бизнис заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-zaednitsa/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 16:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнис заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-zaednitsa/ 32 32 УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-na-sredba-so-stopanstvenitsi-od-poloshkiot-region/ Thu, 15 Aug 2024 16:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=806967

Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжи средбите со бизнис заедницата. Во организација на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) работни средби се одржаа во Струга и Тетово со бизнис заедницата од полошкиот регион.

На средбите претставниците од Управата за јавни приходи го истакнаа значењето на  доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници, разговараа за одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход како и за начинот на пријавување на приходите преку системот е-Даночни услуги.

Компаниите-членки на СКСЗМ се интересираа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба.

Присутните  адресираа и некои  неизвесности што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности.  Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите и податоците со другите институции кои се меѓусебно поврзани,  посочија за  значителен број на нелегални трговци кои работат на пазарот во земјава кои немаат регистрирана дејност и предизвикуваат голема штета на формалните компании, а исто така побараа вакви средби да се одржуваат поредовно.

Мухедин Авдиќ – раководител на сектор за даноци и услуги на даночни обврзници од  Управата за јавни приходи  истакна дека веќе се работи на развој на  даночен информациски систем  кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран, посочи дека даночни контроли се спроведуваат постојано согласно планот за контроли како и по претставки и дојави но и координирано со други институции.

Потпретседателот на СКСЗМ г-дин Јетон Асани и извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздравија оваа иницијатива на Управата за јавни приходи, и ја оценија како исклучително важна заради продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст.

На средбите сите се согласија  да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои ги среќаваат на пазарот.

The post УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжи средбите со бизнис заедницата. Во организација на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) работни средби се одржаа во Струга и Тетово со бизнис заедницата од полошкиот регион. На средбите претставниците од Управата за јавни приходи го истакнаа значењето на  доброволната усогласеност и градењето на партнерскиот однос на УЈП со даночните обврзници, разговараа за одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход како и за начинот на пријавување на приходите преку системот е-Даночни услуги. Компаниите-членки на СКСЗМ се интересираа за најновите промени во даночната легислатива и нивното влијание врз деловниот сектор, контролите и инспекциите, даночните поттикнувања и слично, на тој начин ценејќи дека решавањето на овие теми може да помогне во градењето силна и взаемна соработка за економската благосостојба. Присутните  адресираа и некои  неизвесности што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности.  Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите и податоците со другите институции кои се меѓусебно поврзани,  посочија за  значителен број на нелегални трговци кои работат на пазарот во земјава кои немаат регистрирана дејност и предизвикуваат голема штета на формалните компании, а исто така побараа вакви средби да се одржуваат поредовно. Мухедин Авдиќ – раководител на сектор за даноци и услуги на даночни обврзници од  Управата за јавни приходи  истакна дека веќе се работи на развој на  даночен информациски систем  кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран, посочи дека даночни контроли се спроведуваат постојано согласно планот за контроли како и по претставки и дојави но и координирано со други институции. Потпретседателот на СКСЗМ г-дин Јетон Асани и извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, ја поздравија оваа иницијатива на Управата за јавни приходи, и ја оценија како исклучително важна заради продлабочување на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за гарантирање на економската стабилност и одржлив раст. На средбите сите се согласија  да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои ги среќаваат на пазарот.

The post УЈП на средба со стопанственици од полошкиот регион appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-del-od-ekonomskite-proekti-vo-platforma-1198-na-vmro-dpmne-se-predlozi-od-biznis-zaednitsata/ Tue, 30 Apr 2024 11:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=772568

Денеска со Стопанската комора Северо – Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок, објави лидерот Мицкоски.

Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.

Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.

Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.

Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни.
Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме.

The post Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата appeared first on Република.

]]>

Денеска со Стопанската комора Северо – Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок, објави лидерот Мицкоски. Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.
Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.
Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.
Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни. Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме.

The post Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата appeared first on Република.

]]>
Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/biznis-zaednitsata-bara-povlekuvane-i-zapirane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ Wed, 05 Jul 2023 09:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=658269

Бизнисот бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност, соопшти денеска Стопанската комора. Според Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, а тоа ќе нанесе поголема штета, одошто добро“.

Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро, наведува Комората.

Според Комората, ваков данок, што се носи ад-хок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори.

Стопанската комора уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на предложениот закон.

Укажуваме на селективен пристап зашто се опфатени само поголемите компании кои остваруваат приход поголем од 615 000 000 денари, се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите, независно дали е таа резултат на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари, дестимулирање на успешните компании кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, ефектот што се очекува од примената на законот во смисла на обезбедување дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот, потенцира Комората.

Воедно потсетува и дека изминатиот период во континуитет укажувала дека носењето вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година), создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залага како застапувач на интересите на бизнис заедницата во земјата.

The post Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Бизнисот бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност, соопшти денеска Стопанската комора. Според Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, а тоа ќе нанесе поголема штета, одошто добро“.
Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро, наведува Комората.
Според Комората, ваков данок, што се носи ад-хок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори. Стопанската комора уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на предложениот закон.
Укажуваме на селективен пристап зашто се опфатени само поголемите компании кои остваруваат приход поголем од 615 000 000 денари, се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите, независно дали е таа резултат на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари, дестимулирање на успешните компании кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, ефектот што се очекува од примената на законот во смисла на обезбедување дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот, потенцира Комората.
Воедно потсетува и дека изминатиот период во континуитет укажувала дека носењето вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година), создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залага како застапувач на интересите на бизнис заедницата во земјата.

The post Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Ѓорѓиевски на Божиќен појадок со бизнис заедницата од Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-gorgievski-na-bozhiken-pojadok-so-biznis-zaednitsata-od-kisela-voda/ Tue, 10 Jan 2023 12:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=595396

На иницијатива на градоначалникот Ѓорѓиевски, денес се одржа Божиќен појадок за стопанствениците од општина Кисела Вода.

Бизнис заедницата е една од најважните алки во напредокот на локалната заедница бидејќи ја детерминира одржливоста и перспективата на локалниот економски развој, кој пак, е клучен во унапредувањето на стандардот на нашите жители, истакна градоначалникот во своето обраќање пред присутните. Нагласи дека Општина Кисела Вода веќе цела година промовира нови политики на делување кои се во насока на подобрување на деловната клима и дека дијалогот помеѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа е значаен дел од тој процес.

Лоцирањето на Кисела Вода на мапата на успешни општини значи силен придонес за целокупната домашната економија, значи намалување на невработеноста и повисок животен стандард за сите, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.

-Добрата деловна клима е предуслов за креирање на достоинствени и квалитетни работни места, за поттикнување на иновативноста и зголемување на продуктивноста. Оттука, значењето на добрата комуникација помеѓу локалната самоуправа и претприемништвото, како сектор, добива уште поголема важност. На средбите како денешната ќе размениме мислења и идеи од кои, се надевам, ќе произлезат предлози за подобрување на најразлични мерки во областите кои се од интерес на бизнис заедницата. Сево ова, низ призмата на тековните предизвици и објективните состојби поврзани со деловната клима. Општина Кисела Вода, од своја страна веќе цела година промовира нови политики на делување, преку промовирање на транспарентна работа, доследно и прецизно почитување на законите и нула толеранција за корупција и криминално дејствување. Создаваме деловно опкружување во кое ќе се воспостави поголем степен на доверба во институциите на системот, креираме конкурентно опкружување кое го дополнуваме со намалување на адинистративните бариери, со скратување на времето на административните процедури, што најмногу ќе се почувствува по целосната дигитализација на Општината чија имплементација веќе ја отпочнавме. Паралелно, деловната клима во Кисела Вода ја унапредуваме и преку зголемена соработка со вас, како бизнис заедница која преку своите деловни активности во пракса ги согледува добрите страни и евентуалните пропусти. Воедно, сметам дека постоењето на комуникација помеѓу бизнис секторот претставува извор на нови перспективи, размена на работни стратегии и креативни идеи кои на секоја компанија можат многу да и помогнат во нејзиниот професионален развој. Сево ова, може, треба и мора да биде заеднички интерес и цел, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

The post Градоначалникот Ѓорѓиевски на Божиќен појадок со бизнис заедницата од Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на градоначалникот Ѓорѓиевски, денес се одржа Божиќен појадок за стопанствениците од општина Кисела Вода. Бизнис заедницата е една од најважните алки во напредокот на локалната заедница бидејќи ја детерминира одржливоста и перспективата на локалниот економски развој, кој пак, е клучен во унапредувањето на стандардот на нашите жители, истакна градоначалникот во своето обраќање пред присутните. Нагласи дека Општина Кисела Вода веќе цела година промовира нови политики на делување кои се во насока на подобрување на деловната клима и дека дијалогот помеѓу бизнис заедницата и локалната самоуправа е значаен дел од тој процес. Лоцирањето на Кисела Вода на мапата на успешни општини значи силен придонес за целокупната домашната економија, значи намалување на невработеноста и повисок животен стандард за сите, потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски.