бизнис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:08:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis/ 32 32 Министерството за правда на САД бара од Гугл да го раздели својот бизнис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvoto-za-pravda-na-sad-bara-od-gugl-da-go-razdeli-svojot-biznis/ Thu, 21 Nov 2024 10:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=840272

Гугл треба да го раздели својот бизнис за компанијата да не функционира како монополист кој ја потиснува конкуренцијата преку својот пребарувач, бараат американските регулатори.

Во 23-страничен документ приложен до судот синоќа, Министерството за правда на САД инсистира Гугл да го продаде пребарувачот Chrome и да ги симне ограничувањата во својот оперативен систем Android за паметни телефони за во него да можат да работат пребарувачи од други компании.

Препораките ја демонстрираат принципиелната позиција на администрацијата на претседателот Џо Бајден по одлуката на окружниот судија Амит Мехта во август да го прогласи Гугл за монопол.

Новата администрација која ќе дојде на власт по инаугурацијата на избраниот претседател Доналд Трамп, се очекува да заземе помека позиција, сметаат набљудувачите.

Сослушувања во судот во Вашингтон за мерки против Гугл се закажани за во април, а конечната одлука судијата Мехта планира да ја донесе на почетокот на септември 2025 година. Доколку судот се согласи со предлозите на Министерството за правда, Гугл речиси сигурно ќе ја обжали оваа одлука, што може дополнително да го продолжи судскиот процес, кој трае повеќе од четири години.

Покрај продажбата на Chrome и ограничувањата за Android, регулаторите, исто така, предлагаат компанијата да биде обврзана податоците од пребарувањата на корисниците да ги споделува со конкурентите, за тие да имаат шанси да се справат со доминантната позиција на Гугл.

-Однесувањето на Гугл доведе до нерамноправни услови за водење бизнис, а неговиот квалитет е резултат на незаконски стекнати предности, се наведува во препораките на Министерството за правда.

Се додава дека „преземените мерки треба да го елиминираат овој дисбаланс и да го лишат Гугл од овие предности“.

Трамп претходно изрази загриженост дека поделбата на компанијата може да го уништи Гугл, но не прецизираше алтернативни мерки за казна на компанијата.

-Не е нужно да се подели компанијата за да биде пофер, изјави тој во октомври.

Поранешниот конгресмен Мет Гец, кој од Трамп е предложен на функцијата главен обвинител на САД, ги поддржуваше идеите за разделба на бизнисот на големите технолошки корпорации. Сепак, тој се соочува со предизвици да биде потврден на оваа позиција.

The post Министерството за правда на САД бара од Гугл да го раздели својот бизнис appeared first on Република.

]]>

Гугл треба да го раздели својот бизнис за компанијата да не функционира како монополист кој ја потиснува конкуренцијата преку својот пребарувач, бараат американските регулатори. Во 23-страничен документ приложен до судот синоќа, Министерството за правда на САД инсистира Гугл да го продаде пребарувачот Chrome и да ги симне ограничувањата во својот оперативен систем Android за паметни телефони за во него да можат да работат пребарувачи од други компании. Препораките ја демонстрираат принципиелната позиција на администрацијата на претседателот Џо Бајден по одлуката на окружниот судија Амит Мехта во август да го прогласи Гугл за монопол. Новата администрација која ќе дојде на власт по инаугурацијата на избраниот претседател Доналд Трамп, се очекува да заземе помека позиција, сметаат набљудувачите. Сослушувања во судот во Вашингтон за мерки против Гугл се закажани за во април, а конечната одлука судијата Мехта планира да ја донесе на почетокот на септември 2025 година. Доколку судот се согласи со предлозите на Министерството за правда, Гугл речиси сигурно ќе ја обжали оваа одлука, што може дополнително да го продолжи судскиот процес, кој трае повеќе од четири години. Покрај продажбата на Chrome и ограничувањата за Android, регулаторите, исто така, предлагаат компанијата да биде обврзана податоците од пребарувањата на корисниците да ги споделува со конкурентите, за тие да имаат шанси да се справат со доминантната позиција на Гугл. -Однесувањето на Гугл доведе до нерамноправни услови за водење бизнис, а неговиот квалитет е резултат на незаконски стекнати предности, се наведува во препораките на Министерството за правда. Се додава дека „преземените мерки треба да го елиминираат овој дисбаланс и да го лишат Гугл од овие предности“. Трамп претходно изрази загриженост дека поделбата на компанијата може да го уништи Гугл, но не прецизираше алтернативни мерки за казна на компанијата. -Не е нужно да се подели компанијата за да биде пофер, изјави тој во октомври. Поранешниот конгресмен Мет Гец, кој од Трамп е предложен на функцијата главен обвинител на САД, ги поддржуваше идеите за разделба на бизнисот на големите технолошки корпорации. Сепак, тој се соочува со предизвици да биде потврден на оваа позиција.

The post Министерството за правда на САД бара од Гугл да го раздели својот бизнис appeared first on Република.

]]>
По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-250-evra-za-sekoj-student-do-30-000-evra-za-nov-biznis-na-mladi-do-29-godini-najavi-mitskoski-za-2025-godina/ Mon, 07 Oct 2024 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=823859

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени мерки за студентите, а меѓу нив и ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси.

Мерките коишто ги промовиравме вчера подразбираат дека сите студенти, буквално сите студенти кај нас ќе добијат ваучер во вредност од 250 евра, со којшто ќе можат да купат електронски уред - телефон, компјутер или таблет, со коишто ќе бидат во ситуација да се вмрежуваат со своите колеги во регионот, но и во Европа и во светот. И цениме дека во овие тешки предизвиквуачки времиња тоа е помош за младите, но истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме десет милиони евра коишто ќе бидат наменети за млади до 29 години коишто ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант од вредност од илјада до 30 илјади евра, рече Мицкоски.

Како што појасни, Комисија ќе врши избор и селекција на проектите.

Мислиме дека ова ќе претставува одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис и истовремено да се вмрежуваат со своите врсници во регионот и во Европа, рече тој.

Премиерот Мицкоски изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ кој е во официјална посета на Скопје, на која двајцата се осврнаа на поврзувањето на двете земји и на регионот преку проекти во енергетската и железничката инфраструктура.

Светот останува на младите. Сето тоа што денеска го правиме останува на нив. Сите овие проекти за кои што зборувавме и за енергетското проврзување и за патното и за железничкото поврзување се влог за иднината на младите да се обезбедат повеќе можности за да тие останат тука, да работат, да творат, тука да ги градат своите семејства. Оние коишто заминаа да се вратат, вели Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/mmV1AnKqUm4?si=kUD9AbhyY-dFNr2l

The post По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година appeared first on Република.

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-obezbedi-fond-od-10-milioni-evra-za-razvoj-na-biznis-za-mladi-od-18-do-29-godini/ Sun, 06 Oct 2024 14:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=823525

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид.

Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“.

Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.

Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.

The post Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години appeared first on Република.

]]>

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“. Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.
Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.  

The post Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски по средбата со Советот на странски инвеститори: Владата останува посветена на подобрување на условите на водење на бизнис во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-po-sredbata-so-sovetot-na-stranski-investitori-vladata-ostanuva-posvetena-na-podobruvane-na-uslovite-na-vodene-na-biznis-vo-drzhavata/ Wed, 04 Sep 2024 12:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=813093

„На мое големо задоволство денеска имавме состанок со Советот на странски инвеститори овде кај нас во Македонија.

Од плодната дискусија можам да заклучам дека има многу работа која што треба да ја завршиме, бидејќи некако изминатиот период повеќе се зборувало, а ништо не се завршувало.

Мислам дека слушнавме многу добри совети, многу добри насоки за тоа како треба да ги водиме работите и процесите во период кој што следи.

Договоривме да имаме и вакви квартални состаноци на кои што ќе разговараме за напредокот на работите кои што ги договараме на состаноците.

Следниот состанок сега ќе биде кон крајот на годината, во првата половина на  декември, можам да кажам дека сите ние си зададовме определени домашни задачи за реформите и законите кои што треба да бидат изменети, односно кои што ќе треба да претрпат измена, но и дел од процесите за кои што ќе треба во периодот кој што следи заеднички да работиме, да дискутираме, да анализираме, да видиме што треба секоја од страните да направи. Како Влада остануваме целосно посветени на реформската агенда, и целосно посветени на подобрување на условите на водење на бизнис кај нас, бидејќи колку поуспешни компании, толку и поуспешна Влада.

Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада, бидејќи ќе има поголеми приходи во Буџетот. А со приходите од Буџетот ќе има поголема реализација на капитални инвестиции, а од друга страна ќе има и повисоки плати за повисок стандард на нашите граѓани.

Да заклучам, навистина успешна средба со Советот на странските инвеститори и со нетрпение очекувам следната да видиме што од она кое што денеска го договоривме е направено, и што е она кое што дополнително треба да се направи“.

The post Мицкоски по средбата со Советот на странски инвеститори: Владата останува посветена на подобрување на условите на водење на бизнис во државата appeared first on Република.

]]>

„На мое големо задоволство денеска имавме состанок со Советот на странски инвеститори овде кај нас во Македонија. Од плодната дискусија можам да заклучам дека има многу работа која што треба да ја завршиме, бидејќи некако изминатиот период повеќе се зборувало, а ништо не се завршувало. Мислам дека слушнавме многу добри совети, многу добри насоки за тоа како треба да ги водиме работите и процесите во период кој што следи. Договоривме да имаме и вакви квартални состаноци на кои што ќе разговараме за напредокот на работите кои што ги договараме на состаноците. Следниот состанок сега ќе биде кон крајот на годината, во првата половина на  декември, можам да кажам дека сите ние си зададовме определени домашни задачи за реформите и законите кои што треба да бидат изменети, односно кои што ќе треба да претрпат измена, но и дел од процесите за кои што ќе треба во периодот кој што следи заеднички да работиме, да дискутираме, да анализираме, да видиме што треба секоја од страните да направи. Како Влада остануваме целосно посветени на реформската агенда, и целосно посветени на подобрување на условите на водење на бизнис кај нас, бидејќи колку поуспешни компании, толку и поуспешна Влада. Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада, бидејќи ќе има поголеми приходи во Буџетот. А со приходите од Буџетот ќе има поголема реализација на капитални инвестиции, а од друга страна ќе има и повисоки плати за повисок стандард на нашите граѓани. Да заклучам, навистина успешна средба со Советот на странските инвеститори и со нетрпение очекувам следната да видиме што од она кое што денеска го договоривме е направено, и што е она кое што дополнително треба да се направи“.

The post Мицкоски по средбата со Советот на странски инвеститори: Владата останува посветена на подобрување на условите на водење на бизнис во државата appeared first on Република.

]]>
Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stejt-deparment-vodeneto-biznis-vo-makedonija-e-lesno-no-koruptsijata-e-postojan-predizvik/ Thu, 18 Jul 2024 10:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=798014

Американскиот стејт департмент во извештај за Македонија вели дека водењето бизнис во државава е генерално лесно и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди но корупцијата е со постојан предизвик.

Големите странски компании кои работат во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) генерално известуваат за позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владините претставници. Сепак, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено, а честите регулаторни и законодавни промени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција. Владата генерално ги спроведува законите, но има бројни извештаи дека некои функционери и понатаму се вклучени во коруптивни активности. Транспаренси Интернешнл ја рангираше Македонија на 76-то место од 180 земји во нејзиниот Индекс на перцепција на корупцијата во 2023 година, девет места повисоко од претходната година, со резултат од 42/100 во апсолутна вредност се вели во извештајот

Во извештајот стои дека и Државната комисија за спречување на корупијата има отворено неколку истраги поврзани со корупција , вклучително и неколку во кои беа вклучени високи функционери, но ниту една досега не резултираше со кривично гонење.

Од 2021 година, Амбасадата Скопје ги идентификуваше дигитализацијата и зелената енергија како области зрели за американски инвестиции поради зголемената посветеност на владата да инвестира во овие стратешки сектори. Локацијата на Македонија, на раскрсницата на паневропските транспортни коридори VIII и X, е предност бидејќи компаниите сметаат дека „речиси го потпираат“ нивното производство да биде поблиску до центрите за потрошувачка во Европа, бидејќи последиците од пандемијата и руската инвазија на Украина продолжуваат да ги кинат глобалните синџири на снабдување.

Се укажува дека руската инвазија во Украина како и забавувањето на инвестициите го попречиле растот на БДП во 2023 година.

Целиот извештај на Стејт депарментот можете да го видите тука.

The post Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик appeared first on Република.

Се укажува дека руската инвазија во Украина како и забавувањето на инвестициите го попречиле растот на БДП во 2023 година. Целиот извештај на Стејт депарментот можете да го видите тука.

The post Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик appeared first on Република.

]]>
Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-posakuvana-destinatsija-kako-za-japonskite-taka-i-za-drugi-svetski-investitori/ Wed, 06 Mar 2024 13:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=751905

Денешниот ден е еден чекор напред кон унапредување на нашите билатерални односи со Јапонија, бидејќи претставници на водечки јапонски компании се дојдени за да ја запознаат нашата земја и можностите за развој на нивните бизниси кои нашата држава ги нуди, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), што се одржа денес Клубот на пратеници во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека во текот на изминатите три децении, Македонија и Јапонија одржуваа пријателски односи, но постои простор за нивно унапредување во делот на економската соработка.

„Сакаме да ја надминеме географската оддалеченост и да создадеме посилни економски врски. Ги претставивме можностите за инвестирање кои ги нудиме согласно законската регулатива, од финансиска поддршка за отворање на  работни места и капитални инвестиции до поддршка за истражување и развој“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој посочи дека географската локација на Македонија и нејзината близина до Европската Унија дава стратешки предности во делот на привлекувањето на нови странски инвестиции.

„Нашата држава е со стратешка локација, близина и пристап  до единствениот пазар на ЕУ, а нашата легислатива е во голема мера усогласена со онаа на Европската Унија, на тоа во последниве неколку години засилено се работеше и се работи.  Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори. 2022 година беше година со рекордни странски инвестиции од 753,8 милиони евра, година на пост ковид кризата. Тоа е доволен показател за зрелоста на нашата економија и бизнис опкружување“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила, туку на странските инвеститори нуди високо квалификувани работници со достоинствени плати.

„Од друга страна пак, заштитени се и нашите граѓани, нашите работници, нашиот највреден капитал, човечкиот капитал.  Бидејќи оваа држава од 2017 наваму веќе не е земја на евтина работна сила, туку земја на високо квалификувана, добро платена и конкурентна работна сила“, рече Битиќи.

Меморандумот го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и директорот на ЏЕТРО од Виена, Татсуо Камино. Потпишувањето се направи во месец кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија.

The post Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори appeared first on Република.

]]>

Денешниот ден е еден чекор напред кон унапредување на нашите билатерални односи со Јапонија, бидејќи претставници на водечки јапонски компании се дојдени за да ја запознаат нашата земја и можностите за развој на нивните бизниси кои нашата држава ги нуди, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), што се одржа денес Клубот на пратеници во Скопје. Вицепремиерот Битиќи посочи дека во текот на изминатите три децении, Македонија и Јапонија одржуваа пријателски односи, но постои простор за нивно унапредување во делот на економската соработка. „Сакаме да ја надминеме географската оддалеченост и да создадеме посилни економски врски. Ги претставивме можностите за инвестирање кои ги нудиме согласно законската регулатива, од финансиска поддршка за отворање на  работни места и капитални инвестиции до поддршка за истражување и развој“, рече вицепремиерот Битиќи. Тој посочи дека географската локација на Македонија и нејзината близина до Европската Унија дава стратешки предности во делот на привлекувањето на нови странски инвестиции. „Нашата држава е со стратешка локација, близина и пристап  до единствениот пазар на ЕУ, а нашата легислатива е во голема мера усогласена со онаа на Европската Унија, на тоа во последниве неколку години засилено се работеше и се работи.  Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори. 2022 година беше година со рекордни странски инвестиции од 753,8 милиони евра, година на пост ковид кризата. Тоа е доволен показател за зрелоста на нашата економија и бизнис опкружување“, рече вицепремиерот Битиќи. Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила, туку на странските инвеститори нуди високо квалификувани работници со достоинствени плати. „Од друга страна пак, заштитени се и нашите граѓани, нашите работници, нашиот највреден капитал, човечкиот капитал.  Бидејќи оваа држава од 2017 наваму веќе не е земја на евтина работна сила, туку земја на високо квалификувана, добро платена и конкурентна работна сила“, рече Битиќи. Меморандумот го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и директорот на ЏЕТРО од Виена, Татсуо Камино. Потпишувањето се направи во месец кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија.

The post Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори appeared first on Република.

]]>
Петрова: Даночната администрација треба да биде сервис на бизнисот, а не пречка, ќе ја подигнеме ефикасноста и ќе ја дигитализираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-danochnata-administratsija-treba-da-bide-servis-na-biznisot-a-ne-prechka-ke-ja-podigneme-efikasnosta-i-ke-ja-digitalizirame/ Thu, 08 Feb 2024 16:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=741945

За една успешна економија потребно е едно деловно опкружување во кое што компаниите би можеле да работат непречено, непречено да го реализираат својот бизнис, а за тоа им е потребна една ефикасна даночна администрација, ефикасна УЈП и било каква државна администрација која ефикасно ќе им дава поддршка и услуги за да го потпомогне нивниот бизнис, наместо да им поставува бариери и пречки во извршувањето на бизнисот, вели Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, на тема „Нов концепт за економски развој“ во рамките на дебатата Економска платформа за иднина.

Доаѓајќи од Управата за јавни приходи каде што долги години професионално се развива, Петрова преку пример посочи како доброто, ефикасното и ефективно функционирање на институцијата може да придонесе за развој на успешна економија, наведувајќи примери како моментално неефикасната администрација преставува загуба на време и финансиски средства за бизнисот.

„Кога на некој му е потребно било каков документ од УЈП, како на пример барање за уверение за платени даноци или познато како уверение за тендер, решение за даночно ослободување и слично, треба да отиде на шалтер во УЈП, да го поднесе барањето. Потоа треба да ја користи онаа метода „повикај пријател“, за да му се забрза завршувањето на документот во УЈП, а можеби и треба сам да оди да си ја заврши работата од, на пример Велес во Прилеп. Доколку некому ми е потребен некој стручен совет за тоа како да ја пресмета и да ја плати даночната обврска треба да сврти 20 телефони во УЈП и можеби, повторно, нем ада го добие правиот одговор. Ваквата неефикасност на администрацијата за бизнисот претставува загубено време, трошоци и сето тоа е загуба за бизнисот“, истакна Петрова.

Петрова посочи дека на економијата и на стопанственици им треба непречено да може да функционираат, без административни пречки и бариери, им треба даночна и државна администрација која ќе биде сервис во буквална смисла на зборот која што ќе им дава секојдневна поддршка и помош во работењето.

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за македонската економија е токму концепт кој што треба да ја подигне ефикасноста на даночната администрација, а дигитализацијата е еден од механизмите, можеби и најдобар механизам за подигнување на ваквата ефикасност. Дигитализирана даночна администрација, всушност е глобален стандард по кој што функционираат речиси сите даночни администрации во нашето опкружување, во Европа и во светот, а тоа го овозможуваат новите и современи технологии“, додаде Петрова.

The post Петрова: Даночната администрација треба да биде сервис на бизнисот, а не пречка, ќе ја подигнеме ефикасноста и ќе ја дигитализираме appeared first on Република.

]]>

За една успешна економија потребно е едно деловно опкружување во кое што компаниите би можеле да работат непречено, непречено да го реализираат својот бизнис, а за тоа им е потребна една ефикасна даночна администрација, ефикасна УЈП и било каква државна администрација која ефикасно ќе им дава поддршка и услуги за да го потпомогне нивниот бизнис, наместо да им поставува бариери и пречки во извршувањето на бизнисот, вели Елена Петрова, дополнителен заменик министер за финансии на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, на тема „Нов концепт за економски развој“ во рамките на дебатата Економска платформа за иднина. Доаѓајќи од Управата за јавни приходи каде што долги години професионално се развива, Петрова преку пример посочи како доброто, ефикасното и ефективно функционирање на институцијата може да придонесе за развој на успешна економија, наведувајќи примери како моментално неефикасната администрација преставува загуба на време и финансиски средства за бизнисот.
„Кога на некој му е потребно било каков документ од УЈП, како на пример барање за уверение за платени даноци или познато како уверение за тендер, решение за даночно ослободување и слично, треба да отиде на шалтер во УЈП, да го поднесе барањето. Потоа треба да ја користи онаа метода „повикај пријател“, за да му се забрза завршувањето на документот во УЈП, а можеби и треба сам да оди да си ја заврши работата од, на пример Велес во Прилеп. Доколку некому ми е потребен некој стручен совет за тоа како да ја пресмета и да ја плати даночната обврска треба да сврти 20 телефони во УЈП и можеби, повторно, нем ада го добие правиот одговор. Ваквата неефикасност на администрацијата за бизнисот претставува загубено време, трошоци и сето тоа е загуба за бизнисот“, истакна Петрова.
Петрова посочи дека на економијата и на стопанственици им треба непречено да може да функционираат, без административни пречки и бариери, им треба даночна и државна администрација која ќе биде сервис во буквална смисла на зборот која што ќе им дава секојдневна поддршка и помош во работењето.
Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за македонската економија е токму концепт кој што треба да ја подигне ефикасноста на даночната администрација, а дигитализацијата е еден од механизмите, можеби и најдобар механизам за подигнување на ваквата ефикасност. Дигитализирана даночна администрација, всушност е глобален стандард по кој што функционираат речиси сите даночни администрации во нашето опкружување, во Европа и во светот, а тоа го овозможуваат новите и современи технологии“, додаде Петрова.

The post Петрова: Даночната администрација треба да биде сервис на бизнисот, а не пречка, ќе ја подигнеме ефикасноста и ќе ја дигитализираме appeared first on Република.

]]>
Супер поволни бизнис кредити од УНИБанка кои нудат бројни предности за бизнисите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/super-povolni-biznis-krediti-od-unibanka-koi-nudat-brojni-prednosti-za-biznisite/ Thu, 09 Nov 2023 11:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=699827

УНИБанка уште еднаш потврди дека е банка која го следи пулсот на бизнис заедницата која креира кредитни производи според нивните очекувања и потреби. Последен во низата е Супер брзиот бизнис кредит кој е со фиксна каматна стапка, наменет за купување или изградба на објект и додатни инвестиции во бизнисот или рефинасирање од други банки, за обртни средства, нови машини или финансирање на други тековни потреби.

Овој супер брз кредит е со износ до 30.000 евра, со каматна стапка од 6.40% која е фиксна првата година,  без трошоци за разгледување на барањето промотивно до 31.12.2023 г.

За него не треба да заложите хипотека, при што рокот на доспевање е 5 години со вклучен грејс период од 6 месеци. Процедурате е брза, што го прави особено интересен и прифатлив за сите оние мали и средни бизниси кои сакаат за кратко време да реализираат одредена бизнис инвестиција.

За поголемите и подолгорочни бизнис планови и инвестиции, УНИБанка Скопје го воведе Хипотекарниот Бизнис Кредит кој е со износ до 100.000 евра, со рок на отплата до 10 години, и со вклучен грејс период од 12 месеци. За негово добивање е потребна хипотека, а промотивно до 31.12.2023 е без трошоци за разгледување на барањето, додека можеби и најважно каматната стапка е атрактивна и изнесува само 4.90%.

Овој хипотекарен кредит  може да се искористи за инвестиции во купување или изградба на објект, за нови машини и додатни инвестиции во бизнисот, за рефинасирање од други банки, како и можност до 30% од износот да се користи за обртни средства за набавка на репроматеријали и трајни обртни средства.

УНИБанка Скопје е партнер, консултант на своите клиенти нудејќи им бројни предности за нивните бизниси. УНИБанка Скопје и понатаму ќе остане ориентирана кон потребите на бизнисите и ќе се стреми да ги поддржи нивните потреби и очекувања, креирајќи производи, услуги и сервиси како би им овозможиле остварување на целите и максимални деловни постигнувања.

Комерцијален текст

The post Супер поволни бизнис кредити од УНИБанка кои нудат бројни предности за бизнисите! appeared first on Република.

]]>

УНИБанка уште еднаш потврди дека е банка која го следи пулсот на бизнис заедницата која креира кредитни производи според нивните очекувања и потреби. Последен во низата е Супер брзиот бизнис кредит кој е со фиксна каматна стапка, наменет за купување или изградба на објект и додатни инвестиции во бизнисот или рефинасирање од други банки, за обртни средства, нови машини или финансирање на други тековни потреби. Овој супер брз кредит е со износ до 30.000 евра, со каматна стапка од 6.40% која е фиксна првата година,  без трошоци за разгледување на барањето промотивно до 31.12.2023 г. За него не треба да заложите хипотека, при што рокот на доспевање е 5 години со вклучен грејс период од 6 месеци. Процедурате е брза, што го прави особено интересен и прифатлив за сите оние мали и средни бизниси кои сакаат за кратко време да реализираат одредена бизнис инвестиција. За поголемите и подолгорочни бизнис планови и инвестиции, УНИБанка Скопје го воведе Хипотекарниот Бизнис Кредит кој е со износ до 100.000 евра, со рок на отплата до 10 години, и со вклучен грејс период од 12 месеци. За негово добивање е потребна хипотека, а промотивно до 31.12.2023 е без трошоци за разгледување на барањето, додека можеби и најважно каматната стапка е атрактивна и изнесува само 4.90%. Овој хипотекарен кредит  може да се искористи за инвестиции во купување или изградба на објект, за нови машини и додатни инвестиции во бизнисот, за рефинасирање од други банки, како и можност до 30% од износот да се користи за обртни средства за набавка на репроматеријали и трајни обртни средства. УНИБанка Скопје е партнер, консултант на своите клиенти нудејќи им бројни предности за нивните бизниси. УНИБанка Скопје и понатаму ќе остане ориентирана кон потребите на бизнисите и ќе се стреми да ги поддржи нивните потреби и очекувања, креирајќи производи, услуги и сервиси како би им овозможиле остварување на целите и максимални деловни постигнувања. Комерцијален текст

The post Супер поволни бизнис кредити од УНИБанка кои нудат бројни предности за бизнисите! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со злоупотреба на европско знаменце насила да се наметнуваат законски решенија како солидарниот данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-bide-partner-na-biznis-zaednitsata/ Tue, 17 Oct 2023 13:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=692105

Сакаме да ги увериме луѓето коишто се дел од реалниот сектор и од бизнис заедницата дека ВМРО-ДПМНЕ е пријател, ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера сериозно да ја развива Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера сериозно да помага и да биде партнер на бизнис заедницата, а не да биде непријател како што тоа се прави сега и со злоупотреба на европско знаменце насила да се наметнуваат законски решенија меѓу кои што е и ова, солидарниот данок - истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гевгелија во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, одговарајќи на новинарско прашање за став околу солидарниот данок кој е обжален пред Уставен суд.

Мицкоски додаде дека бизнисот заслужува поддршка и мора да престане односот кога власта нема пари, истите да се обезбедуваат преку бизнис заедницата и граѓаните за да може потоа истите тие пари да ги дели преку тендери.

Цениме дека бизнисот заслужува поддршка и цениме дека ние како ВМРО ДПМНЕ мораме да ја разбиеме стигмата дека кога нема од каде, тогаш се притиска бизнис заедницата и се притискаат граѓаните за да може владата да обезбеди денар повеќе, а потоа тој денар повеќе преку наместени тендери во четири очи делумно, нормално да го злоупотреби, барем за тоа постојат основани сомневање, потенцираше Мицкоски и додаде:

Така што силна поддршка и порака на поддршка денеска од тука од Гевгелија, за локалниот бизнис, но и генерално за бизнисот за Македонија дека ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера да биде партнер и пријател на бизнисот и да помогне да тие се развиваат, а развивајќи се да ги задржиме и луѓето во Македонија, а задржувајќи ги луѓето во Македонија ќе ја има и Македонија повеќе, ќе не има и нас повеќе. Мислам дека тоа е природен начин на развивање на настаните!

The post Мицкоски: Со злоупотреба на европско знаменце насила да се наметнуваат законски решенија како солидарниот данок appeared first on Република.

]]>

Сакаме да ги увериме луѓето коишто се дел од реалниот сектор и од бизнис заедницата дека ВМРО-ДПМНЕ е пријател, ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера сериозно да ја развива Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера сериозно да помага и да биде партнер на бизнис заедницата, а не да биде непријател како што тоа се прави сега и со злоупотреба на европско знаменце насила да се наметнуваат законски решенија меѓу кои што е и ова, солидарниот данок - истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гевгелија во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, одговарајќи на новинарско прашање за став околу солидарниот данок кој е обжален пред Уставен суд.
Мицкоски додаде дека бизнисот заслужува поддршка и мора да престане односот кога власта нема пари, истите да се обезбедуваат преку бизнис заедницата и граѓаните за да може потоа истите тие пари да ги дели преку тендери. Цениме дека бизнисот заслужува поддршка и цениме дека ние како ВМРО ДПМНЕ мораме да ја разбиеме стигмата дека кога нема од каде, тогаш се притиска бизнис заедницата и се притискаат граѓаните за да може владата да обезбеди денар повеќе, а потоа тој денар повеќе преку наместени тендери во четири очи делумно, нормално да го злоупотреби, барем за тоа постојат основани сомневање, потенцираше Мицкоски и додаде: Така што силна поддршка и порака на поддршка денеска од тука од Гевгелија, за локалниот бизнис, но и генерално за бизнисот за Македонија дека ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има намера да биде партнер и пријател на бизнисот и да помогне да тие се развиваат, а развивајќи се да ги задржиме и луѓето во Македонија, а задржувајќи ги луѓето во Македонија ќе ја има и Македонија повеќе, ќе не има и нас повеќе. Мислам дека тоа е природен начин на развивање на настаните!

The post Мицкоски: Со злоупотреба на европско знаменце насила да се наметнуваат законски решенија како солидарниот данок appeared first on Република.

]]>
Бизнисите и граѓанското општество гледаат стабилност и извесност на македонската економија со членството во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/biznisite-i-graganskoto-opshtestvo-gledaat-stabilnost-i-izvesnost-na-makedonskata-ekonomija-so-chlenstvoto-vo-eu/ Thu, 31 Aug 2023 07:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=677466

На трибината „Ние сме Европа“, која започна вечерва од Скопје, од плоштадот Јадран, на темата: „ЕУ за македонската економија“, покрај премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, министерот за економија Бектеши, амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, свое обраќање имаа и претставничката на бизнис заедницата, Ирена Јакимовска од Комфи Ангел и Благица Петрески, извршна директорка на Институт за економски истражувања, Finance Think. Сметам дека економските бенефити кои членството во ЕУ ги носи се клучни кои може да ги почувствуваат сите граѓани, бидејќи тоа секој го чувствува преку платите, пензиите, животниот стандард.

Благица Петрески од Институтот за економски истражувања рече дека економските бенефити се клучна придобивка од преговорите со ЕУ и не се прашање за треба да се зборува туку едноставно тоа може да се почувствува преку нашите плати, пензиите, животниот стандард на студентите, животниот стандард на нашите деца и условите во коишто живеат, нагласувајќи дека процесот за членство во ЕУ е тој којшто може сите овие аспекти да ги подобри.

- Овој процес на преговори ни претставува прво крајна цел и форма на регулатива која треба да ни го покаже правиот пат. За одредени структурни реформи како што се затворање на јадовите на пазарот на труд како што се зголемување на писменоста нас ни се потребни реформи кои може да траат и со децении. Ние денес треба да започнеме со реформи во образование за после 10 години да имаме кадар којшто ќе излези работна сила којашто ќе кажеме дека може да придонесе којашто е доволно продуктивна за компаниите да остварат профит или за да ја подигнеме економијата, објасни Петреска.

Таа рече дека примарниот исход од преговорите со ЕУ е дека нашето општество ќе се трансформира, ќе донесе усогласување на законите, усогласување на политиките на институциите коишто ќе нудат ист квалитет и стандарди како што се оние на Европската Унија. Како една крајните клучни цели на овој процес е конвергенција на нашиот доход со доходот на ЕУ што значи дека доходот на помалку развиените земји како нашата треба да се доближи до земјите кон коишто стремиме да се зачлениме тоа е земјите на ЕУ, додавајќи дека тој во моментов изнесува само 39% и според неа е недоволно бидејќи како што кажа Петрески имаме уште многу простор истиот да се подобри.

Јакимовска пак рече дека тие во Комфи Ангел се Европа, бидејќи нивниот купувач, а истовремено и добавувач е она нешто што е многу клучно и битно во целиот бизнис и циклус во креирањето на една компанија и нормално почитување на нивниот купувач, како едни од европските стандарди кои ги практикуваат и промовираат во оваа компанија.

- Фактот што нашите купувачи се во Европа немаме друга алтернатива освен да работиме по европските стандарди и така треба да биде во секој дом во секоја компанија во цела држава, додаде таа.

Јакимовска порача дека сака да живее во европска држава, дека си ја сака државата, родителите, компанијата бидејќи и таа е Европејка и дека ќе направи сè македонската компанија Комфи Ангел да биди пример и најдобрата компанија која извезува македонски производ во Европа.

Серијата трибини во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ продолжува во петок со трибина во Струмица посветена на трудот и социјалната политика.

The post Бизнисите и граѓанското општество гледаат стабилност и извесност на македонската економија со членството во ЕУ appeared first on Република.

Си почнува нов бизнис: Пригожин во Белорусија регистрирал компанија за недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-pochnuva-nov-biznis-prigozhin-vo-belorusija-registriral-kompanija-za-nedvizhnosti/ Mon, 24 Jul 2023 08:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=664630

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин регистрирал компанија во Белорусија наречена Конкорд Менаџмент и Консалтинг, пишува белорускиот весник Реформ, пренесува рускиот независен портал Медуза.

Според Единствениот државен регистар на правни лица и независни претприемачи на Министерството за правда на Белорусија, компанијата со акционерски капитал од 200 белоруски рубли (околу 72 евра) е регистрирана на 19 јули во селото Цел, регионот Могилев, Белорусија.

Според белорускиот весник Реформ, тоа е локацијата на воениот камп каде што биле испратени платениците на Вагнер по бунтот на Пригожин на крајот на јуни.

Беше наведено дека бизнисот е фокусиран пред се на управување со недвижности и дека Пригожин е на чело на компанијата, пренесува Медуза.

The post Си почнува нов бизнис: Пригожин во Белорусија регистрирал компанија за недвижности appeared first on Република.

]]>

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин регистрирал компанија во Белорусија наречена Конкорд Менаџмент и Консалтинг, пишува белорускиот весник Реформ, пренесува рускиот независен портал Медуза. Според Единствениот државен регистар на правни лица и независни претприемачи на Министерството за правда на Белорусија, компанијата со акционерски капитал од 200 белоруски рубли (околу 72 евра) е регистрирана на 19 јули во селото Цел, регионот Могилев, Белорусија. Според белорускиот весник Реформ, тоа е локацијата на воениот камп каде што биле испратени платениците на Вагнер по бунтот на Пригожин на крајот на јуни. Беше наведено дека бизнисот е фокусиран пред се на управување со недвижности и дека Пригожин е на чело на компанијата, пренесува Медуза.

The post Си почнува нов бизнис: Пригожин во Белорусија регистрирал компанија за недвижности appeared first on Република.

]]>
Околу 120.000 бизниси во Италија пред затворање поради пораст на цените на енергијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-120-000-biznisi-vo-italija-pred-zatvoranje-poradi-porast-na-cenite-na-energijata/ Fri, 26 Aug 2022 07:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=544233

Италијанската конфедерација на претприемачи – Конфкомерчо, соопшти дека околу 120.000 бизниси се изложени на ризик од затворање од сега до првата половина на следната година поради порастот на цените на енергијата како резултат на војната во Украина, и зголемената инфлација.

Енергетската спирала и инфлацијата од над осум отсто, што се очекува дополнително да расте главно поради скокот на цените на суровините за енергија, „од сега до првите шест месеци од 2023 година загрозува околу 120.000 претпријатија од услужниот сектор“ , објави „Конфкомерчо“.

Загрозени се околу 370.000 работни места, се вели во извештајот.

Трошоците за енергија во услужниот сектор во 2022 година ќе изнесуваат 33 милијарди евра, што е трипати повеќе од 11 милијарди во 2021 година, се наведува и во соопштението. Зголемувањето беше повеќе од двојно од нивото од 2019 година од 14,9 милијарди.

The post Околу 120.000 бизниси во Италија пред затворање поради пораст на цените на енергијата appeared first on Република.

]]>

Италијанската конфедерација на претприемачи – Конфкомерчо, соопшти дека околу 120.000 бизниси се изложени на ризик од затворање од сега до првата половина на следната година поради порастот на цените на енергијата како резултат на војната во Украина, и зголемената инфлација. Енергетската спирала и инфлацијата од над осум отсто, што се очекува дополнително да расте главно поради скокот на цените на суровините за енергија, „од сега до првите шест месеци од 2023 година загрозува околу 120.000 претпријатија од услужниот сектор“ , објави „Конфкомерчо“. Загрозени се околу 370.000 работни места, се вели во извештајот. Трошоците за енергија во услужниот сектор во 2022 година ќе изнесуваат 33 милијарди евра, што е трипати повеќе од 11 милијарди во 2021 година, се наведува и во соопштението. Зголемувањето беше повеќе од двојно од нивото од 2019 година од 14,9 милијарди.

The post Околу 120.000 бизниси во Италија пред затворање поради пораст на цените на енергијата appeared first on Република.

]]>
Може да се очекуваат и дополнителни негативни последици од пандемијата со ковид-19 во бизнис секторот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/moze-da-se-ochekuvaat-i-dopolnitelni-negativni-posledici-od-pandemijata-so-kovid-19-vo-biznis-sektorot/ Sun, 02 Jan 2022 07:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=439462

Тешка економска година со многу предизвици, вака накусо бизнис секторот ја оценува 2021 година. Предвидувањата не се оптимистички – трендот на неизвесност ќе продолжи, а може да се очекуваат и дополнителни негативни последици од корона пандемијата.

Според стопанските комори, енергетската криза дополнително го усложни економскиот амбиент и ги покажа и слабостите на системот. Но, врз работењето на компаниите силен одраз имаа и политичките случувања по локалните избори.

Судејќи од оваа перспектива, можеби има простор да се констатира успешна година, но, за жал, економијата е многу покомплексен и сложен сегмент. Не се сите компании членки во некоја од коморите, што значи дека треба да имаме предвид уште многу други параметри за да дадеме таква констатација. Поради корона пандемијата, економијата и бизнисот претрпеа штети од кои се уште не закрепнале. Во споредба со 2020 година имаме над 2.000 компании помалку и секако, синџирот на снабдување е значително ослабен. Сепак, токму во период кога изгледаше дека се движиме позитивно кон закрепнување и враќање во нормала, не погодија енергетската криза и инфлацијата. Енергетската криза е сериозен проблем, вели за МИА извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Дрилон Исени.

Во однос на најавите за можен ценовен шок, Исени нагласува дека тоа ќе биде генерален проблем не само за компаниите, туку и за потрошувачите. Доколку тоа сценарио се случува, економската активност и куповната моќ може значително да се намали.

Со зголемувањето на цените автоматски може да се намали побарувачката, а со тоа да ослаби и синџирот на снабдување, што значи дека компаниите ќе произведуваат или увезуваат помалку за домашниот пазар. Покрај ова намалување на обемот на работа, компаниите се соочуваат и со енормно зголемени фактури на енергенси што значи дека колатерален ефект ќе биде намалувањето на работните места. Всушност, не само компаниите, туку никој не е подготвен за ценовниот шок што може да се случи. Државата има воспоставено механизми за спречување на каква било злоупотреба од страна на компаниите, но од друга страна нема механизми или мерки за нивно помагање, истакнува директорот.

Тој додава и дека ако кризата трае, а најверојатно ќе биде така, државата ќе треба да ги субвенционира ранливите социјални категории за справување со поскапувањето на основните производи за тие да не се претворат во „супериорни добра" што ќе можат да ги обезбедат само граѓаните чии примања се зголемени.

Во 2022 година треба да се фокусираме на надминување на кризата. Пред се, треба да се повлечат некои од одлуките на Владата како што се недела неработен ден, замрзнување на цените на основните производи. Да се воведе итна мерка за поддршка на социјално ранливите категории, враќање на долговите на државата кон бизнисите, враќање на ДДВ во најбрз можен рок. Цела администрација треба да се насочи кон поддршка на политиките за обновлива енергија, како и кон целосно искористување на буџетските капитални расходи при што ќе имаме поголеми придобивки во економски аспект, вели Исени и информира дека членките на СКСЗМ 2021 година ја заокружиле со успех. Некои дури и ги надминале своите очекувања, а ретки се тие што имаат негативен биланс.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO), Ајдован Адемоски смета дека пролонгираната здравствена и економска криза, ефективноста на политиките за ограничување на економската штета од пандемијата, развојот на финансиските услови и движењето на цените на добрата и услугите, како и на капацитетот за прилагодување на економијата, се главни причини за неизвесноста околу закрепнувањето на економијата.

Трендот на неизвесност ќе продолжи и во следната 2022 година во која се очекуваат дополнителни и негативни последици од пандемијата. Обидувајќи се да се справат со енергетската и економската криза на глобално ниво, компаниите се принудени да бараат решенија за обезбедување на потребните количини енергенси по најдобри можни цени во услови кога вредноста на струјата на светските берзи се продава и до пет пати поскапо од онаа која се набавуваше пред само неколку месеци. Моменталната состојба е прилично загрижувачка, бидејќи некои од големите компании кои можат да набават струја по 90 евра за мегават час, не можат тоа да го направат зашто немаат дозволи за увоз. Има некои фирми кои преку матичните компании од други земји може да добијат струја, но не можат тоа да го направат, бидејќи немаат механизам за пренос во нашата електро мрежа, а има и помали компании кои немаат начин како да увезат електрична енергија иако можат да ја платат, подвлекува Адемоски.

Покрај мерките и активностите за заздравување на економијата, потребно е, вели, да се креираат механизми кои ефикасно ќе ја стимулираат економската активност во насока на повисок и одржлив раст на среден рок. Акцентот во креирањето на политиките, според него, треба да се стави на инвестиции за дигитализација на услугите и поддршка на растот и развојот на компаниите.

Согласно политиките и мерките на Владата со цел решавање на енергетската состојба и економско закрепнување на компаниите, бизнис секторот очекува брзо справување со проблемите, враќање на состојбата пред пандемијата и ефикасно реализирање на Планот за забрзан економски раст за 2022-2026 година донесен во октомври оваа година. Воедно, се следи реализацијата на донесените пакет мерки насочени кон справување со негативните последици врз економијата, објаснува претседателот на МАТТО и уште еднаш повторува дека компаниите кои во моментов напредуваат, во услови на светска пандемија, се оние кои всушност реагирале брзо на промените.

Како и во 2020 година, така и во 2021-ва, укажува Адемоски, пандемијата продолжи да ги менува начините на кои компаниите се принудени да се прилагодуваат за да обезбедат опстанок со што помали последици во работата.

Со развивање нови трендови и воведување модифицирани технологии, компаниите и понатаму се принудени да пронаоѓаат начини за поефикасна подготовка на своите бизниси за 2022 година. Иако компаниите континуирано ги следат промените на пазарот и трансформациите кои влијаат врз нивниот бизнис, за многу компании во 2022 година ќе биде и понатаму важно да се преструктуираат или соодветно да го менуваат деловниот модел. Во претходните две пандемиски години, 2020 и 2021 година, имаше многу сектори кои беа целосно трансформирани, како што е угостителството и фирми кои организираат (менаџираат) настани. Така на пример, рестораните, односно дел од нив понудија услуги по посочени протоколи од надлежните институции се со цел да можат да опстанат на пазарот. Генерално, бидејќи компаниите мораа брзо да ги прилагодат своите активности со работење од далечна и работа од дома се наметна своевиден стандард кој повеќето компании ги принуди да го преиспитуваат својот деловен модел. Со работењето од далечна зависно од видот на бизнисот кај некои фирми дојде до зголемување на продуктивноста, додека кај други овој модел не се покажа идеален. Со воведувањето на видео конференциите, средбите лице в лице (состаноци, презентации, обуки) кои вклучуваат и дополнително време и трошоци за патувања, во 2021 година веќе не се стандард, туку избор и исклучок, истакнува Адемоски.

Тој потсетува и дека за бизнис секторот недостатокот на работна сила и натаму е исклучително сериозен проблем. Неопходно е да се стави фокус на ова прашање и да се помогне со цел креирање мерки и активности за задржување на младите, како и на квалитетната и квалификувана работна сила во државата.

Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, покрај актуелната енергетска и здравствена криза, горлив проблем остануваат и борбата со сивата економија и корупцијата, гасификацијата, поддршката на извозните компании и регулирањето на процедурите за издавање градежни дозволи кои директно влијаат врз инвестициите.

Тоа се четирите приоритети на кои ќе се фокусираме, а секако тука е и прашањето за оспособување кадри за потребите на бизнисот кој ќе биде константно третиран во наредното десеттлетие. Овие проблеми не се нови и нивното решавање бара многу енергија и истрајност. Но, кога имаш економска, финансиска, здравствена, енергетска и политичка криза во исто време, акцентот се става само на едно – да преживееме. Ни се сугерираше и пред почетокот на пандемијата – хибернација, бидејќи никој не знае до кога ова ќе трае, потенцира Азески.

Според него, годината беше тешка, а кризите станаа составен дел од нашите животи и работење.

Ова што во моментов го имаме беше над моите очекувања, зашто во такви услови да имаш вакви бројки е право чудо. Нормално дека тоа има своја цена и одраз брз буџетот. Но, токму продолжувањето на кризата ме прави да бидам помалку оптимист од секогаш. Тука морам да ја надополнам и политичката криза во која влеговме по локалните избори, што имаше силен одраз врз работењето на компаниите и создавањето подобар амбиент за стопанисување. Констатацијата на бизнис секторот е дека треба да се стремиме кон намалување на трошоците, зголемување на приходите и мислам дека како држава треба да бидеме крајно внимателни, нагласува Азески.

Во однос на енергетската криза, ставот на Азески е дека освен што го усложни и онака комплицираниот економски амбиент, ги покажа и слабостите на системот.

Енергетската криза која почна од средината на 2021 година како продолжение на здравствено-економската криза предизвикана од ковид, само го усложни и така сложениот економски амбиент во кој државата функционира уште од 2008 година и ги покажа слабостите на системот на државата. Без стратегија за енергетскиот сектор, без инвестиции во изминатите 30 години, во услови на лошо менаџирање и висока партизација во целиот изминат период, само го потврди фактот дека без сопствени енергенси или без континуирано и стабилно снабдување од увоз, стопанскиот развој на земјата е доведен под знак прашање, дециден е претседателот на најстарата и најголема бизнис асоцијација.

Стопанските комори и во оваа прилика укажаа дека при носењето на секоја одлука, Владата треба да го консултира бизнисот, особено во ваков период – на здраствена, енергетска и економска криза.

The post Може да се очекуваат и дополнителни негативни последици од пандемијата со ковид-19 во бизнис секторот appeared first on Република.

]]>

Тешка економска година со многу предизвици, вака накусо бизнис секторот ја оценува 2021 година. Предвидувањата не се оптимистички – трендот на неизвесност ќе продолжи, а може да се очекуваат и дополнителни негативни последици од корона пандемијата. Според стопанските комори, енергетската криза дополнително го усложни економскиот амбиент и ги покажа и слабостите на системот. Но, врз работењето на компаниите силен одраз имаа и политичките случувања по локалните избори.
Судејќи од оваа перспектива, можеби има простор да се констатира успешна година, но, за жал, економијата е многу покомплексен и сложен сегмент. Не се сите компании членки во некоја од коморите, што значи дека треба да имаме предвид уште многу други параметри за да дадеме таква констатација. Поради корона пандемијата, економијата и бизнисот претрпеа штети од кои се уште не закрепнале. Во споредба со 2020 година имаме над 2.000 компании помалку и секако, синџирот на снабдување е значително ослабен. Сепак, токму во период кога изгледаше дека се движиме позитивно кон закрепнување и враќање во нормала, не погодија енергетската криза и инфлацијата. Енергетската криза е сериозен проблем, вели за МИА извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Дрилон Исени.
Во однос на најавите за можен ценовен шок, Исени нагласува дека тоа ќе биде генерален проблем не само за компаниите, туку и за потрошувачите. Доколку тоа сценарио се случува, економската активност и куповната моќ може значително да се намали.
Со зголемувањето на цените автоматски може да се намали побарувачката, а со тоа да ослаби и синџирот на снабдување, што значи дека компаниите ќе произведуваат или увезуваат помалку за домашниот пазар. Покрај ова намалување на обемот на работа, компаниите се соочуваат и со енормно зголемени фактури на енергенси што значи дека колатерален ефект ќе биде намалувањето на работните места. Всушност, не само компаниите, туку никој не е подготвен за ценовниот шок што може да се случи. Државата има воспоставено механизми за спречување на каква било злоупотреба од страна на компаниите, но од друга страна нема механизми или мерки за нивно помагање, истакнува директорот.
Тој додава и дека ако кризата трае, а најверојатно ќе биде така, државата ќе треба да ги субвенционира ранливите социјални категории за справување со поскапувањето на основните производи за тие да не се претворат во „супериорни добра" што ќе можат да ги обезбедат само граѓаните чии примања се зголемени.
Во 2022 година треба да се фокусираме на надминување на кризата. Пред се, треба да се повлечат некои од одлуките на Владата како што се недела неработен ден, замрзнување на цените на основните производи. Да се воведе итна мерка за поддршка на социјално ранливите категории, враќање на долговите на државата кон бизнисите, враќање на ДДВ во најбрз можен рок. Цела администрација треба да се насочи кон поддршка на политиките за обновлива енергија, како и кон целосно искористување на буџетските капитални расходи при што ќе имаме поголеми придобивки во економски аспект, вели Исени и информира дека членките на СКСЗМ 2021 година ја заокружиле со успех. Некои дури и ги надминале своите очекувања, а ретки се тие што имаат негативен биланс.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO), Ајдован Адемоски смета дека пролонгираната здравствена и економска криза, ефективноста на политиките за ограничување на економската штета од пандемијата, развојот на финансиските услови и движењето на цените на добрата и услугите, како и на капацитетот за прилагодување на економијата, се главни причини за неизвесноста околу закрепнувањето на економијата.
Трендот на неизвесност ќе продолжи и во следната 2022 година во која се очекуваат дополнителни и негативни последици од пандемијата. Обидувајќи се да се справат со енергетската и економската криза на глобално ниво, компаниите се принудени да бараат решенија за обезбедување на потребните количини енергенси по најдобри можни цени во услови кога вредноста на струјата на светските берзи се продава и до пет пати поскапо од онаа која се набавуваше пред само неколку месеци. Моменталната состојба е прилично загрижувачка, бидејќи некои од големите компании кои можат да набават струја по 90 евра за мегават час, не можат тоа да го направат зашто немаат дозволи за увоз. Има некои фирми кои преку матичните компании од други земји може да добијат струја, но не можат тоа да го направат, бидејќи немаат механизам за пренос во нашата електро мрежа, а има и помали компании кои немаат начин како да увезат електрична енергија иако можат да ја платат, подвлекува Адемоски.
Покрај мерките и активностите за заздравување на економијата, потребно е, вели, да се креираат механизми кои ефикасно ќе ја стимулираат економската активност во насока на повисок и одржлив раст на среден рок. Акцентот во креирањето на политиките, според него, треба да се стави на инвестиции за дигитализација на услугите и поддршка на растот и развојот на компаниите. Согласно политиките и мерките на Владата со цел решавање на енергетската состојба и економско закрепнување на компаниите, бизнис секторот очекува брзо справување со проблемите, враќање на состојбата пред пандемијата и ефикасно реализирање на Планот за забрзан економски раст за 2022-2026 година донесен во октомври оваа година. Воедно, се следи реализацијата на донесените пакет мерки насочени кон справување со негативните последици врз економијата, објаснува претседателот на МАТТО и уште еднаш повторува дека компаниите кои во моментов напредуваат, во услови на светска пандемија, се оние кои всушност реагирале брзо на промените. Како и во 2020 година, така и во 2021-ва, укажува Адемоски, пандемијата продолжи да ги менува начините на кои компаниите се принудени да се прилагодуваат за да обезбедат опстанок со што помали последици во работата.
Со развивање нови трендови и воведување модифицирани технологии, компаниите и понатаму се принудени да пронаоѓаат начини за поефикасна подготовка на своите бизниси за 2022 година. Иако компаниите континуирано ги следат промените на пазарот и трансформациите кои влијаат врз нивниот бизнис, за многу компании во 2022 година ќе биде и понатаму важно да се преструктуираат или соодветно да го менуваат деловниот модел. Во претходните две пандемиски години, 2020 и 2021 година, имаше многу сектори кои беа целосно трансформирани, како што е угостителството и фирми кои организираат (менаџираат) настани. Така на пример, рестораните, односно дел од нив понудија услуги по посочени протоколи од надлежните институции се со цел да можат да опстанат на пазарот. Генерално, бидејќи компаниите мораа брзо да ги прилагодат своите активности со работење од далечна и работа од дома се наметна своевиден стандард кој повеќето компании ги принуди да го преиспитуваат својот деловен модел. Со работењето од далечна зависно од видот на бизнисот кај некои фирми дојде до зголемување на продуктивноста, додека кај други овој модел не се покажа идеален. Со воведувањето на видео конференциите, средбите лице в лице (состаноци, презентации, обуки) кои вклучуваат и дополнително време и трошоци за патувања, во 2021 година веќе не се стандард, туку избор и исклучок, истакнува Адемоски.
Тој потсетува и дека за бизнис секторот недостатокот на работна сила и натаму е исклучително сериозен проблем. Неопходно е да се стави фокус на ова прашање и да се помогне со цел креирање мерки и активности за задржување на младите, како и на квалитетната и квалификувана работна сила во државата. Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, покрај актуелната енергетска и здравствена криза, горлив проблем остануваат и борбата со сивата економија и корупцијата, гасификацијата, поддршката на извозните компании и регулирањето на процедурите за издавање градежни дозволи кои директно влијаат врз инвестициите.