благој бочварски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagoj-bochvarski/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 12:44:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благој бочварски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagoj-bochvarski/ 32 32 За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-zavrshuvane-na-avtopatot-kichevo-ohrid-ima-pari-tvrdi-bochvarski/ Fri, 05 Apr 2024 12:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=762659

Има пари за завршување на автопатот Кичево – Охрид, не се побарани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата.

Собранието на 1. април на итна седница на предлог на Владата изгласа нов рок за завршување на автопатот, крајот на декември 2026 година. Претходниот рок за овој автопат беше до 31 декември 2023 година.

Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој работи од страна на надзорот и Фидик-експертите, беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете, има сè уште средства кои се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8 - рече Бочварски.

The post За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски appeared first on Република.

]]>

Има пари за завршување на автопатот Кичево – Охрид, не се побарани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата. Собранието на 1. април на итна седница на предлог на Владата изгласа нов рок за завршување на автопатот, крајот на декември 2026 година. Претходниот рок за овој автопат беше до 31 декември 2023 година.
Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој работи од страна на надзорот и Фидик-експертите, беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете, има сè уште средства кои се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8 - рече Бочварски.

The post За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски appeared first on Република.

]]>
Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-120-vozachi-se-na-brzata-lenta-za-izdavane-pasoshi/ Thu, 29 Feb 2024 15:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=749728

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу значајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата.

Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните дозволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортна компанија во ниту еден период од годината не останала без дозвола.

Претставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши дискриминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз.

Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.

The post Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши appeared first on Република.

]]>

Од здруженијата на транспортерите добивме барања за околу 120 возачи за издавање на пасоши на брзата лента, односно дел од нив се во постапка за замена на патните исправи, дел од нив треба да влезат во постапка за промена на патните исправи. Значи, се работи за околу 120 луѓе и ние вчера тие списоци ги доставивме до МВР и очекувам во рок десетина денови да бидат подготвени и предадени патните исправи на транспортерите, бидејќи тоа е многу значајно за нив-тоа е нивното работно место и без патна исправа тие не можат да ја вршат својата дејност, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање во Струмица на средба со транспортерите од југоистокот на државата. Министерот истакна дека во фаза на изработка е нова Уредба за фер и праведна поделба на дозволите за транспортерите, која треба да биде подготвена во август-септември годинава за да може да влезе во финална фаза кон крајот на октомври и ноември кога се врши распределбата на дозволите за наредната година. Притоа, Бочварски подвлече дека е зголемен бројот на ЦЕМТ дозволите од 1.440 на 1.680, а тука се и месечните дозволи кои се распределуваат на превозниците и најважно е што ниту една транспортна компанија во ниту еден период од годината не останала без дозвола. Претставниците на превозниците веќе поднеле предлози за измени на Уредбата, а до Владата ќе поднесат барање и за промена на одлуката за висината на дневницата за службени патувања на превозниците, бидејќи со постоечката Уредба за службени патувања се врши дискриминација оти не им се признавале нивните трошоци за услугата за нивниот превоз. Бараме да се зголеми и квотата за вработување на странци како професионални возачи, бидејќи таа квота, која е 5 отсто од реално вработеното население во државата, најчесто се искористува од градежниот сектор и многу малку останува да се искористат од превозниците, односно нашиот сектор, каде имаме голема потреба, изјави Сања Милошевска од „Макам транс“.

The post Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши appeared first on Република.

]]>
И таткото на Бочварски во бизнисот со струја – тоа се семејства на вистински западњаци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-tatkoto-na-bochvarski-vo-biznisot-so-struja-toa-se-semejstva-na-vistinski-zapadnatsi/ Wed, 07 Feb 2024 16:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=741603

И таткото на министерот Бочварски влегува во друштвото на семејства на политичари кои отворија компании за производство на електрична енергија - коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

Во неговиот статус наведува.

Во овој бизнис досега влегоа сопругата на екс премиерот Ковачевски, Елена, синовите на поранешниот премиер од СДСМ Зоран Заев, Душко, на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин, како и синот на неговиот сопартиец Муса Џафери, Арјанит.
Вистински Западњаци…

The post И таткото на Бочварски во бизнисот со струја – тоа се семејства на вистински западњаци appeared first on Република.

]]>

И таткото на министерот Бочварски влегува во друштвото на семејства на политичари кои отворија компании за производство на електрична енергија - коментира аналитичарот Ивор Мицковски. Во неговиот статус наведува.
Во овој бизнис досега влегоа сопругата на екс премиерот Ковачевски, Елена, синовите на поранешниот премиер од СДСМ Зоран Заев, Душко, на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин, како и синот на неговиот сопартиец Муса Џафери, Арјанит. Вистински Западњаци…

The post И таткото на Бочварски во бизнисот со струја – тоа се семејства на вистински западњаци appeared first on Република.

]]>
Нов закон за „оператори од регионот“ да ги работат македонските железнички пруги, зошто МЖ Транспорт „не си ја врши работата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nov-zakon-za-operatori-od-regionot-da-gi-rabotat-makedonskite-zheleznichki-prugi-zoshto-mzh-transport-ne-si-ja-vrshi-rabotata/ Mon, 20 Nov 2023 15:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=714492

Претпријатието „Македонски железници - Транспорт“ не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. Поради тоа, во Собранието е законот за либерализација на превозот, на железничкиот сообраќај и очекувам по неговото изгласување, веќе од почетокот на наредната година да ги отвориме вратите на други оператори од регионот кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги. Со тоа ќе ја подобриме и конкурентноста и конкуренцијата, а и граѓаните и компаниите ќе видат бенефит, бидејќи со вакво темпо, убеден сум дека бавно се движи реализацијата на сите процеси кои ги земало ова претпријатие, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп, Бочварски истакна дека години и децении наназад „Македонски железници - Транспорт“ работи тешко, во тешки услови, со финансиска поддршка од Владата, за да може да реализира одреден број линии од оперативниот план.

Факт е дека до пред две години Владата како субвенции за оваа претпријатието исплаќаше шест - седум милиони евра годишно за одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година финансиски помогнавме 15 милиони евра, а ова година очекувам поддршката да стигне некаде до 25 милиони евра. Сега ќе го поставам прашањето – дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави „МЖ – Транспорт“ и дали ние како Влада сме задоволни? Апсолутно и граѓаните и Владата, сите заеднички ќе констатираме дека тоа претпријатие не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него, напомена министерот.

Според него, либерализацијата значи дека ќе се овозможи да влезат и други оператори доколку има заинтересирани да оперираат на македонските железнички пруги.

Ние сме една од двете земји во регионот која што се уште нема либерализација и сите држави коишто вовеле либерализација после неколку години веќе сообраќајот бил подигнат на едно повисоко ниво и за потребите на економијата и за потребите на граѓаните, така што либерализацијата не значи продажба. Либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги, нагласи Бочварски, додавајќи дека денеска се гласа законот за либерализација.

Тој дополни и дека ќе продолжи изградбата на железничките пруги кон Бугарија.

Со потпишувањето на Меморандумот со Република Србија преку изработка на акциски план, работни групи ќе почнат проектирање и реализација на проекти што ќе значат раст и развој на железничкиот сообраќај, бидејќи тоа е сообраќајот што во иднината треба да биде доминантен и што граѓаните треба да го користат многу повеќе отколку што денес имаат услови тоа да го прават, рече тој.

Бочварски во увид на реконструкцијата на улицата „Леце Котески” беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Нов закон за „оператори од регионот“ да ги работат македонските железнички пруги, зошто МЖ Транспорт „не си ја врши работата“ appeared first on Република.

]]>

Претпријатието „Македонски железници - Транспорт“ не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. Поради тоа, во Собранието е законот за либерализација на превозот, на железничкиот сообраќај и очекувам по неговото изгласување, веќе од почетокот на наредната година да ги отвориме вратите на други оператори од регионот кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги. Со тоа ќе ја подобриме и конкурентноста и конкуренцијата, а и граѓаните и компаниите ќе видат бенефит, бидејќи со вакво темпо, убеден сум дека бавно се движи реализацијата на сите процеси кои ги земало ова претпријатие, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп, Бочварски истакна дека години и децении наназад „Македонски железници - Транспорт“ работи тешко, во тешки услови, со финансиска поддршка од Владата, за да може да реализира одреден број линии од оперативниот план.
Факт е дека до пред две години Владата како субвенции за оваа претпријатието исплаќаше шест - седум милиони евра годишно за одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година финансиски помогнавме 15 милиони евра, а ова година очекувам поддршката да стигне некаде до 25 милиони евра. Сега ќе го поставам прашањето – дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави „МЖ – Транспорт“ и дали ние како Влада сме задоволни? Апсолутно и граѓаните и Владата, сите заеднички ќе констатираме дека тоа претпријатие не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него, напомена министерот.
Според него, либерализацијата значи дека ќе се овозможи да влезат и други оператори доколку има заинтересирани да оперираат на македонските железнички пруги.
Ние сме една од двете земји во регионот која што се уште нема либерализација и сите држави коишто вовеле либерализација после неколку години веќе сообраќајот бил подигнат на едно повисоко ниво и за потребите на економијата и за потребите на граѓаните, така што либерализацијата не значи продажба. Либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги, нагласи Бочварски, додавајќи дека денеска се гласа законот за либерализација.
Тој дополни и дека ќе продолжи изградбата на железничките пруги кон Бугарија.
Со потпишувањето на Меморандумот со Република Србија преку изработка на акциски план, работни групи ќе почнат проектирање и реализација на проекти што ќе значат раст и развој на железничкиот сообраќај, бидејќи тоа е сообраќајот што во иднината треба да биде доминантен и што граѓаните треба да го користат многу повеќе отколку што денес имаат услови тоа да го прават, рече тој.
Бочварски во увид на реконструкцијата на улицата „Леце Котески” беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Нов закон за „оператори од регионот“ да ги работат македонските железнички пруги, зошто МЖ Транспорт „не си ја врши работата“ appeared first on Република.

]]>
Mинистерот се надева дека до 10 јули повторно да се возил на трасата од Охрид до Подмоље https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerot-se-nadeva-deka-do-10-juli-povtorno-da-se-vozil-na-trasata-od-ohrid-do-podmole/ Fri, 16 Jun 2023 14:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=652186

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, на делницата од Охрид до Подмоље.

Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел, да започнеме потоа со последната фаза, со поставување еластични огради и одобрување на времениот режим. Она што е важно е дека до 10 јули ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по оваа автопатска делница. Сметам дека за ударниот дел од туристичката сезона оваа траса ќе биде приспособена, рече Бочварски.

Тој нагласи дека се што се работи е во насока на развој на туризмот во Охрид и верува дека граѓаните ќе имаат разбирање и ќе дадат поддршка затоа што после овие градежни работи влезот во Охрид ќе биде со автопатско решение.

Главната  поддршка за реализација на овој проект треба да дојде токму од Општина Охрид. Ние како Влада сме реализирале многу проекти во Охрид независно која политичка партија е на власт, најголемиот проект во мандатот на сегашниот градоначалник на Охрид е улицата „Македонски просветители“ што е инвестиција на Минситерството за транспорт и врски и на Владата. Не видов тогаш коментар од градоначалникот дека со реализацијата на тој проект се подобруваат условите за развој на туризмот, а сега кога излегуваме на терен со механизација да го решиме проблемот затекнат од минатото, гледам коментари и критики во јавноста. Сметам дека е некоректно, поддршката треба да дојде пред се од градоначалникот, општината и граѓаните, рече Бочварски.

Тој потсети дека реализирани биле бројни координации, состаноци со 15 институции за да се решат сите проблеми во проектот на автопатот Охрид - Кичево, да се репроектират косините, да се проектираат клучките, да се решат сите експропријации...за конечно повторно да се работи на овој проект.

Оние кои го направиле проблемот во минатото со отпочнување на изградбата на овој автопат на таков начин, сега критикуваат. Сметам дека ние сме тие кои ги решиле проблемите и сме тука да направиме увид, да направиме дополнителен притисок со цел градежната механизација да продолжи со работа и да се пушти автопатот за сообраќај, рече Бочварски.

Рустеми од своја страна истакна дека на трасата се работи етапно чекор по чекор, проблемите на трасата се надминати, останува изведувачите и подизведувачите да ги завршат градежните активности согласно предвидената динамика и утврдените рокови.

Често сме на терен, вложуваме големи напори да се почитува договорот до 31 оваа година да биде завршен автопатот..., рече Рустеми.

The post Mинистерот се надева дека до 10 јули повторно да се возил на трасата од Охрид до Подмоље appeared first on Република.

Меџити: Јас не сум потпишал вработување на сопругата и балдазата на министерот Бочварски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-jas-ne-sum-potpishal-vrabotuvane-na-soprugata-i-baldazata-na-ministerot-bochvarski/ Mon, 05 Jun 2023 11:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=648004

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека не потпишал вработување во болницата во Штип на сопругата и балдазата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Бочварски од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСМ) е казнет со 150 евра затоа што не пријавил дека за време на неговиот мандат во болницата во Штип се вработиле неговата сопруга и нејзината сестра. Бочварски веќе ги платил 150-те евра. Претходно опозицијата тврдеше дека двете сестри се вработени без јавен пглас. Тие биле преземени од приватна болница со работен стаж од само три месеци. Иако штотуку биле дипломирани, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство експресно се согласиле за нивното вработување во штипската болница.

Немам информации за вработувањето на сопругата и балдазата на министерот Благој Бочварски. Јас не сум потишал такви вработувања. Ќе проверам, рече Маџити денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали е тоа непотизам.

Меџити беше во поликлиниката Чаир, во Скопје каде што се одржа промоција на е-услугата за регистрација на новороденче.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-si-platil-kazna-za-vrabotuvaneto-na-soprugata-i-baldazata-tie-si-ostanuvaat-na-rabota/

The post Меџити: Јас не сум потпишал вработување на сопругата и балдазата на министерот Бочварски appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека не потпишал вработување во болницата во Штип на сопругата и балдазата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Бочварски од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСМ) е казнет со 150 евра затоа што не пријавил дека за време на неговиот мандат во болницата во Штип се вработиле неговата сопруга и нејзината сестра. Бочварски веќе ги платил 150-те евра. Претходно опозицијата тврдеше дека двете сестри се вработени без јавен пглас. Тие биле преземени од приватна болница со работен стаж од само три месеци. Иако штотуку биле дипломирани, Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство експресно се согласиле за нивното вработување во штипската болница.
Немам информации за вработувањето на сопругата и балдазата на министерот Благој Бочварски. Јас не сум потишал такви вработувања. Ќе проверам, рече Маџити денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали е тоа непотизам.
Меџити беше во поликлиниката Чаир, во Скопје каде што се одржа промоција на е-услугата за регистрација на новороденче. https://republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-si-platil-kazna-za-vrabotuvaneto-na-soprugata-i-baldazata-tie-si-ostanuvaat-na-rabota/

The post Меџити: Јас не сум потпишал вработување на сопругата и балдазата на министерот Бочварски appeared first on Република.

]]>
Бочварски си платил казна за вработувањето на сопругата и балдазата, тие си остануваат на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-si-platil-kazna-za-vrabotuvaneto-na-soprugata-i-baldazata-tie-si-ostanuvaat-na-rabota/ Thu, 01 Jun 2023 17:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=646954

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги заобиколил законите и ја вработил сопругата и балдаза во државната Штипска болница. На брза лента откако завршиле високо образование, сопругата на Бочварски и нејзината сестра од приватна болница, експресно преминале во државното. Како оправдување дека не станува збор за непотизам и негово влијание како министер, Бочварски еден месец по вработувањето обезбедил владин заклучок со кој сета приоцедура сега ја прогласил за законска.

Станува збор за блиски лица, сопругата и сестра на сопругата, и истите во релативно кратко период, по завршува на струдиите и стекнување на диплома се вработиле во Приватна здраствена установа во Штип. Недолго после вработувањето, односно два три месеци, истите се преземени врз основа на член 164 став 2 во Клиничка болница Штип во различни оддели..

Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство. Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.

Спогодбата за преземање на двете лица е 18.06.2022 а распредели во ЗУ Штип, на 19.06.2022 а еден месец подоцна владата ја преземала оваа одлука. Можеби се брзало да се искористат овие слабости. Не вршил влијание бидејќи се работи за министер за транспорт и врски. Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска.

Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.

The post Бочварски си платил казна за вработувањето на сопругата и балдазата, тие си остануваат на работа appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги заобиколил законите и ја вработил сопругата и балдаза во државната Штипска болница. На брза лента откако завршиле високо образование, сопругата на Бочварски и нејзината сестра од приватна болница, експресно преминале во државното. Како оправдување дека не станува збор за непотизам и негово влијание како министер, Бочварски еден месец по вработувањето обезбедил владин заклучок со кој сета приоцедура сега ја прогласил за законска. Станува збор за блиски лица, сопругата и сестра на сопругата, и истите во релативно кратко период, по завршува на струдиите и стекнување на диплома се вработиле во Приватна здраствена установа во Штип. Недолго после вработувањето, односно два три месеци, истите се преземени врз основа на член 164 став 2 во Клиничка болница Штип во различни оддели.. Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство. Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство. Спогодбата за преземање на двете лица е 18.06.2022 а распредели во ЗУ Штип, на 19.06.2022 а еден месец подоцна владата ја преземала оваа одлука. Можеби се брзало да се искористат овие слабости. Не вршил влијание бидејќи се работи за министер за транспорт и врски. Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска. Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.  

The post Бочварски си платил казна за вработувањето на сопругата и балдазата, тие си остануваат на работа appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Не може да израмниме канализации и водоводи со стратешки проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-ne-mozhe-da-izramnime-kanalizatsii-i-vodovodi-so-strateshki-proekti/ Mon, 22 May 2023 19:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=643735

Треба да се направи посебна процедура за проекти кои имаат стратешко значење и стратешки интерес за државата, смета министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и вели дека не може да се израмнат проектите во делот на канализации и водоводи со автопати и гасоводи.

Не можеме да ги израмниме проектите кои што се во делот на општинската инфраструктура како канализации и водоводи со линиска инфраструктура како автопати и гасоводи, посебно во енергетска криза. Затоа и се кратат роковите на она што го имаме во постојното решение, рече Бочварски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Нагласи дека измените и дополнувањата на Закон за урбанистичко планирање и на Закон за градење кои се предложени од Министерството за транспорт и врски и Владата се во собраниска процедура и се носат токму за нова процедура за изградба на патишта, железнички пруги и гасоводи.

Ако некој сметал дека годините на власт требал да ги потроши за изградба на споменици, стиропор и бронза во центарот на градот, ние сметаме дека треба да се градат патишта, железнички пруги, гасоводи, инфраструктура за целосно подобрување на комплетната инфраструктурна слика во државата, посочи Бочварски.

Клучното прашање што треба да го отвориме пред јавноста и граѓаните, додаде, е дали оваа држава е подготвена да ги креира законските можности, да овозможи брза реализација и изградбата на патиштата од проектот со „Бехтел и Енка“ да ги направиме за пет години или за повеќе од шест, седум, осум години.

Второто прашање е дали за време на енергетска криза, пакет во кој влегуваат и гасоводите, треба да направиме полесна процедура за изградба на гасоводите. Тоа се државни, национални, стратешки проекти. Имаше предлог на овие законски измени во Собранието, но беа блокирани од пратениците, на дел не се свикуваа комисиските расправи, прецизира Бочварски.

Според него, доколку ваквите законски измени биле донесени во минатотот веќе ќе бил готов експресниот пат од Градско до Прилеп.

Зборуваме 20 години за изградбата на тој експресен пат кој и денеска се гради, но со потешкотии, затоа што таму имавме изведувачи кои беа на терен, кои ја напуштија трасата и влегоа во постапки на арбитражи. Денеска имаме нови изведувачи и патот се уште не е готов. Токму поради тоа сакаме да направиме подобар модел на реализација на патните коридори. Целта е да работиме со основни проекти кои се проектираат и работат во реално време, во фази. Токму тоа е целта на измените на законите - проектантот да може да испроектира една делница од еден автопат и од наредниот ден, практично да влезе изведувачот во работа за да може да имаме ефикасност на терен, рече Бочварски.

Посочи дека проектите кои се изработени во минатото, пред 10 или 15 години, покажуваат многу слабости кога се работат на терен.

Не ја отсликуваат реалната состојба од таа што е испроектирана на хартија до онаа што е на терен, затоа што се случиле многу промени. Затоа тој модел се покажал дека не е добар. Пример за тоа е и експресниот пат до Прилеп, истакна Бочварски.

The post Бочварски: Не може да израмниме канализации и водоводи со стратешки проекти appeared first on Република.

Бочварски: „Бехтел и Енка“ почнаа со механички истраги, без нив проектот ќе е лош https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-behtel-i-enka-pochnaa-so-mehanichki-istragi-bez-niv-proektot-ke-e-losh/ Thu, 18 May 2023 11:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=642270

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д.

Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста, рече Бочварски.

Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект.

Компанијата започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно, за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар квалитетен изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа после одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и ќе биде целиот процес под контролата на државата, потенцира Бочварски.

The post Бочварски: „Бехтел и Енка“ почнаа со механички истраги, без нив проектот ќе е лош appeared first on Република.

Бочварски: Не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ne-e-isplaten-vtoriot-del-od-avansot-za-behtel-i-enka/ Thu, 18 May 2023 11:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=642267

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во изјава за медиумите рече дека се уште не е исплатен вториот дел од авансот за компанијата „Бехтел и Енка“ кои треба да ги градат коридорите 8 и 10д.

Како што најавивме, ќе биде транспарентно и во моментот кога ќе имаме таква исплата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон компанијата ќе ја информираме јавноста - рече Бочварски.

Прашан кога може да се очекува „Бехтел и Енка“ да достават проект, Бочварски посочи дека во тек се механички истраги без кои, како што рече, би имале лош проект.

Компанијата започна со дел механички истраги, коишто се исклучително потребни и од значење за проектирањето. Без тие истраги, ќе имаме лош проект, којшто ќе се рефлектира лошо при изградбата на автопатските делници. Таа механизација ќе работи колку што е доволно, за да ги направи сите потребни истраги за да имаме добар квалитетен изработен проект. Согласно динамиката, веднаш потоа се започнува со проектирање. Таму каде што имаме државно земјиште, ќе се започне веднаш со работа после одобрувањето на проектот. Сите проекти ќе ги одобрува ЈПДП и ќе биде целиот процес под контролата на државата - потенцира Бочварски.

The post Бочварски: Не е исплатен вториот дел од авансот за „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

Бочварски тврди: Пенали нема да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-tvrdi-penali-nema-da-ima/ Sat, 29 Apr 2023 16:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=635299

Секоја домашна компанија што смета и може да одговори на задачите, на предизвикот и да влезе да работи на овие делници, секако може да влезе во разговори со компанијата Бехтел и да се најде на пазарот во однос на овие проекти, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуто за МИА.

Компанијата Бехтел, согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51% домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, потенцира министерот Бочварски.

Инаку ние во моментот работиме и на многу други проекти, низ цела држава, така да домашните компании имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и во делот на инфраструктурата. Но ова е уште еден најголем проект и јас сум убеден дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен, да работат заедно со оваа една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за да понатаму продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти, изјави министерот Бочварски.

Изградбата на Коридорите 8 и 10 д, ќе значат нови 8000 вработувања, нови инвестиции и номинален раст на БДП од 2 % годишно во наредните пет години.

Министерот Бочварски во интервјуто посочува дека пенали кон Изведувачот нема да има, исплатата е утврдена согласно програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектот за Коридро 8 и 10 д.

Во законот и во договорот и во програмата за исплата точно е утврдено кои се ставките кои што ќе бидат исплатени. Но важно е компаниите да влезат на терен да ги реализираат своите обврски кои што ги имаат према државата. Доколку државата не ги смени законите, еве не се донесат законите во Парламентот ние под постојната законска регулатива продолжуваме со работа. И тоа е од исклучително значење да го знаат граѓаните. Не е точно дека државата е обврзан да менува закони. Државата, односно Владата, Парламентот и сите институции можат да продолжат со работа согласно постојната законска регулатива. Доколку се променат законите, доколку овозможиме повеќе работа на терен и се овозможи реализација на проектот согласно Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, за да се овозможи фазно градење тогаш можеме да секако се увериме дека и побрзо ќе оди и реализацијата на проектот, истакнува министерот Бочварски.

The post Бочварски тврди: Пенали нема да има appeared first on Република.

]]>

Секоја домашна компанија што смета и може да одговори на задачите, на предизвикот и да влезе да работи на овие делници, секако може да влезе во разговори со компанијата Бехтел и да се најде на пазарот во однос на овие проекти, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервјуто за МИА. Компанијата Бехтел, согласно законот има обврска да ангажира најмалку 51% домашни ресурси, што значи овде спаѓаат човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи кои што ќе работат овде на терен, потенцира министерот Бочварски.
Инаку ние во моментот работиме и на многу други проекти, низ цела држава, така да домашните компании имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и во делот на инфраструктурата. Но ова е уште еден најголем проект и јас сум убеден дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен, да работат заедно со оваа една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за да понатаму продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти, изјави министерот Бочварски.
Изградбата на Коридорите 8 и 10 д, ќе значат нови 8000 вработувања, нови инвестиции и номинален раст на БДП од 2 % годишно во наредните пет години. Министерот Бочварски во интервјуто посочува дека пенали кон Изведувачот нема да има, исплатата е утврдена согласно програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектот за Коридро 8 и 10 д.
Во законот и во договорот и во програмата за исплата точно е утврдено кои се ставките кои што ќе бидат исплатени. Но важно е компаниите да влезат на терен да ги реализираат своите обврски кои што ги имаат према државата. Доколку државата не ги смени законите, еве не се донесат законите во Парламентот ние под постојната законска регулатива продолжуваме со работа. И тоа е од исклучително значење да го знаат граѓаните. Не е точно дека државата е обврзан да менува закони. Државата, односно Владата, Парламентот и сите институции можат да продолжат со работа согласно постојната законска регулатива. Доколку се променат законите, доколку овозможиме повеќе работа на терен и се овозможи реализација на проектот согласно Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, за да се овозможи фазно градење тогаш можеме да секако се увериме дека и побрзо ќе оди и реализацијата на проектот, истакнува министерот Бочварски.

The post Бочварски тврди: Пенали нема да има appeared first on Република.

]]>
Бочварски се колне: Граѓаните ќе се уверат дека автопатите ќе се изградат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-se-kolne-graganite-ke-se-uverat-deka-avtopatite-ke-se-izgradat/ Sat, 29 Apr 2023 07:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=635184

Веќе влегуваме во реализација, следни се проектирањата, испитувањата на терен, мобилизација на механизација, поставување кампови. Граѓаните во наредниот период ќе се уверат во реализацијата, порачува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во видео интервју за МИА, во однос на изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д  со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Убеден  сум, вели министерот, дека ќе покажеме дека со овој модел ќе имаме подобар начин, реализација  и прогрес на изградбата на автопатските делници.

Тој информира за првиот трансфер на средства кон Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за овој проект, истакнувајќи дека се врши согласно Програмата за финансирање на изградбата на коридорите за 2023 година усвоена од Владата. Бочварски ги отфрла тврдењата во јавноста дека ќе се исплаќаат пенали кон „Бехтел и Енка“ поради недонесените законски измени, што се заглавени во Собранието. Детално ги објаснува предложените измени на законите за урбанистичко планирање и за градење, а се осврнува и постапката за експропријација.

Со Бочварски во интервјуто разговараме и за состојбата со изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Скопје-Блаце, како и за субвенциите во авиосообраќајот.

Во продолжение следува интервјуто во целост со видео материјал: 

По долго време се очекува старт на изградба на нови автопати. Голема вредност на проектот од 1,3 милијарди евра најмалку според досегашните сознанија, нов модел, и со изведба и со проектирање, многу реакции и критики во јавноста од старт за изборот на надзорот, околу објавата на содржината на Договорот, отворени се предмети од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, редица критики од опозицијата. Колку за Вас како ресор што е клучен за овој проект е товар ваквиот негов старт и кои се вашите очекувања?

-Сакам да го истакнам најпрвин значењето на овој проект. Коридорите 8 и 10 се од стратешко значење за државата. Коридорот 10 веќе го завршивме со доведување на ниво на автопат, а моментно работиме на неколку позиции на рехабилитација на таа делница. Што се однесува до Коридорот 8 имаме сериозни отстапувања од нивото на автопатската делница на западниот дел од државата. Како држава сме се обврзале дека двата главни паневропски коридора ќе ги доведеме на ниво на поголема безбедност, на ниво на автопатски решенија, експресни делници и оти ќе успееме практично државава, од кружен тек на Балканот да ја направиме крстосница. И имајќи предвид дека 30-ина години зборуваме за патиштата, за Коридор 8, за Коридор 10 д, за сите овие проекти во дел на подобрување на инфраструктурата во државата, мораме да признаеме дека денеска се уште зборуваме за, на пример делницата Градско – Дреново – Фариш која што 20 години се најавува, се зборува дека ќе се започне да се гради, денеска се гради, но во меѓувреме имавме едно откажување на еден изведувач, второ откажување на вториот изведувач. И на Ранковце – Паланка исто така старт на градежни работи, застој, откажување на изведувачите, проблеми со проектите, одново репроектирање на делниците од страна на ЈПДП, па повторно влегување во работа, варијации во однос на проектите. Тоа значи дека тој модел покажал голем број слабости во реализацијата на проектите.

Токму поради тоа, овој модел на проектирање и градба сме го дискутирале и со професори од Градежен факултет дека несомнено ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето. И за мене како министер за транспорт, и за Владата, е клучно брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во градбата на паневропските коридори. А ако сакаме да го направиме тоа час поскоро, тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба. Тоа значи  компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради.

Сега се отвори второ прашање. Во нашите законски регулативи и процедури треба да се испроектира цела една делница, на пример Тетово – Гостивар па потоа да се влезе во експропријација на терен, па потоа да влезе со одобрение за градба изведувачот со работа за да потоа кога се јавуваат одредени репроектирања имаме постојано барања за дополнување на одобрението за градење, за измени во тек на градба. Тоа ја обременува целата градба на проектот.

Во овој проект е предвидено фазна градба што значи дека таму каде што на одредена делница или локација имаме земјиште на Република Македонија, што е имотно-правно чисто, тогаш таму изведувачот влегува, проектира и веднаш почнува со градба. Додека го гради тој дел или таа делница, таа фаза, продолжува со проектирање, со експропријација на останатите делници и продолжува со градба и на останатите делници од, на пример, секцијата Прилеп – Битола или Тетово – Гостивар. Тоа за нас е важно за да влеземе и брзо да реализираме и градиме.  Факт е дека овој модел не е доволно познат во државата, но и тоа како има примена и во околните земји и покажува добар резултат и прогрес на терен. Токму поради тоа е донесен и Законот пред околу две години, каде што се пропишани процедури на делување и движење се до избор на изведувачот и потоа во останатите фази на реализација. Така што, сметам дека наш стратешки национален врвен интерес е час поскоро да ги изградиме паневропските коридори заради тоа што Македонија веќе нема време за губење.

Две години по најавата за овој проект – потпишувањето на Меморандумот, носењето на законот, месец и половина по потпишувањето на Договорот со изведувачот, што се случува реално на терен? Почна да се применува Договорот со „Бехтел и Енка“, што прави изведувачот на терен?

-Согласно Договорот, односно Законот, согласно Програмата  што ја има донесено Владата, изведувачот по стартот на реализација на договорот започнува со сите постапки на проектирање. Откако ќе заврши проектирањето на експропријација на одредени делници ќе започне испитување на теренот. Тоа се геомеханички и геотехнички испитувања на трасата, бидејќи тие се клучни испитувања за да потоа кога ќе се проектира се испроектира правилно и за да при градбата потоа немаме проблем. Многупати говорев досега, проблемот, на пример со Кичево – Охрид, е токму од слабите геомеханички испитувања, од лошиот проект, од стариот проект којшто бил направен во минатото за да денеска ни ја обременува градбата и постојано се навраќаме на дополнување на проектите и дополнителни испитувања со цел да се заврши проектот. И тоа не  чини многу време и многу пари. Денеска овој процес којшто започнува, компанијата започнува со проектирање, мобилизација, испитување на теренот, веднаш потоа ќе започне со поднесување на проектите за урбанизам, за одобрување на трасата и паралелно со тоа ќе започне со поставување на кампови за работниците, за инженерскиот персонал со што ќе се влезе и во работа на терен. Тоа е утврдено согласно Договорот и согласно таквиот Договор секоја од страните треба да продолжи да ја реализира својата обврска за да може да ги завршиме делниците час поскоро за да бидат ставени во функција за граѓаните.

Колкав е тимот на „Бехтел и Енка“ што е сега на терен и на кои делници е? Дали веќе се прават првичните испитувања на сите четири предвидени делници?

-Предвидено е на сите четири делници, односно Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола да се започнат истрагите, постапките, проектирањето и сите процедури веднаш, додека за делницата Требеништа – Струга – Ќафасан има уште одредени анализи коишто се прават со цел да се презентира планот на идниот проект пред Јавното претпријатие за државни патишта за да се утврди трасата. Во однос на другите делници веќе имаме појасна слика во тоа каде поминува трасата и токму поради тоа компанијата веќе може да започне со проектирање и да влезе потоа со работа. Така што, стартот на градежни работи значи и тоа - мобилизација од инженерски персонал до механизација, до работници кои ќе влезат на терен и ќе го реализираат тоа што ќе биде направено согласно проектната документација. Јас сум убеден дека по квалитетно направен проект, односно дизајн или основен проект за градење понатаму проектот на градбата ќе оди многу побрзо, поедноставно и ќе немаме проблеми при реализацијата на градежните активности. Значи, кога имаме добра техничка документација сигурен сум дека градбата ќе оди многу подобро. Добри анализи – градбата ќе тече побрзо. Доколку имаме слаби анализи на почетокот за трасата, за теренот тогаш ќе ни се јавуваат до крајот на градежните работи многу проблеми и проектот ќе трае со реализација многу подолго.

Тие се веќе на терен, ги контактираат ли и нашите градежници?

-Компанијата „Бехтел“, согласно Законот, има обврска да ангажира најмалку 51 процент домашни ресурси, што значи дека овде спаѓаат и човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи коишто ќе работат на терен. Секоја од компаниите овде од Македонија која што смета дека може да одговори на задачите, на предизвикот да влезе и да работи на овие делници од коридорите 8 и 10д, може секако да влезе во разговори со компанијата „Бехтел“ со цел да се најде на пазарот во однос на овие проекти.

Работиме и на многу други проекти, како Ранковце – Крива Паланка таму исто така имаме доста градежни работи. Овде е секако и делницата Градско – Дреново – Фариш каде што исто така имаме тешка механизација, превојот Плетвар го завршиме, се работи на рехабилитација на Битола – Меџитлија. Така што, домашните компании и тоа како имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и на инфраструктурата. Но, ова е уште еден, најголем проект, и убеден сум дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен да работат заедно со оваа, една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за понатаму да продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти.

Има голем оптимизам од ваша страна, меѓутоа проектот стартува со постојната законска регулатива во ситуација кога се заглавени предложените пакет-законски измени што треба да ја забрзаат целата активност и од вашиот ресор има два закона, за урбанистичко планирање и за градба коишто треба да претрпат измени во оваа насока. Што ќе значат измените, зошто се носат?

-И по сегашната законска легислатива овој проект може да продолжи да се реализира, но доколку сакаме тој да заврши во пократки рокови тогаш секако дека е добро да се влезе во корекција на законите или измена и дополна на законите каде што ќе може овој проект да се работи побрзо и секако граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници. Верувајте, една или една и пол година доколку заврши порано целиот проект тоа значи многу за економијата, за безбедноста во сообраќајот. Јас сакам да го отворам прашањето колку ние ќе заштедиме, на пример со безбедноста во сообраќајот, или на пример, со бројот на жртви во сообраќајот доколку една година или две години порано завршиме со реализација на овој проект. Колку ќе добиеме побезбедни патишта, тоа не се кратки или мали или незначителни делници, 110 километри автопатски делници значат многу во дел на безбедноста во сообраќајот на една земја и сметам дека за нас стратешки интерес е да ги завршиме час поскоро. За не зборувам колкави се ефектите во делот на економијата, бидејќи кога ќе ги реализираме тие проекти порано тогаш ќе можат и да се отворат – развијат нови економски капацитети во сите региони. Исто така и рамномерниот регионален развој во Битола, во Прилеп, во регионот. И јас затоа повторувам ајде да отидеме во Битола и во Прилеп или во Тетово и Гостивар, во Струга и Охрид да ги прашаме граѓаните кои им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат клучно прашање е решавањето на инфраструктурата. И ние сме ветиле и сме земале обврска и во програмите на Владата и во законските одредби дека ние инфраструктурата мораме да ја подобриме. Да не се развива и концентрира целата економија во главниот град, туку да можеме да ја дисперзираме практично целата економија.

Да ги појасните законските измени. Што се менува?

-Во однос на законските измени, во Законот за урбанистичко планирање практично правиме постапка за урбанистички проекти од стратешки и национален интерес каде што ќе бидат реализирани овие урбанистички проекти со пократки рокови каде што институциите коишто даваат мислења на реализацијата на ваквите коридори или на ваквите проекти и опфати каде што ќе поминува оваа инфраструктура треба побрзо да ги дадат своите мислења и побрзо да одговорат за да може да биде одобрен инфраструктурниот проект.

Кога станува збор во Законот за градење, таму велиме дека најпрвин треба да биде одобрен урбанистичкиот проект којшто ја утврдува трасата. Кога ќе биде одобрен појасот каде што ќе поминува идниот автопат тогаш проектантот  и изведувачот можат да започнат со градба на поодделни делници, односно фазно градење во делницата, на пример Прилеп – Битола, и тие може да започнат на пример на 10 километри од таа делница каде што ќе имаат проект со ревизија, со сите статички документи потребни и геомеханички испитувања и се што е потребно во делот на одобрувањето на проектот, но ќе почнат да го градат фазно. Кога ќе ја комплетираат целата делница со градење тогаш со проект за употреба поднесуваат барање до Министерството за транспорт и врски за да тој пат кога ќе биде изграден биде ставен во употреба и тогаш се дава дозвола за употреба на тој автопат. Така што, не се заобиколуваат процедурите. Важно е дека наоѓаме модел со цел да овозможиме фазно да се гради секоја поодделна делница со цел да заштедиме на време.

Има критики за постапката за експропријација што ќе се применува..,

-Во однос на постапката за експропријација ние повторивме и директорката на Управата за имотноправни работи која што работи на таа законска материја, исто така информираше дека воведување во владение кое што беше како оспорено во делот на земјиштето е возможно и со денешниот закон за експропријација и тој член постои, така што во тој дел нема некоја голема измена и од тој аспект сметам дека воопшто нема некоја голема разлика, односно доусогласување на Законот за експропријација со Законот за урбанистичко планирање, бидејќи Законот за урбанистичко планирање е стожерот кога се гради одреден објект. Врз база на тој закон треба да се надоградат сите наредни закони, и Законот за градење и Законот за експропријација, Законот за земјоделско земјиште исто така, со цел да може да се усогласат терминологиите во однос на сите останати закони. Бидејќи, ние велиме дека овие проекти започнуваат со одобрување на урбанистички проект за објекти со стратешко значење. Кога ќе се одобри таков проект таа формулација и таа дефиниција мора да биде препознаена и во другите закони. Заради тоа, се прават повеќе измени во другите закони. Заради тоа велам, во делот на воведување во владение со одлука на Влада после донесено решение од страна на Управата за имотно-правни работи и денес Владата може да донесе воведување во владение на некоја градежна компанија која што работи на терен. Но, важно е да знаат граѓаните, бидејќи имаше и за тоа отворено дискусија во јавноста кој и како ќе прави проценка на нивниот имот каде што ќе се експроприра, Бирото за судски вештачења е државна институција, која што и денеска, но и утре, и на овој проект и на сите останати, прави проценка за имотот на граѓаните којшто треба да биде експроприран и овде останува релацијата помеѓу државата и граѓаните што имаат имот по трасата. Овде изведувачот е настрана од оваа постапка. Ние овде зборуваме за процедура во која што одреден граѓанин којшто има имот – земјиште на одредена траса и треба да биде експроприрано поради тоа што влегува во овие коридори од јавен интерес, тогаш Бирото за судски вештачења прави проценка на неговиот имот, потоа Управата за имотно-правни работи го повикува сопственикот на земјиштето, му ја дава понудата што ја добила од Бирото за судски вештачења за експропријација на земјиштето. Доколку се согласи сопственикот, тогаш се оди на склучување на договор и исплата на средства кон граѓанинот. Но, доколку не се согласи, тогаш постапката може да продолжи и во Управен суд за да граѓанинот докаже дека одредено земјиште чини помалку или повеќе во однос на неговиот имот. И овде постапката останува иста и ќе биде запазена целосно, така што граѓаните треба да знаат дека овде нема некои позначителни промени.

Веќе е потврдена и првата исплата за изведувачот. Колку финансии се исплатени и како ќе се одвива целата постапка за исплатите?

Во однос на исплатата, во Законот, кој е објавен веќе две години, а има и Програма за финансирање на патна инфраструктура на Коридор 8 и Коридор 10д, што ја донесе Владата и е исто така објавена во Службен весник, стои дека финансиските ресурси за спроведување на проектот се обезбедуваат од Буџетот на Македонија, преку Министерството за  транспорт и врски, во форма на трансфер до ЈПДП.

Практично ние првиот трансфер веќе го исплативме до ЈПДП, согласно Програмата  што ја има донесено Владата и е објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери. Кон ЈПДП  се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7,254 милијади денари. Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен  контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на останатите чекори и процедури  согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот.

Секој проект, кој почнува во државата, дали се работи за инфраструктурен, патишта, железници, училишта, изградба на нови објекти, секогаш се  пропишува авансна исплата, исто и за мобилизација на компанијата која ја добила работата и токму тоа во овој Договор е истото потпишано. Ние веќе влегуваме во реализација, следни се проектирањата, испитувањата на терен, мобилизација на механизација, поставување кампови. Граѓаните во наредниот период ќе се уверат во реализацијата. Убеден  сум дека ќе покажеме дека со овој модел ќе имаме подобар начин, реализација  и прогрес на изградбата на автопатските делници бидејќи граѓаните за тоа не избрале - да ги реализираме проектите што се од национално и геостратешко значење. Триесет и две години ние се уште зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата или не, 32 години зборуваме за патот кон Прилеп, 32 години зборуваме за патот кон Битола, за патот кон Охрид - Коридор 8, а се работи за значително тежок терен особено во западниот дел на државата и ние мораме да влеземе во реализација на овие проекти и прашања кои се од интерс на граѓаните.

Веќе се реализирани првите исплати, Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе тврдење дека согласно Договорот, којшто не е објавен во јавноста и се инсистира на тоа, државата веќе презела обврска за исплата на над 300 милиони евра по основ на пенали и аванс. Што е вистината од тоа?

Веќе информиравме дека имаме Закон, Договор, Програма за исплата, во која е наведено дека ќе се исплаќаат средства во транши од Министерството за транспорт и врски кон ЈПДП, а понатаму ЈПДП  го менаџира целиот проект со својот тим, надозорот и компанијата изведувач. Потврдивме дека секоја исплата што ќе ја има ќе биде објавена јавно и како што информиравме и денеска, како и претходно, а и во иднина ќе информираме,секоја наредна исплата што ќе ја има кон ЈПДП, а и понатаму од ЈПДП кон изведувачот ќе биде јавно објавена. Важно е да се сконцентрираме и фокусираме за реализација на проектот бидејќи државата, граѓаните немаат време за губење.

Нема време за  губење, но пакетот закони се заглавени во Собранието, а изведувачот е на терен со постојната законска регулатива со којашто реално побавно ќе се одвиваат работите. И тука е аргументот на опозицијата и на останатите  критичари дека ќе плаќаме пенали. 

-Пенали во договорот нема. Во законот и во Договорот и во Програмата за исплата, точно е утврдено кои се ставките кои ќе бидат исплатени, но важно е компаниите да влезат на терен да ги реализираат своите обврски што ги имаат кон државата. Доколку државата не ги смени законите, не се донесат законите во Парламентот, ние продолжуваме со работа по постојната законска регулатива. Од исклучително значење е тоа да го знаат граѓаните. Ако останеме со оваа регулатива продолжуваме со работа. Не е точно дека државата е обврзана  да менува закони. Државата,  односно Владата, Парламентот и сите институции, можат да продолжат со реализација на Договорот согласно постојната законска регулатива. Доколку се променат законите, овозможиме повеќе работа на терен и реализација на проектот согласно Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, тогаш секако можеме да се увериме дека  и побрзо ќе оди реализацијата на проектот.

Може ли да ни се повтори сценариото со Кичево – Охрид? 

Морам да истакнам дека проблемите што ги имавме од Кичево-Охрид се дијаметрално  спротивни од концепцијата на  овој проект бидејќи таму е почнат проект со реализација на техничка документација од 2002, 2003, 2004 година кога се работела, а проектот почнува да се гради во 2013, односно од почетокот на проектирање до почетокот на градбата имате 10 години. Колку измени на терен, на трасата, моежеле да се случат за 10 години? За да потоа имаше и проблеми со косините, недоволно испроектирани косини, дополнување на преоктната документација, недоволно добри истраги и потоа влегува состојбата во којашто изведувачот или државата влегува во спорови заради тоа дека има лош проект, дека треба да се репроектира, да се дополни, и тука доаѓаме до сите застои. Овде е дијаметрално спротивно заради тоа што фазата на проектирање и градење ја делегираме на компанијата која што е изведувач и таа компанија може да започне веднаш со проектирање по фази и да влезе во реализација на проектот на терен. Така што, тоа е на некој начин во реално време. Тој проектира и веднаш излегува на терен гради. И не може да се случат некакви промени од испитувањата на терен до реализацијата на целиот проект.

Како ги коментирате тврдењата на опозицијата дека  проектот ќе чини 30 проценти повеќе од првично најавеното, над две милијарди евра? 

-Не сметам дека треба да нагаѓаме колку ќе чини проектот после четири, пет или шест години во зависност од тоа по која законска регулатива ќе работиме. Сметам дека треба да го почитуваме Законот што е донесен и дека во Договорот е предвидено да се работи согласно ФИДИК правилата. Во тие ФИДИК правила е утврдено наплаќање на средства и финансии кон изведувачот по утврдени количини на терен кога ќе се излезе, така што секоја количина ископана земја, асфалт, бетонирање и секоја друга постапка која што се води, проектирање ќе биде соодветно потврдено од надзорниот орган, од  пиајуединицата во ЈПДП и потоа платена, како што практично и на секој еден друг проект тоа е процедура на одобрување на финансиски средства. Согласно тој Договор за работа, согласно Законот и согласно Програмата ќе продолжиме да работиме со цел да ги реализираме проектите коишто се од стратешко значење и интерес на граѓаните и на државата.

Кои се вашите очекувања и прогнози за комплетирање на Коридорот 8, еве како прв од коридорите што и беше промовиран? 

-Јас очекувам конечно да се зафатиме сите со работа, да почнеме да работиме. Ова е проект којшто треба да остави белег и трага за граѓаните, за државата. Ова е проект не на Владата, не на една или две или три политички партии и коалиции, ова е проект на сите граѓани. Ова е проект којшто треба да биде поддржан од сите, бидејќи еве и опозицијата повторува дека тоа е проект којшто и тие го имаат предвидено и тие даваат поддршка за реализација на инфраструктурните проекти во државата. Токму поради тоа треба да се концентрираме на работа на терен, реализација на проектот. Убеден дека граѓаните ќе го препознаат како квалитетен и добар проект. Убеден сум дека и во наредниот период државата и во иднина ќе реализира проекти на ваков начин, не проекти коишто се проектираат во деведесеттите, се градат во 2010, а завршуваат со градба во 2020 или во 2025. Тоа е нешто за кое што не сум подготвен да разговарам бидејќи кога зборуваме на пример, еве за пругата кон Бугарија, колку години се гради? Пругата кон Бугарија од деведесеттата е почната. а имаме променето повеќе од три-четири изведувачи, повеќе пати постапки и пруга се уште немаме и тоа ли е моделот за којшто треба да зборуваме. Тоа е модел којшто треба веднаш јасно и гласно да кажеме -  ова се напушта бидејќи сме имале и се покажало дека имаме проблеми во реализацијата кога се работи за проекти од стратешки и национален интерес.

Го браните новиот модел,  очекувањата на јавноста се големи, и на бизнисот и на сите, да имаме побрза реализација на капиталните проекти, но што со еден од најгорливите - автопатот Кичево – Охрид?  Имаше препроектирања, одобрувања на нови инфраструктурни проекти, анекси на Договорот во неколку наврати и се уште немаме реален исход на терен за да се вози по таа делница. Премиерот најави дека на почетокот на следната година ќе се возиме по таа делница. Како е реално сега таму? 

-Да не се повторувам во делот на разликата или на тоа што не треба да влегуваме во такви процеси со такви стари проекти коишто ќе ни направат проблем во реализацијата, како што е проектот Кичево – Охрид. Но, важно е дека ние и како Влада денеска и во изминатите неколку години, знам јас и во Министерството службите и во ЈПДП колку само координација, колку само средби со 20-ина институции имаме остварено, со цел да ги расчистиме и решиме сите прашања и проблеми. Јас денеска можам да потврдам дека сите најголеми прашања, проблеми, инфраструктурни проекти се одобрени, на терен е завршена експропријацијата која што постојано се повторуваше, се јавуваше дополнителна експропријација со истата процедура како што ќе оди и оваа со овој проект. Целата експропријација е решена. Останува фронтот за работа на изведувачите каде што реално правиме голем притисок да ја завршат својата задача, а тоа е реализација - да вклучат повеќе механизација, повеќе луѓе на терен со цел да се заврши проектот бидејќи, пак ќе повторам, тоа е од исклучително значење и за Охрид и за Струга, но и за целиот регион и тоа е дел практично од Коридорот 8. Продолжуваме со максимален ангажман за реализација на проектот и запазување на роковите кон изведувачот.

Има ли пенали за изведувачот, што предвидува Договорот ако не ги запази роковите? 

-Во однос на Кичево – Охрид таму може на крајот да се случи да имаме арбитражна постапка во која што државата и изведувачот ќе докажуваат кој каде доцнел. Дали државата со проектната документација, со одредени постапки, изведувачот со одредени процедури во делот на градењето. На крај, тоа се арбитражни куќи коишто водат постапки и носат одлуки за тоа кој каде ги пропуштил роковите и процедурите. Но, како и да е, за нас, ние, токму поради тоа формиравме единица која што во Министерството работи исклучиво за решавање на сите овие прашања. Кога дојдов во Министерството имаше 70-ина инфраструктурни проекти и сите беа одобрени, потоа продолжи постапката во имотно-правни со експропријација, така што проблемите ги расчистивме, а од друга страна за работата останува на изведувачите да го завршат својот дел.

Кога може да очекуваме возење барем по дел од таа автопатска делница? 

Рокот е 31.12.2023 и секако очекувам компаниите, градежните компании, подизведувачите на терен да го дадат својот максимум и да вклучат максимално расположлива механизација и технички персонал со цел да се влезе во завршницата на овој проект. Тоа што го гледам на терен е големо засилување на градежните работи, и на делницата од Охрид кон Аеродромот Охрид кон клучката Подмоље, кај клучката веќе се гледа завршницата. Имаме уште една клучка кај аеродромот Охрид. Понатаму, имаме продолжување на градежните работи по целата траса и кон Кичево во реално потешкиот дел од теренот. Се работи на целиот дел од трасата. Сме овозможиле услови на компаниите и секако ќе информираме за целиот прогрес на работите, а наш врвен интерес е да се заврши во рокот како што е и зацртано согласно со Законот.

Што се случува со автопатот Скопје – Блаце, со подготвителните активности за втората фаза? 

-Првата фаза се работи. Морам да потенцирам, за втората фаза имаме техничка асистенција во делот на постапката за распишување на тендер која што е при самиот крај. Очекувам на средината на оваа година, така како што зборувавме и на претходните неколку настапи и на прашања во делот на Скопје – Блаце, дека некаде до мај - јуни, средината на оваа година, треба веќе да се направат последните подготовки за распишување на тендерот за втората делница што ќе се води согласно правилата на ЕБРД. Очекувам и таму кога ќе биде избран изведувач веднаш потоа согласно процедурите на банката да се влезе и таму со работа.

Минатата недела по пауза од една година повторно стартуваше лет со субвенции од државата. На повторениот повик што го спроведовте беа одобрени вкупно пет нови авиолинии. Меѓутоа, најавивте можности и за нов повик. Не сте задоволни од исходот на последниот повик, имавте поголеми очекувања? 

-Задоволен сум од повикот којшто веќе заврши. Имавме две компании коишто се јавија на повикот. Избравме пет нови линии коишто ги информиравме дека се избрани и јас сум сосема задоволен согласно очекувањата, согласно нашите анализи дека имаме дополнително нови можности за граѓаните, дополнително нови линии и дестинации во Европа. На пример, ако ја земам дестинацијата Љубљана каде што имаме традиционални врски со Словенија, имаме многу луѓе коишто исто така студираат таму, имаме релации на граѓани од Словенија коишто имаат овде бизнис контакти во Македонија и многу граѓани досега пристапувале за повторно обновување на оваа линија и ни е драго што еве ја понудија една од компаниите. Во однос на Луфтханза компанијата не информираше дека ќе започне со оперирање на линијата Скопје – Франкфурт без субвенции така што на наредниот повик, јас информирав веќе, дека ние можеме пред крајот на оваа година да распишеме и нов повик каде што ќе повикаме нови компании дополнително или оние коишто имаат интерес да се јават на дополнителна понуда кон граѓаните на Македонија со цел да се воспостават и нови дестинации и нови линии. Отворени сме за соработка со сите компании коишто сметаат дека може да влезат на пазарот на Македонија и сум убеден дека ќе има интерес за тоа.

Новинар: Лидија Велковска Фото: Дарко Попов Видео и монтажа: Андреј Бранковиќ

The post Бочварски се колне: Граѓаните ќе се уверат дека автопатите ќе се изградат appeared first on Република.

]]>

Веќе влегуваме во реализација, следни се проектирањата, испитувањата на терен, мобилизација на механизација, поставување кампови. Граѓаните во наредниот период ќе се уверат во реализацијата, порачува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во видео интервју за МИА, во однос на изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д  со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Убеден  сум, вели министерот, дека ќе покажеме дека со овој модел ќе имаме подобар начин, реализација  и прогрес на изградбата на автопатските делници. Тој информира за првиот трансфер на средства кон Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за овој проект, истакнувајќи дека се врши согласно Програмата за финансирање на изградбата на коридорите за 2023 година усвоена од Владата. Бочварски ги отфрла тврдењата во јавноста дека ќе се исплаќаат пенали кон „Бехтел и Енка“ поради недонесените законски измени, што се заглавени во Собранието. Детално ги објаснува предложените измени на законите за урбанистичко планирање и за градење, а се осврнува и постапката за експропријација. Со Бочварски во интервјуто разговараме и за состојбата со изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Скопје-Блаце, како и за субвенциите во авиосообраќајот. Во продолжение следува интервјуто во целост со видео материјал:  По долго време се очекува старт на изградба на нови автопати. Голема вредност на проектот од 1,3 милијарди евра најмалку според досегашните сознанија, нов модел, и со изведба и со проектирање, многу реакции и критики во јавноста од старт за изборот на надзорот, околу објавата на содржината на Договорот, отворени се предмети од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, редица критики од опозицијата. Колку за Вас како ресор што е клучен за овој проект е товар ваквиот негов старт и кои се вашите очекувања? -Сакам да го истакнам најпрвин значењето на овој проект. Коридорите 8 и 10 се од стратешко значење за државата. Коридорот 10 веќе го завршивме со доведување на ниво на автопат, а моментно работиме на неколку позиции на рехабилитација на таа делница. Што се однесува до Коридорот 8 имаме сериозни отстапувања од нивото на автопатската делница на западниот дел од државата. Како држава сме се обврзале дека двата главни паневропски коридора ќе ги доведеме на ниво на поголема безбедност, на ниво на автопатски решенија, експресни делници и оти ќе успееме практично државава, од кружен тек на Балканот да ја направиме крстосница. И имајќи предвид дека 30-ина години зборуваме за патиштата, за Коридор 8, за Коридор 10 д, за сите овие проекти во дел на подобрување на инфраструктурата во државата, мораме да признаеме дека денеска се уште зборуваме за, на пример делницата Градско – Дреново – Фариш која што 20 години се најавува, се зборува дека ќе се започне да се гради, денеска се гради, но во меѓувреме имавме едно откажување на еден изведувач, второ откажување на вториот изведувач. И на Ранковце – Паланка исто така старт на градежни работи, застој, откажување на изведувачите, проблеми со проектите, одново репроектирање на делниците од страна на ЈПДП, па повторно влегување во работа, варијации во однос на проектите. Тоа значи дека тој модел покажал голем број слабости во реализацијата на проектите. Токму поради тоа, овој модел на проектирање и градба сме го дискутирале и со професори од Градежен факултет дека несомнено ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето. И за мене како министер за транспорт, и за Владата, е клучно брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во градбата на паневропските коридори. А ако сакаме да го направиме тоа час поскоро, тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба. Тоа значи  компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради. Сега се отвори второ прашање. Во нашите законски регулативи и процедури треба да се испроектира цела една делница, на пример Тетово – Гостивар па потоа да се влезе во експропријација на терен, па потоа да влезе со одобрение за градба изведувачот со работа за да потоа кога се јавуваат одредени репроектирања имаме постојано барања за дополнување на одобрението за градење, за измени во тек на градба. Тоа ја обременува целата градба на проектот. Во овој проект е предвидено фазна градба што значи дека таму каде што на одредена делница или локација имаме земјиште на Република Македонија, што е имотно-правно чисто, тогаш таму изведувачот влегува, проектира и веднаш почнува со градба. Додека го гради тој дел или таа делница, таа фаза, продолжува со проектирање, со експропријација на останатите делници и продолжува со градба и на останатите делници од, на пример, секцијата Прилеп – Битола или Тетово – Гостивар. Тоа за нас е важно за да влеземе и брзо да реализираме и градиме.  Факт е дека овој модел не е доволно познат во државата, но и тоа како има примена и во околните земји и покажува добар резултат и прогрес на терен. Токму поради тоа е донесен и Законот пред околу две години, каде што се пропишани процедури на делување и движење се до избор на изведувачот и потоа во останатите фази на реализација. Така што, сметам дека наш стратешки национален врвен интерес е час поскоро да ги изградиме паневропските коридори заради тоа што Македонија веќе нема време за губење. Две години по најавата за овој проект – потпишувањето на Меморандумот, носењето на законот, месец и половина по потпишувањето на Договорот со изведувачот, што се случува реално на терен? Почна да се применува Договорот со „Бехтел и Енка“, што прави изведувачот на терен? -Согласно Договорот, односно Законот, согласно Програмата  што ја има донесено Владата, изведувачот по стартот на реализација на договорот започнува со сите постапки на проектирање. Откако ќе заврши проектирањето на експропријација на одредени делници ќе започне испитување на теренот. Тоа се геомеханички и геотехнички испитувања на трасата, бидејќи тие се клучни испитувања за да потоа кога ќе се проектира се испроектира правилно и за да при градбата потоа немаме проблем. Многупати говорев досега, проблемот, на пример со Кичево – Охрид, е токму од слабите геомеханички испитувања, од лошиот проект, од стариот проект којшто бил направен во минатото за да денеска ни ја обременува градбата и постојано се навраќаме на дополнување на проектите и дополнителни испитувања со цел да се заврши проектот. И тоа не  чини многу време и многу пари. Денеска овој процес којшто започнува, компанијата започнува со проектирање, мобилизација, испитување на теренот, веднаш потоа ќе започне со поднесување на проектите за урбанизам, за одобрување на трасата и паралелно со тоа ќе започне со поставување на кампови за работниците, за инженерскиот персонал со што ќе се влезе и во работа на терен. Тоа е утврдено согласно Договорот и согласно таквиот Договор секоја од страните треба да продолжи да ја реализира својата обврска за да може да ги завршиме делниците час поскоро за да бидат ставени во функција за граѓаните. Колкав е тимот на „Бехтел и Енка“ што е сега на терен и на кои делници е? Дали веќе се прават првичните испитувања на сите четири предвидени делници? -Предвидено е на сите четири делници, односно Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола да се започнат истрагите, постапките, проектирањето и сите процедури веднаш, додека за делницата Требеништа – Струга – Ќафасан има уште одредени анализи коишто се прават со цел да се презентира планот на идниот проект пред Јавното претпријатие за државни патишта за да се утврди трасата. Во однос на другите делници веќе имаме појасна слика во тоа каде поминува трасата и токму поради тоа компанијата веќе може да започне со проектирање и да влезе потоа со работа. Така што, стартот на градежни работи значи и тоа - мобилизација од инженерски персонал до механизација, до работници кои ќе влезат на терен и ќе го реализираат тоа што ќе биде направено согласно проектната документација. Јас сум убеден дека по квалитетно направен проект, односно дизајн или основен проект за градење понатаму проектот на градбата ќе оди многу побрзо, поедноставно и ќе немаме проблеми при реализацијата на градежните активности. Значи, кога имаме добра техничка документација сигурен сум дека градбата ќе оди многу подобро. Добри анализи – градбата ќе тече побрзо. Доколку имаме слаби анализи на почетокот за трасата, за теренот тогаш ќе ни се јавуваат до крајот на градежните работи многу проблеми и проектот ќе трае со реализација многу подолго. Тие се веќе на терен, ги контактираат ли и нашите градежници? -Компанијата „Бехтел“, согласно Законот, има обврска да ангажира најмалку 51 процент домашни ресурси, што значи дека овде спаѓаат и човечки ресурси, но и механизација, подизведувачи коишто ќе работат на терен. Секоја од компаниите овде од Македонија која што смета дека може да одговори на задачите, на предизвикот да влезе и да работи на овие делници од коридорите 8 и 10д, може секако да влезе во разговори со компанијата „Бехтел“ со цел да се најде на пазарот во однос на овие проекти. Работиме и на многу други проекти, како Ранковце – Крива Паланка таму исто така имаме доста градежни работи. Овде е секако и делницата Градско – Дреново – Фариш каде што исто така имаме тешка механизација, превојот Плетвар го завршиме, се работи на рехабилитација на Битола – Меџитлија. Така што, домашните компании и тоа како имаат работа и се пронаоѓаат во домашните проекти во делот на градењето и на инфраструктурата. Но, ова е уште еден, најголем проект, и убеден сум дека ќе се пронајдат и ќе можат да излезат на терен да работат заедно со оваа, една од најголемите светски реномирани компании, секако да добијат и дополнително знаење и можности за понатаму да продолжат да се градат овде и надвор од државата на други проекти. Има голем оптимизам од ваша страна, меѓутоа проектот стартува со постојната законска регулатива во ситуација кога се заглавени предложените пакет-законски измени што треба да ја забрзаат целата активност и од вашиот ресор има два закона, за урбанистичко планирање и за градба коишто треба да претрпат измени во оваа насока. Што ќе значат измените, зошто се носат? -И по сегашната законска легислатива овој проект може да продолжи да се реализира, но доколку сакаме тој да заврши во пократки рокови тогаш секако дека е добро да се влезе во корекција на законите или измена и дополна на законите каде што ќе може овој проект да се работи побрзо и секако граѓаните да имаат можност многу побрзо да ги користат овие автопатски делници. Верувајте, една или една и пол година доколку заврши порано целиот проект тоа значи многу за економијата, за безбедноста во сообраќајот. Јас сакам да го отворам прашањето колку ние ќе заштедиме, на пример со безбедноста во сообраќајот, или на пример, со бројот на жртви во сообраќајот доколку една година или две години порано завршиме со реализација на овој проект. Колку ќе добиеме побезбедни патишта, тоа не се кратки или мали или незначителни делници, 110 километри автопатски делници значат многу во дел на безбедноста во сообраќајот на една земја и сметам дека за нас стратешки интерес е да ги завршиме час поскоро. За не зборувам колкави се ефектите во делот на економијата, бидејќи кога ќе ги реализираме тие проекти порано тогаш ќе можат и да се отворат – развијат нови економски капацитети во сите региони. Исто така и рамномерниот регионален развој во Битола, во Прилеп, во регионот. И јас затоа повторувам ајде да отидеме во Битола и во Прилеп или во Тетово и Гостивар, во Струга и Охрид да ги прашаме граѓаните кои им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат клучно прашање е решавањето на инфраструктурата. И ние сме ветиле и сме земале обврска и во програмите на Владата и во законските одредби дека ние инфраструктурата мораме да ја подобриме. Да не се развива и концентрира целата економија во главниот град, туку да можеме да ја дисперзираме практично целата економија. Да ги појасните законските измени. Што се менува? -Во однос на законските измени, во Законот за урбанистичко планирање практично правиме постапка за урбанистички проекти од стратешки и национален интерес каде што ќе бидат реализирани овие урбанистички проекти со пократки рокови каде што институциите коишто даваат мислења на реализацијата на ваквите коридори или на ваквите проекти и опфати каде што ќе поминува оваа инфраструктура треба побрзо да ги дадат своите мислења и побрзо да одговорат за да може да биде одобрен инфраструктурниот проект. Кога станува збор во Законот за градење, таму велиме дека најпрвин треба да биде одобрен урбанистичкиот проект којшто ја утврдува трасата. Кога ќе биде одобрен појасот каде што ќе поминува идниот автопат тогаш проектантот  и изведувачот можат да започнат со градба на поодделни делници, односно фазно градење во делницата, на пример Прилеп – Битола, и тие може да започнат на пример на 10 километри од таа делница каде што ќе имаат проект со ревизија, со сите статички документи потребни и геомеханички испитувања и се што е потребно во делот на одобрувањето на проектот, но ќе почнат да го градат фазно. Кога ќе ја комплетираат целата делница со градење тогаш со проект за употреба поднесуваат барање до Министерството за транспорт и врски за да тој пат кога ќе биде изграден биде ставен во употреба и тогаш се дава дозвола за употреба на тој автопат. Така што, не се заобиколуваат процедурите. Важно е дека наоѓаме модел со цел да овозможиме фазно да се гради секоја поодделна делница со цел да заштедиме на време. Има критики за постапката за експропријација што ќе се применува.., -Во однос на постапката за експропријација ние повторивме и директорката на Управата за имотноправни работи која што работи на таа законска материја, исто така информираше дека воведување во владение кое што беше како оспорено во делот на земјиштето е возможно и со денешниот закон за експропријација и тој член постои, така што во тој дел нема некоја голема измена и од тој аспект сметам дека воопшто нема некоја голема разлика, односно доусогласување на Законот за експропријација со Законот за урбанистичко планирање, бидејќи Законот за урбанистичко планирање е стожерот кога се гради одреден објект. Врз база на тој закон треба да се надоградат сите наредни закони, и Законот за градење и Законот за експропријација, Законот за земјоделско земјиште исто така, со цел да може да се усогласат терминологиите во однос на сите останати закони. Бидејќи, ние велиме дека овие проекти започнуваат со одобрување на урбанистички проект за објекти со стратешко значење. Кога ќе се одобри таков проект таа формулација и таа дефиниција мора да биде препознаена и во другите закони. Заради тоа, се прават повеќе измени во другите закони. Заради тоа велам, во делот на воведување во владение со одлука на Влада после донесено решение од страна на Управата за имотно-правни работи и денес Владата може да донесе воведување во владение на некоја градежна компанија која што работи на терен. Но, важно е да знаат граѓаните, бидејќи имаше и за тоа отворено дискусија во јавноста кој и како ќе прави проценка на нивниот имот каде што ќе се експроприра, Бирото за судски вештачења е државна институција, која што и денеска, но и утре, и на овој проект и на сите останати, прави проценка за имотот на граѓаните којшто треба да биде експроприран и овде останува релацијата помеѓу државата и граѓаните што имаат имот по трасата. Овде изведувачот е настрана од оваа постапка. Ние овде зборуваме за процедура во која што одреден граѓанин којшто има имот – земјиште на одредена траса и треба да биде експроприрано поради тоа што влегува во овие коридори од јавен интерес, тогаш Бирото за судски вештачења прави проценка на неговиот имот, потоа Управата за имотно-правни работи го повикува сопственикот на земјиштето, му ја дава понудата што ја добила од Бирото за судски вештачења за експропријација на земјиштето. Доколку се согласи сопственикот, тогаш се оди на склучување на договор и исплата на средства кон граѓанинот. Но, доколку не се согласи, тогаш постапката може да продолжи и во Управен суд за да граѓанинот докаже дека одредено земјиште чини помалку или повеќе во однос на неговиот имот. И овде постапката останува иста и ќе биде запазена целосно, така што граѓаните треба да знаат дека овде нема некои позначителни промени. Веќе е потврдена и првата исплата за изведувачот. Колку финансии се исплатени и како ќе се одвива целата постапка за исплатите? Во однос на исплатата, во Законот, кој е објавен веќе две години, а има и Програма за финансирање на патна инфраструктура на Коридор 8 и Коридор 10д, што ја донесе Владата и е исто така објавена во Службен весник, стои дека финансиските ресурси за спроведување на проектот се обезбедуваат од Буџетот на Македонија, преку Министерството за  транспорт и врски, во форма на трансфер до ЈПДП. Практично ние првиот трансфер веќе го исплативме до ЈПДП, согласно Програмата  што ја има донесено Владата и е објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери. Кон ЈПДП  се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7,254 милијади денари. Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен  контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на останатите чекори и процедури  согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот. Секој проект, кој почнува во државата, дали се работи за инфраструктурен, патишта, железници, училишта, изградба на нови објекти, секогаш се  пропишува авансна исплата, исто и за мобилизација на компанијата која ја добила работата и токму тоа во овој Договор е истото потпишано. Ние веќе влегуваме во реализација, следни се проектирањата, испитувањата на терен, мобилизација на механизација, поставување кампови. Граѓаните во наредниот период ќе се уверат во реализацијата. Убеден  сум дека ќе покажеме дека со овој модел ќе имаме подобар начин, реализација  и прогрес на изградбата на автопатските делници бидејќи граѓаните за тоа не избрале - да ги реализираме проектите што се од национално и геостратешко значење. Триесет и две години ние се уште зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата или не, 32 години зборуваме за патот кон Прилеп, 32 години зборуваме за патот кон Битола, за патот кон Охрид - Коридор 8, а се работи за значително тежок терен особено во западниот дел на државата и ние мораме да влеземе во реализација на овие проекти и прашања кои се од интерс на граѓаните. Веќе се реализирани првите исплати, Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе тврдење дека согласно Договорот, којшто не е објавен во јавноста и се инсистира на тоа, државата веќе презела обврска за исплата на над 300 милиони евра по основ на пенали и аванс. Што е вистината од тоа? Веќе информиравме дека имаме Закон, Договор, Програма за исплата, во која е наведено дека ќе се исплаќаат средства во транши од Министерството за транспорт и врски кон ЈПДП, а понатаму ЈПДП  го менаџира целиот проект со својот тим, надозорот и компанијата изведувач. Потврдивме дека секоја исплата што ќе ја има ќе биде објавена јавно и како што информиравме и денеска, како и претходно, а и во иднина ќе информираме,секоја наредна исплата што ќе ја има кон ЈПДП, а и понатаму од ЈПДП кон изведувачот ќе биде јавно објавена. Важно е да се сконцентрираме и фокусираме за реализација на проектот бидејќи државата, граѓаните немаат време за губење. Нема време за  губење, но пакетот закони се заглавени во Собранието, а изведувачот е на терен со постојната законска регулатива со којашто реално побавно ќе се одвиваат работите. И тука е аргументот на опозицијата и на останатите  критичари дека ќе плаќаме пенали.  -Пенали во договорот нема. Во законот и во Договорот и во Програмата за исплата, точно е утврдено кои се ставките кои ќе бидат исплатени, но важно е компаниите да влезат на терен да ги реализираат своите обврски што ги имаат кон државата. Доколку државата не ги смени законите, не се донесат законите во Парламентот, ние продолжуваме со работа по постојната законска регулатива. Од исклучително значење е тоа да го знаат граѓаните. Ако останеме со оваа регулатива продолжуваме со работа. Не е точно дека државата е обврзана  да менува закони. Државата,  односно Владата, Парламентот и сите институции, можат да продолжат со реализација на Договорот согласно постојната законска регулатива. Доколку се променат законите, овозможиме повеќе работа на терен и реализација на проектот согласно Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, тогаш секако можеме да се увериме дека  и побрзо ќе оди реализацијата на проектот. Може ли да ни се повтори сценариото со Кичево – Охрид?  Морам да истакнам дека проблемите што ги имавме од Кичево-Охрид се дијаметрално  спротивни од концепцијата на  овој проект бидејќи таму е почнат проект со реализација на техничка документација од 2002, 2003, 2004 година кога се работела, а проектот почнува да се гради во 2013, односно од почетокот на проектирање до почетокот на градбата имате 10 години. Колку измени на терен, на трасата, моежеле да се случат за 10 години? За да потоа имаше и проблеми со косините, недоволно испроектирани косини, дополнување на преоктната документација, недоволно добри истраги и потоа влегува состојбата во којашто изведувачот или државата влегува во спорови заради тоа дека има лош проект, дека треба да се репроектира, да се дополни, и тука доаѓаме до сите застои. Овде е дијаметрално спротивно заради тоа што фазата на проектирање и градење ја делегираме на компанијата која што е изведувач и таа компанија може да започне веднаш со проектирање по фази и да влезе во реализација на проектот на терен. Така што, тоа е на некој начин во реално време. Тој проектира и веднаш излегува на терен гради. И не може да се случат некакви промени од испитувањата на терен до реализацијата на целиот проект. Како ги коментирате тврдењата на опозицијата дека  проектот ќе чини 30 проценти повеќе од првично најавеното, над две милијарди евра?  -Не сметам дека треба да нагаѓаме колку ќе чини проектот после четири, пет или шест години во зависност од тоа по која законска регулатива ќе работиме. Сметам дека треба да го почитуваме Законот што е донесен и дека во Договорот е предвидено да се работи согласно ФИДИК правилата. Во тие ФИДИК правила е утврдено наплаќање на средства и финансии кон изведувачот по утврдени количини на терен кога ќе се излезе, така што секоја количина ископана земја, асфалт, бетонирање и секоја друга постапка која што се води, проектирање ќе биде соодветно потврдено од надзорниот орган, од  пиајуединицата во ЈПДП и потоа платена, како што практично и на секој еден друг проект тоа е процедура на одобрување на финансиски средства. Согласно тој Договор за работа, согласно Законот и согласно Програмата ќе продолжиме да работиме со цел да ги реализираме проектите коишто се од стратешко значење и интерес на граѓаните и на државата. Кои се вашите очекувања и прогнози за комплетирање на Коридорот 8, еве како прв од коридорите што и беше промовиран?  -Јас очекувам конечно да се зафатиме сите со работа, да почнеме да работиме. Ова е проект којшто треба да остави белег и трага за граѓаните, за државата. Ова е проект не на Владата, не на една или две или три политички партии и коалиции, ова е проект на сите граѓани. Ова е проект којшто треба да биде поддржан од сите, бидејќи еве и опозицијата повторува дека тоа е проект којшто и тие го имаат предвидено и тие даваат поддршка за реализација на инфраструктурните проекти во државата. Токму поради тоа треба да се концентрираме на работа на терен, реализација на проектот. Убеден дека граѓаните ќе го препознаат како квалитетен и добар проект. Убеден сум дека и во наредниот период државата и во иднина ќе реализира проекти на ваков начин, не проекти коишто се проектираат во деведесеттите, се градат во 2010, а завршуваат со градба во 2020 или во 2025. Тоа е нешто за кое што не сум подготвен да разговарам бидејќи кога зборуваме на пример, еве за пругата кон Бугарија, колку години се гради? Пругата кон Бугарија од деведесеттата е почната. а имаме променето повеќе од три-четири изведувачи, повеќе пати постапки и пруга се уште немаме и тоа ли е моделот за којшто треба да зборуваме. Тоа е модел којшто треба веднаш јасно и гласно да кажеме -  ова се напушта бидејќи сме имале и се покажало дека имаме проблеми во реализацијата кога се работи за проекти од стратешки и национален интерес. Го браните новиот модел,  очекувањата на јавноста се големи, и на бизнисот и на сите, да имаме побрза реализација на капиталните проекти, но што со еден од најгорливите - автопатот Кичево – Охрид?  Имаше препроектирања, одобрувања на нови инфраструктурни проекти, анекси на Договорот во неколку наврати и се уште немаме реален исход на терен за да се вози по таа делница. Премиерот најави дека на почетокот на следната година ќе се возиме по таа делница. Како е реално сега таму?  -Да не се повторувам во делот на разликата или на тоа што не треба да влегуваме во такви процеси со такви стари проекти коишто ќе ни направат проблем во реализацијата, како што е проектот Кичево – Охрид. Но, важно е дека ние и како Влада денеска и во изминатите неколку години, знам јас и во Министерството службите и во ЈПДП колку само координација, колку само средби со 20-ина институции имаме остварено, со цел да ги расчистиме и решиме сите прашања и проблеми. Јас денеска можам да потврдам дека сите најголеми прашања, проблеми, инфраструктурни проекти се одобрени, на терен е завршена експропријацијата која што постојано се повторуваше, се јавуваше дополнителна експропријација со истата процедура како што ќе оди и оваа со овој проект. Целата експропријација е решена. Останува фронтот за работа на изведувачите каде што реално правиме голем притисок да ја завршат својата задача, а тоа е реализација - да вклучат повеќе механизација, повеќе луѓе на терен со цел да се заврши проектот бидејќи, пак ќе повторам, тоа е од исклучително значење и за Охрид и за Струга, но и за целиот регион и тоа е дел практично од Коридорот 8. Продолжуваме со максимален ангажман за реализација на проектот и запазување на роковите кон изведувачот. Има ли пенали за изведувачот, што предвидува Договорот ако не ги запази роковите?  -Во однос на Кичево – Охрид таму може на крајот да се случи да имаме арбитражна постапка во која што државата и изведувачот ќе докажуваат кој каде доцнел. Дали државата со проектната документација, со одредени постапки, изведувачот со одредени процедури во делот на градењето. На крај, тоа се арбитражни куќи коишто водат постапки и носат одлуки за тоа кој каде ги пропуштил роковите и процедурите. Но, како и да е, за нас, ние, токму поради тоа формиравме единица која што во Министерството работи исклучиво за решавање на сите овие прашања. Кога дојдов во Министерството имаше 70-ина инфраструктурни проекти и сите беа одобрени, потоа продолжи постапката во имотно-правни со експропријација, така што проблемите ги расчистивме, а од друга страна за работата останува на изведувачите да го завршат својот дел. Кога може да очекуваме возење барем по дел од таа автопатска делница?  Рокот е 31.12.2023 и секако очекувам компаниите, градежните компании, подизведувачите на терен да го дадат својот максимум и да вклучат максимално расположлива механизација и технички персонал со цел да се влезе во завршницата на овој проект. Тоа што го гледам на терен е големо засилување на градежните работи, и на делницата од Охрид кон Аеродромот Охрид кон клучката Подмоље, кај клучката веќе се гледа завршницата. Имаме уште една клучка кај аеродромот Охрид. Понатаму, имаме продолжување на градежните работи по целата траса и кон Кичево во реално потешкиот дел од теренот. Се работи на целиот дел од трасата. Сме овозможиле услови на компаниите и секако ќе информираме за целиот прогрес на работите, а наш врвен интерес е да се заврши во рокот како што е и зацртано согласно со Законот. Што се случува со автопатот Скопје – Блаце, со подготвителните активности за втората фаза?  -Првата фаза се работи. Морам да потенцирам, за втората фаза имаме техничка асистенција во делот на постапката за распишување на тендер која што е при самиот крај. Очекувам на средината на оваа година, така како што зборувавме и на претходните неколку настапи и на прашања во делот на Скопје – Блаце, дека некаде до мај - јуни, средината на оваа година, треба веќе да се направат последните подготовки за распишување на тендерот за втората делница што ќе се води согласно правилата на ЕБРД. Очекувам и таму кога ќе биде избран изведувач веднаш потоа согласно процедурите на банката да се влезе и таму со работа. Минатата недела по пауза од една година повторно стартуваше лет со субвенции од државата. На повторениот повик што го спроведовте беа одобрени вкупно пет нови авиолинии. Меѓутоа, најавивте можности и за нов повик. Не сте задоволни од исходот на последниот повик, имавте поголеми очекувања?  -Задоволен сум од повикот којшто веќе заврши. Имавме две компании коишто се јавија на повикот. Избравме пет нови линии коишто ги информиравме дека се избрани и јас сум сосема задоволен согласно очекувањата, согласно нашите анализи дека имаме дополнително нови можности за граѓаните, дополнително нови линии и дестинации во Европа. На пример, ако ја земам дестинацијата Љубљана каде што имаме традиционални врски со Словенија, имаме многу луѓе коишто исто така студираат таму, имаме релации на граѓани од Словенија коишто имаат овде бизнис контакти во Македонија и многу граѓани досега пристапувале за повторно обновување на оваа линија и ни е драго што еве ја понудија една од компаниите. Во однос на Луфтханза компанијата не информираше дека ќе започне со оперирање на линијата Скопје – Франкфурт без субвенции така што на наредниот повик, јас информирав веќе, дека ние можеме пред крајот на оваа година да распишеме и нов повик каде што ќе повикаме нови компании дополнително или оние коишто имаат интерес да се јават на дополнителна понуда кон граѓаните на Македонија со цел да се воспостават и нови дестинации и нови линии. Отворени сме за соработка со сите компании коишто сметаат дека може да влезат на пазарот на Македонија и сум убеден дека ќе има интерес за тоа. Новинар: Лидија Велковска Фото: Дарко Попов Видео и монтажа: Андреј Бранковиќ

The post Бочварски се колне: Граѓаните ќе се уверат дека автопатите ќе се изградат appeared first on Република.

]]>
Уплатени првите 117 милиони евра наменети за „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uplateni-prvite-117-milioni-evra-nameneti-za-behtel-i-enka/ Fri, 28 Apr 2023 15:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=635081

Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери, истакнува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

Кон ЈПДП, информира министерот, се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7,254 милијади денари.

Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на останатите чекори и процедури согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот, вели Бочварски во видео интервју што МИА ќе го објави утре.

Владата ја донесе Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година на седница на 23 март, по што беше објавена во Службен весник. Во Програмата, меѓу останатото, е наведено дека средства во износ од 7.254.000.000 денари (117.000.000 евра) се исплаќаат во две транши и се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: делница 1 (Тетово – Гостивар), делница 2 (Гостивар – Букојчани), делница 3, (Требениште – Струга – Ќафасан) и делница 4 (Прилеп – Битола). Средствата од првата транша која изнесува 5.390.000.000 денари (87.000.000 евра) и од втората транша во износ од 1.864.000.000 денари (30.000.000 евра) се исплаќаат согласно член 14.7 од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д.

The post Уплатени првите 117 милиони евра наменети за „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Првиот трансфер веќе го исплативме до Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), согласно Програмата што е донесена од Владата и објавена во Службен весник. Тоа не е тајна и не е нешто што се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи и тоа може да се провери, истакнува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА. Кон ЈПДП, информира министерот, се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7,254 милијади денари.
Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен контакт и комуникација со компанијата „Бехтел“ во реализација на останатите чекори и процедури согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот, вели Бочварски во видео интервју што МИА ќе го објави утре.
Владата ја донесе Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година на седница на 23 март, по што беше објавена во Службен весник. Во Програмата, меѓу останатото, е наведено дека средства во износ од 7.254.000.000 денари (117.000.000 евра) се исплаќаат во две транши и се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: делница 1 (Тетово – Гостивар), делница 2 (Гостивар – Букојчани), делница 3, (Требениште – Струга – Ќафасан) и делница 4 (Прилеп – Битола). Средствата од првата транша која изнесува 5.390.000.000 денари (87.000.000 евра) и од втората транша во износ од 1.864.000.000 денари (30.000.000 евра) се исплаќаат согласно член 14.7 од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д.

The post Уплатени првите 117 милиони евра наменети за „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Бочварски се сретна со ССМ, ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-se-sretna-so-ssm-gi-kazhal-planovite-za-izmenite-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ Wed, 12 Apr 2023 10:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=630107

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски оствари работна средба со претставниците на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здруженито на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите.

На средбата се разговарало за пакетот законски измени кои се опфатени за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, посебно во делот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски, односно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Бочварски го потенцирал проектот за доизградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д како „најзначаен инфраструктурен капитален проект со стратешко значење, на кој се посветува огромно внимание и посочи дека претставува огромна можност домашната градежната оператива да биде вклучена во неговата реализација“.

Министерот побара целосна поддршка од градежните комори се со цел брза, навремена и ефикасна изградба на автопатските делници на споменатите коридори, се наведува во соопштението.

Од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите истакнале дека „ги препознаваат предностите на измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и Законот за експропријација, со можност постапките да се применуваат и врз другите капитални проекти“.

На средбата се отворило и прашањето за Законот за работни односи и неговата примена во проектот за изградба на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, при што се разгледале неколку опции и Министерството и ССМ се согласиле на нова средба со конкретни предлози по празниците.

The post Бочварски се сретна со ССМ, ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски оствари работна средба со претставниците на Сојуз на синдикати на Македонија и претставници од Здруженито на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите. На средбата се разговарало за пакетот законски измени кои се опфатени за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, посебно во делот на надлежностите на Министерството за транспорт и врски, односно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Бочварски го потенцирал проектот за доизградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-Д како „најзначаен инфраструктурен капитален проект со стратешко значење, на кој се посветува огромно внимание и посочи дека претставува огромна можност домашната градежната оператива да биде вклучена во неговата реализација“.
Министерот побара целосна поддршка од градежните комори се со цел брза, навремена и ефикасна изградба на автопатските делници на споменатите коридори, се наведува во соопштението.
Од Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите истакнале дека „ги препознаваат предностите на измените на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, како и Законот за експропријација, со можност постапките да се применуваат и врз другите капитални проекти“. На средбата се отворило и прашањето за Законот за работни односи и неговата примена во проектот за изградба на автопатските делници на Коридорите 8 и 10, при што се разгледале неколку опции и Министерството и ССМ се согласиле на нова средба со конкретни предлози по празниците.

The post Бочварски се сретна со ССМ, ги кажал плановите за измените на Законот за работни односи appeared first on Република.

]]>
Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-za-initsijativata-za-konfiskatsija-na-gerasimovski-dobra-e-no-treba-da-se-doraboti/ Tue, 11 Apr 2023 06:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=629469

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот.

Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти.

Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.

Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.

Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.

Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на која му ја презентираше Иницијативата за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти. Оваа иницијатива доби целосна поддршка од Управниот одбор на ЗЕЛС, а истата минатата недела му ја претставив и на министерот за правда, Кренар Лога, од каде исто доби недвосмислена поддршка. Наместо да се занимаваме со развој на општината, ние треба да рушиме објекти, за чие рушење општината нема доволно средства. Намерата на оваа иницијатива е да се интервенвира во два закони: Закон за постапување на бесправни објекти и Законот за управување со конфискуван имот. Градоначалникот Герасимовски на министерот Бочварски му ја претстави и ситуацијата со решавањето на нелегалните објекти во Албанија, особено во крајбрежјето, за што во тој случај е формирано Национално тело – инспекторат, со надлежности за рушење и конфискација на нелегално изградените објекти. Според министерот Бочварски, клучни се три моменти, односно зајакнување на инспекциските служби, зголемување на казните за бесправно градење како и ангажирањето на приватни правни лица, кои ќе делуваат како надворешни инспектори, под договор со општините.
Одземањето на објектите сметам дека нема целосно да го реши проблемот. Но застанувам позади иницијативата и сметам дека е добро да се отвори широка дискусија на оваа тема. Според мене, иницијативата е добра, но треба да се доработи во одредени делови. Клучно е да се зајакнат инспекциските служби, да се интервенира во Законот за градежно земјиште со зголемување на глобите и ангажирање на надворешни компании кои би им помагале на општинските служби во справувањето со објектите од втора категорија, вели Бочварски, додавајќи дека еднаш мора да се каже „стоп“ на нелегалното градење.
Градоначалникот Герасимовски со министерот Бочварски ја дискутираа и иницијативата 70/30, со која во постоечкиот Закон за градежно земјиште доколку некој поседува 30% од земјиштето, да може да ја дооформи парцелата со останатите 70%.
Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%. Оваа иницијатива минатата година ја доставив до ЗЕЛС од каде доби едногласна поддршка и веќе е доставена на разгледување во Министерството за транспорт и врски, од каде наскоро очекуваме и конкретен одговор и чекори за понатамошно делување“, порача Герасимовски.

The post Бочварски за иницијативата за конфискација на Герасимовски: Добра е, но треба да се доработи appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Општина Охрид е незаинтересирана да даде дополнителни аргументи за поништување на одобрението за градење објект на Лагадин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-opshtina-ohrid-e-nezainteresirana-da-dade-dopolnitelni-argumenti-za-ponishtuvane-na-odobrenieto-za-gradene-objekt-na-lagadin/ Fri, 10 Mar 2023 16:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=618249

Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење на објектот во Лагадин, затоа според пресудата на Управниот суд и укажавме на Општина Охрид по кој било друг основ да ја разгледа постапката за одобрението за градење и прибавената документација и да донесе решение за ништовност, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Министерството.

Бочварски, образложувајќи ги сите постапки што се воделе од 2016 година, истакна дека тоа е процес и постапка што се водела во Општина Охрид за објект од втора категорија која е во ингеренции и надлежност на Општината.

Во 2017 година Општина Охрид на инвеститорот му издава одобрение за градење за изградба на објект на Лагадин. Во 2017 година, Општина Охрид го прогласува за ништовно одобрението што сама го издала. Инвеститорот во неколку наврати поднесува жалба до Министерството. Во 2019 година Министерството ја одбива жалбата на инвеститорот и го потврдува решението на Охрид со што и двете институции се на иста линија во однос на предметот. Во 2019 година инвеститорот поведува управен спор и тужба на Управен суд против Министерството и Општина Охрид. На 7 ноември 2019 година, Управниот суд донесе пресуда против решението на Министерството и Општината со што го задолжува Министерството да го врати предметот во Општина Охрид која треба да постапи по пресудата на Судот, изјави Бочварски.

Како пто додаде тој, во 2020 година, пак, Општина Охрид донела ново решение за поништување на одобрението за градба и Министерството и тогаш повторно ја потврдило одлуката на градоначалникот. Против ова решение во 2020 година инвеститорот повторно повел управен спор пред Управен суд против Министерството и Општината. Во 2022 година Управниот суд донел пресуда од 10 страни со детални насоки дека по донесените докази од Општина Охрид одобрението не може да биде прогласено за ништовно.

Во истата предудата Управниот суд како највисок орган го задолжува Министерството да постапи мериторно и дава можност на Општина Охрид да ја разгледа повторно постапката за давање одобрение за градење и доколку има друг основ да го прогласи за ништовно одобрението за градење по друг основ не по овој по кој е прогласено во 2017 година. Овде јасно се гледа незаинтересираност на Општината да го разработи детално целиот предмет, да додаде дополнителни аргументи за поништувањето на одобрението, туку напротив само го потврдува претходното спротивно насоките од Управниот суд, нагласи Бочварски.

Во Министерството влегла и управна инспекција и со решение ги опоменала и министерот и Министерството задолжително да донесат мериторна одлука по насоките на Управниот суд.

Министерството после задолжението од Судот и управната инспекција носи решение со кое на Општината и укажува дека по тој основ не може да го поништи решението за градење согласно насоките од двете институции кои се над нас, изјави Бочварски.

Тој посочи дека комисијата за УНЕСКО дава препорака на Општината да го преиспита целосно одобрението за градење во делот на целата постапка и се уште, како што нагласи, не е јасно зашто тоа не го прави Општина Охрид по шест години од издавањето одобрение за градење и не сака да ја разгледа целата постапка.

Нема да дозволам ниту јас ниту Министерството, ниту Владата да бидеме оправдание за погрешните одлуки и политики на Општината со кои во 2016 година донеле одлука за правосилно одобрение за градење, а во наредните години бараат тоа решение да биде поништено. Јавно го повикувам градоначаликот дека нема потреба од манипулација или двојни игри, може да го отвори повторно предметот на разгледување во Општина Охрид нешто што од него го побара и Комисијата за УНЕСКО. И тоа може да го направи по сите основи само не по овој. Доколку не знае како, Министерството стои на располагање да помогне во понатамошните постапки со цел да дојде правдата во однос на овој објекти или за секој друг објект, заклучи Бочварски.

The post Бочварски: Општина Охрид е незаинтересирана да даде дополнителни аргументи за поништување на одобрението за градење објект на Лагадин appeared first on Република.

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан, ветува Бочварски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-esen-ke-zavrshi-rekonstruktsijata-na-patot-struga-kafasan-vetuva-bochvarski/ Wed, 22 Feb 2023 14:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=611964

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Струга - Ќафасан.

Рехабилитацијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се реализира во должина од 19,3 километри, на потег од кружниот тек Подмоље до граничниот премин Ќафасан.

Според информацијата, предвидена е целосна рехабилитација на патниот правец со поставувње нов асфалт, инвестиција вредна осум милиони евра.

Патниот правец Струга - Ќафасан, според министерот Бочварски, е многу значен, бидејќи не поврзува со Република Албанија и е дел од Коридорот 8.

Со средства од ЈП за државни патишта го рехабилитираме за да овозможиме квалитетна патна врска за граѓаните на Струга, Охрид, Дебар и пред се поради регионалното поврзување. Имаме обврска да создадеме квалитетна патна мрежа низ државата и оваа година имаме силна инвестициона активност за да го постигнеме тоа. Овој патен правец е дел од нашите инвестициони планови и до есен планираме да биде завршен, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Рустеми оцени дека досега се реализирани над 20 отсто од градежните работи.

Со проектот предвидено е целосно рехабилитирање на патот до граничен премин Ќафасан. Патот е со две ленти од 3,5 метри, а планирано е да се постават и нови банкини. Предвидено е да се рехабилитираат и три мостови на патниот правец. Со рехабилитацијата ќе ја подигнеме безбедноста во сообраќајот на оваа делница. Очекувам до октомври патот целосно да го рехабилитираме, рече Рустеми.

Реконструкцијата на овој патен правец за градоначалникот на Струга, е од огромно значење заради регионалното поврзување, развој на економијата и локалниот развој на регионот.

The post До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан, ветува Бочварски appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Струга - Ќафасан. Рехабилитацијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се реализира во должина од 19,3 километри, на потег од кружниот тек Подмоље до граничниот премин Ќафасан. Според информацијата, предвидена е целосна рехабилитација на патниот правец со поставувње нов асфалт, инвестиција вредна осум милиони евра. Патниот правец Струга - Ќафасан, според министерот Бочварски, е многу значен, бидејќи не поврзува со Република Албанија и е дел од Коридорот 8.
Со средства од ЈП за државни патишта го рехабилитираме за да овозможиме квалитетна патна врска за граѓаните на Струга, Охрид, Дебар и пред се поради регионалното поврзување. Имаме обврска да создадеме квалитетна патна мрежа низ државата и оваа година имаме силна инвестициона активност за да го постигнеме тоа. Овој патен правец е дел од нашите инвестициони планови и до есен планираме да биде завршен, изјави Бочварски.
Директорот на ЈП за државни патишта Рустеми оцени дека досега се реализирани над 20 отсто од градежните работи.
Со проектот предвидено е целосно рехабилитирање на патот до граничен премин Ќафасан. Патот е со две ленти од 3,5 метри, а планирано е да се постават и нови банкини. Предвидено е да се рехабилитираат и три мостови на патниот правец. Со рехабилитацијата ќе ја подигнеме безбедноста во сообраќајот на оваа делница. Очекувам до октомври патот целосно да го рехабилитираме, рече Рустеми.
Реконструкцијата на овој патен правец за градоначалникот на Струга, е од огромно значење заради регионалното поврзување, развој на економијата и локалниот развој на регионот.

The post До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан, ветува Бочварски appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-kompletna-rekonstruktsija-na-prugata-nogaevtsi-negotino/ Fri, 10 Feb 2023 14:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=607434

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино.

Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен.

Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.

Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

[caption id="attachment_607437" align="alignnone" width="640"] (фото: Министерство за транспорт и врски)[/caption]

Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.

Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10, изјави Хари Локвенец.

Директорот Локвенец додаде дека јавното претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

The post Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино appeared first on Република.

]]>

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино. Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен. Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.
Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.
[caption id="attachment_607437" align="alignnone" width="640"] (фото: Министерство за транспорт и врски)[/caption] Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.
Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10, изјави Хари Локвенец.
Директорот Локвенец додаде дека јавното претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

The post Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино appeared first on Република.

]]>
И таткото на министерот Бочварски отвори фирма за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-tatkoto-na-ministerot-bochvarski-otvori-firma-za-struja/ Wed, 01 Feb 2023 11:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=603339

Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk.

Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.

Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија.

Според faktor.mk, doсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции.

Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети.

Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

The post И таткото на министерот Бочварски отвори фирма за струја appeared first on Република.

]]>

Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија Техно Енерџи, објави faktor.mk. Според податоците во централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски. Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари. Регистрирана е на 26-ти јануари, а дејност и е производство на електрична енергија. Според faktor.mk, doсега единствената фирма на таткото Бочварски која беше позната во јавноста е Де Лукс Доо, споменувана во критиките на опозицијата дека учествува на јавни набавки додека синот Бочварски извршува функции. Како сопственици на енергетски фирми во изминатите неколку месеци се појавија многу блиски роднини на актуелни или поранешни владеачки функционери. Енерегетски компании за производство на струја отворија синот на екс премиерот Зоран Заев, се откри дека сопругата на актуелниот премиер Димитар Ковачевски има удел во енергетска компанија формирана неколку недели по неговото назначување за заменик министер за финансии, а на крајот на минатата година своја фирма отвори и синот на Али Ахмети. Трендот го продолжи таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.  

The post И таткото на министерот Бочварски отвори фирма за струја appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Ќе се гради патот до Луковица, обезбедивме 15 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ke-se-gradi-patot-do-lukovitsa-obezbedivme-15-milioni-denari/ Thu, 05 Jan 2023 19:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=594007

Благој Бочварски  денеска оствари работна посета на општина Желино, каде се сретна со градоначалникот Бљерим Сејди и со жителите од н.м. Луковица.Toj вети дека ќе се гради патот до Луковица, за штообезбедиле 15 милиони денари.

The post Бочварски: Ќе се гради патот до Луковица, обезбедивме 15 милиони денари appeared first on Република.