Блаце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blace/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 08:48:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Блаце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/blace/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-avtopatot-kon-blatse-po-trasa-za-zhneene-milioni-na-bliski-do-sds-i-dui-namesto-avtopat-imame-pustelija/ Sun, 27 Oct 2024 08:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=831349

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран од страна на СДС и ДУИ да ја чини државата 300 милиони евра. Трасата поминува по имоти кои подоцна биле купувани од лица блиски до тогашната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Врхушката на СДС и ДУИ, сакала да профитира од експропријацијата. Народот очекува одговор за тоа дали власта сакала да си инкасира милиони преку блиски лица. Информирано е јавното обвинителство и се чека да се покрене постапка. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по помала цена. Државата ќе нема загуба, туку блиски лица на поранешната власт на СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Македонија нема 300 милиони евра за фрлање за автопат од 10 километри“.

-СДС и ДУИ, не работеле за да направат автопат, туку да инкасираат милиони. Неодговорното и неспособно работење и однесување завршува со нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија appeared first on Република.

]]>

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран од страна на СДС и ДУИ да ја чини државата 300 милиони евра. Трасата поминува по имоти кои подоцна биле купувани од лица блиски до тогашната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Врхушката на СДС и ДУИ, сакала да профитира од експропријацијата. Народот очекува одговор за тоа дали власта сакала да си инкасира милиони преку блиски лица. Информирано е јавното обвинителство и се чека да се покрене постапка. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по помала цена. Државата ќе нема загуба, туку блиски лица на поранешната власт на СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Македонија нема 300 милиони евра за фрлање за автопат од 10 километри“.
-СДС и ДУИ, не работеле за да направат автопат, туку да инкасираат милиони. Неодговорното и неспособно работење и однесување завршува со нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија appeared first on Република.

]]>
Возачот на автобусот на ЈСП осомничен за сообраќајката во која загина 17-годишен возач, сопатникот се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-avtobusot-na-jsp-osomnichen-za-soobrakajkata-vo-koja-zagina-17-godishen-vozach-sopatnikot-se-bori-za-zhivot/ Tue, 13 Aug 2024 13:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=806209

За предизвикување на вчерашната сообраќајна несреќа во која загина 17-годишно момче, осомничен е возачот на автобусот на ЈСП-Скопје, 51-годишен скопјанец, против кого Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапувајќи по кривична пријава.

Како што информира државното Јавно обвинителство, „постои основано сомнение дека возачот сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Во допис до медиумите ЈО наведува дека вчера (12 август) осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи автобус сопственост на ЈСП Скопје по општинскиот пат Шуто Оризари – Горно Оризари, „не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето“.

Кога дошол во близина на крстосница со сервисна улица која го поврзува општинскиот пат со улицата „Александар Урдаревски”, постапил спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па со автобусот свртел во лево за да избегне кабаст отпад, шут и друго ѓубре расфрлани по десната страна на коловозот и преминал на левата страна, односно на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока. Дејствието го сторил невнимателно, без претходно да се увери дека може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот и имотот, не водејќи притоа сметка за положбата, правецот и брзината на движење. Како резултат на наведениот пропуст, со предниот лев дел од автобусот се судрил со автомобил „форд галакси” со скопски регистарски ознаки, со кој управувал 17-годишник кој немал стекнато право за управување со моторно возило, информира Обвинителството.

При ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди од кое починало, а неговиот сопатник во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност.

ЈО соопшти дека надлежниот јавен обвинител за осомничениот предложил мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, привремено одземање на возачката дозвола, забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице.

The post Возачот на автобусот на ЈСП осомничен за сообраќајката во која загина 17-годишен возач, сопатникот се бори за живот appeared first on Република.

]]>

За предизвикување на вчерашната сообраќајна несреќа во која загина 17-годишно момче, осомничен е возачот на автобусот на ЈСП-Скопје, 51-годишен скопјанец, против кого Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапувајќи по кривична пријава. Како што информира државното Јавно обвинителство, „постои основано сомнение дека возачот сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Во допис до медиумите ЈО наведува дека вчера (12 август) осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи автобус сопственост на ЈСП Скопје по општинскиот пат Шуто Оризари – Горно Оризари, „не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето“.
Кога дошол во близина на крстосница со сервисна улица која го поврзува општинскиот пат со улицата „Александар Урдаревски”, постапил спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па со автобусот свртел во лево за да избегне кабаст отпад, шут и друго ѓубре расфрлани по десната страна на коловозот и преминал на левата страна, односно на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока. Дејствието го сторил невнимателно, без претходно да се увери дека може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот и имотот, не водејќи притоа сметка за положбата, правецот и брзината на движење. Како резултат на наведениот пропуст, со предниот лев дел од автобусот се судрил со автомобил „форд галакси” со скопски регистарски ознаки, со кој управувал 17-годишник кој немал стекнато право за управување со моторно возило, информира Обвинителството.
При ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди од кое починало, а неговиот сопатник во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност. ЈО соопшти дека надлежниот јавен обвинител за осомничениот предложил мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и забрана за издавање нова, привремено одземање на возачката дозвола, забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице.

The post Возачот на автобусот на ЈСП осомничен за сообраќајката во која загина 17-годишен возач, сопатникот се бори за живот appeared first on Република.

]]>
17-годишен возач загина во судирот кај Блаце, друг возач е во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/17-godishen-vozach-zagina-vo-sudirot-kaj-blatse-drug-vozach-e-vo-begstvo/ Tue, 13 Aug 2024 10:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=806091

Три возила учествувале во несреќата кај Блаце, во која загина едно лице, вели полицискиот увид.

Вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ - Скопје, каде што подоцна возачот починал.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

The post 17-годишен возач загина во судирот кај Блаце, друг возач е во бегство appeared first on Република.

]]>

Три возила учествувале во несреќата кај Блаце, во која загина едно лице, вели полицискиот увид. Вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ - Скопје, каде што подоцна возачот починал. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.  

The post 17-годишен возач загина во судирот кај Блаце, друг возач е во бегство appeared first on Република.

]]>
Страшна несреќа кај скопско Блаце, загина тинејџер при судир на автобус и автомобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/strashna-nesreka-kaj-skopsko-blatse-zagina-tinejdher-pri-sudir-na-avtobus-i-avtomobil/ Tue, 13 Aug 2024 06:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=806014

17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на скопското село Блаце.

Несреќата се случила кога автобус на ЈСП се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајца малолетници.

Во сообраќајката тешко бил повреден и 13-годишниот брат на загинатиот кој веднаш бил пренесен на скопските клиники.

The post Страшна несреќа кај скопско Блаце, загина тинејџер при судир на автобус и автомобил appeared first on Република.

]]>

17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на скопското село Блаце. Несреќата се случила кога автобус на ЈСП се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајца малолетници. Во сообраќајката тешко бил повреден и 13-годишниот брат на загинатиот кој веднаш бил пренесен на скопските клиники.

The post Страшна несреќа кај скопско Блаце, загина тинејџер при судир на автобус и автомобил appeared first on Република.

]]>
Тешка несреќа кај Блаце, најмалку еден загинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-nesreka-kaj-blatse-najmalku-eden-zaginat/ Tue, 13 Aug 2024 04:27:43 +0000 https://republika.mk/?p=805972

Страшна несреќа се случила кај Блаце откако автобус на ЈСП со број 81 се судрил со автомобил.

Според информациите на ТВ21 од терен, починал возачот на автомобилот на лице место, додека совозачот е пренесен на клиника.

Како што може да се забележи од видеото, автомобилот е целосно уништен.

The post Тешка несреќа кај Блаце, најмалку еден загинат appeared first on Република.

]]>

Страшна несреќа се случила кај Блаце откако автобус на ЈСП со број 81 се судрил со автомобил. Според информациите на ТВ21 од терен, починал возачот на автомобилот на лице место, додека совозачот е пренесен на клиника. Како што може да се забележи од видеото, автомобилот е целосно уништен.

The post Тешка несреќа кај Блаце, најмалку еден загинат appeared first on Република.

]]>
Посета на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Граничниот премин Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poseta-na-zamenik-ministerot-za-vnatreshni-raboti-astrit-iseni-na-granichniot-premin-blatse/ Tue, 30 Jul 2024 16:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=801792

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари посета на Граничниот премин Блаце, при што одблиску се запозна со работата и посветеноста на полициските службеници на еден од граничните премини каде движењето на луѓе и стока се одвива со доста голем интензитет.

Како што информира МВР, согласно изготвениот план од РЦ за ГР Север и врз основа на Договор за полициска соработка како и Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за изведување мешани патроли долж заедничката државна граница, заменик министерот имаше прилика да се сретне со една од тие патроли со кои разговараше за нивната секојдневна работа и предизвиците со кои се соочуваат. На истите им посака успешна работа како и продлабочување на соработката во иднина.

The post Посета на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Граничниот премин Блаце appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари посета на Граничниот премин Блаце, при што одблиску се запозна со работата и посветеноста на полициските службеници на еден од граничните премини каде движењето на луѓе и стока се одвива со доста голем интензитет. Како што информира МВР, согласно изготвениот план од РЦ за ГР Север и врз основа на Договор за полициска соработка како и Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за изведување мешани патроли долж заедничката државна граница, заменик министерот имаше прилика да се сретне со една од тие патроли со кои разговараше за нивната секојдневна работа и предизвиците со кои се соочуваат. На истите им посака успешна работа како и продлабочување на соработката во иднина.

The post Посета на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Граничниот премин Блаце appeared first on Република.

]]>
На Табановце се чека 30 минути, а на Богородица 15 минути https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-tabanovtse-se-cheka-30-minuti-a-na-bogoroditsa-15-minuti/ Sun, 14 Jul 2024 08:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=796585

На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава околу 15 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

The post На Табановце се чека 30 минути, а на Богородица 15 минути appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава околу 15 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

The post На Табановце се чека 30 минути, а на Богородица 15 минути appeared first on Република.

]]>
Албанец баран од Интерпол уапсен на „Блаце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanets-baran-od-interpol-uapsen-na-blatse/ Fri, 17 May 2024 11:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=779162

Вчера во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција.

Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

 

The post Албанец баран од Интерпол уапсен на „Блаце“ appeared first on Република.

]]>

Вчера во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција. Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.  

The post Албанец баран од Интерпол уапсен на „Блаце“ appeared first on Република.

]]>
Шлепер се превртел на патот Скопје – Блаце, сообраќајот во прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shleper-se-prevrtel-na-patot-skopje-blatse-soobrakajot-vo-prekin/ Sat, 09 Mar 2024 11:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=752958

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин.

Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица

,,На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

The post Шлепер се превртел на патот Скопје – Блаце, сообраќајот во прекин appeared first on Република.

]]>

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин. Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица
,,На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

The post Шлепер се превртел на патот Скопје – Блаце, сообраќајот во прекин appeared first on Република.

]]>
На ГП Блаце уапсен Косовец баран со потерница од УНМИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-gp-blatse-uapsen-kosovets-baran-so-poternitsa-od-unmik/ Sun, 25 Feb 2024 14:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=748105

На 24.02.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при извршена пасошка контрола на С.С.(58) од Косово констатирано било дека евидирал во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол. По извршени проверки утврдено било дека тој бил предмет на меѓународна потрага од УНMИК Косово. С.С. е предаден на полициски службеници од соседниот граничен премин „Хани Елезит“-Косово.

The post На ГП Блаце уапсен Косовец баран со потерница од УНМИК appeared first on Република.

]]>

На 24.02.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при извршена пасошка контрола на С.С.(58) од Косово констатирано било дека евидирал во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол. По извршени проверки утврдено било дека тој бил предмет на меѓународна потрага од УНMИК Косово. С.С. е предаден на полициски службеници од соседниот граничен премин „Хани Елезит“-Косово.

The post На ГП Блаце уапсен Косовец баран со потерница од УНМИК appeared first on Република.

]]>
Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shesnaeset-godini-od-helikopterskata-nesreka-kaj-blatse/ Fri, 12 Jan 2024 08:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=732214

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг.

Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

 

The post Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг. Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници. Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.  

The post Шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>
Инспектори од Мобилна царина запленија пиштол и муниција од патник на Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/inspektori-od-mobilna-tsarina-zaplenija-pishtol-i-munitsija-od-patnik-na-blatse/ Mon, 25 Dec 2023 09:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=726396

Запленети се пиштол и муниција што биле откриени од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце, информираат денеска од Царинската управа.

Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм. Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава.

Од Царинската управа нагласуваат дека Секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција. Во оваа насока, додаваат, донесена е Стратегија и Акциски план за 2023-2024, во чии рамки се спроведуваат мерки и активности чија цел е ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје.

The post Инспектори од Мобилна царина запленија пиштол и муниција од патник на Блаце appeared first on Република.

]]>

Запленети се пиштол и муниција што биле откриени од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце, информираат денеска од Царинската управа. Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм. Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава. Од Царинската управа нагласуваат дека Секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција. Во оваа насока, додаваат, донесена е Стратегија и Акциски план за 2023-2024, во чии рамки се спроведуваат мерки и активности чија цел е ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје.

The post Инспектори од Мобилна царина запленија пиштол и муниција од патник на Блаце appeared first on Република.

]]>
Нападнат уште еден полицаец, овојпат од група шверцери кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnat-ushte-eden-politsaets-ovojpat-od-grupa-shvertseri-kaj-blatse/ Sun, 12 Nov 2023 16:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=700771

Вчера околу 20.30 часот додека полициски службеник се движел со службено возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, по локалниот пат од с. Долно Блаце кон граничниот премин „Блаце“, неколку лица од кои претходно биле одземени криумчарени производи, се обиделе да му го блокираат патот, а М.Б. со тврд предмет го оштетил возилото.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Нападнат уште еден полицаец, овојпат од група шверцери кај Блаце appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 20.30 часот додека полициски службеник се движел со службено возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, по локалниот пат од с. Долно Блаце кон граничниот премин „Блаце“, неколку лица од кои претходно биле одземени криумчарени производи, се обиделе да му го блокираат патот, а М.Б. со тврд предмет го оштетил возилото. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Нападнат уште еден полицаец, овојпат од група шверцери кај Блаце appeared first on Република.

]]>
Од денеска затворен патот до Блаце https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-zatvoren-patot-do-blatse/ Wed, 08 Nov 2023 07:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=699345

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец") подделница 1.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

The post Од денеска затворен патот до Блаце appeared first on Република.

]]>

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација. Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце" - Скопје (клучка „Стенковец") подделница 1. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

The post Од денеска затворен патот до Блаце appeared first on Република.

]]>
Од понеделник на патот кон Косово ќе има времен сообраќаен режим, ќе се работи во тунелот кон Блаце https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-ponedelnik-na-patot-kon-kosovo-ke-ima-vremen-soobrakaen-rezhim-ke-se-raboti-vo-tunelot-kon-blatse/ Sat, 09 Sep 2023 09:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=680204

АМСМ информира дека од понеделник (11 септември) ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од понеделник на патот кон Косово ќе има времен сообраќаен режим, ќе се работи во тунелот кон Блаце appeared first on Република.

]]>

АМСМ информира дека од понеделник (11 септември) ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Од понеделник на патот кон Косово ќе има времен сообраќаен режим, ќе се работи во тунелот кон Блаце appeared first on Република.

]]>
Ги нападнал полицајците на „Блаце“: Уапсен албански државјанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-napadnal-politsajtsite-na-blatse-uapsen-albanski-drzhavjanin/ Sat, 26 Aug 2023 18:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=676138

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а Основниот кривичен суд Скопје му определен притвор во траење од осум дена.

Како што информира ОЈО, на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка на патните исправи при влез во државава.

Проверката на личните податоци во патната исправа на осомничениот покажала дека по лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол – Грција за сторени кривични дела „убиство, грабеж и кражби“. При спроведување, тој започнал да дава активен отпор и да се обидува да избега, удирајќи ги двајцата полициски службеници и нанесувајќи им телесни повреди. Двајцата полицајци го совладале и го привеле, соопшти ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека постои опасност тој да се даде во бегство, како и да го повтори делото. Предлогот беше прифатен и со решение на Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена за делото кое се гони во скратена постапка.

The post Ги нападнал полицајците на „Блаце“: Уапсен албански државјанин appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а Основниот кривичен суд Скопје му определен притвор во траење од осум дена. Како што информира ОЈО, на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка на патните исправи при влез во државава.
Проверката на личните податоци во патната исправа на осомничениот покажала дека по лицето е распишана меѓународна потерница од Интерпол – Грција за сторени кривични дела „убиство, грабеж и кражби“. При спроведување, тој започнал да дава активен отпор и да се обидува да избега, удирајќи ги двајцата полициски службеници и нанесувајќи им телесни повреди. Двајцата полицајци го совладале и го привеле, соопшти ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека постои опасност тој да се даде во бегство, како и да го повтори делото. Предлогот беше прифатен и со решение на Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена за делото кое се гони во скратена постапка.

The post Ги нападнал полицајците на „Блаце“: Уапсен албански државјанин appeared first on Република.

]]>
Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-tender-za-pretkvalifikatsija-za-vtorata-faza-od-avtopatot-skopje-blatse/ Thu, 13 Jul 2023 09:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=660772

Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза.

Повикот е отворен до 21 август годинава.

Објавата е достапна на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

The post Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>

Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза. Повикот е отворен до 21 август годинава. Објавата е достапна на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

The post Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце appeared first on Република.

]]>
Безредие кај Блаце: Едни поминуваат на црвено, оние што чекаат ѓубрето го фрлаат низ прозор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bezredie-kaj-blatse-edni-pominuvaat-na-tsrveno-onie-shto-chekaat-gubreto-go-frlaat-niz-prozor/ Wed, 24 May 2023 17:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=644333

Поради асфалтирањето на патот кон Блаце се чека подолго отколку на граничниот премин со Косово, „Блаце“, пренесува „Макфакс“ за состојбата на граничниот премин утрово.

Долги колони возила се формираат пред секој семафор, а градежниците мака мачат со возачите кои не ги почитуваат привремените правила, излетуваат од колоните и си возат и покрај црвеното светло на семафорите. Оние, пак, кои остануваат во колоните и ја почитуват светлосната сигнализација, сето ѓубре од автомобилите го оставаат покрај патот.

Целото видео на Макфакс

The post Безредие кај Блаце: Едни поминуваат на црвено, оние што чекаат ѓубрето го фрлаат низ прозор appeared first on Република.

]]>

Поради асфалтирањето на патот кон Блаце се чека подолго отколку на граничниот премин со Косово, „Блаце“, пренесува „Макфакс“ за состојбата на граничниот премин утрово. Долги колони возила се формираат пред секој семафор, а градежниците мака мачат со возачите кои не ги почитуваат привремените правила, излетуваат од колоните и си возат и покрај црвеното светло на семафорите. Оние, пак, кои остануваат во колоните и ја почитуват светлосната сигнализација, сето ѓубре од автомобилите го оставаат покрај патот. Целото видео на Макфакс

The post Безредие кај Блаце: Едни поминуваат на црвено, оние што чекаат ѓубрето го фрлаат низ прозор appeared first on Република.

]]>
Косовец не застанал на граница, со брзо возење тргнал да бега кон Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovets-ne-zastanal-na-granitsa-so-brzo-vozene-trgnal-da-bega-kon-skopje/ Wed, 15 Mar 2023 12:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=619857

Денеска во 4:55 часот од полициски службеници од Граничниот премин Блаце бил лишен од слобода И. Д.(25) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки.

Имено, околу 4:45 часот на Граничен премин Блаце, при влез во државата, тој со возилото не застанал на граничната полициска ни на царинска контрола и се обидел да избега кон Скопје, но по преземени мерки од полициски службеници на патот за Долно Блаце бил пронајден и приведен, соопшти МВР.

И. Д. бил предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции при РЦ Север за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Косовец не застанал на граница, со брзо возење тргнал да бега кон Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска во 4:55 часот од полициски службеници од Граничниот премин Блаце бил лишен од слобода И. Д.(25) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки. Имено, околу 4:45 часот на Граничен премин Блаце, при влез во државата, тој со возилото не застанал на граничната полициска ни на царинска контрола и се обидел да избега кон Скопје, но по преземени мерки од полициски службеници на патот за Долно Блаце бил пронајден и приведен, соопшти МВР. И. Д. бил предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции при РЦ Север за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Косовец не застанал на граница, со брзо возење тргнал да бега кон Скопје appeared first on Република.

]]>
За двата километри автопат кај Блаце ќе се платат уште 10 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-dvata-kilometri-avtopat-kaj-blatse-ke-se-platat-ushte-10-milioni-evra/ Tue, 07 Feb 2023 12:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=605972

За „докомплетирање и отстранување на недостатоците“ на првата фаза од автопатот од граничниот премин Блаце до селото Блаце во должина од 2 километри, градежната компанија „Гранит“ доби уште еден договор од Јавното претпријатие за државни патишта.
Ова е еден вид на шок за јавноста, ако се знае дека „Гранит“ веќе доби еден договор за изградба на оваа фаза од автопатот од коридор 10 со кој Скопје треба да се поврзе со македонско-косовската граница и изнесуваше 14,3 милиони евра со рок на изведба до август 2021.

Новиот договор кој ЈП за државни патишта го објави на системот за јавни набавки е потпишан на крајот од минатиот месец и изнесува 10 милиони евра, односно 598,4 милиони денари без ДДВ или 706 милиони денари со ДДВ.
Во договорот се вклучени земјени градежни работи, заштита на косини, осветлување, инсталациони работи, бетонирање и армирање, врзување на карпа итн. Рокот на договорот е 36 месеци со можност за негово намалување или продолжување.
Изградбата на овој автопат доцни веќе неколку години. Во јануари 2020 година беше потпишан Договорот за изградба на првите два километра на автопатот, а во мај, два месеца пред вонредните парламентарни избори, на терен почнаа градежни активности за првата траса.
Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејќи тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации“, кажа лани директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.
За останатиот дел од автопатот од 10 километри, Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата (на 16 години), а 20,8 милиони евра се обезбедени како грант од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Овој автопат треба да го скрати времето на патување Скопје-Приштина за 45 минути

The post За двата километри автопат кај Блаце ќе се платат уште 10 милиони евра appeared first on Република.

]]>

За „докомплетирање и отстранување на недостатоците“ на првата фаза од автопатот од граничниот премин Блаце до селото Блаце во должина од 2 километри, градежната компанија „Гранит“ доби уште еден договор од Јавното претпријатие за државни патишта. Ова е еден вид на шок за јавноста, ако се знае дека „Гранит“ веќе доби еден договор за изградба на оваа фаза од автопатот од коридор 10 со кој Скопје треба да се поврзе со македонско-косовската граница и изнесуваше 14,3 милиони евра со рок на изведба до август 2021. Новиот договор кој ЈП за државни патишта го објави на системот за јавни набавки е потпишан на крајот од минатиот месец и изнесува 10 милиони евра, односно 598,4 милиони денари без ДДВ или 706 милиони денари со ДДВ. Во договорот се вклучени земјени градежни работи, заштита на косини, осветлување, инсталациони работи, бетонирање и армирање, врзување на карпа итн. Рокот на договорот е 36 месеци со можност за негово намалување или продолжување. Изградбата на овој автопат доцни веќе неколку години. Во јануари 2020 година беше потпишан Договорот за изградба на првите два километра на автопатот, а во мај, два месеца пред вонредните парламентарни избори, на терен почнаа градежни активности за првата траса. Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејќи тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации“, кажа лани директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми. За останатиот дел од автопатот од 10 километри, Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата (на 16 години), а 20,8 милиони евра се обезбедени како грант од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Овој автопат треба да го скрати времето на патување Скопје-Приштина за 45 минути

The post За двата километри автопат кај Блаце ќе се платат уште 10 милиони евра appeared first on Република.

]]>