бизнис со струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-so-struja/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 09:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнис со струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/biznis-so-struja/ 32 32 И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-kerkata-na-zamenik-ministerkata-maja-manoleva-mu-prodava-struja-na-esm/ Fri, 02 Feb 2024 09:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=739634

Ќерката на заменик министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева е директор на компанијата „Соле 24“, која редовно му продава големи количества струја на ЕСМ, објави „Фактор“.

Минатата недела, Тина Манолева, по професија електротехнички инжињер, стана нов управител на компанијата „Соле 24“, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, па во 2022 прерасна во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар.

Зад компанијата како сопственик стои албански државјанин.

Во последната година, оваа компанија редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија, кога произвотството не може да ги задоволи потребите.

Повеќе на Фактор“

The post И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Ќерката на заменик министерката за здравство Маја Манолева, Тина Манолева е директор на компанијата „Соле 24“, која редовно му продава големи количества струја на ЕСМ, објави „Фактор“. Минатата недела, Тина Манолева, по професија електротехнички инжињер, стана нов управител на компанијата „Соле 24“, која доби лиценца за тргување со електрична енергија во 2021, па во 2022 прерасна во една од најголемите компании за продажба на струја на слободниот пазар. Зад компанијата како сопственик стои албански државјанин. Во последната година, оваа компанија редовно се јавува на повиците на ЕСМ за набавка на електрична енергија, кога произвотството не може да ги задоволи потребите. Повеќе на Фактор“

The post И ќерката на заменик-министерката Маја Манолева му продава струја на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Фирмите за струја на Заеви, Ахмети, Ковачевски… нема да плаќаат солидарен данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/firmite-za-struja-na-zaevi-ahmeti-kovachevski-nema-da-plakaat-solidaren-danok/ Wed, 22 Feb 2023 20:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=612080

Хакерскиот напад во Фондот за здравство е факт кој што се случи и сметам дека независно од тоа дали е платено и колку е платено, ние треба да ја бараме одговорноста односно кој е одговорен зошто сето тоа се случи. Затоа што во исто време значи имаме медицински персонал кој што не доби плата, нели навреме, и се уште има клиники кои што ги немаат добиено своите плати. И не знаеме што се случува со тоа море од податоци бидејќи сепак тој систем има еден куп податоци за сите осигуреници во Македонија и мене тоа ми е многу позагрижувачко. И како резултат на тоа сметам дека, повторно се враќам на истото, дека независно од тоа колку е платено, одговорност мора да има“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21 коментирајќи го хакерскиот напад на ФЗОМ.

Димитриеска Кочоска додаде дека хакерскиот напад на ФЗОМ е сериозен пропуст. Таа потенцира дека во една сериозна држава вакво нешто не смее да се случи.

Во текот на гостувањето, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на зголемување на платата.

Официјално се уште чекаме извршувањето на Буџетот за месец јануари да излезе, меѓутоа по информации кои што јас ги имам и со кои што располагам и кои што доаѓаат од Управата за јавни приходи, податоците се од повеќе загрижувачки. Зошто велам повеќе од загрижувачки? Затоа што заклучно со 17.02 односно од 01.01 до 17.02, ако ги погледнете податоците ќе видите дека данокот на додадена вредност прибран како бруто приход е на исто ниво како и минатата година. Односно нешто помалку во однос на минатата година. Но на исто ниво. А, ние кога го проектиравме односно Владата кога го проектираше Буџетот за 2023-тата година проектираше дека ќе имаме пораст на ДДВ-то за 14,7%, при нивни проекции за тоа како ќе завршиме со реализација на ДДВ до крај на година. Односно бидејќи не завршивме и во 2022 година со тој износ со кој што беше планиран значи ние треба годинава да собереме ДДВ, зошто сега зборувам најмногу за ДДВ-то, бидејќи тој е по износ најголемиот данок од сите даноци како апсолутен износ. Податоците кажуваат дека за 21,21% треба да имаме поголем собран приход од ДДВ во однос на минатата година, а ние зборуваме за првиот месец и пол дека сме на исто ниво или нешто помалку во однос на она што е прибрано минатата година. Што повеќе од јасно укажува на тоа дека имаме да кажеме економска активност приближно на исто ниво како минатата година или можеби значи се поставува прашањето дали расте процентот на сива економија“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа говореше и за данокот на солидарност.

Кај данокот на личен доход имаме некој пораст во однос на минатата година, но тој е помал во однос на тој што е проектиран. Кај данокот на добивка има некој поголем износ во однос на мината година, ама тој може да се дискутира дека голем дел од фирмите плаќаа и порано данок и ги завршуваа завршните сметки, поради овој законот за солидарност, сметаат ако завршат порано немаат да имаат обврска да го платат.

Сметам дека тоа воопшто во овој момент не е потребно. Прво, заради тоа што ги оптоваруваме фирмите кои што се редовни плаќачи, затоа што оние што се во сива економија, повторно не се опфатени. И вториот момент што многу иритира или создава нервоза е фактот што тој данок беше повеќе наменет за оние кои што работат на пазарот на електрична енергија. Е, сега имате многу компании кои што се основаа во 2022 година, а законот нив не ги опфаќа. Сега тие имаат огромни добивки, нема да платат таков данок, а ќе платат сите оние други кои што работеле и во претходните години. Уште една работа која што за мене е несфатлива, ако ги погледнете податоците ќе видите дека државата заклучно со 31.12.2022 на приватниот сектор должи околу 50 милиони евра повеќе во однос на 2021 година. Значи на приватен сектор си го зголемило обврските или не платила на време, зборуваме за доспеани обврски значи тоа што морала да го плати, не го платила. Плус и ако го погледнете повратот на ДДВ за првиот месец ипол ќе видите дека тој е помал за некаде околу 12 милиони евра во однос на минатата година. А, велиме дека ДДВ-то како бруто износ е исто пробрано, што значи дека и тука не враќаме на време, значи од два аспекти гледано државата не ги враќа парите на стопанството на време, ги доцни. А, сега од другава страна вели ќе имаме закон за данок на солидарност вие платете ми на мене. Значи во континуитет приватниот сектор треба да ја финансира на некој начин државата“, укажа Димитриеска Кочоска.

The post Фирмите за струја на Заеви, Ахмети, Ковачевски… нема да плаќаат солидарен данок appeared first on Република.

]]>

Хакерскиот напад во Фондот за здравство е факт кој што се случи и сметам дека независно од тоа дали е платено и колку е платено, ние треба да ја бараме одговорноста односно кој е одговорен зошто сето тоа се случи. Затоа што во исто време значи имаме медицински персонал кој што не доби плата, нели навреме, и се уште има клиники кои што ги немаат добиено своите плати. И не знаеме што се случува со тоа море од податоци бидејќи сепак тој систем има еден куп податоци за сите осигуреници во Македонија и мене тоа ми е многу позагрижувачко. И како резултат на тоа сметам дека, повторно се враќам на истото, дека независно од тоа колку е платено, одговорност мора да има“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21 коментирајќи го хакерскиот напад на ФЗОМ.
Димитриеска Кочоска додаде дека хакерскиот напад на ФЗОМ е сериозен пропуст. Таа потенцира дека во една сериозна држава вакво нешто не смее да се случи. Во текот на гостувањето, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на зголемување на платата.
Официјално се уште чекаме извршувањето на Буџетот за месец јануари да излезе, меѓутоа по информации кои што јас ги имам и со кои што располагам и кои што доаѓаат од Управата за јавни приходи, податоците се од повеќе загрижувачки. Зошто велам повеќе од загрижувачки? Затоа што заклучно со 17.02 односно од 01.01 до 17.02, ако ги погледнете податоците ќе видите дека данокот на додадена вредност прибран како бруто приход е на исто ниво како и минатата година. Односно нешто помалку во однос на минатата година. Но на исто ниво. А, ние кога го проектиравме односно Владата кога го проектираше Буџетот за 2023-тата година проектираше дека ќе имаме пораст на ДДВ-то за 14,7%, при нивни проекции за тоа како ќе завршиме со реализација на ДДВ до крај на година. Односно бидејќи не завршивме и во 2022 година со тој износ со кој што беше планиран значи ние треба годинава да собереме ДДВ, зошто сега зборувам најмногу за ДДВ-то, бидејќи тој е по износ најголемиот данок од сите даноци како апсолутен износ. Податоците кажуваат дека за 21,21% треба да имаме поголем собран приход од ДДВ во однос на минатата година, а ние зборуваме за првиот месец и пол дека сме на исто ниво или нешто помалку во однос на она што е прибрано минатата година. Што повеќе од јасно укажува на тоа дека имаме да кажеме економска активност приближно на исто ниво како минатата година или можеби значи се поставува прашањето дали расте процентот на сива економија“, рече Димитриеска Кочоска.
Таа говореше и за данокот на солидарност.
Кај данокот на личен доход имаме некој пораст во однос на минатата година, но тој е помал во однос на тој што е проектиран. Кај данокот на добивка има некој поголем износ во однос на мината година, ама тој може да се дискутира дека голем дел од фирмите плаќаа и порано данок и ги завршуваа завршните сметки, поради овој законот за солидарност, сметаат ако завршат порано немаат да имаат обврска да го платат. Сметам дека тоа воопшто во овој момент не е потребно. Прво, заради тоа што ги оптоваруваме фирмите кои што се редовни плаќачи, затоа што оние што се во сива економија, повторно не се опфатени. И вториот момент што многу иритира или создава нервоза е фактот што тој данок беше повеќе наменет за оние кои што работат на пазарот на електрична енергија. Е, сега имате многу компании кои што се основаа во 2022 година, а законот нив не ги опфаќа. Сега тие имаат огромни добивки, нема да платат таков данок, а ќе платат сите оние други кои што работеле и во претходните години. Уште една работа која што за мене е несфатлива, ако ги погледнете податоците ќе видите дека државата заклучно со 31.12.2022 на приватниот сектор должи околу 50 милиони евра повеќе во однос на 2021 година. Значи на приватен сектор си го зголемило обврските или не платила на време, зборуваме за доспеани обврски значи тоа што морала да го плати, не го платила. Плус и ако го погледнете повратот на ДДВ за првиот месец ипол ќе видите дека тој е помал за некаде околу 12 милиони евра во однос на минатата година. А, велиме дека ДДВ-то како бруто износ е исто пробрано, што значи дека и тука не враќаме на време, значи од два аспекти гледано државата не ги враќа парите на стопанството на време, ги доцни. А, сега од другава страна вели ќе имаме закон за данок на солидарност вие платете ми на мене. Значи во континуитет приватниот сектор треба да ја финансира на некој начин државата“, укажа Димитриеска Кочоска.

The post Фирмите за струја на Заеви, Ахмети, Ковачевски… нема да плаќаат солидарен данок appeared first on Република.

]]>
И фамилијата на Костадинов со сенс за бизнис – нови пет фирми за струја, градежништво и автошкола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-familijata-na-kostadinov-so-sens-za-biznis-novi-pet-firmi-za-struja-gradezhnishtvo-i-avtoshkola/ Mon, 13 Feb 2023 14:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=608457

Градоначаникот на Струмица, Костадин Костадинов, продолжува по стапките на својот претходник и ментор Зоран Заев, градејќи октопод од фирми во сопствеништво на блиски членови на фамилијата, со кои криминално се узурпура Струмица и струмичкиот регион, велат од Левица од каде откриваат дека зетот за сестра на Костадинов, Никола Милушев последните неколку месеци за првпат зачекорил во бизнис светот, основајќи дури пет фирми - две за производство на електрична енергија, две за градежништво и една автошкола!

Без претходно било какво бизнис искуство, зетот на Костадинов забрзано гради бизнис империја откако Костадинов е градоначалник на Струмица.

Основањето фирми за производство на струја, по примерот на жената и кумот на Димитар Ковачевски, е еднакво на воено профитерство, во услови кога граѓаните плаќаат енормна цена на струјата.

Ја потсетуваме јавноста дека ова не е прв случај на непотизам и сомнежи на судир на интереси поврзан со Костадинов. Претходно истиот беше фатен во скандал за вработување на својата мајка во државна институција, без соодветно образование и никакви квалификации, велат од партијата.

Левица ги повикува сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да ги испитат условите под кои се основани овие фирми, сомненијата за корупција и судир на интереси, како и потеклото на парите со кои се основани.

The post И фамилијата на Костадинов со сенс за бизнис – нови пет фирми за струја, градежништво и автошкола appeared first on Република.

]]>

Градоначаникот на Струмица, Костадин Костадинов, продолжува по стапките на својот претходник и ментор Зоран Заев, градејќи октопод од фирми во сопствеништво на блиски членови на фамилијата, со кои криминално се узурпура Струмица и струмичкиот регион, велат од Левица од каде откриваат дека зетот за сестра на Костадинов, Никола Милушев последните неколку месеци за првпат зачекорил во бизнис светот, основајќи дури пет фирми - две за производство на електрична енергија, две за градежништво и една автошкола!
Без претходно било какво бизнис искуство, зетот на Костадинов забрзано гради бизнис империја откако Костадинов е градоначалник на Струмица. Основањето фирми за производство на струја, по примерот на жената и кумот на Димитар Ковачевски, е еднакво на воено профитерство, во услови кога граѓаните плаќаат енормна цена на струјата. Ја потсетуваме јавноста дека ова не е прв случај на непотизам и сомнежи на судир на интереси поврзан со Костадинов. Претходно истиот беше фатен во скандал за вработување на својата мајка во државна институција, без соодветно образование и никакви квалификации, велат од партијата.
Левица ги повикува сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да ги испитат условите под кои се основани овие фирми, сомненијата за корупција и судир на интереси, како и потеклото на парите со кои се основани.

The post И фамилијата на Костадинов со сенс за бизнис – нови пет фирми за струја, градежништво и автошкола appeared first on Република.

]]>
Струјата е новата марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-e-novata-marihuana/ Thu, 05 Jan 2023 21:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=591765

Едни гледаат воено профитерство, други бонбона-бизнис, трети гледаат во сонцето, а четврти штедат и преплаќаат. Вака некако во кратки црти може да се срочи новата бизнис атракција во Македонија - струја од сонцето.

Како и да се заврти, сончогледот гледа во сонцето, исто како и македонските бизнис-политичари. Кога стана премиер, струмичкиот "бог од Сонцето" Зоран Заев се обиде да го извлече максимумот од марихуаната, на која македонското сонце одлично ѝ одговара. Со легализација на медицинскиот канабис владата во заминување на Никола Груевски им ги отвори видиците и апетитите (главно) на струмичките бизнисмени, па наместо од чушки, имиџот на богови на земјата продолжија да го градат богатејќи се од канабис. Четири години подоцна, на полињата со марихуана никнуваат сончеви панели. Македонското сонце несомнено ѝ овозможува одлични услови на Македонија да се вброи меѓу земјите поволни за одгледување "зелени бизниси".

Во екот на енергетската криза, во време кога струјата е и од злато поскапа, а народот осиромашува штедејќи, можност за профит видоа македонските бизнис-политичари и нивните сопруги, синови, ќерки, браќа, татковци, кумови и кумашини... некои од нив сонцето го завртија на друга воденица, па семејните бизниси од полиња со марихуана ги трансформираа во панелни полиња.

Заеви: Вице Заев, Душко Заев и Панче Заев

За Заеви нема криза и тогаш кога е светска криза. Неприкосновените одгледувачи на канабис веќе се престроија и џебовите ги полнат од сончева енергија. Некои деца  навистина се родени под среќна ѕвезда. Најмалиот од Заеви, за 18-годишниот роденден од родителите доби фабрика.  Со влезот во светот на возрасните малиот Душко стана бизнисмен.

Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е 18-годишниот син на Зоран, Душко Заев, ќе продава струја произведена од фотонапонски панели.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dushko-zaev-na-18-godini-stana-sopstvenik-na-firma-za-elektrichna-energija/

Едвај полнолетниот Душко не е осамен во новиот семеен бизнис. Искуства ќе разменува со својот чичко Вице Заев и со дедо си Панче. Братот на поранешниот премиер Зоран Заев стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период - Солар Грин Енерџи. Претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vice-zaev-upravitel-vo-firmata-na-tatko-mu-panche-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/

Не е тешко да се заклучи дека Заеви силно ја намирисаа струјата.

Ковачевски, кумовите Кирил и Горан Паунови, Тунџеви

Со истиот бизнис-њух е и семејството Ковачевски. Можноста да извлече максимум од енергетската криза не ја пропушти ниту Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот премиер. Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски е сосопственик во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, која планира да гради соларна електрана.

Таа пак, влегува во бизнисот со струја во одбрано друштво. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, сопственик на парцелите каде што ќе се гради електраната, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски Горан Паунов, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-na-premierot-so-odbrano-drushtvo-vleguva-vo-biznisot-so-struja/

Фирмата „Сол 5” на Елена Ковачевска е отворена во октомври 2020 година, еден месец откако нејзиниот сопруг беше предложен за заменик-министер за финансии. Ковачевски со својот кум Горанчо Паунов ја основа фирмата „Пиксел груп“ за производство на соларни панели.

Во фирмата на Ковачевска, за изградба на фотонапонската електрана е предвидено да се вградат фотонапонски модули од контроверзната фирма „Пиксел гроуп“. Токму „Пиксел гроуп“ на кумот на Ковачевски, во ек на криза, изминатиов период доби државна помош од Владата на Ковачевски во износ од неверојатни 443.285 евра!

https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-kovachevski-mozhe-da-dobie-drzhavna-pomosh-bez-imeto-da-mu-se-spomene/

Кумашините на Зоран Заев Митрови - Горан Г'на и Љупка

И кумашинот на поранешниот премиер Зоран Заев, Горан Митров – Г'на, влезе во бизнисот со електрична енергија. Струмичкиот бизнисмен ја регистрирал компанијата „Грин Енерџи Гна“ во Сушица, Општина Ново Село. Во октомври Г'на започна бизнис со млеко, а истовремено формираше и фабрика за одгледување канабис, исто така во Сушица.

За управител на новата фирма за струја, пак, е поставена неговата ќерка, некогашната инфлуенсерка Љупка Митрова.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ljupka-od-influenserka-stana-direktorka-kumashinot-na-zaev-vleguva-i-vo-biznisot-so-struja/

Бизнис-партнерите на Заев – синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев

Познатите струмички бизнисмени синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев во почетокот на минатата година влегоа во бизнисот со електрична енергија. Горан Крстев е еден од двајцата основачи на Солар ЦД во Царев Двор.

Симеон Крстев, татко на Горан Крстев, е управител на компаниите Енерџи Холдинг и Центрохелиум. И двете друштва се со дејност производство на електрична енергија.

Горан Крстев е близок соработник и бизнис-партнер на семејството Заеви. Крстев и неговиот татко Симеон Крстев поседуваат удели во компании, кои се доведуваат во врска со Заеви и други нивни соработници.

Вицепремиерот за економски прашања во првата влада на Заев Кочо Анѓушев со РЕС и ФЕЦ „Тркање“

Јас самиот и со партнери сум сопственик на капацитети за производство на електрична енергија. Околу 20 хидроцентрали, фотоволтаична електрана, биогасна електрана, вкупно производни капацитети со инсталирана моќност од 36 мегавати. Со 36 мегавати сме мали, а амбицијата ни е да бидеме многу поголеми. Затоа го направив партнерството со Реналфа групацијата, која околу 400 мегавати инсталирана моќност. Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, ќе рече велешкиот трговец со струја Кочо Анѓушев во едно интервју.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-narachana-studija-rashkovski-mu-pomognal-na-angjushev-da-ima-monopol-nad-makedonskoto-sonce-35-godini/

 

Анѓушев не е нов играч во бизнисот со струја, но вреди да се спомене во годината што измина. Освен што со РЕС воведува нов концепт на македонскиот енергетски пазар, Анѓушев почна со производство и на електрична енергија од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители. Неговата „Централ инвест“ почна со производство од нова фотоволтаична електроцентрала со инсталирана моќност од осум мегавати, во близина на Кочани, ФЕЦ Тркање. Електраната е во сопственост на фирмата „Централ Инвест“, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест.

Сопартиецот на Зоран Заев од Ново Село Драган Ѓорѓиев

Поранешниот пратеник на СДСМ Драган Ѓорѓиев од Ново Село во чекор со „синергијата со ЕУ“ за три месеци регистрира три компании за производство на електрична енергија. Ѓорѓиев е сосопственик во „Пелагонија Солар“ со седиште во Карпош, во „ДГД Електроволт“ регистрирана во Струмица, а во „Грин Енерџи Груп“ со седиште во Битола се јавува како еден од двајцата управители.

Во 2020 година опозицијата го посочи Ѓорѓиев како еден од сопствениците на дивоградба фабрика за масло од канабис во Босилово. Фабриката на Ѓоргиев, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, била легализирана со амин на поранешниот премиер Зоран Заев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-skandal-vo-bosilovo-zlostornichko-zdruzuvanje-za-legalizacija-na-fabrika-za-marihuana-na-sdsm/

„Покажавме оти сме во синергија со Европската Унија, држејќи ја зелената агенда високо на приоритетната листа“. Оваа мудра мисла на вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе ја искористиме да ги спомнеме и оние кои се во синергија со доходовниот бизнис уште многу одамна.

МПЦ-ОА влезе во бизнисот со струја во 2020 година преку малите хидроцентрали.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/mpc-vleguva-i-vo-biznisot-so-struja/

Синот на Муса Џафери од ДУИ е сосопственик на компанијата за трговија и снабдување со електрична енергија У-Повер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/firma-na-sinovite-na-musa-dzaferi-dobila-tenderi-od-dva-milioni-evra-samo-vo-2021-godina/

Во јавноста се прослави по ќотекот што му го удри на директорот на РКЕ, Марко Бислимоски во Дебар Маало.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sin-mu-na-musa-dzaferi-go-napadna-pretsedatelot-na-rke-bislimoski/

За време на владите на Заев Џафери ги снабдува со струја општина Аеродром, УЈП, град Скопје, МЕПСО...

https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-butel-aerodrom-gevgelija-sveti-nikole-bitola-carinata-ujp-carina-tirz-i-mepso-redovno-mu-plakjale-na-dzaferi-no-toj-mu-dolzi-na-mepso/

Ќе завршиме со изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски: Не го прават тоа (да се отворат нови копови во ТЕЦ „Осломеј“, н.з.) затоа што главен увозник на струја е фирмата на поранешниот вицепремиер за економски прашања (Кочо Анѓушев, н.з.), второ син му на Зоран Заев отвори фирма за трговија со струја и трето нема позначаен функционер во оваа влада кој не е во трговија со струја, фотоволтаици или ветерници.

The post Струјата е новата марихуана appeared first on Република.

]]>

Едни гледаат воено профитерство, други бонбона-бизнис, трети гледаат во сонцето, а четврти штедат и преплаќаат. Вака некако во кратки црти може да се срочи новата бизнис атракција во Македонија - струја од сонцето. Како и да се заврти, сончогледот гледа во сонцето, исто како и македонските бизнис-политичари. Кога стана премиер, струмичкиот "бог од Сонцето" Зоран Заев се обиде да го извлече максимумот од марихуаната, на која македонското сонце одлично ѝ одговара. Со легализација на медицинскиот канабис владата во заминување на Никола Груевски им ги отвори видиците и апетитите (главно) на струмичките бизнисмени, па наместо од чушки, имиџот на богови на земјата продолжија да го градат богатејќи се од канабис. Четири години подоцна, на полињата со марихуана никнуваат сончеви панели. Македонското сонце несомнено ѝ овозможува одлични услови на Македонија да се вброи меѓу земјите поволни за одгледување "зелени бизниси". Во екот на енергетската криза, во време кога струјата е и од злато поскапа, а народот осиромашува штедејќи, можност за профит видоа македонските бизнис-политичари и нивните сопруги, синови, ќерки, браќа, татковци, кумови и кумашини... некои од нив сонцето го завртија на друга воденица, па семејните бизниси од полиња со марихуана ги трансформираа во панелни полиња.

Заеви: Вице Заев, Душко Заев и Панче Заев

За Заеви нема криза и тогаш кога е светска криза. Неприкосновените одгледувачи на канабис веќе се престроија и џебовите ги полнат од сончева енергија. Некои деца  навистина се родени под среќна ѕвезда. Најмалиот од Заеви, за 18-годишниот роденден од родителите доби фабрика.  Со влезот во светот на возрасните малиот Душко стана бизнисмен. Тотал Енерџи, фирмата чиј сопственик е 18-годишниот син на Зоран, Душко Заев, ќе продава струја произведена од фотонапонски панели. https://republika.mk/vesti/makedonija/dushko-zaev-na-18-godini-stana-sopstvenik-na-firma-za-elektrichna-energija/ Едвај полнолетниот Душко не е осамен во новиот семеен бизнис. Искуства ќе разменува со својот чичко Вице Заев и со дедо си Панче. Братот на поранешниот премиер Зоран Заев стана управител на новоформирана компанија за производство на електрична енергија регистрирана изминатиот период - Солар Грин Енерџи. Претпријатието е со адреса на улица Гоце Делчев во Струмица, а сопственик е Панче Заев, таткото на Вице Заев и на поранешниот премиер. Паричниот влог е 5.000 евра, а дејноста е „производство на електрична енергија“. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vice-zaev-upravitel-vo-firmata-na-tatko-mu-panche-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ Не е тешко да се заклучи дека Заеви силно ја намирисаа струјата.

Ковачевски, кумовите Кирил и Горан Паунови, Тунџеви

Со истиот бизнис-њух е и семејството Ковачевски. Можноста да извлече максимум од енергетската криза не ја пропушти ниту Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот премиер. Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски е сосопственик во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, која планира да гради соларна електрана. Таа пак, влегува во бизнисот со струја во одбрано друштво. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, сопственик на парцелите каде што ќе се гради електраната, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски Горан Паунов, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев. https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-na-premierot-so-odbrano-drushtvo-vleguva-vo-biznisot-so-struja/ Фирмата „Сол 5” на Елена Ковачевска е отворена во октомври 2020 година, еден месец откако нејзиниот сопруг беше предложен за заменик-министер за финансии. Ковачевски со својот кум Горанчо Паунов ја основа фирмата „Пиксел груп“ за производство на соларни панели. Во фирмата на Ковачевска, за изградба на фотонапонската електрана е предвидено да се вградат фотонапонски модули од контроверзната фирма „Пиксел гроуп“. Токму „Пиксел гроуп“ на кумот на Ковачевски, во ек на криза, изминатиов период доби државна помош од Владата на Ковачевски во износ од неверојатни 443.285 евра! https://republika.mk/vesti/makedonija/kumot-na-kovachevski-mozhe-da-dobie-drzhavna-pomosh-bez-imeto-da-mu-se-spomene/

Кумашините на Зоран Заев Митрови - Горан Г'на и Љупка

И кумашинот на поранешниот премиер Зоран Заев, Горан Митров – Г'на, влезе во бизнисот со електрична енергија. Струмичкиот бизнисмен ја регистрирал компанијата „Грин Енерџи Гна“ во Сушица, Општина Ново Село. Во октомври Г'на започна бизнис со млеко, а истовремено формираше и фабрика за одгледување канабис, исто така во Сушица. За управител на новата фирма за струја, пак, е поставена неговата ќерка, некогашната инфлуенсерка Љупка Митрова. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ljupka-od-influenserka-stana-direktorka-kumashinot-na-zaev-vleguva-i-vo-biznisot-so-struja/

Бизнис-партнерите на Заев – синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев

Познатите струмички бизнисмени синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев во почетокот на минатата година влегоа во бизнисот со електрична енергија. Горан Крстев е еден од двајцата основачи на Солар ЦД во Царев Двор. Симеон Крстев, татко на Горан Крстев, е управител на компаниите Енерџи Холдинг и Центрохелиум. И двете друштва се со дејност производство на електрична енергија. Горан Крстев е близок соработник и бизнис-партнер на семејството Заеви. Крстев и неговиот татко Симеон Крстев поседуваат удели во компании, кои се доведуваат во врска со Заеви и други нивни соработници.

Вицепремиерот за економски прашања во првата влада на Заев Кочо Анѓушев со РЕС и ФЕЦ „Тркање“

Јас самиот и со партнери сум сопственик на капацитети за производство на електрична енергија. Околу 20 хидроцентрали, фотоволтаична електрана, биогасна електрана, вкупно производни капацитети со инсталирана моќност од 36 мегавати. Со 36 мегавати сме мали, а амбицијата ни е да бидеме многу поголеми. Затоа го направив партнерството со Реналфа групацијата, која околу 400 мегавати инсталирана моќност. Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, ќе рече велешкиот трговец со струја Кочо Анѓушев во едно интервју.
https://republika.mk/vesti/makedonija/so-narachana-studija-rashkovski-mu-pomognal-na-angjushev-da-ima-monopol-nad-makedonskoto-sonce-35-godini/   Анѓушев не е нов играч во бизнисот со струја, но вреди да се спомене во годината што измина. Освен што со РЕС воведува нов концепт на македонскиот енергетски пазар, Анѓушев почна со производство и на електрична енергија од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители. Неговата „Централ инвест“ почна со производство од нова фотоволтаична електроцентрала со инсталирана моќност од осум мегавати, во близина на Кочани, ФЕЦ Тркање. Електраната е во сопственост на фирмата „Централ Инвест“, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест.

Сопартиецот на Зоран Заев од Ново Село Драган Ѓорѓиев

Поранешниот пратеник на СДСМ Драган Ѓорѓиев од Ново Село во чекор со „синергијата со ЕУ“ за три месеци регистрира три компании за производство на електрична енергија. Ѓорѓиев е сосопственик во „Пелагонија Солар“ со седиште во Карпош, во „ДГД Електроволт“ регистрирана во Струмица, а во „Грин Енерџи Груп“ со седиште во Битола се јавува како еден од двајцата управители. Во 2020 година опозицијата го посочи Ѓорѓиев како еден од сопствениците на дивоградба фабрика за масло од канабис во Босилово. Фабриката на Ѓоргиев, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, била легализирана со амин на поранешниот премиер Зоран Заев. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-skandal-vo-bosilovo-zlostornichko-zdruzuvanje-za-legalizacija-na-fabrika-za-marihuana-na-sdsm/ „Покажавме оти сме во синергија со Европската Унија, држејќи ја зелената агенда високо на приоритетната листа“. Оваа мудра мисла на вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе ја искористиме да ги спомнеме и оние кои се во синергија со доходовниот бизнис уште многу одамна. МПЦ-ОА влезе во бизнисот со струја во 2020 година преку малите хидроцентрали. https://republika.mk/vesti/ekonomija/mpc-vleguva-i-vo-biznisot-so-struja/ Синот на Муса Џафери од ДУИ е сосопственик на компанијата за трговија и снабдување со електрична енергија У-Повер. https://republika.mk/vesti/makedonija/firma-na-sinovite-na-musa-dzaferi-dobila-tenderi-od-dva-milioni-evra-samo-vo-2021-godina/ Во јавноста се прослави по ќотекот што му го удри на директорот на РКЕ, Марко Бислимоски во Дебар Маало. https://republika.mk/vesti/makedonija/sin-mu-na-musa-dzaferi-go-napadna-pretsedatelot-na-rke-bislimoski/ За време на владите на Заев Џафери ги снабдува со струја општина Аеродром, УЈП, град Скопје, МЕПСО... https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-butel-aerodrom-gevgelija-sveti-nikole-bitola-carinata-ujp-carina-tirz-i-mepso-redovno-mu-plakjale-na-dzaferi-no-toj-mu-dolzi-na-mepso/ Ќе завршиме со изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски: Не го прават тоа (да се отворат нови копови во ТЕЦ „Осломеј“, н.з.) затоа што главен увозник на струја е фирмата на поранешниот вицепремиер за економски прашања (Кочо Анѓушев, н.з.), второ син му на Зоран Заев отвори фирма за трговија со струја и трето нема позначаен функционер во оваа влада кој не е во трговија со струја, фотоволтаици или ветерници.

The post Струјата е новата марихуана appeared first on Република.

]]>