благодатен оган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagodaten-ogan/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Apr 2023 19:34:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благодатен оган Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blagodaten-ogan/ 32 32 Ковачевски го пречека Благодатниот оган https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-precheka-blagodatniot-ogan/ Sat, 15 Apr 2023 19:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=631168

Претседателот на Владата  Димитар Ковачевски и свечена делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје, со присуство на претставници на почесната гарда на Армијата на Република Македонија, ги пречекаа државната и црковната делегација, кои од Ерусалим го пренесоа Благодатниот оган во Скопје.

Оваа година, за прв пат, државна делегација на Република Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, присуствуваа на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, без да бидат дел од делегација на друга држава. Благодатниот оган го преземаа лично претставниците на македонската државна и црковната делегација од Ерусалимскиот патријарх и го донесоа во земјава, како благослов за македонскиот православен народ и за нашата помесна православна црква, МПЦ-ОА.

The post Ковачевски го пречека Благодатниот оган appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата  Димитар Ковачевски и свечена делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје, со присуство на претставници на почесната гарда на Армијата на Република Македонија, ги пречекаа државната и црковната делегација, кои од Ерусалим го пренесоа Благодатниот оган во Скопје.
Оваа година, за прв пат, државна делегација на Република Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, присуствуваа на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, без да бидат дел од делегација на друга држава. Благодатниот оган го преземаа лично претставниците на македонската државна и црковната делегација од Ерусалимскиот патријарх и го донесоа во земјава, како благослов за македонскиот православен народ и за нашата помесна православна црква, МПЦ-ОА.

The post Ковачевски го пречека Благодатниот оган appeared first on Република.

]]>
Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-go-prezede-blagodatniot-ogan-vo-erusalim/ Sat, 15 Apr 2023 14:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=631055

Државната делегација на Република Македонија и црковната делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Свет Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа Оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА.

На церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел, соопштија денеска од владината прес-служба, присуствувале голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно со другите делегации, и претставници на македонската државна и македонска црковна делегација.

Целта на упатувањето на делегациите во Ерусалим е чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, коешто се случува секоја година за време на посебната православна служба на Велика Сабота на пладне, во Базиликата на Светиот Гроб, во пресрет на полноќното исчекување на објавата за Христовото Воскресение. И покрај оградата на науката, поради натприродниот карактер на појавата, со векови, присутните сведочат за доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, што го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали снопови со свеќи, од коишто понатаму им го дели Огнот на присутните верници, кои го очекуваат, стои во соопштението од владината прес-служба.

Церемонијата на преземање на Благодатниот оган е посветена на празнување на Светата светлина, што се смета за величествен момент што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто присуствуваат христијани од целиот свет.

Македонската државна и црковна делегација по завршување на свечената церемонија се враќа во Скопје, пренесувајќи го Благодатниот оган од Ерусалим во фенер.

Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во нејзин состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски.

На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација со почести треба да ја пречека претседателот на Владата Димитар Ковачевски и црковна делегација од МПЦ-ОА.

The post Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим appeared first on Република.

]]>

Државната делегација на Република Македонија и црковната делегација на Македонската православна црква – Охридска Архипеископија присуствуваа на појавувањето на Благодатниот оган во базиликата Свет Гроб во Ерусалим, а потоа и лично презедоа Оган од Ерусалимскиот патријарх, како благослов за верниците во нашата држава и нашата православна црква, МПЦ-ОА. На церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел, соопштија денеска од владината прес-служба, присуствувале голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно со другите делегации, и претставници на македонската државна и македонска црковна делегација. Целта на упатувањето на делегациите во Ерусалим е чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, коешто се случува секоја година за време на посебната православна служба на Велика Сабота на пладне, во Базиликата на Светиот Гроб, во пресрет на полноќното исчекување на објавата за Христовото Воскресение. И покрај оградата на науката, поради натприродниот карактер на појавата, со векови, присутните сведочат за доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, што го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали снопови со свеќи, од коишто понатаму им го дели Огнот на присутните верници, кои го очекуваат, стои во соопштението од владината прес-служба. Церемонијата на преземање на Благодатниот оган е посветена на празнување на Светата светлина, што се смета за величествен момент што ги поврзува верниците ширум светот со светлината на Исус Христос, а се случува во Ерусалим речиси 2.000 години, на којшто присуствуваат христијани од целиот свет. Македонската државна и црковна делегација по завршување на свечената церемонија се враќа во Скопје, пренесувајќи го Благодатниот оган од Ерусалим во фенер. Државната делегација во Ерусалим ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во нејзин состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Во црковната делегација се повеќемина свештени лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф Тодоровски. На Меѓународниот аеродром Скопје, државната и црковната делегација со почести треба да ја пречека претседателот на Владата Димитар Ковачевски и црковна делегација од МПЦ-ОА.

The post Македонската државна и црковна делегација го презеде Благодатниот оган во Ерусалим appeared first on Република.

]]>
Државна и црковна делегација во посета на Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavna-i-tsrkovna-delegatsija-vo-poseta-na-erusalim-na-prezemaneto-na-blagodatniot-ogan-vo-bazilikata-na-svetiot-grob/ Sat, 15 Apr 2023 07:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=630949

Државна и црковна делегација од Република Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.

Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, соопштија од владината – прес-служба, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.

The post Државна и црковна делегација во посета на Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб appeared first on Република.

]]>

Државна и црковна делегација од Република Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, денеска ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел. Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, соопштија од владината – прес-служба, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТВ.

The post Државна и црковна делегација во посета на Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб appeared first on Република.

]]>
Илиевски: Според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-spored-zitieto-na-botovite-ispagja-deka-sdsm-go-donele-ognot-vo-makedonija/ Tue, 26 Apr 2022 08:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=493654

Според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија, вели Богдан Илиевски споделувајќи твитер пофалби за тоа што генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ со авион го донесе благодетниот оган од Израел.

1. Синдикатот и наставниците преку штрајк со жестоки притисоци, подметнувања и обиди за угушување, едвај се изборија за колку толку повисоки плати - овие сакаат да им ги земат ловориките, газди се прават (на ден кога 900 МИЉОНА бараат од ММФ за да имаме за блескање) 🙂
2. Го летал огнот од Ерусалим со авион Миле Зечевиќ, според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија :))) Абе абе абеееееее :)))
Ти пропадаш, ти пропадаш, јер се дрогираш.мп3

The post Илиевски: Според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија appeared first on Република.

]]>

Според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија, вели Богдан Илиевски споделувајќи твитер пофалби за тоа што генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ со авион го донесе благодетниот оган од Израел.
1. Синдикатот и наставниците преку штрајк со жестоки притисоци, подметнувања и обиди за угушување, едвај се изборија за колку толку повисоки плати - овие сакаат да им ги земат ловориките, газди се прават (на ден кога 900 МИЉОНА бараат од ММФ за да имаме за блескање) 🙂 2. Го летал огнот од Ерусалим со авион Миле Зечевиќ, според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија :))) Абе абе абеееееее :))) Ти пропадаш, ти пропадаш, јер се дрогираш.мп3

The post Илиевски: Според житието на ботовите испаѓа дека СДСМ го донеле огнот во Македонија appeared first on Република.

]]>