блага марија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blaga-marija/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 06:58:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блага марија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blaga-marija/ 32 32 Денеска е Блага Марија, а на верниците ова не им се простува: Обичајот е строг и посебно се однесува на жените https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-blaga-marija-a-na-vernitsite-ova-ne-im-se-prostuva-obichajot-e-strog-i-posebno-se-odnesuva-na-zhenite/ Sun, 04 Aug 2024 06:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=803166

Православната црква и нејзините верници на 4 август го одбележуваат празникот посветен на Марија Магдалена.

Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Овој празник е многу почитуван меѓу луѓето, особено меѓу жените. Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле.

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување.

По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

The post Денеска е Блага Марија, а на верниците ова не им се простува: Обичајот е строг и посебно се однесува на жените appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници на 4 август го одбележуваат празникот посветен на Марија Магдалена. Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Овој празник е многу почитуван меѓу луѓето, особено меѓу жените. Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле. Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета. Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

The post Денеска е Блага Марија, а на верниците ова не им се простува: Обичајот е строг и посебно се однесува на жените appeared first on Република.

]]>