање на проблемот со регионалениот патен правец Демир Хисар-Кичево на кој деновиве низ протести посочуваат жителите од Демир Хисар.

Завршен е тендерот за патниот правец Битола-Меџитлија, а во моментов се работи на избор на најповолен изведувач кој ќе почне со рехабилитација на патниот правец од Битола до Меџитлија кој е многу значаен. Паралелно завршува постапката за проектирање на нов експресен пат кој е значаен за цел пелагониски регион - изјави Бочварски.

Тој најави дека ќе разговара со жителите од Демир Хисар за да се видат можностите и да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Државата веќе изврши рехабилитација на 12 километри патна мрежа и се подготвуваме во нашите програми да изработиме постапки и можност оваа пролет да рехабилитираме уште 12 километри пат кој е многу оштетен. Тоа го правиме во координација со локалното население затоа што тој патен правец не е рехабилитиран од 1976 година и тоа само по себе говори дека треба да направиме крупни чекори за да се тоа што било пропуштено во минатото токму денес го решиме и ние тоа ќе го направиме - изјави  Бочварски.

The post Бочварски: Почнуваме силна градежна активност во пелагонискиот регион appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека оваа година во пелагонискиот регион ќе има силна градежна активност. На денешното поставување камен-темелник на новиот 400 киловолтен далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2“ Бочварски потврди дека е завршен тендерот за патниот правец Битола-Меџитлија кој води до границата со соседна Грција. Воедно најави решавање на проблемот со регионалениот патен правец Демир Хисар-Кичево на кој деновиве низ протести посочуваат жителите од Демир Хисар.