Благој Чоревски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagoj-chorevski/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Nov 2023 16:56:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Благој Чоревски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagoj-chorevski/ 32 32 Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vlada-uroshevik-blagoj-chorevski-atanas-kostovski-pancho-se-megu-dobitnitsite-na-nagradata-13-noemvri/ Fri, 03 Nov 2023 16:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=697912

Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.

Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје.

Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници нз ова највисоко признание на Град Скопје.

Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

 

The post Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот. Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.
Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.
Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје. Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници нз ова највисоко признание на Град Скопје. Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.  

The post Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>