благо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blago/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 16:07:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blago/ 32 32 Како да ви се јаде помалку благо? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-vi-se-jade-pomalku-blago/ Sun, 04 Aug 2024 16:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=802942

Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение... Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците.

Според науката, јагленохидратите влијаат на „хормоните на среќата“ - ендорфин и допамин, но само кусо време. Енергијата што ја даваат слатките, бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“. И, тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина.

Постојат намирници што може да го прекинат тој „круг“ - производите со протеини. Тие помагаат да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта и да се намали желбата за шеќер и јаглехидрати.

Тоа значи: Повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистката Лили Саутер.

Исто така, и лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јагленохидрати. Тоа го намалува „напливот“ на инсулин после оброкот којшто води кон желба за благо. Додадете малку цимет во храната или чајот, истакнуваат стручњаците.

Следниот совет гласи: Спијте доволно. Ако на телото му недостасува сон, тоа ќе бара дополнителни калории во текот на денот, заради повеќе енергија. Истражувањата покажуваат дека, ако човек не спие доволно, дневно внесува и до 400 калории повеќе.

The post Како да ви се јаде помалку благо? appeared first on Република.

]]>

Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение... Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците. Според науката, јагленохидратите влијаат на „хормоните на среќата“ - ендорфин и допамин, но само кусо време. Енергијата што ја даваат слатките, бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“. И, тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина. Постојат намирници што може да го прекинат тој „круг“ - производите со протеини. Тие помагаат да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта и да се намали желбата за шеќер и јаглехидрати. Тоа значи: Повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистката Лили Саутер. Исто така, и лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јагленохидрати. Тоа го намалува „напливот“ на инсулин после оброкот којшто води кон желба за благо. Додадете малку цимет во храната или чајот, истакнуваат стручњаците. Следниот совет гласи: Спијте доволно. Ако на телото му недостасува сон, тоа ќе бара дополнителни калории во текот на денот, заради повеќе енергија. Истражувањата покажуваат дека, ако човек не спие доволно, дневно внесува и до 400 калории повеќе.

The post Како да ви се јаде помалку благо? appeared first on Република.

]]>
Си патиме од главата: Мозокот нѐ тера да јадеме благо https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/si-patime-od-glavata-mozokot-n-tera-da-jademe-blago/ Wed, 29 Mar 2023 07:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=624864

 Склоноста кон слатки и масни закуски е нешто што мозокот самиот го учи и тоа нема многу врска со „недостатокот на волја“ за нивно избегнување, посочува ново истражување на германски научници.

Иако човек знае дека не треба, тој / таа сепак ќе посегне по благо или масно јадење. Тука спаѓаат чоколадо, чипс, помфрит и други „причинители“ на зависност... И, „во наша одбрана“ велиме дека „ѓаволот нѐ тера да го правиме тоа“, но новиот научен труд покажува дека всушност мозокот нѐ тера да јадеме слатка или мрсна храна.

Меѓународен тим научници предводен од Институтот за метаболичко истражување „Макс Планк“, со седиште во Минхен, избра повеќе луѓе со нормална тежина, кои треба да јадат високомастен пудинг двапати седмично, осум недели. Според пропорцијата на млечна маст, истовремено консумирале и други намирници што обично ги јадат на дневна основа. Написот е објавен во „Сел метаболизам“ (Cell Metabolism).

Друга, контролната група добила порција пудинг со иста количина на калории, но со помалку масти и шеќери.

Пред и за време на испитувањата, научниците ја следеле мозочната активност на испитаниците.

- Ние сме склони да јадеме храна богата со масти и шеќер - тн. западен начин на исхрана, може да биде вродена или да се развие како последица на прекумерната тежина. Но, ние веруваме дека оваа навика нашиот мозок ја учи, всушност, појасни Шармили Едвин Танараџа, научен соработник во Институтот „Макс Планк“, претставувајќи ја главната хипотеза на трудот.

Научниците откриле дека мозочната активност значително се зголемила кај ипитаниците кои јаделе пудинг со повеќе маснотии и шеќер, кој конкретно го активирал допаминергичниот систем (којшто вклучува допамин - „хормонот на среќа, задоволство и мотивација“).

Допаминот е познат како хормон што овозможува „да се чувствуваме добро“. Мозокот ослободува допамин при јадење, секс, среќа.

- Мерењата на мозочната активност кај испитаниците покажаа дека самиот мозок „се пренасочува“ кога јадеме чипс и слична храна. Тоа потсвесно нѐ учи да претпочитаме храна со којашто „се наградуваме“ себеси. Преку овие промени во мозокот, несвесно ќе претпочитате храна што содржи многу масти и шеќер, објасни раководителот на истражувањето Марк Титгемајер.

Комбинацијата на масти и шеќер е „комбинација што особено наградува“.

Научниците ја поддржуваат, но сѐ уште не можат да ја докажат нивната хипотеза, делумно поради засега малиот број испитаници - само 57 луѓе. Тие истакнуваат дека резултатите би можеле да бидат различни кај различни луѓе со прекумерна телесна тежина, различни навики во исхраната и некои други фактори

The post Си патиме од главата: Мозокот нѐ тера да јадеме благо appeared first on Република.

]]>

 Склоноста кон слатки и масни закуски е нешто што мозокот самиот го учи и тоа нема многу врска со „недостатокот на волја“ за нивно избегнување, посочува ново истражување на германски научници.

Иако човек знае дека не треба, тој / таа сепак ќе посегне по благо или масно јадење. Тука спаѓаат чоколадо, чипс, помфрит и други „причинители“ на зависност... И, „во наша одбрана“ велиме дека „ѓаволот нѐ тера да го правиме тоа“, но новиот научен труд покажува дека всушност мозокот нѐ тера да јадеме слатка или мрсна храна. Меѓународен тим научници предводен од Институтот за метаболичко истражување „Макс Планк“, со седиште во Минхен, избра повеќе луѓе со нормална тежина, кои треба да јадат високомастен пудинг двапати седмично, осум недели. Според пропорцијата на млечна маст, истовремено консумирале и други намирници што обично ги јадат на дневна основа. Написот е објавен во „Сел метаболизам“ (Cell Metabolism). Друга, контролната група добила порција пудинг со иста количина на калории, но со помалку масти и шеќери. Пред и за време на испитувањата, научниците ја следеле мозочната активност на испитаниците.
- Ние сме склони да јадеме храна богата со масти и шеќер - тн. западен начин на исхрана, може да биде вродена или да се развие како последица на прекумерната тежина. Но, ние веруваме дека оваа навика нашиот мозок ја учи, всушност, појасни Шармили Едвин Танараџа, научен соработник во Институтот „Макс Планк“, претставувајќи ја главната хипотеза на трудот.
Научниците откриле дека мозочната активност значително се зголемила кај ипитаниците кои јаделе пудинг со повеќе маснотии и шеќер, кој конкретно го активирал допаминергичниот систем (којшто вклучува допамин - „хормонот на среќа, задоволство и мотивација“). Допаминот е познат како хормон што овозможува „да се чувствуваме добро“. Мозокот ослободува допамин при јадење, секс, среќа. - Мерењата на мозочната активност кај испитаниците покажаа дека самиот мозок „се пренасочува“ кога јадеме чипс и слична храна. Тоа потсвесно нѐ учи да претпочитаме храна со којашто „се наградуваме“ себеси. Преку овие промени во мозокот, несвесно ќе претпочитате храна што содржи многу масти и шеќер, објасни раководителот на истражувањето Марк Титгемајер. Комбинацијата на масти и шеќер е „комбинација што особено наградува“. Научниците ја поддржуваат, но сѐ уште не можат да ја докажат нивната хипотеза, делумно поради засега малиот број испитаници - само 57 луѓе. Тие истакнуваат дека резултатите би можеле да бидат различни кај различни луѓе со прекумерна телесна тежина, различни навики во исхраната и некои други фактори

The post Си патиме од главата: Мозокот нѐ тера да јадеме благо appeared first on Република.

]]>