бизнисмен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznismen/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 20:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнисмен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznismen/ 32 32 Почина бизнисменот кој ноќва со рана на глава беше пронајден кај Орман https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-biznismenot-koj-nokva-so-rana-na-glava-beshe-pronajden-kaj-orman/ Mon, 15 Jul 2024 20:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=797198

Скопскиот бизнисмен кој вечерва бил пронајден повреден покрај возило кај скопското село Орман, им подлегнал на повредите во болница.

Според првичните информации, тој околу 19 часот бил пронајден во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи до паркирано возило „Лексус“ со повреди на главата.

Дел од медиумите јавуваат дека покрај него биле пронајдени пиштол и чаура.

Повеќе детали МВР ќе соопшти утре, а ќе се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.

The post Почина бизнисменот кој ноќва со рана на глава беше пронајден кај Орман appeared first on Република.

]]>

Скопскиот бизнисмен кој вечерва бил пронајден повреден покрај возило кај скопското село Орман, им подлегнал на повредите во болница. Според првичните информации, тој околу 19 часот бил пронајден во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи до паркирано возило „Лексус“ со повреди на главата. Дел од медиумите јавуваат дека покрај него биле пронајдени пиштол и чаура. Повеќе детали МВР ќе соопшти утре, а ќе се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.

The post Почина бизнисменот кој ноќва со рана на глава беше пронајден кај Орман appeared first on Република.

]]>
Скопски бизнисмен пронајден покрај автомобил кај Орман во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopski-biznismen-pronajden-pokraj-avtomobil-kaj-orman-vo-teshka-sostojba/ Mon, 15 Jul 2024 19:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=797180

Познат скопски бизнисмен доцна вечерва со повреди е пронајден покрај автомобил кај селото Орман, дознава ТВ21. 

Според информациите на ТВ21, лицето е пронајдено кај магистралата кај село Орман (општина Ѓорче Петров) во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи.

Полицијата е на терен и врши увид во моментов. Лицето со знаци на живот е итно префрлено на скопските клиники.

The post Скопски бизнисмен пронајден покрај автомобил кај Орман во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Познат скопски бизнисмен доцна вечерва со повреди е пронајден покрај автомобил кај селото Орман, дознава ТВ21.  Според информациите на ТВ21, лицето е пронајдено кај магистралата кај село Орман (општина Ѓорче Петров) во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи. Полицијата е на терен и врши увид во моментов. Лицето со знаци на живот е итно префрлено на скопските клиники.

The post Скопски бизнисмен пронајден покрај автомобил кај Орман во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Познат бизнисмен обвинет за сексуален напад и силување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznat-biznismen-obvinet-za-seksualen-napad-i-siluvane/ Sun, 09 Jun 2024 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=785857

Канадскиот милијардер Френк Стронах (91) е уапсен под обвинение за пет кривични дела, вклучувајќи силување и сексуален напад, соопшти канадската полиција.

Стронах бил обвинет од неколку лица за овие злосторства, но не е прецизирано колку, а условно бил ослободен од притвор со обврска да се појави пред судот во Брамптон, Онтарио, додаде полицијата, пренесува АП.

Бидејќи се работи за случај од висок профил и поради тоа што полицијата има обврска да ги заштити жртвите, не се соопштуваат дополнителни детали, соопшти полицијата.

The post Познат бизнисмен обвинет за сексуален напад и силување appeared first on Република.

]]>

Канадскиот милијардер Френк Стронах (91) е уапсен под обвинение за пет кривични дела, вклучувајќи силување и сексуален напад, соопшти канадската полиција. Стронах бил обвинет од неколку лица за овие злосторства, но не е прецизирано колку, а условно бил ослободен од притвор со обврска да се појави пред судот во Брамптон, Онтарио, додаде полицијата, пренесува АП. Бидејќи се работи за случај од висок профил и поради тоа што полицијата има обврска да ги заштити жртвите, не се соопштуваат дополнителни детали, соопшти полицијата.

The post Познат бизнисмен обвинет за сексуален напад и силување appeared first on Република.

]]>
Центарот на Софија блокиран од полицијата поради убиство на контроверзен бизнисмен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tsentarot-na-sofija-blokiran-od-politsijata-poradi-ubistvo-na-kontroverzen-biznismen/ Wed, 16 Aug 2023 14:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=672799

Центарот на Софија е целосно блокиран по убиството на контроверзниоит бугарски бизнисмен Алексеј Петров. На клучните булевари во градот има вооружени полициски екипи, јавија софиските медиуми.

Сите влезови и излези на главниот град на Бугарија се блокирани и со полициски автомобили.

Петров денеска беше застрелан во главниот град околу 12 часот и 20 минути. Тој бил придружуван од жена која е хоспитализирана и е во тешка здравстеба состојба.
Според поициски извори, во момент на фаталната стрелба кон негоп, со Петров имало три лица од негово лично обебзедување.

Алексеј Илиев Петров според софиски медиуми, бил контроверзен бизнисмен, политичар, експерт за корпоративна безбедност и антитероризам. Роден е на 23 април 1962 година. Работел 8 години во безбедносните сили и во антитерористичките сили до почетокот на 1990-те. На 15 август 2002 година, против него беше извршен неуспешен обид за атентат.

Во 2009 година од тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков беше прогласен за долгогодишен таен соработник на контраразузнавањето, а подоцна и на државната Агенција за национална безбедност.

На 10 февруари 2010 година е приведен и обвинет дека е водач на криминална група која се занимавала со рекет и изнуда. Во февруари 2014 година, специјализираниот суд одлучи да ја прекине истрагата за таканаречениот „Голем октопод“.

Четири години по операцијата, обвинителството не успеа да ги собере потребните докази за да биде покренато обвинение и случајот да оди на суд.

На 29 октомври 2015 година, против него беше извршен уште еден неуспешен напад со гранати. Алексеј Петров на 13 ноември годинава објави награда од 100.000 долари за информација кој стои зад нападот врз него.

Бил селектор на бугарската карате репрезентација.

На 7 јули 2011 година, неговата кандидатура за претседател беше предложена од група граѓански здруженија и од Иницијативниот комитет „За единство и тим“. Ова е прва кандидатура за претседателските избори.

На 7 септември 2011 година, Алексеј Петров и неговиот тим повикаа на мораториум на активностите на политичките партии.

The post Центарот на Софија блокиран од полицијата поради убиство на контроверзен бизнисмен appeared first on Република.

]]>

Центарот на Софија е целосно блокиран по убиството на контроверзниоит бугарски бизнисмен Алексеј Петров. На клучните булевари во градот има вооружени полициски екипи, јавија софиските медиуми. Сите влезови и излези на главниот град на Бугарија се блокирани и со полициски автомобили. Петров денеска беше застрелан во главниот град околу 12 часот и 20 минути. Тој бил придружуван од жена која е хоспитализирана и е во тешка здравстеба состојба. Според поициски извори, во момент на фаталната стрелба кон негоп, со Петров имало три лица од негово лично обебзедување. Алексеј Илиев Петров според софиски медиуми, бил контроверзен бизнисмен, политичар, експерт за корпоративна безбедност и антитероризам. Роден е на 23 април 1962 година. Работел 8 години во безбедносните сили и во антитерористичките сили до почетокот на 1990-те. На 15 август 2002 година, против него беше извршен неуспешен обид за атентат. Во 2009 година од тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков беше прогласен за долгогодишен таен соработник на контраразузнавањето, а подоцна и на државната Агенција за национална безбедност. На 10 февруари 2010 година е приведен и обвинет дека е водач на криминална група која се занимавала со рекет и изнуда. Во февруари 2014 година, специјализираниот суд одлучи да ја прекине истрагата за таканаречениот „Голем октопод“. Четири години по операцијата, обвинителството не успеа да ги собере потребните докази за да биде покренато обвинение и случајот да оди на суд. На 29 октомври 2015 година, против него беше извршен уште еден неуспешен напад со гранати. Алексеј Петров на 13 ноември годинава објави награда од 100.000 долари за информација кој стои зад нападот врз него. Бил селектор на бугарската карате репрезентација. На 7 јули 2011 година, неговата кандидатура за претседател беше предложена од група граѓански здруженија и од Иницијативниот комитет „За единство и тим“. Ова е прва кандидатура за претседателските избори. На 7 септември 2011 година, Алексеј Петров и неговиот тим повикаа на мораториум на активностите на политичките партии.

The post Центарот на Софија блокиран од полицијата поради убиство на контроверзен бизнисмен appeared first on Република.

]]>
Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-za-biznismenot-koj-so-sinovite-napadna-sovetnitsi/ Sat, 18 Feb 2023 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=610459

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен.

Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец.

За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело.

Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/

The post Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници appeared first on Република.

]]>

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен. Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец. За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело. Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/

The post Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници appeared first on Република.

]]>
Сакал да избега од Истанбул: Сопственик на луксузен комплекс срушен во земјотресот фатен при обид за бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sakal-da-izbega-od-istanbul-sopstvenik-na-luksuzen-kompleks-srushen-vo-zemjotresot-faten-pri-obid-za-begstvo/ Fri, 10 Feb 2023 18:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=607527

Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе.

Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Ренесанс резиденс“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот изведувач бил уапсен на аеродромот при обид да побегне од земјата.

Имено, инвеститорот Мехмет Јашар Ќоскун бил фатен на аеродромот во Истанбул откако се обидел да побегне, бидејќи по уривањето на комплексот, против него и неговиот брат Хусеин Јалчин Ќоскун била покрената истрага, а по нив била распишана потерница, пренесе турскиот портал Ахабер.

Според порталот, во зградата имало дури 250 станови во кои живееле вкупно околу 1.000 луѓе.

На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на Мехмет Јашар Ќоксун, кој е фатен на аеродромот во Истанбул.

Комплексот кој беше погоден од земјотресот, беше прикажан како еден од најлуксузните згради во Хатај, а неговата изградба е завршена во 2012 година.

По земјотресот бил срамнет со земја.

 

The post Сакал да избега од Истанбул: Сопственик на луксузен комплекс срушен во земјотресот фатен при обид за бегство appeared first on Република.

]]>

Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе. Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Ренесанс резиденс“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот изведувач бил уапсен на аеродромот при обид да побегне од земјата. Имено, инвеститорот Мехмет Јашар Ќоскун бил фатен на аеродромот во Истанбул откако се обидел да побегне, бидејќи по уривањето на комплексот, против него и неговиот брат Хусеин Јалчин Ќоскун била покрената истрага, а по нив била распишана потерница, пренесе турскиот портал Ахабер. Според порталот, во зградата имало дури 250 станови во кои живееле вкупно околу 1.000 луѓе. На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на Мехмет Јашар Ќоксун, кој е фатен на аеродромот во Истанбул. Комплексот кој беше погоден од земјотресот, беше прикажан како еден од најлуксузните згради во Хатај, а неговата изградба е завршена во 2012 година. По земјотресот бил срамнет со земја.  

The post Сакал да избега од Истанбул: Сопственик на луксузен комплекс срушен во земјотресот фатен при обид за бегство appeared first on Република.

]]>
Битолски бизнисмен со синовите тргнал да се тепа со советници од Општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/ Thu, 29 Dec 2022 11:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=591435

Вчеравечер во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив.

Како што соопштуваат од МВР, тие ее однесувале агресивно и кон полициските службеници службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Како што пренесува битолскиот портал „Апла“, претседателката на Советот, Габриела Илиевска открила дека станува збор за познат битолски бизнисмен, кој упатил закани по живот кон неа и кон десеттината други битолски советници, со кои во кафеана на Широк Сокак, вечерале заедно по изгласувањето на буџетот на Општина Битола.

Бизнисменот дошол со уште тројца млади момци, најверојатно двајцата негови синови и уште еден непознат за присутните и упатиле вербални закани по живот не само кон претседателката на Советот туку и кон сите останатите советници.

 

 

The post Битолски бизнисмен со синовите тргнал да се тепа со советници од Општината appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Како што соопштуваат од МВР, тие ее однесувале агресивно и кон полициските службеници службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Како што пренесува битолскиот портал „Апла“, претседателката на Советот, Габриела Илиевска открила дека станува збор за познат битолски бизнисмен, кој упатил закани по живот кон неа и кон десеттината други битолски советници, со кои во кафеана на Широк Сокак, вечерале заедно по изгласувањето на буџетот на Општина Битола. Бизнисменот дошол со уште тројца млади момци, најверојатно двајцата негови синови и уште еден непознат за присутните и упатиле вербални закани по живот не само кон претседателката на Советот туку и кон сите останатите советници.    

The post Битолски бизнисмен со синовите тргнал да се тепа со советници од Општината appeared first on Република.

]]>
Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/donator-na-dui-za-svojata-bolnica-vo-kosovo-kupil-medicinska-oprema-ukradena-od-makedonija/ Wed, 23 Nov 2022 15:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=577418

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово.

Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра.

Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за медицинска опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот Шуки истата ја купил за 10 илјади евра. Не наведуваат за каква опрема станува збор и кои се останатите осомничени. Дел од косовските медиуми јавија дека во случајот е вклучен и Интерпол.

 

The post Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија appeared first on Република.

]]>

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово. Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра. Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.
По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело, се наведува во соопштението на косовската полиција.
Косовските медиуми јавија дека станува збор за медицинска опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот Шуки истата ја купил за 10 илјади евра. Не наведуваат за каква опрема станува збор и кои се останатите осомничени. Дел од косовските медиуми јавија дека во случајот е вклучен и Интерпол.  

The post Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија appeared first on Република.

]]>